build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метро во Скопје?

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 02-Mar-2010 at 01:31
Андреј, а што мислиш за линијата да не завршува во Ново Лисиче, некои 2 км претходно да се префрли кон Автокоманда и од таму да продолжи низ цела низа населби кои се комуникациски отсечени од Скопје (Маџари, Хиподром, Трубарево, Јурумлери, Идризово, Мралино, Петровец). Можеби во таков случај линијата и не би била толку нелогична.

Во спротивен правее може да се продолжува кон Сарај.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 02-Mar-2010 at 02:27
Крале, еден од најважните услови за изградба на метрото е тоа да поминува (подземно или надземно) низ густо населени региони. Тоа се населби во Скопје само Центар, Капиштец, Карпош, Чаир и Аеродром/Ново Лисиче и делови на Кисела Вода. Оние населби во источно Скопје имаат многу помала густина на населението (освен Автокоманда кај ЈСП) и нивниот комуникациски проблем би бил решен со воспоставување на приградска железница по постојаните железнички пруги кон Куманово (Хиподром, Илинден, ОКТА, Бунарџик и Аеродромот Петровец) и со пуштање на (експрес) автобуси од Маџари и околината до Автокоманда, каде е станицата на метрото.

Истото важи за западниот крак. Сарај и Ѓорче Петров (особено кон маргините на градот) се прилично ретко населени, каде преовладуваат индивидуални куќи. Може е паметно метрото да се продолжи една станица од Влае кон центарот на Ѓ. Петров, односно кај ТЦ СП Планет.

А Ново Лисиче само по себе, во тој 1 километар квадратен е доста густо населено. Неговата популација е околу 20 000 души, со тенденција на брзо зголемување, со оглед на многубројните нови блокови, така што јас Н. Лисиче во никој случај не би го испуштил од мрежата на метрото (или било каква друга форма на рапидниот шински јавен транспорт во Скопје).

Пак ќе повторам критериуми за изградба на тешко метро (кое немора да значи дека е подземно) е густината на населението во регионите каде поминува трасата, како и густината на целокупната поширока (метрополитен ареа) зона, кои диктираат оддалеченост на станиците и проток на патници (па и интервали на движење на возовите).
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 02-Mar-2010 at 03:00

  

не ми се верува некој во Скопје на ова алувијално тло да се нафати да гради метро, може надземна брза железница да, http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&PID=34710#34710 која во делот кај плоштад би терала подземно, но никако и за метро! сепак има простор да се распали со физибилитки чисто да знаеме на што сме, она добро да се изџвака муабетов за да некој ненадејно не излезе со ваква идеја, а сепак да ја заглави квалитетно, финансиски или конструктивно... [1][2][3]



Edited by Max - 19-Aug-2011 at 19:55
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 02-Mar-2010 at 04:00
Макс, затоа нагласив два пати погоре дека метрото си е метро (а не приградска, лесна или трам-железница) според неколку други критериуми, кои не вклучуваат само подземност на трасите. Јас лично не познавам метро систем во светов кој е сосема подземен, па дури и најконспиративно градениот, оној во Москва. Значи дајте еднаш да ги научиме различните типови на јавен урбан транспорт, затоа што вака незнаеме за што зборуваме. Метрото (тешкото, класичното) се карактеризира со:

-околу 1000 метри раздалеченост на станиците
-должина на станиците од околу 110 - 130 метри (во зависност од оптовареноста на линијата)
-должината на возовите е колку 4 класични трамваи, односно околу 120 метри
-поток на патници за даден час - над 25 000
-целосна автоматизација на линиите, која патем дозволува интервал од 90 секунди во шпиц
-трасата на метрото може да биде ПОДземна, НАземна и НАДземна, но во секој случај да е одделена целосно од сите други форми на шински сообраќај

Ти мешаш помеѓу тешко метро, приградска железница (РЕР, С- Бан, Електричка...)  и лесно метро. Тоа се крајно различни термини и форми на транспорт со многу различна цел и карактеристики. Да речеме С-Бан мрежата на Виена и Берлин излегува далеку (до 50 и повеќе километри) од градовите, а во истите станиците на С-Банот се многу поретки (во градот Виена на секои 5 метро станици доаѓа по една С-Бан од паралелната линија) и тие никаде не завршуваат во центар, туку на железничките и метро станиците.

