build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Дрекслмајер - Кавадарци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Sashko View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Sashko Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Mar-2013 at 23:23
17/03/2013

Back to Top
Sashko View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Sashko Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Mar-2013 at 23:24
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 19-Sep-2013 at 15:55
За една година само во Дрекслермаер вработени 1050 лица
Регион      - Кавадарци
Четврток, 19 Септември 2013 16:34

inShare

Странските инвестиции почнаа да ги даваат посакуваните благодети поради што и се намалува бројот на невработени, рече денеска во Кавадарци, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски и нагласи дека во овој град за една година само во новата германска фабрика Дрекслермаер биле вработени 1050 лица.

Поповски и пред кавадаречките стопанственици ги претстави активните мерки и програми за вработување кои им ги нуди државата на работодавачите, а тие пак искажаа задоволство од тоа што е на располагање и рекоа дека веќе многу од нив ги користеле поволностите.

„Една од придобивките на новите инвестиции е да го растеретат пазарот на трудот и да можат луѓето да бираат работа. Не им се допаѓа едно, да одат на друго работно место и да го работат тоа што сакат да го работат и да го дадат својот максиум при работењето . локалната самоуправа во моментов работи на ажурирање на податоците во делот на слободни хали и слободно градежно земјиште за да бидат преотстапени на нови потенцијални инвеститори. Има компании кои имаат празни хали и кои им стојат неупотребени, а тие не знаат каде да ги пласираат. Заинтересираниот инвеститрор го упатуваме лично кај сопственикот да се договорат“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов./А.Д
http://duma.mk/index.php/kavadarci/6873--------1050-
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 20-Sep-2013 at 15:36
Ona sto interesno e deka sekoe vrabotuvanje vo proizvodstvo nosi so sebe uste tri vrabotuvanja vo servisnite granki (smetkovodstvo, samoposlugi, notari, itn). Fabrikata treba da vraboti okolu 4,000 rabotnici, no vo stvarnost, toa se 16,000 rabotni mesta. Toa znaci, ako pretpostavime deka prosecno semejstvo ima 4 clena, 64,000 lugje sekoj 1-vi vo mesecot kje imaat primanje. Kavadarci ima naselenie od 39,000 (sto vklucuva i lugje koi nema da rabotat, kako penzioneri/invalidi/nevraboteni ama pred penzija). Fabrikava kje bide neverojatno znacajna ne samo za Kavadarci, tuku i za okolnite gradovi. Vo plan e da se vospostavi organiziran transport za rabotnici od drugite okolni gradovi. Slicna e situacijata kje bide situacijata i vo Bitola.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 20-Sep-2013 at 16:03

Братучетка ми живееше со мажот во еден друг град во Македонија иако мажот и е кавадарчанец бидејќи таа имаше доста добра и солидно платена работа. Кога се отвори драксел мајер се преселија во Кавадарци зошто мажот и  најде работа мислам дека и таа бара и најверојатно до сега и она се вработила во драксел мајер. 

Таа ми кажуваше дека се планира да се носат работници од околните градови зошто Кавадарци неможе да одговори на работните места како со број на работници така и со квалификуван кадар. 

Што се однесува до тоа колку вработувања носи една фирма мислам дека тоа е многу јасна работа со оглед дека сите тие фирми најчесто имат потреба од доставувачи како на материјали, така и на резервни делови и слични услуги. Прашањето е само колку нашите фирми се способни да одговорат на потребите на овие производители. Мислам дека сепак огромен дел од потребните суровини и делови за работа сепак ќе доаѓат од увоз. Но тоа не значи дека оваа ситуација нема да се смени во иднина. 



Edited by kultuzin - 20-Sep-2013 at 16:04
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 20-Sep-2013 at 17:41
Секоја фабрика во странство кога ќе го отвори погонот после некое време користи суровини од таа земја,нормално ако најде добавувачи.Затоа на пример пластиките во внатрешноста на колите се разликуваат во зависност од која земја потекнуваат.Пежо произведено во Иран,сигурно нема да тегни материјали од Франција,туку ако ги најде во Иран,од тамо ќе ги купи
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 05-Nov-2013 at 10:21
1.


2.


3.


4.


