build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 21-Aug-2015 at 17:53
a friend of a friend of a friend told me...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 21-Aug-2015 at 18:38
Информацијата ми е од еден првите 5 луѓе во државата, и нормално е неофицијална и за нив. И кај нив стигнала како таква информација и никој нема дирекно да им ја потврди-НОРМАЛНО
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 21-Aug-2015 at 20:26
Дури пред 6-7 месеци беше јасно дека од јужен, а подоцна и турски тек нема да има ништо. Алтернативата постои тоа е турско-азербејџанскиот тек. Турција секако ги искористи преговорите со Русите за стратешки да поентира кај САД.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 23-Aug-2015 at 10:13


што фајде од шпекулации, ако турците и грците дадат согласност негледам зошто не би тргнал турски-тек, проблемот е друг нови избори и во Грција и во Турција инаку со Ердоган и Ципрас на власт цевките ќе биднат реалност и тука

смешно но се додека америте ветуваат цевка а русите веќе имаат договори на маса се до тогаш турски-тек ќе биде во игра плус имајки го во предвид темпото со кое америте ко приватен сектор а во немирни региони се одважуваат да инвестираат алтернатива за турски-тек во најдобри околности ќе има тек за 20 години

реално Русија е решена да ја заобиколи Украина а дали тоа ќе го направи преку Турција, Бугарија или Романија тоа и толку не е битно, тука да гледаме ние да искористиме од ваквото ефе, а вие она најпесимистички уште на прва удирате со депре, небаре сдс ви се у фрижидер секое утро за доручек

Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 23-Aug-2015 at 12:55
Изградени 20 километри од новиот гасовод од Kлечовце до Штип



Околу 20 километри од новиот гасовод од Kлечовце до блок-станицата 5 кај Штип веќе се завршени, а со оглед дека целата делница е во должина од 61 километар, тоа значи дека е завршена една третина од работите. Екипите на руската компанија „Стројтрансгас“, како и на петнаесетина домашни компании со кои изведувачот на работите има склучено договори интензивно работат на трасата од новиот гасовод на која досега се поставени и заварени околу 2.000 цевки. Изградбата се врши на неколку дела, односно од местото каде што во март официјално беше означен почетокот на работите кон Kлечовце завршено е поставување на цевките на речиси 80 отсто од делницата, а добар дел од работите е завршен и на делот кон Свети Николе, како и од овој град кон Штип. Од „Македонски енергетски ресурси“ која се јавува како инвеститор, велат дека наскоро ќе се почне и со поставување на цевките од спротивна насока - од страна на блок-станицата кај Штип, така што потоа ќе се изврши спојување во двете насоки.

- Работите се одвиваат според планираната динамика и очекуваме дека до јуни идната година како што предвидува договорот со изведувачот, објектот ќе биде во функција, смета Kрсте Миладинов, директор на „Македонски енергетски ресурси“.

Ангажирани домашни фирми

Од фирмите кои се вклучени во работата велат дека сосема е реално, доколку тоа го дозволат временските услови, со поставување на цевките да се заврши до крајот на годината, а во првото полугодие од идната година да се вршат контроли од страна на изведувачот и тогаш да потечат и првите количества гас кон Штип.

Од „Стројтрансгас“ инаку во проектот е вклучена екипа од четириесетина експерти, додека на градежниот дел од работите, како и на заварувањето на цевките работат околу 200 работници од петнаесетина македонски компании со кои „Стројтрансгас“ има склучено договори за подизведувачки работи. Меѓу другите, во градежниот дел се вклучени компаниите „Чакар и партнерс“, „Рапид“, „Спектар термо“, „Геокат и Лабино“, а во заварувањето ФЗЦ „11 Октомври“, „Елте“, ДМБ, „Југ“, „Ехи“, „РЖ - Услуги“ и „РЖ – Институт“, „Простор“, „Геинг“, „Kонти хидропласт“, фабрика „Kозјак“ и други.

Првично руската компанија планира заварувањето на цевките да го вршат фирми од други земји со кои тие и порано соработувале. Меѓутоа, домашните фирми набавија најсовремена опрема и го презедоа и овој дел од работите. Практично домашна работна рака работи на расчистување на теренот, трасирање, копање канали, поставување на цевките, нивно изолирање, заварување, рамнење на теренот, додека руските експерти вршат менаџирање и контрола на изведбата.

