build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Расадник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 18-Dec-2014 at 15:40
<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<< има фотки и на претходната страница <<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<

DSC06666 by george k. 1981, on Flickr

DSC06667 by george k. 1981, on Flickr

DSC06669 by george k. 1981, on Flickr

DSC06670 by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 18-Dec-2014 at 15:41
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 26-Feb-2015 at 15:03
DSC07294 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 26-Feb-2015 at 19:31
Кочани,Делчево,Охрид,Битола,Ресен......така треба да се нарекуваат зградиве
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 28-Apr-2016 at 08:15
НАСЕЛБАТА РАСАДНИК ЌЕ СТАНЕ БЕТОНСКА ЗОНА!?

Ќе се градат 80 станбени згради на просторот на стариот Расадник се' до булеварот „Србија“. Вакви информации кружат меѓу жителите на Кисела Вода кои се плашат дека доколку тоа се реализира, ќе го снема чистиот воздух кој струи од Водно, дека ќе го снема зеленилото, а овој дел на Кисела Вода ќе стане бетонско-асфалтна зона. Граѓаните стравуваат дека населбата ќе стане густо населена и животот ќе им стане неподнослив.

Од Општина Кисела Вода не ја потврдуваат бројката од нови 80 колективни објекти, но велат дека е почната постапката за донесување детален урбанистички план за градски кварт Ј14 во согласност со ГУП-от на Скопје. Станува збор за површина од 82,09 хектари, која детално ќе биде разработена според Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Тврдат дека во планот ќе има и многу зелени површини, а секоја градежна парцела ќе има по 40 отсто зеленило. Ќе има и нови улици, верски, образовни и објекти за други намени.

„Ако навистина се изградат 80 станбени згради, тогаш јасно е дека ќе нема воздух и не ќе може да се дише. Се' ќе биде бетон и асфалт, нови улици, булевари, поголема сообраќајна фреквенција, кружни текови и стариот и убав Расадник од каде што доаѓа циркулација на воздух ќе се затне и ќе заличи на Ново Лисиче“, вели Ќиро Трајков, жител на населбата Кисела Вода.

Од Општината не прецизираат број на објекти за колективно живеење, но веќе се знаат наменски предвидените објекти.

„Овој дел, меѓу народот е познат како локалитет Расадник, а станува за збор за реонот меѓу улица ’Борис Трајковски‘ од североисток, булевар ’Србија‘ на југоисток, улица ’Христо Татарчев‘ на југозапад и улица ’Народни херои‘ на север. Според ГУП на Скопје, доминантната класа на намена на земјиштето е А-домување, со 53 отсто или 41,24 хектари од вкупниот плански опфат и три издвоени зони од кои едната е наменета за изградба на објекти кои се со намена производство, дистрибуција и сервиси, лесна и незагадувачка индустрија. Останатите две се со мешана намена од производство, дистрибуција и сервиси, лесна и незагадувачка индустрија и комерцијални и деловни намени“, велат од Општина Кисела Вода.

Од таму појаснуваат дека при разработката на локалитетот и архитектонско урбанистичкото оформување на просторот во рамки на дефинираните наменски зони се предвидени и компатибилни намени на поединечни парцели, во зависност од нивните специфичности и можности. На тој начин е предвидено да се појават и објекти за образование и наука, здравство и социјална заштита, државни и верски институции, а низ целиот простор се распоредени парковско и заштитно зеленило, како и зони за спорт и рекреација.

„Сакаме да потенцираме дека е предвидено секоја градежна парцела да содржи 30 до 40 отсто зеленило од нејзината вкупна површина, со што граѓаните би добиле загарантиран зелен простор во близина на своето живеалиште. Во рамки на планскиот опфат е предвидена и нова улична мрежа која ќе ја подобри пешачката и сообраќајната комуникација со околната инфраструктура. Во најголем дел улиците се преземени од претходните плански документации, а за новопредвидените објекти се предвидени дополнителни пристапни улици“, објаснуваат од Општината.

