build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гасификација
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 28-May-2018 at 14:57
Originally posted by Zelenikovo

па па па, рандевуто помина со залапуење освен гушкање, да видиме што ќе стори бившата, но јасно дека свадба ќе има, но и многу деца понеа бидЕјќи газпром ќе сврти на Газдапром!

тро двсомислен назлов,мно некуца магарето ос тоа

Рускиот гигант поразен, ЕУ го скрши отпорот, на...!

Европската унија (ЕУ) и одреди на руската компанија Гаспром обврски за подобрување на проток на плин по конкурентна цена во источна Европа, соопштено е.

Европската комесарка за заштита на конкурентноста Маргарет Вестагер рекла дека Гаспром треба на ефикасен начин да обезбеди на потрошувачите кои цената ја плаќаат да биде конкурентна.

После тригодишна правна постапка, одлука која ја донела ЕУ значи дека Гаспром мора да ги тргне ограничувањата за препродажба на плин преку граница и да го унапреди протокот на плин до членките на ЕУ како што е Бугарија и балтичките земји.

Ако Гаспром прекрши било која обврска, можна е казна и до 10 отсто од глобалниот промет на таа компанија.

Гаспром соопштил дека е "задоволен" со догворот кој го оценил како "најразумен допринес за подобро функционирање на европскиот пазар за плин".

Меѓутоа оваа соопштение е добро спакувана игра со која ќе се запечати превласта на Русија и Германија на пазарот за плин во Европа а битни се и три точки од договорот:

1. Проектот Јужен тек, што е дел од антимонополското пазарење со ЕК.
2. Руската компанија отстапила од калузулата со која се ограничува можноста купувачот и понатаму да продава плин и се согласила за создавање услови за поголем прилив на плин до балтичките земји и Бугарија.
3. Европската комесарка за заштита на конкурентноста Маргарет Вастагер рекла дека . со одлуката, ЕК за Гаспром ќе ги тргне бариерите за слободен проток на гас низ Европа.

Со овој договор тргнат е секој отпор на земјите на ЕУ за изградба на уште еден руски гасовод до Германијa "Северен тек 2". Вистината е дека со овој договор се прави и премин низ Европа со "Турскиот тек" кој на некој начин ќе биде обештетена Бугарија поради губитокот на "Јужниот тек".

Значи, Европа падна пред руско-германскиот договор и овие две земји стануваат апсолутни господари на европскиот пазар на плин, со што Америка вероватно излегува од игра со својот скап проект за транспортен гас до Европа.

https://vecer.mk/ekonomija/ruskiot-gigant-porazen-eu-go-skrshi-otporot-na
 
Вечер од поодамна не е сериозен медиум, но вистината е` дека оваа вест е победа и за двете страни, слично како кубанската ракетна криза - Советскиот Сојуз ги повлекува своите нуклеарни боеви глави од Куба, додека во позадина САД ги повлекуваат своите нуклеарни боеви глави од Турција.
 
Така и во овој случај, Германија им фрла коска на балтичките држави и на Бугарија, но останува фактот дека Газпром слободно ќе може кога сака да отстапи од ваквиот договор откако ќе се изградат надградбите на Северен Поток и откако ќе се изгради Турски Поток.
 
Целта на овој договор е` Ангела Меркел да си го спаси образот, бидејќи бројот на секојдневни Германци кои имаат доверба во нејзе се намалува со секоја помината година, поради што после федералните парламентарни избори од септември 2017 во Германија, за прв пат после повеќе од 60 години во германскиот Бундестаг има пратеници од редовите на десничарска политичка партија, конкретно десничарската партија Алтернатива за Германија.
 
А Бугарија нема зошто да бара обештетување, одлучи да игра на музиката на евробирократите во Брисел, па од тука не треба ништо да очекува од Газпром.


Edited by Dexter26 - 28-May-2018 at 15:01
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 29-May-2018 at 23:50



едноставно, Русија не попушти и дефинитивно за пола година ја сопира достават низ Украина, што пак значи или новите рути, или пак поскапиот амерички гас, што за европската економија значи Џа или бу, та сето лицемерие на крај само технократски го спинуваа!

