build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Maкeдонска опера и балет

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 29-Sep-2012 at 17:49
Originally posted by Gradinarot

Начинот на кој што го искажуваме своето мислење по различни теми, на форуми и дебати, е одраз на личното и колективно воспитување, кое што потфрла во целиот свет, а поготово во транзиционите земји. Мислам дека тоа ни е јасно на сите и нема што за тоа да се трошат реплики, нерви итн....Кој сака да си порасне, ќе си порасне и тоа е тоа.
Сакам да споделам видување и полунформации за објектот кој е предмет на оваа нишка. Информациите не се цели, бидејќи скоро ништо и да нема за него на нетот, освен можеби на некои локални форуми и сл.
Објектот е изграден, ако не се лажам, втората половина на 70-тите години, а проектиран од словенечки архитекти, поточно најнадежните апсолвенти во тоа време, на кои ова им било шанса да се искалат и докажат на јавен конкурс и да реализираат свое дело. Како правец , не би згрешил ако го сместам, во трансмодерна архитектура, поготово за тоа време и гледишта.Младешкиот ентузијазам и авангардност, ми се чини, дека сепак не одговорија во целост на барањата и функциите на овој објект, а надополнето од просечната реализација на истиот. Како прво, бетонското плато со голем број денивелации, никогаш не заживеа во матрицата на скопјани, иако може во себе носеше логична нишка на каскадно отворање кон реката, која му е, а веќе беше, една од најголемите вредности. Рамниот кров, иако под извесна инклинација, воопшто не кореспондира со скопското поднебје и неговите врели лета, па затоа овој објект е доположен на чести интервенции во покривниот слој, т.е. замена на хидро излоацијата, која што под дејство на високи температури попушта и доведува до често прокиснување внатре во самиот објект.
Акустиката и големината на концертната сала се посебна приказна и мета на постојани критики, а што наведува дека кон реализација на целата проектна документација е пристапено мошне паушално и нестучно, а да не збориме за некоја постручна ревизија на самиот идеен проект. Присетете се на застојот во изведба на новата филхармонија, која што претрпе релатино сериозни измени во проектот за да се подобри акустиката на самата концертна хала, што е за мене исправен пристап, а за што беше ангажиран врвен акустичен инженер од Австија или Германија ако не се лажам.
Поради волуменозноста на самиот објект и неговата диспозиција, помеѓу река, голема сообраќајница, НУБ, куќа мост т.е. кале во втор план итн. ме збунува зашто е тој реализиран само по една, лонгитудинална, оска и не се отвора доволно кон околните репери и знаменитости, кога веќе како локација ја имал таа можност.
На крај, скајлнајнот кој овој ултрамодерен објект, за свое време, го пружаше со архаично минаре и кому-стамбени блокови во позадина, воопшто не оставаше впечаток ниту на модерен, ниту на ориентален град.
Еве како за крај, ова за мене е класичен пример на missused, примена на проект во микро услови, и би сакал да разменам мислења за овој , повеќе би рекол феномен отколку успешен проект, на нашето модерно живеење.
Одличен пост (без разлика дали некој се согласувал или не).

Во секој случај, МОБ со сите свои доблести и маани според мене е една од најголемите архитектонски вредности што ја поседува Скопје, а контрастот со квази-барокните гротески кои се изградија околу него со цел да го скријат, всушност само ја прави таа вредност многу поочигледна за оние кои можеби немаат изострено архитектонско око, но имаат објективен пристап.

Еве малку инфо за објектот:
Во 1979 година словенечките архитекти Штефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Спиндлер и Маријан Уршиќ на југословенски анонимен конкурс ја добија првата награда за Културниот центар во Скопје. На денот на образложението за наградените трудови од овој конкурс еден од членовите на ова еминентно жири ја образложи одлуката на Оценувачката комисија со зборовите: „Овој труд покрај своите ’органски‘ форми коишто со својата брановидност и асиметрична динамичност создаваат исклучителна хармонија помеѓу непосредната природна и изградена околина, има уште поголема вредност што авторите започнуваат со волумените на комплексот со ниски приземни височини коишто постепено оддалечувајќи се од коритото на реката Вардар се издигаат на спротивната страна со цел визуелно и физички да го прошират коритото на Вардар!

