build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Расадник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 02-Feb-2022 at 17:46
Расадник оди на меѓународен конкурс, жителите ќе го избираат ликот на идната населба



Граѓаните на Кисела Вода пријавија над сто нерегуларности во донесените Детални Урбанистички Планови. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека е започната постапка за дислокација и уривање на Центарот за зависници и дека на тоа место ќе развива локален туризам, а до крајот на овој месец ќе се распише меѓународен конкурс за простортот кај Расадник

На 31 јануари истече рокот што им го даде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на граѓаните за да достават конкретни забелешки од донесените детални урбанистички планови во рамки на проектот „Стоп за урбаната мафија”, кој започна пред еден месец. Ѓорѓиевски за весникот ВЕЧЕР вели дека се пристигнати над сто пријави за нерегуларности во донесените ДУП-ови, кои претходно беа извадени од фиока, дигитализирани и ставени на увид на граѓаните.

– Интересот е изненадувачки голем. Најголеми забелешки има во делот на Црниче и на Пржино, каде што жителите побараа зелени површини, а на тие места, се издавале маркици за изградба на колективни згради со намена А2, како и за куќи со по осум, па и повеќе станбени единици. Интересно е дека граѓаните беа прилично конкретни и, покрај забелешките, дадоа и предлози и идејни решенија околу урбанистичкото уредување на одредени локации во Општината. Сево ова ќе биде разгледано и за нас, како раководство, многу ќе помогне да постапуваме согласно со Законот и да им излеземе во пресрет на жителите и нивните потреби – нагласува Ѓорѓиевски.

Тој е дециден дека нема да се издадат нови одобренија за градење згради во Пржино и во Црниче и дека е стопирано градењето околу чешмата „Света Петка“, кај народот локација попозната како Балаклија, каде што во зеленилото биле предвидени пет градежни парцели со намена станбени куќи со висина од 10,20 метри.

– Го стопиравме и Деталниот урбанистички план Ј 15 блок 4 или План за дел од Припор, каде што беше констатирано дека, спротивно на Генералниот урбанистички план, се предвидени станбени згради со А2-намена – вели Ѓорѓиевски.

Општината започна и постапка за дислокација и уривање на Центарот за зависници, како што иницираа 1.100 граѓани на Кисела Вода.

– Точно на оваа локација се темелите на денешната населба Кисела Вода. Ова место треба и мора да биде репрезент на Општината во културна смисла, да биде локација која секој ќе може и ќе сака да ја посети, кое, ако гледаме пошироко, може да биде и место кое ќе биде основ за развој на локален туризам. Наспроти тоа, претходното раководство направи само бучава, даде лажни ветувања околу решавањето на овој проблем, а ги остави жителите сами да се снаоѓаат со немањето безбедност во овој дел на градот, со таложењето медицински инфективен отпад и со другите опасности што го нарушуваат квалитетот на нивното живеење. Овој проблем ќе биде целосно надминат – уверува Ѓорѓиевски.

До крајот на овој месец, Општина Кисела Вода ќе распише меѓународен конкурс за конечниот изглед на населбата Расадник. Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека конкурсот е подготвен, но ликот ќе го избираат самите жители на Општината.

– Конкурсот е подготвен и во петок јавно ќе го објавиме на нашата веб-страница на competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk за да може граѓаните да дадат свои забелешки за текстот на меѓународниот конкурс за идејно решение. Вториот чекор што го правиме е негово доставување и до стручната јавност – до Архитектонскиот факултет во Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и до Асоцијацијата на архитекти на Македонија, со цел меѓународниот конкурс да биде стручно издржан. По ова, до крајот на февруари, тој ќе биде меѓународно објавен, а по неговото завршување, ликот на Расадник ќе го избираат неговите жители – вели Ѓорѓиевски.

Тој го стопираше извршувањето на ДУП-от за Расадник бидејќи, како што вели, бил скроен така за таму да се изградат 99 згради, со што целосно ќе се задуши просторот.

Интересен податок е дека во Градот Скопје досега имало вкупно два меѓународни конкурса за изготвување урбанистички планови. Првиот е во далечната 1914 година, распишан од Министерството за градежништво на тогашното Кралство Србија. Вториот, пак, е распишан во 1965 година, по катастрофалниот земјотрес, на кој првата награда ја добиле Кензо Танге и двајца хрватски архитекти.

