build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црква на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 41>
Poll Question: Црква на плоштад?
Poll Choice Votes Poll Statistics
42 [56.00%]
9 [12.00%]
24 [32.00%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 28-Jul-2008 at 20:20
Originally posted by pbanks

beTon мислам дека замолив да се држиме до правно легалниот аспект бидејќи таму нема простор за субјективност. Ти сепак се реши да ја вмешаш религијата, турското ропство, симболиката, модерните предавници, комунистите итн...

Се надевам дека нема да си играш бескрајно со моето трпение. Форумов се занимава со прилично практични работи и би сакал дискусиите да ги водиме во тој правец. Не ти го спорам твоето право да веруваш во што веруваш и да имаш убедувања какви што имаш. Не ти го спорам правото ниту да ја подржуваш црквата на плоштад па макар и немало практични (не абстрактни) аргументи за тоа. Но едноставно ова не е местото за таков тип на дискусии.

Да резимирам уште еднаш.

Упад во уставот на РМ

1. Уставот е највисок правен акт во државата
2. Според уставот сме секуларна држава
3. Владата на РМ (онаа која треба да биде најголемиот заштитник на уставот) прави упад во него и ја нарушува секуларноста

Упад во ГУП на Град Скопје

1. Највисок правен акт за регулација на градот е ГУП
2. ДУПот неодамна донесен од општина центар е во спротивност со ГУПот. Во нормална држава тоа би значело и илегален
3. Црквата е промовирана од страна на владата (и е распишан конкурс за неа) уште пред да биде изменет ДУПот. Со други зборови се распиша конкурс за дивоградба со што владата активно се вклучи во кампања за подршка на дивоградбите

Овие работи неможе да се игнорираат беТон. Што значи ова?

Originally posted by beTon

цел тон аргументи на овие 17 страни досега е поткрепен само со легализам и модернизам


Што е тоа „само со легализам“? Дали ако некој во име на бога убие човек и решат да го судат нивните аргументи ќе бидат базирани „само на легализам“? Дали судот ќе разгледува и на можност на постоење на "divine intervention" при извршување на тој чин?

За жал морам да те информирам дека уставот и законите имаат далеку поголемо предимство пред библијата/коранот/XXX/YYY, барем во поголемиот дел од нормалниот свет. Освен ако немаме амбиција да се побратимиме со Саудиска Арабија, уставот и законите треба да бидат "свети" а не нешто друго.

Мислам дека се ова прилично разумни аргументи зошто човек треба да биде против овој објект независно дали тој е христијан, муслиман, атеист, агностик а и независно дали се работи за некоја црква или пак за некој лумикс, ристиќева, типо или рамстор


има едно нешто што ви бега од легализмот и конструктивизмот а тоа егзистенцијализмот!
нема никогаш уставот и законите да не направат свесни дека сме го Покрстиле и Описмениле пола свет, тоа се прави исклучиво преку симболика, а ако нешто ни треба во моментов тоа е утврдување на свеста на Македонскиот народ за својата духовна и културолошко-историска димензија на постоење, која единствено може да се постигне само преку возобновувањето на Цркви како и градење споменици на културата колку и тие да изгледаат преамбициозно... затоа и велам погоре нема што како нација да се тресеме пред некаков закон доколку се работи за нешто што е многу повеќе од стоковна куќа како духовно така и културолошки, пример америте во вашингтон се идентификуваат со вредностите на масоните и египет па така спроти конгресот имаат обелиск но никој не се возбудува како кај нас.

доколку сакаме изглед на метропола мислам дека подобро е енергијата да ја насочиме кон возобновување на идејата на кензо за центар кај маџар маало и онака сега сконтавме дека гупот се состои само од насоки но нема механизми за бетонирање на истите сепак преголемата децентрализација на општините направи од градоначалникот на Скопје само маскота за пригодни свечености, чисто од куртоазија човекот може да глуми легалист или естетичар но никој не го есапи...

