build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 03-Jan-2012 at 17:55

Годинава почнува гасификацијата

Годинава почнува гасификацијата. Прокетите се готови, почнати се активностите на терен, а паралелно се работи и на затворањето на финансиската конструкција за овој мега проект.

Ќе се финансира со парите од клириншкиот долг од Русија, тоа се 60 милиони долари за кои веќе има потпишан договор и кои годинава ќе почнат да се користат. Според договорите, Македонија ќе биде дел од Јужен поток, но се уште утврудва на кој начин гасот ќе потече низ земјава.

Дополнителни 15 милиони долари ќе бидат обезбедени преку буџетот за Министерствто за траснпорт. А за остатокот се водат преговори со Европската банка за обнова и развој. Од таму бараат гаранции од Гаспром за количините гас со кои ќе располага земјава. Надлежните очекуваат дека спорните прашања ќе бидат надминати во текот на оваа година и земјава ќе постигне договор со ЕБОР за кредитирање на проектот.

Бизнис секторот се погласно бара гасификација на земјава како единсвтен начин да добијат поевтин енергенс. Струјата од Нова година повторно поскапе, производствто станува се поскапо, едиствено гасот може позитивно да влијае на индустријата.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/godinava-pochnuva-gasifikacijata

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 03-Jan-2012 at 19:00
Previous
 
А кога конкретно годинава, ако не е тајна ?
 
Прашувам онака, бидејќи од денешниов ден, вторник, 3 јануари 2012, па се до крајот на годинава не делат уште 363 дена, а на терен сеуште не се започнати никакви градежни работи.
 
Полесно ми е кога молчат и не дигаат адреналин за ништо, отколку кога ќе излезат со најразни приказни за тоа што очекуваат да се случи во наредните неколку денови или недели или месеци или во наредните година дена.
 
Новата зграда на Гинекологија во Скопје ја отворија, па ја затворија поради недостатоци, па сега повторно ја отворија.
 
Исто и Порта Македонија, ги тргнаа скелињата и ја покрија портата со платно за да биде подготвена за прославата по повод 20 години македонска независност, па продолжија со градежните работи, па повторно ги прекинаа градежните работи поради прославата по повод враќањето на националната репрезентација во кошарка со освоено 4-то место на Европското Првенство во Кошарка 2011, па повторно продолжија со градежните работи и сега велат дека портата официјално ќе биде пуштена во употреба на крајот на јануари 2012.
 
За PayPal најавуваа дека ќе почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија во 2008, па во 2009, па во 2010, па во 2011, за да сега велат дека ќе почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија во 2012.
 
Преку глава ми е од предвремени отворања и најави, кога ќе почнат официјално со работа нека излезат со официјална најава, а не вака со изјави од типот "очекуваме ова / очекуваме она". Bash


Edited by Dexter26 - 03-Jan-2012 at 19:03
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 05-Jan-2012 at 14:31

Ќе се гради гасоводна делница до скопскиот аеродром

ГА-МА објави тендер за изградба на делница од гасовод до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и до компанијата „Пекабеско“, кој ќе биде дел од системот за трансмисија на природниот гас.

Тендерот се однесува на работи за составување на гасоводните цевки, градежни работи, екетричарски работи, заштитни работи, испорака и поставување на апарати и материјали за извршување по системот клуч на рака. Локацијата на вршењето на работите е општина Илинден во Скопје.

Од учесниците во тендерот се бара да имаат просечни годишни приходи од над 1,463 милиони евра во последните 3 години.

Во критериумите за оценување на понудите квалитетот и цената ќе учествуваат со 50 отсто. Отворањето на понудите ќе се изврши на 22 февруари.

Не е наведено колкава ќе биде должината на делницата, нито пропусната моќ на гасоводната делница.

http://www.plusinfo.mk/vest/28792/Kje-se-gradi-gasovodna-delnica-do-skopskiot-aerodrom

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 11-Jan-2012 at 17:42

„Макпетрол“ соопшти дека купил гас за годинава

„Макпетрол“ соопшти дека склучил договор со „Gazprom Export“ LLC за купопродажба на гас а 2012 година во количество од 150 милиони кубни метри.

Компанијата, исто така, има склучено и договор за продолжување на издадената гаранција според договорот со „НЛБ Тутунска банка“ АД, Скопје за издавање платежна гаранција во корист на руската компанија во износ од 4,849 милиони долари. Покрај тоа, со банката е склучен и нов договор за нова платежна гаранција во однос на „Gazprom Export“ LLC во износ од уште 2 милиони долари.

Инаку, ова количество на природен гас што го набавува „Макпетрол“ е поголемо од она што беше потрошено во 2010 година, која е последна за која има податоци, кога се потрошени 118,4 милиони кубни метри.