Затворање на клириншкиот долг

Постапката на изградбата инаку прво опфаќа расчистување на теренот и формирање на траса широка 35 метри на која во средина се копаат канали во кои се поставуваат цевките. Притоа прво се заваруваат 20 - 30 цевки, од кои секоја е долга по 12 метри и потоа така споени се полагаат во подготвените канали.

За изградба на целата делница која е во должина од 61 километар ќе бидат потребни 5.000 цевки, кои се со радиус од половина метар, а истите се произведуваат во Русија во фабрика во Омск, која е една од најдобрите во светот за вакво производство со сите потребни сертификати во согласност со барањата на ЕУ-стандардите.

Новиот гасовод инаку почнува во реонот на селото Kлечовце, како приклучок на постојниот гасовод Kрива Паланка-Скопје и се движи во правец на Свети Николе кое се заобиколува, а тука е предвидено да има приклучно место за крак кон овој град и кон Велес. Понатаму гасоводот ќе оди кон Штип, поминувајќи во близина на индустриската зона. Ќе бидат изградени и седум блок-станици кои имаат контролна и заштитна функција на работењето на гасоводот, како и отпремна чистачка станица.

Со изградба на новиот гасовод ќе се затвори прашањето на клириншкиот долг на некогашната СССР кон СФРЈ, а во тие рамки и кон Македонија.

На овој правец за доизградба ќе останат уште околу 35 километри колку што остануваат гасоводот да дојде до Неготино, а за што ќе треба да се обезбедат кредитни средства.

Извор
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 530
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 11-Sep-2015 at 21:44
Турциja изjaви ,дека преговорите за Турски поток за замрзнати.
http://novinite.bg/articles/99373/Ankara-Pregovorite-za-Turski-potok-sa-zamrazeni

Алексеj Милер започна да зборува,дека транзитот на гас през украjна ке продолжи и после 2019 година.
http://novinite.bg/articles/99375/Aleksej-Miler-Tranzitat-na-gaz-prez-Ukrajna-prodaljava-i-sled-2019-g
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 17-Sep-2015 at 12:45
РУСИЈА: И покрај сè „Турски тек“ треба да биде изграден на време

На почетокот на неделата заменик-претседателот на управниот совет на „Газпром“, Александар Медведев, соопшти дека се одложува пуштањето на првата линија од проектот за гасоводот „Турски тек“ поради политичката криза во Турција.


http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/305290-rusija-i-pokraj-se-turski-tek-treba-da-bide-izgraden-na-vreme
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 25-Sep-2015 at 12:57
За гасификација со предлог - буџетот за 2016-та се предвидени 428.000.000 денари или нешто помалку од 7.000.000 евра.
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 01-Oct-2015 at 09:19


ова информацијава дека грците потпишале меморандум в Петербург е пријатно изненадување наспроти постојаниот песимизам во нишкава ... значи и предизборно Ципрас терал со проектов, а сега после избори сигурно и озбилно ќе се нафати, ако не му пуштат ко уцена некој нов мигрантски куршлус тоа еа-партнерите!? покрај рандевуто со русите сега прашање е само дали и кинезите брзо ќе се распостелат со дополнителни инвестиции кај јужниот сосед, а од кои ето и ние би имале фајде дал во форма на брза железница или евентуален пловен Вардар, можеби успат и современи оризови полиња

што е до името на балканската траса ето и маркетинг чалам за да се потапшаат и србите по рамо како би ги издржале то америчките притисоци, прашање е само како нас ќе не окуражат можеби нашиот дел ќе го етикетираат ко Самоилов, а зошто и цела траса да не ја крстат Александар Македонски 

01.09.2015 - Русија го понуди гасоводот “Тесла” на Македонија

Рускиот дневен весник „Вједомости“ неодамна излезе со информации дека Руската Федерација на балканските земји ќе им го понуди гасоводот „Тесла“ како продолжение на гасоводот „Турски тек“, кој би се градел од турско – грчката граница до гасниот јазол Баумгартен во Австрија. Министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Грција во септември би требало да потпишат меморандум за изградба на гасоводот „Тесла“. Со овој документ, балканските земји ќе го потврдат своето учество во натамошните фази од реализацијата на крупниот гасоводен проект, пренесува Build.mk.