– По 57 години, Општина Кисела Вода е првата која распишува ваков меѓународен конкурс, и тоа за конечниот изглед на населбата Расадник. Правењето идејни решенија за уредување градски квартови и за градови, во Западна Европа е стандардна процедура. Тоа, секако, е одличен начин да се подигне естетиката на просторот и да се запазат принципите на хумано живеење. Но, во Македонија не постојат дури ни правила за објавување меѓународен конкурс за урбанистичко планирање и уредување. Се надеваме дека, можеби, Општина Кисела Вода ќе биде таа што ќе иницира, ќе поттикне законски решенија или барем ќе биде модел по кој ќе се создаде ваква убава пракса – нагласува Ѓорѓиевски.

Пропадна тендерот за ревизорска куќа, следната недела ќе се распише нов

Пропадна тендерот што општина Кисела Вода го распиша за избор на ревизор или ревизорска куќа кој требаше да даде одговор околу неправилностите во делот на урбанистичкото работење на претходните раководства на општината. Ѓорѓиевски вели дека предвидената надворешна ревизија опфаќа два паралелни процеси.

– Првиот е проверка на издадената документација, издадените одобренија за градба за кои нема правосилност и кои сакаме да ги ставиме на увид на експерти за да ги проверат и да го потврдат она што нашата стручна комисија веќе го изнајде како неправилност. Другиот процес опфаќа проверка на зданијата кои се веќе во фаза на градба и за кои треба да се утврди дали се градат согласно издадените одобренија и проекти – вели тој.

Тоа што не се јавил никој на тендерот, Ѓорѓиевски нагласува дека не го обесхрабрува.

Веќе следната недела повторно ќе го објавиме тендерот и силно верувам дека постојат стручни и чесни луѓе кои сакаат да бидат дел од почетокот на новите времиња во Кисела Вода во кои ќе се почитуваат законите. Иако сме свесни дека можеби има страв, можеби имало и закани до одредени лица кои сакаат да се пријават, сакам да ги охрабам и да им укажам дека само заеднички можеме да ставиме крај на урбанистичкото дивеење во Кисела Вода. Мораме заеднички да упатиме порака дека никој не е над законите и дека не може урбаната мафија да управува со општината. Да расчистиме со криминалот кој долги години е рефрен во Кисела Вода и да почнеме транспарентно, чисто и законски да го градиме новиот имиџ на оваа општина. На наша страна се сите граѓани. Тие побараа промени – потенцира Ѓорѓиевски.

https://www.vecer.press/расадник-оди-на-меѓународен-конкурс-ж/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 20-Jun-2022 at 11:51
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 13-Jul-2022 at 16:55
Објавен меѓународен конкурс: Расадник ќе се гради според потребите на жителите, нема да има 100 згради

На просторот кај Расадник во општина Кисела Вода нема да никнат стотина згради како што беше предвидено во последниот Детален урбанистички план. За него деновиве е објавен Меѓународен конкурс, па тој ќе се уредува според идејното решение кое ќе биде избрано и кое ќе биде основа за изработка на нов ДУП.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, вели дека со ова се заокружува една фаза од средување на урбанистичкиот хаос во општина Кисела Вода, целосно дефиниран само од потребите на жителите. Тој потсети дека Расадник со години наназад е на врвот на интересот на целата јавност, но за жал според неприципиелноста, алчноста, непочитувањето на елементарните урбанистички правила за хумано живеење при планирањето.

Програмските насоки биле доставени и до експертската јавност, до Архитектонскиот факултет во Скопје, до Комората на овластени архитекти и инженери и до Асоцијацијата на архитекти на Македонија, со покана и тие да се вклучат во овој голем проект. Прифатиле сите три најрелеванти институции кои со свои претставници директно се вклучиле во групата која го подготвувала конкурсот.

