build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црква на Плоштад Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 394041
Poll Question: Црква на плоштад?
Poll Choice Votes Poll Statistics
42 [56.00%]
9 [12.00%]
24 [32.00%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 04-Aug-2011 at 16:22

Црквата од плоштад се сели кај домот на мајка Тереза

Скопје, 4 август - Црквата од плоштад ќе се сели кај куќата на мајка Тереза.
Преговорите меѓу Ахмети и Груевски ја дислоцираат најавената црква на плоштадот Македонија.

Според високи партиски извори од преговарачкиот тим на ДУИ, преговарачите на Ахмети ги убедиле тимот на Груевски дека на  плоштадот не треба да има никакви саркални објекти, односно ниту црква ниту џамија.

„ За нас е најбитно дека црква нема да се гради на плоштад и дека на плоштадот нема да има саркални објекти, што е наш став уште од почетокот. Дислокацијата на црквата не е наша работа, изјави за „Журнал.мк“ висок партиски функционер од ДУИ .

Од ВМРО – ДПМНЕ  не сакаат да коментираат.

А не сакаат да коментираат и од МПЦ, портпаролот на МПЦ г. Тимотеј за „Журнал.мк“ изјави дека тоа не е работа на синодот, туку на скопската епархија.

Останува неизвесно на чие земјиште кај АРМ ќе се гради новата црква и што ќе се случува со земјиштето од плоштадот што владата и го подари на МПЦ.

Црквата на плоштад беше дел од проектот „Скопје 2014“ и предизвика реакции и од партнерот во власта  ДУИ и од опозицијата, а беше иницијална каписла и за координативното тело за обнова на Бурмали џамијата на плоштад.
Владата за да докаже дека не се меша во секуларноста на државата, земјиштето и го подари на МПЦ.

Од координативното тело пак на Бурмали Џамијата бараа нивната иницијатива од 2007-та да стане реалност, односно земјиштето на плоштад каде што во минатото била џамијата да му го врати на ИВЗ.

Најавената црква на плоштадот предизвика дури и немири на протестите кога студентите протестираа против нејзината изградба, а на протестите се појавија контрапротестанити кои беа „за“ црква, при што настана тепачка.

Опозицијата обвинуваше дека контрапротестаните се „масло“ на власта и дека власта тепала студенти.

Власта пак тврдеше дека студентите што беа против црквата се партиски члено на СДСМ, органзирани од Сорос на Милчин и дека тие предизвикувале.

http://daily.mk/cluster3/32a16e0c021e7a566748e35e67e4b33c/851061
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 394041

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.