build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Кичево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Кичево
    Posted: 22-Aug-2012 at 19:59
Слободна економска зона ќе се отвори и во Кичево


Денес беше поставен камен – темелник на новата технолошко – индустриска развојна зона „Кичево“. На вкупна површина од 29,5 хектари, во наредните месеци ќе се уредува просторот на кој се очекува да се лоцираат странски директни инвестиции, воглавно во областа на производствените и услужните дејности. ТИРЗ „Кичево“ ќе се развива во две фази, при што во првата етапа ќе се уредат 13,5 хектари на кои е планирано да се изградат девет индустриски објекти во катастарската општина Србјани. Вториот опфат се протега на 16 хектари во општина Кичево. Проектот предвидува изградба на приклучна инфраструктура кон патот Кичево – Македонски брод и на административен објект во кој ќе биде сместен Царинскиот терминал.

 

ТИРЗ%20Кичево       ТИРЗ%20Кичево

 

„Досега вакви зони се изградени и веќе функционираат во околината на Скопје и Штип. Планирано е да се градат во Тетово, Ранковце, Струга, Прилеп, Гевгелија и тука во Кичево, а наскоро ќе се основаат ТИРЗ во Струмица и Радовиш. Со тоа се покриваат многу деловни подрачја на нашата држава кои се во релативна близина на поголемите градови и најблиските аеродроми, пристаништа и патишта“, истакна во својот говор премиерот Груевски. Според вицепремиерот Владимир Пешевски, досега за изградба на зоните се издвоени 300 милиони евра. Денеска започнатата зона е петта по ред, а владата планира вкупно 11 технолошко – индустриски развојни зони низ целата земја.



#
Објавено на 22.08.2012 во категорија Вести.

Тагови: Административни, Индустриски, Индустриски зони, Инфраструктура, Кичево, Србјани, ТИРЗ Кичево

http://www.build.mk/?p=17991
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Jun-2013 at 17:11
Еве нешто подетално за зонава.

Има ли нешто опипливо на терен? Камен темелник беше поставен пред речиси цела година, досега треба да има што да се види.


Технолошко – индустриска развојна зона Кичево. Можности и карактеристики

Технолошко – индустриска развојна зона Кичево се состои од два поврзани засебни делови кои функционираат како целина.

Предвидени се следните површини:

- Површина за производство, дистрибуција и услуги
- Зона за државни институции – Царински терминал
- Површина за заштитно зеленило
- Површина под улици и патишта
- Површини за комунална инфраструктура



Опфат 1 е составен од три блока на површина од 135.000м2
Блок 1 – 18592m2
Една градежна парцела 9000m2
Блок 2 – 20174m2
Две градежни парцели на површина од 11600m2
Блок 3 – 96210m2
Шест градежни парцели на површина од 62175m2





Опфат 2 е составен од четири блока на површина од 160.600м2
Блок 1 – 16464m2
Две градежни парцели на површина од 10000m2
Блок 2 – 28761m2
Една градежна парцела од 12365m2
Блок 3 – 57979m2
Две градежни парцели на површина од 37300m2
Блок 4 – 36496m2
Две градежни парцели на површина од 36495m2






УСЛУГИ  на Инвест Македонија

Инвест Македонија е примарна владина институција за поддршка на странски инвестиции во Република Македонија. Нашата мисија е да се освојат нови инвестициски проекти во Македонија и поддршка на проширување на постојните бази на странските компании во земјата.
Нашата порака за странските инвеститори:
- Помош за решавање на сите прашања кои се важни за вас и за успехот на вашиот проект.
- Помош при процедури кај национални и локални Државните органи да се забрзаат одобренијата, каде што е потребно, за да се овозможи брзо започнување на вашите операции.
- Помош при изнаоѓање соодветни партнери во рамките на земјата со кого можете да отворите истражувачки дијалог.
- Ефикасна и професионална услуга
- Строга доверливост. Чувствителни комерцијални информации во врска со вашата компанија и проектот ќе бидат третирани од страна на нашите вработени со најголема доверливост на сите времиња.