Финалниот текст од вчера е достапен на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки, на сајтот за јавни набавки на Европската унија, како и на општиската веб страна. Тој во себе содржи два дела и осум прилози. Во првиот дел се зададени програмските насоки кои треба да ги насочат учесниците на конкурсот за изработка на идејното решение за Расадник, додека во вториот дел е конкурсната документација. Нашите програмски насоки во овој дел од Кисела Вода подразбираат детска градинка, основно училиште, црква или верски објект, урбана – парк шума од минимум 100 000 метри квадратни, спортско рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина итн. Од учесниците ќе побараме современо и квалитетно урбанистичко решение, кое ќе ги задоволи потребите на жителите – нагласи градоначалникот на Кисела Вода.

За прворангираните три места предвидени се и награди од 15 000, 8 000 и 3 000 евра и по 2 000 евра за два откупени труда. Најдобрите решенија ќе ги избира жири комисија во која ќе има стручни лица, но вклучени се и граѓаните преку Партиципативното тело на општината.

Конкурсот ќе трае 4 месеци, што значи дека во ноември веќе ќе го знаеме бројот на пријавени трудиви и ќе започне процесот на евалуација кој очекуваме да заврши до крајот на декември годинава – рече Ѓорѓиевски.

По завршување на рокот на конкурсот, ќе следи и јавна презентација на сите трудови кои ќе може да ги види целата јавност и да даваат сугестии на жири комисијата.

https://www.slobodenpecat.mk/objaven-megjunaroden-konkurs-rasadnik-kje-se-gradi-spored-potrebite-na-zhitelite-nema-da-ima-100-zgradi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 14-Jul-2022 at 11:56
Расадникот на можности растргнат од лакомоста за профит



https://doma.edu.mk/zagaduvanje/rasadnikot-na-mozhnosti-rastrgnat-od-lakomosta-za-profit/?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 23-Sep-2022 at 11:06
Голем интерес за конкурсот за ДУП-от во Расадник, во Англија, Иран, Украина…

Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници.

Имено, покрај на сајтот за јавни набавки на Европската Унија, на веб страниците на Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти конкурсот е поставен и на веб страниците на нивните сестрински организации. Истиот до стручњаците од нивните земји го пренесе и Сојузот на архитекти на Црна Гора, а текстот со сите критериуми се појави и на престижниот портал https://www.architectsjournal.co.uk/, како и на најпосетуваниот светски сајт за архитектура https://www.archdaily.com/986151/international-competition-for-conceptual-urban-architectural-solution-for-a-city-quarter-j14-rasadnik-skopje-municipality-of-kisela-voda.


Досега интерес околу учество на Меѓународниот конкурс има од стручни лица од целиот свет, како од Англија, Иран, Украина, Србија, Црна Гора… Жири комисијата во која има и врвен меѓународен експерт од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од домашната стручна јавност, и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода, веќе одржа неколку состаноци. Главниот фокус беше ставен на пристигнатите прашања и барања за дополнителни податоци. Од пред неколку дена, сите досега пристигнати прашања и нивните одговори, се достапни и на веб страницата на Општина Кисела Вода.

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3428-2022-09-16-12-07-24


Истото ќе биде пракса и во периодот што останува до 11 ноември 2022, кој е краен рок за пристигнување на идејните решенија.

После речиси 60 години, Кисела Вода е првата општина која се осмели да направи сериозен чекор напред и да ги следи меѓународните стандарди за урбанистичкото планирање, транспарентното работење и водење сметка за јавниот интерес. За потсетување, програмските насоки за Расадник, зададени во конкурсот, предвидуваат постоење на детска градинка, основно училиште, верски објект, урбан парк од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина.


Ги охрабруваме сите заинтересирани да земат свое учество и да понудат архитектонско-урбанистичко решение кое ќе одговара потребите на жителите на Расадник и ќе биде естетско решение за идниот лик на овој дел од Кисела Вода. Наградите се парични. Сите детали се достапни на

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3216-2022-02-04-12-00-35 .

https://www.biznisvesti.mk/sindikatot-na-ukim-najavuva-medijatsija-pred-shtrajk-ako-vladata-ne-gi-povika-na-sredba-za-nivnite-barana/
Carpe diem
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 11-Dec-2022 at 15:09
Ја кревам темава за евидентирање на фактичка состојба.