Те молам објасни (или уште поубаво нацртај) што имаш ти во мисла под тоа надземна брза железница која во делот кај плоштад би терала подземно. Каков тип на превоз ќе биде ова? Нема такво нешто како надземна брза железница.

Така што доколку е потребно (финансиски, технички, естетски...) метрото може ите како да се извади над земјата. Всушност еден интересен пример од Виена, за кој веќе зборував претходно. Нивната прва метро линија градена во 1894 е исклучиво надземна (одејќи по Гуртел, односно нивниот втор ринг, кој тогаш ја опасувал метрополата). Таа со тек на времето е електрифицирана, потоа е пренаменета за потребите на ЛЕСНО МЕТРО (бесконфликтна траса, трамвајски место железнички возови, нецелосна автоматизација, пократки станици, помал капацитет на патници...), за денеска да го достигне најголемиот капацитет, односно биде тешко метро, денешната линија У6, која си оди по истите мостови и станици изградени пред повеќе од 115 години. Интервалот на возовите е 3 минути во шпиц.

Länge: 17,4 km, Fahrzeit: 36 min. 
24 Stationen, davon 6 Umsteigestationen zur S-Bahn und 3 Umsteigestationen zur U-Bahn 
Abgesehen von vier kurzen Tunnels unter den Bezirken Meidling und Brigittenau sowie unter dem Westbahnhof und dem Bahnhof Floridsdorf befindet sich die Linie überwiegend an der Oberfläche als Hochstrecke.

Baubeginn 1894, Eröffnung als Stadtbahn 1898 
Eingestellt 1918, elektrifiziert und als Linien G und GD wiedereröffnet 1925. 
Eingestellt 1989, Wiedereröffnung als U-Bahn 1. Teilstück 1989, Fertigstellung 1996.

Bahnsteiglänge: 115 m.

Еве што имам в предвид:

Линијата У6 ја зече скоро цела Виена, а надземниот дел е долг некои 10 станици (од Вестбанхоф до крајните предградија Флоритсдорф):

Како изгледало тоа, кога линијата беше ЛЕСНО МЕТРО:

Како изгледа сега кога линијата е ТЕШКО МЕТРО:

Станиците:



Така што во Скопје се разбира дека има делови каде што рапидниот шински транспорт (било каква форма да е тој) би можел да се движи надземно, односно по ескади, ако тоа е оправдано од било кој фактор. Особено ова е валидно за делот од Железничка Станица до Ново Лисиче. Се разбира дека ова е непотребно за град како Скопје и го правам поради забава, но чак халуцинација...?


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 02-Mar-2010 at 04:34

и брзата железница може да се стокми со појќе станици штом влезе во град! а може и посебно лрт да се движи по трасата и да се направат џепови каде би се оставало простор да прелета шнелбанот... во секој случај метро тешко да добиеме, а најреално е дека ќе видиме лрт, кое повторно подобро би било да тера по кеј него по булевари, освен ако тоа не се стокми посреди, а по кеј би имало некој ваков редослед на станици пример некаде аеродром да има четири станици, центар две и карпош пак четири, и сето тоа да тера по кеј, односно насипот! 

метро не е кузнај колку скап зафат, скапо е што истото е на последно место како избор кога станува збор за шински градски сообраќај! 

Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 02-Mar-2010 at 13:23
Андреј, одлично како и секогаш! Yes

Јас мислам дека Скопје може да изгради комбинација од наземно и подземно метро / брз трамвај по линиjа М1 на твоjата схема.

- Наземниот дел почнува од исток по булеварот "Видое Смилевски - Бато", после по "Јане Сандански".
- Во правец исток-запад пругата
оди под земјата пред разкрсницата на бул "Јане Сандански" и "Кузман Jосифовски - Питу".
- 3 или 4 подземни станици
  • Железничката станица + Веро
  • плоштад Македонија + ГТЦ
  • соборен Храм Св. Климент
  • Архитектонски факултет + Универзална сала
- После повторно над земјата по булевар "Партизански одреди" во насока на запад.

Бидеjки должината на подземниот дел ке биде не повеке од ~3.5-4 км. мислам дека со 200 мил. евра ова спокоjно може да биде построено + до 3-4 станици во двата наземни дела на запад и исток.

За споредба и ти си дал Софиja, каде моментално се гради вториот диаматар со должина ~7 км. под земjата, со 7 станици и по договор од 2008(преди кризата) за цена од ~235 мил. евро.


