build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Електроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 02-Sep-2014 at 12:17

http://www.4shared.com/office/vuMAdaY1ba/EMITER_02-2011_Zasiluvac_za_50.html


Пронајдокот "Засилувач (за сабвуфер) за 50/60 Hz" е засилувач на електрични аудиосигнали наменет за нискотонски звучници (сабвуфери). Конструкцијата на излезниот степен на овој засилувач е слична како и кај секој класичен засилувач, но се разликува во напојувачката секција на засилувачот бидејќи не е потребен еднонасочен напон на напојување, туку синусоиден, односно директен мрежен напон 120 V / 60 Hz. На овој начин не е потребен мрежен трансформатор, ниту електролитски кондензатори, што драстично ги намалува цената и тежината на целиот засилувач.

http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3411


21.12.2010 - Пронајдокот "Засилувач за 50/60 херци" е годинешниот патент на годината. На пронаоѓачот на електрични аудиосигнали наменет за нискотонски звучници, Владимир Филевски

Доколку овој пронајдок би се користел во оние земји во кои се користи понизок напон на мрежно напојување и ако се користат транзистори кои може да го издржат тој мрежен напон и притоа да дадат доволно струја, тогаш не е потребен ниту мрежен трансформатор, што драстично ја намалува цената на целиот засилувач.

Овој пронајдок е поедноставена верзија на класични засилувачи и има поевтино производство, само што звукот е малку полош, но со поевтиното производство постигнав некаков баланс. Може да најде примена во големо сериско производство - објасни Филевски

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2261
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 03-Dec-2014 at 18:31
Историја на раната телевизија:

http://www.earlytelevision.org/



Edited by phenomenon - 03-Dec-2014 at 18:40
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 07-Jun-2015 at 14:05


со ваква иновација веќе нема да требаат масивни појачала, уште помалку лампаши за чист звук

SAM module (Speaker Active Matching) Seems like high-end audio is a free-for-all in many ways, Devialet have shrunk their ADH amp (analog digital hybrid) technology to chip size

a и  фантомот им е интересен  3000 W / 0 Distortion / 0 Saturation / 0 Souffle

~

http://www.enjoythemusic.com/HIGH_END_2015/devialet/

http://devialetchat.com/forumdisplay.php?fid=1

en.devialet.com/expert/








Edited by Max - 07-Jun-2015 at 14:06
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 21-Mar-2016 at 00:45


Whatever Happened to the 42-Volt Car? - http://www.popularmechanics.com/cars/a2198/4226979/

http://www.assemblymag.com/articles/93092--volt-systems-will-help-reduce-wiring-costs

48V во автомобилот - дали е предоцна?

Малкумина се сеќаваат на големата промена на напонот на инсталацијата на возилата од 6 на 12 волти која се случи некаде во средината на 60-тите години. Во тоа време потрошувачите во возилата станаа толку "жедни" што единствен начин да останат напоени беше да се зголеми напонот на инсталацијата во возилата од 6 на 12 волти. Со тоа 50 години стариот 6 волтен стандард преку ноќ беше заменет со нов. Иронично, точно после 50 години здружението на производители на автомобили излезе со нов предлог - воведување на 48 волтна исталација во возилата. Изговорот е дека потрошувачите во возилата повторно се зголемиле и заради тоа ќе се воведува 48 волтна исталација.

Но, кога подобро ќе се размисли баш во последниве години со развојот на електрониката и со воведување на LED осветлување, аудио засилувачи во D класа, ефикасни електро мотори и компјутери (ECU-а) што трошат малку енергија ова образложение не "држи вода". Последнава година се излезе и со ново соопштение дека повисокиот напон ќе биде корисен за системите "микро хибрид" и активна суспензија но овие нешта веќе од неодамна успешно се вградуваат во возилата со 12 волтна инсталација. Ова докажува дека главната причина за ова не би било ништо друго освен намалување на трошоците за жици од страна на автомобилските компании.

Сепак, во време кога технологијата оди напред и електричните автомобили земаат се поголем пазарен удел, дали воведувањето на 48 волтен стандард е потреба или закаснет и лош потег?

http://elektronika-mk.net/index.php?PHPSESSID=bof5h2q6ivu5v66d6gjlnrsl23&topic=13312.0

http://www.48v-vehicles.com/audi-discusses-48v-technology-on-the-automotive-horizon-mc

http://www.cpowert.com/European-auto-industry-embracing-48V-hybrids

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 24-Apr-2016 at 23:24

пред некое време првпат разбрав дека Емитер веќе од поодамна не е ексклузивен фанзин само за електроника, ами сега односно во овој милениум станал научно-популарно списание налик Уради Сам само со научни наместо занатлиски теми

emiter.mk

од редакцијата ми најавија дека наскоро цела архива ќе биде закачена на сајтот, иако заради никаквата подршка од државата па и големите компании, истата ќе мора да биде комерцијална, а само сорджински отворена ...