Денес помина точно месец дена откако заврши крајниот рок за пристигнувањето на идејни решенија за УМЕТНИЧКАТА СЛИКА , наречена Меѓународен Конкурс за Расадник.Сегашната локална власт оваа идеја , како врвно и досега невидено постигнување ,ја промовираше редовно и постојано по медиумите почнувајќи од нивната кампања за локалните избори 2021 година па се до формалното објавување на истата , почеток на јули оваа година. Со оглед на тоа дека до сега не излезе ни најмала информација за исходот на меѓународниот конкурс, слободно може да се закључи дека овој проект доживеа тотално ФИЈАСКО !

Edited by Auric.Goldfinger - 11-Dec-2022 at 15:54
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 24-Jan-2023 at 18:13
Последно изградена но сеуште не е вселена



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 25-Jan-2023 at 14:25
Поништен конкурсот за локалитетот „Расадник“, доставени само четири труда а потребни биле најмалку седум

Меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс за избор на идејно решение за локалитетот „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода е поништен, затоа што до истекот на крајниот рок биле доставени само четири конкурсни труда, информираат од Општина Кисела Вода.

„Со оглед дека согласно конкурсната документација минимален број на конкурсни трудови кои ги исполнуваат условите беше седум, жири комисијата констатира дека не се исполнети условите за евалуација на пристигнатите трудови и согласно Конкурсните правила му предложи на градоначалникот да го поништи Конкурсот и да објави нов Конкурс“, информираат за „Мета.мк“ од Општина Кисела Вода.

Општинските власти додаваат дека не се откажуваат од меѓународниот конкурс и по севкупна анализа за причините за малиот број на пријавени компании од Македонија, како и одржување на состаноци и координација со партнерите во овој проект, односно Архитектонскиот факултет од Скопје, Комората на Архитекти на Македонија и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, наскоро повторно ќе го објави Меѓународниот конкурс.

Според нивните информации, на меѓународниот конкурс бил доставен еден конкурсен труд од земјава и три конкурсни трудови на архитекти од земји од Европа и Азија. Рокот за пријавување на конкурсните трудови на поништениот конкурс беше 11 ноември 2022 година.

За спроведување на Конкурсот беше формирана жири комисија со претставници од Архитектонскиот факултет од Скопје, Факултетот за архитектура и дизајн од Торино- Италија, Комората на Архитекти на Македонија, Асоцијацијата на Архитекти, претставник на граѓанското Партиципативно тело во Кисела Вода и Комисијата за урбанизам во Кисела Вода.

Инаку, меѓународниот конкурс од Општина Кисела Вода беше објавен на 12 јули 2022 година.

Од Општина Кисела Вода посочуваат дека во локалниот буџет за 2023 година предвидени се средства за изработка на Детален урбанистички план за градската четврт Ј14, односно за локацијата „Расадник“ и веднаш по изборот на идејното решение на меѓународниот конкурс ќе се пристапи кон спроведување на тендерска постапка за избор на изведувач за изработка на ДУП-от за „Расадник“.

Општинските власти велат дека и во новиот меѓународен конкурс што треба допрва да биде објавен, јасно ќе бидат поставени условите за локацијата „Расадник“ – да има минимум 100.000 метри квадратни парк-шума, но и објекти од јавен карактер, како што се: високо образовна институција, основно училиште, градинки, верски објект и други инфраструктурни објекти од јавен интерес.

„Од конкурсните трудови не се очекува ниту ќе се дозволи изградба на 99 нови згради на оваа локација, како што се предвидуваше во минатото. Напротив, со Меѓународниот конкурс се очекува решение кое ќе овозможи предност на јавниот интерес наспроти приватниот и ќе овозмoжи „Расадник“ да биде место за хуман живот“, велат од Општина Кисела Вода.

Изборот на идејно решение за идниот урбан развој на локацијата „Расадник“ на меѓународен конкурс е едно од изборните ветувања на актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Темата за идна урбанизација на локацијата „Расадник“ беше актуелизирана пред одржувањето на локалните избори во 2021 година. Во летото 2021 година иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“ организираше протест против досегашниот ДУП за „Расадник“, којшто предвидуваше изградба на 100 станбени згради на оваа локација. На протестот во јуни 2021 година се појавија и сопствениците на земјиште на оваа локација, кои пак во расправија со членовите на иницијативата тврдеа дека немало никакви пречки за да бидат изградени 100-тина станбени објекти и дека тие се откажале од дел од нивното земјиште на име изведба на зеленило во рамки на нивните парцели.

