build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Деловен објект на местото на старата Народна банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 41>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
0 [0.00%]
1 [2.22%]
2 [4.44%]
1 [2.22%]
5 [11.11%]
6 [13.33%]
6 [13.33%]
4 [8.89%]
8 [17.78%]
12 [26.67%]
You can not vote in this poll
Total votes: 45   Average: 3.47

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 13-Nov-2008 at 00:10
Како што се гледа од сликата на кловер и по цел месец немаат мрднато со прст, нормално е човек да си помисли “овие не ги бива за планирање и има да се влечат“ ама затоа пак се доволно паметни да го искористат “берлинскиот ѕид“ за ракламирање, ова дури сега го приметив пазете како се разликува оградата во делот кон плоштадот од другиот дел....
 
 
 
 
Дали добиле некоја дозвола, не е ни битно важно они си прават како што сакаат, а оштета за градот за користење јавна површина и тоа со нереално долг рок за такво место е нешто непознато за нив, да не збориме за последиците од “берлинскиот ѕид“ за околните бизниси (мада на некој начин заслужуваат кафичите некој вака да ги казни после нивното самоволие со летните тераси) Bash


Edited by vardar - 13-Nov-2008 at 00:12
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 13-Nov-2008 at 00:38
Wallbash  Bash
 
 

ГРАДОТ СМЕТА ДЕКА НЕМА СЕКАДЕ ПОТРЕБА ОД НАДОМЕСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНА ПОВРШИНА?!


Кејот е за пешаци, а не за камиони


Во Градот тврдат дека делот што е ограден е наменет за пешаци и велосипедисти, а сепак сега ќе се користи за лични интереси. Дека тој не е опфатен со елаборатот според кој се наплаќа користење на јавна површина, а сепак ценовник за користење на јавна површина постои и е донесен од Градот


Градските власти и понатаму тврдат дека никој не треба да плати за користење на дел од Кејот 13 Ноември кој што е јавна површина, иако и сами тврдат дека е наменета исклучиво за пешаци и велосипеди. По вчерашниот текст во нашиот весник во кој беше потенцирано дека доколку некој сака да ги користи овие над илјада метри квадратни од кејот кои сега се заградени за потребите на изградба на објектот на плоштадот, би требало да плати најмалку 200 илјади денари месечно на Градот, при што се повикавме на одлуката на Градот донесена во април годинава, оттаму со своја верзија на работите.
-Изминатите три години средствата кои се собираат по основ на комуналната такса за поставување урбана опрема на кејот се слеваат исклучиво во касата на Општина Центар. Покрај тоа делот од кејот кој во моментот е затворен, не е опфатен со елаборатот за поставување на урбана опрема на кејот, поради што ниту "претходно", ниту сега не може да се поставуваат маси и столчиња на оваа површина и да се собира комунална такса по основ користење на јавна површина. Односно тоа е дел кој е наменет за "движење на велосипеди и пешаци"..., велат во Градот.

Сепак, сакаме да ги потсетиме градските власти дека кејот е во надлежност на Градот и дека сигурно треба да биде наменет токму за нормално движење на велосипеди и пешаци, а не за движење на камиони, што ќе се случува сега по издавањето дозвола од Градот. Тоа што не бил даден за комерцијални потреби, не значи дека сега не е така. Впрочем, тој е веќе даден во комерцијални потреби. Исто така може да се потсетиме дека и на овој дел не така одамна имаше маси и столчиња, а пешаци и велосипедисти се движеа и помеѓу масите. Од друга страна со одлуката од април годинава угостителите не требаа да плаќат само на Општината за користење на јавна површина на одреден период, туку и на Градот, за што е даден и ценовникот од каде се и направени пресметките.

 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 13-Nov-2008 at 13:53
Кејот ќе добие подземна сообраќајница
Автор:  А.М.Д.

Наредната година ќе се гради подземна сообраќајница под кејот „13 Ноември“, која ќе служи како сообраќаен пристап до новата зграда што се прави на плоштадот „Македонија“. Фирмата „Дивелоп“, која е инвеститор на објектот, најавила дека ќе ја направи улицата, а потоа ќе го врати кејот во првобитната состојба.

