build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Деловен објект на местото на старата Народна банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 41>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
0 [0.00%]
1 [2.22%]
2 [4.44%]
1 [2.22%]
5 [11.11%]
6 [13.33%]
6 [13.33%]
4 [8.89%]
8 [17.78%]
12 [26.67%]
You can not vote in this poll
Total votes: 45   Average: 3.47

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 04-Nov-2008 at 00:38
Andrej Lj тебе не ти се свиѓа објектот па малце ги испомеша работите. Не гледам никаков претеран комодитет што го ужива инвеститорот од тоа што е потребно за изградба на таа локација. Правиш лоша паралела со Кинескиот ѕид кој е насаден кај што не му е место.

Те молам разјасни ми за каков јавен интерес збореше и каде го проанаоѓаш во темава.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 04-Nov-2008 at 00:40
Originally posted by lslcrew

Andrej Lj тебе не ти се свиѓа објектот па малце ги испомеша работите. Не гледам никаков претеран комодитет што го ужива инвеститорот од тоа што е потребно за изградба на таа локација. Правиш лоша паралела со Кинескиот ѕид кој е насаден кај што не му е место.

Те молам разјасни ми за каков јавен интерес збореше и каде го проанаоѓаш во темава.


Па не е баш погрешна паралелата. Единствен грев на кинески ѕид му е катноста по сите други параметри си е легален објект.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 04-Nov-2008 at 00:51
Таа маркица свесно се убаци со цел криминал. Тамо од авион се гледше дека е планирана трибина, а толку блиско до трибината не смееше да се убаци маркица. Кај банката таа маркица си постои оддамна. Единствен криминал што гледам тука е цената од 25/квадрат. Но како што знам објектот е во рамките на маркицата. Инаку Кејот ќе беше затворен безразлика каков објект да се градеше тука и безразлика дали ќе беше стаклен или не. Муабетот до Андреј ми беше дека не треба ова затворање на кејот да го користиме како дополнителен противаргумент поради тоа што не ни се свиѓа објектот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 04-Nov-2008 at 01:06
Originally posted by lslcrew

Таа маркица свесно се убаци со цел криминал. Тамо од авион се гледше дека е планирана трибина, а толку блиско до трибината не смееше да се убаци маркица. Кај банката таа маркица си постои оддамна. Единствен криминал што гледам тука е цената од 25/квадрат. Но како што знам објектот е во рамките на маркицата. Инаку Кејот ќе беше затворен безразлика каков објект да се градеше тука и безразлика дали ќе беше стаклен или не. Муабетот до Андреј ми беше дека не треба ова затворање на кејот да го користиме како дополнителен противаргумент поради тоа што не ни се свиѓа објектот.


Кинескиот ѕид требаше да биде хотел за спортисти (П+1 или П+2 не ми текнува точно). Во таа варијанта немаше да има никаков конфликт со трибината. Друг е муабетот дали ни се допаѓа таа маркица или не. Јас таму не би ставил ништо.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 04-Nov-2008 at 01:11
Џуро ни јас не би ставил ништо. Но тамо беше пропишана маркица п+1 која не пречи и не негодувам доколку објектот беше п+1.  Ај да не ја тераме настрана сега дискусијата. Муабетот беше да не правиме паралела, кога секој објект е уникат за себе. Еве што ми беше муабетот и се надевам дека нема да расплинуваме тука околу кинескиот ѕид.

Инаку Кејот ќе беше затворен безразлика каков објект да се градеше тука и безразлика дали ќе беше стаклен или не. Муабетот до Андреј ми беше дека не треба ова затворање на кејот да го користиме како дополнителен противаргумент поради тоа што не ни се свиѓа објектот.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 04-Nov-2008 at 01:17


Па добро и тоа е доволен аргумент за да се изнесе лично (субјективно) мислење независно што објектот си е таму по план. Кловер мрчи 2 години за тој премин од кејот дека ќе му го затвореле. Ако црквата си остане зацртана во Мал Ринг ние ќе продолжиме да мрчиме како го затвора Лумикс итн....
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 04-Nov-2008 at 01:20

Ај пошто модераторите спамираат и ја да се приклучам додека можам Big%20smile
 
Зошто не би ви сметал кинески ѕид доколку беше само П+1 или 2 ?????????? Па доколку беше маркицата иста пак ќе беше залепен до северна.
 