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 29-Jul-2008 at 09:29


понатамошната дискусија е мислам излишна. Како да водиме две различни, паралелни дискусии. Искрено мене ме шокираат и загрижуваат некои твои изјави како

Originally posted by beTon

цел тон аргументи на овие 17 страни досега е поткрепен само со легализам и модернизам


Originally posted by beTon

затоа и велам погоре нема што како нација да се тресеме пред некаков закон


Originally posted by beTon

и онака сега сконтавме дека гупот се состои само од насоки но нема механизми за бетонирање на истите


Кон што ние се движиме?

Како генерален одговор на сето тоа што го кажа би го цитирал Mr.Edmund

Originally posted by Mr.Edmund

(Не)сериозноста со која е пристапено кон овој зафат само укажува на тоа колку навистина (не) се почитува Црквата......


Доколку си искрено христијан (а верувам дека си) злоупотребата на христијанството, на црквата за популистички цели и непотребното сквернавење на нејзината репутација низ вакви илегални активности би требало да те загрижи. Па дури и да се "легализираат" активностите Mr.Edmund даде одличен коментар и за тоа

Originally posted by Mr.Edmund

И да не било наложено спроведување на конкурс со регулативата, такво нешто требало да се спроведе како резултат на доблест и искрена желба да се добие најдоброто можно решение за дадениот простор





Edited by pbanks - 29-Jul-2008 at 09:30
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 29-Jul-2008 at 20:55
Поднесена е иницијативата до уставниот суд Cheers

Трифун сепак ќе остави и по некоја светла точка зад себе Thumbs%20Up

Да се надеваме дека уставниот суд нема да потпадне под политички влијанија, затоа што тоа е единствена причина поради која може да замижи пред ова.
Мада мислам дека треба да се поведе постапка за оценување на уставноста и во однос на кршење на секуларноста на државата.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=485A6CACD4D85841BA6DADC0F2407E94


Црквата на плоштад на Уставен суд

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вчера поднесе иницијатива до Уставниот суд за да се поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Општина Центар за изградба на црква на плоштадот Македонија. Тој бара уставните судии да ја разгледаат одлуката на Општинскиот совет за изменување и дополнување на Детаљниот урбанистички план за централното градско подрачје „Мал ринг“.Според градоначалникот Костовски, со закон е утврдено дека општините во Градот Скопје, детаљните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места ги донесуваат по претходно добиено позитивно мислење од Градот и согласност од органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот. Тој смета дека при донесувањето на Одлуката за изменување и дополнување на ДУП за „Мал ринг“ се направени низа пропусти. Градоначалникот Костовски во иницијативата посочува дека градските власти, по разгледување на предлогот за измена на ДУП за „Мал ринг“, констатирале дека тој не е усогласен со Генералниот урбанистички план од 2002 година. Поради тоа, дале негативно мислење за измените на ДУП.Градоначалникот смета дека Програмата на Владата за приоритетна изработка на урбанистички планови во земјата не може да биде основа за донесување на спорната одлука за Општина Центар, бидејќи не била доставена до Град Скопје заради давање мислење за прифаќање на програмата во делот што се однесува за градот.Во иницијативата се предлага Уставниот суд до донесувањето на конечната одлука да донесе решение за запирање на извршувањето на Одлуката за изменување и дополнување на ДУП за „Мал ринг“.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 29-Jul-2008 at 22:23
зошто имам лошо чувство дека штом заврши фркава со црквата дека скоро и ќе запрат плановите за мал ринг на некое време, не дека многу напредуваат во последно време Unhappy
на пример треба да се фатат на реализација на проектот за филхармонијата или нешто слично
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 30-Jul-2008 at 15:21
Незнам дали веќе сте го постирале ова, ама еве од премин портал тука за црквата.



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 30-Jul-2008 at 15:29


Какво фрлање песок во очи... Какво извртување на работите што се случуваа таму... Ohno

Го имаат ставено и перверзното интервју на Мишева. И нормално, ништо без лажното тврдење дека се работи за возобновување на црква...

