build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Расадник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 12-Sep-2020 at 20:19
Добро би било некој или некоја институција да изврши детално истражување за тоа кој ги купува новите станови во Скопје.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 13-Sep-2020 at 15:11
Скопје урбанистички ќе се самоубие во новата населба во Кисела Вода (ФОТО)

Последниот предлог ДУП за градска четврт Ј14 – Расадник, претставува кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија. План кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90-тите години на XX век. Значи заокружуваме 30 години, одење наназад, особено за Кисела Вода, која нема друг простор за дефинирање на својот локален центар.

– Планот нуди загушување, губење на сите термини кои по лекциите од часовите по Урбанизам ги слушавме постојано ( во текот на студирањето), како на пример: градежна линија, габарит, висина, осончување, проветрување, организирање на функции, проектирање визури, зеленило, паркирање, сообраќајници… Сите овие точки кои го дефинираат урбанизмот се применети во својата негативна конотација – стои во статијата објавена од Македонска АРХитектура (МАРХ).

Делувањето на урбанизмот според некои формули кои правилниците ги наложуваат без слободата на проектантот да создаде слика во контекстот на просторот, микро и макро во поглед на градот и нивно спроведување, претставува слепо работење и потценување на професијата, поткрепено од легислативата. Но, никој упорно не ја менува со години, туку ја моделира во правецот на ненаситниот бизнис сектор во градежништвото.

– Планот е сосем дефиниран во втората димензија. Бидејќи тоа е многу далечно за окото на читателот, создадовме наједноставен 3д модел според максимите запишани во планот. Резултатот е повеќе од очаен – се вели во статијата објавен од „МАРХ“.

Оттаму заклучуваат дека без посебни анализи ова личи на случајно расфрлани тела низ просторот наместо планско делување со конкретен концепт, иако погледот одозгора одлично лаже.

Исто така додаваа дека во планот има безброј чудно дефинирани површини за градба, за кои очигледно „визионерот“ се однесува како да не е во тек со случувањата во Скопје, и какви „ремек дела“ од објекти може да произлезат. Замислете кога овие површини ќе ги зафатат секакви инвеститори, згора на тоа ќе бидат и секоја зграда своја приказна. Епа може ли тоа да се нарече план на делување?!

– Во таков случај ни треба многу сериозен закон и план кој нема да дозволи безредие за нечие богатење. Најголемата лага е дека ако се постапи според моралните и етичките начела, инвеститорите би биле во загуба. Тоа е блам кој постојано го дозволуваме да се провлекува. Не може да загубите нешто, што не сте го направиле, може заработката да ви биде помала, но истовремено и влогот. Тоа се повлекува паралелно – стои во статијата.

Кулите како објекти, се смета дека се поента во просторот, ориентир, тие креираат визури и идентитет, но пред се за нив важи образложението – растење во височина со цел ослободување на повеќе простор за јавни содржини околу.

– Во планот можете да пресретнете 6 петнаесеткатници на растојание од 10 – 20 метри. Објектите се со височина од 49 метри, значи најмалку меѓусебно треба да се на исто толку растојание. Овие правила, во времето на претходниот систем биле внесени како пропис за безбедност – во случај на колапс на некоја од зградите, при падот да не може да повлече со себе некој од околните објекти – појаснуваат од МАРХ.

https://plusinfo.mk/skop-e-urbanistichki-e-se-samoubie-vo-novata-naselba-vo-kisela-voda-foto
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 14-Sep-2020 at 06:55
"Кулите како објекти, се смета дека се поента во просторот, ориентир, тие креираат визури и идентитет, но пред се за нив важи образложението – растење во височина со цел ослободување на повеќе простор за јавни содржини околу."

Точно така.


