build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Деловен објект на местото на старата Народна банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 41>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
0 [0.00%]
1 [2.22%]
2 [4.44%]
1 [2.22%]
5 [11.11%]
6 [13.33%]
6 [13.33%]
4 [8.89%]
8 [17.78%]
12 [26.67%]
You can not vote in this poll
Total votes: 45   Average: 3.47

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 05-Jan-2009 at 20:43
treba i nie kako germancite vo 90-tite da staneme i da go rusime Berlinskiot zid ( skopskiot kaj nas )
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 05-Jan-2009 at 21:24

Еве го бетон е убеден дека моменталната ситуација на сите ни била од корист, се плашам да не излезеда го брани, па да биде работава билдаш против билдаш Big%20smile


@ beton
Во целата турли-тава од некни ми промакна да ти спомнам еден од најочигледните аргументи:
Иницијативата до уставен суд градот ја поднесе на крајот од јули, а оградувањето на кејот ни се случи во октомври. Ете колку инвеститорите чекале чиста ситуација како што тврдеше...  Зошто во меѓувреме запреа не знам, ама стварно е кристално јасно дека тоа не е ради уставниот суд (освен ако човек не сака намерно да мижи пред фактите).


Edited by Cloverstack - 05-Jan-2009 at 21:25
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 05-Jan-2009 at 23:10

ете ти беља изгледа пак си заглавил со плугот во некоја завеана улица Yes ај да не е без ич ќе пробам да те извлечам иако предпоследниот твој пост не остава човек ни добар ден да ти каже туку попрво да те Sleepy сепак заради новогодишнава атмосфера ќе се обидам да глумам дека влијаеле на мене пропагадните спотови на владата за толеранцијата  како нормална појава во општеството!

ајде пробај и види најди некоја друга поиздржана теза од онаа што  ја понудив, да не мислиш дека инаетот на Велија кон Трифун заради уривањето на неговата колиба е доволно силен столб за некого да го запре?! што останува друго, инвеститорот да не  не го подигнал кредитот или пак во меѓувреме банкротирал а за тоа никој не разбрал?! или можеби веруваш дека случајностите во градежниот сектор во мкд се нормална појава?!

ако почнеш да го расчистуваш снегот можеби и полесно ќе излезеш од завеаната недоумица, почни од тоа дека уставен откако ги доби сите документи од засегнатите страни а тоа беше на втори декември, мора да донесе одлука во рок од три месеци...

Судот уште веднаш ќе почне да го разгледува случајот и да провери дали има повреда на законите. Ако се утврди дека има, ќе донесеме привремена мерка забрана за градење. Судот има три месеци за да ја разгледа целата процедура - објаснија од Уставниот суд.
значи времето прилично е одредено, но најверојатно ти се  провлекла таа информација...  нема да  ја терам контра и за секоја моја реченица да барам аргументи и документи и што уште не само како би ги дотерал моите тези до некаква издржана теорија, но тоа само може дополнително да ги наруши твоите "лр" побуди и да почнеме повторно растегливо-изџвакан дијалог, кој освен за сеир за друго нема ни да послужи, затоа и не се залетав да ти реплицирам на испокинатата ракавица   дека наводно сум напаст на и за форумов и неговата администрација на која сум и збоктисал!

како што реков и претходно простор за нагаѓање има но секој со својот памет, некој сака да бара оправдувања,  а некој (ти) верува дека не е потребна  дебата за некоја матна ситуација. колку заради контекст пак ќе повторам, Грујо дали заради предизборни поени или заради инает на Трифка (има многу што околу инаетот но оправдување е  одобрувањето на постојното сообраќајно решение во однос на градежната дозвола) му дозволува на Велче да го држи пикапот пред влезот на девелопериве не е битно, ако веќе нагаѓаме може и се спрема да им ја  прибере постојната маркица  а може  и услуга за услуга си враќаат со Велче(маркетингшки), но она што е јасно е дека Грујо т.е. Миле јавно изрази негодување со одлуката на градот кејот да се загради! што значи сега инвеститорите се најдоа во небрано дали да тераат инат со Грујо и тоа предизборно или да причекаат на рајат да видат до кај ќе им ја пуштат чергата и како што веќе реков да инвестираат на здрав простор и заради профит, а не во нејасни околности и заради естетско архитектонски хир!