УСЛУГИ  на Општина Кичево

- Помош за решавање на сите прашања кои се важни за вас и за успехот на вашиот проект.
- Помош при процедури кај национални и локални Државните органи да се забрзаат одобренијата, каде што е потребно, за да се овозможи брзо започнување на вашите операции.
- Доколку е потребна помош при изнаоѓање соодветни партнери во Кичевскиот регион со кого можете да отворите истражувачки дијалог.
- Организирање и реализација на обуки за преквалификација и доквалификација на кадри




Дозволи за градба

Инвеститорите се ослободени од плаќање на надоместоци за дозволи за градба. Исто така, Дирекцијата за ТИРЗ ги врши сите процедури за добивање на оваа дозвола. Законот за градење го уредуваат прашања во врска со изградба, реконструкција, адаптација, одржување на изградба, подготвителни работи, прелиминарни работи, изградба на сајт и основните услови за градба (стабилност, заштита од пожар, и грижа за животната средина, заштита од бучава, безбедност итн.).

Законот категоризира згради во пет групи:

1. Станбени куќи, приземје на комерцијални објекти, како и пред-опремени објекти;

2. Станбени и деловни објекти до три спрата, згради за трговија на мало, трафостаници до 10 КВ и други;

3. Училишта, спортски објекти, медицински центри, угостителски објекти, деловни и станбени објекти, локални патишта, хидроцентрали до 2 MW/h, системи за водоснабдување, комунални депонии;

4. Владини објекти, регионалните патишта, хидроцентрали помеѓу 2 и 10 KW/h, долги електрични водови до 110 kV; и

5. Нуклеарни објекти, електрани на пареа, телекомуникациски системи, нафтоводи, автопати, хидроцентрали централи со моќност над 10 MW/h, долги електрични столбови над 110 КВ.

За првите три категории, одобрението се издава од страна на градоначалникот на соодветната општина, а за другите две категории на одобренија се издаваат од страна на надлежните од владината агенција.



Слободните економски зони и технолошки паркови

Од февруари 2007 година беа воведени нови прописи за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) со цел да се стимулира воспоставување на центри во кои се концентрирани високо продуктивни производни активности и нови технологии.

Во Македонија се нуди одличен спектар на стимулации за проекти развиени во ТИРЗ.

Владата посебно внимание посветува на производните активности, активности од областа на ИТ област (софтвер создавање, хардвер монтажа, дигитална снимка, компјутерски чипови и слично), научно истражувачка дејност и нови технологии со високи еколошки стандарди, за што се предвидени дополнителни бенефиции во рамките на ТИРЗ . Инвеститори во ТИРЗ кои ги вршат овие активности, се ослободени од обврската за поднесување на гаранција како обезбедување за секои царински долгови.

Поволности за инвестирање во слободни економски зони и технолошки паркови

Ø                 Не вклучува корпоративен данок за 10 години, 10% потоа

Ø                 5% персонален данок на доход за 5 години, 10% потоа

Ø                 Не вклучува ДДВ и царина

Ø                 Слободна врска до водоводнен природен гас, електрична енергија, вода и канализација

Ø                 Непосреден пристап до главниот меѓународен аеродром, железничка пруга и патни коридори од витално значење

Ø                 Посебни поттикнувања за водечки мултинационални компании да се вклучат трошоците за обука и до € 500,000 кон градење на трошоците

Ø                 Закуп на земјиштето до 75 години по атрактивни концесионер стапки

Ø                 Нема цена за градежни дозволи

Ø                 Пакет за прифатливи инвеститори ќе биде одобрен во рок од 10 работни дена

http://kicevo.mk/tir-zona-kicevo/



Edited by Cloverstack - 26-Jun-2013 at 17:18
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Jun-2013 at 20:00
често поминувам на 500 метри од зоната(соседното село е тоа од кај што ми е фамилијата),гледам некои багери работат,но од патот не е видливо ништо.сепак убаво ме потсети,ќе ги посетам некоја ден и ќе направам некоја слика
Back to Top
pfc View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 27-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote pfc Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Jun-2013 at 21:49
500 метри од зоната(соседното село е тоа од кај што ми е фамилијата)
Од Карбуница или од Доленци?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Jun-2013 at 23:03
Србјани бе човече.најславното село во околината.Еден од србјанчаните на времето на патоказната табла стави штица со назив `ЛУДАКОВО` .И сега нас така не викаат,дека сме малку......
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-May-2014 at 20:59
Почна изградба на фабрика за биогас во Кичево

Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево попладнево почна изградбата на фабрика за производство на биогас, инвестиција на кичевчанец на привремена работа во Швајцарија.

Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра. На свечениот чин на поставување на камен-темелникот присутен беше и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

- Поставувањето на камен-темелникот за оваа фабрика покажува дека се движиме во добра насока и дека развојот на општината ќе се движи со брзи чекори. Ваквите капацитети покрај што придонесуваат за екологијата се значајни и за развојот на економијата, бидејќи во фабриката ќе се вработат многу луѓе со што ќе се намали невработеноста во Кичево и пошироко, рече Дехари.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-May-2014 at 21:04
некој ме претрка

Печалбар во Швајцарија гради фабрика за биогас

Во индустриската зона Иванидол-2 почна изградбата на првата фабрика за биогас во Кичево, приватна инвестиција на наш гастарбајтер во Швајцарија, од кичевското село Жубрино



Новата фабрика ќе има дневен капацитет на преработка од 25 тони биоразградлив отпад, од кој преку системот на Дигестори ќе се добиваат околу 3 000 метри кубни биогас на ден, кој може да се користи за различни цели.

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

- Новата фабрика е само првиот чекор кон се позабрзаниот развој на Кичево и регионот. Придобивките од изградбата на овој капацитет ќе бидат како еколошки исто така и економски. Бидејќи покрај тоа што ќе се вработат поголем број невработени лица, од оваа фабрика ќе добиваме чиста енергија, која како суровина ќе користи повеќе видови отпад-рече градоначалникот, Дехари.

Инвеститорот на оваа фабрика Фаик Шерифи, во новоизградениот капацитет ќе вложи милион евра сопствени средства. Негова желба е искуствата од долгогодишната работа во Швајцарија да ги имплементира и на овие простори.

- Бидејќи сум полни 40 години во Швајцарија и имав можност да видам над 30 фабрики за биогас и затоа одлучив нивните искуства да ги применам и во нашата земја.Со оваа фабрика може сите да добијат, бидејќи ќе произведува чиста енергија а во исто време ќе ангажира поголем број лица - рече Фаик Шерифи сопственикот на новата фабрика.

Новата фабрика ќе биде готова до крајот на месец септември.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=34818
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Nov-2014 at 11:23
ТИРЗ Кичево, 25.11.2014





Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Dec-2014 at 16:04










Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Jan-2015 at 13:14
Ќе се потпише договор за реализација на инвестицијата на Кey Safety Systems

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на американската компанија КСС.

По средбата ќе следува потпишувањето на договорите за реализација на инвестицијата, и изјави на претставниците на американската компанија КСС и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Настанот ќе се одржи во Владата на Република Македонија.

http://press24.mk/kje-se-potpishe-dogovor-za-realizacija-na-investicijata-na-key-safety-systems
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Jan-2015 at 15:41
Американската компанија КСС ќе гради фабрика во Кичево – ставен е потпис на договорот

https://www.youtube.com/watch?v=DXF9OFa4Ofk&x-yt-ts=1421828030&x-yt-cl=84411374#t=34

Шкода и Фолксваген ќе ги добијат првите производи од Ки Сејфти Системс. Американската компанија најдоцна за три недели започнува со изградбата на производствениот погон во технолошко индустриската развојна зона во Кичево. КСС и ТИРЗ денеска во Владата го потпишаа договорот за реализација на инвестицијата, а претставниците на компанијата се сретнаа и со премиерот Груевски. Објектот треба да биде готов во втората половина на ноември и да се реализираат 1000 вработувања.      

„Заинтересирани сме за соработка со локалните компании, објектот треба да биде готов во последниот квартал од 2015 година. До крајот на годинава се планираат 300 вработув ања, во 2016 бројот ќе се зголеми на 600 до 700 , а подоцна ќе стигне и до 1000 враб отув ања“ изјави Џим Скарпа, заменик претседател за глобално производство на КСС.