Puke
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 31-Jul-2008 at 13:34
Еве ја иницијативата што ја поднесе градот до уставниот суд, во изворна форма:

ДО УСТАВНИОТ СУД
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СКОПЈЕ



Врз основa на член 12 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ( “Службен весник на РМ“ бр.70/92) поднесувам



И Н И Ц И Ј А Т И В А



за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за централно градско подрачје на Град Скопје „Мал Ринг“ дел од Блок Б1, Блок Б6 и Блок Б7 Општина Центар – Скопје (“Службен гласник на Општина Центар“ бр.07/08), донесена од Советот на Општина Центар.



Образложение



I. Со член 117 став 1 од Уставот на Република Македонија, се утврдува дека Градот Скопје е посебна единица на локална самоуправа, чија организација се уредува со закон.
Уставот на Република Македонија со амандманот XVII, утврдува гаранција дека во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од значење на градот Скопје, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштита на околината, локален економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.
Поаѓајќи од тоа со член 10 став 1 точка 1 алинеа 3 од Законот за Градот Скопје (“Службен весник на РМ“ бр. 55/04), е утврдено дека Градот Скопје е надлежен да дава мислења за предлогот на деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места што ги донесуваат општините во Градот Скопје.
Со членот 15 став 2 од истиот закон, е утврдено дека општините во Градот Скопје, деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места, ги донесуваат по претходно добиено позитивно мислење од Град Скопје и согласност од органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот.
Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ“ бр. 24/08) ја уредува постапката за изготвување и донесување на плановите. Според член 10 став 1 од Законот, градот Скопје донесува генерален урбанистички план, а според член 11 став 1 од Законот, деталниот урбанистички план се донесува за плански опфат за кој е донесен генерален урбанистички план. Во истиот член во став 7 се утврдува дека деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план.
Воедно, со член 16 став 3 од Законот, е регулирано дека за изработување на плановите односно, генералниот урбанистички план, деталниот урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место и за урбанистички проекти за остварување инвестиции од значење за Републиката, Владата на Република Македонија донесува програма за приоритетна изработка на урбанистички планови на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот и на предлог на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје. Во став 4 од истиот член е предвидено дека предлозите на програмите пред нивното донесување се доставуваат до општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, кои се опфатени со предлогот на програмата заради давање мислење за прифаќање на програмата во делот кој се однесува за секоја општина или градот Скопје. Мислењето се дава во рок од седум дена по приемот на програмата, а доколку не се даде во пропишаниот рок се смета дека е дадено позитивно мислење.
Според член 21 став 1 на нацртот на плановите се врши стручна ревизија со која се утврдува дека плановите се изработени во согласност со одредбите на овој закон, прописите донесени врз основа на овој закон и друг закон. Во став 5 од истиот член е утврдена обврската забелешките од стручната ревизија да се вградат во нацрт планот, а изработувачот на планот задолжително дава извештај за постапувањето по забелешките на стручната ревизија, до органот надлежен за донесување на планот. Стручната ревизија и извештајот за постапувањето по забелешките од стручната ревизија се составен дел на планот.
Во член 26 став 9 е регулирано дека, општините во градот Скопје, урбанистичките планови ги донесуваат по претходно добиено мислење од градоначалникот на градот Скопје. Мислењето од градоначалникот на градот Скопје се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот, а доколку не се издаде во определениот рок ќе се смета дека мислењето е дадено.

II. Врз основа на горенаведените одредби произлегува дека при донесување на Одлуката за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за централно градско подрачје на Град Скопје, “Мал Ринг“ дел од Блок Б1, Блок Б6 и Блок Б7 Општина Центар – Скопје ( “Службен гласник на Општина Центар “ бр. 07/08 ), се направени низа пропусти со кои се прекршуваат истите.