Затоа најпаметно е да се стопираат сите до сега микро-профитерски планови за Расадник,да се пристапи кон професионализам и ефикасност и да се гледа пошироката слика.
Сите тие расфрлани зградички може да се спакуваат во 5-6 облакодери и да се заврши со тој дел од планот. За образовни,деловни,комерцијални,верски објекти и паркови секако да остане повеќе простор.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 17-Sep-2020 at 11:56
Новите правила во урбанизмот можат да го спасат Расадникот во Кисела Вода

Поголема вклученост на граѓаните и двојно гласање со општинските совети за да се стави ред во урбанизмот. Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишал новиот правилник за урбанизам со кој ќе се стави крај на носењето на урбанистички планови на „брза лента“.

Тој апелираше до граѓаните да ги користат можностите што ги нуди правилникот и да се вклучат во носењето на плановите, затоа што реакциите по нивното стапување на сила се задоценти.

Бочварски вели дека новиот правилник нема да важи за плановите кои се веќе донесени, но ќе важи за Расадникот во Кисела Вода каде што се предвидени 95 нови објекти во кои ќе живеат над 15.000 жители. Министерот побара граѓаните да се вклучат во носењето на овој план, и вети дека иако Министерството не може да се меша во ингеренциите на општините, кога планот ќе стигне на разгледување таму, ќе биде многу внимателно анализиран.

https://sitel.com.mk/novite-pravila-vo-urbanizmot-mozhat-da-go-spasat-rasadnikot-vo-kisela-voda
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 18-Sep-2020 at 08:22
Па еве се вклучени граѓаните,желбата е Расадник да се искористи во вистинска насока и со вистински проект,порелевантно место од форумов нема на интернет просторот,за советниците поголеми шанси имаш да ги најдеш во братски мерак отколку во лимената општина...
Сум кажал 1000 пати ќе кажам уште 1000 ако треба,на Кисела Вода конкретно и требаат деловни,комерцијални,образовни,здравствени еве и верски објекти-црква,нормално не може да се запре развивањето на една општина нека се градат и станбени објекти но нека има некаков стандард,нека личат на нешто,освен Флатирон јас не знам во кисела вода да се изградила зграда да личи на нешто асално.Конкретно за Расадник,просто и едноставно е место 7,10 катници донеси план за две 35 катници,прсоторот може и мора да се искористи ефикасно,Скопје нема веќе шанси да се само-себе оправи ако се продолжи во расадник со 7 катни фарбаници. Па видете ја самата сала,хорор,оштината хорор,зградите хорор,дури јас не знам во Кисела вода дали има еден ХОТЕЛ барем ..шта речи.
Толку многу пропуштени шанси,30 години,генерално сегде низ цело ск ама мислам кисела вода е најмногу траги-комедија,и што е уште пострашно не се престанува со Хантерси,Трум Љумови и узурпирање на простор за личен профит.



Edited by David - 18-Sep-2020 at 08:25
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 19-Sep-2020 at 13:02
video od noemvri 2019 a1on.mk

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 19-Sep-2020 at 13:03


https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вод
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 19-Sep-2020 at 13:08
Скопје ја живее агресивната урбанистичка политика

Проектите како Расадник во Кисела Вода, изградбата на висококатници во Ѓорче Петров и постојаното намалување на зелените површини ќе направат главен град во кој нема да може да се живее, предупредуваат архитектите.

Во време на урбана пренатрупаност во Скопје кога секојдневниот живот на граѓаните го одразува голем број возила по улиците и се поголемиот број станбени објекти, намалување на зелените површини и се поголемо загадување на животната средина, архитектите алармираат дека последниот предлог Детален Урбанистички План за градска четврт Расадник, претставува „кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија и план кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90-тите години на XX век".

Покрај агресивната урбанистичка политика во која струката е тргната на страна поради приватни финансиски интереси, доведено е во прашање основното функционирање на главниот град во кој секојдневно никнуваат згради, се намалуваат зелените површини а сообраќајот е се погуст, вели архитектот Филип Конески.

Со најновиот ДУП за Расадник во Кисела вода кој деновиве беше обелоденет во јавноста се планира на простор од стотина хектари да се изградат станбени објектите со височина од 6 до 15 ката во кои би требало да се населат околу осум илјади граѓани.

