build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 09-Apr-2013 at 11:21
Министерство за транспорт и врски денеска објави нов оглас за избор на компанија што ќе работи на физибилити студијата за дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 10-Jun-2013 at 19:08

Кракот на Јужен тек ќе ни дојде од Србија и не е транзитен

Кракот на гасоводот Јужен тек за Македонија ќе пристигне од Србија. Тамошниот министер за рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ, за Танјуг изјави дека неговото министерство во соработка со компаниите Србијагас и Газпром почнало да ја собира неопходната документација за изработка на просторниот план за јужниот крак на Јужен тек кон Македонија.

Ова е првпат да се добие било каква информација за тоа од каде кракот на Јужен тек ќе влезе во земјава, но и прва информација која говори дека тој, за жал, нема да биде транзитен кон трети земји, туку ќе заврши на наша територија.

Јужниот крак на гасоводот Јужен тек низ Србија би требало да се состои од траса кон Македонија, при што еден правец од кракот ќе се одвои кон Косово, а втор кон Црна Гора и потоа се очекува и оваа земја да почне да добива гас од Србија, наместо како досега, од Албанија, вели Бачевиќ.

Одвојувањето на кракот кон Косово би било кај Мердаре или кај Подујево, објаснува министерот, а кога станува збор за Црна Гора, Србија би сакала овој правец да се протега покрај трасата на идниот автопат Пожега-Болјаре.

Изработката на просторниот план за кракот кон Македонија е во тек, а делницата кон Црна Гора допрва треба да се договори и сѐ уште е во фаза на идејна разработка – прецизира Бачевиќ. За делницата кон Косово, пак, тој не дава никакви појаснувања дали за ова се расправало со косовската страна.

Министерот наведува дека должината на овој јужен крак на Јужен тек низ Србија би требало да биде два пати подолга од главната делница на меѓународниот гасовод низ Србија, за кој веќе е усвоен просторниот план и донесен посебен закон. Со тој крак е покриен само северниот и североисточниот дел на Србија и Војводина и со него две третини од земјата нема да бидат покриени од гасовод.

Но, со овој јужен крак кон Македонија и со двата правци што ќе се одвојат од него кон Косово и Црна Гора, како и двата други правци од главниот гасовод кои ќе одат кон Хрватска и Република Српска, територијата на Србија ќе стане главната клучка на Газпром за Балканот од каде што ќе се извлекуваат гасоводни краци и правци за речиси сите соседни земји.

Србија ваков третман од Газпром добива и заради својата географска положба како централна балканска земја која има најмногу соседни држави, но уште повеќе заради нејзината геостратешка и геополитичка ситувација, односно нејзините посебни врски со Русија и фактот што преклани државната нафтена компанија Нафтна индустрија Србије (НИС) беше купена од Газпром.

Од друга страна, пак, ова за Македонија значи дека гасоводниот крак на Јужен тек, кој ќе пристигне во земјава, тука и ќе заврши, исто како и другиот гасовод, кој пристигнува од Бугарија и не продолжува никаде. Ова значи и дека Македонија нема да биде транзитна земја за природен гас, иако имаше очекувања гасот за Албанија и Косово да помине низ Македонија и со тоа земјава да заработува и од транзит (Газпром плаќа по 2 долари на 1.000 метри кубни гас на секои поминати 100 километри кога неговиот гас транзитира низ некоја земја).

Ова е штета со оглед на фактот што македонските власти имаа можност да излобираат Косово и Албанија да добиваат гас преку Македонија, наместо преку Србија. Србија, како што е многу добро познато, нема добри односи ниту со Албанија, а Косово не го ни признава.

Сепак, македонската Влада веќе најави дека во текот на месецов ќе биде потпишан договорот со Газпром во Санкт Петресбург и дека преговорите се завршени и условите договорени.

Тогаш веројатно ќе се дознаат и дополнителни информации, како на пример, колкав ќе биде капацитетот на овој крак за Македонија, како и неговата должина, која сѐ уште е непозната. Делницата на главниот гасовод Јужен тек, која ќе поминува низ Србија, ќе изнесува 424 километри, а правците кон Република Српска и кон Хрватска ќе бидат долги 160 километри.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=7&vest=4484

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 10-Jun-2013 at 21:06
Previous
 
Авторот/авторката нека си купи правопис по македонски јазик.
 