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EEDA1DD9251B9E40B8D558BFCE578D4D


Се обидов да најдам фотки од изградбата, но за жал ја најдов само оваа од нишката за Скопје после земјотресот:



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Nov-2012 at 20:44

Најпрвин благодарност до BOJAN што ми го посочи овој интересен детал, бидејќи јас навистина веќе потсвесно ги игнорирам и не ги забележувам ваквите глупости, веројатно тоа е некаков психолошки одбрамбен механизам  LOL

Не знам кога точно се ставени овие, можеби од поодамна, ама знам дека на луѓе што им текнало вака да го накинџурат објектот на МОБ, тие навистина имаат потреба од психијатриска помош. Сигурен сум дека ќе пукнат од мака што никако не им поаѓа од рака да му измислат „барокна“ фасада на објектот.

1


2

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 02-Nov-2012 at 23:37
реално, и на мене коса би ми се кревало од вакви работи, ама не мислам дека е нешто претерано страшно, самото тоа што се работи за детал, ги прави не толку приметни, и покрај стерилноста на просторијата
но сепак, не е нешто со кое што се согласувам, да се разбереме
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Nov-2012 at 15:52
Што да се каже кога се е кажано. Имаме работа со умоболни примитивци.Пештерскиот човек верувам имал повеќе чувство за естетика.
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 08-Nov-2012 at 01:58
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 09-May-2013 at 17:09
Originally posted by Cloverstack

Најпрвин благодарност до BOJAN што ми го посочи овој интересен детал, бидејќи јас навистина веќе потсвесно ги игнорирам и не ги забележувам ваквите глупости, веројатно тоа е некаков психолошки одбрамбен механизам  LOLНе знам кога точно се ставени овие, можеби од поодамна, ама знам дека на луѓе што им текнало вака да го накинџурат објектот на МОБ, тие навистина имаат потреба од психијатриска помош. Сигурен сум дека ќе пукнат од мака што никако не им поаѓа од рака да му измислат „барокна“ фасада на објектот.12




И додека во ноември 2012 година зборувавме за некаков барокен детал, денеска раководството на Македонска опера и балет распиша конкурс за изработка на проектна документација. Ништо друго не е наведено, освен дека се бараат архитектонски и градежнички услуги. Ќе се обидам да стапат во контакт со нив за што се работи, ама ра-та-та-та-там мислам дека ќе имате возбудливи соништа вечерва.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-May-2013 at 17:57
Previous
 
Сакаше да кажеш вознемирувачки кошмари, а не возбудливи соништа. Drool
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-Jun-2013 at 23:03
Незнам Бојан што направи со раководството на МОБ за конкурсот кој го објавиле ,но наидов на интересни слики од внатрешноста на МОБ па повелете линк до албумот на официјалната фејсбук страна
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.116498221710740.17762.116492468377982&type=3
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 19-Aug-2013 at 00:38
Незнам дали ова е продолжеток на Колонадата или е од МОБ како што кажува Mosaic74 od SSC -`Full reconstruction of the MOB's frontal pedestrian area`

Сепак нешто се гради позади финансова

Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 302
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-Aug-2013 at 09:41
Подземен паркинг?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 19-Aug-2013 at 10:38
само тие и господ знае што се гради
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 30-Oct-2013 at 01:49
Фоткава кружи по фејсбук... на прв поглед делува малоумно и пред се несериозно, ама искуството кажува дека повеќето слични вакви нечии малоумни и несериозни онанирачки чкрабаници што вака процуриле, потоа ни станаа жална реланост. Не знам што да мислам, навистина. Ако е за утеха, во моменталните околности во Општина Центар тешко дека вакво нешто ќе добие подлога во урбанистички план и потоа градежна дозвола, ама ете човек не треба да е генијалец за да сфати зошто беше уапсен претседавачот на Општинскиот совет...  којзнае какво мнозинство не очекува во Општина Центар во иднина, можеби токму такво кое ќе аминува ваков проект за „Кровна реконструкција и фасадно обликување“?!?