"Расадник е само резултат на сето она што се случува последните 30 години. Не е ниту прв но за жал, очигледно е последно нешто што може да се случи во Кисела вода затоа што тоа е последниот слободен простор во општината и тоа катастрофално", вели архитектот Филип Конески.

Тој укажува дека денес во Скопје сите ја гледаме и ја живееме таа политика која во суштина е профитерска приватизација на јавниот простор и дека се гази јавниот интерес, се уништува и визуелниот и урбаниот идентитет на градот , и оставаат штетни траги.

"Имаме локални велможи зашто секој си тера своја политика зависно од политичката партија зависно од етничката припданост. Никој не размислува за никакво обединетост во делувањето", вели тој и додава дека проблемот е слоевит. Според него патрон на проблемот е државата и законите.

"Денешните луѓе кои се на власт наследуваат од она што се случувало претходно, но не може да се правдаме постојано на одредени правилници и закони. Кога сме на позиција ние треба да генерираме политика на промени" вели Конески.

Како најголем проблем во јавноста се посочува тоа дека земјиштето кое го опфаќа овој ДУП е што поголемиот дел е во приватна сопственост кое на сопственикот му е вратен со денационализација. Општината излегува со оправдувања дека има „заврзани раце“ за поголема интервенција

Во меѓувреме, во изминатите денови јавноста е сведок на бројни раекции на граѓани кои живеат во згради во Расадник кои велат дека со новиот проект ќе се наруши хуманото живеење, ќе се оптовари постоечката инфраструктура и ќе се направи сообраќаен хаос, особено во периодите кога луѓето одат и се враќаат од работа. Покрај тоа, тие бараат и повеќе зелени површини.

Државното земјиште пак, според градоначалникот Филип Темелковски е предвидено за зелени површини, за изградба на паркиралишта, а на него ќе се градат и училиште и градинка.

Коневски вели дека кога се планирале основните параметри на инфраструктурата на проктот за него како и за многу други што се направени во Скопје воопшто не биле предвидени пропорциите на растојание меѓу зградите ниту тоа дека ќе дојде до масовна флуктуација на патници кои доаѓаат и се враѓаат од работа и оти има низа други пропусти кои се недозволиви.

"Tоа може да се види од првиот дел од Расaдникот кој претходно е реализиран. Нема ни едно дрво по улиците, паркинзите се преполнети и улиците се преполнети. Доаѓаме до тоа дека нема закон кој ве обврзува доколку сте сопственик на стан да имате задолжително паркинг место во објектот. Тоа е недозволиво. Затоа имате зграда во која 10 проценти се купени паркинг местата, а 50 проценти паркираат по улица. Сега ,пак, во новиот проект за Расадник на централната структура каде е најслободен простор се предвидени згради од 31 метар до 49 метри што значи приземје мезанин и 15 ката и тоа густо наредени. Има една локација каде се шет петнаесет - катници на растојание од 10 до 25 метри. А висината на објектот треба да е еднаква на растојанието со соседниот објект. Ако е 50 метри објектот треба да е најмалку 50 метри одалечен од соседниот објект за да имате доволно осончување" вели Конески

Прашина и загаден воздух како дел од проблемот

Како и да инфраструктрата во градот освен што е загушена со динамиката на жители и сообраќај често тоа се претвора и во крупни еколошки проблеми. Скопје денес е соочено со проблемот на загадување на воздухот. Во зима непрестано вдишуваме загаден воздух, во лето трпиме жештини и поради се помалку зеленило пред зградите , при секое одење и доаѓање на работа сте изложени на прашина од новите згради кои се градат и загадување од издувните гасови од густиот сообраќај на улиците.

Во урбанизмот мора да се планира треба локацијата да се поврзе сообраќајно морате да ги задоволите основните потреби, а потоа да планирате, вели Конески

"Пример Кисела вода е деградирана општина, нема јавна површина нема тротоар, нема дефиниран парк. А што с е случува со Скопје? Му недостасуваат градски паркови со зелена површина, не зборуваме за мали паркичиња од типот. Жена парк или пред зграда. Во балансот на Скопје на таа површина недостасуваат поголеми површини со паркови. А особено паркови се неопходни кога постојано трубиме за негативни влијанија на Цемнтарница. Независно што користат филтри, постојано мириса, живеам таму" вели Конески.

