build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Дрекслмајер - Кавадарци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Дрекслмајер - Кавадарци
    Posted: 04-Jan-2012 at 23:35

ови инвестиции најавени за првото тримесечје од годинавата

Две нови инвестиции најавени за првото тримесечје од годинавата. Едната ќе  произведува  автомобилски делови, другата  автобуси - ткрива министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.

Првата – германска  компанија е конкурент на Кронберг и Шуберт - Најавува отворање на 4. 000 нови работни места...

-Веднаш штом го потпишавме договорот со Кромберг и Шуберт ни се јави герамската компанија, нивни конкурент, која сака да инвестира во Македонија. Најави отварање на 4,000 работни места. Би почнале со производство средината на 2013 година. Бидејќи се директни конкуренти со Кронберг и Шубер мислам дека нема да биде на истата локација во Жабени, туку во некој а друга индустриска зона во централна Македонија, изјави Веле Самак, министер за привлекување странски инвестиции

На почетокок вели беше тешко да се убедат странските компании да вложат кај нас. Наместо активни фирми затекнале запуштени капацитети, заглавени во правни црни дупки.

Наместо актрактива бизнис клима, фирмите се гушеле во преобемна папирологија, со многу закони и регулативи. Владата   имала полни раце работа.

Оваа 2012 година ќе биде тешка за сите, открива Самак. Тој е внимателен во прогнозите за новите инвестиции. Би бил пресреќен ако има исто ниво колку и ланската 2011 година.

Наташа Мерсовска

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/novi-investicii-najaveni-za-prvoto-trimesechje-od-godinavata

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jan-2012 at 14:48
Делови за Мерцедес ќе се произведуваат во Македонија
Уште една германска компанија од автомобилска индустрија ќе инвестира во земјава, открива за Канал 5 министерот за странски инвестиции Веле Самак. Одлуката од менаџментот е донесена, но компанијата се мисли меѓу Велес и Кавадарци, а ќе произведува делови за Мерцедес С класа.

- Има уште една германска фирма која се одлучи за Македонија, а избира меѓу Велес и Кавадарци. Се работи за голема инвестиција, со 4.000 нови работни места, тоа ќе биде најнова и најголема инвестиција, се планира да се вложи 30 милиони евра, во опрема и зграда. Ова се проекти кои се потврдени, а и има дополнителни осум нови кои се веќе одлучени и би почнале во текот на 2012, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Освен германската компанија, инвестиција најави и Ван Хоол, компанија од Белгија која ќе произведува автобуси за американскиот пазар. Во моментов компанијата има нарачка од Америка за 500 автобуси, па затоа менаџментот планира да започне со градба најдоцна до април во слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2. Еден од главните услови поради која компанијата одлучила да инвестира во земјава е евтината работна сила.

- Ова е една од ретките фирми која брзо ја објави веста за своето инвестирање. Оваа компанијата ќе инвестира во нов гринфилд погон. Оваа инвестиција би била за почеток од 17 до 20 милиони евра, во сосема нов погон за склопување, за почеток тие главнината ќе ја носат од надвор и ќе вработат од 300 до 400 вработувања кои би се вклучиле во различни активности во скопување на овој финален продукт. Тие имаат склучено договор за производство на над 300 автобуси за Америка и идната година мора да испорачаат 50 автобуси, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Статистика покажува дека за првите десет месеци од минатата година инвестициите изнесувале 211 милиони евра. За годинава има резервиран оптимизам, вели министерот Самак. Очекувањата се владините роуд- шоуа, да дадат резултати. Првото роуд- шоу годинава е во Турција. Владината делегација патува денеска и во наредните шест дена ќе ги презентира можностите за инвестирање.

Љупка К. Камчева

http://www.time.mk/read/9aae866b77/32c1753948/index.html
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 468
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Feb-2012 at 15:34
Германска инвестиција најавува 4000 вработувања

Четири илјади нови работни места ќе бидат отворени во фабриката која ќе занимава со дел од автомобилската индустрија.

