build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Maкeдонска опера и балет

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Jan-2014 at 10:37
На МОБ му се подготвува нова фасада.

ЌЕ СЕ ОБНОВУВА ОБЈЕКТОТ НА МОБ?
Со пари од буџетот на Скопје и со трансфери од Министерството за култура ќе се реконструираат и надградуваат објекти околу плоштадите ВМРО и Мајка Тереза. Се работи за два нови плоштада - првиот е зад ТЦ „Плаза“, а плоштадот Мајка Тереза го опфаќа просторот меѓу Македонската опера и балет, Филхармонијата, АЕK и МНР. Со предлозите за реконструкција на оштетени фасади, Градот ја дополнува Програмата за обнова на објекти во центарот на Скопје. Во неа не е наведено за кои точно објекти станува збор.

- Измената и дополнувањето на Програма за реконструкција и доградба на објекти во централното подрачје се потребни поради фактичката состојба на објектите на плоштадот ВМРО и плоштадот Мајка Тереза. Поради нивната состојба има потреба од реконструкција и доградба на објектите. Објектите се со оштетени фасади, а кај некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем. Реконструкцијата на фасадите и доградбата ќе се реализираат на објектите за кои има потреба - се вели во образложението на одлуката.

Од Градот вчера не одговорија дали станува збор за нова фасада на објектот на МОБ, ако се земе предвид дека на плоштадот Мајка Тереза само тој објект е постар, а другите се нови или во градба.

- Дополнувањето на Програмата е иницијална фаза, која треба да биде усвоена од Советот на Скопје, по што ќе се конкретизираат сите понатамошни активности - одговорија од Градот.

Од Градот не објаснија што ќе се случува во околината на плоштадот ВМРО, каде што се гради новото седиште на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а во околината се ТЦ „Плаза“, задните страни од неколку згради на улица Македонија и Министерството за финансии.

(Ј.И.)

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=377DABCA881FC14A9B466536E92C1358

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Jan-2014 at 11:20
Најпрво да видиме што планираат да прават. Одамна говориме на форумов дека МОБ им е омразен објект на овие што се на власт, толку омраза имало за малку други објекти во Скопје.

Предлагам жестока реакција, ама овој пат не преку протести. Ми се чини дека идејното решение го имаат изработено словенечки архитекти, за жал на нивното име не се сеќавам, ама знам дека му ја подариле на Скопје една од најубавите градби.

Мојот предлог е да се направи официјална реакција до Словенечката амбасада во Скопје, да се контактираат словенечките медиуми и словенечкото Министерство за култура. Конечно, дури и ако не се живи архитектите, сигурен сум дека ќе бидат поприлично заинтересирани нивните фамилијарни следбеници за масакрот што планира да се направи со еден нивен труд. Мислам дека овој пат нечии налудничави идеи ќе се прослават и надвор од Македонија.

Да видиме што ќе планира Град Скопје, па потоа реакција!
Back to Top
Razbirash View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Razbirash Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Jan-2014 at 16:55
Со други зборови сакаш да цмиздриш по странски амбасади,ме потсеќаш на едни борци за човекови права што на времето вадеа пароли USA help!Факт е дека МОБ е најомразен објект во Скопје и уште пред да почне циркузот СК 2014,генерално кај целиот народ,што незначи дека треба да се кити со барок,али лелекање по амбасади е карактеристика за една мала,мала група знаеш што!

Edited by Razbirash - 17-Jan-2014 at 16:55
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 17-Jan-2014 at 17:25
Originally posted by Razbirash

Со други зборови сакаш да цмиздриш по странски амбасади,ме потсеќаш на едни борци за човекови права што на времето вадеа пароли USA help!Факт е дека МОБ е најомразен објект во Скопје и уште пред да почне циркузот СК 2014,генерално кај целиот народ,што незначи дека треба да се кити со барок,али лелекање по амбасади е карактеристика за една мала,мала група знаеш што!


Ќе морам да се појаснам, иако знам дека си на форумов за да сееш магла и да жнееш збунетост од луѓе. Амбасадата на Р.Словенија е претставник на цела една земја, вклучувајќи ја државата, медиумите, компаниите и граѓаните во друга земја. Тука спаѓаат се разбира и архитектите. Е сега, кога некој сака да прекрши авторско право, а идејното архитектонско решение за Македонска опера и балет е АВТОРСКО ДЕЛО, еве да не коментираме вкусови на луѓе, тогаш треба совесните граѓани да реагираат и до амбасадата на земјата за да известат дека некој лудак, односно мала група луѓе, планира да го уништи трудот што го создале архитекти на таа земја. Многу е просто!
Back to Top
Razbirash View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Razbirash Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 18-Jan-2014 at 04:14
Добро совесен граѓанину,еве да не сеам магла веќе,бујрум пред Словенечка амбасада со пакет паломи!Јас само велам дека ако на некој или некои нешто не им е по ќејф можат сами да изделуваат нешто против тоа а не да се упикуваат на некој релативно помоќен во аналниот отвор.Не дека они ќе можат да спречат некаква промена на МОБ и да сакаат,ама ако ти стиска за други варијанти на искажување револт ондак пробај си ја среќата,криј се позади ЕУ фустани.Gremo naprej!
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Jan-2014 at 21:37
Originally posted by BOJAN

