build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 01-Feb-2021 at 13:30
ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА 50 ОТСТО ГИ ЗГОЛЕМИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПРИКЛУЧОК НА ГАС

Наместо 10.000 денари како досега, граѓаните во иднина ќе добиваат субвенции од 15.000 денари за приклучок на гасоводната мрежа во Куманово. На последната седница советниците донесоа одлука да се зголеми надоместот на дел од трошоците за приклучок на гас на физички лица за 50 отсто, со цел да се поттикнат граѓаните да го користат гасот за затоплување на нивните домови и да се намали загадувањето на воздухот.

„Се надевам дека тоа дополнително ќе ги стимулира нашите граѓани да се приклучуваат на дистрибутивната гасоводна мрежа, како еден на вид на олеснување. Исто така останува мерката приклучната такса да можат да ја плаќаат на 12 месечни рати. Мислам дека 550 евра не е некоја голема сума којашто граѓаните не можат да ја платат“, изјави Никола Денковски, директор на ЈП „Куманово-гас“.

Приклучокот на гас за физички лица на почетокот на гасификацијата изнесуваше 800 евра, па пред неколку години се намали на 650 евра, а сега со новата мерка изнесува 550 евра.

„Придобивките се повеќекратни, пред сѐ економскиот аспект на самото домаќинство. Првичната инвестиција целосно ќе ја вратат за две години. Гасот е многу поевтин енергенс во однос на сите останати, што значи дека трошоците ќе се преполоват во однос на сметките за струја или набавка на дрва. Понатаму се работи за заштита на животната средина, амбиенталниот воздух во нашиот град, тоа е една од значајните придобивки“, посочува Денковски.

Во Куманово има изградено околу 20 километри гасоводна мрежа и 300 приклучоци. Целиот процес оди бавно затоа што се финансира од општинскиот буџет без државна помош.

Куманово е првата општина во државата којшто започна гасификација од сопствени средства уште во 2005/2006 година, кога беше основано и ЈП „Куманово-гас“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-kumanovo-ke-pokriva-polovina-od-troshokot-na-domakinstvata-za-prikluchok-na-gas/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 24-Feb-2021 at 13:59
Оваа година завршува изградбата на магистралните гасоводи Скопје-Гостивар и Неготино- Битола

Годинава ќе заврши изградбата на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола, со што ќе се поврземе на преносниот систем на гас. Следат нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија.

Ова денеска го истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи.

Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра, досега изградени се околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина на овој проект.

Министерот Бочварски потенцираше за огромното значење на гасификацијата на државата од аспект на заздравување на економијата, намалување на аерозагадувањето, како и поевтин енергенс за граѓаните и компаниите.

„Ги користиме сите технички и човечки ресурси за да може што поскоро да ги завршиме започнатите магистрални делници а воедно да отпочнеме и нови проекти за гасификација на цела територија на државата. Значењето на гасот е силно потенцирано и од граѓаните и од бизнис секторот и затоа ги охрабрувам, ние цврсто стоиме на нашите определби гасот да го доведеме до сите корисници. Очекувам оваа делница да биде завршена годинава, имаме чист терен за работа а изградбата се одвива со добра динамика. Исто така и магистралниот гасовод од Неготино до Битола е во завршна фаза и тој ќе биде оперативен оваа година. Во однос на новите проекти, за оваа година планираме да отпочнеме постaпки за изгрaдба на делницата од Неготино до Гевгелија и да се поврземе со конекторот со Грција, а веќе слeдната да отпочнеме со два нови магистрални делници од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево”, изјави Бочварски.

Директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи истакна дека со завршување на овој проект оваа година, цел Полошки регион и западниот дел од Скопје ќе имаат пристап до преносниот систем на гас.