Проценките на московски „Вједомости“ се дека гасоводот „Тесла“ ќе биде со должина од 1.300 до 1.400 километри, а неговиот капацитет би изнесувал 27 милијарди кубни метри гас годишно. Реализацијата на големиот инфраструктурен зафат би чинела од 4 до 5 милијарди евра и би завршила до 2019 година. Во лиферуваните информации се наведува дека Грција ќе ја задржи можноста да изгради еден крак од гасоводот кон Италија. Во прилог на овие планови се информациите дека капацитетот на гасоводот „Турски тек“ е 63 милијарди метри кубни гас годишно.

Од земјите во регионов, досега Турција и Грција изразија подготвеност за учество во крупниот инфраструктурен проект на Руската Федерација. Грчкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис неодамна изјави дека цената на грчкиот дел од гасоводот „Турски тек“ ќе изнесува околу 2 милијарди долари. Грција потпиша меморандум за реализација на проектот „Турски тек“ на неодамна одржаниот Петербуршки меѓународен економски форум.

http://infomax.mk/wp/?p=37555

edit

со ова бар ќе се растерети колку толку притисокот од балканските држави, може и затоа случајно или не токму сега почнаа тоа 'бегалските' бранови иако истите се темпиран куршкус за поголем бушон во унијата

8.10.2015 - „Газпром“ го преполови капацитетот на „Турски тек“

Според аналитичарите, ваквиот потег доаѓа откако Русија неодамна склучи договор со пет европски компании до 2019 година да го зголеми капацитетот на гасоводот „Северен тек“, преку кој се транспортира гас од Русија кон Германија, преку Балтичко Море, на 110 милијарди кубни метри годишно 

Нови планови за „Турски тек“

ПО ИЗБОРИТЕ ВО ТУРЦИЈА СЕ ОЧЕКУВА НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ГАСОВОДОТ

Руската компанија „Газпром“ го намалува предвидениот капацитет на „Турски тек“ речиси двојно и планира изградба на два крака, соопшти првиот човек на компанијата Алексеј Милер. Првично се претпоставуваше дека меѓувладиниот договор меѓу Русија и Турција ќе се потпише за четири краци на гасоводот, со вкупен капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно, а сега се предвидува да се преговара за изградба на две гасоводни цевки, со вкупен капацитет од 32 милијарди кубни метри гас. Според аналитичарите, ваквиот потег доаѓа откако Русија неодамна склучи договор со пет европски компании до 2019 година да го зголеми капацитетот на гасоводот „Северен тек“, преку кој се транспортира гас од Русија кон Германија преку Балтичко Море на 110 милијарди кубни метри годишно.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОТОКОТ ПРЕКУ „СЕВЕРЕН ТЕК“

Александар Корнилов, аналитичар за нафта и гас во московската Алфа банка, за „Нова Европа“ изјави дека намалувањето на капацитетот на „Турски тек“ на 32 милијарди кубни метри гас годишно е широкоприфатено откако „Газпром“ склучил договори со европските партнери поврзани со „Северен тек“ и по намалувањето на интензитетот на преговорите меѓу Москва и Анкара, што се должи на промената на политичката ситуација во Турција.
- Со оглед на забавувањето на реализацијата на „Турски тек“ во текот на летниот период и новиот развој на настаните сметам дека најверојатно првичниот капацитет од 63 милијарди кубни метри изгледа доста неостварливо во иднина - изјави Корнилов.
Според него, тоа не е никакво изненадување и изградба на гасовод со преполовен капацитет се чини дека инвестициски е поисплатлива и дека е полесно да се реализира.

БАЛКАНОТ СЀ УШТЕ ОСТАНУВА ВО ИГРА

Првично „Газпром“ планираше преку „Турски тек“ да ја снабдува Европа со 63 милиони кубни метри гас до 2020 година. Една гасоводна линија со капацитет од 15,7 милиони кубни метри гас беше наменета за пазарот во Турција, а другите три крака треба да завршуваат на грчко-турската граница и оттаму преку нова инфраструктура да се пренесува гас кон Европа.

„Газпром“ претходно соопшти дека ќе ја одложи изградбата на „Турски тек“ со оглед на тоа што Москва и Анкара сѐ уште не потпишаа меѓувладин договор за овој проект, кој е од исклучително значење за почетокот на изградбата. Во Турција се одржуваат парламентарни избори во почетокот на ноември.
- За овој проект сѐ уште нема согласност односно, сѐ уште виси во воздух. Русија сѐ уште мора да преговора со Турција, но тоа ќе биде тешко остварливо пред да падне правот на политичката сцена во Турција и пред да се формира нова влада, што значи дека Русија ќе може да ги продолжи преговорите дури во почетокот на идната година - изјави Корнилов.

