build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Јане Сандански

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар Јане Сандански
    Posted: 03-Apr-2012 at 17:47
Градот Скопје денеска распиша оглас за првата фаза од реконструкцијата на булевар Јане Сандански, на потегот од раскрсница со бул. Србија до ул. Васко Карангелевски.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jun-2012 at 20:00
Започна реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Булевар%20Јане%20Сандански


Градот Скопје денеска ја започна најавуваната реконструкција на булеварот Јане Сандански во општина Аеродром, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата кај ресторанот „Мекдоналдс“ близу трговскиот центар „Бисер“. Иако најавувана до улицата Васко Карангелески, локалната власт се одлучи овој сегмент од булеварот да го обнови во втората фаза од реализацијата на овој проект, за која веќе е распишан тендер. „Сообраќајницата на овој потег ќе се реконструира во должина од околу 700 метри, во двете насоки. Во текот на градежните работи на булеварот Јане Сандански ќе се изгребе постојниот оштетен асфалтен слој, а каде што има потреба ќе се засили подлогата. На површина од 21.200 метри квадратни ќе се нанесе нов асфалтен слој од Сплит Мастикс, кој дава дополнителен квалитет на асфалтот“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

 

На одредени делови од булеварот ќе се санираат тротоарите и ќе се нивелираат 40 шахти и сливници, а оштетените рабници ќе се заменат со нови. Рокот за изведба е 60 работни дена. Градежните активности на терен ќе ги врши оперативата на претпријатието „Гранит“ од Скопје. Во претстојниот период се очекува избор на најповолен понудувач кој ќе ја изведува реконструкцијата на овој булевар до крстосницата кај „Мајчин дом“.


#
Објавено на 29.06.2012 во категорија Вести.

Тагови: Булевар Јане Сандански, Булевари и улици, Градска инфраструктура, Гранит, Инфраструктура, Скопје

http://www.build.mk/?p=16446

Edited by Cloverstack - 25-Aug-2012 at 02:34
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Jul-2012 at 19:41
Некој да не забележал каде е механизацијата на Јане Сандански, или пак ја има класичната македонска работа да се означи почеток на работите на некој проект во ден кога нема што друго да се фали на тв, а уствари целата работа да започне тек после неколку денови/недели.
23ka.wordpress.com
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Aug-2012 at 23:50



Градот Скопје ќе ги искористи летните месеци за обнова на коловозот на булеварот Јане Сандански во општина Аеродром. Од буџетот за оваа година се обезбедени финансиски средства за реализација на првата фаза од реконструкцијата на една од главните сообраќајници во градот, и тоа на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелевски кај „Мајчин Дом“, во должина од околу 900 метри. Градежните работи предвидуваат целосна промена на стариот со нов асфалт на коловозот. Компанијата „Гранит“ од Скопје е избрана да ги изведува работите по спроведениот тендер, на кој учествуваа пет компании и кој се распиша по втор пат, по првичното неуспешно спроведување во текот на април годинава.

Изведбените активности на терен ќе се одвиваат во текот на претстојното лето, планирано е да траат три месеци и да завршат до крајот на август. Од градската каса за овој проект на „Гранит“ ќе му се исплатат 29.224.993 денари или околу 475.000 евра. На целосна реконструкција на булеварот Јане Сандански скопјани ќе почекаат до наредната година, бидејќи финансиски средства за втората фаза од проектот не се предвидени во годинешниот буџет.


______________________________

Моментална состојба се работи на 2 од трите ленти:


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Aug-2012 at 23:58

Последниот пат кога поминував од тука, а тоа е пред два дена... Ситуацијата беше следна:

Во насока Бул. Србија - McDonald's : 

- две од три ленти, односно крајната десна и средната им беше нанесен еден слој асфалт, со што останува уште еден да се нанесе.