Самиот израз крак е повеќе од доволен за да се знае дека тој дел од трасата завршува на таа локација, односно дека не станува збор за транзитна траса.


Edited by Dexter26 - 10-Jun-2013 at 21:06
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 10-Jun-2013 at 21:26
Originally posted by Dexter26


Previous  Авторот/авторката нека си купи правопис по македонски јазик.  Самиот израз крак е повеќе од доволен за да се знае дека тој дел од трасата завршува на таа локација, односно дека не станува збор за транзитна траса.




Со оглед на тоа која екипа се потпишува позади порталот нова тв мислам дека е дегутантно да се коментира новинарското ниво и позадина. Но сепак не се согласувам дека ако е крак неможе да биде транзитен барем низ Македонија. Пример кракот може да завршува во Албанија а да поминува низ Македонија.
Back to Top
XRVOL View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Aug-2009
Location: Melbourne
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote XRVOL Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 11-Jun-2013 at 14:02

http://ekonomski.mk/?p=43109


Следната недела договор за вклучување на Македонија во Јужен тек

11/06/2013

juzen-tekКон крајот на следната недела ќе се потпише договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен тек, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек, изјави вицепремеирот Ставрески, одговарајќи на прашање по презентацијата на проектот за задолжителна котација на Македонската берза.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 01-Jul-2013 at 20:49

Манипулација со гасификацијата

Ако навистина Македонија е пред потпишување на Договор за приклучување кон Јужен тек, како што најави министерот за финансии, тогаш логично е да бидат претставени и финансиските детали од целиот проект, затоа што голем товар ќе падне на македонските даночни обврзници. Реалноста е сепак дека се работи за меѓудржавен договор во кој само се искажуваат намери од македонска страна, а руската ќе процени колку се тие прифатливи за да се донесе конечна инвестициска одлука.

g_juzen-tek%5b1%5d

Не постои, ниту претстои потпишување на Договор за приклучување на Македонија кон Јужен поток. Тоа е засега желба на Македонија, а за да стане реалност, како што објаснуваат за Јавност во “Газпром”, првиот чекор е потпишување на долгонајавуваниот меѓудржавен договор помеѓу македонската влада и Руската Федерација во кој нашата земја искажуваа намерза за приклучување кон Јужен тек. Потоа, ако руската страна процени дека е тоа изводливо, ќе се пристапи кон изготвување на проект врз основа на заедничко учество (joint venture).

“Газпром”, како што информираат од таму, во оваа прва фаза, воопшто не е вклучен.

- Планот е прво да се потпише меѓудржавен договор со кој ќе се искаже намера дека ќе се проучат можностите за изградба на крак од Јужен Поток кон Македонија. Ако потоа се оцени дека такво нешто е изводливо, ќе започне креирање на “joint venture” проект – велат во “Газпром”.

Според изворите на “Јавност” од руска страна, навистина имало некакво навестување дека е можно тој меѓудржавен договор (писмо на намери) да се потпише на Форумот во Санк Петерсбург, но поради презафатеност на руските официјални лица, тој не бил ставен во агендата.

Од спогодба до “конечна инвестициска одлука”

Објаснувањето на “Газпром” дека меѓудржавниот договор не значи автоматски и влез на Македонија во проектот, односно изградба на крак, е на линија со она што го изјави претставникот на “Газпром експорт” во Македонија, Сергеј Икоников, во интервју за неделникот “Граѓански” во октомври лани.

Икоников

Според него, меѓудржавниот договор е само вовед за да отпочнат активности за оценка дали приклучувањето на Македонија кон Јужен тек може да се реализира. Ако руските власти и “Газпром” оценат дека тоа е изводливо, потоа практиката е да се формира мешовита компанија која ќе почне да прави заеднички проект.