значи кло подобро копај и анализирај комбинации наместо, да чекаш некој новинар да ти сервира нечија инвеститорска изјава и не ми земај постојано мерка мене што имам поинаков желудник од твојот!

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 06-Jan-2009 at 02:03
Бетон, кога ќе се прочистат твоите постови од сите паушални лични тврдења, читање на мисли, метафори кои само ти ги разбираш, кафански „анализи“ и ред други слични акробации, тврдењето ти е следното:
Инвеститорот чекал „честитка“ од уставен суд, па бидејќи тогаш ќе морал да почнува нова процедура за дозволи и плус ќе бил присилен на поинакво сообраќајно решение, затоа во меѓувреме дремел. Згора на се, ваквата ситуација била од корист за сите!
Твоите постови се тука, па кој сака да провери што си тврдел лесно ќе го направи тоа, без разлика колку пати ќе смениш курс (освен доколку не ги едитираш и измениш постовите, но тоа ќе биде регистрирано, како што гледам си направил токму со твојот втор пост во оваа наша преписка, долго откако ти било реплицирано -   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173&PID=26318#26318 ).

Во меѓувреме што е поентата со линкот? Докажуваш нешто што никогаш не го негирав ниту беше дел од мојата аргументација? Токму напротив, можноста за привремена мерка за стопирање на градење во мал ринг не јави на 2-ри декември кога судот ја прибрал цела документација, туку во јули кога градот ја покрена постапката (па и пред тоа затоа што иницијативата беше однапред најавена).

Затоа, без да правиш нови диверзии, би било интересно да дадеш директен одговор на следниве прашања:

- Ако инвеститорот е загрижен за вадење на нови дозволи поради постапката пред уставен суд и затоа не почнал со градба, тогаш зошто се истрча да почне со припреми за градба после покренувањето на постапката? (а со тоа и дополнително да предизвика пи-ар катастрофа и да го скрене вниманието на јавноста кон себе, зарем сето тоа со намера да запре за да ја чека одлуката на судот???)

- Ако одлуката на уставен суд индиректно резултира и со промена во сообраќајното решение, како тоа би влијаело негативно на градежните работи кои ќе беа веќе завршени доколку инвеститорот во меѓувреме градеше?



Велиш мене ми пречеле анализи и сум чекал некој новинар да ми сервира нешто. Се лажеш, ми пречи токму сервирање на „се и сешто“, без разлика дали е од некој новинар или од тебе лично.
А против анализи немам ама баш ништо, напротив. Само преферирам да се издржани и поткрепени... а не само колку некој да си го потроши муабетот и тоа редовно.

Тебе бетон ти е погрешен ти е пристапот - прво пласираш некаков необмислен став, а ако некој даде контра-аргументи изгледа ти проработува инаетот и дури тогаш почнуваш да луташ барајќи поткрепа на твојот став, која нормално со таков обратен пристап нема да ја најдеш. Единствено што можеш да направиш во вакви случаи е да бидеш упорен и неконкретен, да ја заплеткаш дискусијата до немајкаде за да им биде досадна за читање на што повеќе луѓе, а со тоа тоа наместо твојот кредибилитет штетата да ја претрпи нишката Roll%20eyes
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 06-Jan-2009 at 05:31

нема потреба да се трудиш да ме изнегираш објаснувајќи дека моите  постови се заплеткани, забораваш дека се такви само заради твоите завеани недоумици!

инаку првиот пост го едитирав како што беше и најпрво напишан, значи го вратив по старо а само заради лапсузот со спомнувањето на голем наместо мал ринг! а буквално тој пост ништо ниту смени ниту влијае да се смени препукувањето кое следува после него!