него остај горе, дали ние ќе имаме фајде од ова, или ќе чекаме на америте да не плашат со диви насеља бидејќи во моментов сме најслабата алка на Турски Тек, а после вртењето на грб на бугарите незнам колку тоа ќе им биде простено, освен ако нашиве политичари до последно уцвикуваат та од немајкаде пак да се рестартира јужниот тек со мала корекција на првичната траса, но не е лошо и сами да исфинансираме крак од Грција угоре со време додека грците се во костец со руски договори околу Турскиот Тек ...

не сум паметен, можеби најдобро и за ова Референдум да имаме за да ова нашиве покертичари не се пишманат!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 30-May-2018 at 13:56
Previous
 
Не верувам дека референдум би бил решението, видовме како завршија референдумите за рудниците низ источна Македонија, а просечниот Македонец боледува од русофобија, бидејќи Русија нема свој Холивуд за да ја прикаже како рај на земјата, како што тоа го имаат САД.
 
Без разлика дали Македонија ќе прифати да биде дел од Турски Поток или не, Украина веќе е` заобиколена од север со Северен Поток, а од јануари 2020 па понатаму ќе биде заобиколена и од југ со Турски Поток.
 
Доколку во Македонија останат на власт плавите жолтици или можеби се вратат пвеводбениците на власт пред да заврши изградбата на Турски Поток во декември 2019, но сепак му побараат високи провизии на Газпром за изградбата на крак од Грција преку Македонија кон Србија, а Газпром одлучи да не игра на нивната музика, можеби Македонија ќе им се придружи на санкциите кои западот ги има воведено против Русија, а во такво сценарио ќе купуваме руски гас - исто како и досега - само преку американска компанија. Rollin
 
Тука лежи зајакот кој не само просечниот Македонец, туку и просечниот европеец не го препознава - вака или така купуваат и ќе продолжат да купуваат руски гас, ако не преку Газпром, тогаш преку некоја друга странска компанија, па макар и да е американска компанија, Русите воопшто не ги интересира кој ги врши извозот и продажбата на нивниот гас, се` додека парите завршуваат кај нив.


Edited by Dexter26 - 30-May-2018 at 14:01
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 09-Jun-2018 at 00:22

абе и германците боледуваат од русофобиски агитпроп, но тоа не ги спречува политичарите да им осигураат ефтин руски гас ... им фали само уште дански потпис и да спијат мирно додека имплементираат тоа агендата за еу-економија потпрена на обновливи ресурси но и ова новава 55-ка пак им е малку ако сакаат да си тераат со то еко-агендата, та не само Север и Јужен Ток што ќе биднат, туку и Украина ќе мора да легне на брашно за европскиот пазар да е задоволен, а тоа би значело Донбас и Луганск ќе треба да станат Републики, но колку украинските ултрадесничари се спремни на тоа, наскоро нивната рецесијата ќе каже, ако Русија им затне гасот ...

07.06.2018 - Шведска одобрила изградњу „Северног тока 2“ - https://rs.sputniknews.com/evropa/201806071115893514-svedska-odobrila-izgradnju-severnog-toka-2/

08.06.2018 - До реализације „Северног тока 2“ остала само једна препрека- Данска - https://rs.sputniknews.com/evropa/201806081115899592-do-realizacije-severnog-toka-2-samo-jedna-prepreka/

13.04.2018 - Данска: Немогуће блокирати изградњу „Северног тока 2“

Влада Данске признаје да је немогуће блокирати пројекат изградње гасовода „Северни ток 2“, изјавио је премијер те земље Ларс Локе Расмусен након преговора са немачком канцеларком Ангелом Меркел.
Хелсинки, Финска

Како је рекао, Данска нема на располагању довољно правних инструмената како би спречила реализацију тог пројекта у њеној акваторији Балтичког мора.

Међутим, Расмусен је оценио и да Данска још није донела одлуку о давању дозволе за размештање гасовода у том делу мора.

Меркелова је са своје стране рекла да Украјина, упркос томе што ће ускоро бити изграђен нови гасовод, мора да остане земља која ће транспортовати руски гас у Европу.