Најголем дел од опфатот на кој во моментов нема изградени содржини претставува земјиште кое е во приватна сопственост, а е вратено на сопствениците со денационализација. Сопствениците на овие парцели во повеќе наврати до Општината доставиле барања за изработка на детален урбанистички план со кој ќе се овозможи реализација на земјиштето. На тој начин секој од сопствениците на парцелите ќе може самостојно или во договор со инвеститори да ги реализира предвидените објекти.

Забелешките на граЃаните Ќе се вклопат во ДУП

Од Општина Кисела Вода појаснуваат дека за предлог ДУП-от е одржана јавна презентација на која можеше да се добие целосна и точна информација околу можностите што ги нуди планот.

„Беа поделени и анкетни листови преку кои граѓаните можеа да ги кажат своите забелешки, кои Општина Кисела Вода ги разгледува и сите што се издржани ќе ги вклопи во Деталниот урбанистички план за градски кварт Ј14-Расадник“, велат од Кисела Вода.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=DA773AC368FCF9499DCE874DA65C58AA
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1581
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 28-Apr-2016 at 09:15
Овој индустриски објект/магацин карши Расадник е срушен
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 08-Jan-2020 at 08:07
Во Расадник наместо да се сади, ќе се гради
ДУП-от предложен за „Расадник“ предизвика бура од реакции. Урбанистите, архитектите, власта, инвеститорите - секој гледа од свој аспект, некој во потрага за подобар проект, друг во трка по гласови, трет во трка за пари.



Зборот расадник значи градина во која се одгледуваат растенија за расад. Истоимената локација во Општина Кисела Вода со децении се користеше и за оваа намена, се разбира не целата, но големи делови од Расадник беа токму тоа – плодна земја на која растеа и зимзелени и листопадни дрвца. Факт е дека просторот никогаш не беше уреден онака како што доликува за земјиште на 4 километри од центарот на градот. Беше оставен, па таму стихијно можеше да се види сѐ и сешто. Освен расадите, на некои делови имаше и има складишта, продажба на дрва за огрев и слично. Ваквата ситуација не можеше да остане како што е. Беше јасно дека овој простор ќе треба да доживее некаков тип на урбанизација. Но, дали под урбанизација во Македонија се подразбира само згради и бетон?

Општината забрзано го подготвува овој простор да стане градилиште и населба со над 100 згради. До објавувањето на оваа сторија не добивме одговор на прашањата кои им ги упативме.

Деталниот Урбанистички План кој беше предложен за парцелите во „Расадник“ предизвика бура од реакции кај граѓаните. Тие се гневни што надлежните не успеваат да го препознаат потенцијалот на зелените површини, па наместо јавни простори, на плодната почва никнуваат само нови згради.

„Немаме каде да се прошетаме, децата немаат каде да си играат освен на бетонот и на улицата. Расадникот, каков и да е во моментов, е една од последните тревни површини што ни остана тука во населбава“, вели една од сосетките во околните згради.

Инвеститорите веќе ги купуваат приватните парцели, а ако ДУП-от се изгласа, на оваа локација ќе се доселат над 10.000 нови жители. Зградите во висина ќе се движат од шесткатници до тринаесеткатници. Некои од нив, ќе се наоѓаат на само 12 метри оддалеченост.

Површината на неизградениот дел од Расадник е голема речиси колку површината на Градски Парк. Дел од забелешките на граѓаните се однесуваат и на фактот што наместо нов Градски Парк, кој би им го подобрил значително квалитетот на живот на голем број жители од Кисела Вода, Аеродром и Центар, на оваа локација се гледа само од призма на профит.

„Наместо да го направат местово парк, како да не е доволно загадено во населбата. Но, така е сега и во Тафталиџе, Аеродром, Ѓорче... Само во пари им е паметот“, гневно раскажува еден од жителите на Кисела Вода.