5. Ова е сообраќајниот пристап (од Р-108)

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 13-May-2014 at 09:45
Штрајк во „Дрекслермајер“?
Објавено: пред 41 минути
Прочитано: 1413
Печати
Сподели со твоите пријатели!
Неколку стотици вработени во кавадаречката фабрика „Дрекслермаер“ вчера започнаа штрајк, поради ниските плати, објави кавадаречката телевизија КТВ.

Според информацијата на телевизијата, работниците од третата смена синоќа не влегле во производните погони, а причина за тоа биле платите.


Телевизијата, која се уверила дека вработените штрајкуваат не успела да исконтактира со нив, а подетални информации за штрајкот најавува за денеска.

Најголемиот дел од вработените во оваа кавадаречка фабрика примаат плата од 8.400 денари.Малку повисока плата од 12.000 денари примаат вработените кои одат прекувремено на работа, а платите на раководниот кадар во погоните е некаде над 24.000 дрнари.

Ова е втор штајк на вработените во оваа фабрика. Пред еден месец дел од вработените кои доаѓаат од Велес не дојдоа на работа поради автобуксиот превоз. имено со еден автобус требало дасе возат над 60 работници.

Моментално во фабриката работат над 3.500 работници од Кавадарци, но и од околните места – Велес, Неготино, Демир Капија, Градско.
http://www.plusinfo.mk/vest/136699/Shtrajk-vo-Drekslermajer
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 05-Feb-2016 at 04:17
Со посвета до сите обожаватели на странските инвестиции.
 
Битно се гради, битно има странски инвестиции, битно народот го третираат како стока, а се останато е небитно.
 
Бидејќи коментарите објавени на Фејсбук страниците на бројни политичари и Интернет портали се третираат како релевантен извор на информации, јас лично си дозволувам и информациите кои ги објавува Зоран Божиновски на неговата Фејсбук страница да ги третирам како релевантни.
 
https://www.facebook.com/Burevesnikbozinovski/posts/832564203532152
 
,,Zdravo Zoran, jas sum od Kavadarci. Ke me razbereš zošto sakam da ostanam anonimen bidejki sakam da go zaštitam moeto semejstvo i moite maloletni deca od lokalnite vlastodršci vo Kavadarci, verni na ovoj režim. Ne biraat sredstva da se odmazduvaat sprema neistomislenicite duri i vo učilištata, preku nastavnicite koi možat da mu naštetat na moite deca. Ke te zamolam da me razbereš i voedno da objaviš što se slučuva i kakov teror i omalovažuvanje e na scena vo takanarecenata stranska investicija DREXLMAIER koja ne e ništo drugo tuku zbirština na iskompleksirani i neuki, so vroden primitivizam partiski vojnici na režimot koi se na vodečki rakovodni pozicii vo povisokite i poniski ešaloni vo fabrikata.
 
Do neodamna rabotev tamu poveke od dve godini i si zaminav ne možejki da go podnesuvam nivniot teror. Uslovite za rabota se nikakvi. Se raboti prekuvremeno i sabota i nedela za mizerni plati, vo smeni. Na taka mizernite plati sekoj mesec vo izveštajot za plata se kratat izraboteni saati vo prosek od 500 do 800 denari po rabotnik. Dokolku nekoj od rabotnicite se pobuni vo čovečki resursi vednaš dobiva otkaz i so obezbeduvanje kako najgolem neprijatel na lice mesto e brkan od fabrikata. Uslov za napreduvanje e partiskata poslušnost i servilnost, nepotizmot, rodninski vrski i gotovi spisoci od gradonačalnikot, bez ogled na sposobnostite i stepenot na obrazovanie. Na rakvodni pozicii se lica so edvaj završeno ili nedooformeno sredno obrazovanie, a za poznavanje na stranski jazik i da ne zboruvame. Gi postavuvaat za šefovi, formeni i tim lideri vo oddelite. Onie so višo ili visoko obrazovanie koi ne se partiski vojnici na režimot, se degradirani, ponižuvani, sekojdnevno se maltretirani i terani da rabotat na najniski i najslabo plateni rabotni mesta. Ludjeto koi rabotat na liniite se eksploatirani najbeskrupulozno, tretirani se kako robovi so minimalni ili nikakvi pauzi. Ako nekoj slučajno ima fiziološka potreba najvulgarno i prostački, so nedoličen recnik e navreduvan i omalovažuvan.
 