Пројекат „Северни ток 2“ предвиђа изградњу два крака гасовода укупног капацитета 55 милијарди кубних метара годишње.

https://rs.sputniknews.com/evropa/201804131115247532-danska-nemoguce-blokirati-severni-tok-2/


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 09-Jun-2018 at 14:12
Previous
 
Е па тоа се нарекува надминување на сопствените политички стравови.
 
САД и ЕУ си тераат бизнис со Саудиска Арабија - светски спонзор број 1 (ЕДЕН) на тероризмот, и појдовна точка на секој исламистички теократски и пред се` анти-демократски режим на блискиот исток и пошироко - па затоа сосема нормално е` државите членки на ЕУ да си тераат бизнис и со Русија - без разлика колку не им чинат нејзиното домашно општествено уредување и нејзините надворешни политики.
 
Ама тука во Македонија секогаш лесно може да се исплаши просечната македонска будала дека Русија е симбол на се` што не сакаме да бидеме - а во пракса сме полу-Русија, полу-Отоманска Империја од гледна точка на домашното општествено уредување и начинот на размислување - па затоа не сме требале да бидеме дел од Турски Поток.
 
Ако, нека им е` за арно и за убо на Турците, гејците, а гледам и татарите се` мислат да си легнат на руското брашно, планираат да продолжат со нуклеарната електроцентрала Белене - која им беше заедничка инвестиција со Русија, а бате Бојо од Софија беше оваа недела во посета на Москва за да испроси по некој добар збор од Владимир Путин за евентуално пуштање на крак од Турски Поток кон Бугарија.
 
Но битно ние тука се подготвуваме за менување на името на државата, па потоа не` чекаат ЕУ и НАТО, па ќе користиме европски гас - од руско производство се разбира, е_ати неписмената раја какви идиоти гласа на власт. Bash


Edited by Dexter26 - 09-Jun-2018 at 14:14
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 09-Jun-2018 at 22:23

Затоа Постојат Референдуми!

во демократија не мора Државата да инвестира или даде Амин за се', напротив со Референдум може да иницира отворени порти и за ваков коридор секое едно Здружение на Граѓани, та ако Мнозинството Граѓани дадат Амин на ваква иницијатива и Трамп да дојде во посета на Македонија тоа легислативно власта нема да може приватно да го ресетира заради едикоја геополитичка гачка!

не значи дека ако политичарите некој ги стаил в џеб дека и Народот може! бар ќе мора за возврат да го поткупува со официјална инвестиција од слични размери, пример Нуклеарна Електрана на граница со Грција

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 10-Jun-2018 at 14:37
Previous
 
Можеби Македонците не се русофоби, но македонските политичари секогаш се` продаваат на највисокиот наддавач, а Русија досега не им понудила нешто многу за да заиграат на нејзината музика.
 
Затоа и референдум нема да реши ништо, бидејќи не верувам дека сме и` нешто многу потребни на Русија на Балканот за да купи по некој македонски политичар кој на референдум би повикувал за приклучување на Македонија кон Турски Поток или кон било која друга руска инвестиција на Балканот.
 
Но тоа е само мое мислење, што не значи дека и другите размислуваат така или дека би требале да размислуваат така.


Edited by Dexter26 - 10-Jun-2018 at 14:39
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 10-Jun-2018 at 15:36

откако еу пушти срце, единствено каде можат да го блокираат Турски Ток америте тоа е тука, и не мора народ да бара референдум, може власта да искористи таков за да има оправдување пред америте, ако веќе е јасно зошто Бојко ошол во Москва, а на русите не им треба многу пак да ја свртат на старата траса преку Бугарија доколку ние се праиме на тошо ...

проблемот е што ваква шанса втор пат наскоро тешко ќе видиме се додека не се европеизираме, а тоа ко што гледаме уште долго ќе се влечи, макар нашиве политичари и на мала врата сакале да влегнат!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 10-Jun-2018 at 19:17

не дека е нешто зорт, но има две поволни сценарија по нас, првото е дека Газпром дури Путин му простил на Бојко за чаламот претходно при стопирањето на Јужен Ток, повторно има корист и од цевка низ Македонија, бидејќи со Турски Ток кој дефинитивно е сигурен економски џокер за грците и ниеќе се офајдиме вака или онака, ако се има предвид долгорочно дека потребите на еу за гас ќе се зголемуваат ...