  1. Имено, на ден 05.06.2008 година, до Градот Скопје е поднесен Предлог-изменување и дополнување на ДУП за ЦГП “Мал Ринг“(Б1, Б6 и Б7) заради давање мислење за истиот, согласно предвидената законска обврска во член 10 точка 1 алинеа 3 и член 15 од Законот за Град Скопје, при што Град Скопје по неговото разгледување, констатира дека Предлогот не е усогласен со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2002 година, со што дава негативно мислење за истиот.
  2. Во образложението за донесување Одлуката (што не е објавено во службениот гласник), Општината центар наведува дека правен основ за предложената одлука е Програмата на Владата на РМ за приоритетна изработка на урбанистички планови во Република Македонија за 2008 година (бр.19-843/1 од 05.02.2008 година). Тој факт не ја исклучува обврската на општината донесувањето на измените и дополнувањата на деталниот урбанистички план да бидат во согласност со Генералниот урбанистички план, што јасно произлегува од член 11 став 7 на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
    Особено треба да се има предвид дека пред донесување на Одлуката, од страна на Владата на РМ не е испочитувана и обврската која произлегува од член 16 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно предлогот на програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови на Владата на РМ не е доставена до Град Скопје заради давање мислење за прифаќање на програмата во делот кој се однесува за Градот Скопје. Според тоа таа не може да биде основ за донесување на спорната одлука за општината Центар, бидејќи се однесува и на Градот Скопје.
  3. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, при донесување на деталниот урбанистички план е предвидена обврска за стручна ревизија. Истото делумо е испочитувано од страна на општината Центар. Имено, стручната ревизија е извршена од страна на Друштвото за планирање, проектирање и инжинеринг Простор ДОО Куманово, кое во Заклучокот на ревизијата, наведува дека е потребно целосно усогласување на деталниот урбанистички план со законската регулатива и подзаконските акти, што подразбира усогласување и со Генераниот урбанистички план, а по вградување на забелешките и препораките на стручната ревизија, да се продолжи со постапката предвидена со закон.
    Во врска со ова Општината Центар како образложение наведува дека планираните површини за градба-градежни парцели со дефинираните висини од кои произлегуваат урбанистичките проекти се преземени од Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови во РМ во 2008 година. Од тоа може да се заклучи дека Програмата на Владата претставува единствен основ за донесување на Деталниот урбанистички план, без притоа да се води сметка за законските обврски, а особено не се водело сметка за фактот дека и Програмата мора да е во согласност со Генералниот урбанистички план, односно во него утврдените намени на просторот.
    Имено, Градот Скопје во Генералниот урбанистички план 2001-2020 година (Книга 3), во основните параметри од аспект на организацијата на просторот, прецизно ја регулира обврската дека општините во градот Скопје, заради доследно спроведување на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, сите Детални урбанистички планови на територијата на градот Скопје ( нови, и измени и дополнувања) треба пред усвојувањето да добијат согласност од нарачателите на Генералниот урбанистички план, надлежното министерство и градот Скопје.
    Исто така, се има впечаток дека, при донесување на Деталниот урбанистички план се настојува да се изиграат одредбите кои ги предвидува Генералниот урбанистички план во Книга 3, бидејќи се предвидуваат измени и дополнувања, кои гледајќи ги поединечно претставуваат измени и дополнувања од помал обем, но доколку се гледаат во нивната севкупност, претставуваат измени и дополнувања од поголем обем. Ова од причини што во Книга 3 за планирањето на просторот од поголем обем ( промени во урбанистичкиот концепт и планиметријата, како и промени кои опфаќаат значителен дел од површината на урбаниот опфат), обврска на донoсителот на Деталниот урбанистички план е во соработка со градот и државата, да спроведе државен или меѓународен јавен анонимен конкурс од што ќе произлезат просторните решенија.

III. Од овие причини се предлага Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за централно градско подрачје на Град Скопје, “Мал Ринг“ дел од Блок Б1 Блок Б6 и Блок Б7 Општина Центар – Скопје (“Службен гласник на Општина Центар “ бр.07/08 ) и да донесе одлука за укинување на истата.

