build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Деловен објект на местото на старата Народна банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
0 [0.00%]
1 [2.22%]
2 [4.44%]
1 [2.22%]
5 [11.11%]
6 [13.33%]
6 [13.33%]
4 [8.89%]
8 [17.78%]
12 [26.67%]
You can not vote in this poll
Total votes: 45   Average: 3.47

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 17-Oct-2012 at 20:05

Не знам баш за рамката, ама некакво зеленило горе баш одговара. Зградава е грда у бестрага ама со неколку вакви идеи можда може да стигне до пролазна оценка. Многу е ударна локацијава, мора да се смисли нешто да се нашминка некако, бар да не делува лаксативно кога ќе ја погледне човек.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 06-Nov-2012 at 22:42
Имате анкета

Потсетник за поентата на гласањето и за критериумите на кои би било пожелно да ја засновате вашата оценка за да целово гласање има некаква смисла.

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=564
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 07-Nov-2012 at 04:18
Од мене 1+
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 07-Nov-2012 at 11:14
Јас дадов тројка но мислам дека згрешив бидејќи изумив за катастрофалното сообраќајно решение на објектов кое ќе го узрупира кејот. Реална оценка ќе беше двојка.

1. Немам ништо против маркичката, но имам против висината (пред се оној алукобонд израсток најгоре)
2. Квалитетот на дизајнот е од прилика модерен клон на „барокно Скопје“. Страшно, страшно под просек.
3. Пристапот. Без да навлегувам во тоа кој е крив за ова (градот, инвеститорот или купувачот) факт е дека поради овој објект ќе добиеме улица на кејот.

Жално е што компанија како Т-Хоме која како глобален бренд треба со себе да носи и општествена одговорност и генерално да ги подига стандардите се реши еден ваков објект да биде нивно седиште за Македонија.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 07-Nov-2012 at 11:31
Ова здание од мене има чиста единица. Барокните зданија од Скопје 2014 изгледаат понормално од онаа грда доградба, а кога ќе земеме во предвид колку големи афери му се накалемени на објектот, се разбира, и тоа што ќе го уништи кејот, тогаш дефинитивно не заслужува никаква пофалба.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 09-Nov-2012 at 01:55
Објектотв ја запоседна една од 5-те најударни локации во Скопје*, а со изгледот е безброј нивоа пониско отколку што требаше да има објект на тоа место.

* Да објаснам кои се оние пет според мене најударни локации во Скопје - една е Ристиќева палата која е челно поставена на плоштадот „Македонија“, а другите четири се оние што се околу камениот мост и се доминантни на аглите помеѓу кејот и двата големи плоштади (офицерскиот дом, музејот на македонската борба, археолошкиот музеј, како и овој безвезен објект кој се кити со етикетата на поранешната народна банка).

Ова здание во „доцно-транзициски архитектонски стил“ и како што некој добро дефинираше - со бензинска пумпа на кровот, ептен ја нагрдува локацијата, плоштадот и целата поширока околина. Едноставно оваа локација заслужуваше нешто мнооогу, мнооогу подобро.

Но не би навлегувал премногу длабоко на таа тема, затоа што за жал проблемите поврзани со оваа зграда се дури уште многу подлабоки од нејзиниот надворешен изглед.

Сакам да потсетам дека приказната со оваа зграда е криминална од А до Ш:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173&PID=126506#126506

Но јас во случајов се разбира ќе се држам до критериумите за гласање и другите видови криминал нема да ги земам во предвид, туку само криминалот поврзан со сообраќајниот пристап до објектов. Приватниот нвеститор за да добие градежна дозвола најпрвин имаше обврска да изгради подземна сервисна уличка до зградава, но во неколку чекори таа обврска всушност се претвори во обврска на Градот Скопје отпосле да изгради надземна улица, која узурпира 320 метри од кејот во најстрогиот центар на градот, поточно тоа е најпопуларниот и најраздвижениот дел од кејот на Вардар во Скопје. За ова си има институции и органи кои се надевам дека во некое друго време ќе преземат се што е потребно да се исправи грешката и виновниците да се казнат. А во меѓувреме, фактот што заради криминалите поврзани со овој објект ќе имаме улица наместо кеј, за мене е доволно голем за на анкетава без двоумење да дадам една чиста 1-ца!

1-ци досега имав дадено за Спомен куќата на Мајка Тереза и за деловниот центар „Аркадија“, ама оваа третава 1-ца би рекол дека е убедливо најзаслужена.



