build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црква на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 41>
Poll Question: Црква на плоштад?
Poll Choice Votes Poll Statistics
42 [56.00%]
9 [12.00%]
24 [32.00%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 21-Dec-2009 at 01:26

ти гарантирам дека е потреба! Свети Спас не функционира литургиски бидејќи е спомен на културата (иако имаше обиди), а Свети Димитрија е полна за неделните Литиругии, верувам дека ова ќе биде случај и со Свети Констатин и Елена, а патем далеку повеќе луѓе ќе се обраќаат и на лична молитва доколку имаат Црква попат, што и во случајов ќе биде за многу граѓани кои во голем број минуваат низ сторгиот центар! 

ако тебе не ти треба еве мене ми треба, јас во моето опкружување немам ни една а тоа е случај и со центар, во Соборна одат тие што гравитираат буњаковец и дебар маало, и јасно дел од центар, истото важи и за Свети Димитрија каде одат вклучително и оние кои живејат крњево и битпазар, водно и пржибно одат во Света Петка и толку е во овој периметар, во сите овие Цркви е тутма за време на Литургија освен во Соборна каде се осеќа дека има простор за да се собере далеку повеќ народ, но заради неатрактивната локација неретко и се заобиколува... единствен исклучок е Пресвета Богородица но таа исто како Свети Спас и Севти димитрија е одсечена од народот на некој начин, сепак кај нас народ нема култура да оди по 5км за да стигне на литургија! за тоа ќе треба најнапред повеќегодишна веронаука па дури тие генерации поусрдно да се обратат кон колективна молитва!


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 21-Dec-2009 at 01:53
Мах, сум видел колку е потреба, џабе ми гарантираш. Всушност да беше до толку потреба, не ќе мораше да правиш проекции „што би било кога би било“ со веронаука, или кога луѓето би имале црква попат.

За тебе лично не знам дали е, многу зависи каде точно ти е станот/куќата, ама не ми текнува некоја локација каде би можел да живееш, за да имаш толку непомирлива потреба од црква паркирана токму пред Лумикс.

И по кој основ соборниот храм имал неатрактивна локација?



Originally posted by Max

единствен исклучок е Пресвета Богородица но таа исто како Свети Спас и Севти димитрија е одсечена од народот на некој начин, сепак кај нас народ нема култура да оди по 5км за да стигне на литургија!

И по кој основ овие биле „отсечени“, особено Пресвета Богородица и Свети Димитрија?
Впрочем од ова што го кажуваш, ми се чини дека сам си ја побиваш тезата. Ти всушност даваш аргументи дека треба да има повеќе цркви по населбите, а не во овој реон.
Како и да е, јас немам ништо против градење цркви, вклучително и во центарот, туку сум против оваа конкретна црква од редица други работи кои ми се апсолутно неприфатливи, а пред се микролокацијата - таква маркичка за градба е чист урбанистички криминал!


Edited by Cloverstack - 21-Dec-2009 at 01:54
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 21-Dec-2009 at 02:36

заради што криминал, пристапот до лумикс ќе се сардиса или можеби визурата нема да одговара

ако е за лумикс и тој и трговскиот се и не толку заслужни објекти за посебно внимание, доколку е за естетиката мислам попред го цитирав луис саливен формата ја следи функцијата, дефинитивно е битна Црквата а на неа другите нека се прилагодуваат! инаку потребата од Православна Црква особено на плоштад е битен елемент од нашиот колективен општествен живот како Православни Христијани таа треба најпред да има симболична појава дека центарот на нашиот живот е Духовното Спасение а не стоковните куќи и нивните минливи и расипливи етикети...