Локацијата на фабриката засега не е сеуште утврдена, но како што денес истакна премиерот Никола Груевски, таа ќе се наоѓа во Повардарието.

Заинтересираниот германски инвеститор веќе има регистрирано компанија во Македонија, што е доказ на неговата сериозност.

Груевски потенцираше дека интерната одлука за инвестирање веќе е донесена, но поради деловна етика не го откри името на инвеститорот.

Ова е само една од десетте компании кои до крајот на оваа година најавуваат свои инвестиции во Македонија.

Воедно, најавена е и отворање на белгиска фабрика во која ќе се произведуваат автобуси.

Инвестициите се резултат на претставување на Македонија и одличната бизнис клима во странските земји. При нивната посета Груевски, како што истакнал воочил интерес за инвестирање во Македонија.

Курир


Edited by <Fresno> - 05-Feb-2012 at 15:35
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Feb-2012 at 00:04
06.02.2012, 15:53
Веле Самак: „Мерцедес“ доаѓа во Македонија



Германскиот концерн планира во првите десет години да оствари извоз од 1 милијарда евра и да учествува во БДП со 250 милиони евра

Германскиот и светски познатиот производител на автомобили „Мерцедес“ многу скоро ќе ја почне својата инвестиција во Македонија. Министерот за странски инвестиции Веле Самак ја кажа со име германската компанија која премиерот Никола Груевски пред два дена не сакаше јавно да ја обелодени, а ги посочи истите информации околу новата инвестиција од делот на автомобилската индустрија.

Министерот Самак за „Утрински весник“ вели дека дека се во завршна фаза преговорите со владиниот тим и уште следната недела ќе биде прецизирано каде ќе се лоцира новата македонска фабрика на „Мерцедес“. (М.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E673FD5865ADBE4D819FAE712D295DDA
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Feb-2012 at 00:06
jas vcera na srpski sajt ili hrvatski ne sum bash siguren procitav deka mercedes ke gradi fabrika vo mkd a eve i nasive potvrdija.kako i da e ODLICNA VEST
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Feb-2012 at 00:34
Пред една седмица, Канал 5 објави:

Делови за Мерцедес ќе се произведуваат во Македонија

Уште една германска компанија од автомобилска индустрија ќе инвестира во земјава, открива за Канал 5 министерот за странски инвестиции Веле Самак. Одлуката од менаџментот е донесена, но компанијата се мисли меѓу Велес и Кавадарци, а ќе произведува делови за Мерцедес С класа.

- Се работи за голема инвестиција, со 4.000 нови работни места, тоа ќе биде најнова и најголема инвестиција, се планира да се вложи 30 милиони евра, во опрема и зграда. Ова се проекти кои се потврдени, а и има дополнителни осум нови кои се веќе одлучени и би почнале во текот на 2012, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=86291

Пред повеќе од 5 месеци пак беше објавено:

Kromberg & Schubert is to invest in a production facility for vehicle parts in Bitola. The name of the second firm has not been revealed, but it is expected to produce electrical units for vehicles.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/features/2011/08/29/feature-03

Според мене информацијата на Утрински е избрзана и неточна. Заклучокот дека Мерцедес ќе инвестира во Македонија е изведен од други извори, а не од изјава на министерот за странски инвестиции. Се надевам дека грешам, но дури и да се работи за друга компанија веста е одлична затоа што доколку ова се оствари таа компанија би била најголема во Македонија.