IV. Имајќи ги предвид последиците што би можеле да настанат со донесената Одлука, предлагам до донесувањето на конечната одлука Уставниот суд, да донесе решение за запирање на извршувањето на Одлуката за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за централно градско подрачје на Град Скопје, “Мал Ринг“ дел од Блок Б1, Блок Б6 и Блок Б7 Општина Центар – Скопје.


Прилози: Службен гласник на Општината Центар бр. 07/08.
Образложение од материјалот за седница
Стручна ревизија
Одговор на стручната ревизија
Мислење на Градот Скопје
Одговор на мислењето на Град Скопје



Подносител:
Градоначалник на Град Скопје 
Трифун Костовски


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 31-Jul-2008 at 15:46
Originally posted by dejan

Незнам дали веќе сте го постирале ова, ама еве од премин портал тука за црквата.



леле кога ќе ги видам со икониве ми иде да ги Bash
ме потсеќаат на жените што носат огромен крст меѓу длабоко деколте
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 02-Aug-2008 at 02:48
хихи зошто мислиш ги ставив
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 05-Sep-2008 at 23:06

Уставниот суд, конечно, го отвори случајот за ДУП „Мал ринг“

Формирањето на предметот задоцни повеќе од еден месец поради колективниот одмор на судиите

Уставниот суд конечно го формира предметот за оценување на законитоста на Детаљниот урбанистички план „Мал ринг“, иницијатива што ја поведе градоначалникот Трифун Костовски кон крајот на јули. Иако помина повеќе од еден месец од поднесувањето на иницијативата, предметот е ставен на дневен ред во судот дури пред некој ден. Од Уставниот суд објаснуваат дека причина за тоа е колективниот одмор на судиите. Предметот се наоѓа во фаза на претходна постапка, односно обезбедување факти и докази и од прозваната страна, што е вообичаена практика. Во случајов, судот побарал надлежните од Општина Центар да достават документација за случајот.

„Не сум сигурен дали сме добиле нешто официјално, но во секој случај ќе ја почитуваме процедурата и на судот во законски предвидениот рок ќе му доставиме повратна информација“, ни изјави вчера Владо Петровски, раководител на правната служба во Општина Центар. Дури откако општинарите ќе ја завршат својата обврска, Уставниот суд врз основа на целата документација ќе одлучи дали ќе го исполни барањето на Градот за изрекување мерка за привремено запирање на извршување на одлуката.

Од Градот сметаат дека има основа за исполнување на нивното барање за привремена мерка и се убедени дека сите факти се на нивна страна. И покрај оптимизмот дека правдата ќе биде задоволена, градските власти коментираат дека по последните превирања на релација Влада-Град Скопје, сепак, се сомневаат на исход што би резултирал независно од нечија политичка волја.

Инаку, покрај иницијативата на градските власти, преиспитување на постапката за ДУП „Мал ринг“, во чии рамки се наоѓа и црквата на плоштадот, најави и Антикорупциската комисијата. До која фаза се нивните анализи, вчера не добивме одговор, бидејќи антикорупционерите до идната недела се на годишен одмор. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=26DA53FB192CF74CAB69EAA953CE5B7E



Во контекст на црквата, оваа вест околу урбанистичките планови ја постирам тука.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 10-Sep-2008 at 19:07
Како го разбирате вие ова? Дали ова значи она што сите се надеваме дека значи? Question

Уставниот суд укина неколку законски одредби

Уставниот суд по летниот одмор на првата седница со неколку укинувања на законски одредби. Интервенција во Законот за урбанистичко и просторно планирање.

Уставен пресече, не може да се менува детален урбанистички план ако урбанистистички проект во него кој од претходно бил утврден и впишан да одстапува од зацртаните пропорции.

Таквата градба нема да се и легализира ниту пак поради неа ќе смее да се менува утврдениот ДУП.

Поништена одредба и во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Уставниот суд забележал според напишаното, законот како да налагал жените да мора да одат со 62 години во пензија.

Уставен реагира во законот попрецизно да се напише дека на 62 годишна старост на жените им се остава можност да бираат дали сакаат да одат во пензија или да работат уште следните две години.

Поништена и дел од одредбата во Законот за судови која предвидува обврска за работа во време на штрајк.