~

што е функцијата и искористеноста, канонското правило е на секои 8000 народ да има по еден Храм, и конкретно за општина центар во совоите рамки со вкупно пет Цркви е доволно, но сите тие Цркви се зафрлени, сепак ова е главен пешачки коридор и далеку по оправдано е да имаме на истиот тој коридор Правпславен Храм кој ќе го користат сите скопјани, но дефинитивно е фактор кој на доста млади ќе влијае позитивно бар да знаат од каде доаѓаат и кои се нивните корени а индиректно тоа ќе биде своевидна лична карта и пред светот, но мора да престанеме од себе да се плашиме и срамиме, Црква од сите аспекти е издржана и потребна во сред центар, а единствено слободно место кое за жал не е централно што би требало да го има објект како Црква (заради ориентацијата на плоштадот и канонското правило за архитектонската поставеност на храмовите) е ова на оваа маркица!

искрено Црквата ќе легне и естетски складно имајќи предвид дека цел плоштад тгреба да се патинира! во спротивно и лумикс и есм ќе штрчат во таа композиција, така да и од тој аспект е веќ оправдлива изградбата на Црквава, единствено е сега што треба народот сам да го подигне овој храм, а тоа значи и баш неекспресна градба за жал, што во спротивно доколку државата застане зад проектов работите ќе одат како песна, овој момент веќе и го коментиравме во една нишка но мислам истата испари од останати теми!? 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 21-Dec-2009 at 03:16
Roll%20eyes

Ако сам не можеш да увидиш зошто таа конкретна маркичка е урбанистички криминал, па дури ни после овие 38 страници дискусија, излишни се понатамошни обиди да ти се објасни.

Одлично го потврдуваш на дело она што го кажа Дејан околу емотивноста и рационалноста. Ти сакаш црква на таа локација од чисто емотивни причини и спремен си да замижиш пред сите рационални аргументи против тоа. Па побогу, не ти пречи ни фекалниот колектор, а од друга страна ми збориш за канонски правила. Зарем има простор понатака да се убедуваме околу урбанистички прашања и други „ситници“?

Тоа што ти си тотално емотивен и нерационален не е ништо страшно, не се сите луѓе подеднакво рационални. Она што плаши е ирационалноста на постапките на властите. Затоа што секој може да посакува се и сешто на секакви неприкладни локации, ама ваква мрдната иницијатива да се турка (и тоа толку слепо и тврдоглаво) од државни институции, тоа докажува колку несериозно општество сме.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 21-Dec-2009 at 08:18
инсталациите и така и вака ќе се помeстуваат дали заради Црквата или заради тунелот во иднина, но настрана тоа, единствен издржан момент на т.н. урбани естетски еколози (чиј за жал недоквакан предводник е грчев) е наводниот пешаки коридор кој ќе се затворел, демек без него плоштадот ќе цркнел, ова е екстра оправдување од професор нема што, само се плашам дека е од други побуди!

Црквата е потреба од секој можен аспект! тоа што на плоштад само таа локација е слободна тоа е друга работа, но посекако подобро решение него да се фрла екстра камен за откупување пример за локацијата на метропол или латис па на тие маркички да се издигне Црковен Храм! навистина е тешко да објасниш некому која е потребата од Црква, но како велат ако екологот или слепиот е доволно упорен сигурно ќе налета на ендек од кој пад и ќе му се разбистри дилемата, што лично и мене ми се случи, патем и јас бев атеистички нафуран во минатото па дури и бетер, потоа и естетско-еколошки, па затоа и имам разбирање за сите фрустрации кои морам да потенцирам дека се претежно малцински, но посекако тоа незначи дека малцинство треба и може да го малтретира мнозинството како ете би си истерале некоја навидум естетска потреба за отворен приод кон плоштад, се знае таквиот епитет ќе го има улица Македонија...

незнам зошто но и јас сметам дека е излишно да коментирам на темава па затоа и не се замарам, но ете да не е без ич и јас да фрлам некоја мисла, а вие терајте и натака нерационално дека функцијата треба да ја следи формата, НЕ обратно формата треба да ја следи функцијата, ако има потреба од Црква таа таму и треба да биде!!! но немам ништо против секој има право да биде избезумен од ваков или онаков проект, но како велат како да му објасниш на некого што е мед кога не пробал мед, мојот обид за екпликација најверојатно не е плоден бидејќи имам поинаков Духовен, Културен и Естетски пристап, но тоа незначи дека сум несериозен ниту пак се несериозни тие кои сум ги бирал! единствено неприкладно нешто во случајов е што нема јавна дебата дали и колку Црква на плоштад е потребна, но се плашам дека таа дебата ќе заврши дневно-политички со препукување меѓу исполитизираните експерти, сепак и по таа цена таа е потребна! 