Edited by OCB - 07-Feb-2012 at 00:58
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Feb-2012 at 00:50

Е вакви вести сакам да читам! Cheers

Ако се оствари, да се надеваме дека ке повлече нога да и други големи компани влезат во МК

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Feb-2012 at 01:18
na energyobserver isto taka pisuva deka ke se gradi fabrika za avtomobili.megjutoa premierot ne najavi za avtomobili kolku sto znam.kako i da e za brzo vreme ke doznaeme za sto tocno se raboti,a eve go i linkot

http://www.energyobserver.com/vesti.php?lang=1&ID=36695
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Feb-2012 at 02:33
Ne e Mercedes, tuku kompanija koja proizveduva ZA Mercedes.
Precizno novinarstvo na delo.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 356
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Feb-2012 at 02:45
Германскиот и светски познатиот производител на автомобили „Мерцедес“ многу скоро ќе ја почне својата инвестиција во Македонија. Министерот за странски инвестиции Веле Самак ја кажа со име германската компанија која премиерот Никола Груевски пред два дена не сакаше јавно да ја обелодени, а ги посочи истите информации околу новата инвестиција од делот на автомобилската индустрија. Министерот Самак за „Утрински весник“ вели дека дека се во завршна фаза преговорите со владиниот тим и уште следната недела ќе биде прецизирано каде ќе се лоцира новата македонска фабрика на „Мерцедес“. Ќе треба да се пресече меѓу Велес и Кавадарци. Претставници на компанијата, по детални испитувања и анализи ги пикирале овие два града, каде што има поголем број на млади, невработени лица, а веќе преговарале со градоначалниците, кои позитивно ја примиле информацијата за оваа голема инвестиција, вредна околу 30 милиони евра. „Во завршна фаза се меѓусебните консултации и начелно е веќе договорено дека наскоро, за два до три месеци ќе се склучи договорот за инвестирање меѓу „Мерцедес“ и Владата. Инаку, компанијата планира да вработи вкупно 4.000 лица, а уште од есенва да почне со специфичната обука на кадри, за идната година напролет да стартува со производство. Во почетокот се најавува вработување на околу 400 лица“, вели Самак.

Тој нагласува дека ќе се произведува електрична и кабелска инсталација за возилата од Ц-класата на „Мерцедес“, а целото производство ќе биде наменето за извоз. „Станува збор за многу значајна инвестиција за македонската економија. Според начелни пресметки на ’Мерцедес‘, во наредните 10 години од почетокот на производството треба да се реализира извоз вреден една милијарда евра, а нето-учеството во домашниот бруто- производ да изнесува 250 милиони евра“, изјави Самак. Тој лани во декември, по петгодишни напори, ја најави и големата германска инвестиција на „Кромберг и Шуберт“, која тежи 20 милиони евра и треба да се реализира до крајот на 2012 година во битолската зона „Жабени“.

Самак ги потврди најавите на Груевски и за нова белгиска инвестиција, која треба да пристигне, исто така, во текот на оваа година, посочувајќи дека станува збор за компанијата „Ван хоол“ од Белгија. Таа треба да произведува автобуси наменети за американскиот пазар. „Менаџментот планира да почне со градба многу брзо, најдоцна до крајот на април и тоа во економската зона, ТИРЗ Скопје 2. А, еден од главните услови поради кој е донесена одлуката за инвестирање е нашата евтина работна сила. Ова е една од ретките фирми која брзо ја објави веста за инвестицијата која ќе изнесува меѓу 17 и 20 милиони евра. За почеток ќе се вработат од 300 до 400 лица“, посочи Самак...
http://www.time.mk/read/da3e82bef8/83533e34e8/index.html
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Feb-2012 at 03:00
Барам на Google, не можам да најдам... Дали Мерцедес сам си ги произведува каблите и електрониката (тешко веројатно во денешниот бизнис свет), или има друга компанија/компании која ги прави за нив? Доколку си ги прават сами, зошто да не би била фабрикава баш на Мерцедес, но не за склопување на автомобили, само за кабли и електроника?

Сепак, бидејќи е стандардна пракса на сите фирми да се снабдуваат со овие делови (бидејќи е многу поисплатливо) од други помали добавувачи, веројатно ќе биде некоја фабрика која само ќе прави делови за нив. Има некој поупатен во овие води?