Колку пати сме се обиделе да промениме нешто во нашата зграда?

Архитектите велат дека проектите како расадник во Кисела Вода, како и плановите за изградбата на висококатници во Ѓорче Петров, кои се актуелни деновиве, но и конинуираното никнување на градби во Дебар маало и Тафталиџе ќе направат главен град во која нема да може да се живее и поради тоа е неопходно и граѓаните да се едуцираат и органзиираат за да се запре урбанистичкиот хаос во кој Скопје забразано се движи.

Со блокирање на главната улица во Ѓорче Петров жителите на оваа општина деновиве го изразија својот револт за најавената изградбата на 60 метарски згради и населување на 3000 жители во месноста Јурија.

Тие носеа пароли на кои пишуваше „Правете градинки, а не ѕидови“, „Сакаме паркови, не сакаме згради“, „Ѓорче не го даваме“.

Има хиперпродукција на станови, се купуваат како инвестиција во недвижнини

Но, во меѓувреме во Скопје иако јавноста е сведок на реакции на граѓани кои бараат да се престане со намалување на зелените површини и да се стопираат градбите, официјалните податоци покажуваат дека трендот на градење продолжува, но и на купување.

Ова се случува во ситуација иако во основните параметри на градската инфраструктура кои биле планирани и правени во време на Југославија не било предвидено дека дека жителите на Скопје толку бргу ќе нараснат до денешните пропорции ниту дека ќе дојде до толку масовна флуктуација во сообраќајот на патници кои доаѓаат и се враќат од работа.

Никола Велковски од Групацијата за градежништво вели дека во ова време кога луѓето се соочуваат со страв од новиот вирус интересот за купување станови и натаму е голем и оти тоа пред се се должи на купување на луѓе од внатрешноста.

"Во целата оваа ситуација со пандемијата за среќа или за жал станови се уште се купуваат. Но, претпоставувам најмногу ги купуваат од внатрешноста затоа што голем дел од луѓето имаат слободни пари најсигурно им е вложувањето во недвижнини. Значи не станува збор за купување од млади брачни парови на станови за домување зошто им требаат кредити, туку за инвестиции на оние кои имаат слободни пари."вели Велковски.

Тој дополнува дека во Скопје има хиперпродукција на станови и оти проблемот со немање паркинзи, густиот сообраќај и намалување на јавните зелени површини е реален, но оти решението треба да се бара во децентрализација на локалната самоуправа.

"Крајно време е да има фискална децентарлизација. Да не мора секој да доаѓа во Скопје. А Скопје нема потреба од толкав број жители и стана нехумано место за живеење. И сите ресурси з а идните генерации ги потрошивме и за работа и за спорт и за градење итн. И идните генерации ќе имаат желба да градат, но им ги потрошивме на брзина сите ресурси" вели Велковски.

Според податоците на Агенцијата за катастер во второто тримесечије од годината најмногу недвижности се продале во Аеродром, каде се продале 343 станови, потоа следуваат Карпош со 167, Центар со 160 продадени станови. Во скопските општини Аеродром, Карпош и Центар се половина од сите продадени станови во Македонија во вториот квартал.

Нема обединето стратегиско делување на ниво на Скопје

Во меѓувреме, како резултат на градежната експанизија особено поновите општини во Скопје во последниве неколку години претрпуваат огромни измени и градот станува непрепознатлив. Општината Аеродром секоја година е прв на листата во скопскиот регион по завршени станови. Веднаш зад Аеродром се наоѓа Карпош.

Радио Слободна Европа пишуваше за градежната експанзија во Аеродром каде во радиус од 500 метри и тогаш избројавме околу 29 нови згради на местото каде се наоѓаа старите воени бараки. Таму и највидлив е новиот лик кој го добива општината, која во изминатите 5 години пак се збогатила за дополнителни 351 објект.