Инаку, Русија и Турција дополнително имаат несогласувања и за одлуката на Москва да изврши напади во Сирија, што во Анкара беше протолкувано како голема грешка.
Според него, Турција во иднина најверојатно ќе продолжи да купува 15 милијарди кубни метри руски гас, а остатокот ќе биде транспортиран во земјите од Балканот.

- Тоа ќе зависи од преговорите со локалните земји и компании што работат во овие земји. Грција дефинитивно ја поддржува оваа идеја, а особено со оглед на тоа што Русија вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка за оваа земја. Но, што се однесува до Балканот, сѐ уште не сме виделе дека локалните власти одлучно го поддржуваат овој проект - вели Корнилов за „Нова Европа“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.aspx?vestId=10815919183&r=10&t=n&p=#.VhbgMOVAKSQ




Edited by Max - 08-Oct-2015 at 22:47
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 10-Oct-2015 at 11:23
Магистрален гасовод ќе се гради кон Неготино, Битола и Гостивар

За спроведување на првата фаза од владиниот проект за гасификација на Република Македонија е обезбеден заем во износ од 90 милиони евра од Дојче банк и Ерсте група, пренесува денешен „Дневник“. Средствата ќе бидат искористени за продолжување на магистралниот гасовод од Штип до Неготино во должина од 36 километри, како и за изведба на две дополнителни линии од Неготино преку Прилеп до Битола во должина од 92 километри и од Скопје преку Тетово до Гостивар во должина од 76 километри. Со проширувањето на гасоводната мрежа ќе се обезбеди можност за гасификација на ТЕ „Неготино“, а гасот како енергенс ќе се доближи и до двете други термоелектрани во Битола и Кичево.



Предлогот за задолжување по итна постапка веќе е доставен до Собранието на Република Македонија. Инфраструктурниот проект ќе го реализира претпријатието Македонски енергетски ресурси. Најновото кредитно задолжување на нашата земја доаѓа во период кога се изведуваат градежните работи за реализација на примарниот гасовод од кумановското село Клечовце до Штип. Оваа магистрална делница во должина од 61 километри веќе седум месеци наназад ја гради руската компанија „Стројтрансгас“.

http://www.build.mk/?p=46642
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 10-Oct-2015 at 12:27
Originally posted by Navigator



Новиот гасовод инаку почнува во реонот на селото Kлечовце, како приклучок на постојниот гасовод Kрива Паланка-Скопје и се движи во правец на Свети Николе кое се заобиколува, а тука е предвидено да има приклучно место за крак кон овој град и кон Велес. Понатаму гасоводот ќе оди кон Штип, поминувајќи во близина на индустриската зона. Ќе бидат изградени и седум блок-станици кои имаат контролна и заштитна функција на работењето на гасоводот, како и отпремна чистачка станица.

Со изградба на новиот гасовод ќе се затвори прашањето на клириншкиот долг на некогашната СССР кон СФРЈ, а во тие рамки и кон Македонија.

На овој правец за доизградба ќе останат уште околу 35 километри колку што остануваат гасоводот да дојде до Неготино, а за што ќе треба да се обезбедат кредитни средства.

Извор



Клечовце? Toa e во близина на село К'шање, а во атар на селото Павлешенци како што може да се види од сликиве подолу.



http://vesti.mk/read/news/4885899/1837962/pochna-izgradbata-na-gasovodot-klechovce-shtip

Еве ја белата зграда што се наоѓа на сликава на патот кој води кон селото Кокошиње:


https://www.google.com/maps/@42.0131501,21.9230532,3a,51.8y,144.08h,86.82t/data=!3m6!1e1!3m4!1sMxHd2f7i28zgYJ3-gpT1gw!2e0!7i13312!8i6656

Eве ги активностите на терен:

https://www.google.com/maps/@42.0156005,21.9219159,3a,64.8y,9.87h,93.1t/data=!3m6!1e1!3m4!1shLZPLFVhjofLRF3wJMLt9Q!2e0!7i13312!8i6656

Edited by phenomenon - 10-Oct-2015 at 12:42
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15036
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 20-Oct-2015 at 09:00
Спроведена гасификација на две средни училишта во Скопје

Скопските средни училишта „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“ во претстојната грејна сезона ќе се греат на гас. Според пресметките на Град Скопје, гасификацијата на образовните објекти се очекува да заштеди околу 50% од средства кои се трошеле за греење. Инвестицијата изнесува 15 милиони денари и ќе се врати во рок од четири години. Со инсталираниот котел за гас ќе се загреваат просториите на двете училишта, во кои настава посетуваат 2.000 ученици.