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 21-Dec-2009 at 12:30
Мах, многу добро знаеш во кој контекст го спомнав фекалниот колектор, односно „инсталациите“, како што толку симпатично се изрази ти. Ајде еве да бидам попрецизен, иако и претходно бев кристално јасен, ама ти реши да реплицираш на дилема која не ја поставив, затоа што на вистинската немаш одговор. Јас те прашв за какви канонски правила зборуваш, кога локацијата се наоѓа врз огромен канализациски колектор. И зарем локацијата ќе стане поприкладна со поместување на колекторот, а всушност нема каде да се помести освен да поминува практично допирајќи ги темелите на црквата. Очигледно е дека во слепата желба проектов да се реализира, си спремен да биде силуван секаков резон, ама да се залагаш за црква да се градела врз лајната од пола град, а во исто време да држиш предавања за канонски правила, е тоа е веќе вистинска уметност.

Така да не ги мешај работите, тунелот нема врска со она што те прашав. Но сепак морам да ти забележам и на логиката која ја демонстрираш во врска со него. Тунел не се гради со убави зборови и приказни. Кога Коце ќе почне да го гради тунелот, тогаш и нека го поместува колекторот. А сега нека не прекопува без врска и нека не фрла народни пари во ветар.
Всушност Мах, што бидна со твоите ставови околу редоследот по кој треба да се одвиваат работите на плоштадод? Треба да те цитирам што тврдеше пред некој ден кога збореше за враќање на калдрмата? Зошто тогаш тврдеше дека тунелите и сета подземна инфраструктура треба да се изградат први? Рече дури ни фонтаната не би ја поставил пред да се изградат тунелите, а сега одеднаш испаѓа дека не ти пречи ни да се паркира црква токму на трасата на вториот тунел, без тој да биде претходно изграден.

Не знам ни што сакаш да докажеш со извадоците од твојата „животна приказна“. Што си бил ти во минатото и како од атеист си станал голем верник е твој проблем, а не некаков аргумент во дискусијава.

И конечно престани да го манипулираш терминот „мнозинство“. Тоа што ти на крајно перверзен начин толкуваш изборни резултати е друга работа, ама не значи дека проектов има мнозинска подршка помеѓу граѓаните на Македонија (или Скопје или Општина Центар, како сакаш земи). А тоа што дури и да имаше мнозинство, тоа не значи дека се е дозволено, тоа е веќе трета работа.

Се гледа дека многу сакаш црква на таа локација, ама баш мнооооогу. По секоја цена и онака баш емотивно. Тоа ти е императив и не те интересира ништо друго. И не си единствен таков. Ама големината на нечија желба, не може да смени некои објективни околности, без разлика колку е голема таа желба. Само може да одведе во ирационални води, како и во случајов.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 22-Dec-2009 at 20:56
  абе во недостаток од аргументи јасно ми е зошто се нафаќаш како и грчев за смешната канализација (патем и тоа е инсталација негледам што е спорно тука), прво прашање е дали и каде поминува истата бидејќи немаме подземен катастар за плоштад, потоа и да е кај што тврди грчев дека е посекако ќе се помести во страна, и тоа воопшто нема да ја тангира молитвата, за греота односно како што би се изразил ти срање е што луѓе во недостаток од реален аргумент се служат со подлости од тој тип, па ако е така сите спимееме под канализации па пак нешто особено од тоа не сме припотресени, но јасно како подобро да се исцрни и исмее некоја идеа ако не со ваква подлост! во секој случај дури и убиства да имало на тоа место со осветување на истото се отклонува секаква негативност, но тоа и не е толку битно колку што се користи како некој опасен аргумент!