- левата лента сеуште не е изгребан асфалтот и претпоставувам тоа ќе се случи кога ќе се асфалтираат целосно другиве две

Во насока McDonald's - Бул. Србија:

Изгребани се идентично како и во спротивната насока две ленти, но тука сеуште не беше завршено со гребење...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Jul-2014 at 08:13
Каде заврши ветувањето за целосна реконструкција на булеварот Јане Сандански? Колку што се сеќавам, овие зборови доаѓаа од администрацијата на Град Скопје.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Jul-2014 at 19:13
изгледа никогаш нема ни да се случи...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Jul-2014 at 00:43
Originally posted by BOJAN

Каде заврши ветувањето за целосна реконструкција на булеварот Јане Сандански? Колку што се сеќавам, овие зборови доаѓаа од администрацијата на Град Скопје.
отсекогаш за голема иронија го сметам фактот шѕо единствената делница која се реконструираше, беше исто така и најздравата, ама затоа па се наоѓа во најпрометниот дел од населбата Roll%20eyes
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Jul-2014 at 08:52
Originally posted by zabegan


Originally posted by BOJAN

Каде заврши ветувањето за целосна реконструкција на булеварот Јане Сандански? Колку што се сеќавам, овие зборови доаѓаа од администрацијата на Град Скопје.
отсекогаш за голема иронија го сметам фактот шѕо единствената делница која се реконструираше, беше исто така и најздравата, ама затоа па се наоѓа во најпрометниот дел од населбата Roll%20eyes


Значи да резимираме, ветен проект, со започната реализација, нешто завршиле, останатиот дел од булеварот останал нереконструиран. Кога бев пред некој ден забележав поприлично големи дупки крпеници кај МекДоналдс, што сигурно значи дека тоа не е санирано.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Mar-2015 at 18:28
Ако не се реконструира, по „Јане Сандански“ ќе се поминува само на магариња

Оштетениот асфалт и дупките по целата сообраќајница на булеварот "Јане Сандански“ се пречка за нормално движење на жителите од општината Аеродром. Тие се жалат дека ги искршиле возилата на дупките, а од надлежните бараат што поскоро булеварот да биде реконструиран. Од Градот велат дека оваа сообраќајница е една од најважните во Скопје, а реконструкцијата кон железничката станица се планира да продолжи годинава, но ќе се одвива фазно.



повеќе на линкот: media.mk
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Mar-2015 at 18:49

колку време не е преслечен булеваров, чинам некаде меѓу 2005 и 2008 беше последен пат напудрен

та бар 10 години да потрае, веројатно кабает имаат тендерите кои влечат ефтини понуди но со тоа и килави изведби

ко цунами да поминало на фоткава
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Mar-2015 at 18:53

баш кај што е фотографирано на линков горе, има една многу јака дупка точно на средина на улицата, што на некој ќе му искине гуми некој ден... а Јане Сандански е прилично проточен булевар каде што дури и во шпицови се вози со најмалку 60 км/ч
ако не сакаат да го реконструираат сериозно булеварот, барем нека ги закрпат овие дупки привремено, за тоа барем не се потребни „фази“

најиорнично од целава приказна е што единствениот дел од булеваров што се реконструираше, всушност беше најчитавиот дел...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Mar-2015 at 18:58
Се сеќавам за овој булевар пишував пред 2-3 години. И по толку време, пак истата приказна. Ветувања и само ветувања. Секој ден Град Скопје да го бомбардираш со прашања, па пак нема ништо да се промени.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Mar-2015 at 19:38

чекај а зошто не се повикаш на закон за пристап на информации, односно после 40 дена молк апропо писмено прашање, можеш да реагираш до Комисијата http://www.komspi.mk/?page_id=32 [1] но оди за секое прашање до архива кај нив земи си бројче за да можеш после да ги тимариш кај комисијата

ГИ ЗНАЕТЕ ЛИ ВАШИТЕ ПРАВА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
ГЛАВА 1

1. Зошто имате право на слободен пристап до информации од јавен
карактер?
• Правото на слободен пристап до информации од јавен
карактер, со кои располагаат јавните органи, е едно од
основните човекови права. Слободниот пристап до
информации е и алатка во борбата против корупцијата и
погрешното работење на властите и носителите на јавни
овластувања.
• Граѓаните преку слободниот пристап всушност ги
контролираат постапките на органите кои тие ги
финансираат(1), и ги оценуваат работите кои се од нивен
интерес.
• Правото на пристап до информациите кои ги поседуваат
јавните органи, познато е и како право да се знае, во
последниве десетина години е распространето во сите
региони од светот.
• Законот за слободен пристап до информации од јавен
карактер, Собранието го изгласа во јануари 2006 година
(„Сл. весник на Р.М. бр.13., 01.02.2006), а неговата примена
започна од 01.09.2006 година. Овој Закон ги одредува
правилата за пристап до информации од јавен карактер.