Edited by гитардемон - 07-Feb-2012 at 05:38
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Feb-2012 at 03:26
Моја претпоставка: BOSCH.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 486
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Feb-2012 at 21:14
Каблите нема да ги прави „Мерцедес“
Демант на Владата на РМ на текстот објавен во „Утрински“ со наслов „Мерцедес“ доаѓа во Македонија”

Влада на Р. Македонија

Демант на текстот објавен во „Утрински весник“ со наслов „’Мерцедес‘ доаѓа во Македонија”



Сметаме за потребно најостро да ја демантираме веста објавена во „Утрински весник“ на 7 февруари 2012 година со наслов „’Мерцедес‘ доаѓа во Македонија” од новинарката Маја Томиќ.

Потенцираме дека ниту министерот Веле Самак, ниту пак друг член на Владата на Македонија, никаде нема дадено изјава во која се тврди дека германската фирма „Мерцедес“ ќе инвестира во Македонија.

Министерот Самак и Владата на Република Македонија од почетокот на својот мандат ги запазуваат принципите на доверливост на компаниите кои ја разгледуваат Македонија, и се внимателни во изјавите за нови инвестиции и покрај притисоците на дел од јавноста за што поскора објава на имињата на странските компании кои потенцијално би инвестирале.

Министерот Самак е секогаш отворен за потврда и проверка на информациите околу странски инвестиции со цел да не се објавуваат неточни информации во јавноста. Токму заради вакви најави и грешки како што е оваа вест објавена во „Утрински весник“, министерот Самак никогаш до сега не излегол во јавност со информации кои не се претходно потврдени од самата странска компанија инвеститор. Во спротивно се прави штета на странската компанија, штета на угледот на Република Македонија и штета на кредибилитетот на новинарите кои треба да известуваат со релевантни, потврдени факти и податоци.

Фактите кои се дадени и потврдени во изјавите на министерот Веле Самак се следните: германска компанија, слична како „Кромберг и Шуберт“, донесе одлука да инвестира во Македонија во декември 2011 година. Фирмата планира да отвори производство за електрични инсталации и кабли со околу 4.000 вработувања во наредните три години. Продуктите од фабриката во Македонија ќе бидат инсталирани во автомобилите на „Мерцедес“ во Германија. Локацијата на новата фабрика во Македонија ќе се потврди во наредните неколку недели бидејќи се' уште се прави анализа од германската компанија. Фирмата планира оваа година да вработи околу 300 до 400 работници. Со оваа инвестиција во рок од 10 години ќе се реализира извоз од над една милијарда евра и ќе се оствари нето придобивка на БДП од над 250 милиони евра.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DCE82C1E8563BC47826045CE7B587309




Edited by Galileo - 07-Feb-2012 at 21:15
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Feb-2012 at 22:55
никој од автомобилската индустрија непроизведува делови.имам другар што работи во Рено и кажува дека не е тоа Рено.доаѓаат камиони од сите страни анивна работа е да се залепи само значката од Рено.кај многу од нив доаѓаат готови и цели шасии(Пининфарина на пример ја прави готова шасијата за Пежо 406 купе)
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Feb-2012 at 18:47

nekoj spomna bosch,jas tipuvam na basf

Кој сè снабдува делови за Мерцедес Ц Класа

За сите оние што мислеа дека Мерцедес ќе дојде во Македонија (а особено за градоначаникот на Велес, кој, очигледно немал поим кој му дошол во општината да му бара локација за фабрика - за да се потсети), овде ја објавуваме листата на снабдувачи на делови за Мерцедес Ц Класа.

Сигурно не станува збор за комплетна листа. Имено, во автомобилите на Мерцедес има илјадници делови (во Џамбо Џет – Боинг 747 има 2,5 милиони делови) и, како што може да се види од списоков, огромен број од нив не ги произведува компанијата, туку нејзините снабдувачи. А, уште поголем број не ги произведуваат ниту тие, туку нивните снабдувачи (подснабдувачите).

Исто така, табелава можеби не е и ни најточна зашто е од пред 3 години, па некои од снабдувачите можеби се сменети.

Во секој случај, останува фактот дека Мерцедес сигурно не произведува кабли и електрични инсталации/системи за своите автомобили од Ц класа, делови што треба да ги работи оваа фамозна фабрика.