патем јас не барам многу него тоа е логичен избор, поназад имам понадолго и понашироко објаснето зошто и како е суштната потреба од Црква на плоштад, слободно препрочитај ги неколкуте коментарите на бетон! инаку атеизмот го истакнувам како единствен контра фактор (настрана естетичарите чиј тон и коментари се поприкладни)бидејќи само атеист е доволно луд за да си погани уста и хули и фрла со камења по Црквата небаре ако таа бидне на таа локација светот ќе пропаднел, толку страни испишани а за што да прашам ако тоа и навистина не му гиба некому во нерв! ако планирате да терате протести со луѓе како фронтмен на пмг со сите негови изјави дека кога помислува или гледа Црква му доаѓа да ја запали, па со такви водачи што и како треба човек да каже дека од практични побуди се тера инает со Духовното и Културното наследство, преку кое единстевно и до сега сме преживеале а така и ќе биде во иднина!
и како очекуваш да имате мнозинство со вакви подржувачи или колгерли, во таков случај дури и најдобронамерно собрани и организирани, поткрепени од сите новинари и нво-а пак нема да можете да обезбедите повеќе од 15% подршка, затоа не ми кажувај дека јас манипулирам, манипулацијата барај ја на друга страна!

што е до редоследот да и јас се сложувам дека треба да го има но имајќи предвид дека тунелот е мисловна именка затоа и премногу не се замарам, а и да беше во скоро време испланиран посекако попрво ќе и дадев предност на Црквата! тоа да немаш дилеми, незначи ако гледам пошироко дека за тоа и по дифолт мора да стојам, небаре подземните коридори ми се идеологија, тоа може ти така да го доживуваш бидејќи урбанизмот го третираш како наука која треба со луѓето да управува, додека јас пред се го перцепирам како жива материја која треба да е во корист на заедницата а не како таков мене да ме ограничува, односно мнозинството сограѓани!

слепа желба за проектов немало никогаш и јас сум далеку пофлексибилен од сите кои размислуваат про ваквата идеја, сепак доколку не се најде простор и средства за некоја друга комбинација на источната страна од плоштадот Македонија, во тој случај со задоволство ќе ја прифатам и оваа локација, бидејќи како што повеќе пати повторив битна е суштината а не формата! тешко на оној народ кој се однесува шминкерски наместо да размислува за својот Опстанок и Спасение, а ако тебе тоа ти се лумикс и сити галери тогаш чорба терај ја и понатака естетско-конзумеристички, но не ме третирај мене како избезумен тоа зачувај го за сите оние чии дилеми се "естетски"! 



Edited by Max - 23-Dec-2009 at 21:53
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 22-Dec-2009 at 22:22
Немало подземен катастар, па не сме можеле со сигурност да знаеме каде поминувал главниот канализационен колектор...  LOL
Мах, па не е тоа кабел или цефка, па да не се знае каде поминува. Тоа е практично тунел бе Мах. Па постојат и шахти бе Мах, не може така едноставно да се изгуби колекторот. Всушност тргни од уште поелементарна логика. Каде воопшто може да поминува ако не од таму? Сигурно не поминува под зградите. И каде може да се помести? Пак ќе е тука, а „поместувањето“ е обична фарса. Неколку метри поместување, колку да им се фрли песок во очи на наивните...

Инаку гадно се лажеш (или можеби свесно манипулураш) околу квантитетот на подршка и несогласување со проектов. Ниту пак проектов има целосна подршка помеѓу верниците. Се разбира, не зборувам за „верниците“ кои тепаа на плоштад.

Туку батали, лудост е да се реплицира на овој куп бесмислици во твојот пост... ионака не верувам дека некој ќе го земе особено сериозно.


Edited by Cloverstack - 22-Dec-2009 at 22:29
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 22-Dec-2009 at 22:59
а што мислиш дека некој твоите ставови ги зема особено за трезни, па која е таа фора некој да падне на убедувања за незаменливиот пристап кон лумикс!?!