 ајде еве кажи до каде ќе стигнеше инвеститорот со градбата доколку почнеше да гради откако го доби кејот  како градежен сообраќајен коридор  во ноември и што ќе се случеше доколку судот во сред работа го стопираше?! или незнаеш како се гради зграда или е нешто друго во прашање! еве да ти појаснам ретко кој вложува готова пара, или е тоа кредит или е лизинг, значи во ваква  неизвесна ситуација само некој избезумен инвеститор би почнал да гради, а инаку човекот  најверојатно се залета на време да го загради кејот надевајќи се дека завршил работа со пристапот и кога работите ќе се подрасчистат (доволно е и купен абер) да си почне раат да гради. јасно е дека сите други заклучоци кои до сега ги изнесов си остануваат, значи жонглирање со сите разумни комбинации кои би биле логични доколку уставен пресече со остар сатар... инаку немав намера да фрлам вакви муабети и уште на почеток само кажав дека единствено е логично сите да чекаат на одлуката на судот која за некое време(2-3м.) ќе ја имаме, на што ти нормално  наместо да ме дементариш, ти остана беспотребно запрепастен небаре јас сум судијата или пак странка во процесот па нешто ќе зависи од мене, и нормално стандард почнавме во круг да се вртиме околу моите размисли дали имало ваму или онаму издржани точки, запирки и останата интерпункција!  



Edited by beTon - 06-Jan-2009 at 05:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 06-Jan-2009 at 10:13
Премногу луфта оставаш кога ти чини, а премногу ги игнорираш очигледните работи кога не сакаш да ги видиш...

Еве „знаеш“ како идело финансирањето на објектот, му ги читаш на Грујо мислите и мотивите, исто така и на инвеститорите, знаеш кој на кого му се инаетел и зошто, кој со кого си враќал услуги, ги решаваш правните лавиринти кои не можат или не сакаат да ги решат ниту институциите...
Навистина многу луфта има во поткрепата на тврдењата што ги пласираше и сите тие тези и теории можат да паднат на секој чекор. А доколку не се од прва рака (верувам не сугерираш таква работа), тогаш повеќе припаѓаат во некој лабав кафански муабет отколку во сериозна дискусија.

Во суштина (она што произлезе ново од твојов последен пост) е дека временската разлика помеѓу поднесувањето на иницијативата пред уставен суд и заградувањето на кејот ја толкуваш со тоа дека „човекот“ (инвеститорот) се залетал... Премногу наивно за мој вкус... Па со заградувањето почна и рокот колку долго смее да биде заграден кејот! Тоа е индикација дека или во тој момент инвеститорот сериозно се спремал да почне да гради па нешто друго искрснало (што ја исклучува тезата за чекање на судската одлука) или дека има модус како да се изманипулираат роковите па може да си дозволи да загради за после да чека (но доколку чекал на судска одлука ова не прави никаква логика бидејќи во таков случај ништо не би добил со избрзаното заградување туку само си ја ослабнува позицијата). На крајот на краиштата ти ситуацијава весело ја протолкува дека одела во прилог на сите. Епа како може да оди во прилог на сите кога токму според твоето сценарио инвеститорот се залетал и се зезнал, а граѓаните добија ограден кеј без никаква причина, чија единствена моментална функција е опструкција на движењето и на погледот???


Јас од друга страна во оние матни води околу кејот и „народната банка“ признавам дека не можам ни приближно јасно да ги согледам релациите за да тврдам дека ми е јасно што се случува зад кулисите, ама можам да видам дека работата смрди и сигурно никој не чека да профункционира правната држава и нејзините механизми. И кога веќе не можам да објаснам што точно се случува, барем можам да исклучам по некое сценарио.
Знам дека инвеститорот не чека одлука на уставен суд. Ако чекањево е чекање на некаква одлука, тогаш се чека одлука во политичко-криминални кругови која во „најблиска“ варијанта со твоето тврдење, можеби (само можеби!) ќе биде маскирана со одлуката на уставниот суд. Но и во таков случај разликата што всушност се случува и што всушност правел/прави инвеститорот е огромна.