* Извор на фотографија: Град Скопје

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денес информираше дека до средината на следниот месец ќе се изработат проектите за гасификација на уште седум средни училишта во главниот град. Најпрво ќе се распише оглас за воведување на гасот во училиштето „Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на објектите во кои се сместени средните училишта „Марија Кири – Склодовска“, „Владо Тасевски“ и „Панче Арсовски“. Со реализацијата на овој проект, Градот Скопје придонесува за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течно гориво со природен гас.

http://www.build.mk/?p=46793
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 18-Dec-2015 at 17:48
Новиот гасовод стаса на 1,5 километри до Штип

Според Крсте Миладинов, директор на Македонски енергетски ресурси (МЕР), се заваруваат последните километри и притоа останува само еден и пол километар до Штип, додека во ров (во земја) веќе се поставени околу 50 километри.



Изградбата на магистралниот гасовод од Клечовце до Штип е во пол ек, Гасоводната траса долга 61 километар е готова, односно на теренот по целата должина се поставени цевките. Новиот гасовод кој почнува во реонот на ова кумановско село е приклучок на постојниот гасовод Крива Паланка-Скопје.

Според Крсте Миладинов, директор на Македонски енергетски ресурси (МЕР), интензивно се работи на националниот гасоводен систем, односно како што појаснува се заваруваат последните километри и притоа останува само еден и пол километар до Штип.

Тој потенцираше дека во план е наредните неколку месеци да почнат да се изработуваат и сите потребни елемети кои го пратат гасоводот како што се негова заштита, блок-станици, а ќе има и чистачка станица.

Целиот проект треба да биде готов до јуни 2016 година, а изградбата стартуваше на 15 март годинава. За потребите на гасоводот обезбедени се над 5.000 цевки.

Проектот предвидува изградба на инфраструктурни објекти дел 1 од Штип блок-станица 5 до Неготино, линиски дел во должина од 36 километри, кој ќе се надоврзе до делницата Клечовце - Штип блок станица 5 чија изградба која е веќе во тек и дел 2 од Неготино до Битола во должина од 92 километри. Исто така и вториот дел Скопје - Тетово во должина од 76 километри. Изградбата на овие две делници се очекува да заврши во 2018 година.

Цел текст

Edited by Navigator - 18-Dec-2015 at 17:53
Back to Top
channar View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote channar Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 29-Jan-2016 at 04:56
Ако не се лажам, ова е прв капитален проект на оваа влада
http://netpress.com.mk/pochnuva-proektot-za-gasifikacija-na-skopje-vreden-100-milioni-evra/
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 29-Jan-2016 at 11:59
Previous
 
Не викај ура прерано за да не ги урочиш.
 
Случајно или не, и една друга влада се испофали со фрлање на лопати за гасоводот кога истиот почна да се гради пред нешто повеќе од 18 години, исто така за време на изборна година.
 
Кој знае, можеби за 10 години од сега ќе ни фрлат уште една коска, па ќе реализираат втора капитална инвестиција и ќе ја изградат железничката пруга кон Бугарија.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 29-Jan-2016 at 23:40
Веста е стара две години....

Почнува проектот за гасификација на Скопје вреден 100 милиони евра
Економија, Македонија | среда, 29 јануари 2014, 15:44

http://netpress.com.mk/pochnuva-proektot-za-gasifikacija-na-skopje-vreden-100-milioni-evra/


Вкупно 17 општини од скопскиот регион се опфатени во проектот за гасификација кој што е во вредност од 98,4 милиони евра, рече денеска премиерот Никола Груевски објавувајќи го стартот на овој капитален зафат.

„Од денеска почнува конкретната операционализација на проектот за гасификација во Република Македонија. Во изминатите неколку години интензивно и посветено работевме на завршување на сите мерки, активности и процедури за да дојде до оваа точка. Тоа не беше нималку лесна и едноставна работа иако некои структури се обидуваат да ја прикажат така“, рече Груевски.