Во моментов во Кичево КСС има браунфилд инвестиција во постоечки објект во центарот на градот, а 10 работници се наоѓаат на обука во Романија.
„Се ќе биде готово во втората половина на ноември, сега се произведува пробно производство во центарот на Кичево. ОДВ електрик и Капкон се добавувачи на КСС, а компанијата имаше влијание при донесувањето на одлуките за тие компании да инвестираат   кај нас. Првото производсто на КСС ќе биде наменето за Шкода и Фолксфаген“ изјави Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Новиот објект ќе се прострира на 13 илјади и 600 метри квадратни . Од КСС информираат дека наскоро започнуваат со втората фаза од вработување, а им се неопходни искусни оператори, техничари и инженери, а сите заинтересирани ќе можат да се пријават на оваа адреса macedonia@keysafetyinc.com . КСС произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника. Има 34 фабрики во 12 земји.

Edited by Navigator - 21-Jan-2015 at 15:42
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Jul-2015 at 17:19
Почнува со работа фабриката на КСС во Кичево



Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во средата започна со реализација на инвестицискиот проект за изградба на фабрика во ТИРЗ Кичево, која се наоѓа во селото Србјани.

На свеченоста присуствуваа премиерто Никола Груевски, министерот за економија Беким Незири, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и директорот на „Ки Сејфти Системс“ за Македонија, Богдан Петрута.

„Девет полни години траеа преговорите со оваа компанија и денеска со посебно задоволство можам да констатирам дека во Кичево, по долг застој, успеавме да донесеме компанија со светско реноме, која во наредниве две години ќе вработи околу 1.000 лица, што е од особена важност за населението во регионот“,рече Груевски .

Оваа американска компанија се занимава со производство на воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника има 34 фабрики во 12 земји. Во Македонија стартуваше во браунфилд објект во центарот на Кичево, а со почетна инвестиција од 20 милиони долари ја започна изградбата на фабрика за производство на воздушни перничиња за светски марки на автомобили во зоната во Кичево.

„Од аспект на економски раст особено е значаен податокот што на годишно ниво извозот од компанијата ќе биде меѓу 50 и 60 милиони долари. Само да потсетам, минатата година извозот само од слободните економски зони изнесуваше над 1 милијарда евра, што е раст од 54% во споредба со 2013 година, додека во првите пет месеци од оваа година само од слободните економски зони имаме извоз од 553 милиони евра, а во месец мај извозот од зоните изнесуваше 120 милиони евра. ТИРЗ Кичево и инвестицијата на американската компанија ’Ки Сејфти Системс’ се уште еден доказ дека политиките во насока на зголемување на инвестициите се правилно насочени“, рече министерот Незири.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо потсети дека со поставувањето на камен темелникот во ТИРЗ Делчево за заокружи проектот за функционирање на 14 зони, со цел за рамномерен економски развој. „Паралелно со изградбата на оваа фабрика се привршува изградбата на ТИРЗ Кичево. Зоната е со површина од 3 хектари, ја сочинуваат 9 градежни парцели, од кои 7 се наменети за производни и услужни дејности, а ќе биде функционална до крајот на октомври“, изјави Мизо.

Директорот на „Ки Сејфти Системс“ за Македонија, Богдан Петрута го изрази своето задоволство од денешниот настан, кој ќе значи нова успешна инвестициска приказна за оваа американска компанија.

„Со гордост можам да кажам дека заедно изградивме бизнис кој започна во постојниот објект во градот Кичево, каде ќе функционираме до изградбата на фабриката. На постојните три линии веќе вработивме 72 лица од Кичево, а само оваа година во новата фабрика ќе бидат отворени над 300 работни места“, рече Петрута.

Извор
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Mar-2016 at 13:55
Американската компанија Ки Сејфти Системс (КСС) денеска почна со производство во фабриката во слободната економска зона во Кичево.