Неопходно е, смета Уставниот суд, да се утврдат точно и прецизно кои се нужните работи и предмети кои вработените во судовите треба да ги извршуваат кога се во штрајк.

Токму оваа одредба за време на штрајковите на судската администрација претседателите на судовите ја користеа како форма на притисок штрајкот за поголеми плати и подобри услови да биде прекинат.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97413
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 10-Sep-2008 at 22:01


Хмммм не знам што да мислам. Мене повеќе ми звучи дека не ќе може да се менуваат ДУП-ови за да се зголемуваат димензии за лични потреби или други не знам какви се мотиви...

Ама мислам дека оваа одлука не ја тангира црквата Dunno
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 10-Sep-2008 at 22:04
Не сум коментирал тука, ама ќе кажам дека таму кај што ја планираат Црквата нема место за колонијално дуќанче, а не па за црква.

Ама, да ја гледаме и добрата страна. Нема да го гледаме магацинот на Лумикс
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 10-Sep-2008 at 23:03
всушност, не е лумикс грд, туку просторот околу него, инаку мислам дека би било поинтересно ако триаголникот пред лумикс го направат да ги следи линиите на лумикс, и на сред тоа тревниче да има малку повисок спомени, да ја тргнат оградата и да стават некоја подискретна
инаку лумикс сеуште не е во функција и можеби само така делува дека е грд, помислете на соравиа, беше грда а сега срадена е прекрасна
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 11-Sep-2008 at 10:24
бидејќи црквите долго се градат а тоа е минимум три години,плоштадот долги години ќе биде претворен во градилиште.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 16-Sep-2008 at 01:21

градонаЧалникот крева раце од инициЈативата за изЈаснување на скопЈани

Костовски се откажува од референдумот за црквата

Тој смета дека за шест месеци, колку што му преостануваат од мандатот, нема време да се спроведе изјаснувањето дали да се гради верски храм помеѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски се откажува од распишување на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за изградба на црква на Градскиот плоштад. Тој смета дека за шест месеци, колку што му преостануваат од мандатот, нема време да се спроведе изјаснувањето дали да се гради верски храм на просторот меѓу Стоковната куќа и ресторанот„Дал-мет-фу“.Апелирам на свеста и разбирањето за некои работи што се многу битни во нашето општество, бидејќи сум свесен дека јас со сиот мој капацитет и знаење не сум во состојба да променам некои нешта - изјави вчера Костовски. Тој смета дека последниве неколку години демократското право на референдум доволно е користено и се користи и понатаму за секакви политички недоразбирања.Костовски рече дека Уставниот суд се' уште не се изјаснил по неговата иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на донесувањето на измените и дополнувањата на Детаљниот урбанистички план „Мал ринг“. Градот даде негативно мислење за вметнувањето на маркичката за изградба на црква на плоштадот Македонија.

- За мене е чудно што Уставниот суд се' уште не се изјаснува, а Антикорупциската комисија го чека неговиот став. Не сакам да навлегувам во никакви шпекулации. Како градска администрација, наскоро ќе бараме тоа прашање да се симне од дневен ред, бидејќи не сакаме ниту јавноста, ниту ние како Град, ниту Владата, повеќе да ги продлабочуваме јазовите меѓу нас. Ако Уставниот суд и антикорупциска сметаат дека тоа е законски, јас ќе ги почитувам тие одлуки - дециден е Костовски.Од Уставниот суд велат дека во моментов предметот се наоѓа во претходна постапка, односно дека се обезбедуваат факти и докази во врска со иницијативата, поднесена на 28 јули. Според портпаролот на Уставниот суд, Југослав Миленковиќ, рокот за првичното изнесување на Уставниот суд на седница по иницијативата е од три до шест месеци.