„Надминати се сите состојби со експропријација на земјиштето, најтешките предели се изградени, добрата вест е дека полесниот дел од трасата оваа година ќе се заврши вклучувајќи ги двете мерно регулациони станици и седумте блок станици. Со тоа ќе се овозможи пристап до преносниот систем на гас и заедно со дистрибутивниот систем да се опслужуваат корисниците. Оваа година започнуваме и постапка за изградба на интеконекторот со Грција, исто така оваа година завршуваме со физибилити студија за поврзување со интеконекторот со Косово и очекувам наредната година да проектираме и конечно нашиот преносен систем да го користеме за да пренесеме гас до нашите северни соседи. Исто е и со конекторот со Србија, заеднички ќе аплицираме до Инвестицискиот фонд на Западен Балкан за физибилити студија и проектирање”, изјави Реџепи.

https://meta.mk/ovaa-godina-zavrshuva-izgradbata-na-magistralnite-gasovodi-skopje-gostivar-i-negotino-bitola/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 24-Feb-2021 at 22:09
Една реченица да имаше посветено на делот од гасоводот кој поминува на Водно. Три години немаат педа земја поместено, цевки недозаварени стојат на повеќе места, а последната вест за овој дел беше делот над Грчец/Шишево поради остриот нагиб ќе треба да се прилагодува, бидејќи не можел да постигне притисок.

Така да, веста дека следната година ќе бил пуштен во употреба јас во најмала река го сметам за оптимистичен со оглед на спремноста на властите.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 31-Mar-2021 at 17:07
Македонија се вклучува во изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис во Грција во близина на границата со Турција.
31 март 2021, 15:41




Со официјалното потпишување на меморандум со Грција за приклучување на Македонија во транс атланскиот гасовод попознат уште како ТАБ практично досегашниот единствени извор Рускиот гас за рок од 2,5 години ќе добие конкуренција и земјава ќе има алтернативен извор на снабдување а со тоа и поголема енергетска сигурност и стабилност. Македонија се вклучува во изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис во Грција во близина на границата со Турција. Овој терминал е нова независна точка за снабување со природен гас кој доаѓа од Азербејџан единстеваната земја на каспиското море која не е под Руско Влијание, како и течен гас од САД и од многу други земји по конкурентни цени. Владините анализи покажале дека е добро како држава да инвестираме и да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и во гасна централа со локација во Грција особено што последниве седум години интензивно се работи на поврзување на голем број стопански објекти и домаќинства на гас а значајно е и учеството во гасната електрана која е своевидна замената за нуклераката Белене. Учеството од 25% во гасната централа која ќе биде со моќност од 800 мегавати е 380 милиони евра а за учествуво од 10% во терминалот за течен гас земјава ќе инвестира 370 милиони евра со подршка на европски проекти. Со овој проект за земјава се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас од две страни но исто времено со идното поврзување со гасоводи кон Косово, Албанија и Србија, Македонија со својата позиција ќе прерасне во стратешки важна транзициска рута.



https://kanal5.com.mk/makedonija-oficijalno-se-vkluchuva-vo-proektot-aleksandrupoli/a468042
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 06-Apr-2021 at 14:57
Колку пари ќе чини приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас

Под 100 евра се очекува да чини приклучувањето на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас. Од јавниот-приватен партнер кој ќе ја развива дистрибутивната мрежа ќе биде побарано да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат инсталацијата на рати на повеќе години.

Изборот на јавен-приватен партнер следува во наредниот период, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски очекува тоа да се случи до крајот на првата половина од годинава. Според информациите на РКЕ, во крајната фаза остануваат две компании од Турција.

– Она што е важно е дека тендерски услов кој ќе биде најбитен, ќе биде најниската цена која ќе се понуди за приклучок на природен гас. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде под 100 евра по приклучок. Тендерирањето ќе започне од 100 евра и мислам дека тоа ќе претставува придобивка за домаќинствата кои ќе имаат низок трошок за приклучување. Очекуваме од новиот јавен-приватен партнер да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат својата инсталација на рати на повеќе години, изјави денеска Бислимоски.

