build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 07-Apr-2019 at 20:13
Цевкиве конечно ќе одат под земја или над земја ќе им биде финалната положба?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 08-Apr-2019 at 11:20
Па, би требало, вака се ставени само за фотографирање.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 21-Jan-2020 at 22:44
Истражував некои работи деновиве во врска со гасоводот во Мк и ај што нема скоро никакви информации, туку нема ниту една официјална мапа. Успеав да најдам некои информации од министерство за економија и Национални енергетски ресурси, па така ја склопив следнава мапа за да го документираме магистралниот гасовод во актуелната состојба.

Според некои други информации од министерство за економија успеав да откријам дека постојат веќе изработени проекти или се планираат за гасоводни делници:
- Штип - с. Хамзали
- с. Хамзали - с. Стојаково (граница со Грција)
- Кичево - Охрид - Струга - Ќафасан
- Битола - Ресен - Охрид

но одлучив да не ги вклучам во мапата бидејќи проекти посекако лежат по фиоки во Македонија 20-30 години. Ако некој има дополнително инфо или открие некоја грешка, пишете.

Магистрален гасовод v20200121 by ironm, on Flickr


Edited by ironm - 21-Jan-2020 at 23:16
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 21-Jan-2020 at 22:55

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 18-Feb-2020 at 14:32
Гасоводот од Грција во државата ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково

Претставници на претпријатието „Национални енергетски ресурси“ денеска го информираа гевгелискиот градоначалник дека гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково.

Гасоводот ќе поминува кај селата Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде споена со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Проектот треба да биде реализиран до крајот на годинава, а за приклучувањето на Гевгелија на интерконекторот ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицирала за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска, УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Интерконекторот ќе овозможи државата да се приклучи на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море.

Сега Македонија е приклучена преку една точка на гас во Бугарија, и се очекува преку интерконекторот да бидеме приклучени на други извори и со тоа да се зголеми конкурентноста на испорака на гас во државата.

https://meta.mk/gasovodot-od-grczi%d1%98a-vo-drzhavata-%d1%9ce-vleze-me%d1%93u-selata-bogorodicza-i-sto%d1%98akovo/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5026
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 06-May-2020 at 13:21
Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со одредени застои поради корона кризата

Решавањето на имотно-правните односи и усвојувањето на инфраструктурните проекти за измените во тек на градба, предизвикаа одредени застои во изградбата на гасоводната мрежа за време на овие два месеци откако трае кризата со корона вирусот, вели директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи во разговорот за „Мета.мк“.
Ние ги направивме сите напори за да продолжи реализацијата на проектите, и успеавме во тоа. Но, нормално дека не е возможно во време на пандемија се да оди според предвидената динамика. Застоите беа во решавање на имотно-правните односи, бидејќи беа одложени сите расправии во управата за имотно-правни работи. Вториот проблем е усвојувањето на инфраструктурните проекти за измените во тек на градба, бидејќи се чекаат мислења од различни институции, и во време на пандемија тоа оди многу споро, но и ред други проблеми,“ вели Реџепи.

Директорот на НЕР информираше дека делницата Неготино – Битола, е скоро 90 проценти изградена. Оваа делница, ако нема да се појават други дополнители проблеми би требало да биде завршена до средина на оваа година.

„На делницата, Скопје-Тетово-Гостивар, имаме поголем застој, и помала реализација, заради причините што ги спомнав погоре, и сигурно дека ќе ни треба повеќе време да го завршиме целосно,“ додава Реџепи.

Изградбата на преносната мрежа, како што информираше директорот на НЕР и после завршувањето на сегашните делници ќе продолжи да се развива. Ќе се затвори прстенот Гостивар-Кичево-Охрид-Битола, и ќе се градат краци до сите градови околу прстенот, како и другите интерконекциски водови према Бугарија, Косово, Србија и Албанија.

„Тоа е во нашите среднорочни и догорочни планови. Дистрибутивната мрежа ќе почне да се гради после завршувањето на постапката за јавно-приватно партнерство, и потпишување на договорот со приватниот партнер. Првата фаза која ги опфаќа поголемиот дел од општините а со тоа и поголемиот дел на потрошувачите ќе се гради во првите четири години, но ќе се развива се до завршување на концесискиот период,“ додава тој.

Според последната одлука на Владата, јавниот повик за ангажирање на приватен парнтнер за изградба на дистрибутивниот систем за природен гас на целата територија на државата трае до 9 јуни, но според Реџепи ситуацијата може да го поремети текот во оваа прва фаза на воспоставување на јавно-приватно партнерство и тој рок да биде одложен.

„Мое лично мислење е дека треба да се продолжи рокот, бидејќи имаме ситуација на затворени граници многу долг период, и можеби повеќе компании не биле во можност да ја подигнат тендерската документација. Така нив ги ставаме во нерамноправна положба. Но, сепак владата како концесионер е таа што треба да одлучи за продолжување на рокот на првата фаза,“ потенцира Реџепи.