 
Него кловер е во право што све не им овозможија на инвеститориве и најважно се скришум (најдобар знак за голема мучка) Во некои други држави инвеститор на вакво место за вакви услови какви што доби би требал да плати голема оштета на градот и за околните бизниси и би бил обврзан во експресен рок да го заврши проектот, ама.....
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 04-Nov-2008 at 01:35
ОКОЛУ ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС Laugh:
Зашто мене да ми се затвора кејот, јавна површина во текот на изградбата (едно 2 години). Каков ќар ќе имам како граѓанин од овој објект? Да не се смести некоја државна институција случајно внатре, па јас морам да цупкам низ центар? Па ова тука да се случеше, да се затвори кеј и плоштад надлежните не во затвор, во лудница ќе ги пратеа. Преку глава ми е од самоволието на надлежните. Друго ќе беше доколку се градеше тунелот под Плоштад, па ќе се стрпевме за подоброто утре на сите граѓани. А вака што добиваме ние од овој објект? Еве ти аргумент јасен против градбата: Зашто не е автентичниот проект на објектот (кога веќе и театарот и Офицерски ќе се градат 99% според првичниот проект)?  Според тебе ова е добар landscape architecture?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 04-Nov-2008 at 01:51
Originally posted by vardar

Ај пошто модераторите спамираат и ја да се приклучам додека можам Big%20smile
 
Зошто не би ви сметал кинески ѕид доколку беше само П+1 или 2 ?????????? Па доколку беше маркицата иста пак ќе беше залепен до северна.


Растојание меѓу Кинескиот Ѕид и градежната линија на стадионот и сега има само димензиите на КЅ го прават да изгледа минимално. BTW да повторам. Мене таа маркица не ми се допаѓа со било која катност.




Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 06-Nov-2008 at 23:08
Скопјани и без кеј и без пари


Кој го заградил, за свои комерцијални потреби кејот во Скопје. Кој му дал решение со дозвола која патем треба да трае најмалку 18 месеци. Најпосле Кејот е јавен заеднички простор кој ни е неопходен на сите. Колку се платило и кому, кејот да биде без својата основна функција?!


Голем дел од кејот 13 Ноември, кој претставува јавна површина, од вчера е ограден и затворен за движење на пешаците. Ова најпрометно шеталиште во градот, Скопјани нема да можат да го користат во наредните година и половина, а најверојатно и повеќе, односно онолку колку што според проектот треба да трае изградбата на осумкатен административно-деловен објект, кој деновиве интензивно почна да се гради на просторот меѓу некогашен Метропол" и коритото на Вардар. Кејот 13 Ноември, односно патеката покрај ѕидот која единствено беше слободна за движење на пешаци, во овој период ќе стане улица по која ќе се движат камиони и градежна механизација, која според информациите што ги добивме од Градот, до март 2010 треба да биде доставуван градежен материјал до објектот. Иако се работи за јавна површина за која сите граѓани плаќааат данок, во случајов никој не ги прашал дали може некој да го користи овој простор и за тоа да не плаќа. А дека не се плаќа, потврдуваат и во Град Скопје.

-Градот Скопје нема наплатено комунална такса зашто зафатот на кејот не подлежи под одлуката за наплата на комунални такси за користење на јавните површини. Инвеститорот има оставено банкарска гаранција дека по завршувањето на градежните работи ќе ја врати јавната површина во првобитна состојба. Доколку не го стори тоа, Градот ќе ја активира банкарската гаранција, велат во Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Истото го потврдуваат и во Секторот за правни работи на Град Скопје, од каде велат дека во случајов не се работи за изведување на некоја определена дејност, па по тој основ и да се наплаќа, туку се работи за обезбедување на пристап до објект за изведување на градежни работи.

-Во согласност со ДУП под овој дел од Кејот ќе се гради подземна улица, која ќе биде единствен пристап до објектот, па во случајов се работи за оградување на градилиште за кое е издадена цела пропратна документација, велат во Секторот. Според Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај на Град Скопје, Градот само издава сообраќајно решение и тоа на решение за градба кое е веќе издадено од Општина Центар, а оградата е поставена, како што вели со цел да се заштитат граѓаните кои седат во кафулињата.

Од Општина Центар, единствено што успеавме да дознаеме е дека за повеќе информации околу оградување на кејот треба да се обратиме во Градот".

Објектот кој во наредните година или две им го зема шеталиштето на скопјани, според ДУП може да има максимална висина од 29 метри, а се гради на површина од 1.100 квадратни метри на делот пред некогашен Метропол. Инвеститор на објектот е скопската фирма Дивелоп груп", претставник на италијанските газди што го купија некогашен Типо". Тие одобрението за градба го добиле од Општина Центар на 19 март годинава. Инаку, плацот на плоштадот Македонија во 2004 година, за само 25 евра за квадрат, го продаде тогашниот Министер за транспорт и врски, Агрон Буџаку, наводно на скопскиот бизнисмен Орце Камчев, а се покажа не било така.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C4CE9AE8B34A604282F8890805B43695

Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 07-Nov-2008 at 08:39
Градбата на објектот би ја оправдал само ако биде идентична со банката кога некогаш постоела на ова место.Поинаква градба на тоа место не би оправдал.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 09-Nov-2008 at 14:48

Незаконска градежната узурпација во центарот на Скопје

Претворен ли е кејот на Вардар бесправно во градежна зона? Инвеститорите и надлежните молчат, но затоа пак се огласија архитектите кои велат дека има дупки во законот кои им даваат одврзани раце на компаниите што градат.