https://meta.mk/ponishten-konkursot-za-lokalitetot-rasadnik-dostaveni-samo-chetiri-truda-a-potrebni-bile-najmalku-sedum/
Carpe diem
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 28-Jan-2023 at 17:05
Не е многу важно тоа што граѓаните на Кисела Вода , СО ОВА , се подалеку се одалечуваат од поликлиниката , градинките и школите како и другите инфраструктурни објекти од јавен интерес .... не е важно тоа што сопствениците на градежно неизградежно земјиште (за кое секоја година плаќаат данок за истото ) повеќе од деценија не можат да го искористат тоа нивно сопственичко право. ....исто така не е многу важно што неговите колеги по другите општини успешно си ги тераат урбанистичките проекти по редовна постапка без потреба на меѓународни конкурсни идејни решениа , невидени досега уште од пред 60 години , со комисии од едно чудо домашни и странски архитектонски експерти и....

Важно е дека Дедо Мраз за Новата Година со балон донесе преку 3.000 пакетчиња.

Edited by Auric.Goldfinger - 28-Jan-2023 at 17:07
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 29-Jan-2023 at 15:43
НЕУСПЕШЕН Е КОНКУРСОТ ЗА РАСАДНИК ВО КИСЕЛА ВОДА ОТИ НЕМАЛО ДОВОЛНО ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА, ГЕОРГИЕВСКИ ВЕЛИ ЌЕ СЕ РАСПИШЕ НОВ

Неуспешен е конкурсот за избор на идејно решение за уредување на просторот Расадник во Општина Кисела Вода. На конкурсот стигнале само четири идејни решенија, а во условите се бараше да има најмалку седум труда. Поради тоа, 9-члената жири комисија одлучила да не се разгледувааат пристигнатите тудови бидејќи не се исполнети условите.

„Секако дека ќе има нов конкурст, не се откажуваме од идејната Расадник да се уреди по идеја на стручната фела. Комисијата во наредниот период ќе одлучи дали ќе се намали бројот на потребни трудови кои треба да пристигнат за да биде успешен конкурсот. Тоа би била единствената измена, другите услови ќе останат исти. Жално е што само еден од трудовите е домашен, од наши архитекти. Другите три се од странство“, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски.

Конкурсот за Расадник беше објавен лани во јули. Општината го подготви заедно со Асоцијацијата на архитекти, Архитектонскиот факултет и Комората на овластени архитекти и инженери.

Во Расадник со конкурсот ќе има згради, но не 99 висококатници кои целосно ќе го бетонизираат овој дел од градот. Се бара да биде предвидена и градинка, основно училиште, верски објект, урбана парк-шума од минимум 100.000 метри квадратни, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина.

Сегашниот Детален урбанистички план (ДУП) предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје, на само 2 километри од центарот на градот, со што дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од општината. Граѓаните на Кисела Вода излегоа на протести против лошиот ДУП и побараа минимум 40% јавно зеленило на просторот, катни гаражи, градинки, спортски терени, детски игралишта, училишта, поликлиника, велосипедски патеки.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/neuspeshen-e-konkursot-za-rasadnik-vo-kisela-voda-oti-nemalo-dovolno-idejni-reshenija-georgievski-veli-ke-se-raspishe-nov/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 30-Jan-2023 at 13:57
Еве неколку денешни фотки од изградените згради во првиот налет на урбанизацијата на ова место пред 10-тина години

Влезот кај бензинската Макпетрол е во прилично лоша состојба



..















мислам дека и другиов нечепнат дел од расадникот ќе доживее урбанизација слична на Стар Аеродром,веројатно конкурсите ќе бидат неуспешни и ќе се дозволат многу нови градби



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 15-Mar-2023 at 13:50
Општина Кисела Вода го реобјавува Меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник

Општина Кисела Вода го реобјавува меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник. Првиот конкурс беше поништен од конкурсната комисија поради недоволниот број пристигнати трудови. На новиот конкурс не е поставен лимит за пристигнати трудови и на него ќе можат да конкурираат и студентите без проектантско биро.