Ќе биде побарано и од општините да даваат донации за домаќинствата кои ќе сакаат да се приклучат на мрежата на природен гас за овој еколошки енергенс да стане многу подостапен до граѓаните.

Од страна на РКЕ е изработена првичната верзија на новата методологија за определување на цените за дистрибуција на природен гас на мрежи кои ќе се градат од почеток. Целта е да се гарантира цената на гасот и да се прави контрола во првите години од работењето.

Сега, во градовите каде е развиена дистрибутивната мрежа на природен гас, приклучокот чини 500 евра. Во Турција, која во последните 15 години разви сопствена дистрибутивна мрежа на природен гас во 27 свои области и има тенденција тоа да го стори и во селските средини, приклучокот во станбени згради чини 120 евра по стан.

Инаку, првпат откога е започната гасификацијата во земјава, лани е забележана рекордна потрошувачка на гас. Според РКЕ, лани потрошувачката на природен гас изнесувала 338 милиони нормални метри кубни и е за 12,5 проценти зголемена во однос на 2019 година. Зголемување на потрошувачката на природен гас имало во индустрискиот сектор за 43 проценти, а намалување за 11 проценти е забележано само кај металната индустрија која беше најпогодена од кризата.

– Радува и фактот што има и нови домаќинства кои се приклучени на дистрибутивните мрежи за природен гас. Поголемиот број е во Струмица, а помалку има во Куманово, изјави Бислимовски на денешната прес-конференција.

https://www.biznisvesti.mk/ppof-tpajkovcki-vo-narednite-15-20-dena-bi-trebalo-da-se-prekine-so-vleguvane-vo-bilo-kakvi-zatvoreni-prostorii-so-mnogu-luge/
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1340
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 06-Apr-2021 at 15:23
Не знам дали при вас се води дискусия за ползването на гаста за домакински цели , но треба да се знае ,дека колкото да е по-евтина ,исто е и опасна. Гледам при вас сакате да се приклучите во масова гасификациа на домакинствата, а во Виена от неколко години върви обратна тенденция и тренд. Преди 2-3 години неколко кооперации експлоадираха и парламентот взе решение новото жилищно строителство да не биде повеке гасифицирано а свързано към централно отопление и топла вода а в старите сгради инсталациите ке се обноват ,а некаде и демонтират, Аз долги години съм живел во станове с гас и честно казано не сум бил никогаш доволен. Сека година треба на шест месеци да правиш профилактика и ремонт на гасовиот бойлер ,кой чини около 80-100Е., еднаж у годината идват коминочистачи ,кои чистат комините и инсталациите и исто чини 80-100Е.
Секогаш ме беше страв от изтичане на газ ,бев инсталирал во целиот стан индикатори и датчици.
А и илюзия е дека е по-евтино ... не е.
Сега от 2 години во новото жилище съм на централно отопление и топла вода и съм предоволен и спокоен.




Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 06-Apr-2021 at 15:38
Можеби најдобра опција е да се градат гасни централи како Те-То во Скопје и колатерланата топлинска енергија да се користи за парно греење, а струјата нормално за сите останати потреби. не зборавам заради безбедносите предизвици, туку изгледа дека и економски е поисплатливо да се изгради една гасна централа отколку да се изповрзат толку многу домаќинства на гас. Рачунајте и дека треба сите уреди бела-техника по дома да ги менуваат луѓето, што никој не го зима во предвид во математикиве.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 06-Apr-2021 at 17:01
ГАСИФИКАЦИЈА НА СКОПЈЕ



Две турски компании се во трка, која од нив ќе ја гради дистрибутивната мрежа за природен гас низ државата. Ќе се избере во јуни, а предност ќе и се даде на таа што ќе понуди приклучок поевтин од 100 евра, за разлика од сегашните 500 евра.