Овие средства ќе бидат искористени за изградба на потребната инфраструктура и набавка на опрема. Овој проект, како што нагласи премиерот Груевски, ќе биде реализиран во соработка со јавно приватно партнерство, повикот ќе биде објавен деновиве и ќе трае се до 25-ти мај.

Со овој голем проект, како што рече тој, ќе има низа придобивки, како што е намалување на трошоците, зголемување на енегертската ефикасност и намалување на загадувањето.

Со гасификацијата, освен општините во Скопје, се опфатени и Сопиште, Зелениково, Студеничани, Петровец, Илинден, Чучер Сандево и Арачиново.

„Анализите во студијата покажуваат дека стан од 80м2 ако користи природен гас за една грејна сезона има намалување на трошоците од 24 отсто во однос доколку користи парно, седум отсто доколку користи дрво, 54 отсто доколку користи екстра лесно гориво, 51 отсто, доколку користи течен компримиран гас и 35 отсто доколку користи електрична енергија за затоплување. Слични вакви податоци и параметри важат и за помалите комерцијални објекти со моќност од 10KW“, појасни Груевски.

Премиерот информираше дека граѓаните кои сакаат своите домови да ги приклучат на гасоводната мрежа ќе треба да платат 1,25 евра по метар квадратен односно 100 евра за станбен простор од 80 метри квадратни. За куќа од 240м2 приклучната такса би изнесувала околу 300 евра. Приклучната такса за комерцијалните објекти ќе биде исто 1,25 евра по метар квадратен корисна површина.

Кога станува збор за двата други региона во државата кои се предвидени во однос на овој проект покрај скопскиот, односно источниот и западниот регион, до изградба на гасоводна мрежа, во студијата е предвидена можност дистрибутивните системи во овие региони да се снабдуваат со компримиран природен гас транспортиран со камиони или воз.

„Вакви системи на снабдување со природен гас се применуваат и во други држави, кога во одредени региони нема доволна потрошувачка на природен гас за да се изгради гасовод или за снабдување на региони до моментот кога тие ќе се приклучат на снабдување преку цевка. Значи со оваа студија се предвидува до моментот на приклучување на овие региони на дистрибутивен систем за природен гас, тие ќе се снабдуваат со природниот гас преку достава на гасот со цистерни и воз“, истакна денеска премиерот Груевски.

Започнува процес, нагласи тој, кој што е резултат на големи повеќегодишни, децениски залагања.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 723
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 25-Feb-2016 at 18:41
знам дека моето мислење е малцинско, но мислам дека времето ќе покаже дали сум во право, а верувам дека сум.
Во гасификацијата не е иднината, посебно за вака мали држави како што е Македонија. ПОсебно што гасот е станат геополитичко оружје и политички проблем.

Можеби е оправдано да се направи гасоводна мрежа до Скопје како голем центар со поголема концентрација на објекти и жители. Но да се влачат гасоводи ипри тоа да се земаат кредити за тоа до помалите градови кои можат да функционираат без гас е по мене неоправдано.
Со глобалното затоплување (кое некои го негираат, но факт е дека има се помалку денови кога мора да се грее) зимите се пократки и треба помалку енергија за греење. Веќе сега на пазарот се нудат топлотни пумпи, инвертори кои се сосема доволни за загревање и кои користат струја чија цена паѓа на европскиот пазар (па можеби е подобро да се увезува струја отколку гас). Втор начин е со пелети или дрва, сегашните камини и трајножаречи печки нудат мн ефикасно греење.
Да додадам дека може да се инвестира во изолација на фасади и на столарија така да се намали количината на потребна топлина за загревање.
исто така за на лето е доволно 1 или 2 панела сончеви колектори за загревање на вода за капење и садови.
остануваат фабриките кои го користат гасот за суровина и за загревање. за прват апотреба не знам колку такви фирми има во Македонија, а за загревање може да се стимулираат да прејдат на друг вид енергија (исто сончева, биомаса, струја...)

Треба да се знае една работа, кога ќе направите гасовод следен логичен чекор е да се потпише договор за купување на гас, кои договори се долгорочни и не можете да се откачите од нив ако не ви одговара.