Originally posted by pbanks

Жално е што компанија како Т-Хоме која како глобален бренд треба со себе да носи и општествена одговорност и генерално да ги подига стандардите се реши еден ваков објект да биде нивно седиште за Македонија.
Апсолутно
За потегот на Македонски телеком од мене едно големо     Puke
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 09-Nov-2012 at 09:03
Дека зградата е лоша и грда не е дискутабилно, но за единица, на секакви други глупости што се градат во СК, и не е. Ако оваа добие единица што ќе остане на пример за панорамското тркало . Негативните комнтари се нашироко објаснети и јас потполни се согласувам со нив. Јас ја оценив со 3 (а мислев дури и 4). Па каков таков, овој е еден од ретките ново изградени објекти во модерен стил. На објектот исто така не му забелешувам за прозорците и мермерот кој е користен за негова изградба, особено ноќе е пристојно осветлен и не изгледа така лошо. И за крај оваа маркица е една од најнеспорните според мене во цел мал ринг (без да се гледа на катноста).
За 1-ница треба ама баш да нема никаква позитивна страна, исто како за 10-ка што треба да е совршен и затоа мислам дека сите сте малку престроги со овој објект.
А дека од кејот ќе се добие улица и не би се согласил. Околу ново реконтруираниот дел на Сквер Јадран (како многумина милуваат да го кажуваат) има мноугу повеќе сервисни улци а собраќајна гужва речиси и да нема. Тоа не е за оправдување што не се одеше спрема договорот, но мислам дека нема да е крај на светот.

Edited by stratus - 09-Nov-2012 at 09:08
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 09-Nov-2012 at 11:43
Од мене 2. 1 е резервиран за МНР, панорамското тркалои сличните идиотштини. 
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 09-Nov-2012 at 12:53
Originally posted by stratus

Дека зградата е лоша и грда не е дискутабилно, но за единица, на секакви други глупости што се градат во СК, и не е. Ако оваа добие единица што ќе остане на пример за панорамското тркало . Негативните комнтари се нашироко објаснети и јас потполни се согласувам со нив. Јас ја оценив со 3 (а мислев дури и 4). Па каков таков, овој е еден од ретките ново изградени објекти во модерен стил. На објектот исто така не му забелешувам за прозорците и мермерот кој е користен за негова изградба, особено ноќе е пристојно осветлен и не изгледа така лошо. И за крај оваа маркица е една од најнеспорните според мене во цел мал ринг (без да се гледа на катноста).
За 1-ница треба ама баш да нема никаква позитивна страна, исто како за 10-ка што треба да е совршен и затоа мислам дека сите сте малку престроги со овој објект.
А дека од кејот ќе се добие улица и не би се согласил. Околу ново реконтруираниот дел на Сквер Јадран (како многумина милуваат да го кажуваат) има мноугу повеќе сервисни улци а собраќајна гужва речиси и да нема. Тоа не е за оправдување што не се одеше спрема договорот, но мислам дека нема да е крај на светот.


Potpolno se soglasuvam so oznacenoto vo postot...

Razmisluvav za "servisnata ulica" na kejot  koja e priod i do idnata katna garaza isto taka...  Mislam deka bi bilo podobro povrzuvanjeto na trgovski i zgradite so kejot da bide reseno slicno kako i povrzuvanjeto na istite so parkot. Znaci so movcinja nad ulicata.
Barav i drugo resenie, odnosno povrzuvanje na novata garaza i Telecom so podzemnata garaza na GTC. Vo toj slucaj nema potreba od servisna ulica pokraj kejot... No, sepak mislam deka toa kako resenie bilo razgleduvano i ne e izvodlivo ili barem se nadevam deka navistina seriozno bilo razgleduvano...

A izgledot na zgradata? Mene zgradata mi e interesna i voopsto ne mi e grda...
A kolku se vklopuva so okolinata, odnosno kolku ke se vklopuva so izgledot na ostanatite segasni i idni barokni objekti na plostadot ili od drugata strana na Vardar?
Glaven argument treba da bide toa sto i Arheoloskiot Muzej i Ustavniot sud imaat golemi zastakleni povrsini sto znaci deka vistinskite realisti mora da primetat deka zgradata sepak ne e tolku cudna vo svoeto opkruzuvanje. Licno mene mi e mnogu pocuden niskiot objekt na Lumiks koj bese graden vo vreme koga malku se gradese, a lugeto poveke mu se raduvaa... Kako bi go ocenile Lumiks ako bese zavrsen sega koga se veke izgradeni mnogu drugi objekti? Jas so 1 i toa samo poradi mestopolozbata... Daleku od toa deka mi e grd...

Sto se odnesuva do zgradata na Telecom sega, odnosno zgradata koja e izgradena na mestoto na starata Narodna Banka... Licno mnogu poveke bi sakal da ja vidam odnovo izgradena starata predzemjotresna zgrada isto kolku i Oficerskiot Dom i Teatarot... No toa e sega nevozmozno...

Ponatamu, nema da glasam za objektite zatoa sto ne veruvam vo anketi i mislam deka se preteruva so edinicite...

I samo uste eden primer... Kolku i da izgleda cudno zgradata na slednata slika zatoa sto e opkolena so barokni gradbi, taa e edna od najinteresnite zgradi za turistite vo Praga.