- Откако ќе се финализираат сите детали, вообичаено, „Газпром“ и локалниот партнер ќе направат физибилити-студија за овој дел од проектот, а потоа ќе биде донесена, како што ја нарекуваме, конечна одлука за инвестирање. Кога таа ќе се финализира, тогаш ќе бидат јасни сите технички детали за приклучувањето на Македониjа во проектот. Засега има само план што треба да почне да се реализира – изјави Икоников во интервјуто за “Граѓански”.

Не се прецизира колкав е периодот од потпишувањето на меѓудржавниот договор како спогодба за јасни намери, до она што Икоников го нарекува “конечна инвестициска одлука”.

Инаку на интернет страницата на Министерството за финанси, пренесена е веста објавена на државната агенција МИА каде недвосмислено стои дека Македонија треба да потпише Договор за приклучување кон Јужен тек, што според информациите од “Газпром”, не одговара на реалноста.

Ако навистина Македонија требаше да потпише Договор за приклучување кон Јужен тек, до сега требаше да бидат познати и деталите колку тоа ќе чини, односно колкав дел од изградбата на кракот ќе финансираат македонските граѓани кои го полнат буџетот.

HUNGARY-RUSSIA-UKRAINE-ENER

Македонскиот гас – најскап

Ако процесот заврши со позитивна инвестициска одлука за Македонија, не помалку важно прашање кое ќе се наметне е и цената на гасот.

Претпоставките на експертите се дека таа ќе биде многу повисока од онаа во Бугарија или Србија, бидејќи тие ќе наплаќаат “патарина” за транспорт на гасот, а Македонија не е транзитна зона, туку крајна дестинација.

Икоников во интервјуто објасни дека испорачателот на гасот, “Газпром експорт” која е ќерка фирма на “Газпром”, цената ја формира до границата на земјата каде што испорачува.

- Потоа таа цена се менува во согласност со внатрешните трошоци, земајќи ги предвид даноците, акцизите и сл. Каj вас цената ја формира Регулаторната комисија за енергетика. Секако, увозните компании мора да имаат комерцијална маргина. А, снабдувачот не влиjае на овој дел од цената. Транспортните трошоци и другите надоместоци, генерално, во Европа се од 30 до 50 отсто од крајната цена на производите – изјави Икоников.

Македонија и со сегашниот гасовод до Скопје има највисока цена затоа што како краен корисник, им плаќа на сите земји низ кои гасот се транспортира, и потоа, цената е дополнително оптиварена со домашните давачки .

Предвидениот владин проект за гасификација засега е во два дела:

- Изградба на преносната инфраструктура, односно гасоводна магистрала со два крака: Скопје – Тетово – Гостивар и Клечовце – Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола.

- Приклучување со крак на магистралата на Јужен тек.

ставре

Министерот за финансии Зоран Ставрески уште како вицепремиер, во октомври 2017 година изјави дека гасификацијата ќе заврши во 2010 г., а сега шест години од тогаш, таа практично не е ни започната.

- Очекуваме целосна гасификација да се спроведе најдоцна до 2010 година, иако некои градови ќе дојдат порано на ред за гасификација – изјави Ставрески во интервју за “Дневник” во октомври 2007 г. Потоа уште многу пати, особено пред избори, одново ветуваше “многу скоро” потпишување на договорот со руската страна, кој шеста година е без параф.

Ида Протугер Вељковиќ

http://libertas.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BF%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B3%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%84%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0/

