build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метро во Скопје?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 19-Jan-2019 at 18:17
Ние немаме нормални сообраќајни решенија помеѓу самите градови, а не па градски јавен транспорт базиран на метро или ЛРТ Big%20smile Science fiction

На мнозинството луѓе им е "испод част" да влезат во бус. Оттука треба да почнеме со разгледување на проблемот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 19-Jan-2019 at 18:36
Originally posted by ironm

Ние немаме нормални сообраќајни решенија помеѓу самите градови, а не па градски јавен транспорт базиран на метро или ЛРТ Big%20smile Science fiction

На мнозинството луѓе им е "испод част" да влезат во бус. Оттука треба да почнеме со разгледување на проблемот.


навиките се менуваат. „Испод част“ ќе го снема со тек на време ако имаме јавен транспорт на кој може да сметаме.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 19-Jan-2019 at 18:40
Инаку, ЛРТ муабетот е актуелен со последните најави на Шилегов. Веројатно никој не повлече дискусија бидејќи ни е збоктисано од лажни ветувања.

Човекот бил до Загреб, видел и сеа ќе го работел проектот по нивни модел и со нивна помош. Многу ме плаши дека се работи за оној менталитет што не дофрла подалеку од Белград и Загреб. Загреб можеби нема така лош јавен транспорт, но нивната класична трамвајска мрежа е од друго време и не е нешто што ни е потребно во Скопје.

Самото тоа што веќе се зборува за вртење по Кочо Рацин - 11 Октомври - Димитрие Чуповски - Св. Климент Охридски наместо тунелот, ми укажува дека повторно ќе ни се изневерат очекувањата дека ќе се направи нешто како што треба (ако почне да се прави).
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 20-Jan-2019 at 11:39
Иако не верувам, но ако стварно се фатат да го прават трамвајот можеби е добро време да се активираме малку, да не зезнат работа, зашто сигурно ќе зезнат.

Ако не се успее да се издејствува тунел, барем да бидеме сигурни дека нема да ги постават шините во крајна десна лента, и да им се објасни дека треба да стојат во средина.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-Jan-2019 at 12:07

Се согласувам, таа битка е побитна, тунелот се прави и накнадно. И не е само шините да бидат во средина, туку да имаат комплетно независна траса која нема да зависи од семафорите по Јане Сандански и Партизанска, што без денивелации е невозможно.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 20-Jan-2019 at 12:59
Јас лично сум за некој хибрид од обичен трамвај и ЛРТ. По Јане Сандански и Партизанска да си оди на ниво на земја, со тоа што секоја раскрсница да се прилагоди за да се овозможи предност на трамвајот.

Што мислам:
1. Раскрсници од типот на Мекдоналдс и Веро во Аеродром да станат кружни текови.
2. Раскрсници од типот на бул. Србија - бул. Јане Сандански и Партизанска - бул. 8 Септември да станат денивелирани со кружни текови, односно булеварот што го сече трамвајот да оди под земја, Србија, 8 Септември, а на Јане Сандански и Партизанска да се формира кружен тек.
3. Двете раскрсници кај Транспортниот центар да станат еден голем кружен тек, да се затвори преминот под Железничка, тука да има трамвајска станица со дополнителни содржини во склоп на Транспорниот центар. Кружниот тек всушност ќе се формира со двете паралелни улици и двете напречни улици на Железничка, односно таа кај приватните автобуси и таа кај Пошта 2.
4. Идеално ќе биде да се направи тунел од НБРМ до Соборна, со тоа што ќе може да се оди со површински коп бидејќи е трамвај и не бара многу големи радиуси на криви и ќе може да се протне преку Ново Маало (паркингот) - Жена Парк - Рекорд - Даме Груев - Партизанска (Соборна), односно да ги следи сегашните улици и празни простори. Тунелот според мене освен што е важен да се одвои трамвајот од останатиот сообраќај, важен би бил и за формирање на добра трансферна станица на Рекорд. Главната линија да оди под земја, а идните трамвајски линии што ќе поминуваат на Рекод и автобуските линии да бидат на земја, со тоа што Рекорд и 11 Октомври би биле затворени за автомобили.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2364
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 20-Jan-2019 at 16:43


И сето ова очекуваш да го направи човекот, кој максимално што направи е повторно пуштање на затворената автобуска постојка во ГТЦ, која патем повторно ја затворија?

Каде е градско-приградската железница, каде е подобрениот јавен превоз, каде е билетот за едно возење?
Каде е мостот помеѓу Јане Сандански и Ќерамидница, каде се паркиралиштата кај Хиподром и Сарај, каде е новиот Клинички Центар?

Освен демагогија, ама баш ништо нема да направи.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.