Архитектите проблемите со градежната непланска експанзија ги гледаат во законите како и во поделбата на општините која не фукционира добро. Тие наведуваат дека поради несоработка на општините може да се случи во една општина една улица да се работат со еден материјал а другата општина да продолжи да гради со друг. Како еден од проблемите тие го посочуваат и начинот на буџетирање на општините . Општините добиваат пари од комуналии, а тоа значи дека притисокот за градба на нови објекти е постојан. Тие прашуваат што ќе се случи кога сите површини ќе ги изгради општината и кога ќе остане без сретства.

Според нашите соговорници, мора да се менуваат и законите но и територијалната организација на Скопје зошто тоа е сериозен проблем кој произведува дисфункционалност.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/урбана-мафија-скопје-хаос/
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 19-Sep-2020 at 21:09
Originally posted by stef4o



https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вод


    Горнава споредба на размерот приватна спрема државна сопственост не е точна .
   
    На пример , парцелите 2943/47 од 5034 м2 како и 2940/33 од 6553 м2 се на фамилија Димишкови , КП2943/43 од 2601 м2 и 2943/44 од 1958 м2 се на фамилија Дишовци а се прикажани како државна сопственост.

   Потоа Институтот за овоштарство во горниот лев агол , фабриката Мирка Гинова централно доле ,како и објектите доле лево се градежно изградено земјиште прикажани како државна сопственост.

....исто така треба да се земе во предвид дека има фамилии кои се во завршна фаза на денационализација , ...

    По моја слободна процена за градежното неизградено земјиште во Расадник мислам дека односот сега е 80 % приватна наспроти 20 % државна сопственост..



Edited by Auric.Goldfinger - 19-Sep-2020 at 21:29
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 19-Sep-2020 at 23:53
Може за секакви глупости да се трошат милиони и милиони, а за вакви работи не може државата да се вклучи за да откупи земјиште со цел да стане парк и сл.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 22-Sep-2020 at 06:53
ЗА ТРИ ПАТИ СЕ НАМАЛЕНИ ПОВРШИНИТЕ ЗА ГРАДБА НА ЗГРАДИ ВО РАСАДНИК ОД ОНА ШТО СЕ ДОЗВОЛУВАШЕ СО ГУП-ОТ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

Предвидените површини за градба во Расадник се за три пати помалку од она што го дозволуваат параметрите на постојниот Генерален урбанистички план, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешното потпишување на договорот за изработка на новиот ГУП. Според договорот потпишан меѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенција за просторно планирање, ГУП-от ќе се прави во наредните 3,5 години. Градоначалникот Петре Шилегов и министерот Благој Бочварски најавија рационално и функционално ширење на Скопје кое ќе овозможи хумано живеење на граѓаните и урбанизација на северниот дел од градот.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК како со новиот Генерален план ќе се спречи во густо населените делови од градот да се градат нови населби со згради, како што е последниот пример со деталниот план за Расадник, Шилегов рече токму во овој случај постојниот ГУП дозволувал многу поголема површина за градба, но тие ја намалиле за три пати.

Од нацртаните 100 згради во населбата Расадник избришани се маркички само за три, а на пет е намалена катноста, според Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт Ј14 Расадник на Општина Кисела Вода. Трите згради се избришани бидејќи се наоѓаат во заштитена зона односно на траса на далекувод, а останатите згради остануваат со катност од 6 до 13 ката и треба да донесат уште над 8.000 жители.

„Поради параметрите кои ги има дадено постоечкиот план, ни се случува таков вид на урбанизација на простори кои јавноста ги доживував како јавен простор. За три пати се намалени површините кои биле во ГУП-от односно првично биле предвидени 400 илјади метри станбена површина. Некој го предвидел урбанизирањето на овој простор со изградба на станбени објекти и тие луѓе таму стекнале права кои немате право да ги редуцирате во целост. Значи заради решенијата од 2012 година не можеме во целост да ги избегнеме тие содржини“, рече Шилегов.