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 01-Jul-2013 at 20:50

Струмица гас почна да ги приклучува и домаќинствата на гасоводната мрежа

Со добивањето на решението за ставање во употреба на 2.750 метри долгата делница од секундарната гасоводна мрежа, а добиено од Републичкиот инспекторат за садови под притисок при Министерството за економија, Јавното претпријатие за енергетска дејност „Струмица гас“ почна и домаќинствата да ги приклучува на гасоводната мрежа. Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, на гасоводната мрежа ќе се приклучуваат домаќинствата кои гравитираат околу улиците: „Ѓорги Упчев“, „Маршал Тито“, „Ристоман Попчевски“, „11-ти Септември“, „Епименонда Поп Андонов“, „Елка Јанкова“, „Спиро Захов“, „Младинска“, „Илија Чучков“ и „Мара Минанова“.
-Оваа година ни беше доста успешна, со доста заштеди за локалната самоуправа. Сега почнуваме со еден друг дел, со приклучокот на домаќинствата, со индустријата и за таа цел ние пролетта продолживме со работа и пред еден, еден и пол месец завршивме со една друга делница, која што е со должина од околу три километри и за која сите испитувања и тестирања успешно завршија и од Републичкиот инспекторат за садови под притисок при министерството за економија добивме решение за употреба на новите 2.750 метри кои што се нова делница од секундарната мрежа со помал обем и опфаќа повеќе улици. Целата оваа делница е испитана, одобрена и подготвена за пуштање во употреба и за приклучок на домаќинствата. Исто така, пристигнати  се и сетовите за приклучок на куќните ормари од реномираната компанија ЦМЦ – ЕЛСТЕР, нашите екипи се на терен и почнуваме со реализирање на поднесените барања. Во меѓувреме, набавивме и уште три мат модули, со што уште повеќе ќе се зголеми нашата моќ за снабдување и пренос на гасот, вели Зоран Китанов, директор на ЈПЕД „Струмица гас“.002
Од „Струмица гас“ додаваат дека интензивно ќе работат и во летните месеци се со цел, во новата грејна сезона на што поголем број домаќинства да им овозможат да ги почувствуваат благодетите од природниот гас.
Струмица е прва системски гасифицирана општина во Република Македонија, чиј пример почнаа  да го следат и другите општини.

http://www.strumicacity.com/?p=29393

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 05-Jul-2013 at 14:24
Росијскаја газета: За Македонија ќе има крак од „Јужен тек“
12:42 5 jули 2013 Руска реч на македонски
За изградба на гасоводот ќе се појави заедничко претпријатие, пишува во договорот кој Владата на Македонија и Русија го потпишаа. Договорот за соработка за создавање на крак од гасоводот „Јужен тек“ веќе е објавен на интернет-страницата на руската влада.
Ако анализата покаже дека е исплатлива изградбата на крак за Македонија, Македонија и Русија ќе создадат заедничко претпријатие со сопственост 50%-50%. Другите конкретни услови и рокови на испораката на гасот ќе бидат утврдени со идните договори меѓу „Гаспром“ и „Македонски енергетски ресурси“.
Правата за користење на гасоводот ќе останат кај рускиот монопол. Македонија ќе биде обврзана да воведе царински и даночни олеснувања и да не воведува никакви ограничувања во однос на руските инвестиции на територијата на републиката.
Преговорите на Москва и Скопје за „Јужен тек“ започнаа пред неколку години. Од самиот почеток македонската страна покажува вонреден интерес за овој проект. Рускиот гас Македонија го добива од 1997 година. Според некои прогнози, побарувачката на гас во републиката после 2030 година ќе се зголеми до 2,5 милијарди кубни метри годишно.
Засега побарувачката за гас во Македонија е повеќе од скромна – во 2011 година „Гаспром“ испорачал во Македонија 0,13 милијарди кубни метри гас. Најверојатно како кочница за зголемувањето на потрошувачката е цената. Претходно беше соопштено дека цените за гас во Македонија се највисоки во Европа. Босна, Чешка и Бугарија исто така се најдоа меѓу државите кои му плаќаат на „Гаспром“ повеќе од 500 долари за илјада кубни метри гас. Тоа се случува поради недостатокот од алтернативи за снабдување со гас во тие земји, како и поради малите количини гас кои се продаваат од „Гаспром“ во тие земји. Најевтин гас „Гаспром“ продава во Велика Британија (360 долари за 1000 кубни метри гас).
Експертите сметаат дека после активирањето на „Јужен тек“, државите на југот на Европа ќе плаќаат помалку за гас.

http://ruskarec.mk/news/2013/07/05/rosijskaja_gazeta_za_makedonija_ke_ima_krak_od_juzen_tek_23849.html
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 06-Jul-2013 at 12:03
Руската влада одобри изградба на крак од „Јужен тек“ во Македонија
     
Рускиот премиер Димитри Медведев ја одобри драфт-верзијата на договорот со Македонија за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ кон Македонија, пренесоа руските новински агенции
     
Медведев минатиот петок наредил Министерството за енергетика и Министерството за надворешни работи да ги прекинат разговорите со Македонија поврзани со драфт-договорот.