Градските власти вчера соопштија дека инвеститорот или општината Центар имаат рок до крајот на 2010 година да обезбедат сообраќаен пристап до зградата, затоа што дотогаш ќе трае важноста на привременото решение со кое е овозможено камионите и градежните машини да се движат по кејот. За тоа е направен посебен пристап ограден со метални табли од масите на кафулињата. Тие додаваат дека сега биле законски обврзани да го издадат ова сообраќајно решение, кое ги разгневи скопјани, но ако не се направи подземната улица, зградата ќе остане без пристап.

Според најавите, ќе се гради улица од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот, за која се уште сè изработува проектот, а изградбата ќе чини околу 1,5 милион евра. Веќе биле направени испитувања за издржливоста на тлото и сеизмички анализи за изградбата на сообраќајницата.

Новиот објект, кој ќе се наоѓа на кејот и ќе биде имитација на зградата на старата Народна банка, е предвиден со деталниот урбанистички план за Малиот ринг уште во 1997 година, а општината дозволата за градба ја издала минатата година.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=230&ArticleID=11092
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 14-Nov-2008 at 12:52

ja vidov so kamerata nesto pravat tie so kamionot mozebi kopat??....

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7447
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 14-Nov-2008 at 16:53
Originally posted by my Macedonia

ja vidov so kamerata nesto pravat tie so kamionot mozebi kopat??....

не се секирај, сеуште го тестираат земјиштето Ohno
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 14-Nov-2008 at 20:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 14-Nov-2008 at 20:17


Погрешен линк
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 14-Nov-2008 at 20:59
ne be
 
 

 Дома > Ваш став

< style="MARGIN-BOTTOM: 0px" =baraj.asp method=get>< name=txtBaraj>  < style="FONT-WEIGHT: bold; FONT-SIZE: 10px; FONT-FAMILY: Verdana" =submit value=Барај name=B1>

Ако законот не руши, граѓаните можат

[14.11.2008] Директно во срцето на метрополата, на плоштадот. Кејот на Вардар се претвори во градилиште. Лимени паравани, импровизиран мост - монструозна руина. Граѓаните се револтирани, кејот на реката Вардар е уништен. Незаконската узурпација на кејот, со амин на градските власти ќе трае се до крајот на 2010 година.
 
Прстот е вперен кон градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и министерството за транспорт и врски, кое дало согласност за промена на деталниот урбанистички план. Парламентарците меѓусебно се обвинуваат - не сегашната, претходната Влада ја дозволила узурпацијата на малиот ринг.

Дали граѓаните и понатаму да го ризикуваат својот живот и да се движат по импровизираниот мост под кој поминуваат камиони со градежен материјал или лимените паравани да се отстранат и градбата да биде стопирана?


Напишете кој е вашиот став или претходно прочитајте ги правилата за модерирање.

Ставовите изнесени тука претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на А1 Телевизија.

Забрането е копирање или повикување на ставовите изнесени тука без писмено одобрение од А1 Телевизија.

КАТАСТРОФА,СО ВАКВИ НЕПРОМИСЛЕНИ ГРАДБИ УСТЕ ПОМАЛКУ КЕ МОЗЕМЕ ДА КАЗЕМЕ ЗА СКОПЈЕ ДЕКА Е МЕТРОПОЛА.
BRANKA SPASEVSKA, SKOPJE, MAKEDONIJA

срамота. скопје е на граѓаните а не на триумф костовски.
menduh, skopje, mk

сите на протести...и сами ако е потребно ке ја остраниме тоа губре со го ставиле таму...убаво е така како сто е...ако костовски е градонацалник не знаци дека цело скопје е негова ливада...срам за градонацалникот
artan, skopje, mk

срам на градонацалникот ова е за срамота...сите на протести и оставка на градонацалникот.
merdin, skopje, mk

сто по брзо толку по добро...организирате протест и сето губре ке го цистиме од плостадот не сме таму да се гради тоа е нај убав дела на скопје
nusret, skopje, mk

целосно ја имате и подрската на албанците сите заедно на плостадот и да го тгнеме сето тоа од таму..
jeton , skopje, makedonia

па тоа бесе убавината на целиот град пас сега се унистува...македонци сите на протести и није албанците тука сме со вас...
adrian , skopje, makedonia