Edited by Tony Martin - 09-Nov-2012 at 13:17
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 09-Nov-2012 at 12:56





Edited by Tony Martin - 09-Nov-2012 at 13:02
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 09-Nov-2012 at 15:06
Originally posted by Tony Martin





Originally posted by stratus

Дека зградата е лоша и грда не е дискутабилно, но за единица, на секакви други глупости што се градат во СК, и не е. Ако оваа добие единица што ќе остане на пример за панорамското тркало .
Potpolno se soglasuvam so oznacenoto vo postot...

jas ne se slozuvam deka treba da se dava povisoka ocenka od toa sto zasluzuva samo zaradi najaveno panoramsko trkalo. si ima tocno definirani kriteriumi, ne moze sekogas da se sporeduvame so nekoj drug objekt. utre mozebi ke se izgradi go*no pa ne znaci deka radi toa treba trkaloto da dobie 2. od druga strana, ako se izgradi najubavoto nesto vo svetot ne znaci deka ubavite (retki) primeri kaj nas treba da gi ocenime so 9 namesto 10.

jas za proektov stvarno ne mozam da najdam nisto pozitivno, osven mozebi markicata, no koga ke mi tekne deka kejot bese 3 godini zatvoren i deka sega e re-otvoren vo ulica sve toa paga vo voda
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 13-Nov-2012 at 04:07
Originally posted by stratus

А дека од кејот ќе се добие улица и не би се согласил. Околу ново реконтруираниот дел на Сквер Јадран (како многумина милуваат да го кажуваат) има мноугу повеќе сервисни улци а собраќајна гужва речиси и да нема. Тоа не е за оправдување што не се одеше спрема договорот, но мислам дека нема да е крај на светот.

За мене лично, таквата дрска окупација на јавен простор (и тоа првокласен јавен простор) за приватни интереси е една од најлошите работи што можат да се случат, затоа сум толку жесток во осудата.

Влечење на паралела со уличките околу Сквер Јадран мислам дека е несоодветно. Тие улички отсекогаш биле улички отворени за сообраќај, а кога станува збор за кејот, таму имавме воспоставено пешачка зона која беше огромно јавно добро и требаше да ја сочуваме, а не да ја прокоцкаме.

Исто така, не би го потценувал нивото на сообраќај кој ќе се одвива по улицата на кејот, затоа што таа нема да ја поврзува само подземната гаража на објектов, туку и планираната катна гаража зад него, а сигурно ќе се накалемат и куп други корисници, кога веќе преку нејзе толку лесно ќе се пристапува до плоштадот и редица други објекти за кои требаше да има стриктно ограничен режим.

Сепак во целава работа очигледно има криминали на секој чекор, па се надевам дека во иднина ќе постои воља за да се исправи оваа голема гршка и едноставно да се затвори површинската улица. А тие што сакаат директен сообраќаен пристап, самите нека си финансираат подземна уличка, баш како што беше договорено уште на самиот старт.



Edited by Cloverstack - 13-Nov-2012 at 04:07
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 13-Nov-2012 at 09:24
Originally posted by pbanks

Јас дадов тројка но мислам дека згрешив бидејќи изумив за катастрофалното сообраќајно решение на објектов кое ќе го узрупира кејот. Реална оценка ќе беше двојка. 1. Немам ништо против маркичката, но имам против висината (пред се оној алукобонд израсток најгоре)2. Квалитетот на дизајнот е од прилика модерен клон на „барокно Скопје“. Страшно, страшно под просек. 3. Пристапот. Без да навлегувам во тоа кој е крив за ова (градот, инвеститорот или купувачот) факт е дека поради овој објект ќе добиеме улица на кејот. Жално е што компанија како Т-Хоме која како глобален бренд треба со себе да носи и општествена одговорност и генерално да ги подига стандардите се реши еден ваков објект да биде нивно седиште за Македонија.



+1 за муабетот.

И ја за жал бев преблаг тука не осврнувајќи се на нешто повеќе од изгледот.. 4-ка.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 13-Nov-2012 at 09:42
Јас дадов 2ка, но не требаше. Единствено зошто тука дадов 2ка наместо единица беше фактот што таа ја дадов на монструозната зграда на МНР, но изумив како што рече Пбенкс дека ова е модерна верзија на барокното Скопје. Требаше 1ца, но сега е касно.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 13-Nov-2012 at 12:34
mislam deka MNR(bez skuplturite) e daleku podobro resenie od ovaa vo sekoj pogled, pa duri i edna od poubavite(bez skuplturite) od sk 2014

ne znam zosto site gi sporeduvate koga od MNR ke ima uste eden kup polosi zdanija vo idnina

Edited by xnx - 13-Nov-2012 at 12:40
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 13-Nov-2012 at 21:31
ја па не знам зошто воопшто споредувате проекти кои немаат врска еден со друг... нема никогаш да му дадам повисока оценка на некој објект затоа што имало полошо од него, и обратно...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 17-Feb-2013 at 08:33
prvata slika, shto ne me iritira, od objektov:
http://xmkd.com/xsport/antonio-fravski-s/

Edited by damjan4o - 17-Feb-2013 at 08:36
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 02-Mar-2013 at 02:31
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 28-Mar-2013 at 14:37
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 23-Jul-2013 at 11:18
Имало две подземни нивоа за паркирање од кое долното било целосно потопено и нефункционално, имало едно метро вода.
Според кажувањата на мој близок пријател кој работи како геодет чија фирма била ангажирана за објектов. За најдолното ниво не можеле да земат мерки од горенаведените причини па истите ги напишале произволно.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.