Edited by pavche - 02-Mar-2010 at 13:25
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 02-Mar-2010 at 13:31
Originally posted by Andrej_LJ

Крале, еден од најважните услови за изградба на метрото е тоа да поминува (подземно или надземно) низ густо населени региони. Тоа се населби во Скопје само Центар, Капиштец, Карпош, Чаир и Аеродром/Ново Лисиче и делови на Кисела Вода. Оние населби во источно Скопје имаат многу помала густина на населението (освен Автокоманда кај ЈСП) и нивниот комуникациски проблем би бил решен со воспоставување на приградска железница по постојаните железнички пруги кон Куманово (Хиподром, Илинден, ОКТА, Бунарџик и Аеродромот Петровец) и со пуштање на (експрес) автобуси од Маџари и околината до Автокоманда, каде е станицата на метрото.Истото важи за западниот крак. Сарај и Ѓорче Петров (особено кон маргините на градот) се прилично ретко населени, каде преовладуваат индивидуални куќи.


За густината на населени секако си во право, бидејќи во Аеродром/Н. Лисиче има станбени блокови. Но метроа не се градат само во источна Европа (каде што преовладува стилот на големи и густи станбени блокови). Зошто да не може да се пушти и во големи резиденцијални средини, каде преовладуваат куќи?

Впрочем општина Сарај има околу 40000 жители. Самото село, можеби половина од тоа, но тоа е речиси колку Н. Лисиче. Исто така, населбите кон Петровец (сите заедно) имаат околу 50000 жители.

Потоа само во Хиподром постои проект кој би доселил уште 5000 луѓе во оваа населба.

Дополнителна олеснителна околност е што во овој дел (од Маџари) метрото не би имало потреба да е биде подземно.

Искрено, ме чуди малце што линиите си ги задржал исклучиво во строго градската средина, кога метрото всушност служи за да ги поврзе најодалечените делови, а не оние кои и онака за 10 минути се во центар. Целата поента е да се направи една метро-пола.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 02-Mar-2010 at 15:27

Мислам дека неколку пати и Владимир и Андреј даваат  интересен а релативно евтин предлог, за користење на примарната железничка инфраструктура која веќе постои за поврзување на Маџари, Хиподром, Ѓорче Петров и Скопје Север со Ценатрот. На тој начин, можеби би се зголемила профитабилноста на МЖ, би се реновирале постоечките жалезнички станици и би ја намалила неопходноста од ЛРТ или метро во тие региони. Прашањето ми е каде се попат би можеле да се постават станици? Во Берлин С-Бан ги користи истите шини со регуларната железница.

Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 02-Mar-2010 at 16:19
Андреј имам неколку забелешки.
Линијата М1 продолжува кон Маџари и понатаму можеби и кон Аеродромот.
Линијата М2 во Ново Лисиче завршува на новиот булевар а не во внатрешноста.
Исто гледам линиите на одредени места ти "кружат" поточно метрото нема никаква пречка да биде права линија на скоро сите локации.
И на крај мислам дека транспортен центар треба да биде двојна станица со тоа што би се поместила трасата од 11. Октомври кон него.

+Јужен булевар не треба да се штеди во иднина треба да биде главна врска на југ со Е 75 и Е 65 автопатите.
Можеби подобро е линијата од Автокоманда да се пренасочува кон Јужен Булевар (барем така беше во мојата скица на почетокот на темава) бидејќи Водњанска е залепена блиску до Центар и нема простор за ширење.


Edited by Supervisor - 02-Mar-2010 at 16:22
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 578
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 03-Mar-2010 at 12:56

Odlicno Andrej, sekoja cest

mi se dopaga tvojata ideja, posebno crvenata linija M, mislam deka e realno taa da zazivee, podzemno, nadzemno ili kombinacija. Sega uste tvojata ideja da se protne niz gradskiot sovet pa da pocne i realno da se pocne so podgotovki, da se izraboti i  fizibiliti studija i nataka.

Uste ednas cestitam

Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 03-Mar-2010 at 20:31
Originally posted by UrbanFreak

Мислам дека неколку пати и Владимир и Андреј даваат  интересен а релативно евтин предлог, за користење на примарната железничка инфраструктура која веќе постои за поврзување на Маџари, Хиподром, Ѓорче Петров и Скопје Север со Ценатрот. На тој начин, можеби би се зголемила профитабилноста на МЖ, би се реновирале постоечките жалезнички станици и би ја намалила неопходноста од ЛРТ или метро во тие региони. Прашањето ми е каде се попат би можеле да се постават станици? Во Берлин С-Бан ги користи истите шини со регуларната железница.