Марта Илиевска, член на Управниот Одбор на Асоцијација на Архитекти на Македонија, објаснува дека ситуацијата не е воопшто едноставна. Таа вели дека овој ДУП е добар, но само ако го споредиме со оној што беше предложен во 2015 година, со кој не беше предвидено ни 30% зеленило. Додава дека на крај, не е ни важно колку е тој добар, бидејќи е изработен според правилата на Градскиот Урбанистички План.

Ние може да имаме разни желби, но ДУП-от е резултат на ГУП-от. Дали ГУП-от е добар, тоа е еден друг проблем, бидејќи тој ГУП е направен за земји од третиот свет. Тоа се земји кои немаат направено попис. Последниот попис од 2002 година не е релевантен повеќе. Сметам дека ние треба да се запрашаме што ќе направи државата за да може да направиме подобар ГУП. Верувајте дека и колегите урбанисти и луѓето кои што работат во општината имаат комплексна цел. Ние треба да го изградиме градот.“

Градот многу трпи со развојот во последните 10 до 15 години. Пренатрупан е, сите тротоари се полни со возила, мајки со колички немаат како да поминат, пешаците немаат каде да се движат, сообраќајот е закочен, немаме доволно паркови каде да ги прошетаме милениците.“

Илиевска додава дека како поранешен жител на Кисела Вода, таа е свесна за предизвиците со кои се соочуваат тукашните жители. Просторот каде колите се паркираат и децата си играат е истиот.

„Не е една инспиративна населба за живеење. За мене, не е ни населба во која би сакала да растам дете. Пред сѐ децата треба да имаат простор каде ќе го поминат слободното време и тоа да биде една малку покреативна средина од онаа што е исполнета само со асфалтирани површини и згради.“

Урбанистите, архитектите, властите, инвеститорите, секој гледа од свој аспект – некој во потрага за подобар проект, друг во трка по гласови, трет во трка за пари. Каде е тука градот и граѓаните? Пред Нова година се актуелизираат писмата со желби што се праќаат до добриот дедо со бела брада. Жителите на Скопје и на Кисела Вода напишале дека посакуваат почист воздух, помалку згради, а повеќе паркови во 2020-та.

„Однапред нема да признаеме пораз во битката во која победува алчноста наспроти чесноста. Можеби на возрасните им е јасно дека Дедо Мраз не постои, но поради иднината на децата не смееме да се откажеме од верувањата, урбанизацијата на Скопје не смее да биде на наша штета“, велат граѓаните.

https://www.dw.com/mk/во-расадник-наместо-да-се-сади-ќе-се-гради/a-51901799?fbclid=IwAR1889ml7zWcA8PbjJC4CjXdtqtCCjJC2fQvl8MKIdCCwrWalQopBeSrAB8
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 08-Jan-2020 at 15:44



малку прашина дишеја досега Киселчани па ако може уште цела една деценија до две натака, тоа би било краткорочниот склет нусефект од ваквата ујдурма од дуп-Расадник, долгорочно гајретот е сообраќаен и естетско-здравствен, а навистина греота е таквото супе-наубрено земјиште од расадникот да не се искористи за нов Парк [1]

дали ААМ сега ќе гукне и еден збор, можеби во Пората3 онака спорадично, но дека ќе видиме Јавна Дебата тоа се сомневам, белким ќе им проработи совест бар за ова! можеби некое ГЗ ќе им организира трибина ...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 08-Jan-2020 at 16:33
Тој простор МОРА да се урбанизира. Не може во сред Скопје да има ливади.
Секако мора да има и парк, паркинг, спортски содржини, градинки...