Ќе морам да се појаснам, иако знам дека си на форумов за да сееш магла и да жнееш збунетост од луѓе. Амбасадата на Р.Словенија е претставник на цела една земја, вклучувајќи ја државата, медиумите, компаниите и граѓаните во друга земја. Тука спаѓаат се разбира и архитектите. Е сега, кога некој сака да прекрши авторско право, а идејното архитектонско решение за Македонска опера и балет е АВТОРСКО ДЕЛО, еве да не коментираме вкусови на луѓе, тогаш треба совесните граѓани да реагираат и до амбасадата на земјата за да известат дека некој лудак, односно мала група луѓе, планира да го уништи трудот што го создале архитекти на таа земја. Многу е просто!


Еве и јас ќе се воздржам од дискусија за вкусови, ама ова што си го напишал едноставно не е точно. Како автор откако ќе го продадеш делото, веќе не е твое. Единствено што можеш е да се пофалиш со него во сопствено портфолио (некогаш дури и ова е лимитирано). Народски кажано: Ако сака надлежната институција (т.е. "Сопственикот") може да го нашара со ружички и момини солзи и ти можеш да си свиркаш у фрустрација. Ова го кажувам затоа што мене ми се има случено многу пати. И французите можат да одлучат еден ден да ја прекријат Ајфеловата кула со квазибарок (и ако сакаат да го наречат Неокласицизам) и единствено нешто што може да ги спречи се масовни протести. Исто како и кај нас...

Инаку, што се однесува до жалба до странски амбасади - и јас тоа не го оправдувам. Еднаш засекогаш треба да сфатиме дека сите сме си заслужни за се што ни се случува и нема што да бараме од другите да не штитат од нас самите или да не "цивилизираат". Деградирачки е.

(Уствари ваквиот чекор го оправдувам ИСКЛУЧИВО ако животот на некој човек и/или неговото семејство е загрозен, а заради познатата коруптивна метастаза нема кому друг да се обрати)
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 18-Jan-2014 at 21:42
P.S. & On Topic:

Се надевам дека нема и овој објект да го уништат ама се плашам дека да ги собереш сите - нема памет за еден човек да собереш (кумулативно) па затоа сум песимист. За недостатокот на визија и естетика веќе е беспредметно и да се почнува...
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 18-Jan-2014 at 22:07
Originally posted by BOJAN

дури и ако не се живи архитектите


Би требало да се живи, тогаш беа апсолвенти или тазе дипломци.

Што се однесува до било каква акција, за жал песимист сум дека нешто може да вроди со плод.

Наједноставно е да се оди на масовно пишување по домашните (кои би се нафатиле) и странски медиуми за ова (доколку се официјализира) а лелекање по амбасади и сл. би рекол не.

Масовни протести чисто сумњам дека би се направиле. (ете само колку луѓе се збраа за ГТЦ и тоа пак немаше никаков ефект врз „неимариве“)
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 19-Jan-2014 at 04:57
Архитектите се Штефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Спиндлер и Маријан Уршиќ. Првите тројца се излистани како акционери во BIRO 71, d.o.o., Ljubljana (преку кое е изработен проектот за МОБ), а акционер е и извесна Нада Уршиќ (можеби е сопруга на Маријан и ги преземала акциите по неговата смрт). Бирото е под стечај. Јуриј Принцес лани наполнил 80 години. Во врска со правата на овие архитекти во случај на преработка на нивното дело важи следниов член од Законот за авторското и сродните права:

Ограничување на правото на преработка
Член 10
(1) Доколку сопственикот на архитектонски објект има намера тоа дело да го преработи, е должен таа преработка првенствено да му ја понуди на авторот на изворното дело, доколку истиот е жив и е достапен на вообичаен начин.
(2) Доколку авторот неоправдано ја одбие понудата од ставот (1) на овој член, сопственикот на делото стекнува право на преработка, но е должен да ги почитува моралните права на авторот.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 19-Jan-2014 at 10:18
јас сепак сењ надевам дека нема да му ставаат нова фасада на објектот,можеби ќе се реконструираат(поправат) некои оштетувања.ова го заклучувам од демантот што го издаде МОБ пред неколку месеци кога имаше исто така шпекулација за `реконструкција`.Можеби само префарбување однадвор и средување внатре
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 19-Jan-2014 at 10:19
"Skopjanecot", ne e taka, deka ako go prodades deloto veke ne e tvoe. Ne slucajno postojat zakoni za avtorski prava.
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 19-Jan-2014 at 10:19
Originally posted by OCB

....Во врска со правата на овие архитекти во случај на преработка на нивното дело важи следниов член од Законот за авторското и сродните права:

Ограничување на правото на преработка
Член 10
(1) Доколку сопственикот на архитектонски објект има намера тоа дело да го преработи, е должен таа преработка првенствено да му ја понуди на авторот на изворното дело, доколку истиот е жив и е достапен на вообичаен начин.
(2) Доколку авторот неоправдано ја одбие понудата од ставот (1) на овој член, сопственикот на делото стекнува право на преработка, но е должен да ги почитува моралните права на авторот.