Сигурен си? Јас мислам дека си грешка. На кој потег мислиш дека се истите шини? ако си уште во берлин оди утре извози ја таа траса и внимателно следи да не има 4 пруги по целата должина.

Извинете за малку излегување од темата, ама има различни модели и берлинскиот S-Bahn има посебни пруги. Но тоа не значи дека постоечките пруги неможат да се искористата за лесен регионален железнички транспорт, како до тетово, куманово и до велес, вклучително и сите попатни места.


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 04-Mar-2010 at 20:47
Откако земав во предвид дел од вашите предлози, ја променив малку схемата на мрежата на метрото и приградската железница (С-Бан).

САМО МЕТРО:



Промени:
- Линијата М1 (А на оваа слика) е продолжена за една станица западно, до центарот на Ѓорче Петров. Тука би можело да завршуваат сите приградски автобуски линии од западниот дел на градот.
-Линијата М2 (Б на оваа слика) во својот дел во Кисела Вода оди под улицата Христо Татарчев, до зградата на општината (наместо како претходно накај нас. 11 Октомври, со можност за врска со С Бан станицата на тоа место.
-Обележани се со сино Ѕ кругче, станиците на кои метрото прави врска со приградската железница. Тоа се три станици: (Железничка Станица, Железара, Скопје Север) притоа секоја метро линија има по една станица за трансфер на приградската железница.

Метрото комбинирано со линиите на приградската железница, користејќи ги сегашните траси на железницата:



Одлики:
- приградската железница има 4 линии и 16 станици
- С-100 (Ѓорче Петров - Главна железничка станица), С-101 (Ѓорче Петров - Аеродром петровец), С - 102 (Главна железничка станица - Аеродром Петровец) и С-103 (Главна железничка стааница - Драчево).
- Станиците одејќи од запад кон исток се: Дексион, Ѓ. Петров, Бардовци, Скопје Север, Железара, Индустриска, Хиподром, Илинден 1, Илинден 2, Бунарџик, Аеродром петровец, Главан железничка станица, 11 Октомври, УСЈЕ, ОХИС, Драчево.
- Има 3 трансферни станици на метрото со приградската железница (1) Главна железничка станица помеѓу метро А и С-101, С-102 и С-103, (2) Железара помеѓу линијата на метрото Б и С-100 и С-101, како и станицата (3) Скопје Север која овозможува трансфер помеѓу метрото Ц и С-100 и С-101.


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 04-Mar-2010 at 23:04

доколку навистина постои можност за с-бан ја дефинитивно би одел со една линија дали како затворена обиколна мрежа пример аеродром-лисиче-јужен-сарај-бардовци и назад или во еден повратен правец како аеродорм-и по вардар-потоа ново лисиче се до сарај и назад, значи нешто што брзо би прелетало од едниот до другиот крај на скопје (и најбитно би поврзала се од спортски објекти по кејот од тренинг центар на ффм, преку аква парк кај мзт, стадион и сала кај парк, па се до олимпискиот срц сарај, како рута утре погодна за масовно потикнување на спортот), додека за се останато може класично лрт кое би врвело (на неколку паралели) како север-југ и една линија по трасата на с-банот...

паралелите на лрт-то север југ би биле маџари-сопиште, бутел-водно, момин поток-козле, и евентуално може една паралела сарај или влае преку јужен кон центар и аеродром... како и да е може да се комбинира во недоглед, но пред се најидеално решение би било по јужниот бедем на вардар да тера с-бан исто како што предложува во својот проект за с-бан на диа Душан Стојковски, само што тој смета дека вакво нешто е идеално да тера доле по кејот, а јас сметам дека вакво нешто би било идеално за врз бедемот (или евентуално во него(но крајно нелогично и скапо како опција)...

за кејот т.е. бедемот единствнен особен куршлус е безбедноста, дали ова мора да биде во затворена или полузатворена корпа, бар со некое непремостливо плетиво од жица која би била покриена со жива ограда, а премините кон кејот да се отворат во бедемот или да се премостуваат со надземни пешачки мостови!? ова е мал проблем кој посекако мора уште во костец на почеток да се анализира и комбинира со таквата траса а за да се дојде до идеално транспортно и естеско урбано решение! 


Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 06-Mar-2010 at 23:55




Линија М1
Линија М2
Урбан воз


Најпрво во однос на првата линија. Се простира од Ѓорче се до Ново Лисиче. 700 метри просек на растојание на станиците со што се опфатени локациите каде би било најсоодветно да има станици.
Дополнување: Линијата од плоштад не продолжува кон Транспортен поради идното пресекување со М2 од проста причина што М2 од Бутел до Кисела Вода не би можела да се спроведе доколку поминува преку плоштад или Транспортен центар.
Урбаниот воз има станици каде и денес веќе ги имаме со што се додава една нова во делот кај Керамидница што се очекува токму тој дел да се урбанизира со станбени објекти и продолжување на бул. Гоце Делчев.
Исто така сметам дека М3 е само трошок како што беше во делот кај Андреј бидејќи од рамстор до плоштад има 3 минути пешки залудно е да се троши метро и најбитно во делот на Автокоманда и Железара има две станици на урбаната линија со што од Железара е возможна директна врска кон центар истото е возможно и од Маџари со што тука се заштедува многу и не е воопшто потребна изградба на трета линија.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 07-Mar-2010 at 11:49
Андреј, неколку коментари на твојот предлог.

Линијата М1
- Во Ѓорче би било инзвонредно линијата да завршува правејќи спој на железницата во Ѓорче. Така ќе се направи уште еден спој за сите што доаѓаат од западната страна, а преблиску е за да се пропушти спој.
- кај Н. Лисиче, непрактично е да завршува во средина меѓу зградите. Прво, затоа што од другата страна на булеварот сега се гради и веќе е изградена огромна населба, а второ, затоа што ова е последна станица на источнаа страна и треба да биде збирно место, со голем паркинг, за сите приградски линии, коли итн.

С101 и С102
- кај А. Петровец, најдобро е да се направи изместување на трасата, така да мора да помине низ аеродромот, а не да се направи само слеп излез од Миладиновци, бидејќи тоа ќе значи дека сите возови од аеородром ќе мора да бидат посебни композиции, наместо тоа да биде попатна станица на сите што патуваат накај Скопје (или Куманово).
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 05-Apr-2010 at 23:52
Според мене најлогично е изградба на една линија (Запад-Исток) односно Ѓорче Петров-Ново Лисиче.
Линијата би имала 11 станици како што е и во примерот кај Андреј со тоа што станиците би биле на најсоодветни места односно помеѓу самите раскрсници а не директно под нив. Пример Карпош 3 помеѓу раскрсницата кај Карпош 4 и онаа кај ГУЦ. Истиот пример за сите останати.
Во делот кај Аеродром и Ново Лисиче станиците се поставени на булеварот Јане Сандански и ново проектираниот со што би биле најсоодветни локации и лесно би се пристапувало од двете страни, отколку кога би биле во внатрешноста на Ново Лисиче.

Сликава сигурно ја имаме видено неколку пати но еве уште еднаш.
Ако имате забелешки пишете.

ПС. Ако може една Варшава да има само една линија зошто да не и Скопје Thumbs%20Up
Мислам дека за други линии посебно оние две Север-Југ и од Центар кон Автокоманда воопшто не се потребни.




Edited by Supervisor - 05-Apr-2010 at 23:58
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 19-May-2010 at 22:55
со тоа што станиците би биле на најсоодветни места односно помеѓу самите раскрсници а не директно под нив. Пример Карпош 3 помеѓу раскрсницата кај Карпош 4 и онаа кај ГУЦ. Истиот пример за сите останати.
Ако збориме за метро не знам дали има некоја корист од така поставени станици пошто и онака се под земја. Можда баш е подобро да се поблиску до раскрсниците зашто таму има подобра комуникација и поголемо движење на луѓе
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 20-May-2010 at 12:05
Мислам дека за џабе се идеиве за метро во Скопје, иако и на форумов долго време се актуелни.
Единствено доколку се обнови старата пруга по Јужен булевар, од Кисела Вода до Ѓорче Петров, ќе може да се направи кружен прстен околу Скопје и така да се создадат услови за трамвај/лесна железница и приградска железница.
Како поминува време, јас сметам дека оваа опција треба да преовлада, додека метрото треба да биде само една неисполнета фантазија.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 01-Apr-2013 at 10:45
ne znam dali e zaebancija prvoaprilska, megutoa bi sakal da ne e

СКОПЈЕ 2017
ПОДЗЕМНО МЕТРО

2013-04-01 08:55:10
ЦЕНТРАЛА


Ете, дојде денот да ја слушнеме и таа вест - Скопје застанува рамо до рамо со светските метрополи и конечно добива подземно метро!