време е да најдеш подобри аргументи него ситни провокации, дегутантно е на нив да се реплицира, најди еден издржан аргумент па сетне говори! патем незнам колкава е цевката, но кло изгледа ти веруваш дека таа има фи дваесет метра, не бе кло таа ти гарантирам не е повеќе од пола метар во пречник, па сега види ти каде се може и дали се може да е по страна!


Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 22-Dec-2009 at 23:43
Toj sto saka da odi na Liturgija,obicno ne odbira Crkva spored mestoto na ziveenje.Vo Centar ima 3 crkvi sto zjaat prazni,za nova nema nikakva potreba.Treba da se napolnat praznite,a ne da se gradi radi reda.
Crkvi treba da se izgradat vo Vlae,Karpos,Aerodrom,N.Lisice...Cisto da mozat lugjeto svekja da zapalat.
Na Plostad nema mesto ni za Crkva,ni za Dzamija.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 22-Dec-2009 at 23:48
Originally posted by Max

а што мислиш дека некој твоите ставови ги зема особено за трезни, па која е таа фора некој да падне на убедувања за незаменливиот пристап кон лумикс!?!

време е да најдеш подобри аргументи него ситни провокации, дегутантно е на нив да се реплицира, најди еден издржан аргумент па сетне говори!
Ајде пробај најди еден единствен пример, каде сум го навел пристапот до Лумикс како аргумент против црква. Таков нема да најдеш, ама ќе најдеш еден огромен куп легитимни и рационални аргументи, не само од мене, зошто црква (и воопшто било каков објект) таму не смее да има... Така да остај го Лумикс на страна и немој да измислуваш кој какви ставови искажал.



Originally posted by Max

патем незнам колкава е цевката, но кло изгледа ти веруваш дека таа има фи дваесет метра, не бе кло таа ти гарантирам не е повеќе од пола метар во пречник, па сега види ти каде се може и дали се може да е по страна!
А со што ми гарантираш дека немала повеќе од пола метар во пречник? До кога ќе вадиш факти од газот? Беше соопштено дека пречникот е два метри и не слушнав некој тоа да го демантира. Не дека ако беше пола метар, немало да се знае каде точно поминува... Туку очигледно кон канонските правила пристапуваш многу селективно.


Edited by Cloverstack - 22-Dec-2009 at 23:51
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 23-Dec-2009 at 00:53
Дискусијава забега, но ајде и ја во неа
Ако е главна (збирна) канализациона цевка сигурно не е два метра, а посигурно дека нема да ја видиш на кејот како излага во сред град , со прекрасна реа
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 23-Dec-2009 at 18:36
38 страни за објект кој се уште не почнал да се гради...ццц
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 28-Dec-2009 at 22:01
Шпер што има лошо во тоа? Скрос нормално е за ваков контроверзен објект да се дискутира однапред. Па да излезат на виделина сите мислења за и против и да видиме што е подобро. И да видиме дали на таа локација треба да има некаков објект воопшто (не мора да е црква, јас сум против било што да се гради таму)
Ако дискутираме само отпосле, така се губи најголем дел од поентата на дискусијата. Само нека биде добра дискусија со квалитетни постови и без караници  Cheers
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 04-Jan-2010 at 22:18
Некој спомна во погорните постови дека имало дефицит на цркви па затоа требало нова на плоштад.



Цркви пред стечај



Некогашната главна црква на МПЦ „Свети великомаченик Димитрија“, која се наоѓа во центарот на Скопје до Камениот мост, како и една од постарите скопски цркви „Свети Ѓорѓи“ во Чаир, се први на листата најзагрозени храмови што се пред згаснување