Сепак не исклучувам дека ова чекање и речиси извесното пробивање на роковите ќе биде оправдано со чекањето уставен суд да пресечел, но таквото оправдување за мој вкус би било многу провидно. Попровидно од тоа едино доколку работата се сведе на пикапот на Велија или нешто така слично откачено.


Edited by Cloverstack - 06-Jan-2009 at 10:18
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 07-Jan-2009 at 21:33

па незнам како ќе излезе муабетов затоа и нагаѓам, подобро речено прогнозирам, но тоа незначи дека сите треба да се сложат со моите прогнози,  инаку во секој случај работата е заглавена и ако некој во таа работа има ингеренции да турне или врати некоја ситуација тоа е уставен суд чии одлуки се конечни! затоа и верувам дека врз основа на таа пресуда многу работи ќе се разјаснат односно ќе се знае дали и како ќе продолжи проектов.

за рејата  од криминална заврзлама има простор за размислување, но веќе тоа е многу лизгав терен за нагаѓање, но се е можно, пример судиите од уставен  да се на нечиј платен список (не би сакал да верувам дека тоа е така) или пак градежниот рекет не е толку префинет па се оди на комбинации како да сме во каубојски филм, каде рекет се изнудува со киднапирање на член од поблиското семејство,  или може и се работи за прибирање средства за предизборни кампањи, но веќе сето тоа не е за во оваа нишка, а и за такви комбинации би сакал да нагаѓам, освен ако немам информации од прва  или до прва рака!

инаку за досегашните измонтирани тези кои ги расфрлив, истите не ги ставам во прв план туку во втор како можни исходи, а во однос на, според мене главната   препрека околу  "банкава" - тимарењето на мал ринг на уставен! инаку гледано од оваа перспектива многу јасно е дека се работи за странски инвеститори, кои се замаскирани преку ополномоштување на некој домашен играч (тоа  е и законска обврска да мора МК фирма да  е инвеститор) најверојатно затоа и волку неусогласеност, недореченост и импровизации...

инаку кло јасно е дека шпекулирам, но во недостаток на информации ова мислење  за честитката на уставен е колку толку возможно, а во многу што и реално, освен ако човек смета дека уставниот суд во земјава постои само заради глумење правна држава...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 16-Jan-2009 at 07:42
Овдека изгледа почнуваат градежните работи или халуцинирам.....


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 16-Jan-2009 at 11:01
у сред зима им текна бе Nuts
ама битно нека копкаат, што побрзо да почнат со карабината
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 09-Feb-2009 at 13:09
mislam deka ne e nesto vo red gledam so kamerata samo luge i avtomobili
moze nekoj koga ce odi v plostad da vidi?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 10-Feb-2009 at 23:24
денес минав крај "градилиштево" имаше нешто активност, една екипа ги враќаше плочките кај северниот дел кон скалите ископот што беше, а друга екипа од западната страна кон плоштадот кршеа по тоа плочките и правеа тесен-мал ров каде поставуваа или вадеа кабли незнам не застанав да ги прашам, па според цела ситуација некако ми заличи дека се повлекуваат пред се она со затворање и поплочување на веќе ископаните ровови, ем тоа телефонските говорници не ги гибнале, можеби ги барале инсталациите за нив па сега затоа да копаа покрај оградата, но доколку градеја пологично ми е плочките сите да ги извадат а не да ги враќаат назад!
Back to Top
ivopfc View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ivopfc Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 11-Feb-2009 at 07:26
Tuka ke se gradi vo sekoj slucaj...Samo sto vidlivite rezultati nema da bidat mnogu skoro....Imaat problemi so premestuvanje na kabli i podzemni instalacii, a i ke imaat naskoro dopolnitelni problemi so kopanjeto poradi golemiot betonski trezor na starata banka koj e seuste na svoeto mesto pod zemja i ke mora da go urnat.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 11-Feb-2009 at 11:37
 па не е спорно дека нешто изместуваа кабли но зошто ги враќаја плочките ај тоа објасниме, она убаво ги средуваа, прво дупката затворена па избетонирана, одозгора тампон па ги редеја врз него плочките како што реков на северниот дел блиску до скалите!значи и денес човек да помине од таму ќе примети каде е наново поплочено. значи по логика на нештата пак ќе кажам во случај да почнуваат со градба нема што да ги враќаат плочките туку треба сите да ги извадат и почнаат да копаат за темели, а незнам за трезорот, значи плус екстра работа што значи нема никаква логика она што го видов вчера, незнам не ми е јасно што се случува но далеку е работава од отпочнување на некаква изградба, може се лажам ајде времето ќе покаже!
Back to Top
ivopfc View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ivopfc Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 11-Feb-2009 at 17:36
ke se gradi, bidi siguren. samo sto , kako sto rekov, vidlivite rezultati ke zakasnat od pricinite koi gi navedov gore.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 11-Feb-2009 at 17:48