Ова количество, исто така, не ги вклучува потребите за гас на новата топлана Те-То, за која нејзините соптвеници „Топлификација“ и нејзиниот руски партнер „Синтез Груп“ ќе треба посебно да набават природен гас. Се дознава дека кредитот што „Топлификација“ го зеде од ЕЛЕМ и МЕПСО во износ од 3,9 милиони евра е токму за да се обезбеди гаранција за набавката на природен гас. Те-То се очекува да троши два и пол до три пати повеќе гас отколку сите 30-ина компании заедно кои ги снабдува „Макпетрол,“ односно 350 милиони кубни метри.

Кога станува збор за гасот, Македонија е 100 отсто зависна од рускиот монопол за природен гас „Газпром.“

http://www.plusinfo.mk/vest/29414/Makpetrol-soopshti-deka-kupil-gas-za-godinava


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 13-Jan-2012 at 13:52

Владата не гради гасовод - монополот на Макпетрол продолжува!

Катерина Попоска

Ексклузивитетот да купува гас од руски Газпром го има Макпетрол, иако лиценца за да увезуваат гас и да го продаваат на македонските компании имаат уште четири други компании. Сè додека Владата не го изгради гасоводот, со што ќе порасне потрошувачката на гас и ќе се намали цената на овој енергенс, Макпетрол ќе царува на пазарот!

Владата веќе шест години по ред на голема врата најавува дека ќе почне да го гради гасоводот со клириншките 60 милиони долари, но сето тоа сè уште е само ветување. Под изговор дека ги чекаат руските пари, Владата сè уште не почнала да го гради гасоводот од Клечовце, Куманово до Струмица. И додека гасот да потече до сите индустриски гиганти и до секое домаќинство, со што ќе се зголеми побарувачката за природен гас и ќе се намали цената на овој енергенс - Макпетрол ќе царува на пазарот и ќе може да си ја утврдува цената како што сака.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, не одговори за „Капитал“ до каде е изградбата на гасификацијата и што уште чека за да го реализира проектот.

Енергетски експерти коментираат дека сè уште се чека на понудата на руската фирма која со клириншките 60 милиони долари треба да почне да го гради гасоводот од Клечовце до Струмица, што е само еден крак од целосна гасификација на Македонија.

Зошто тешко се влегува во бизнисот со дистрибуција на гас?!

Регистрираните трговци со природен гас во земјава тешко влегуваат во бизнисот со овој, за македонските компании сè уште скап, енергенс. Покрај најголемиот трговец со гас, Макпетрол, лиценца за да увезуваат гас и да го продаваат на квалификуваните компании имаат уште четири други компании, Алфагас, Макгас Консулт, Гас Траде и Рој и Рифајнд комодитис, сите од Скопје. Но, ексклузивитетот да купува гас од руски Газпром, кој го продава на македонските компании, го има Макпетрол. Фирмата-ќерка на Макпетрол, пак, Макпетрол Промгас го презема гасот од македонска граница и го дистрибуира до корисниците, дејност што самоволно престана да ја извршува на 1 јануари годинава.

Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека иако во земјава фигурираат уште четири трговци со природен гас, тие не се многу активни.Македонскиот пазар, од позиција на конзумент на овој енергенс е мал, велат познавачите. Количествата гас кој Македонија ги купува од Газпром се многу мали во споредба со други земји од Европа, поради што не може да се раздвижи пазарот со гас во земјава.

„Снабдувачот со природен гас во земјава може да добие лиценца за трговија со природен гас врз основа на претходно склучен договор со увоз на гас, односно договор за веќе купени количини од овој енергенс, како и потпишани договори со потрошувачите. Исто така снабдувачот треба да има склучено и договор со преносниот оператор Га-Ма, како доказ дека најавените количини од увоз ќе се пренесат до потрошувачите. Во Македонија четири компании ја имаат лиценцата за трговија со природен гас, но сите немаат склучено договори за увоз. Ексклузивитетот го има Макпетрол, бидејќи тој има годишни закупени големи количини од руски Газпром. Овие количини се толку незначителни за еден гигант како Газпром, така што дури и некоја друга фирма од земјава да сака да снабдува со природен гас, веројатно нема да успее да стигне да преговара со овој нафтен гигант. Нема конзум, нема и развој на пазарот”, вели Димитар Петров, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Познавачите велат дека трговците со природен гас во земјава, со исклучок на Mакпетрол, досега најавиле можен увоз на гас од Азербејџан, но трговијата и дистрибуцијата со овој енергенс доминантно е во рацете на Макпетрол. Една од компаниите која има лиценца да тргува со природен гас во земјава, за „Капитал“ вели дека дури и да успеат да се договорат за увоз на гас, повторно наидуваат на конкурентот Макпетрол.