Архитектите беа единствени кога е во прашање незаконскиот начин на кој политичкиот врв сака да ја протурка изградбата на црквата. Тие сметаа дека иницијативата на Владата е нелегитимна и беспредметна, зашто не ја поминала долгата и сложена законска процедура за спроведување, формирање и стручно-демократско преиспитување на условите за нејзино градење. Граѓаните потпишуваа и интернет-петиција против изградбата на сакралниот објект на веб-страницата www.petitiononline.com. Но и покрај тоа, Министерството за култура распиша меѓународен конкурс, а Општина Центар, маркичката за црквата ја вметна во измените и дополнувањата на ДУП „Мал ринг“. Избран е и трудот според кој ќе се гради црквата. Црквата на плоштадот Македонија ќе се гради според третонаградениот труд на архитектите Искра Атанасова и Владимир Лековски. Максимална висина на црквата, која е дозволена со ДУП, е 29 метри, а камбанаријата на црквата ќе биде висока 50 метри.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=41C369EE786B174785ACD17CFBCD22AB


Градот има сериозен проблем со упад во ингеренциите, а трифка крева раце! Ако се решавале проблеми со кревање раце дајте сите да дигнеме раце од све и така да оставиме! Па зарем 6 месеци мал период ли е да се крене јавноста и да се објаснат работите?! Подобро ич да не ги седи тие 6 месеци уште сега да си даде оставка. Малце успеа да ми ја врати довербата во него, ама сега прокоцка и тоа малце што го имаше.


Edited by lslcrew - 16-Sep-2008 at 01:24
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 16-Sep-2008 at 10:27

Зошто секогаш кога ќе згусне Трипко бега подалеку???

@cibi: да, плоштадот само се претвора во градилиште: прво лумикс, па магос, сега и црква...
ако градат црква ќе има уште едно место за лепење плакати и нагрдување на плоштадот
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 16-Sep-2008 at 14:29
Околу плоштадот се градат и треба да се градат уште неколку објекти, не гледам ништо лошо во тоа само по себе. Подобро веќе еднаш да се оформи плоштадот отколку да биде ваков.
Но со црквата и со некои други промени на оргиналниот мал ринг, не се оди кон оформување туку кон натрупување, деформирање и закрчување Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 19-Sep-2008 at 13:40
АНТИКОРУПЦИСКА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ДУП "МАЛ РИНГ"
Владината црква на Плоштад незаконски нацртана
Антикорупциската комисија констатирала дека при донесување на измените на ДУП "Мал ринг" имало низа пропусти бидејќи не биле почитувани Законот за урбанистичко и просторно планирање и Законот за Град Скоп

Антикорупциската комисија утврди дека Деталниот убранистички план со кој е предвидена изградбата на владина црква на Плоштадот Македонија е донесен незаконски. Антикорупциската комисија ги разгледала измените на ДУП "Мал ринг" и констатирала дека при неговото донесување имало низа пропусти бидејќи не биле почитувани Законот за урбанистичко и просторно планирање и Законот за Град Скопје. Антикорупционерите не кажаа дали и кога ќе преземат мерки за санкционирање на надлежните од Општина Центар кои ги донесоа измените на ДУП-от по налог од Владата.
Со новиот план, покрај црква, на просторот меѓу "Сити галери" и "Далметфу" на Плоштадот, предвидено е во центарот да се постават низа споменици на историски личности, четири скулптури на лавови на мостот Гоце Делчев, фонтани и бунари во Вардар, две висококатници покрај Вардар - пред Комерцијална банка и пред МНТ, а се дозволува и поголема катност на постојните објекти.
Планот "Мал ринг" го оспори и градоначалникот Трифун Костовски. Тој сметаше дека е незаконски донесен бидејќи е во спротивност на Генералниот урбанистички план и поради тоа го даде на Уставен суд. Тој најави дека за идејата на Владата да гради црква на Плоштад ќе распише референдум, за да можат и скопјани да се изјаснат, но се откажа од него бидејќи мандатот му истекува и нема време да го организира. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157160&idg=8&idb=2478&rubrika=Skopje

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 19-Sep-2008 at 13:44
Работите одат во добра насока. Да се надеваме дека на крај разумот ќе преовлада!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.273 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.