„Ќе започне тендерирањето од 100 евра и тоа ќе претставува придобивка, пред се за домаќинствата коишто ќе имаат низок трошок за приклучување. Исто така очекуваме од новиот приватен партнер да обезбеди соодветни евтини кредити коишто ќе овозможат и на домаќинствата кои што ќе се приклучат на мрежата на природен гас да ја земенат својата инсталација во домовите на рати на повеќе години.“ - изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Но, кога гасот ќе стигне до домаќинствата? Според планот, најпрво ќе почне да се гради во периферијата на Скопје, онаму каде што сега нема централно греење. Општините и селата ќе можат да се надеваат на гас во 2023 година.

Нема да се чека мрежата да биде изградена во цел град, туку ќе се приклучува, како ќе се гради. Освен за греење гасот ќе користи и за шпорети, бољери, а енергетичарите велат дека на електрична енергија ќе бидат приклучени само светилките и телевизорот во домот. Потрошувачката на струја треба да паднат за 40%.

Гасот во државата ќе биде добредојден и зашто не очекува се поскапа струја. Со либерализацијата на пазарот ЕСМ, како државен производител, годинава обезбедува 70% од потребите, и овој процент до 2025 ќе се намали на 30%.

Тоа ќе повлече поголемо купување на струја на берзите, по повисоки цени, зашто ќе се набавува од трговци, а не од производители. За граѓаните тоа ќе значи повисоки сметки.

https://24.mk/details/gasifikacija-na-skopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 14-Apr-2021 at 12:49
Порталб.мк: Ветувањето за гасоводот во Гостивар сѐ уште неисполнето, завршени се 75 отсто од работите

Изградбата на гасоводната мрежа од Скопје, до Тетово и Гостивар, сѐ уште трае, но не со исто темпо како на почетокот од овој проект, бидејќи оптимизмот е намален, а рокот ветен од надлежните органи е поминат, пишува Порталб.мк.

Од Министерството за транспорт и врски за Порталб.мк велат дека од вкупно 86 километри, досега е инсталирана мрежа во должина од 53 километри. Тие се оптимисти дека оваа работа може да заврши до крајот на годината.

„Досега е инсталирана мрежа со цевки во должина од 53 километри, вкупната должина на овој проект е 86 километри, односно досега се реализирани 75 отсто. Согласно планот за динамика, се очекува годинава да заврши изградбата на гасификација Скопје – Тетово – Гостивар“, истакнаа од ова министерство.

Новинарите на Порталб се обидоа да контактираат со Општина Тетово во врска со ова прашање, но оттаму не сакаа да коментираат.

Едно од главните ветувања на актуелната градоначалничка Теута Арифи, врз основа на физибилити студијата која ја чинеше општината 6 милиони евра, беше гасификацијата на градот. Според оваа студија, прво се планира гасификација на училиштата, а потоа и на целиот град, вклучително и домаќинствата.

Од Општина Тетово во текот на 2018 година изјавија дека им било ветено дека работите околу гасоводот ќе завршат во текот на 2020 година.

„Според разговорите што ги водевме, нормално неофицијални, со директорот за енергетски ресурси, тие се оптимисти дека Тетово ќе биде вклучено во главната траса. Со работата е стигнато до гостиварска страна, и има голем оптимизам дека до 2020 година, овој прашање ќе биде затворено“ изјавија од Општина Тетово, за весникот КОХА во 2018 година.

Од друга страна, Општина Тетово ги нема исполнето своите задолженија за овој процес, а тоа е формирање на јавно претпријатие за гасификација. Бидејќи, секој град што е вклучен во процесот има свое претпријатие, а централната компанија е во Скопје.

Покрај тоа, во 2019 година директорот на Енергетски ресурси ма РСМ, Бајрам Реџепи, вети дека на крајот на 2020 година граѓаните на полошкиот регион ќе бидат снабдени со природен гас. Но, тоа не се случи.