„Да се донесе гас до Македонија се сведува на голема умешност. Пазарот е целосно покриен од најголемиот дистрибутер. Истата компанија има 50% сопственост и во инфраструктурата, односно во претпријатието Га-Ма. Така што да се биде сериозен играч на пазарот на гас во Македонија во вака поставени односи, е прилично тешко“, велат од една од компаниите, лиценцирани трговци со природен гас во Македонија.

Согласно со вака поставените позиции на пазарот со гас во земјава, Макпетрол е неприкосновен играч кој ја диктира пазарната цена на гасот, кој донесен до македонска граница во декември минатата година им го наплаќаше на компаниите дури 420 евра за 1.000 метри кубни гас. Истата оваа количина гас до бугарската граница чинеше 380 евра, додека во Германија 330 евра. Комбинираната термоелектрана и топлана Те-То, која лани стана квалификуван потрошувач на пазарот, може сама да си ги набави потребните количини гас за производство на топлинска и електрична енергија. Но, поради неуспехот сами да увезат гас од странство, Те-То минатата година купуваше гас токму од Макпетрол.

Во моментот, во земјава само 30-ина компании ја имаат „привилегијата“ да користат не толку евтин гас, како енергенс. Откако Промгас самоволно запре да им испорачува гас на тарифните потрошувачи, трговецот Макпетрол, спротивно на Законот за енергетика, сè уште им продава гас на дел од компаниите, но поскапо, по пазрни цени. Од компаниите постојано алармираат дека растот на цената на гасот и немањето на гасовод, ги поскапува нивните производи, со што ги прави неконкурентни на странските пазари.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78766/vladata_ne_gradi_gasovod_-_monopolot_na_makpetrol_prodolzhuva!.aspx?iId=2546

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 17-Feb-2012 at 17:47

Домаќинства ќе се приклучат на гас

 Претставници на месни заедници, куќни совети и поединци секојдневно бараат информации за условите под кои ќе се врши приклучокот.

Домаќинства%20ќе%20се%20приклучат%20на%20гас

  ЈП „Куманово-гас„ за два месеци ќе започне со приклучок на домаќинствата на гасоводната мрежа. Претставници на месни заедници, куќни совети и поединци секојдневно бараат информации за условите под кои ќе се врши приклучокот. Од претпројатието велат дека центата предвидена за приклучок ќе биде 800 евра.

"Голема заинтересираност има меѓу градежните фирми кои бараат приклучок на гасоводната инсталација пред почеоткот на изградбата на колективните стамбемни единици"-вели Момчило Мирчевски, директор на претпријатието.

 Во Куманово е поставена 12.700 метри гасоводна мрежа, а досега си приклучени неколку образовни интитуции, градинки, старскиот дом како административните згради на општината и јавни претпријатија.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/domacinstva-ce-se-priklucat-na-gas.html

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 22-Feb-2012 at 23:49
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=46491

Гаспром не заобиколи, Ставрески оптимист за Јужен поток

среда, 22 февруари 2012, 19:13

Владата се уште чека покана за вклучување во Јужен поток иако Гаспром јавно ја објави трасата на гасоводот што ќе ја заобиколи Македонија. Како што покажува официјалната карта објавена на интернет страницата на Гарпром, главните траси на меѓународниот гасовод почнуваат од Русија, па преку црното море поминуваат низ Бугарија и се двојат кон Италија и Централна Европа.

Гасоводниот систем ќе поминува низ Србија, Унгарија до Австрија, со испуштени краци кон Хрватска и Словенија. Македонија на оваа карта е заобиколена.

Најавите дека Македонија ќе добие крак од овој меѓународниот гасовод дојдоа минатата година по посетата на министерот Ставрески на Русија. Тогаш беше објавено дека од Бугарија, Србија или Грција ќе се испуштат цефки и на македонска територија.

Тоа според тврдењата на Владата ќе значеше конечно решавање на деценискиот проблем за гасификација на земјава што ќе донесе поефтин ебергенс- гас за домаќинствата и за компаниите. Со вклучувањето на Македонија во Јужен поток, според тогашните изјави на Ставрески, ќе се наплатеше и рускиот клириншки долг од 60 милиони долари.

Христијан Стојчевски
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 27-Feb-2012 at 18:00
MAKEDONIJA I CRNA GORA NA TRASI JUŽNOG POTOKA?!