Доколку новата драфт-верзија биде прифатена од македонска страна, двете земји ќе подготват студија за исплатливост на проектот. Рутата на кракот, местото каде што цевката ќе влегува во земјава и нејзиниот капацитет би требало да се одредат со оваа студија. Ако се покаже дека проектот е исплатлив, двете земји треба да оформат заедничко претпријатие, а финансирањето на проектот би било пропорционално на уделите на двете земји во мешовитото претпријатие.

Во драфт-верзијата пишува дека Русија го задржува правото да го користи во целост кракот од гасоводот. Македонија треба да ги обезбеди сите потребни дозволи за проектот, на кој треба да му даде и статус на национален проект. И други заинтересирани странки можат да станат акционери во овој проект. Договорот има важност од 30 години, со можност за продолжување на секои пет години. Руски „Газпром“ официјално ја почна изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во декември минатата година и градежните работи на подоводниот дел од гасоводот во Црно Море во Бугарија се очекува да почнат во почетокот на 2014 година.   
                                    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=761391038&id=10&prilog=0&setIzdanie=22921
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 19-Jul-2013 at 08:28
Трајановски се откажа од гасификацијата на Скопје

Измените во Законот за енергетика и одземањето на ингеренциите главна причина за одлуката, објаснува градоначалникот

Градоначалникот Коце Трајановски нема намера да го гасифицира Скопје иако тоа беше едно од неговите изборни ветувања. Тој планираше по пат на концесија во соработка со општините и со Министерството за транспорт и врски да работи на гасификацијата на домаќинствата, училиштата, јавните установи...

Сепак, на истекот на стоте дена од новиот мандат градоначалникот ќе предложи укинување на Јавното претпријатие што беше формирано за таа намена уште во 2007 година. Се очекува мнозинството на Советот да го прифати неговиот предлог веќе наредната недела. Главната причина за оваа одлука, како што објаснуваат од Градот, се одземените ингеренции во оваа област и измените во Законот за енергетика. Но, надлежните и не кријат дека во изминатите години, и покрај преземените активности, плановите за гасификацијата речиси и не мрднале од мртва точка.

„Не се обезбеди партнер и инвеститор зашто во економските услови што се присутни на енергетскиот пазар на Македонија се' уште нема посебен интерес кај инвеститорите за да се инвестира во дистрибуција на природен гас. Покрај тоа, со новиот Закон за енергетика, кој во меѓувреме беше донесен, одземено е правото на Град Скопје непосредно да ја додели работата на можен инвеститор во секторот на дистрибуција на природен гас, бидејќи ингеренциите за почнување постапка за давање на концесија во областа на гасификацијата се префрлени на ниво на држава. Законот за енергетика предвидува доделување концесија на идниот концесионер, но со обврска да го покрие целиот регион, а не град или општина, а таквата одлука е економски неоправдана за инвеститорите“, се вели, меѓу другото, во образложението на Трајановски за укинување на ЈП за енергетика, кое беше под капата на Градот. Тоа е формирано уште во почетокот на 2007 година, а кусо време потоа се трансформираше во акционерско друштво.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3956807EA043C046AC4198D67FA2395A
За сè има вторпат
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 19-Jul-2013 at 10:00
Стварно малце ми е тежко да разберам еуфориjaта от приклучуване на Македониja ком Jжен Поток?!

- Прво тоа ке е крак, нема да е реалниот Jжен Поток
- Второ през Македониja се уште нема податоци да се транзитира гас за трети држави и нема да има такси за премин.
- Трето дали рускиот гас ке доjде по стариот гасовод или по новиот от Jжен поток... абсолутно нема разлика. Македониja останува на 100% зависна от руски гас и да сака не може да си набави друг. Колкото евра кажат русите за 1000 кубни метри, тоа е тоа.

Edited by ink - 19-Jul-2013 at 10:01
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 19-Jul-2013 at 10:30
Originally posted by ink

Стварно малце ми е тежко да разберам еуфориjaта от приклучуване на Македониja ком Jжен Поток?!