Под итно на протест и ако треба сами да го ослободиме кејот!
Ljupco , Skopje, Makedonija

јас да сум како скопјаните ке се организирам и ке му напрам лом таму и ке го "ослободам" градот од неправдата.поздрав и подршка од битола
NIKOLA NIKOLOVSKI, BITOLA, MAKEDONIJA

Ова не смее да биде. Градот не смее да дозволи вакво несхто. Тие схто градат да си го носат материјалот надвор и внатре на друг нацин. Нокје преку плосхтад или со хеликоптери или како сакаат. Тоа им е тросхок за градба. И така земјата ја купија за багателни пари.
Jeton, Skopje, MK

Цитирам"Директно во срцето на метрополата" ))Вие на Скопје му викате метропола??Хахаха.По ништо не личи на метропола.И незнам што толку сте се зачудиле,како да не сте свикнале кај нас да се случуваат апсурдни работи.
Alexandra, Makedonija

Катастрофа! Сум бил во неколку главни градови! Ова го нема и во Гана! Катастрофа и срамота! За пари и корупција на што не е спремен Македонецот!
Петре, Петрич, Р. Бугарија

Ова е најлошото нешто што му се случило на градот Скопје, но кога знаеме кој е гардонацалик, и се е можно, почна да работи последните месеци во градот, левата страна не знае ни кај се наоѓа, а кога му беа потребни гласови трчаше нон-стоп накај скопскара чаршија.
adrian, skopje, makdeonija

Што за џабе го бараме кога одговорните воопшто не се замараат со него.
marjan stanoeski, skopje, makedonija

ova e ako ne se lazam
 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 14-Nov-2008 at 21:04
ako bev jas vo skopje ce organiziav eden protest .....
 navistina nema da izgleda ubavo ...... zosto bas vo kejot???'dali nema poveke mesto vo skopjeWallbashNutsCrazy
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 14-Nov-2008 at 21:11
sto mislite vie za protestite sto sakat da gi napravat graganite?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 14-Nov-2008 at 23:03
Видете луѓе.... доколку навистина гради инвеститорот улица ова е сето оправдано. Неможе да направи подземна улица а да не приметиме.

Е сега проблемот е што наредија ограда а нит се прави објектот нит се прави улицата.

Најлошо сценарио е улицата никогаш да не се изгради. Тоа ќе биде стварно преседан.

Но се прашувам какво ќе биде решението за влез во таа улица. На краток потег го имаме влезот за Холидеј Ин и влезот за ГТЦ.... порано беше и бензинската на Макпетрол. И вака се прави страшна гужва во тој дел баш ради тие излези уште овој кога ќе избие директно кај мостот ќе биде катанга.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 15-Nov-2008 at 10:05

vo pravo si  se prasuvam sosto tolku problemi samo za toj deloven objekt??' aj ako pocne podzemnata ulica od holiday inn kade ce zaversi vo plostadot (square) pred kameniot most?.... ne znam katastrofa e ... poberzo da protestirat porano deka koga ce pocne so gradenjeto togas se e cabe

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 15-Nov-2008 at 11:06

Антикорупциска бара Кејот да се врати како што беше

Антикорупциската комисија и Народниот правобранител ќе побараат да се врати привремено претходната состојба на кејот 13 Ноември и сметаат дека случајот со градбата на административно-деловниот објект постои уште од 2005 година, кога било продадено земјиштето.Но, Општина Центар се оградува од обвинувањата дека со нивна градежна дозвола се затворил кејот 13 Ноември и дека дека немаат никава одговорност зошто сега наместо пешаци, се шетаат камиони.

Во писмото до медиумите општинарите велат дека не треба да ги сметаат за дежурен виновник за новата градба во центарот на Скопје, на Кејот на Вардар.Во писмото пишува дека одобрението за градење на објектот е според Детаљниот урбанистички план од 1997 година, донесен од Советот на Општина Центар, кога мнозинството членови во Советот биле од СДСМ.

Од општината објаснуваат дека во пресметката и договорот за платени комуналии потпишан од инвеститорот и Град Скопје, стои оти корисникот се обврзува и согласува да учествува со свои пари да проектира и изгради пристапна подземна улица до објектот на свој трошок, во согласност со ДУП, од улица Војвода Васил Аџиларски по кеј 13 Ноември до објектот, да ја почне во рок од 6 месеци откако ќе добие одобрение за градење, а да ја заврши пред да добие употребна дозвола за објектот.