Проектот Скопје 2014 полека се движи кон својата завршна фаза, а архитектите кои стојат зад тој проект ни рекоа дека сега, откако со Скопје 2014 се изврши оплеменување на македонската престолнина, и дека откако ја надокнадивме изгубената историја, време е да се свртиме кон иднината - време е духовноста и технологијата да се преплетат.

Скопје 2017 е проект кој се врти токму кон тоа - технологијата. Иако целокупниот проект се чува сеуште во строга тајност, и го чека денот на својата гламурозна презентација, сепак доминантната идеја беше презентирана на македонската јавност - подземно метро!

Плановите за мрежата која ќе го поврзува Скопје:



За овој проект е ангажиран Paul Noritaka Tange - син на архитектот на модерно Скопје - Kenzo Tange. Тange помладиот, на состанокот со претставниците на владата го има презентирано оригиналниот проект на својот татко, кој датира од далечната 1972. Интересно е да се знае дека уште тогаш имало план за воведување на метро во Скопје. Но уште поинтересно е дека според тој план, ова би било првото метро во Европа, кое поврзува повеќе градови.

Noritaka Tange (десно)


Според студијата, градовите Тетово и Куманово, кои се на само 30 километри оддалеченост од Скопје, заради својата близина и поволна позиција, би требало да бидат поврзани на метро мрежата во втората фаза. од реализација на проектот.

Идејно решение за поврзување на нова железничка и меѓуградска автобуска станица со меѓуградската метро станица:


Кога сме кај реализацијата, владата планира овој проект да го комплетира во неколку фази. Првата фаза би била изграба на метро мрежа која ќе го покрива Скопје и околните населби. Во втората фаза мрежата би се проширила источно до Куманово, односно западно до Тетово. После ова ќе се пристапи кон реализација на третата фаза, поврзување на Тетово со Гостивар, но првин ќе се почека на сериозна студија на почвата на Тетовско-Гостиварскиот реон, бидејќи се претпоставува дека е можно тука да има проблем со подземни води.

Потоа мрежата би се ширела полека кон другите поголеми градови во земјата, а одтаму кон помалите. Целата реализација би траела 15 години, а субсеквентните фази би биле дел од Македонија 2020, 2023 и 2028 проектите.

Дизајн на двете најголеми скопски станици лоцирани под Рекорд - односно под нова железничка станица:


Oстанатите скопски станици треба да бидат решени вака:


Во целиот проект е вклучен и тим на уметници и архитекти задолжени исклучиво за оплеменување и продуховување на просторот во самото метро, како би се постигнала синтеза со Скопје 2014. Една од идеите кои моментално кружат во овие кругови е да се постават дела од Мартиноски, Личеноски, Мазев и останатите доајени на македонската ликовна уметност, по ѕидовите на тунелите по кои сообраќаат возовите. Но тука има еден мал трик - заради големата брзина со која се движат овие возови, голото око нема да може да ги регистрира овие дела. Затоа се планира ликовните дела да бидат развлечени на огромна површина, што во комбинација со големата брзина, би создало илузија дека се гледа во дела во природна големина закачени на ѕид. За оваа потреба би се вклучиле професори од ФИНКИ кои би ги направиле потребните пресметки за адекватна големина на ликовните дела. Инаку, се подразбира дека самите подземни станици ќе бидат изведени во барок стил.

Во прилог на текстот ви ги презентираме оригиналните планови на Kenzo Tange кои беа донесени и презентирани пред македонската влада.

Дизајн на меѓуградските метро станици во Куманово, Тетово, а подоцна и останатите поголеми градови низ внатрешноста на државата:


Дизајн на меѓуградските метро станици кои ќе бидат градени во последната фаза од проектот низ помалите градови низ Македонија:

http://www.centrala.mk/vest/427/lambe-pistolero-posle-postot
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 01-Apr-2013 at 11:21
Добро бе xnx, толку не можеш да разликуваш пишан сарказам од нормален тон? Шега е од епски размери и пропорции, ама дека сите ние би сакале метро неспорно е.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.