Долгови тешки илјадници евра, свештеници што должат за неплатен данок, превработеност и се' помалку верници поради преголемиот број цркви им одѕвонуваат за затворање на најмалку два храма на Македонската православна црква. Некогашната главна црква на МПЦ „Свети великомаченик Димитрија“ лоцирана во центарот на градот до Камениот мост, како и една од постарите скопски цркви „Свети Ѓорѓи“ во Чаир, се први на листа најзагрозени храмови што се пред згаснување. Наспроти се' потешката состојба во која западнаа овие две познати цркви и растечкото незадоволство на свештениците, врвот на МПЦ и посебно архиепископот Стефан, кој е надлежен владика на Скопската епархија, се незаинтересирани за проблемот што предизвикува се' поголем револт кај свештениците. Поглаварот на МПЦ веќе со години се оглушува од барањата на свештениците за средби на кои треба да се најде решение за незавидната ситуација во која западнаа двете цркви.

Пет цркви на квадратен километар

На осум свештеници и дваесетина лица ангажирани како персонал во црквата „Свети Димитрија“ веќе со години не им се платени придонесите за осигурување. Немаат ниту сини картони за здравствено осигурување, а круна на лошата состојба се неодамнешните извршни решенија со кои Управата за јавни приходи од секој свештеник побарува суми од 2.500 до 8.000 евра за неплатен данок во изминатите петнаесет години. На најголемиот дел од свештениците, околу 80 отсто, веќе им се блокирани трансакциските сметки, така што во прашање им се доведува и егзистенцијата. Само долгот на оваа позната скопска црква изнесува околу 20.000 евра за најразлични обврски.

- Доведени сме до дно. Прашање е дали ќе можеме да купиме и костенчиња за децата да ги израдуваме за претстојните божикни празници. Црквата, едноставно, нема приходи од кои може да живее. Нема верници, луѓето не доаѓаат од разни причини. А како и ќе доаѓаат кога во ова подрачје се намножија цркви. Освен нас, тука се Соборниот храм, црквата „Свети Спас“, „Света Богородица“, а згора, сега планираат да ја градат и црквата на главниот градски плоштад. Во центарот на градот нема толку верници колку што е потребно секоја црква да работи рентабилно. Нам ни останаа само верниците од Ново Лисиче, а на тие веќе им е поблиску црквата во Автокоманда отколку нашата. А и зошто би доаѓале тука кога овде направија и паркинг, ставија рампа со која ја одбија црквата од луѓето - резигнирано велат во храмот „Свети Димитрија“.

Слична состојба е и со храмот „Свети Ѓорѓи“ во скопски Чаир каде што, исто така, доаѓаат се' помалку верници како резултат и на се' помалиот број православното население во таа скопска општина.

- Зошто беше потребно сега да се гради и новата црква на главниот скопски плоштад и од каде ќе има пари за тоа. Излегува, направи две цркви, затвори една. Некој како да наумил да ја затвори оваа црква тука и со просторот да си прави некакви комбинаторики откако таа ќе се затвори - велат во храмот.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AEC59BA7BC61E144B0C730717F3EE499
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 16-Jan-2010 at 22:46
Дебата на А2...

Back to Top
metodius View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote metodius Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 18-Jan-2010 at 04:06
По се изгледа работата е свршена, и џабе е сета ука-бука. Само не знам која им е целта и од каде сета таа упорност. Се надевам дека грешам...ама сето ова станува премногу.
Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 18-Jan-2010 at 04:27

Pa od sekogas se znaese deka rabotata e svrsena , nikoj dosega ne objavi (so isklucok  A1 , Spic , Vreme ) deka izgradbada na objektot se odlaga .

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4788
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #759 Posted: 18-Jan-2010 at 04:36
Навистина штета, а јас баш се надевав и на синагога и методистички храм на плоштадот во најскоро време. Од мои пари секако.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #760 Posted: 18-Jan-2010 at 04:38
Јас сум атеист и барам АТЕИСТИЧКИ ХРАМ! Смрт за душманите!
Шегата на страна, навистина не мислам дека ќе се изгради црквава, мислам дека од овој проект, како и од Александар ќе куртулиме. Жалосен и загрижувачки е фактот, што секој месец сме обдарени со се повеќе и побрилијантни решенија на други локации.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.