Услов во тенедерската документација за јавното-приватно партнерство е приклучокот на семејствата во системот да чини не повеќе од 100 евра. Реџепи вели дека ако тендерот биде завршен успешно, цената за приклучок сигурно ќе биде 100 евра, или можеби и помала.

https://meta.mk/izgradbata-na-gasovodnata-mrezha-se-odviva-so-odredeni-zastoi-poradi-korona-krizata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5026
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 07-May-2020 at 14:31
Во завршна фаза е проектирањето на интерконективниот гасовод кон Грција

Активностите околу интерконективниот гасовод кон Грција, кој на државата ќе ѝ овозможат да се приклучи на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море, се одвиваат спред предвидената динамика, изјави за „Мета.мк“, директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи.

„Веќе е изработена студијата за влијанието врз животната средина, и во завршна фаза е проектирањето. Бевме во интензивна комуникација со сите инволвирани страни во изминатиов пердиод и јас не очекувам дека ќе имаме застои од наша страна,“ вели Реџепи.

Сега Македонија е приклучена преку една точка на гас во Бугарија, и се очекува преку интерконекторот да бидеме приклучени на други извори и со тоа да се зголеми конкурентноста на испорака на гас во државата.

Гасоводот ќе поминува кај селата Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде споена со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Проектот треба да биде реализиран до крајот на годинава, а за приклучувањето на Гевгелија на интерконекторот ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицирала за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска, УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Реџепи исто така информираше дека изградбата на гасоводната мрежа се одвива со одредени застои поради корона кризата, а најголеми пречки се решавањето на имотно-правните односи и усвојувањето на инфраструктурните проекти за измените во тек на градба.

https://meta.mk/vo-zavrshna-faza-e-proektiranjeto-na-interkonektivniot-gasovod-kon-grczija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5026
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 21-Jun-2020 at 13:49
Гасоводот преку Водно доцни, има технички проблеми кај Сопиште и кај Шишево

Две години откако беше најавена како приоритетен инфраструктурен зафат и претставена како единствено решение за побрзо завршување на гасоводот и за побрза гасификација на полошкиот регион, трасата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар преку падините на Водно сè уште не е завршена, а на неа последниве месеци не можат да се забележат никакви градежни работи. Посетителите на Водно и рекреативците изминативе месеци можеа самите да се уверат дека цевките долж трасата на гасоводот само делумно се поставени, некаде не се споени, а целиот потег, на кој беа исечени стотици кубни метри шума и раскопани падините и шумските патеки, сè уште стои неуреден, онака како што што беше кога започнаа градежните работи на гасоводот во 2018 година.

Како што дознава Мета, причина за овој застој се техничките проблеми на две одделни локации на трасата на гасоводот преку Водно, над села Сопиште и Шишево. Проблемот кај Сопиште се појавил кога локалното население, револтирано дека цевките на гасоводот требало да поминуваат крај селските гробишта, барало измена на трасата во тој дел, а на другиот крај на Водно, над селото Шишево пред влезот во клисурата Матка, проблемот бил предизвикан од енормната косина на трасата и тесниот простор на кој се изведувале работите.

„Изградбата на делницата што поминува низ Водно, беше за неколку месеци, но уште не е завршена целосно, бидејќи нема технички услови за да се реализира хидротест“, признава и првиот човек на државното претпријатие Национални Енергетски Ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи.

„Се појавија две непредвидени ситуации, на двете страни на Водно, кои што ги оневозможија техничките услови за хидротест. Од страната кај село Сопиште целото село застана пред барањето да се направи измена кај гробиштата ( имаше петиција од над 1.000 потпишани граѓани) и бевме принудени на измена“, вели тој.

Сепак, според Реџепи, сега овие проблеми се решени и штом завршат административните процедури околу изменетата траса, градежните работи ќе продолжат. „Измената кај гробиштата е во завршна фаза и очекувам дека инфраструктурниот проект многу брзо ќе биде усвоен“, додава директорот на НЕР.

Тој појаснува дека на другата страна, кај село Шишево, заради намалување на работниот појас, се појави нужна потреба од усвојување на нова методологија за заварување и спуштање на цевките во услови на екстремни наклони, на намален работен појас на 10 метри. „Оваа методологија е изработена и усвоена, така што очекувам дека оваа делница ќе биде целосно завршена и вратена во првобитна состојба“, додава Реџепи.

Од Го сакам Водно резигнирано коментираат дека очигледно било за џабе нивното навремено укажување токму на тие два потенцијални проблема со кои неминовно ќе се соочи трасата на гасоводот преку Водно. „Кога водевме кампања „НЕ НИЗ ВОДНО“, меѓу другото укажувавме и на тешката изводливост на проектот особено за спустот кај Шишево како и за цевководот кој минува низ гробишта. Тогаш беше поважно временски да се запази изградбата на гасоводот, иако ни признаа дека сме во право“, вели Татјана Стојановска од ГСВ.

Како што е познато, во септември 2018 година, наспроти протестите на активистите за зачувување на парк-шумата Водно, Владата го усвои предлогот да се продолжи изградбата на оваа делница токму низ највредните предели на Водно, обврзувајќи се да ја надомести штетата на уништеното зеленило. За таа цел, НЕР уште веднаш откако беше донесена одлуката, префрли милион денари на сметката на Град Скопје за ревитализација на шумата на планината и пошумување, но досега не е завршено ветеното засадување на нови дрвја.

https://meta.mk/gasovodot-preku-vodno-doczni-ima-tehnichki-problemi-kaj-sopishte-i-kaj-shishevo/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.