Začesteni se kolabiranja i padjanje vo besoznanie, prosledeno so goltanje na jazikot. Vo taka dramatičnite situacii ne postoi adekvatna i soodvetna lekarska pomoš. Proizvodstveniot proces mora da teče kako ništo da ne se slučilo, a ovie čovečki drami se slučuvaat pokraj zanemenite vraboteni koi toa go gledaat. Nema pošteda nitu za bremeni ženi, moraat da popolnuvaat ,,dupki,, vo procesot koi se pojavuvaat poradi sekojdnevno brkanje na neposlušni, do doadjanjeto na novi žrtvi.
 
Veke e poznato vo javnosta kablite i žicite so koi se raboti se premačkani so otrovni hemikalii, štetni po zdravje na rabotnicite. Od tie hemikalii na vrabotenite im se pojavuvaat alergii i rani po racete, a problem na dišnite patišta predizvikuva vdišuvanjeto na isparuvanjeto na ovie hemikalii. Za ovie problemi menadžmentot i rakovoditelite ne se zainteresirani, se odnesuvaat kako ništo da ne se slučuva. Ako se zainteresiraat ke mora da se primenat zaštitni merki za koi treba da se izdvojat sredstva. Toa na niv im e premnogu, pa se pravat kako da ne se slučuva toa što se slučuva.,,

Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 05-Feb-2016 at 08:21
Овој на Зоран Заев ли му се обраќа?
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 05-Feb-2016 at 11:20
Оф, информациите од фејсбукот на Зоран Божиновски ги третирал како релевантини. Доволно зборува за тебе.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 05-Feb-2016 at 11:45
Истото и јас го константирав за релевантноста и Dexter Да посочуваш информација од човек што тврди дека Тоше Проески е жив и се крие во манастир, а при тоа да ја карактеризираш истата за релевантна, премногу кажува за тебе.
Е ова е лудило !

Наспроти тоа, јас лично имам две пријателки од Велес што работат на ова место. Пред вработувањето чистеа низ Скопје без осигурување, без стаж и за мизерни 1000 денари. Наспроти ова компанијата им обезбедува превоз, оброк, осигурување, стаж, доволна плата за со средно образование и други поволности... Секако дека не е идеално. Работата е напорна, но во овој случај многу подобра од предходната.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 05-Feb-2016 at 11:59
Немојте така за Зоран Божиновски за некој политички лидери, партии, лепачи на плакати и чекачи на работни позиции добиени по партиски клуч овој лик е сламка на спас.
Само прашање е колку треба да си ОЧАЕН спасот да го бараш во такви ликови?

Edited by kultuzin - 05-Feb-2016 at 12:00
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 05-Feb-2016 at 16:16
Хехе, како хиени се нафрливте врз изворот на информацијата, а ни к од коментар за конкретната информација, иако досега никој не ги искритикувал вашите извори на информации како Република, КУРир, Шител, Анал 5 и слични кои ја продаваат приказната дека ние Македонците се давиме во реки од мед и млеко. Но добро, барем се наредивте четворицата најглавни тролачи на форумот еден по друг со плукање исклучиво по изворот на информацијата, наместо со коментар за самата информација и нејзината содржина.
 
На форумот на Кајгана има и сегашни и поранешни вработени кои ја критикуваат работната пракса на овој инвеститор, но претпоставувам дека и тие се соросоиди, па затоа воопшто не треба да се разгледа веродостојноста на нивните критики. Единствена пофалба која ја прочитав од нив во 2015 година беше дека - замисли - исплатиле К-15, што патем е законска обврска.
 
Едно време вриеше од огласи за вработување во Карфур, за сега да знаеме дека не станувало збор за нови вработувања, туку за пополнување на работни места од кои си заминале незадоволните вработени, а Карфур затвори со милионски долгови кон македонските фирми.
 
Случајно или не, речиси немаше месец во 2015 година без огласи за вработување и во Дрекслмајер, но не сум слушнал досега пофалби дека станувало збор за нови работни места.
 
Но затоа имаше смртен случај за кој се дозна прво преку соросоидите од типот на Зоран Божиновски, за да подоцна истиот тој смртен случај биде потврден од страна на раководството на фабриката. Што да му правиш, сигурно тој кој работи за фабриката, а го потврдил смртниот случај, бил соросоид, нема друго објаснување.


Edited by Dexter26 - 05-Feb-2016 at 16:34
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.