Како и да е, еве успат да архивираме уште една фотка од изградбата на МОБ:
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 30-Oct-2013 at 03:31
Za uteha neka bide deka eden den moze pak da se napravi restavracija na nekoi obezliceni objekti , koga togas, I jas se soglasuvam deka bez razlika na arhitektonskiot izgled komu mu se dopagja komu ne, tie stanaa beleg na Makedonskata arhitektura ... Najlesno e da obezlicis nesto, nesto slicno na Jelena Karleusa koja zalnata celata e obezlicena psiho-fizicki...
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-Oct-2013 at 03:33
Originally posted by milena

Za uteha neka bide deka eden den moze pak da se napravi restavracija na nekoi obezliceni objekti , koga togas, I jas se soglasuvam deka bez razlika na arhitektonskiot izgled komu mu se dopagja komu ne, tie stanaa beleg na Makedonskata arhitektura ... Najlesno e da obezlicis nesto, nesto slicno na Jelena Karleusa koja zalnata celata e obezlicena psiho-fizicki...

p.s.
Ne moze nesto da bide nesto sto ne e , i ne mozes da bides nesto sto ne si ... na vestacki ke se napravi se, no prasanje e kolku toa kje izdrzi ...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Oct-2013 at 11:03
Претпоставувам дека се работи за некакво идејно решение за МОБ, бидејќи ако е влезен планов во било која институционална форма тогаш би морал да биде доставен до општина Центар, а од таму ќе го објават. Колку што се сеќавам, имаше еден оглас од МОБ за изработка на проект, само не знам дали е ова.

Што викате, треба ли да го прашаме раководството на МОБ за новата фасада или пак однапред го знаеме одговорот
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Oct-2013 at 12:35
Некако оваа вест е стигната до наслоната на порталот PLUS INFO.
http://www.plusinfo.mk/vest/112006/FOTO-MOB-kje-dobie-pokriv-od-kjeramidi
Тоа не мора ништо да значи, но каде има дим има и....
Полека но сигурно Скопје 2014 станува најголем политички идеолог на социјалистичката ера, бидејки после секоја нова авантура сите стануваме малку поносталгични за времето пред тоа.
.....   .......
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 30-Oct-2013 at 15:01
Тоа што не може да се уништи, мора да се нагрди. Bash 

Edited by Dexter26 - 30-Oct-2013 at 15:36
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 30-Oct-2013 at 20:29
да бидам реален, оваа идеја е многу побезболна од некои од „барокните“ глупости, но тоа воопшто не го оправдува ваквиот зафат, кој без постоењето на Ск2014 би го прифатиле како крајна ретардација
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 30-Oct-2013 at 22:07
ова беше објавено одма,ама никој не го објави иако го имаше на сите портали

МОБ: Покривот е реновиран со помош на владата
Објавено: пред 6 часа
Прочитано: 585
Печати
Сподели со твоите пријатели!
Македонската опера и балет до редакцијата на Плусинфо испрати демант поврзан со написот под наслов „МОБ ќе добие покрив од ќерамиди“, објавен денеска.



„Во наведениот наслов придружен со фотографија, пласирана е ординарна дезинформација дека покривот на објектот на МОБ често прокиснува. Напротив, со сретства од владата во текот на 2002 и 2003 година, е извршена комплетна санација на покривот со поставување на квалитетна изолација. Со таа изведба ефикасно беше разрешен проблемот со прокиснувањето на покривот, кој траеше повеќе од една деценија, земајќи од година во година се поголем замав. Раководството на МОБ нема никакви сознанија за поставување на ќерамиди на покривот, ниту за фасадно обликување на објектот на МОБ како што се најавува во истиот напис“, се вели во демантот од МОБ.


http://www.plusinfo.mk/vest/112086/MOB-Pokrivot-e-renoviran-so-pomosh-na-vladata
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 31-Oct-2013 at 19:45
исто така, ако се сеќавате, МОБ беше префарбана и исчистена некаде 2007/2008 мислам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.