ГЛАВА 2
1. Каква цел следите користејќи го ова право?
• Да се обезбеди јавност и отвореност во работењето на
јавните институции, се со цел да му се овозможи на секого од
Вас, како физичко и правно лице, да си го остварите правото
на слободен пристап до информациите од јавен карактер, а
органот за својата работа е должен да обезбеди
информираност на јавноста. (член 2, став 1 и 2)
_____________________________________________________________
1) Секоја информација создадена од државен орган, институција, правно или физичко лице кое
врши дејност од јавен интерес и користи буџетски средства е информација од јавен карактер. Пр.
Буџетот на Р.М. се финансира од вашиот денар (преку плаќањето на даноци и др.), оттука вие имате
право да добиете информација како истиот се троши од страна на државните органи и институции.2. Кои се имателите на информации од јавен карактер?
• Иматели на информации од јавен карактер се органите на
државната власт(2) и други установи и институции утврдени со
закон, органите на општините, Градот Скопје и општините во
Градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија,
како и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и
дејности, утврдени со закон. (член 1, став 1 и член 3)
3. Кој има право да бара информација од јавен карактер?
• Секој има право на пристап до информациите, без да му
биде оневозможено правото по било која основа (верска, расна,
полова), а баратели може да бидат и странски правни и физички
лица (член 3 и 4, став 1 и 2). Јавните институции имаат должност
на граѓаните да им го овозможат тој пристап. Ова право е
загарантирано и во Уставот на Р.М. (член 16, став 3),
4. Што можете да барате!
• Имате право да добиете информации од јавен карактер со
кои располага секоја институција, со јавни овластувања, како и
од правни и физички лица кои вршат јавни овластувања.(член 3)
5. Имате право да побарате прием кај службеното лице!
• Секој имател на информации е должен да определи едно
или повеќе лица кои ќе Ви помогнат во остварувањето на Вашето
право на слободен пристап до информации. Службеното лице ќе
Ви помогне при поднесувањето на барањето за што мора да води
и посебна евиденција за примените барања за информации, нивно
чување и давање на информациите. (член 8, став 1 и 3)

ГЛАВА 3

1. Имате право на слободен пристап до информациите од јавен
карактер на следните начини!
- усно
- писмено
- по електронски пат (член 12, став 1):
___________________________________________________
2) Власта во Р.М. е поделена на : законодавна (Собрание на Р.М., Советот на општината), извршна
(Владата, министерствата и другите органи утврдени со Закон за Влада) и судска (Врховен ,Уставен
суд, Јавно обвинителство, Јавно правобранителство, Основните судови, Народен правобранител)
власт. • Ако на Вашето усно барање имателот одобри пристап до
бараната информација, веднаш, а најдоцна за десет дена, треба
да Ви овозможи да се запознаете со содржината на бараната
информација.
• Доколку, Вашето барање го поднесете писмено до
имателот на информацијата (член 12 и 14), рокот за добивање на
одговор по вашето барање изнесува 30 дена, од денот кога сте го
поднеле барањето. Сепак, овој рок може да се продолжи за 10
дена, па тој да изнесува 40 дена, и тоа од две причини (член 21 и
22):
- за да се овозможи делумен пристап; или
- поради обемност на бараниот документ
При поднесувањето на писменото барање имате право да го
побарате образецот кој ќе го добиете кај службеното лице.
Доколку го нема писмено барање може да напишете на обичен
лист хартија, меѓутоа во него треба да потенцирате дека станува
збор за барање за пристап до информација од јавен карактер.
• Законот предвидува барањата да можете да ги поднесувате
и по електронски пат. (член 15, став 2)
Забелешка: Треба да знаете дека увидот во бараната информација
во принцип е бесплатен. За добиениот препис, документ,
фотокопија или електронски запис на информацијата која ја
барате, ќе платите надомест во висина на материјалните трошоци,
утврдени со Одлука на Владата на Р.М („Службен весник на Р.М.„
бр. 13/06). Ценовникот за надоместокот е објавен на веб страната
на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до
информациите од јавен карактер: sinf.gov.mk во линкот:
„Документи на Комисијата„.

2. Имате право од службеното лице за посредување со информации
од јавен карактер да барате:
• На Вас, како на барател, имателите на информации од
јавен карактер се должни да Ви обезбедат слободен пристап до
информации во посебно определени простории (канцеларија) за
да можете да имате увид во бараните информации, а службеното
лице е должно да Ви укаже помош при барање на информации
од јавен карактер. (член 11) • Доколку бараната информација не ја поседува иамтелот на
информацијата каде сте го поднеле барањето, имате право
службеното лице да Ве упати во институцијата која го поседува
бараниот документ од Ваша страна.