добро ок ај тогаш објасними како тоа нановио поплочува одредена дупка односно ископ, очигледно беше затрупан, одозгора потака кошулица, сетне песочен тампон и на крајот веќе беа почнале да ги редат плочките! мислам зошто таква работа доколку се ископуваат темели? ова не ми мириса на сигурно градење, а сигурно почнуваа нешто тие ќе ги вадеа плочките а не да ги враќаат онаму каде веќе беа извадени!

од друга страна веќе има пуштено една арматура ко за столб, но пак тоа е од претходно, ем која е логиката да нема темел зградава итн. абе многу нелогичности и нејасни работи што не ми влева надеж дека на сега зацртанава зграда почнува да се работи, еве и Велија го тргна пикапот од пред влезот на сервисната улица, и судот кај и да е треба да излезе со одлуката за спорниот дуп и времето им е потаман, а овие латисџииве сеуште не почнуваат со работа.      

Back to Top
ivopfc View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ivopfc Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 11-Feb-2009 at 18:09
a koja e logikata da se premestuvaat kabli ako ne se gradi?

I mene ne mi se svigja nitu lokacijata, nitu idejata, nitu izvedbata so site zagraduvanja/pregraduvanja i ogranicuvanja, ama toa e sto e. drzavata e takva sto e, i kako sto bese kazano poveke pati i vo mediumite, investitorot si gi ima site potrebni dozvoli i odlukata na sudot moze da bide samo vo negova korist.

kako i da e, ne bi sakal mnogu da ispravam krivi drini, ama na lokacijava ke se gradi objektot koj sto e predviden.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 11-Feb-2009 at 18:58
па доколку одлуката за измените на мал ринг е негативна, тоа значи дека на инвеститор дозволата му оди во вардар со оглед дека истата му е издадена врз основа на  новите измени, што значи ќе мора нова дозвола да бара! што јасно не е проблем да ја добие но сепак малку е дискутабилно дали сега ќе ја добие со вакво решение за сервисна улица, најверојатно ќе мора да ја направи прво подземната улица па сетне да ја крева зградата. е сега ако добро подмачка ваквиот развој може и да се заобиколи, но ако претходно глумеа невиност и наивност и инвеститорите и институциите бар околу ова улицата сега нема да можат волку лесно да поминат, и повторно сето ова доколку уставен пресече позитивно во однос на тужителите! 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 11-Feb-2009 at 19:09
Бетон, немој пак да почнуваш со тие муабети ако бога знаеш...

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 15-Feb-2009 at 17:11
lele greota kako izgleda plostadot poradi nar.banka, pa tie uste cekaat
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 23-Feb-2009 at 15:32
mislam deka pocna so rabotata
gleda betonski pumpi
 
 
 
eve i ovde cisto e
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.