Denis Ignatjev je predstavnik Gazproma. On je ovih dana izjavio za ruske medije da je Srbija centralna regionalna tačka trase Južnog potoka i dodao je da se trenutno radi na tehničkoj dokumentaciji i na posebnoj studiji za Makedoniju i Crnu Goru.



http://www.energyobserver.com/vesti.php?lang=1&ID=36958




Edited by Cloverstack - 28-Feb-2012 at 01:06
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 27-Feb-2012 at 18:22
Владиниот економски совет го разгледа проектот за гасификација на Македонија

Разгледување на проектот за гасификација на Република Македонија, определување приоритети во патната инфраструктура и преструктуирање на проектот за концесија на Коридорот 8 се двете точки кои се разгледаа на денешната редовна седница на владиниот Економски совет.
- Во однос на гасификацијата, Економскиот совет донесе одлука дека Република Македонија треба да го реализира како приоритетен правецот од Клечовце преку Штип до ТЕЦ Неготино со средствата кои се обезбедени од Клириншкиот долг, односно од средствата кои Русија и ги должи на Македонија. Намерата е со првиот крак што ќе се изгради од гасоводот да опфатиме околу 96 километри должина на делница која е стратешки значајна за да се донесе гас до централното подрачје на Македонија, да се донесе енергенс кој е еколошки чист и на тој начин да се создадат услови за трансформација на ТЕЦ Неготино од мазут, како што сега работи на гас, изјави по седницата вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески.
Доколку има интерес од концесионери, потенцира, на локација која е веднаш до сегашната термоелектрана Неготино, во иднина ќе се понуди изградба на уште една електрана на гас.
- Веќе имаме конкретна понуда од руска компанија, која од страна на Владата на Руската федерација е определена за партнер на Македонија во реализацијата на овој проект, што значи дека веќе е завршена фазата на технички разговори, каде ќе минува трасата и колку ќе чини. Сега Владата се определи за оваа траса како приоритетна, а во понатамошните фази ќе се реализираат и останатите траси од магистралниот гасовод кои ќе ја опфатат делницата што ќе помунува преку Хамзали, Струмица, Валандово до границата со Грција, како и делот од Скопје, Тетово, Гостивар во однос на кои средства ќе добиеме од Европската банка за обнова и развој до крајот на следната година, истакна Ставрески.
Со Европската банка за обнова и развој, како што рече, Владата е во преговори, се прават студии, како и документација која е неопходна. - Но, веќе имаме согласност од Европската банка за финансирање на тие делници, потенцира Ставревски.

Извор: Министерство за транспорт и врски,http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3623

Edited by BOJAN - 27-Feb-2012 at 18:23
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 03-Apr-2012 at 08:41

Kрива Паланка се подготвува за гасификација

Вторник, 20 Март 2012

За централното градско подрачје и за индустриската зона во завршна фаза е проект за гасификација, а за натамошната реализација веќе се заинтересирани повеќе странски и домашни инвеститори. Kрива Паланка и Kратово ќе добијат изведбени проекти за гасификација, кои се финансирани преку Североисточниот плански регион во кој спаѓаат овие две општини. Изработката на проектите е во завршна фаза, а Општина Kрива Паланка веќе размислува за негова натамошна реализација и што поскоро гасифицирање на градското подрачје.

- За потребите на проектот се вршат мерења на теренот и тој треба да биде целосно завршен за околу еден месец. Со изведбената документација се опфаќа централното градско подрачје и индустриската зона. Точно ќе бидат определени локалитетите каде што ќе поминува главниот цевковод и водовите за градската гасификациона мрежа, а ќе има и две мерно-регулациски станици за левиот и за десниот брег од градот - вели градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Со проектот се создаваат услови за воведување на гасот како енергент за користење и од страна на домаќинствата и од индустриските капацитети.

- Една од опциите е гасифицирањето да се изврши преку јавно-приватно партнерство, а се разгледуваат и можностите дали општината има капацитет сама тоа да го спроведе. Во секој случај, веќе има заинтересирани странски и домашни инвеститори и ќе видиме која форма ќе биде најдобра - вели Алексовски.

Засега во Kрива Паланка, каде што минува главната гасоводна магистрала, гасот го користи само погонот за производство на наполитанки, кој има сопствен приклучок и сопствена мерно-регулациска станица.

- Моја заложба е за наредната грејна сезона да имаме приклучено на гас барем неколку индустриски капацитети, а доколку успееме да ја гасифицираме и болницата, тоа ќе биде огромен успех. Има повеќе заинтересирани потрошувачи и од индивидуалните домаќинства, кои веќе имаат сопствени инсталации и само треба да се изврши пренамена на горилниците. Според првичните процени, греењето на гас е поевтино за 50 отсто од затоплувањето со електрична енергија и нафта, а со оглед и на другите придобивки на овој енергент, очекуваме дека Kрива Паланка наскоро ќе биде гасифициран град - подвлекува Алексовски.

http://www.krivapalanka.gov.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 30-Apr-2012 at 11:39

ТАВ ќе добие гас! Државната гасификација жртва на ребалансот!