- Прво тоа ке е крак, нема да е реалниот Jжен Поток
- Второ през Македониja се уште нема податоци да се транзитира гас за трети држави и нема да има такси за премин.
- Трето дали рускиот гас ке доjде по стариот гасовод или по новиот от Jжен поток... абсолутно нема разлика. Македониja останува на 100% зависна от руски гас и да сака не може да си набави друг. Колкото евра кажат русите за 1000 кубни метри, тоа е тоа.


Чист политички маркетинг, ништо повеќе. По неуспехот во други инфраструктурни проекти, владата сака ова да го претстави како огромен проект. Друга работа е што и сегашниов гасовод е искористе под 50% и тоа само поради приклучувањето на Те-То. Поради сето ова, Македонија има најскапа цена на 1000 м3 гас во европа.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 31-Jul-2013 at 11:38

Кракот “Јужен тек“,по изработката на физибилити студија за исплатливост на проектот!

Формирање на мешовито македонска-руска компанија, по принципот 50-50, со седиште во Македонија и изработка на физибилити студија која ќе ја покаже оправданоста од изградбата на крак од гасоводот до нашата земја, ова меѓу другото е содржано во Спогодбата меѓу Република Македонија и Руската Федерација, потпишан на 23 јули годинава

Договорот за крак од „Јужниот тек“ е објавен по барање на опозиционата партија СДСМ. Со договорот се обезбедуваат сигурни количини гас за Македонија, што значи дека ќе се изгради крак кој ќе води кон земјава, што е единствен начин на дистрибуција на поголеми количини гас. Кракот кон Македонија ќе доаѓа од Србија или од Бугарија, што дополнително ќе биде договорено.

По извесен период на преговори и подготовки Владата успеа во напорите Македонија да ја вклучи во овој проект, иако на почетокот не беше составен дел на „Јужен тек“.

„Јужен тек“ почна да се гради минатата година. Се очекува до 2015 година да се изгради морскиот крак под Црното Море до Југоисточна Европа, а до 2018 година тој проект целосно да биде завршен.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=22012

Back to Top
Amper View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jul-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Amper Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 01-Aug-2013 at 14:30
Поздрав до сите членови
Решив конечно од воајер да се прешалтам во соучесник.
Главна сфера на интерес ми е енергетиката и се што е поврзано со неа.
За почеток една студија која што е изработена за потребите на ТЕ-ТО 2
http://mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/4364/SEA_TETO%20final%2016.07.2013.pdf

Ако сака некој може овој пост да го префрли на енергетика, топлификација или да отвори нова тема
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 01-Aug-2013 at 18:07
добредојде,и јас сум енергетичар по струка,ама слабо имаме стручни дискусии на оваа тема
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 01-Aug-2013 at 19:33
Previous
 
Од оправдани причини речиси нема никаква дискусија на форумов на тема енергетика.
 
Главните причини се:
 
1. Нема речиси никаква заинтересираност.
2. Ако не сите, тогаш речиси сите енергетски капацитети во Република Македонија се во сопственост на државата, поради што државата ужива монопол во производството на електрична енергија, а со тоа и право да ги диктира цените на електричната енергија и на енергенсите.
 
За оваа вторава причина многумина би кажале дека не е вистина, бидејќи вообичаено приватните компании како ЕВН и Топлификација се тие кои бараат зголемување на цената на електричната и на топлинската енергија, но ако државата ја произведува електричната енергија и постапува неодговорно и недомаќински кон сопствените енергетски капацитети, тогаш сосема очекувано е да има барања за зголемување на цената на електричната и на топлинската енергија, за што индиректно е виновна и одговорна државата.
 
Доколку државата стопанисува со било каков крак кон било каков гасовод, без разлика дали ќе стопанисува самостојно или по принципот на заедничко партнерство со приватен инвеститор, и цената на гасот индиректно ќе ја диктира државата.
 
А кога сме кај приватните инвеститори, или не се заинтересирани да инвестираат во македонската енергетика или бегаат од корупција и бирократија, поради што државата и понатаму ужива монопол во производството на електричната енергија.
 