Недостига правилник што ќе го регулира уредувањето на градилиштата, затоа многу пати инвеститорите ги злоупотребуваат правата додека градат објекти, вели архитектот Мирослав Грчев.

„Поради таа законодавна темница, постои една сива зона во којашто градителите, инвеститорите и државните органи надлежни за спроведување на плановите и за надзор, сите тие импровизираат. Тука се заради тоа можни сериозни корупции“, изјави Мирослав Грчев, архитект.

Според Законот за градба, фирмите треба да имаат решени имотно-правни односи за целото земјиште што го користат за градење. Ова значи дека во случајот со градбата на кејот на Вардар, фирмите инвеститори треба да го поседуваат целиот простор што го заградиле, од плоштадот Македонија до хотелот „Холидеј Ин“.

Од општината Центар и градските власти на Скопје нема одговор дали градителите на плоштадот го купиле целото земјиште што го затвориле.

Коментарот од надлежните е дека се е според законот и покрај тоа што е прекината е главната пешачка зона, а граѓаните некое време ќе мора да се откажат и од популарното шеталиште.

„Имаме решенија за коишто може да се рече дека се несреќни и дека за едно градилиште жртвува премногу градски интерес, премногу градски вредности на предолго време, на начин којшто граѓаните практично не го одобруваат“, вели архитектот Грчев.

Изградбата на деловниот објект во центарот на Скопје почна неодамна. Како официјален инвеститор е назначенa фирмата „Дивелоп груп“. Опозицијата тврдеше дека оваа компанија, заедно со фирмата „Латис“ се главните носители на овој проект.

Опозицискиот блок посочуваше дека зад овие две фирми стојат познатите бизнисмени Орце Камчев и Алек Ивановски - Теранова. Дел од тврдењата беа дека токму за да стартува изградбата на новиот објект бил сменет и целиот урбанистички план на општина Центар.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99906
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12194
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 10-Nov-2008 at 17:52
Денеска поминував преку тоа вратоломијата што ја имаат монтирано и гледам инвеститорот иако побрза да го огради просторот, со градба не му се брза баш многу...

Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 10-Nov-2008 at 18:03
Немораше да се оградува просторот за да се испитува земјиштето. Овој камионот можеше да дојде тука и предходно. Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12194
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 10-Nov-2008 at 18:11


Епа така ни е кога кај нас све е работа на кхм кхм „договор“. Да си имаше прописи, па инвеститорот да беше обврзан во градската каса да плаќа на пример по 10 000 евра дневно за целиот тој простор што го има оградено (што со оглед на големината на просторот и ефектите воопшто не е нереална сума), баш добро ќе се израчунаше кога да загради и колку може најбрзо да заврши со градбата. Ама кога целава работа иде со „добра воља“ на надлежните, што има он да се замара колку време ќе ни го блокира кејот...


Edited by Cloverstack - 10-Nov-2008 at 18:11
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 10-Nov-2008 at 18:12
kako sto procitav vo skopje.gov.mk ova e delo na trivka gledam se pravda tamu nesto demek se bilo zakonski
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12194
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 10-Nov-2008 at 18:31


Јас колку што гледам, на овие „фраери“ буквално сите им се наклонети - и општината и градот и централната власт... И спектарот на партии кои во изминатите години им беа логистика е импресивно широк и говори дека по одредени (погрешни) прашања нашите политички елити сепак исто размислуваат. Фраериве можеме да ги земеме и како пример за релаксирани меѓуетнички односи, со оглед на тоа што Агрон Буџаку беше министерот кој практично им ја подари локацијава, во четири очи нормално. Абе буквално со сите имаат супер разбирање! Реков, очигледно се работи за некои многу „симпатични“ типчиња со силна „моќ на убедување“ - сите лични (во голема мерка криминални)  интереси си ги протуркаа максимално, без оглед на јавниот интерес, а сето тоа во држава каде што и чистите како солза проекти наидуваат на безброј пречки.

Bash


Edited by Cloverstack - 10-Nov-2008 at 18:33
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 11-Nov-2008 at 01:03
Сега го читам буквално правдањето на Трифка од неговиот веб, невераоватно, човекот се предвидел и се е легално и .....