Well, I stand corrected than.
Очигледно Македонија има по-прогресивни закони и од западна Европа и Америка...
(иако рака на срце, како и сите други закони овие не вредат/значат ич-ништо, така што ова не менува ништо во пракса).
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 19-Jan-2014 at 10:30
Originally posted by Denko

"Skopjanecot", ne e taka, deka ako go prodades deloto veke ne e tvoe. Ne slucajno postojat zakoni za avtorski prava.


Друже, авторското право е една супер работа (која инаку ретко функционира) ама во даденава ситуација се зависи од условите под кои бил распишан конурсот. Јас кажав дека зборувам од лично искуство. Обично кога учествуваш на конкурс се откажуваш или подобро кажано "ги пренесуваш" СИТЕ права од создаденото дело на "купецот".
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 19-Jan-2014 at 10:33
Originally posted by Skopjanecot


Originally posted by OCB

....Во врска со правата на овие архитекти во случај на преработка на нивното дело важи следниов член од Законот за авторското и сродните права:

Ограничување на правото на преработка
Член 10
(1) Доколку сопственикот на архитектонски објект има намера тоа дело да го преработи, е должен таа преработка првенствено да му ја понуди на авторот на изворното дело, доколку истиот е жив и е достапен на вообичаен начин.
(2) Доколку авторот неоправдано ја одбие понудата од ставот (1) на овој член, сопственикот на делото стекнува право на преработка, но е должен да ги почитува моралните права на авторот.
Well, I stand corrected than.Очигледно Македонија има по-прогресивни закони и од западна Европа и Америка...(иако рака на срце, како и сите други закони овие не вредат/значат ич-ништо, така што ова не менува ништо во пракса).
Tuka se soglasuvam, deka 2-3 recenici vo nekoj si zakon za avtorsko pravo ili slicno nema nikakvo znacenje za "Najumnite" vo drzavata ni. Inaku amerikanskite zakoni voopsto ne treba da ne interesiraat...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 19-Jan-2014 at 10:40
Originally posted by Skopjanecot


Originally posted by Denko

"Skopjanecot", ne e taka, deka ako go prodades deloto veke ne e tvoe. Ne slucajno postojat zakoni za avtorski prava.
Друже, авторското право е една супер работа (која инаку ретко функционира) ама во даденава ситуација се зависи од условите под кои бил распишан конурсот. Јас кажав дека зборувам од лично искуство. Обично кога учествуваш на конкурс се откажуваш или подобро кажано "ги пренесуваш" СИТЕ права од создаденото дело на "купецот".
Tuka nesto ne mi "stima". Ili zakonite se falicni ili nekoj si gi tolkuva kako mu odgovara. Obicno objektite od nacionalno znacenje se zastiteni so zakon kako "Kulturen spomenik". No i toa ne vazi za nas, taka sto se iznagledavme korekcii od sekakov vid na takvite objekti.
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 19-Jan-2014 at 10:52

Апсолутно си во право.
Не само што не штима, него "многу јако шкрипи" друже.

Инаку, незнам дали МОБ е прогласен за "заштитен" или "Објект од посебно значење" или слично...тогаш мислам дека нема да смеат да го "ч`чкаат". Ама ова пак на хартија само, во пракса сите знаеме дека не е така...

Останува да се надеваме дека стварно само ќе го репарираат објектов по пример на Музеј на современа, а не според нивната "естетика"...
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 19-Jan-2014 at 11:04

Proglasen, neproglasen, isto mu se faka. Ako resile da "farbaat" otide MNT. Neli "Sobranieto na RM" e spomenik na kulturata od prv stepen, pa sto. Si pravat sto im dojde na um, i odnadvor, a i vnatre.
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 19-Jan-2014 at 11:18

Така е. За жал.
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 19-Jan-2014 at 11:19
Токму досегашните искуства со други објекти е причината за мојот страв дека ќе се прават наудрени и дека ќе си ја тераат реализацијата на проектов без никакво размислување. Покривот на МОБ беше реконструиран пред неколку години, нема никаква потреба од реконструкција однадвор. Во моментов е потребно да се санираат странични делови на фасадата, дел од ентериерот и просторот околу објектот.

Зошто проектот на МОБ треба да заврши пред словенците, зошто мораме да ги запознаеме со глупостите што ги правиме во Скопје? Прво, тие многу го ценат своето архитектонско наследство, особено вклучувајќи ја втората половина на 20 век. Второ, сето она што „Made in Sloveniа“ ним им е важно, без оглед на тоа на кој дел од светот се наоѓа. А целта е да се спаси МОБ!
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 19-Jan-2014 at 11:32
БОЈАН очигледно го делиме стравот.
Меѓутоа не го делиме ставот околу начинот на дејствување. Причините ги објаснив погоре.
Едноставно не функционирам според максимата "Целта ги оправдува средствата".
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.