Катерина Попоска
Со околу 1,5 милиони евра Га-Ма и ТАВ Македонија ќе градат гасовод од зоната Бунарџик до скопскиот аеродром. Колатерална корист од проектот ќе бидат неколкуте капацитети во општините Илинден и Петровец. Гасификацијата на цела држава пак, годинава е жртва на ребалансот на Буџетот, проект за кој се скратени дури два милиони евра
2


милиони евра помалку предвидува ребалансот на Буџетот за годинава за гасификација на цела држава

Скопскиот аеродром ќе се гасифицира најверојатно од есен. Систем-операторот Га-Ма, компанија во сопственост на државата и на Макпетрол 50-50, ќе вложи околу 1,2 милиони евра за ТАВ да добие гас преку технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Од ТАВ Македонија ја потврдија информацијата на „Капитал“.

„Гас ќе влечеме од ТИРЗ Бунарџик. Вредноста на проектот е околу 1,5 милиони евра, а ние како ТАВ Македонија одвоивме 300.000 евра за да се изгрдат околу седум километри гасовод. Уплатата е завршена, договорот со Га-Ма веќе е потпишан, нарачана е опремата за мерните станици, така што очекуваме дека од октомври ќе можеме да го користиме гасот како енергенс. Гасот нема да биде само за нас, туку за околината. За нас е многу важно тоа што во организацијата на аеродромите ја внесуваме компонентата за заштита на животната средина преку користењето на гасот. Ние досега користевме струја при работењето“, изјави за „Капитал“ генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Сопственикот на фабриката Пекабеско, Слободан Кутревски, само кусо изјави дека со нетрпение очекува да добијат гас, како што добиле ветување од општината Илинден и од Га-Ма.

„Ние ќе бидеме колатерална корист од изградбата на гасоводот од Бунарџик. Немам точни податоци, но знам дека ние количински сме поголем потрошувач на гас од ТАВ“, вели Кутревски за „Капитал“.

Дека и Владата забрзано работи на гасификација на ТАВ, од што корист ќе извлечат и неколкуте индустриски капацитети во околината, покажува и фактот што минатата недела Министерството за финансии преку оглас ги известува граѓаните дека ако не се јават навреме во подрачните единици на Управата за имотно-правни работи, ќе им го експроприраат земјиштето низ кое треба да поминува гасоводот од ТИРЗ до аеродромот.

Од Министерството за транспорт и врски пак, не прецизираат кои конкретни проекти ќе ги изградат со ребалансираните три милиони евра за гасификација на цела држава. Токму гасификацијата на цела Македонија беше една од жртвите на ребалансот за годинава.

„Во тек е изработка на проектната документација за делница на потегот Скопје-Тетово-Гостивар, со можност за поврзување на Кичево, и се очекува истата да биде завршена во мај 2012 година. Во тек е постапката за обезбедување пари од меѓународните финансиски институции за изградба на останатите предвидени делови од националниот гасоводен систем. По обезбедувањето на парите, предвидено е изградбата на овие делници да се одвива во две фази“, објаснуваат од Министерството за „Капитал“.

На евтиниот гас сè уште чекаат скопските индустриски зони Визбегово, Пинтија, како и речиси цела Македонија, енергенс кој ќе го направи поконкурентно нивното производство.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83451/tav_kje_dobie_gas!_drzhavnata_gasifikacija_zhrtva_na_rebalansot!.aspx?iId=2715

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 12-May-2012 at 07:27

СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ АKТИВНОСТИТЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГАСОВОДОТ

Трасата до Неготино ќе се гради годинава?

Со доделување на лиценцата за управување со гасоводниот систем на „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР), во надлежност на државната фирма ќе биде развојот на системот. Преносот, од што во суштина се остварува профит, и натаму треба да го врши ГАМА, која ќе остане да ја управува веќе изградената мрежа, со единствена разлика што управувањето со вентилите со кои се регулира дотокот на гас до одделни корисници ќе биде во надлежност на МЕР. Со ова ќе ~ се одземе можноста на ГАМА да го повтори она што го направи во јануари кога поради неплатени сметки, им ја запре испораката на гас и на компании што се редовни плаќачи, што е спротивно на законот. Во надлежност на МЕР во иднина ќе биде и издавањето на дозволите за приклучок на мрежата, па и со ова ќе се надминат поплаките што досега доаѓаа од компании кои тврдат дека аплицирале за добивање приклучок, но ГАМА никогаш не им издала дозвола. Тука се посочува и примерот на гасоводниот систем во Kуманово, кој три години чекал одобрение за приклучок.

Во законот е предвидено да постојат повеќе гасоводни мрежи. Онаа што допрва ќе се гради ќе ја управува сосема друга компанија. Се планира продолжувањето на гасоводот да почне да се реализира годинава. Според Kрсте Миладинов, директор на МЕР, првиот крак што ќе почне да се гради ќе биде на линијата Kлечовце - Штип - Неготино - ТЕЦ „Неготино“, со што гасот ќе се донесе до термоцентралата, која потоа ќе се трансформира да користи гас како гориво за производство на струја. Оваа делница ќе се гради со средства кои ни припаднаа од клириншкиот долг од Русија. Притоа Русите ќе издвојат 60 милиони долари, додека државата ќе учествува со 15 милиони долари. Градител на мрежата ќе биде руската фирма „Стројтранс гас“, а завршувањето на работите би било за околу две години.