Земајќи ги во предвид овие факти, врз која основа би се дискутирало за енергетика на форумов ?


Edited by Dexter26 - 01-Aug-2013 at 19:36
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 01-Aug-2013 at 19:48
малку оф топик,ана цената на нафтата на светските берзи `рикна`-америте ставија ново ембарго на извозот на иранската нафта за уште 1 милион барели.во последниве 2-3 недели од 102 се качи на денешни 110 долари за барел.кој оди на одмор нека тура од `поевтиниот` бензин
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 04-Sep-2013 at 21:16
Почнаа разговорите за реализација на Јужен тек

Анализите и проекциите покажуваат дека со изградбата на инфраструктурата за природен гас значително ќе се зголеми потрошувачката на природниот гас која е сега на пониско ниво, што ќе доведе до поголема потрошувачка на природниот гас и може да резултира со пониска цена на гасот.

04.09.2013 19:33:48
Share on facebook Share on twitter Share on email Share on print More Sharing Services
0
Анализите и проекциите покажуваат дека со изградбата на инфраструктурата за природен гас значително ќе се зголеми потрошувачката на природниот гас која е сега на пониско ниво, што ќе доведе до поголема потрошувачка на природниот гас и може да резултира со пониска цена на гасот. Ова беше еден од заклучоците на средба на премиерот Груевски со Алексеј Милер, претседателот на руската компанија Газпром. Со оваа средба практилно започнаа разговорите околку изградбата на долгонајавуваниот крак на гасоводот Јужен Тек.

Груевски го информирал Милер дека набрзо ќе се склучи договор со руската компанија Стројтрансгас по што би се започнало со изградба на инфраструктурата за гас во внатрешноста на земјата и со што ќе се овозможи пристап до гас за индустријата и домаќинства во земјава.

Милер од своја страна истакна дека земјава е влезена во развојните планови на Газпром, а плановите на рускиот концерн се покрај постоечките планови и проекти ја разгледа можноста и за други инвестиции во Македонија.

Според планот земјава треба да се прикличи кон гасоводот со крак. Анализите треба допрва да покаат дали тоа ќе биде од Бугарија или Србија. Договорт за вклучување на земјава во овој стратешки проект според владата е од клучно значење за развојот на земјата и нејзината долгорочна енергетска стабилност.

Александар Видиновски

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=62639#.UieUg9JmiSo
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 18-Sep-2013 at 00:45
Е ова веќе е официјално потврдена информација.
 
http://www.south-stream.info/en/press/news/news-item/south-stream-construction-to-create-conditions-for-developing-gasification-and-gas-fired-power-gener/
 

South Stream construction to create conditions for developing gasification and gas-fired power generation in Macedonia

 
04.09.2013
 

Lake Ohrid, Ohrid, Republic of Macedonia
 
Led by Alexey Miller, Chairman of the Gazprom Management Committee, the Company's delegation paid a visit today to the Republic of Macedonia.
 
In the course of the visit Alexey Miller held working meetings with Nikola Gruevski, Prime Minister of the Republic of Macedonia and Gjorge Ivanov, President of the Republic of Macedonia.
 
The parties addressed cooperation in the energy sector, placing a focus on the progress of and the prospects for interaction within the South Stream project.
 
At the end of the meetings it was noted that the construction of a gas branch from South Stream would create the necessary conditions for developing gasification and gas-fired power generation in Macedonia. This will make a significant contribution in improving the living conditions in the Republic.
 

Background

Russian gas has been supplied to Macedonia since 1997. In 2012 Gazprom provided the Republic with 0.1 billion cubic meters of gas.
 
With a view to diversify the natural gas export routes Gazprom implements the project for the construction of a gas pipeline running under the Black Sea to Southern and Central Europe – the South Stream project.
 
In July 2013 the Russian and the Macedonian Governments signed the Agreement of Cooperation in building a pipeline branch for gas supplies to Macedonia.

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 08-Dec-2013 at 12:42
Заплет за Македонија со јужен тек, а воедно и за останатите балкански земји.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/75370-kopac-makedonija-da-go-revidira-dogovorot-za-juzen-tek
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.