– Меѓународен конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник, е своевидна револуција во урбанистичко-архитектонското дејствување во Македонија, бидејќи овозможува одговорно, стручно и хумано планирање на ликот на оваа урбана заедница. Не ги добивме посакуваните решенија во првиот обид, кога и покрај големата заинтересираност, имаше недоволен број пријави, па мораше да се поништи конкурсот. Сепак, Општина Кисела Вода не се обесхрабри во намерата Расадник да биде пристојно и хумано место за живот – потенцираат од Општина Кисела Вода.

Оттаму објаснуваат дека комисијата, веднаш по завршувањето на конкурсот, направила опсежна анализа за причините за недоволниот број пријавени апликации. Во изминатиов период се одржаа состаноци со Архитектонскиот факултет, Комората на архитекти и со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и се направија анкети на сите заинтересирани потенцијални апликанти, по што мешовитата работна група од трите институции и Општината ги вклучи насоките добиени од Факултетот и од професионалната заедница во конкурсната документација.

– Олеснет процес за конкурирање, со новиот дополнет текст, имаат и студентите, кои можат да конкурираат без проектантско биро, а дополнително сите конкурсни документи сега ќе може да се стават на електронски медиум (ЦД,УСБ, итн.) и во затворен коверт со другата документација, по брза пошта, да се достават до Општината. Ова значително финансиски им помага на странските учесници и беше дел од нивните барања – велат од Општината.

Новиот меѓународниот конкурс за Расадник во наредните четири месеци ќе биде предизвик за сите оние што ќе понудат иновативни решенија и ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода. До 3 јули годинава, конкурсот ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.

https://www.vecer.press/општина-кисела-вода-го-реобјавува-меѓ/
Carpe diem
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 15-Mar-2023 at 14:39
Значи , првичната огромна заинтересираност резултира во недоволен број апликации . Стручната жири комисија помогната од еден Аритектонски факултет и две архитектонски здруженија по опсежни анализи , не ја соопштуваат јасно причината за неуспехот на конкурсот , но главното решение за според нив успешен повторен конкурс го гледаат во тоа да нема лимит за пристигнатите решениа.


Од она што во моментов може да се најде на интернет за сериозни меѓународни конкурси од Естонија , Кореа и Русија , ова на нашава општина , во споредба со нив , наликува во стилот на скечот - Фабрика за производњу "НИШТА" од легендарните Топ Листа Надреалиста.




Цццццц....
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 15-Mar-2023 at 15:45
До 3-ти Јули Ај уште два 3 Јулиња па немат да се замарат веќе со амбициозниов зафат градоначалнко
Ете од Кореа пратиле конкурс,една од најнапредните земји во моментов шо појќе сакаш,или тие или Јапонците,Скопје си имат традиција со Јапонци шо му фали да си најмат друштво да напрајт асален проект за олкаво место кое реално е последно место кај шо можи нешто ко што требит да се направи,ако се сака..
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 17-Mar-2023 at 14:17
Само што приметив еден момент ,кој го има во официјалното соопштение на општина Кисела Вода за реобјавата на меѓународниот конкурс а повеќето медиуми одлучија да не го пренесат .
Тоа е ....

"УНДП која во далечната 1964/65 со декларација ја презела обврската за реконструкција на Скопје, односно објавувањето на конкурсот за обнова на Скопје, ги препозна и поздрави нашите заложби за иновативни решенија во насока на креирање на услови за хумано и квалитетно живеење во Расадник. Оттука, оваа организација во рамките на проектот со кој ќе се одбележи јубилејот од земјотресот, ќе даде стручна поддршка и ќе го промовира Меѓунaродниот конкурс за Расадник преку своите меѓународни канцеларии, а ќе обезбеди и можност за зголемена транспарентност преку вклучување на набљудувачи во целиот процес."

https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3563-2023-03-15-11-02-32

На стручната жири комисија , покрај еден Архитектонски факултет , две архитектонски здруженија , едно партиципативно тело , сега како појачање им се прикључува и УНДП. Бидејќи сега со укинувањето на лимитот за пристигнати решенија како и можноста документите на УСБ да се пратат по брза пошта , до 3 Јули се очекува лавина од трудови .....

Сега замислете дека од претходно пристигнатите четири труда , по претпоставка трите странски да се откажат а едниот домашен ( на место да го препрати по брза пошта УСБ-то може и лично да им го даде ) меѓународниот конкурс може да биде прогласен за успешен. За што ќе посведочат и мегународните набљудувачи од УНДП .