Во новиот производствен капацитет годишно ќе се произведуваат три милиони воздушни перничиња за автомобили и се очекува годишен извоз од 70 милиони евра. Вкупната инвестиција на КСС во износ од 15 милиони евра треба да отвори вкупно 1.000 работни места.

Американската компанија, која почна со производство како браунфилд инвестиција во центарот на Кичево, по стартните 20 вработувања, моментно има ангажирано 230 работници.

Раководството на компанијата на пуштањето во употреба за до крајот на годината најави 700 работни места, а до крајот на следната илјада.

Во периодот од 2014 до 2017 КСС ќе инвестира приближно 15 милиони евра во погонот во Македонија. Еднакво импресивна е бројката на работни места што ја создаваме. До крајот на 2015 имавме 153 вработени, до крајот на годинава ќе имаме приближно 700, а до крајот на 2017 година илјада вработени. Со овие вработени ќе произведуваме приближно три милиони парчиња годинава и шест милиони во 2017 година, рече Рауф Гаспари, претставник на КСС.

За нашите производи, додаде, од витално значење е непрекинато да се исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и ќе ја вклучиме македонската фабрика во развојот на вакви производи.

Со официјалното отворање на нашиот нов погон КСС прави голем чекор кон подобрување на конкурентноста. Производите што ги произведуваме се едни од двете клучни компоненти што се користат за производство на воздушни перничиња. Овие компоненти досега беа купувани од сестринските компании или од надворешни добавувачи од кои најголем дел имаат свои фабрики на другите континенти, наведе Гаспари.

КСС е компанија со седиште во предградието на Детроит присутна на 34 локации во 12 држави со над 10.000 вработени. Во погонот во Кичево ќе произведува воздушни перничиња, а првото производство од Македонија ќе биде наменето за реномирани производители на автомобили како „шкода“, „фолксваген“, „тојота“, БМВ, „порше“, „јагуар“… На годишно ниво извозот од компанијата ќе изнесува околу 70 милиони ера, рече Мизо.

Цел текст
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Sep-2017 at 15:55
Originally posted by Srdjan Adamovic;142330710

Изградба на внатрешна и надворешна инфраструктура на ТИРЗ Кичево








link


Edited by Џоле - 14-Sep-2017 at 15:56
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-May-2023 at 12:40
Во Кичево ќе се произведуваат делови за електрични батерии за автомобили – потпишан договор за инвестиција во вредност од 40 милиони евра

Следната година ќе почне производство на електрични батерии за автомобили во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Кичево. Белгиската компанија „Авеста батери енд енерџи инженеринг“ (АБЕЕ) ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево.

Договорот за инвестицијата, во вкупна вредност од 40 милиони евра, со која ќе бидат отворени 600 работни места, денеска го потпишаа директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Нешин Омар.

„Станува збор за брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии. Севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто-плата ќе изнесува 1 500 евра. Просечната возраст на вработените во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од целиот свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе. Ова е компанија која е активна во индустријата на 21 век, на електрични возила“,рече Деспотовски.

Според Деспотовски, инвестицијата има голема додадена вредност, а се очекува државната помош што ќе ѝ се даде на компанијата да се врати за четири-пет години, само врз основа на придонеси.

За сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Ношин Омар, овој проект претставува клучна и пресвртна точка во стратегијата за експанзија на АБЕЕ.

„Авеста батери енд енерџи инженеринг“ во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на батериски менаџмент-системи (БМС) и системи за енергетска електроника. Производниот капацитет на компанијата ќе биде 300 000 единици годишно. Дополнително, оваа компанија планира да развие и нов спектар производи кои ќе го прошират портфолиото на производи на АБЕЕ.

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот, рече дека со оваа инвестиција во Кичево во сите фази ќе бидат отворени 600 работни места, а тоа ќе значи намалување на миграцијата и отворање нови висококвалификувани и високоплатени работни места, не само за локалното население туку и за целата земја

https://360stepeni.mk/vo-kichevo-ke-se-proizveduvaat-delovi-za-elektrichni-baterii-za-avtomobili-potpishan-dogovor-za-investitsija-vo-vrednost-od-40-milioni-evra/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.