Така што, ако ве интересира, побарајте, можеби компанијата која треба да дојде во земјава е меѓу овие 59 долунаведени. А, можеби и не е.

Плусинфо.мк Бизнис се извинува што не можеше да обезбеди превод – терминологијата е убиствена.

Наш избор е „Hirschmann Automotive“ под број 28, иако немаме никакви илузии дека сме во право. (извор: mbworld.org)

 

              Кој сè снабдува делови за Мерцедес Ц Класа

Бр.

Компанија

Делови

1

AGC Automotive Europe

Rear door, rear door fix, Quarter light and backlight 

2

Alfmeier Prazision

Valves for fuel tank ventilation; brake vacuum check valves; seating comfort components 

3

Autoliv

Inflatable curtain side airbag; side airbag thorax for front and rear; seat-belt pre-tensioner 

4

BASF

E-coat and basecoat for Sindelfingen; primer and basecoat for Bremen 

5

Behr

Standard two-zone HVAC module; optional three-zone system 

6

Behr Hella Thermocontrol

Solar sensor, PTC controller and linear blower controller 

7

Benecke-Kaliko

Tepeo2 film for instrument panel; Tepeo expanded vinyl for door trim; PVC expanded leatherette for seats. 

8

BERU

Instant start system for diesels; spark plugs for gasolines 

9

Brose

Door closure systems and seat adjusters 

10

Bosch

Common rail injection diesel system; gasoline ECU; starter; alternator; spark plugs; body computer; wiper system; engine cooling blower module; park assistance system; auxiliary electric water pump; various sensors 

11

Brembo

For forthcoming AMG version: front monobloc brake caliper (6 pistons); front composite brake disc (dia 360x36 mm); rear monobloc brake caliper (4 pistons); rear brake disc (diam. 330x28 mm) 

12

Brose

Door modules 

13

Continental

ESC system, brake booster, brake hoses and calipers, Continuous Damping Control, Door control unit, telematic unit for E-Call, hill start assist, trailer stability control 

14

Contitech

Ribbed V-belts, fuel management system; diaphragms; steering boots 

15

Delphi

Wiring system, including three large wiring harnesses for engine compartment, centre console and interior; antennae array, occupant detection system, alarm, switches satellite and digital radio; common rail diesel system in the 220 CDI 

16

Dow

Automotive Structural bonding; interior trim 

17

Draexlmaier

Interior centre console, gear shift, electrical components: electric box, power distribution box, gear indicator 

18

Dura

Roof mouldings (for option version glass roof); door release cables; trunk release cables; hood release cables 

19

Eberspaecher

Exhaust systems for all gasoline versions. 

20

ElringKlinger

C 200/220 CD: cylinder-head gasket (the new gasket generation with honey comb stopper), specialty gaskets; C320 CDI: cylinder-head gasket, specialty gasket, shielding systems; C230, 280, 350: One specialty gasket 

21

Freudenberg

Seals 

22

FS Fehrer Automotive

Upholstery for car seating; rear centre armrest; side bolsters for rear seat back 

23

Grammer

Crash active front and rear headrests 

24

Harman Kardon

Dolby surround sound system with 12 loudspeakers and a 450-watt digital amplifier. 

25

Harman/Becker

Infotainment system including voice control navigation 

26

Hella 

License plate lamp, interior lights, side marker lamp, overhead console, central modules, water level sensor, intelligent battery sensor, actuators, headlamp cleaning unit 

27

HellermannTyton

Waterproof parts for doors; customized fixing solutions for engine harness, cockpit harness, seat harness, brake lines, oil lines, fuel lines 

28

Hirschmann Automotive

Harness for brake lining wear indication; harness for ABS; harness 29for angle-of-rotation sensors; switches for sensor applications; cable harness for parking assistance; connectors for driving authorization systems; micro-gas generators; contact housings 