Edited by Auric.Goldfinger - 17-Mar-2023 at 14:24
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 02-Apr-2023 at 14:09
Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник

35 студенти од Италија заедно со свои професори од Факултетот за архитектура “Политехнико” од Торино, придружувани од зам. Амбасадорот на Италија во Македонија, Марио Де Роса, ја посетија Општина Кисела Вода. Заинтересирани за Меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник, дојдоа лично да ја разгледаат оваа градска четврт и да се информираат за некои поединости околу конкурсот. Како што информираше нивниот професор, Алесандро Армандо тие се студенти на четврта година, еден цел семестар ќе го обработуваат Расадник, па оваа посета има непроценливо значење за нив, како идни архитекти и можни апликанти на конкурсот. Секако, за конкурсот е заинтересирана и стручната јавност од Италија. На самиот почеток, гостите ги поздрави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, им се заблагодари за интересот и ја истакна важноста на овој меѓународен конкурс за жителите на општината и нивните очекувања, оваа урбана заедница да добие лик кој ќе ја идентификува како хуман кварт за живеење.


– Распишаниот Меѓународен кокурс за идејно решение за градската четврт Расадник е еден од еклатантните примери за нашиот начин на работа, како ново раководство на Општина Кисела Вода. Со доследно почитување на законската рамка, во целосно транспарентен процес, со вклученост на жителите, со меѓународна жири комисија, го бараме идејниот лик за оваа градска четврт, која е сместена во централното јадро на Кисела Вода. Верувајќи дека ќе добиеме стручно естетско решение кое ќе ги задоволи потребите на нашите жители во еколошка, урбанистичка и хумана смисла, за оваа постапка побаравме и добивме поддршка од целата стручна заедница во Македонија, а се надевам дека интересот да се учествува ќе биде голем и кај меѓународната јавност.


Впрочем, многу ни значи и вашата денешна посета на која ќе можете да се запознаете со деталите на конкурсот, ќе можат да бидат одговорени прашања околу евентуални нејаснотии, и сево ова не од мене, туку од стручните лица кои се дел од комисијата и се тука присутни. Јас како градоначалник, сакам овој процес да биде целосно ослободен од било какви можни влијанија, сосема транспарентен и чист, и затоа, од самиот почеток, до самиот крај, решив да се изоставам-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, кој потоа, седеше во публиката и ја следеше дикусијата водена од декан на Архитектонскиот факултет-Скопје, Огнен Марина, други претставници на жири комисијата и гостите од Италија и од италијанската Амбасада во Македонија.

Во текот на дискусијата, беа претставени потенцијалите на оваа градска четврт, програмските насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник, како што се постоење на детска градинка, основно училиште, верски објект, урбана парк – шума од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина…


На прашањата од италијанските гости, одговараше деканот на Архитектонскиот факултет-Скопје, Огнен Марина, како и други стручни лица кои се дел од жири комисијата.

Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, е поддржан и од УНДП. Оваа организација ќе даде стручна поддршка, ќе го промовира преку своите меѓународни канцеларии и ќе обезбеди поголема транспарентност преку вклучување на набљудувачи во целиот процес. Сево ова во рамките на проектот со кој ќе се одбележи јубилејот од катастрофалниот земјотрес во Скопје.


Распишаниот Меѓународен конкурс за идејниот лик на Расадник e реобјавeн со неколку измени во насока на олеснување на процесот за конкурирање. Не е поставен лимит за пристигнати трудови, студентите можат да конкурираат без проектантско биро, а конкурсните документи може да се испратат до општината преку електронски медиум (CD или USB). Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани стручни лица и студенти и од Македонија, но и од светот, да дојдат, или да пишат доколку имаат некакво прашање, стручните служби се тука да им помогнат, да им објаснат, се со цел да нема никави администативни бариери кои би можеле да попречат ако некој сака да учествува на овој Меѓународен конкурс. Истиот е отворен до 03 јули 2023.

https://www.biznisvesti.mk/arhitekti-od-italija-zainteresirani-za-izrabotka-na-dup-za-rasadnik/
Carpe diem
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 03-Apr-2023 at 11:03

...." Јас како градоначалник, сакам овој процес да биде целосно ослободен од било какви можни влијанија, сосема транспарентен и чист, и затоа, од самиот почеток, до самиот крај, решив да се изоставам-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, кој потоа, седеше во публиката и ја следеше дикусијата водена од декан на Архитектонскиот факултет-Скопје,... "


Стратешкото повлекување со префрлањето на вина за неуспехот врз друг - официјално започна .