- До „Стројтранс гас“ ја испративме целокупната проектна документација и оттаму очекуваме веќе овој месец да добиеме понуда. По нејзино разгледување ќе следува регулирањето на потребните договори, така што очекувам изградбата на гасоводот да почне годинава - вели Миладинов.

Остатокот од мрежата се планира да се гради во две фази. Во првата би биле линиите Штип-Струмица, потоа Kавадарци-Прилеп-Битола и Скопје -Тетово-Гостивар. Изградбата на оваа фаза ќе чини околу 86 милиони евра. Втората фаза, пак, би биле линиите Гостивар-Kичево-Охрид-Струга-Ќафасан, потоа Битола-Охрид, како и Хамзали-Ново Село - граница со Бугарија и други помали секции. Цената на оваа фаза е 145 милиони евра.

- За потребните средства за овие две фази веќе се водат преговори со ЕБРД и ЕИБ, кои даваат поволни кредити, особено за изградба на гасоводни мрежи, со долг рок на отплата, со оглед дека се работи за инвестиции што се скапи и потребен е подолг период за да станат исплатливи - вели директорот на МЕР.

Со изградба на мрежата ќе се релаксира и македонскиот електроенергетски систем бидејќи освен што некои од постојните електрани, кои стојат неискористени поради скапата цена на мазутот, ќе можат да произведуваат струја на гас, туку се отвора можност и за изградба на нови комбинирани централи на гас, каква што е скопската ТЕ-ТО.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0C660BE7EBAC9F47AB5E3050A1C51E80

Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 14-May-2012 at 01:03
Мое мислејне за гасификација во Македонија.
Требат да никнат повеќе гацифицирани термо централи оклу поголемите градови.
Ке се намалат загубите на пренос на енергија.
Ке понудат електрична и топлотна енергија.
Топлотната енергија ке ја намали побарувачката на електрична енергија во зима кога е најкритично.
Ке потикне развој на раноградинарски култури пластеници.Со конкуретна цена на производство.
Хидро акомулации ке се користат најповеке во лето а што ке значи полни акомулации доволно вода за наводнувајне на земјоделски површини.
Ке  биде исплатлива градбата на главниот гасовод во исто време секудраната диструбутивна мрежа ке стани економски исплатлива за релизација.
Треба да има вакви електрани.
Во полошко меѓу Тет и Гос во Овче полие во Близина на Струмица Пелагонија близу Прилеп Мегу Охрид и Струга и во преспа.
Ке го реши брзо и кратко рочно проблемот со увоз на Ел енергија.
Ќе овозможи простор за долгорочна енергетска стратегија.
Да се изградат другите хидро потенцијали и да се размислува за нуклерка на долгорочен план и обновливи извори на ел енергија. 
 
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 20-Jun-2012 at 09:36
Во Струмица ќе се гради секундарна гасоводна мрежа во должина од 7 километри

По целосната изградба на примарниот гасовод во должина од 12,5 километри, „Струмица – гас“ го распиша огласот за изградба на секундарна гасоводна мрежа за дистрибуција на природен гас во Струмица, која е предвидено да биде долга 7.000 метри. Од  јавното претпријатие бараат компанија која ќе го реализира проектот во рок од 12 месеци. Заинтересираните субјекти ќе треба да ги достават тендерските понуди најдоцна до 9 јули, кога ќе се дознае и најповолниот понудувач. Покрај поставувањето на цевководот, во досегашната реализација на проектот беше инсталирана и опрема за компресирање, декомпресирање и транспорт на природен гас, од реномираната компанијата „Галилео“ од Аргентина. Извршениот инспекциски надзор покажа дека целокупниот проект е завршен во согласност со европските норми и правилници за овој сектор.

Досега е остварено приклучување на гасоводната мрежа на неколку општински институции и во тек е приклучување и на заинтересираните индустриски капацитети. Во гасификацијата на Струмица до овој момент се вложени преку 90 милиони денари, а вкупната вредност на целиот проект изнесува 230 милиони денари или околу 3,7 милиони евра. Првата фаза на гасификацијата ја изведе фирмата „Конти Хидропласт“ од Гевгелија.



#
Објавено на 19.06.2012 во категорија Вести.

Тагови: Административни, Гасификација, Енергетика, Индустриски, Инфраструктура, Конти Хидропласт, Струмица


http://www.build.mk/?p=16048

Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 23-Jun-2012 at 03:40

Газпром ќе ја приклучи Македонија на Јужен поток

22јун 201215:36

Подготвени сме да го интензивираме и динамизираме процесот за приклучување на Република Македонија во проектот Јужен поток, кој претставува еден од најзначајните гасоводни коридори во Европа.