Градоначалникот Шилегов рече дека со новиот ГУП, Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел од градот.

„Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци кои стојат во актуелниот и во претходните ГУП-ови. Минатата година кога со министерството ја договаравме оваа соработка за пример ја земав планираната јужна обиколница на градот која според моето слободно уверување е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзината изградба е потребно уништување на добар дел од Водно“, рече Шилегов.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-tri-pati-se-namaleni-povrshinite-za-gradba-na-zgradi-vo-rasadnik-od-ona-se-dozvoluvashe-so-gup-ot-reche-shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 22-Sep-2020 at 06:55
Општина Кисела Вода не се откажува од намерата да се донесе урабистичкиот план за Расадник



https://kanal5.com.mk/opshtina-kisela-voda-ne-se-otkazhuva-od-namerata-da-se-donese-urabistichkiot-plan-za-rasadnik/a439883
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 22-Sep-2020 at 07:27


https://www.facebook.com/За-Расадник

----------------------------------------------------

Пред неколку години стариот, руиниран објект на Киното беше обновен, изградено ново, модерно кино. И од тогаш така стои.. не работи, нема програма, ниту пред корона, ниту сега. А можеше порано внатре, сега надвор, со соодветен протокол да се проектираат филмови, едукативни содржини, претстава, да се анимираат деца, млади.





https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 22-Sep-2020 at 07:45
Во предлог ДУП-от за расадник се планира изградба на Училишта под два далноводи едниот од 110 кв а другиот од 10 кв. Израдба на училиште под два толку силни извори на
техничкото зрачење според сите научни студии доведува до разните заболувања: леукемија, тумори, изливи, алергии, дијабетес, намален вид, мигрени, стерилитет и сл.



https://www.facebook.com/101461728384363/photos/a.101957668334769/104287011435168/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 23-Sep-2020 at 13:21
Со предлог ДУП-от за Расадник се руши еден Генисов рекорд за број на бензиски пумпи на 500 метри должни.



https://www.facebook.com/101461728384363/photos/a.101957668334769/105788541285015/
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 23-Sep-2020 at 15:02

Originally posted by stef4o

Со предлог ДУП-от за Расадник се руши еден Генисов рекорд за број на бензиски пумпи на 500 метри должни.



https://www.facebook.com/101461728384363/photos/a.101957668334769/105788541285015/


   Со едноставна проверка во табелата може да се види дека објектот 3.03 Е2 е со намена катна гаража , ако го мрзело да гледа во табели како што го мрзело погоре да го провери вистинскиот однос на приватна / државна сопственост на неизграденото земјиште ...авторот на ова сликовито писание можел барем да претпостави директно од планот дека објект со H= 21 m малку е веројатен да биде бензинска пумпа...     




Edited by Auric.Goldfinger - 23-Sep-2020 at 15:12
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 30-Sep-2020 at 11:18
ПЛАНОТ ЗА РАСАДНИК Е СПРОТИВЕН НА ГУП-ОТ, ЧЕТИРИКРАТНО Е ЗГОЛЕМЕНА ПОВРШИНАТА ЗА ЗГРАДИ И БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ, ВЕЛАТ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА „ЗА РАСАДНИК НА МОЖНОСТИ“

Со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за Расадник на скопската Општина Кисела Вода предвидената површина за домување е 943.771 метри квадратни, што е спротивно од Генералниот урбанистички план (ГУП), каде стои дека површината за домување треба да е 260.000 метри квадратни. Ова го покажува анализата направена од стручни лица, архитекти, урбанисти и правници, пријатели и припадници на иницијативата „За Расадник на можности“, кои новиот Детален урбанистички план за Расадник го сметаат за штетен и мегаломански, кој неколкукратно ги надминува сите параметри на хумано живеење, односно има надминување на параметрите од ГУП-от за 683.771 метри квадратни.