Мој совет за индивидуалните потрошувачи кои имаат куќи или помали згради е да не се приклучуваат на овие мрежи, бидејќи може да се случи да зажалат за тоа, а ќе немаат можност да ја променат таа одлука
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 25-Feb-2016 at 18:46
Ненад има логика во тоа што го збориш. Добро е да се направи некоја енергетска анализа во која ќе се опфати промената на температурите, цените, глобалните стратегии и слично. Јас сум во глобала секогаш поборник на тоа да се овозможат што повеќе алтернативи па во зависност на макро и микро движењета на пазарот да се овозможи поголема флексибилност.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 25-Feb-2016 at 20:56
Originally posted by nenad

знам дека моето мислење е малцинско, но мислам дека времето ќе покаже дали сум во право, а верувам дека сум.
Во гасификацијата не е иднината, посебно за вака мали држави како што е Македонија. ПОсебно што гасот е станат геополитичко оружје и политички проблем.

Можеби е оправдано да се направи гасоводна мрежа до Скопје како голем центар со поголема концентрација на објекти и жители. Но да се влачат гасоводи ипри тоа да се земаат кредити за тоа до помалите градови кои можат да функционираат без гас е по мене неоправдано.
Со глобалното затоплување (кое некои го негираат, но факт е дека има се помалку денови кога мора да се грее) зимите се пократки и треба помалку енергија за греење. Веќе сега на пазарот се нудат топлотни пумпи, инвертори кои се сосема доволни за загревање и кои користат струја чија цена паѓа на европскиот пазар (па можеби е подобро да се увезува струја отколку гас). Втор начин е со пелети или дрва, сегашните камини и трајножаречи печки нудат мн ефикасно греење.
Да додадам дека може да се инвестира во изолација на фасади и на столарија така да се намали количината на потребна топлина за загревање.
исто така за на лето е доволно 1 или 2 панела сончеви колектори за загревање на вода за капење и садови.
остануваат фабриките кои го користат гасот за суровина и за загревање. за прват апотреба не знам колку такви фирми има во Македонија, а за загревање може да се стимулираат да прејдат на друг вид енергија (исто сончева, биомаса, струја...)

Треба да се знае една работа, кога ќе направите гасовод следен логичен чекор е да се потпише договор за купување на гас, кои договори се долгорочни и не можете да се откачите од нив ако не ви одговара.

Мој совет за индивидуалните потрошувачи кои имаат куќи или помали згради е да не се приклучуваат на овие мрежи, бидејќи може да се случи да зажалат за тоа, а ќе немаат можност да ја променат таа одлука

 
На место ти е коментарот, но сепак за мала држава како Македонија, гасоводите не мораат да увезуваат гас од странство, бидејќи можат да транспортираат и домашен гас од македонските депонии.
 
Ниту е нуклеарна физика, ниту е научна фикција, ниту пак е новост дека од поодамна постојат гасни електрани кои го користат метанот од депониите како гориво за производство на електрична и топлинска енергија.
 
Но во Македонија владее еден тотално поинаков тренд - тренд на увезување на струја од соседството, исто како што имавме, а и сеуште имаме домашен производител на автобуси - Санос - компанија со лиценци од Мерцедес-Бенз и МАН, но сепак увезовме градски автобуси од Кина.
 
Тука не е проблемот гасификацијата, туку трендот кој одредени индивидуи го форсираат со години.
 
А кога сме кај гасификацијата, ене ја и ТЕЦ Неготино како дреме со години исклучена, а истовремено чека и моли за модернизација за да работи и на гас, но сепак одредени индивидуи ги спречуваат и нејзината модернизација и нејзиното рестартирање.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 14-Mar-2016 at 10:40
12 компании заинтересирани за изградба на гасоводите во Македонија



Седум компании доставиле понуда за изградба на делницата од магистралниот гасовод од Штип до Неготино, а пет фирми се јавиле на тендерот за магистралниот гасовод Скопје- Тетово-Гостивар. Има интерес и од домашни и странски компании, а процесот на избор и за двата крака моментно е во тек. До крајот на месецов се очекува да се објави тендерот и за третиот крак, оној од Неготино до Прилеп и Битола, долг 92 километри. Во меѓувреме, „Македонски енергетски ресурси“ објави оглас за избор на компанија која ќе врши технички прием на веќе изградениот магистрален гасовод од Kлечовце до Штип. Тоа ќе биде последен чекор пред ставање во употреба на гасоводот. Низ овие цевки гасот ќе протече во јуни, како што практично беше предвидено и со договорот за изградба. Со овој до Штип, постојниот од Деве Баир до Скопје и новите за кои сега се избираат изведувачите, Македонија ќе ги добие главните магистрални гасоводни правци во земјава со што природниот гас ќе стане достапен и за најголемиот дел од индустриските капацитети и индустриски зони во овие градови, а ќе даде можност и за гасификација на општините.