ГЛАВА 4
1. Во кои случаи Вашето барање имателот на информации може да
го одбие?
• Доколку се работи за:
- Класифицирана (заштитена или тајна) информација;
- информација која би значела повреда на заштитата на
личните податоци;
- информација за архивското работење која е утврдена како
доверлива;
- информација се повредува доверливоста на даночната
постапка;
- информација стекната или составена за истрага, кривична
или прекршочна постапка;
- информација, што се однесува на комерцијални и
економски интереси;
- информација од документ што е во постапка на
подготвување кај имателот на информации;
- информација за заштита на животната средина;
- информација која ги загрозува правата од индустриската
или интелектуалната сопственост. (член 6)
• Доколку, Вашето барање е исклучок од слободен пристап
до информации, за да биде одбиено треба да помине тест за
јавен интерес (тест во три дела), кој ќе обезбеди
аргументирани одговори на три прашања:
- Исклучокот мора да биде утврден со закон, а не со
интерен акт;
- Ако со пристапот се овозможи суштинска штета за
заштитената цел;
- Штетата што би се нанела на заштитената цел мора
да биде поголема од интересот на јавноста да ја има
таа информација.
• Барањето може да Ви биде одбиено и според Законот за
заштита на личните податоци и Законот за класифицираниинформации, но и во тој случај се спроведува тест за јавен
интерес (тест во три дела).
Забелешка: Ако јавниот интерес да се знае информацијата е
поголем, имателот на информацијата мора да Ви даде
пристап до истата.

ГЛАВА 5
1. Имате право на жалба, доколку Вашето барање за слободен
пристап до информации е одбиено!
• На решението кое сте го добиле, а за кое сметате дека не е
во согласност со Законот, или кога од имателот во законскиот
рок не сте добиле одговор на Вашето барање, Вие како барател
може да поднесете жалба.
2. До кого ја поднесувате жалбата и во кој рок?
• Жалбата треба да ја предадете до имателот на
информацијата. Жалбата можете да ја доставите и до
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до
информациите од јавен карактер. (член 28, став 1-4)
• Рокот за поднесување на жалба против решението со кое
се одбива Вашето барање, е 15 дена, од денот кога сте го
примиле решението. (член 28, став 1)
• Комисијата, по Вашата жалба решава во рок од 15 дена од
денот кога ќе ја прими жалбата. (член 28, став 3)
3. Имате право на тужба:
• Решенијата на Комисијата се конечни, но како барател
имате право на тужба (да поведете управен спор), против
решението на Комисијата. Тужбата ја поднесувате до
Врховниот суд на Р.М, кој е надлежен да постапува по истата
според одредбите на Законот за управните спорови.
• Тужбата против решението на Комисијата можете да ја
поднесете сами или преку полномошник.

ГЛАВА 6
• До Комисијата, можете да се обратите и за правна помош,
доколку некои процедури и прашања Ви создаваат дилема и се
се нејасни. Седиштето на Комисијата е на бул. „Гоце Делчев„
б.б ( во зградата на МРТВ), на 14-ти кат или на телефоните:
(02) 3118-038 и 3115-659. На веб-страната: www.sinf.gov.mk,
ќе ги добиете потребните информации• За бесплатна правна помош за пристап до документи од
јавен карактер можете да се обратите и до „Македонското
здружение на млади правници„. Адресата на која можете да се
обратите е: бул.„Партизански одреди„ бр.7/6 Скопје, и на
телефон: (02) 3220-870.
ПРИЈАВЕТЕ ДО КОМИСИЈАТА:
• Ве молиме, до Комисијата да ги пријавите сите
незаконитости кои можат да Ви се случат при барањето на
документ од јавен карактер:
- Ако Ве известат дека имателот нема назначено службено
лице;
- Доколку имателот на информации од јавен карактер нема
обезбедено простории во кои Вие како барател би можеле
да имате увид во бараните информации;
- Доколку службеното лице не Ви укаже помош при
поднесување на барање за пристап до информации од јавен
карактер, Комисијата во такви случаи може да ги активира
казнените одредби според членовите 42 и 43 од ЗСПИЈК;
- Доколку не Ви ја дадат на увид листата на информации од
јавен карактер со која располага имателот до кој сте се
обратиле;
- Доколу за дадената информација или документ Ви
побараат паричен износ поголем од предвидениот со
Правилникот;
- Ваше право е да побарате од службеното лице да Ви издаде
потврда дека Вашето барање го примил и под кој архивски
број го завел во архивата на институцијата каде сте го
поднеле барањето;
- Доколку имателот на информацијата одбил или не го
применил тестот за јавниот интерес (тест во три дела) за
документ кој спаѓа во исклучок од слободен пристап до
информации;
- Доколку имателот Ви даде одговор на барањето со кој го
одбива пристапот до бараната информација, Ваше право, а
негова должност е да барате од имателот да изготви
Решение за одбивање. (член 20, став 1 и 2)

