build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Hotel Ibis Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 28-Feb-2015 at 19:20
Оваа архитектура ќе беше совршена за Скопје.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1556
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 01-Mar-2015 at 17:24
Ова со велосипедите е одлично!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 02-Mar-2015 at 11:36
Хотел „Ибис“ подготвен да ги прими посетителите на Скопје

По две и пол години од почетокот на градежните работи, хотелот „Ибис“ во центарот на Скопје [»мапа] е спремен да ги прими своите први гости. На веб – страницата на овој меѓународен ланец на хотели веќе е впишан нивниот објект во македонската метропола, од каде што може и да се резервира соба. Спаѓа во категоријата на хотели со четири ѕвезди и во негов состав има 110 соби. Сместувачкиот капацитет обезбедува и соби за лица со инвалидитет, со решен пристап во зданието. Хотелот располага со фитнес центар и базен, а има и сопствен паркинг за велосипеди, како и можност за нивно изнајмување од посетителите.

Објектот има приземје, седум ката и поткровје. Проектната документација ја изработи „Гемма инженеринг“ од Скопје, додека градежните активности за изведба на хотелот ги реализираше фирмата „НБ Компани“ од Тетово. Како инвеститор во хотелот „Ибис“ се јавува „Евро балкан хотелс“, кој е и носител на франшизата. Брендот „Ibis Hotels“ е во сопственост на француската групација „Accor“, која располага со 3.600 хотели на пет континенти и имаше пресметана добивка од 126 милиони евра во 2013 година.











http://www.build.mk/?p=43371
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1820
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 05-Mar-2015 at 22:44
Може да го прашам авторот (Бојан јави се) каде се фитнес центарот и базенот ??? Бидејќи за 7-8 месеци што работев на изградба на целиот објект не успеав да ги најдам (да напоменам дека нема ќоше во кое не сум бил и не сум го видел или правел/преправал).
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 06-Mar-2015 at 00:11
Незнаев дека тука си работел некое време.Доста често одам во зградата над неа ,таа старата па можевме едно кафе муабет да организираме
Back to Top
Gazibaba-Cair View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 03-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote Gazibaba-Cair Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 06-Mar-2015 at 00:41
Originally posted by gjoko

Незнаев дека тука си работел некое време.Доста често одам во зградата над неа ,таа старата па можевме едно кафе муабет да организираме
Dali sum i jas dobro dojden za muabet. Ama tek kon krajot na mart doagam vo Makedonija-Skopje,ke ve pocastam so eden pijalok ama samo pod eden uslov, da ne me napadnete ako ste 3 ili 4 dusi.

Edited by Gazibaba-Cair - 06-Mar-2015 at 00:42
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 06-Mar-2015 at 00:53
Originally posted by daci92

Може да го прашам авторот (Бојан јави се) каде се фитнес центарот и базенот ??? Бидејќи за 7-8 месеци што работев на изградба на целиот објект не успеав да ги најдам (да напоменам дека нема ќоше во кое не сум бил и не сум го видел или правел/преправал).


Можеш да ме прашаш друже. Базенот и фитнес центарот беа ставени како содржини на хотелот кога се отвори за посетителите. На нивната веб-страница можеш да си резервираш соба и таму читаш дека ги имаат. И затоа ги има во текстот, потоа од самиот хотел разбрав дека немало, а во моментов гледам дека ја промениле и содржината на самата веб-страница, па ставиле фуснота дека базенот и фитнес центарот се во близина, т.е. не се во хотелот.

Не е за на форум, но сеуште ја чекам официјалната корекција од нив.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1820
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 06-Mar-2015 at 13:00
Поголем број на членови кој беа на дел од средбите знаеа дека работам на самиот хотел, но веќе тоа не е важно бидејќи последниов месец сум бил само еднаш на мали корекции на ден-два пред отворањето.

Бојан ја приметив и јас таа грешка ,но бидејќи те сметам за искусен новинар (бар од текстовите за билд) и модератор мислам дека прво требало да ги провериш информациите.

Газибаба-Чаир , не е проблем ,на форумот сме често отворени за средби и често ги организираме тие средби за споделување на информации и мислења кој често тука неможеме или несакаме да ги искажеме. Нема напаѓање ,само давање свои мислења ,често со мали препирки (поради различни гледишта) но ништо сериозно , па се дискутира ситуацијата. Има посебна тема за таа намена во секторот Офф-Топик.

Патем, внатрешноста на Хотелот излезе и поубава и порелаксирана од моите очекувања, немам слики за да можам да споделам но ако успеам да набавам од некаде ќе споделам со сигурност.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.062 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.