„Гасификацијата ќе заврши во првата половина на следната година, во втората половина од годината ќе бидат направени тестирања, согласно стандардите за гасификација. Значи, на крајот на следната година ќе ја завршиме целата постапка за ставање во функција на овој гасовод и целиот полошки регион ќе може да се снабдува со природен гас“, изјави Бајрам Реџепи во декември 2019 година.

Инаку, Владата обезбеди 90 милиони евра за гасоводната мрежа долга 204 километри. Еко активистите постојано повикуваат природниот гас да се донесе во полошкиот регион, со оглед дека тоа е еден од најзагадените региони во земјата.

Иако беше едно од главните ветувања на градоначалничката Теута Арифи, шансите гасификацијата на Тетово да заврши во преостанатите месеци од мандатот, се мали. Денес, во средината на април 2021 година, од Министерството за транспорт и врски велат дека поголемиот дел од обврските се завршени, но дека сепак сè уште има работа.

https://meta.mk/portalb-mk-vetuvanjeto-za-gasovodot-vo-gostivar-sѐ-ushte-neispolneto-zavrsheni-se-75-otsto-od-rabotite
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 08-Jun-2021 at 17:34
ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ НАЈАВА, ПОЧНА ГАСИФИКАЦИЈАТА НА СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА

Струмичката болница од средина на октомври ќе почне да се грее на гас. По неколку години најави и ветувања, конечно почнаа изградба на котларница и приклучување на овој здравствен комплекс на гасоводната мрежа. Според директорот на ЈП „Струмица гас“, Благој Миловановиќ, на гасоводната мрежа ќе бидат приклучени стариот и новиот дел од болницата, зградата на инфективното одделение, управната зграда и објектот на Здравствен дом Струмица.

„Во првата фаза нема да биде опфатена само зградата на Центарот за јавно здравје. Сите други објекти од овој комплекс ќе бидат приклучени на гасоводната мрежа. Очекувам за месец и половина да биде готова котларницата“, кажа Миловановиќ.

Струмичката болница, која се грееше на нафта, се сметаше за еден од поголемите загадувачи на амбиенталниот воздух, на што реагираа граѓаните. Градоначалникот Коста Јаневски соопшти дека средствата во висина од 6,9 милиони денари биле обезбедени од Владата.

„Болницата беше посочувана како еден од загадувачите и верувам дека со гасификацијата на овие објекти ќе се подобри амбиентланиот воздух во нашиот град“, кажа Јаневски.

Струмица десетина години е гасифицирана со гас кој во компресирана форма се увезува од Бугарија. Досега се изградени околу 41 километар секундарна дистрибутивна мрежа, на која се приклучени околу 330 домаќинства и сите локални јавни институции, но не и најголем дел државни, кои и следната грејна сезона ќе се греат на нафта

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-nekolku-godini-najava-pochna-gasifikatsijata-na-strumichkata-bolnitsa/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 14-Aug-2021 at 12:00
БЕЛГРАД ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ГАСИФИЦИРАН ДО 2022: Во Македонија процесот каска

Генералниот директор на ЈП „Србијагас“, Душан Бајатовиќ изјави дека до крајот на 2022 година, Белград ќе биде целосно гасифициран, додека гасификацијата на цела Србија ќе трае пет до седум години.

Бајатовиќ посочува дека во следната година, благодарение на забрзаниот процес на гасификација што го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сите топлани во Србија ќе можат да се префрлат на гас.

„Тоа не е мала работа“, посочи Бајатовиќ и додаде дека сите топлани во Белград, освен една, се поврзани со гас.

Тој наведе дека законот ќе им овозможи на оние кои имаат диви објекти, и поднеле барање за легализација, со писмени докази дека не се на големи инфраструктурни објекти, да можат да бараат гасни приклучоци.

Посочи дека гасната врска ќе чини 780 евра со ДДВ за три години, што, додаде, е околу 20 евра месечно на рати.