Но сега tek сватив дека ова лудило од плехови и гениални решенија на градот ќе го гледаме цели 2 год. - и со букви две години

Секторот за сообраќај при Град Скопје издаде решение за утврдување на режим на сообраќајот од 11.09.2008 година. Условите и режимот на сообраќај имаат важност до 31.12.2010 година.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12194
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 11-Nov-2008 at 01:57


Да ја евидентираме објавата, содржи интересни информации

ХРОНОЛОГИЈА НА ОБЈЕКТ НА СТАРА НАРОДНА БАНКА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА

Објектот на Стара Народна банка, што се гради на плоштадот Македонија, е предвиден во Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје Мал Ринг уште во 1997 година. Врз основа на тој план општината Центар во 2007 година на инвеститорот „Дивелоп груп“ му издала градежна дозвола и решение за локациски услови со дефиниран сообраќаен пристап. Во локациските услови е предвидено дека за изградба на објектот треба да се обезбеди сообраќаен пристап по кејот „13 Ноември“ преку подземна сообраќајница во непосредна близина на ѕидот на кејот, во делот каде што сега е затворен Кејот. Подземната сообраќајница е предвидена и со измените на ДУП за централното градско подрачје Мал Ринг од 2007 година.

Подземната сообраќајница треба да ја изгради или општината Центар или инвеститорот на објектот.

Град Скопје врз основа на решението за локациски услови и издадената дозвола за градба од страна на Општина Центар е обврзан да му издаде сообраќајно решение на инвеститорот.
Но, и покрај тоа Град Скопје побара од инвеститорот да достави техничка документација со геомеханички податоци со проверка на стабилност на кејски ѕид на река Вардар, кеј 13-ти Ноември, потег Камени мост –Холидеј Ин, како и согласно стручно мислење за стабилноста на потпорниот ѕид на кеј 13 Ноември изработен од страна на ИЗИИС.

По доставеното одобрение за градење од општина Центар, сообраќаен проект за измена на режимот на одвивање на сообраќајот на Кеј 13-ти Ноември и улицата Моша Пијаде, како и врз основа на добиената согласност од МВР и по доставената техничка документација со геомеханички податоци со проверка на стабилност на кејски ѕид на река Вардар, како и согласно стручното мислење за стабилноста на потпорниот ѕид на кеј 13 Ноември, изработено од страна на ИЗИИС, Секторот за сообраќај при Град Скопје издаде решение за утврдување на режим на сообраќајот од 11.09.2008 година. Условите и режимот на сообраќај имаат важност до 31.12.2010 година. Во овој рок инвеститорот или општината Центар треба да ја изградат подземната сообраќајница на делот од кејот кој што во моментов е ограден.

Таблите со кои се оградува кејот се поставени по барање на Град Скопје заради безбедноста на граѓаните, со тоа што инвеститорот е задолжен да обезбеди пешачка врска помеѓу плоштадот и кејот. Со цел да се спречи уништување на плочките, Град Скопје го обврза инвеститорот да ги отстрани од делот на кејот каде што ќе минуваат камионите и градежните машини, а по завршувањето на градежните работи да го врати кејот во првобитната состојба.
Инвеститорот остави банкарска гаранција со која се обврза дека ќе го врати кејот во првобитната состојба, а доколку не го стори тоа Град Скопје ќе ја активира банкарската гаранција.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2204&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 12-Nov-2008 at 20:46

Никој не ја прифаќа одговорноста за градбата на кејот на Вардар

Власта и опозицијата повторно со меѓусебни обвинувања за узурпацијата на кејот 13-ти ноември, која незаконски ја дозволи градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

Ако не се тргнат лимените паравани, СДСМ ќе ги поддржeле граѓаните во протестите против општина Центар и градот Скопје.

„Одговорноста за последиците лежи кај градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој дал согласност за овој детален урбанистички план“, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно потсетија дека во време на СДСМ е продадено земјиштето на кое се гради, по багателна цена и со непосредна спогодба.

СДСМ била на чело на општина Центар кога прв пат била вметната и маркичката за објектот. Но, во случајов земјиштето не е спорно, туку незаконската одлука на Костовски за узурпација на кејот.

Министерот Јанакиески се огради од одговорност. Тој не издал никаква дозвола за незаконското уништување на шеталиштето.

„Министерството за транспорт и врски нема издадено никаква дозвола за поставување на било какви огради и тараби на кејот на реката Вардар“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Костовски кршејќи ги законите дозволи на инвеститорот да го уништи кејот. Наместо да чека да се изгради подземна сообраќајница по која со камиони би се носел градежниот материјал, тој го претвори кејот во градилиште затворено со лимени паравани се до крајот на 2010-та.

Се уште Костовски не одговорил дали го уништи кејот поради личен профит. Граѓаните веќе реагираат дека параваните веднаш мора да се тргнат.

A1 - Сунчица Николоска - 12.11.2008

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.