30

Hirschvogel Aluminium

Rear-axle knuckles 

31

Inalfa

Panoramic glass sunroof 

32

Johann Borgers

Complete luggage compartment trim; parcel shelf 

33

Johnson Controls

Headliner, sunvisors,grab handles, rear seat structure, instrument panel, seating components, integrated garage door opener, park distance warning 

34

Kautex Textron

Tier two supplier of air ducts to Johnson 

35

Lydall Gerhardi

Underbody heat shields 

36

Magneti Marelli

Headlamps: halogen, bi-xenon and bi-xenon adaptive front light systems 

37

Mahle

Oil filter modules and oil filter elements, activated carbon canisters, oil mist separators, air filters, camshafts, valves, valve guides and valve seat inserts, pistons, piston pins and cylinder liners 

38

Mann+Hummel

Oil filters and air cleaners for V6 gasoline and diesel engines 

39

Otto Fuchs

16’’ forged aluminum wheels; suspension parts and wishbones 

40

Pilkington Automotive

All glass for saloon; windscreens and front doors for the estate. 

41

Piolax

Glovebox damper unit 

42

PPG

Clearcoat and black, white and silver basecoats to Bremen 

43

Rehau

Bumpers with integrated pedestrian protection 

44

Rieter

Aerodynamic underbody shields and heatshields 

45

Röchling

Automotive Washer bottles. 

46

Schefenacker

Tail lights with air outlet; LED rear indicators; prismatic interior mirrors; high-mounted brake lights 

47

Takata-Petri

Steering wheel airbag, driver airbag, passenger airbag, knee airbags 

48

Teleflex

PTFE brake hose 

49

ThyssenKrupp Technologies

Roof frames; pedal boxes; steering gears; differential bevel gears; sun gears; monoblock reverse gears; crankshafts (forged). 

50

TI Automotive

Plastic fuel tank; filler pipe; pump/module for all ECE variants (the M271 4-cylinder engine); brake & fuel tubes to South Africa plant 

51

TMD Friction

Brake friction materials for front axle 

52

TRW

Engineered Fasteners & Components Fasteners; pressure relief valve; jack support; pipe clips 

53

Vibracoustic

Engine mount for diesel engines; hydraulic bushing for front suspension; cross link bushing; rear differential mounts including support; tie bar bushing; spring link bushing; push ABR bushing 

54

Voestalpine Polynorm

Plastics Underbody engine noise shields 

55

Voestalpine Steel

Electrolytic galvanized steel for: frontdoors’ inner and outer; trunk lid outer; wheelarches; various structural parts 

56

Webasto

Sunroof 

57

Winkelmann Powertrain

Torsional vibration dampers; starter gear rings for V8 gasoline; metal and plastic pulleys 

58

ZF

Chassis components; dual-mass-flywheel (for station wagon starting 2008); monotubes at rear; struts 

59

ZF Lenksysteme

Steering pump; hydraulic power steering gear for the 4matic version


http://www.plusinfo.mk/vest/32685/Koj-s-snabduva-delovi-za-Mercedes-C-Klasa
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 715
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Feb-2012 at 18:57
моја проценка http://delphi.com/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Mar-2012 at 00:32

Ќе се прават ли делови за „Мерцедес“ во Кавадарци?

Германски инвеститор е заинтересиран да гради фабрика за автоделови во Македонија

Ангел Данов


Кавадарци - Кавадарци, по се' изгледа, ќе ја добие битката со Велес околу привлекување на германскиот инвеститор заинтересиран во Македонија да изгради фабрика за производство на автоделови. Висока делегација од германската компанија „Дрекслер Мајер“, која е сестринска фирма на „Мерцедес“, деновиве беше во Кавадарци и се сретна со градоначалникот Александар Панов. Германците биле пријатно изненадени од брзата реакција на Општината и градоначалникот во смисла на овозможување поволности за странските инвеститори заинтересирани за вложување во Македонија.