Бајатовиќ, меѓу другото, рече дека планот е до крајот на годината да има 30,35 илјади приклучени на гас во Србија, доколку е можно, што, додаде, ќе го зголеми вкупниот број потрошувачи за околу десет проценти.

https://faktor.mk/belgrad-kje-bide-celosno-gasificiran-do-2022-vo-makedonija-procesot-kaska
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 29-Sep-2021 at 17:07
Порталб: Сопственикот го урна објектот што ја попречуваше гасификацијата на Тетово

Конечно е урнат објектот што ја попречуваше гасификацијата на Тетово неколку месеци, за Порталб.мк потврди Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси АД – Скопје“ (НЕР).

Оваа бесправна градба се наоѓаше во близина од само три метри до гасоводот, нешто што е забрането со закон. НЕР претходно побара од Општина Тетово да се урне градбата, меѓутоа не добија одговор. Општина Тетово не одговори ниту на новинарските прашања од Порталб.мк пат за овој случај, и тоа два пати.

Директорот на НЕР потврди дека објектот е урнат од самите сопственици.

„Ние сме операторот што врши пренос на гасот. Дистрибуцијата не ја вршиме ние, значи ние не дистрибуираме низ градот, ниту во Тетово, ниту во другите градови. Тоа ќе биде партнерска компанија на Владата, а постапката за избор на субјектот што во јавно-приватно партнерство ќе треба да го изгради гасоводот е во тек и би требало да заврши некаде околу почетокот на следната година. Потоа, избраната компанија ќе има обврска да ја изгради мрежата за дистрибуција низ сите градови, според спецификациите што се претходно утврдени“, објасни Реџепи за Порталб.мк.

Порталб.мк денеска беше на терен и се уверивме дека се работи.

НЕР АД – Скопје во јуни побара од Општина Тетово да го урне објектот, но оттаму немаше одговор во врска со барањето. Проектот за гасоводот не може да добие одобрение за користење доколку околу него се наоѓаат бесправни градби.

„Проектот за гасоводот нема никогаш да добие одобрение за користење доколку се наоѓаат бесправни градби околу него. Овој објект што ни создава проблеми се наоѓа на 3 метри од гасоводот. Ние првин побаравме од општина Тетово информација дали има градежна дозвола за тој објект, откако нѐ информираа дека нема, побаравме негово уривање, бидејќи само тие имаат надлежност, но сѐ уште не сме добиле одговор“ рече Реџепи во јуни.

Изградбата на гасоводната мрежа за Тетово и Гостивар не е завршена, а како ветување постои од 2017 година. Од Општина Тетово не одговорија на прашањето на Порталб.мк, иако ветија одговор.

Општина Тетово не исполни уште една задача од овој процес, а тоа е основање јавно претпријатие за снабдување со гас.

Инаку, од Владата на РСМ се обезбедени 90 милиони евра за 204 километри мрежа на гасоводот. Еколошките активисти постојано повикуваа да се донесе природниот гас во Полошкиот регион, со оглед дека тој беше еден од најзагадените региони во земјата.

https://meta.mk/portalb-sopstvenikot-go-urna-objektot-shto-ja-poprechuvashe-gasifikacijata-na-tetovo/
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1340
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 02-Oct-2021 at 18:39
Ако некои се интересува ,на този сайт ежедневно може да гледа как се движи подаването на газ от България към Македония.
Всъщност може да се наблюдават газопреносните системи на всички европеиски държави.
https://www.entsog.eu/

https://transparency.entsog.eu/#/points/data?points=bg-tso-0001itp-00036exit%2Cmk-tso-0002itp-00036entry

Edited by Galileo - 02-Oct-2021 at 18:39
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 24-Nov-2021 at 17:56
За 5 години се гасифицираа само две болници

За 5 години се гасифицираа само две болници и тоа со големо задоцнување. Наместо во 2019-та, гинекологија во Чаир се префрли на гас во септември 2020, а општата болница во Струмица дури месецов, ноември 2021.