Ова е заклучено на денешната средба на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски со генералниот директор на руската нафтена компанија „Газпром“, Алексеј Милер.

Милер информираше дека „Газпром“ има подготвено нацрт-договор за приклучување на Македонија кон Јужен поток, кој во текот на следниот месец преку руското Министерство за енергетика и официјално ќе ѝ биде доставен на разгледување на нашата земја, со што започнуваат сите конкретни процесни дејства околу овој проект во однос на нашата земја, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија.

Соговорниците изразиле подготвеност и интерес и за реализација на други проекти од заеднички интерес.

Газпром планира гасоводот да поминува низ многу земји и да заврши до крајот на 2015 година.

„Тоа ќе биде една сериозна поддршка на енергетскиот систем на Република Македонија и поддршка на компаниите на коишто им е потребен гас и кој што ќе им биде долгорочно снабдување со енергија“, оцени Груевски.

Покрај средбата со раководството на „Газпром“, владината делегација имаше средба и со губернаторот на Ленинградската област со кого се разгледувале можностите за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Ленинградската област која што е една од најнзачајните во Русија. Заклучено е делегација од Ленинградската област да ја посети Македонија.

 
 

Во најскоро време се очекува потпишување на меморандумот за соработка со руската компанија „Стројтрансгас“ по што до крајот на летото треба да биде потпишан нацрт договорот за изградба на гасоводот во Македонија.

stroj-trans407
Ова денеска од Санкт Петербург го најави премиерот Никола Груевски по средбата со раководството на руската нафтена компанија „Газпром“.

- Договорено е во следните недела до две да се потпише најпрвин меморандумот за соработка, а потоа до крајот на летото да го добиеме и Нацрт договорот за изградба на гасоводот во Република Македонија, односно инфраструктурата за носење на гас во внатрешноста на државата, изјави Груевски.

Очекува дека кон крајот на оваа, односно во првиот квартал од следната година да почне реализацијата на овој проект.



Edited by Goran - 23-Jun-2012 at 03:43
Back to Top
Sttefan View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Sttefan Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 30-Jun-2012 at 23:38
Originally posted by Goran



Мое мислејне за гасификација во Македонија.
Требат да никнат повеќе гацифицирани термо централи оклу поголемите градови.
Ке се намалат загубите на пренос на енергија.
Ке понудат електрична и топлотна енергија.
Топлотната енергија ке ја намали побарувачката на електрична енергија во зима кога е најкритично.
Ке потикне развој на раноградинарски култури пластеници.Со конкуретна цена на производство.
Хидро акомулации ке се користат најповеке во лето а што ке значи полни акомулации доволно вода за наводнувајне на земјоделски површини.
Ке  биде исплатлива градбата на главниот гасовод во исто време секудраната диструбутивна мрежа ке стани економски исплатлива за релизација.
Треба да има вакви електрани.
Во полошко меѓу Тет и Гос во Овче полие во Близина на Струмица Пелагонија близу Прилеп Мегу Охрид и Струга и во преспа.
Ке го реши брзо и кратко рочно проблемот со увоз на Ел енергија.
Ќе овозможи простор за долгорочна енергетска стратегија.
Да се изградат другите хидро потенцијали и да се размислува за нуклерка на долгорочен план и обновливи извори на ел енергија. 
 
 
 


Добро кажано!
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 03-Jul-2012 at 03:02
Македонија се гасифицира, проект вреден 300 мил. евра

Почнува реализација на проектот за гасификација на Македонија вреден 300 милиони евра. Руската компанија „Стројтранс гас“ и Македонски енергетски ресурски денеска во рамки на Меѓувладината македонско-руска комисија потпишаа Меморандум за соработка кој е првиот сериозен чекор кон изградба на националната гасоводна мрежа во земјава. Договорот треба да се потпише најдоцна за неколку месеци, по што ќе почнат и работите на терен.

rusija2.jpg-500

- Ова претставува круна на напорите што досега ги вложивме во рамките на Меѓувладината комисија и Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија со кој ќе се реализира овој проект и последната посета на премиерот Никола Груевски и средбата што тој ја имаше со претседателот Владимир Путин во Санкт Петербург минатата недела, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и копретседател на Мешовитата комисија по потпишувањето на меморандумот.

Според него, со ова се операционализираат договорите постигнати во рамките на средбите на Мешовитата комисија. - Очекувам со оваа спогодба да се утврди временската рамка во која што ќе се усогласат сите технички и други детали за да може за неколку месеци од денеска да почне реализацијата на проектот за гасификација, однодно да се потпише и договорот со кој целосно ќе се реализира овој проект. Двете страни имаат најмногу месец-два да ги финализираат работите на своја страна и најмногу за три-четири месеци да се почне реализацијата на проектот, рече Ставрески.