Од почеток на кампањата за локалните избори па до овој момент Градоначалникот на Кисела Вода беше водечката фигура на овој проект. Иако идејата потекна од неформално анти-бетон facebook здружение на аматери , он си ја прифати како главен адут за изборите , и не пропушти ниту еден момент да ја промовира по сите медиуми....

Ако повторениот конкурс трае до јули , разгледувања на трудови за време на годишни одмори е малку веројатно , па ќе фати есен и точно 2 години од добиениот мандат како не е мрднато ни јота од донесувањето на ДУП-от . Пола мандат го однесе водата.

Па ако по некое чудо се случи повторениот конкурс да заврши успешно , нели ќе организираше референдум каде граѓаните на Кисела Вода ќе одлучуваа кое идејно решение највеќе им се допаѓа ... па тек по тие одлучувања веројатно ќе се распише оглас за избор на проектно биро што ќе го изработува ДУП-от.

Проектново биро што ќе се нафати да работи од една страна ќе треба да се "инспирира" гледајќи во уметничката слика на парк шумата од 100 000 м2 од конкурсот а од друга страна ќе треба да ги почитува параметрите зададени во ГУП-от каде основната намена е домување а од трета страна основите на парцелите од Катастар каде сопственоста е приватна со намена градежно неизградено земјиште.Им посакувам многу успешна работа.

Ако по некое второ чудо , и они успешно ја завршат својата работа , тогаш предлог ДУП-от треба да помине низа институции на одобрување каде има конфликт со Градоначалник од Град Скопје и министерства каде на власт е партија спротивставена на онаа од локалнава власт. Значи потребно е трето чудо за предлог ДУП-от да стигне на гласање пред советниците на Кисела Вода да го усвојат.

За успешната реализација на ДУП Ј-14 , Расадник уште сега може да се стави знак на равенство на овој Градоначалник со она на неговиот политички брат близнак од претходноиот мандат,од другана партија , кој на тв рече дека ќе го донел планот ама малку му биле 4 години мандат за тоа .




Edited by Auric.Goldfinger - 03-Apr-2023 at 11:34
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 03-Apr-2023 at 11:36
Добар си е Орце,за асфалтирање уличиња шо не биле асфалтирани 40-50години,онде позади кулата напрајл од камења голи убав паркинг,ама изгледат то му е домето,прегрди згради уште си никнуват на секој чекор,стандард за К.Вода.

Сепак како и што очекував за суштински проблеми,рушење на хоророт Фиком,стопирање на зградосување на општината и конкретно РАСАДНИК немат да имат сила. Премногу голема тегла мед е Расадник за се остајт туку така,премногу прсти имат внатре
Студенти од Италија ќе посветеле еден цел семестар на проучување на расаднико,ај мајката,затоа го поништија конкурсо од Кореа ? Да добие некој Џанфранко 5-6илјади евра ? Јака дупешка немат шо


А најсмешно од се е шо можит на брзина да се реши проблемо со 6-7 облакодери кои убо ќе дојдат паралелно со Џевахир,другото нека биди шума,основно,средно,градинка,црква,трговски шо и да планират,ама не треба 500 души да земат провизии,и на крај пак .!.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 03-Apr-2023 at 11:55
А како може студенти (недипломирани/немагистрирани архитекти) да се пријавуваат на конкурс за идејно решение?
Back to Top
Auric.Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Auric.Goldfinger Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 03-Apr-2023 at 12:12
Originally posted by skopskodete

А како може студенти (недипломирани/немагистрирани архитекти) да се пријавуваат на конкурс за идејно решение?


Веројатно ќе ги почекаме да дипломираат прво.

Исто така , студентите ќе го обработуваат Расадник еден цел семестар , а крајниот рок на повторениот конкурс завршува за три месеца ....
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.150 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.