Просторот на Расадник сега е празен и неизграден, а е на едвај 2 километри од строгиот центар на Скопје. Според спорниот ДУП, засега од нацртаните 100 згради во Расадник избришани се маркички само за три, а на пет е намалена катноста. Од Општината велат дека трите згради се избришани бидејќи се наоѓаат во заштитена зона односно на траса на далекувод, а останатите згради остануваат со катност од 6 до 13 ката и треба да донесат уште над 8.000 жители.

Во анализата на Иницијативата се вели дека согласно параметрите од ГУП-от за Ј14 Расадник, максимален дозволен број жители е 8,000 жители, додека со ДУП-от согласно стандардите за метри квадратни по жител се предвидени 29.039 жители, што е надминување на параметрите од ГУП-от за 21.039 жители. Просечниот број на семејства е 2.222, додека со ДУП-от согласно стандардите се предвидени 8.066 семејства.

„Согласно параметрите од ГУП-от, минималната површина под јавно зеленило е 1.56 хектари додека со деталниот план се предвидени 0,47 хектари што е под долната граница на ДУП-от за 1,09 хектари. Делот на Расадникот кој не е изграден е со вкупна површина од 32 хектари од кои 60% или 18.000 метри квадратни се во приватна сопственост додека 14.000 метри квадратни се во државна сопственост. Во ДУП-от има промени на намени, па наместо постоечки фабрики и други капацитети сега се предвидуваат десетици станбени згради. Сите јавни објекти меѓу кои училиште, градинка, како и јавното зеленило се ставени под или во непосредна близина на постојните далноводи, што значи невозможност на нивна изградба во блиска иднина“, стои во анализата на иницијативата „За Расадник на можности“.

Од Иницијативата објаснуваат со деталниот план на поедини сопственици дадена им е можност со учество од 30 % сопствено земјиште по пат на дооформување, а на штета на државното земјиште, да се стекнат со илјадници метри квадратни државно земјиште.

„Дооформувањето се прави со непосредна спогодба помеѓу физичкото лице и градоначалникот на Општината во која е изработен урбанистичкиот план и се продава без јавна лицитација по цена која што градоначалникот ја утврдува. Интересен е фактот што конкретно во градска четврт Ј14 Расадник имаме земјиште во сопственост на Република Македонија 40% и земјиште во приватна сопственост 60%. Зошто покрај толку голем процент на земјиште во сопственост на Република Македонија не се предвидат повеќе зелени површини или поточно класа на намена Д – Зеленило, спорт, рекреација и меморијални простори?“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности“.

Од таму прашуваат зошто ако веќе мора земјиштето да е со намена А – Домување, тогаш на катастарските парцели кои се во сопственост на Република Македонија мора да се нацртаат згради, а не куќи.

„Зошто целата постапка за ДУП-от се одвивше тајно, спротивно на Член 50 од Закон за урбанистичко планирање кој вели дека Јавната презентација и јавната анкета ја организира органот кој е надлежен за постапката за изработување и донесување на планот, кој најмалку 15 дена претходно доставува повик до сите учесници во презентацијата и анкетата? Повикот до учесниците се упатува преку информацискиот систем е-урбанизам, се објавува на веб-страната на општината и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето на планскиот опфат. Општина Кисела Вода, освен објавата на веб-страната на Општината, повторната јавна анкета и јавна презентација не ја објави како што пропишува Законот, што оди во прилог на фактот дека овој ДУП се сака да се протурка на мала врата и незаконски“, велат од Иницијативата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/planot-za-rasadnik-e-sprotiven-na-gup-ot-chetirikratno-e-zgolemena-povrshinata-za-zgradi-i-brojot-na-zhiteli-velat-od-initsijativata-za-rasadnik-na-mozhnosti/
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 30-Sep-2020 at 23:39
Originally posted by stef4o

ПЛАНОТ ЗА РАСАДНИК Е СПРОТИВЕН НА ГУП-ОТ, ЧЕТИРИКРАТНО Е ЗГОЛЕМЕНА ПОВРШИНАТА ЗА ЗГРАДИ И БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ, ВЕЛАТ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА „ЗА РАСАДНИК НА МОЖНОСТИ“