а второто ако навистина се случи евентуален рестрарт на Јужен Ток, просто нам тоа ќе ни биде и поголемо алиби за влез во Турскиот ... прашање е дали ќе извлечеме и ефтин руски гас од сето ова или само аир од транзитирање, која непознаница зависи од нашите билатерални односи, а ко што знаеме Зајко за разлика од Грујо ги рогна назад во '90-ти

~

него да го еведитираме и официјалното бугарско извинување, некој ќе рече бугарска работа, но изненадува колку бугарите се флексибилни иако претходно озбилно кренаа раце ... но геополитика и се ет можно, а тие ко и ние зависат од позицијата на нсп-дип-стејтот во САД, иако мора да се признае дека Грујо имаше лавовски мадиња кога и покрај цело еу ретерирање тој остана убеден дека ништо лошо не праи ако економски ја укрепува земјава

05.06.2018 - Readout of the Russian position on big energy projects with Bulgaria

Asked by this website about the Russian readout of the recent visits to Russia of the Bulgarian President Rumen Radev and of the Bulgarian Prime Minister Boyko Borissov, both of which focused on big energy projects, the Russian ambassador to the EU Vladimir Chizhov said today (5 June):
“Energy was very much in the focus of attention during both visits. We have a mixed history of energy cooperation with Bulgaria. The regional South Stream gas pipeline project did not materialise. The Bulgarian government, it was actually the same government, backtracked, citing certain conditions put by the European Commission. And it was only then that Russia and actually the Russian famous company Gazprom turned to Turkey, to revise the original project which resurfaced as the Turkish Stream.

The Turkish Stream is a pipeline across the Black Sea. It’s not the first one, because there is also the Blue Stream which crossed the Black Sea from Russia to Central Anatolia. The idea of Turkish Stream was somewhat different, because the Blue Stream left the European part of Turkey, with Istanbul, out of its reach, because nobody so far, perhaps thankfully, has attempted to build a pipeline across the Bosporus. So Istanbul and that part of Turkey were supplied again through Ukraine, as Bulgaria is. So the idea was to build two pipes, one would go to Western Turkey, to the European side of the straits, and the other would divert and go somewhere else. And there are practically two options: that fork to be onshore or offshore. If it is inshore, it may go North to Bulgaria or West to Greece. In either case I believe it would no longer be called Turkish Stream, for obvious reasons. The other option was to make that fork offshore and make that second pipe go to Bulgaria directly, somewhere near Varna perhaps. So this is linked to the idea of the Bulgarian side to make Varna a regional hub. It’s not that easy, there are certain obstacles along that route, the largest being the need to have guarantees from the European Commission, because we cannot afford to get engaged in huge investments only to see a ban coming from the European Commission. So whatever happens, we need to be clear with the European Commission first.

Gas is not the only energy project between Russia and Bulgaria. There was also a trilateral project with Greece of an oil pipeline from Burgas to Alexandroupoli. I haven’t heard about it lately. And the third one, which is more in the limelight, is the nuclear project, actually two of them. One is maintenance and renovation of existing reactors in Kozlodui, number 5 and 6, and the second is the new power station of Belene. Which could have been built long ago and would have been functioning, but the Bulgarian government had second thoughts, and now it appears to have third thoughts, similar to the firs ones. So as far as I understand, they have changed their mind and reverted back to that project. We’ll be ready to cooperate on it if this position is the final one.”

https://bulgarianpresidency.eu/readout-of-the-russian-position-on-big-energy-projects-with-bulgaria/


Edited by Zelenikovo - 10-Jun-2018 at 19:19
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 03-Sep-2018 at 18:48

бугарски воз бидна гасоводната цевк на водно, некој ја турка жолчно веројатно бидејќи тендерот за нов проект и нов изведувач не смее да се повтори, бар ваков впечаток имам како завозе муабетот министерски, се прашувам кој ќе биде ризикот ако некогаш некој некако ја саботира оваа цевка, можно ли е така да постои оправдан ризик од опожарување на цела планина!? веројатно ќе ја осигураат шумата од ваква потенцијална анторполошка гачка!?