ако добро разбрав како печатен магазин Емитер згаснал годинава, а понатака ќе функционира само преку порталот, дури има и форум во изработка, а ќе му остане само и' агрегатски да ги покрива сите научни информации кои се пласирани во дневниот печат, потенцијално сето тоа еден ден би требало да прерасне и во некој национален тв канал, нели ако сме уверени дека можеме и требаме да го бркаме европскиот научен просек ... нејсе, вакво списание со толкава традиција да згасне би било навистина штета, но радува фактот дека вонекаква форма и понтака ќе продолжи да фумкционира интерактивно, камо да затераат и поинформативен форум налик тукашниов подфорум за наука и технологија, но тоа пред се зависи од ентузијазмот на некои екс или потенцијално нови научници кои би скршиле по некој збор од нога ако не од стол

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 04-May-2016 at 18:51

иако доста време се надевав на револуционерен успех на ванадиуските батерии излезе дека со мало ноу хау и литиумските батерии ќе станат револуционерни

ЕПОХАЛНО ОТКРИТИЕ: Студентка ги направи вечни батериите на мобилните телефони

Стандардната литиумска батерија го губи својот капацитет вообичаено после седум илјади полнења. Но, откако биле премачкани, истите батерии издржале повеќе od 200 илјади полнења и воопшто не изгубиле од својот капацитет во период од три месеци

Голем дел од епохалните откритија што го трасираат развојот на човештвото се појавуваат сосема случајно. Таков е случајот и со откритието на студентка од Универзитетот во Калифорнија, која сосема случајно успеа да пронајде начин со кој батериите од мобилните телефони можат да траат бескрајно долго.

Студентката Ма Ле Таи, заедно со други студенти, експериментирала во лабораторија. Таа ги премачкала нано-жиците во структурата на батериите за мобилните телефони со гел од манган диоксид. Потоа истите батерии ги ставила на полнење. Набргу увидела дека батериите не губат од својот капацитет, откако биле премачкани со гелот.

Стандардната литиумска батерија го губи својот капацитет вообичаено после седум илјади полнења. Но, откако биле премачкани, истите батерии издржале повеќе од 200 илјади полнења и воопшто не изгубиле од својот капацитет во период од три месеци. Доколку се покаже дека гелот од манган диоксид овозможува батеријата да трае буквално бесконечно, тогаш пред светот е значајно епохално откритие кое ќе внесе големи промени во целата индустрија.

Со новата метода батериите на мобилните телефони, лаптопите, таблетите би можеле вечно да се користат, без никаква потреба да се менуваат по две-три години употреба. Претпоставките на научниците се дека истото ќе помогне и за употребата на батериите во автомобилите, како и во вселенските летала. Според објаснувања, гелот им помага на нано-жиците да ги одржат својата структура и облик и да не се трошат во текот на нивната употреба.

http://www.telegraf.mk/tehnologija/hajtek/ns-newsarticle-epohalno-otkritie-studentka-gi-napravi-vecni-bateriite-na-mobilnite-telefoni.nspx

Scientists have long sought to use nanowires in batteries. Thousands of times thinner than a human hair, they’re highly conductive and feature a large surface area for the storage and transfer of electrons. However, these filaments are extremely fragile and don’t hold up well to repeated discharging and recharging, or cycling. In a typical lithium-ion battery, they expand and grow brittle, which leads to cracking.

UCI researchers have solved this problem by coating a gold nanowire in a manganese dioxide shell and encasing the assembly in an electrolyte made of a Plexiglas-like gel. The combination is reliable and resistant to failure.

The study leader, UCI doctoral candidate Mya Le Thai, cycled the testing electrode up to 200,000 times over three months without detecting any loss of capacity or power and without fracturing any nanowires.

...

https://news.uci.edu/research/all-powered-up/
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-May-2016 at 20:30

напредок и кај акумулаторите

http://wardsauto.com/engines/cactus-inspires-potential-fuel-cell-improvement

“This research bringing us a step closer to fuel-cell electric vehicles being more widely available.”



Edited by +Protagorist - 11-May-2016 at 20:31
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3552
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Jul-2016 at 19:22

во сеќавање на 26.07.1963 денот на последниот разорен скопски земјотрес, но и првиот сателит во Геосинхрона орбита на Земјава популарниот Syncom2 [1][2]





Edited by beTon - 26-Jul-2016 at 19:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.