 
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDC823FD44AD944B9B5EF5DAE2B338C3
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 15-Nov-2008 at 11:14
ej ako moze nesto da pravi antikorupzijata dobro ce bide
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 15-Nov-2008 at 11:35
 

Антикорупциска и државниот правобранител против објектот на кеј

Ќе се поведе привремена мерка за враќање на работите во претходна состојба

Кејот узурпиран од лимените огради и импровизираниот надземен премин поставени за потребите на градилиштето на деловниот објект на аголот помеѓу кејот и плоштадот да се врати во првобитна состојба. На вакво барање работи Државната антикорупциска комисија во соработка со државниот правобранител.

Мирјана Димовска, претседателка на Комисијата, за случајот со изградбата на административно-деловниот објект вчера соопшти оти Комисијата е со став дека проблемот постои уште од 2005 година кога било продадено земјиштето. Таа најави дека на случајот се работи интензивно во соработка со државниот правобранител за поведување привремена мерка за враќање на работите во претходната состојба.

Државниот правобранител Оливера Китановска објасни дека тоа значи инвеститорот на објектот да ги замени постојните лимени грдосии со нешто посоодветно. Китановска не беше категорична дали станува збор за отстранување на оградите и надземниот премин.

„Првенствено треба да се преслушаме дали имаме воопшто ингеренции во случајов што го поведе Антикорупциската комисија. Доколку се утврди дека е загрозен државниот интерес, ќе поднесеме барање до Основниот суд Скопје 2 за предлог за привремена мерка, односно судот да донесе решение оној што ги поставил мостот и оградите ,да ги тргне. Во случај тие да се неопходни за градилиштето, грдосиите од лимот да се заменат со нешто посоодветно“, ни изјави вчера Китановска.

Александар Ивановски, управител на фирмата „Дивелоп“, една од инвеститорите на објектот, поради неодложен состанок вчера немаше време да ги коментира најавите од Антикорупциската комисија. (Дс.Т.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=27317F07FA6A20469332F704DC60C187
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 15-Nov-2008 at 11:42
Државниот правобранител Оливера Китановска објасни дека тоа значи инвеститорот на објектот да ги замени постојните лимени грдосии со нешто посоодветно. Китановска не беше категорична дали станува збор за отстранување на оградите и надземниот премин.
 
 
BashBashBash
 
Значи за државниот правобранител најважното прашање во оваа афера  е дали оградата е доволно убава или не? Значи не е битно како и за колку се продаде плацот, фактот дека тоа што се гради нема врска со оригиналот а се води како реконструкција, дека не се плаќа за користење јавна површина, дека им се дава предолго време да ја изградат зградата на таква важна и прометна локација......најважно за државниот правобранител е тие што ќе пијат кафе крај кејот да гледаат во нешто “посоодветно“ Suicide 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 15-Nov-2008 at 15:06
Originally posted by vardar

 
 
BashBashBash
 
Значи за државниот правобранител најважното прашање во оваа афера  е дали оградата е доволно убава или не? Значи не е битно како и за колку се продаде плацот, фактот дека тоа што се гради нема врска со оригиналот а се води како реконструкција, дека не се плаќа за користење јавна површина, дека им се дава предолго време да ја изградат зградата на таква важна и прометна локација......најважно за државниот правобранител е тие што ќе пијат кафе крај кејот да гледаат во нешто “посоодветно“ Suicide 




Гледав анкети на граѓани. 90% се на иста линија со правобранителот   Wallbash


Edited by Cloverstack - 15-Nov-2008 at 15:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 18-Nov-2008 at 04:25

Подземната улица под кејот ќе биде готова до 2010 година

Улицата мора да биде изградена пред да се изврши технички прием на новиот објект

На новата зграда што се гради меѓу плоштадот „Македонија“ и кејот „13 Ноември“ нема да и' биде извршен технички прием ако пред нејзиното предавање во употреба не биде изградена подземната сообраќајница под кејот. По се' почестите негодувања на скопјани и на стручната јавност дека со привременото решение на кејот, всушност, се прави простор тоа да остане како трајно решение за сообраќајна врска на новиот објект, во Градот Скопје демантираат дека такво нешто може да се случи. Напротив, подземната улица ќе биде готова до 2010 година.