патем не ми е јасно, зар кон Драчево не треба да оди еден крак од секундарната мрежа, зошто да не може да се зголеми истиот и да се сврти и кон Марков Манастир а од таму кон Говрлево и да се заобиколи Водно, и така треба локалниот да бидне регионален Р-104 т.е. да се прошири соодветно, ако не друго со странични тротоари и вело траси, евентуално прерипувње на Матка би било зорт работа но доколку се планира некаква вело-магистрала од Матка кон Козјак [1] цевката/ките можат да се камуфлираат со истата, но бидејќи кај нас се размислува или парцијално или закаснето за вакво нешто дополнително ќе се рават проекти издвојуваат средства за трасирање и капак за што потешко одржување ќе ја закоаат цевка со армирана плоча за да биде што потешко да се интервенира при сеизмолошки или диверзантски куршлуси! кспертите ќе ве уверат преку нивните владини нарачатели дека можете мирно да спиете бидејќи арачката на физибилитките е таква да нема простор за ескивирање на сите ризици освен финансиска неподобност! на крај сред јавна дебата ќе ве утешат дека Народ има државнички осет дури и кога елитите го немаат а затоа треба да им биде неизмерно благодарен бидејќи нивното е последно, небаре Народното Mнение не треба да е прво и последно а реално не ет никако, освен посреди ко медиумско спинерски спунт за да се дефокусира грото аудиториум од озбилни државни промени преку локални еколошки натегања, што наликует на агитпроп блупринт од римскио клуб ко да му врви на Чоек предочи, веројатно детерминистите мислат дека така може магијски ќе го замајат Народ да не мисли на посуштни теми, иако и ова е битна, но баш сега ли му куца на магарето од ова, се плашам ќе им откуца копито кога тогаш на спинерите бидејќи сакаат со магарешки да го изјаваат Народ наместо Народ на магаре да стигне кроце каде мисли дека треба ...

https://www.radiomof.mk/analiza-gragjanskite-inicijativi-ostanuvaat-protiv-izgradba-na-gasovodot-niz-vodno/








Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 04-Sep-2018 at 19:14

убаво би било да кажат зошто и како размислуваат да го урбанизираат потегот зад Водно во Иднина и така на ангро почнува да се гради кај Доње кај Говрлево кај Чифлик а и делот кај Батинци и Маркова Сушица на ангро се урбанизира та зошто од тука да не минува цевка од примарната мрежа која би свртела потака и кон Македонски Брод и Кичево освен Гостивар и Тетово

што е пак за џевата околу шумскиот појас на Водно истата е рамнодушно мала, белки и sds имаат агенда со милионски садници за ден на дрвото та успеале да ја релативизираат

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1477&PID=228023#228023

патем се ашкат со примарната мрежа сеуште, а нема абер од секундарната до домакинствата, а непак да се дума дали ќе се приклучиме на Турски Ток, го прашаа ли Зајко на кој стол седи во однос на таа цевка, или ќе се надева на бугарите виа Србија, може ќе набавуваат амерички ЛНГ преку Драч, навистина се политички фолиранти и медиумите кои спинуваат само по нарачка без воопшто предвреме да бараат транспаретност во однос агендите на политичките елити кои освен на жими мајка што доаѓаат на власт уште по кришум си тераат свој аршин по евроатлански агенди, Народ кај нас е само статистички бројлер кој го товат еа-детерминисти преку дбашко-политички инки, нели не секој е умен да сконта зошто не смее по СЦГ да оди гасоводна траса, зошто не може да врзи кај Маркова Река а мора да се насади по сртот на Водно, ме чуди каде им беше вцртан регионално гасоводот научно во Просторниот План на РМ, можеби во раседот на Партизанска!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1561
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 23-Sep-2018 at 15:48
Знае некој зошто се копа во Вардар кај мостот Обединети Нации во Влае

Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 23-Sep-2018 at 16:18
Тука ќе се премости реката вардар со гасоводни цевки према Влае и Ѓорче. Не сум сигурен како ќе оди изведбата можеби под земја и под самото корито.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 24-Nov-2018 at 02:30

оштроумно и од страна на французите но и од страна на бугарите, но повторно капацитњтот на црноморскиот гасовод ко што се вели од руски стручњаци може да тера и до 60мил.м3 значи речиси дупло од постојниот зацртан проток, што повторно отвора простор кон Грција во други околности да протече друг крак а така ако не друго од спунт цевка и до нас, иако можеме и постојната бугарската врска да ја надополниме, проблемот е зошто не размислувамс и за ЛНГ просто доколку имаме некаква соработка со Катар та и индиректно преку Турција уште далеку и пред да дочекаат домакинстват ефтин гас, а во однос есапот за приклучување на секундарната мрежа, незнам колку блиску ет есапот за ЛНГ увозот т.е. течниот гас кој тука би го полнел Макпетрол пример а би го продавал во пакет со Микрокогенеративни Системи [1] при што има супер ефикасни комбинаџии од гас+воздушнаПумпа кои ем произведуваат и струја [2] идеални за стамбени згради деловни објекти хали, или пак комбинација на гас+соларниПанели кои се идеални за индивидуални објекти меани работилници [3] субвенционирање пелети во однос вакви ситеми е ко сред градски метеж да форсираш камион во однос цесна, да за почеток треба 1км писта да се вивне муабњтот но потем е поезија во движење над ситњ долу заглаени! Предноста кај овие системи е што истите можат да бидат со цистерна закопана под земја, бојлер во подрум, и конечно соларни панели на чатија, во секој случај и да ви снема плин можете да подзагреете вода во котел преку чатија и тро струја, бар ова е логиката лично се немам ваков систем та да речам 100% е безмконкуренција, но во разговор со оние кои имаат фалбитњ во однос домакинлукот и тоа за индивидуален објект мал систем есапот им е велат ко декњмври во август без зијан, хм но почетна инвестиција е норма, до каде колку незнам, чунки ќе си се распрашате кај поизвиканите термичари

22.11.2018 ~ Втората линија од гасоводот „Турски тек“ ќе биде проширена кон Бугарија

Втората линија од гасоводот „Турски тек“ ќе биде проширена кон Бугарија
АНКАРА (АА) - Руската енергетска компанија „Гаспром“ ќе ја прошири втората линија на гасоводот „Турски тек“ кон Бугарија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Рускиот весник „Комерсант“ денес објави дека рускиот гас ќе се пренесува од Турција кон Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка.

Почетокот на испорачувањето на природен гас за Бугарија и Србија се очекува за 2020 година, додека доставувањето на гасот за Унгарија се очекува да започне во 2021 година. Оваа опција за рутата преку овие земји значи дека испораките на природен гас преку Украина ќе се избегнат.

Украина, заедно со уште неколку европски земји, се спротивставуваше на изградбата на втората линија од „Турски тек“, велејќи дека тоа ќе доведе до зголемување на монополот на Русија на европскиот пазар за природен гас.

Новата предложена рута го следи истиот правец како и откажаниот проект „Јужен тек“ во 2014 година. Иако приговорите за проектот во Европа најверојатно ќе продолжат, руската компанија работи во согласност со Законот за конкуренција на Европската Унија. Овој закон го промовира одржувањето на конкуренцијата во рамките на единствениот европски пазар, со регулирање на антиконкурентското однесување од страна на компаниите, со цел да се осигура дека тие не создаваат монополи кои ќе ги нарушат интересите на општеството.

„Турски тек“, кој се состои од две линии, ќе има вкупен капацитет од 31,5 милијарди метри кубни (bcm).

Турција ќе добива 15,75 милијарди метри кубни гас, додека останатиот капацитет ќе биде испорачуван во Европа.



Edited by Zelenikovo - 24-Nov-2018 at 02:30
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 29-Nov-2018 at 07:00

но кој губи најмногу од ресетирање на последниот план, хм, грците!