Со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за Расадник на скопската Општина Кисела Вода предвидената површина за домување е 943.771 метри квадратни, што е спротивно од Генералниот урбанистички план (ГУП), каде стои дека површината за домување треба да е 260.000 метри квадратни. Ова го покажува анализата направена од стручни лица, архитекти, урбанисти и правници, пријатели и припадници на иницијативата „За Расадник на можности“, кои новиот Детален урбанистички план за Расадник го сметаат за штетен и мегаломански, кој неколкукратно ги надминува сите параметри на хумано живеење, односно има надминување на параметрите од ГУП-от за 683.771 метри квадратни.


Вистинска штета е што од целиот тој спектар на професионалци , не разбравме ниту едно име и презиме ....се разбира ако претпоставиме дека навистина постојат ....

Originally posted by stef4o



„Согласно параметрите од ГУП-от, минималната површина под јавно зеленило е 1.56 хектари додека со деталниот план се предвидени 0,47 хектари што е под долната граница на ДУП-от за 1,09 хектари.


На јавната презентација урбанистот дури кажа дека не само што се запазени законските нормативи за јавно зеленило но тие се и надминати ....ова се две дијаметрално спротивставени гледишта ....но тој за разлика од овие погоре (ако претпоставиме дека навистина постојат ) се претстави со име и презиме .

Originally posted by stef4o

Делот на Расадникот кој не е изграден е со вкупна површина од 32 хектари од кои 60% или 18.000 метри квадратни се во приватна сопственост додека 14.000 метри квадратни се во државна сопственост.


Овде веќе ќе станам досаден.

   

Погледнете ја парцелата КП 2943/27 во долниот десен дел ...

Ако отворите Катастар , пребарување по катастарска парцела ќе видите дека само фамилија Тодоровци со една парцела , КП 2943/27 имаат 18.868 м2 , ....или вкупно на имотен лист имаат колку што " Расадник на можности " тврди дека е целиот дел на Расадник што не е изграден .. ..

Најверојатно "правникот" или "пријателот" од Иницијативата ја правел анализава ...

Originally posted by stef4o



Интересен е фактот што конкретно во градска четврт Ј14 Расадник имаме земјиште во сопственост на Република Македонија 40% и земјиште во приватна сопственост 60%. Зошто покрај толку голем процент на земјиште во сопственост на Република Македонија не се предвидат повеќе зелени површини или поточно класа на намена Д – Зеленило, спорт, рекреација и меморијални простори?“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности“.


Не знам , колку ви е познато ...но според стариот ГУП во овој дел на Расадник беше предвидена огромна зона за спорт и рекреација и тоа со години .....и ниту централна власт ниту локална власт (од сите можни партиски опции ) , ниту грагански , невладини , спортски и какви се уште не здруженија , ниту домашен ниту странски инвеститор , не пројавија ни најмал интерес кон таква реализација ...
Не е само тоа , ајде ќе бараат класа на намена Д – Зеленило, спорт, рекреација и меморијални простори? ... а во реалноста единствениот објект што веќе постои - спортската сала - ќе продолжиме да го гледаме во сите фази на распаѓање ...

PS. Статијава на СДК што гледам ја превземаат и други информативни портали ... и ниту еден од нив не се потрудил да ја провери вистинитоста на барем основните податоци што се наведени...каде извор на информации им е фантомско здружение без личност со име и презиме ..без да побараат мислење или одговор од изработувачот на планот ....е уште еден показател до кое дно се спушта македонското " новинарство "...
   

Edited by Auric.Goldfinger - 01-Oct-2020 at 00:31
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 27-Oct-2020 at 13:44
Некаде во Кисела Вода(од инстаграм)




Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 02-Nov-2020 at 14:29
Поглед од зградата на Трим Љум кон расадникот...колку просторов нуди можности и жално е да се нареди со разни кутивчиња како што се почнало во делот десно







Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.122 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.