„Централна тема на средбата беа неодамна донесените поволности кои Општината им ги нуди на странските компании кои имаат намера да вложуваат во Кавадарци, како и сместувачките угостителски капацитети, но и расположливиот деловен простор“, информираа од Општина Кавадарци.

Гостите од Германија пројавиле дополнителен интерес за потенцијалот на едуциран кадар од сите профили што би бил ангажиран во идната фабрика. Домаќинот Панов одговорил на сите нивни прашања и дилеми и ги информирал за можноста кавадаречките компании кои се занимаваат со превоз на патници и со угостителска дејност да понудат субвенционирана цена на своите услуги за време на престојот на стручните кадри во првата фаза од скенирањето, како и во финалната при стартот на фабриката.

Гостите направиле обиколка на сите локации за кои биле заинтересирани, а ги посетиле и двете водечки компании во Македонија со седиште во Кавадарци, „ИГМ трејд“ и „ФЕНИ индустри“ при што се сретнале со менаџерските тимови.

Кавадарчани се' погласно коментираат дека ако станат вистинити најавите за отворање фабрика за автоделови, тогаш за младите невработени кавадарчани има иднина во овој крај. Засега Кавадарци живее од „Фени“, „ИГМ трејд“ и „Алајанс уан“ како компании во кои се вработени најголемиот дел кавадарчани. Според неофицијални информации што кружат низ Кавадарци, во првата фаза од проектот ќе бидат вработени 400 лица, а потоа фабриката би вработила уште 4.000, што ќе ја направи најголем работодавец во Македонија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=73526F01DC1D70498F51917E8668A5AF
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 21-Mar-2012 at 10:35

„Дрeкслмајер“ објави конкурс за фабриката во Кавадарци

Големина на буквите
21.03.2012
Германската „Дрeкслмајер груп“ на својата веб страница објави конкурс за вработување  менаџери  во фабриката за авто делови  што планира да ја отвори во Кавадарци.
Огласените работни позиции се дел од  4.000-те вработувања што ги планира германската компанија во инвестицијата во Македонија, која, според првичните најави, ќе изнесува околу 30 милиони евра. Износот на инвестицијата и бројот на работни места неодамна го објави министерот за странски инвестиции Веле Самак, но тогаш не го каже името на компанијата.   
„Дракслмајер груп“  е една од најголемите  компании за производство на авто-делови. Во нејзиното портфолио се присутни изработки за  BMW, Mercedes-Benz, Porche, Audi, Bugatti, Jaguar.... Основана e во 1958 година и има 53 фабрики низ светот

http://www.time.mk/read/095fe201f7/a88ee12b8a/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Jul-2012 at 18:17

Кавадарци ќе извезува за Мерцедес од април 2013

Петре Димитров
Кавадарци%20ќе%20извезува%20за%20Мерцедес%20од%20април%202013

Дури 1.000 лица веќе се пријавиле за работа во фабриката на германската компанија Дрекслмаер, партнер на автомобилската компанија Мерцедес, која е најголемата инвестиција во историјата на Кавадарци. „Капитал“ ексклузивно објавува како Кавадарци се подготвува за оваа инвестиција. Поголема репортажа ќе може да прочитате во утрешното издание на магазинот „Капитал“

За помалку од една година Кавадарци треба да добие уште една голема извозна компанија – фабриката на германскиот производител на автоделови Дрекслмаер, кој ќе произведува директно за автомобилскиот гигант Мерцедес. Во градот сите до детали се информирани за најголемата инвестиција во историјата на Кавадарци и се надеваат дека со отворањето на фабриката, која ќе произведува делови за моделите од Мерцедес Ц-класа, ќе порасне цената на работната рака и ќе се најде подобра работа. Во наредните неколку години во неколку фази во оваа фабрика треба да се вработат околу 4.000 лица.

И во општината сериозно се посветени на најавената инвестиција во вредност од 20 милиони евра. Веќе се работи на промени и усогласувања на градежните планови, бидејќи по изградбата и стартувањето со работа на фабриката се очекува зголемување на бројот на жители во градот.