всушност грците седеле не на два ами на појќе стола, конечно им се придвижени работите околу еден, колку од ваквата заобиколена РЕАЛНОСТ Македонија ќе има аир, тоа зависи од добрата волја на извозувачот, а не патарините, иако ко и украинците и' грците или бугарите ако нешто не им чини утре може да речат чукш нема гас за Македонија, среќа сеуште не сме зависни толку од гасот како енергенс та и не ни може тоа да се одрази озбилно по нас, но никогаш не е касно да се навлечеме без сигурно покритие, бонус во ваков случај исто ет ЛНГ диверзификација, еден терминал требит да имет во Хрватска а еден чунки ќе збрца некој и во Албанија та да се надеваме дека долгорочно би можеле економијата да ја фокусираме на гас ... но доколку цените растат а ќе растат, единствена паметна алтернатива за Македонија покрај гасот е и сончевиот потенцијал та не само да купуваме туку и да произведуваме енергиа, дали инвестираме научно или сме бизнис ориентирани како општество кон фотоволтаична иднина тоа е веќе друго, само Домакинствата да ги форсираме кон самоодржливост та ќе се растоварат потребите на Државата за увоз на енергенси ко такви претежно резервирани за раст на економијата ...

24.11.2018 - $7b. East Med gas pipeline to Europe ~
https://www.timesofisrael.com/israel-cyprus-greece-italy-said-to-agree-on-east-med-gas-pipeline-to-europe/

но

14.02.2018 ~ https://oilprice.com/Energy/Natural-Gas/An-Eastern-Mediterranean-Offshore-Gas-War-Is-Brewing.html

16.01.2014 ~ https://www.forbes.com/sites/christophercoats/2014/01/16/russia-finds-path-into-mediterranean-gas-through-syria/#e7e442c2a62a

In 2010, they discovered the Tamar and Leviathan gas fields in Israeli territorial waters. These fields have combined estimated reserves in the order of 25 trillion cubic feet of gas, a volume that would place them among the 30 largest gas fields in the world, larger— for example—than most gas fields found in the North Sea.

These gas reserves are roughly equivalent to two years of Europe’s gas consumption. The U.S. Geological Survey estimates that some 122 trillion cubic feet of natural gas could eventually be found in the Levantine Basin, in the eastern Mediterranean Sea, a volume that would make the region an important player in the world of energy. The costs of developing these resources will be high, as a typical development well drilled in that basin will cost between $80-90 million and a gas pipeline to Europe is expected to cost as much as $15-20 billion.
...
https://www.eniday.com/en/human_en/eastern-mediterranean-sea-of-gas/

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #516 Posted: Yesterday at 11:17

11.02.2019 ~ Дали пропадна гасоводот Турски теk - https://vecer.mk/node/4204

и бугарите ''не'' седат на појќе столици, али и срби имаат ваљда ногара вишак, ако е за веруење анализа од вечерни новости на македонски, неумесно но мајтап за вовед тука е неопходен за да имаме предвид дека диви'насеља нема само кај нас, иако кај нас вака опуштено не беше ресетирање на рута, речиси и да заборавивме каква трагедија беше тоа а заради нечии геополитички есапи, жално е што и покрај тоа на политичари не им пречеше ни најмалку да вејат исклучивост те порано те сега!

битно македонската примарна гасоводна мрежа и понатака е во полн ек за трасирање, прашање е колку секундарната така ќе ечи ако нема супер субвенции но и огревни забрани во урбани зони, што кај нас сред активно индивидуално но и колективно сиромаштво ќе биде навистина склет, речиси целосно треба фокусот на државата да е свртен кон оваа област за да се дочека исплатлива и ефективна гасификација, дали е тоа возможно незнам, но попрво и полесно ќе протуркаат масовна когенеративна гасификација него што ќе има фајде од цевки по сите страни, пред се' бидејќи така Народ е ограничен од еден оператор и добавувач воопшто, а тој секогаш е врзан со договори увозно, што пак во услови кога ќе се појави поефтин LNG гас од другде (макар низ некој трета цевка точен а тука со камиони довезен) Народ ќе нема можност да бира ко што би можел доколку е микрокогенеративно независен од државни цевки, а посекако така ќе може и од нив така да наточи боци ...