Има интерес

„Дневник“ дознава дека на тендерот за изградба на магистралниот гасовод од Штип до Неготино се јавиле седум компании, од кои три не ги исполнувале условите, а изведувачот се бара меѓу преостанатите четири фирми. Една од овие компании треба да изгради 36 километри гасоводен крак, што практично ќе се надоврзе на последно изградената делница од Скопје до Штип. Договорот е вреден 19 милиони евра. За другиот магистрален гасовод од Скопје до Тетово и до Гостивар рокот за доставување на понудите беше до 1 март годинава, а според наши информации понуда доставиле пет компании. Овој гасовод е во должина од 76 километри, а ќе чини 30,8 милиони евра. И за двете делници парите Македонија ги обезбеди од кредит од 90 милиони евра од Дојче банк и „Ерсте група“ со рок на отплата од седум години и грејс-период од три години.

Според планот, изградбата на гасоводот од Штип до Неготино треба да почне набрзо по изборот на компанијата, исто како и за вториот гасоводен крак од Скопје кон полошкиот регион. Изградбата на гасоводот кон Тетово и Гостивар треба да заврши за три години, односно ако с` оди според планот, овие две општини треба да добијат пристап за користење природен гас до 2019 година.

Инаку, на трети овој месец „Македонски енергетски ресурси“ објави оглас за избор на компанија која ќе врши технички прием на веќе изградениот гасоводен крак од Скопје до Штип, кој е долг 61 километар. Понудите треба да се достават до 18 април, а избраната компанија ќе треба за 15 милиони денари да изврши испитување, односно прв технички преглед пред пуштање во употреба на овој магистрален гасовод. Според информациите на „Дневник“, пет компании во земјава имаат капацитет и лиценци за вршење вакви работи.


Во јуни гас низ Kлечовце-Штип

Инаку, работите на овој крак од гасоводот се на самиот крај. Поставени се и седумте контролни станици, а веќе се прават и контроли на гасоводните цевки и на функционирање на системот. Kонтролата се врши во фази по десет километри поединечно, при што контролата е веќе завршена на половината од должината на трасата. Се очекува по техничкиот преглед гасоводот да биде ставен во употреба, односно како што беше и договорено, првите количини гас да протечат низ цевките во јуни годинава.

Македонија предвидува изградба на 5 магистрални правци кои беше предвидено да се реализираат во две фази. Првата, приоритетна фаза, е од 2015 до 2019 година, а втората фаза ќе се реализира во периодот од 2017 до 2022 година.

Со реализацијата на овој проект државата очекува да се овозможи достапност на природниот гас како конкурентен и еколошки чист енергент до стопанството, индустријата и домаќинствата, поврзување повеќе региони во државата со системот за пренос на природниот гас и стабилност во снабдувањето со енергенти, пред с`, во индустријата, што доведува до поголем економски развој на сите региони во Република Македонија.

Kои се компаниите што се во игра?

Највисоката понуда од петте компании што се пријавиле за да го градат гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар достигнува 36 милиони евра. Сепак, за оваа понуда не е доставена банкарска гаранција, па нема да се земе предвид.

„Дневник“ ги дозна неофицијално имињата на конзорциумите што се пријавиле да ја градат оваа гасоводна делница. Станува збор за странско-домашни компании меѓу кои всушност ќе се избере и изведувачот. Една од понудите е од фирмите „Ак-инвест“, ДМб и „Факом“, другата е од „Рапид билд“ Kуманово, „Kвалитет пром“, „Елте инженеринг“ и „Спектар термо“. Третата понуда ја доставиле „ИМП плимонт“, Словенија, „Ехи“, Скопје и „Монтер - Стројаска монтажа“ од Хрватска, но за оваа понуда не е доставена банкарска гаранција. Четвртата понуда е од компаниите „Енергосистем“, „Фабрика Kарпош“ од Скопје, „Енерготехна“ од Нови Сад и „Гастројмоназ“- Софија. Петата понуда ја доставиле „Милениум тим“ од Белград и „Енерготехна“ од Нови Сад.

Извор
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.