Предмет на дискусија МОЖЕ да биде САМО колку згради и на која одалеченост и катност. Катноста ќе ги прати претходно изградените згради, а за одалеченоста и габаритот нека му ја мислат. Да не се повторни утка.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 699
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 08-Jan-2020 at 17:31
Не гледам зошто предмет на дискусија треба да е само колку згради, на која оддалеченост и катност. Предмет на дискусија може да е и целиот простор да стане парк.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 08-Jan-2020 at 18:00


alex истото го велеа за Плоштад Македонија, та сега наместо за Чоек да одмори под сенка може само под чадор, ех тие ливиди ко што велиш го правеа Град Скопје Централно Жив во текот на цела година додека сега само за митинзи хепенинзи и католичка Нова Година ко што треба живнува, сепак таму некаков излез би биле Кејот и Кале но ни една од тие локации не е Пејсажно Оплеменета за да Чоек Ужива под сенка а да немора да плаќа за маса ко на Кеј 13.11, додека тука на Киселчани но и Скопјани им се краде прилика за атрактивен Парк на едно од ретките слободни поголеми државни парцели в градот ...

предмет на дискусија треба да бидат ветувањата на sdssm за Зелен Град а како компензација за тоа да ет она прокиснатата бавча врз ГТЦ [1]

ако нешто со лесно може да стори постојната привремена Влада е токму да го сторнира ваквиот ДУП бидејќи земјиштето е токму државно, но нели бизнис интереси па кога можеа Саем уште на прва да го шитнат [1] што пак ос ова некој да не се офајди под ’макроекономски’ изговор!? ќе беше паметно како Општина да думаше како стори Тунел кон Говрлево и евентуално натака постојните веќе урбанизирани Села да им зголеми некаква прифатлива катност, ем така за мнозина ќе се отвори простор и дополнително да скиткаат накај Козјак, идеално ако е дозволен натака само ватобуски превоз, само се плашам дека така ќе трасираат тоа регионалниот пат кон Македонски Брод за да им е на скотјани поблиску заакувањето кон Охрид, вистина проблем ако Тунел така го правдаат!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 08-Jan-2020 at 19:21
Мислам дека овој дел ќе ја доживее истата судбина како станбената населба во Лисиче,Реонски Центар и сл.Поточно ќе гледаат да искористат 90% од парцелата за бетон а другото или ќе го асфалтираат или ќе биде некакво си запуштено зеленило и исто така зградите ќе бидат преблизу.Ако за зеленило се вбројуваат 5-6 нискостеблести зимзелени дрвца околу зградите тогаш можат целиот комплекс да го прогласат за ЕКО(патем истото се деси во Ѓорче со Александрија која сега е заробена од повисоки згради и ни приближно зеленило од предвиденото)...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 08-Jan-2020 at 19:24
Еве некоја новоградба во населбава(извадок од едно видео)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 06-Feb-2020 at 14:43
Во Расадник, отпочнува изградба на нова монтажна гаража

Го решаваме проблемот со паркирањето во населба Расадник.
Пуштен е тендерот за проектирање, изработка и поставување на монтажна гаража.
Паркиралиштето предвидено е да биде поставено на површина од 1600м2 со кое се обезбедуваат нови паркинг места

За самото паркиралиште е предвидена рампа за пристап на возила со ширина од 5,5 метри и должина од 16.5 метри.



https://24info.mk/во-расадник-отпочнува-изградба-на-нов/
Back to Top
David View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote David Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 06-Feb-2020 at 15:22
Па местово и сега е паркинг,а со една монтажна гаража ако мислат дека ќе решат проблем на 30,7-катни зградички наччкани една до друга.....во најмала рака несериозно,како и 30 годишното менаџирање со Кисела Вода.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 24-Mar-2020 at 12:13




https://www.facebook.com/Komerlin-Bau
Back to Top
David View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote David Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 24-Mar-2020 at 12:51
Згарадта десно на сликава,уште од сега и се познаваат "ребрата" а дали е стара 2-3 години.... Вакви тумори некој одобрил и земал процент.
Дури и во време на епидемија во Скопје не запира нагрдувањето на градот со чкарт згради и гулабарници,нема сила оваа неинвентивност и профитерство што ќе ја запре.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.