којзнае можеби законски ова со време ќе се регулира та бар реонски да има нодови каде одредени општини сами би одлучувале дали ќе земат гас од цевка или LNG, но тоа би значело секундарната мрежа да е во раце на општините а не ГАМА капак тие подстаници треба да се исто во сопственост на општините, но дали некој размислува вака незнам, битно е нели да се централизира се' што се може за да сите си бидат зависни од една чешма а нели како чешмата би генерирала профит, иако истиот би одел во добар дел за разгранување гасоводна инфраструктура или нејзино одржување, а сигурно по линија на помал отпор сигурно и сервисирање изборни ветувања преку партиски вработувачки дисаѓи без разлика кој и да е на власт, зар било поинаку до сега во некоја златна кокошка!?

~

веројатно когенерација веќе сте разбрале што значи, а префиксот микро значи дека когенративниот систем е за домакинства илити помали трговски или индустриски објекти [1] оние кои не надминуват 20Kw ел.потрошувачка без греење [2] а на кои би оделе дополнително од 2 до 10Kw потрошувачка за микрокогенеративниот систем зависно од неговото димензионирање [3] а на ова плус се надодава и цената на гасот, јасно и почетната инвестиција не е мала, но загарантираната Самоодржливост со греење и топла вода, но и продавањето вишок струја зависно каков е системот,би требало да гарантира на среден рок исплатливост, претпоставувам доколку микрокогенеративните единици не се гаражни направии туку системи од проверени производители, кои кај нас незнам колку ги имаме, иако ги имаме, но никој не се одважил од енергетичарите да говори гласно на оваа тема, веројатно чекајќи тоа државата да го стори за нив или пак да им плати за да поучуваат Народ, што може и некој го прави на фејсбук но таму аберот или не стига одма до сите ем не е архивиран за да постојано биде на ачик, што би можело да го покрие некој ЕнероПортал кој го немаме како експертски сеопфатен, по што не само што се јавува вакум во кој полуписмени ко мене пробуваат да повлечат дебата на еФорум, туку така олабавува волјата за општествен притисок врз властите да субвенционираат вакви системи, нешто што сега го прават со соларни-панели+пелетарки, но гасот е далеку поефтин а потенцијално со вакви системи сте и производител на струја, реално дека пелетите ќе паѓаат на цена тоа тешко, а единствен гајрет во овој случај е безбедноста при што офгрид боци треба да се под земја или понастрана од објектот што секаде не е возможно, иако можат ваквите системи да се приклучени и на секундарна гасоводна мрежа, но најидеални се за оние места каде истата не постои или приклучокот е неисплатлив, а тие не се малку, на страна просторот за избор на доставувач ... но ме интересира т.е. не ми е познато ко што вели во последниот пасус од првата фуснота дека ваков систем има рок на траење од 10 години а не чини помалку од 10к евра, ако тоа е и кај нас реалност во однос цените за пелетарки + солар иако посочените мкс би требало да генерираат и производство на струја за таа цена, а само соларен панел + гасен котел ем спроведено парно би биле далеку поефтина инвестиција и споредлива со постојно субвенционираните, иако и тие субвенции за колку време такви какви се сега би стимулирале префрлување од дрва на пелети, за колку децении ќе се стигне на ред за да тоа генерира масовна замена на постојните навики, а со тоа и почист воздух во градовите, ќе се најде ли конечно некој или некои енергетичари да си отворат свој еФорјм и да думаат јавно предности и мани во однос вакви и слични дилеми, таман нека си промовираат и производството или увозот, бидејќи вака како што сега стојат работите од празно во шупливо се претура Надеж чекајќи можеби на европеи да не описменуваат на германски бидејќи англискиот може да не е веќе толку атрактивен




Edited by Zelenikovo - Yesterday at 11:20
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #517 Posted: Today at 12:17
Кратко јасно, спакувано во само една реченица
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.