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Apr-2015 at 17:58
Едната лента од булеваров во Ново Лисиче е затворена зашто се гради канализацијата за Сончев Град. Се израдував кога видов ископани дупки и машини, мислејќи дека ќе го реновираат асфалтот, но испадна дека за друга работа биле донесени. Како и да е, еве добра можност да се обнови и асфалтот.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Jun-2015 at 08:53
По три години продолжува реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Градот Скопје бара градежна компанија што ќе ја изведе втората фаза од реконструкцијата на булеварот Јане Сандански, на потегот од булеварот Србија до раскрсницата со улицата Васко Карангелевски. Зафатот се реализира по три години од иницијалната санација на коловозот на дел од оваа важна сообраќајница во општина Аеродром. Делницата чија реконструкција претстои, во моментов се наоѓа во лоша кондиција, со оштетен асфалт и дупки на коловозот, на кои им е неопходна итна санација.



Градските власти проценуваат дека вредноста на овој проект ќе изнесува околу 320.000 евра. Градежните компании што имаат интерес да учествуваат во овој проект треба да ги достават своите понуди најдоцна до 22 јуни. Во летниот период од 2012 година беше остварена рехабилитација на коловозот на булеварот Јане Сандански, која беше спроведена од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата кај некогашниот ресторан „Мекдоналдс“.

http://www.build.mk/?p=44667
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Aug-2015 at 19:15
Наскоро започнува гребењето. Машините се уште од вчера или завчера донесени и се паркирани на самата автобуска станица спроти стар мекдоналдс. 
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Aug-2015 at 15:13
Реконструкција на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“



Почна реконструкцијата на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“, во Општина Аеродром, на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“, во должина од 475 метри.

„Во текот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ ќе се отстрани постојниот оштетен асфалтен слој, ќе се нивелираат 37 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, на местата каде што ќе се јави потреба ќе се обнови и носечкиот слој, по што на коловозот ќе се нанесе нов асфалтен слој `Сплит Мастикс` од еруптивно потекло на површина од околу 9.000 квадратни метри. Во текот на градежните работи ќе се обнови дел и од велосипедската патека од двете страни на булеварот“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски изјави дека ова е уште една потврда дека добрата соработка со Град Скопје дава позитивни резултати за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што станува збор за исклучително фреквентен булевар.

„Нашата соработка во изградбата на сообраќајната инфраструктура ќе продолжи и во наредниот период, а Општина Аеродром исто така го искористи летниот период за реализирање на поголем број на проекти на улиците кои се под општинска надлежност. Така, неодамна во употреба беше пуштена новата улица „Анастас Митрев 3“ во населбата Мичурин, а започна и реконструкцијата на улицата „Горно Лисиче“ на потегот со вкупна должина од околу 1,7 километри“, изјави градоначалникот Коневски.

На втората фаза од проектот за реконструкција на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе работат екипите на градежната компанија „Ескаватори – МК“, каде инвеститор е Градот Скопје кој за овој зафат ќе потроши околу 17,2 милиони денари.

Во текот на реконструкцијата на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради што апелираме граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

http://denar.mk/89263/ekonomija/rekonstrukcija-na-del-od-kolovozot-na-bulevarot-jane-sandanski
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Aug-2015 at 17:33
Откако беа изгребани два од трите слоја на асфалтот во насока кон центар денес се асфалтираше дел од раскрсницата која беше изгребана во едната насока и се гребеше третиот слој околу автобуската станица. Оштетените рабници се заменуваа вчера и денес ,а истото ќе продолжи и утре. Мислам дека до сабота ќе имаме барем еден слој нов асфалт во оваа насока (мислам на вториот слој) а после празникот и завршниот слој.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Sep-2015 at 19:05
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.