Во градежната дозвола за новиот деловен објект стои услов да се изгради подземна сообраќајница што ќе излегува на улицата кај хотелот „Холидеј ин“, поточно на местото каде што сега се наоѓаат трафиките. Таа ќе поминува точно под делот од кејот што сега е заграден и ќе биде во функција за стигнување до новиот објект, до веќе постојните деловни објекти на кејот и на плоштадот, а ќе служи и за поврзување на подземните паркиралишта што се планирани да се градат под плоштадот. Височината на тунелот од сообраќајницата ќе биде 4,80 метри и ќе ги задоволува сите сообраќајни потреби на деловните објекти што се наоѓаат на тој потег. Со оглед на тоа дека кејот е пешачка зона, ова ќе биде единствената сообраќајница во која ќе може да влегуваат и противпожарни возила.

„Подземната сообраќајница стои во Деталниот план донесен од Општина Центар и е предвидена исклучиво за да може да се стави маркичка на оваа локација. Улицата е неопходна за да има сообраќаен пристап до објектот, без што тој не може да помине на технички прием. Практично, ако инвеститорот не ја направи сообраќајницата, џабе ја гради зградата“, велат во Градот.

„Моментно е познато дека под кејот има инсталации на ’Телеком‘, кои не би претставувале никаков проблем при изградбата на подземната улица“, истакнува инвеститорот на зградата, Александар Ивановски.

Нема ниту значајни водоводни или фекални инсталации на трасата на улицата или, пак, на местото каде што би бил подземниот паркинг. Како што информира директорот на „Водовод и канализација“, Игор Арнаудов, овие инсталации се на длабочина од 1 до 2 метри, што значи и двата подземни објекта ќе бидат подлабоко од нив. Во секој случај, вели Арнаудов, не би било проблем ако треба инсталациите и да се премостат.

Подземната улица, според пресметките на инвеститорот Ивановски, ќе започне да се гради кога објектот ќе биде во состојба на карабина, а крајниот рок до кога треба да е готова е 2010 година. Моментно се изработува и проект за подземната сообраќајница, кој за две недели ќе и' биде претставен на јавноста.

„Кејот според ДУП е пешачка зона, иако ние кога го купивме земјиштето, се' уште беше улица ’Кеј 13 Ноември’. Во секој случај, подземната улица сигурно ќе биде изградена“, категоричен е Ивановски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=41CB163D9B480F419022C9253563F957

Многу ме интересира дали стварно ќе го претстават проектот на јавноста или само ова е некој изговор со цел да се биде транпарентен. Инаку ме чуди како ќе се изведе влезот во подземната улица.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 18-Nov-2008 at 04:34
„Кејот според ДУП е пешачка зона, иако ние кога го купивме земјиштето, се' уште беше улица ’Кеј 13 Ноември’. Во секој случај, подземната улица сигурно ќе биде изградена“, категоричен е Ивановски.

Аха значи и оштетени испаднавте, ама ете стегнавте заби и ќе ги поднесете неправдите ради општо добро Nuts


Туку во целава оваа гомнарија, мене највеќе ме интересира што ќе биде ако ги пробијат роковите... Не приметив некој да спомна последици за инвеститорот доколку се случи тоа.



Edited by Cloverstack - 18-Nov-2008 at 04:34
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 18-Nov-2008 at 04:38
Па и улица "Македонија" е сеуште "улица Македонија" па колку што знам сопствениците на дуќаните не се прават наудрени да возат по улица Македонија него вршат дотур од позади на зградите од тие пристапи. Значи користат алтернативен пристап во случај кога примарниот е пешачки. Така и во овој случај алтернативниот пристап е подземна улица, а примарниот е пешачки, односно улица "Ќеј 13-ти ноември".

Исти случај е и со улица "Тоше Проески" во населбата Ново Лисиче. Зарем треба од школото и околните станари да се прават наудрени и поради тоа што стои зборот "улица", оваа улица да ја користат за возила!


Edited by lslcrew - 18-Nov-2008 at 04:40
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.