20

милиони евра изнесува инвестицијата на Дрекслмаер во фабриката во Кавадарци

5

хектари е површината на која ќе се протега фабриката, која ќе произведува делови за Мерцедес

2.500

лица од Кавадарци и околината се очекува да работат во новата фабрика

„Очекуваме бројот на жители да ни се зголеми за околу 10.000. Во градот веќе се градат неколку нови станбени објекти, во план е изградба и на нови, а наскоро планираме изградба и на градинка“, вели градоначалникот Александар Панов.

Моментално општината има 42.000 жители, од кои како невработени се водат околу 5.000 лица.

Пред да ја донесе финалната одлука, Дрекслмаер како опција за градење на фабриката ги имаше и Египет и Бугарија, но по една година преговарање беше донесена конечна одлука да се инвестира во Македонија. На почетокот во игра беа и Велес и Тетово, но на крајот се избра Кавадарци.

„Кавадарци го победи Велес бидејќи понудивме подобри услови. Германците целосно ги ослободивме од комунална такса. Од општината добија четири милиони денари субвенции за изнајмување деловни простории (до декември 2012 година) за сместување на менаџерскиот тим додека се изгради фабриката. Со кавадаречките хотели склучивме договор за нивно ослободување од туристичка такса, а тие се согласија за сместување на 50 лица од компанијата Дрекслмаер и за грижа за нивна исхрана. Германците добиваат и субвенционирана цена за превоз. Кавадарци и урбанистички беше поподготвен од Велес. Веднаш на располагање имаме локација, лоцирана во третата индустриска зона во градот“, објаснува градоначалникот Панов.

Чистата заработка за општината од оваа инвестиција е 200.000 евра, а за државата 50.000 евра.

Фабриката на Дрекслмаер, е лоцирана на самиот влез на Кавадарци и ќе се протега на пет хектари. Моментално таму се врши порамнување на теренот и се прават подготвителни работи. Изгледот на фабриката треба да биде сличен како на фабриката на германската компанија во Балти, Молдавија.

Во неа, освен кавадарчани, можност за вработување ќе имаат и жителите на соседните Велес и Прилеп. Според очекувањата, од Кавадарци и од околината треба да се вработат околу 2.500 лица, а остатокот од други места во овој дел на земјата.    

Компанијата Дрекслмаер моментално има распишано оглас за вработување на 23 лица кои ќе бидат дел од менаџерскиот тим на фабриката. Огласот е меѓународен и е распишан во седум земји. На него се јавиле повеќе од 1.000 лица.

Германците претежно бараат луѓе со искуство во приватниот сектор од производните сектори, индустријата, а поволност е искуството во автомобилската индустрија. Примарно е и знаењето англиски јазик. Се бара знаење и германски јазик, но не е пресудно за сите позиции.

Веќе финализира изборот на технички менаџер на фабриката, комерцијален менаџер, асистент на менаџментот, менаџер за човечки ресурси и финансиски менаџер...

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/85918/kavadarci_kje_izvezuva_za_mercedes_od_april_2013.aspx

Back to Top
^Strela^ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ^Strela^ Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Jul-2012 at 03:16
Договор за најголемата германска гринфилд инвестиција во Македонија
16.07.2012 - 14:07 | Бизнис
Германската Дрекслмајер влегува во Македонија. Ќе гради фабрика во Кавадарци за производство на кабелски инсталации за автомобилската индустрија.
Договор за најголемата германска гринфилд инвестиција во Македонија

Инвестицијата е вредна над 25 милиони евра. Ќе отвори 4.000 работни места. Првите произведени количини се очекуваат првиот квартал од следната година.

Македонија прави голем чекор за привлекување странски инвестиции. Германските претавници задоволни од владината помош

Влезот на странски инвестиции е најдобар показател како Владата се справува со последиците од економската криза, вели вицепремиерот Пешевски. Придобивките од оваа гринфилд инвестиција се огромни.

Покрај во Македонија, Дрексл мајер се присутни и во САД, Србија, Молдавија и Кина
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.