Почнувањето на израдбата на објектите за неколу месеци го потврди и Максим Александрович – Травников, заменик-министер за регионален развој и копретседател на Мешовитата комисија. Тој посочи дека за неколку месеци ќе почне со изградба на објектите и конкретна достава на гас на целата територија на Македонија.

- Вредноста на проектот е 75 милиони долари, од кои 60 милиони се од договорениот клириншки долг на Русија кон Макдонија и 15 милиони долари се обезбедени од буџетот на Република Македонија со цел, како што истакна Ставрески, да се заокружи финансиската конструкција на овој дел. Понтаму, појасни, проектот за целосната гасификација на Македонија е 300 милиони долари и таа ќе се одвива по фази согласно разговорите што се водат со Европската банка од каде министерот очекува дополнителни средства.

rusija1.jpg-500

Владата, како што истакна министерот за траспорт и врски Миле Јанакиески, е целосно подготвена за изготвување на проекти, а денешниот меморандум овозможува уште во текот на овој месец да се почне со постапка за експропријација и добивање одобрение за градба.

Изградбата на гасоводната мрежа во Македонија е значајна и за граѓаните и за стопанството. Засега гасоводна мрежа има од бугарската граница преку Куманово до Скопје.

Потпишувањето на меморандумот со „Стројтранс гас“ беше договорено на средба на премиерот Никола Груевски за време на посетата на Русија минатата недела, кога беше договорено и приклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“.

Потпишувањето на меморандумот е во рамки на 6. седница на Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно техничка соаботка која денеска и утре се одржува во Нижни Новогород во рамки на која се разгледуваат перспективите за развој на трговско-економската соработка меѓу Македонија и Русија.

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 03-Jul-2012 at 12:55
Previous Potpisan memorandum ne znaci oficijalna investicija, mislim deka ke se zataska ovaa rabota nesto slicno kako koridorot 10 
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 04-Jul-2012 at 03:11
@dragan

Македонија официјално во „Јужен поток“

Македонија и официјално е на мапата на гасоводот Јужниот тек. Македонската владина делегација денеска од руската влада ја доби нацрт-спогодбата за соработка во изградбата на гасоводната мрежа.

- Ова претставува успех за Македонија... Владата во најкраток можен рок ќе го разгледа текстот и ќе ја продолжиме процедурата на македонска страна во соработка со „Газпром“ и руската Влада, изјави Ставрески.

Градбата на ”Јужен поток” се очекува да почне во декември годинава, и до крајот на 2015-та да заврши комплетно. Гасоводот има два крака.
Првиот минува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австралија, а вториот преку Грција и Албанија до Италија.
За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија. Нацрт-спогодбата ќе биде проучена од експерти, а изградбата ќе ја менаџира мешовита компанија по примерот на останатите вклучени земји.
Приклучувањето на Македонија во овој проект ќе значи пристап на компаниите и граѓаните до поевтина енергија.
Денешната меѓувладина спогодба следи откако вчера беше потпишан меморандум со руската компанија „Стројтрансгас“ за изградба на гасоводната мрежа во Македонија.
Борис Грујоски
 
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 04-Jul-2012 at 12:33
Originally posted by Goran



@dragan
<h2 ="statijaNaslov">Македонија официјално во „Јужен поток“</h2><div = 03.07.2012 - 13:34 | <ul ="s inline"><li ="taxonomy_term_2 first last">[COLOR="#0066cc">Македонија[/COLOR">
<div ="voved">

Македонија и официјално е на мапата на гасоводот Јужниот тек. Македонската владина делегација денеска од руската влада ја доби нацрт-спогодбата за соработка во изградбата на гасоводната мрежа.

<div =

- Ова претставува успех за Македонија... Владата во најкраток можен рок ќе го разгледа текстот и ќе ја продолжиме процедурата на македонска страна во соработка со „Газпром“ и руската Влада, изјави Ставрески.

Градбата на ”Јужен поток” се очекува да почне во декември годинава, и до крајот на 2015-та да заврши комплетно. Гасоводот има два крака.
Првиот минува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австралија, а вториот преку Грција и Албанија до Италија.
За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија. Нацрт-спогодбата ќе биде проучена од експерти, а изградбата ќе ја менаџира мешовита компанија по примерот на останатите вклучени земји.
Приклучувањето на Македонија во овој проект ќе значи пристап на компаниите и граѓаните до поевтина енергија.
Денешната меѓувладина спогодба следи откако вчера беше потпишан меморандум со руската компанија „Стројтрансгас“ за изградба на гасоводната мрежа во Македонија.
Борис Грујоски
 


(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.