– Венко Филипче пред три години изјави дека гасификацијата на општата болница во Куманово е приоритет за Министерство за здравство, но еве и во 2022 година ќе се грее на мазут. Болницата уште во 2017 година има изготвено проект за гасификација, а изградена е и цевка за довод на гас до болницата. За промена на начинот на греење се потребни околу 200 илјади евра – информираат од О2 Иницијатива.

Оттаму потсетуваат дека Владата вети до 2024 година ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење.

– Што е со болниците во Битола, Тетово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Штип, Струга, Кичево, Кочани, Негорци? Со Институтот по белодробни заболувања кај децата во Козле, Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Капиштец, болницата за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Ѓорче Петров, психијатриската болница во Бардовци? Да не ги набројуваме здравствените домови. Сите се греат на мазут/нафта/лесно масло – потенцираат оттаму.

https://www.vecer.press/за-5-години-се-гасифицираа-само-две-болн/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 29-Nov-2021 at 16:42
Одбиваат 2 евра за метар квадратен – жителите на Чајлe бараат повеќе за земјата каде поминува гасовод

Се жалат дека со проектот за гасоводот, кој поминува низ нивните земјишта, им се одзема имотот без договор и без никаква најава. Жителите на село Чајле, општина Гостивар, велат дека од државата добиваат само по 2 евра за метар квадратен, што според нив е нереална сума. Велат дека градежните работи почнале без никаква најава и дека нема да дозволат такво нешто.

„Кај нас велат 2 евра за метар квадрат, да, еден метар квадратен за 2 евра, тоа е една кутија цигари, во тие еден метар можеш да садиш 100 садници пиперки, да имаш храна за децата, а не пошто зошто да ти ја земат“, вели сопственик.

„Проблем, доаѓа гасот тука и без потписот на мојот татко, пред еден ден го заправ булдожерот и компанијата повика полиција и рекоа да не приведат од наше земјиште. Дека лажам дека не е мое, а ние имаме документи и од нашето земјиште сакат да не пратат во затвор. Тие одлучиле, ти даваат 2 евра и ти станува газда во твоето земјиште, така излегува. Никој ниту не прашал, но крадецот не те прашува тој има сила, полиција, војска и доаѓа во твоето земјиште и ти вели ќе те пратам во затвор, ќе те убијам. Те убива во твоето земјиште! Каква демократија е ова?!“, додаде жител.

Од месната заедница на село Чајле велат дека не биле известени за почетокот на градежните работи и дека сумата кој им се нуди на жителите е многу мала.

„Жителите на Чајле и земјиштето кое го гледате не е за 2 евра, земјиштето вреди многу повеќе. Јас бев во институциите кои го спроведуваат проектот кои плаќаат паушално, овие средства ги земале од европските држави и треба да платат врз основа на експертизата, во консултации со сопствениците на земјиштата, со согласност од земјоделците и тогаш да почнат со работа“, посочи Синан Елези.

Директорот на Енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, тврди дека нема градежни работи во ниту една парцела каде не е завршен процесот на експропријација. Додава дека цената не ја одредуваат тие.

„Јас имам целосно разбирање за жителите на Чајле, но треба да објасниме дека вреднувањето на земјиштата не го правиме ние и не зависи од нас. Сите овие оценувања ги прави Бирото за судски вештачења и единствениот орган кој може да ги смени овие оценувања е Основниот суд на Гостивар. Сите сопственици кои не се согласуваат со оценувањата и не потпишуваат соодветен договор, ние самите ќе ги пратиме во Основен Суд со цел сопствениците да немаат трошоци“, посочи Бајрам Реџепи.

Проектот на гасоводната мрежа во село Чајле има дистрибутивна точка кон Гостивар, но сопствениците предупредуваат дека нема да дозволат почеток на работите доколку не добијат гаранција дека нивните земјишта ќе бидат соодветно вреднувани.

https://mk.tv21.tv/odbivaat-2-evra-za-metar-kvadraten-zhitelite-na-chajle-baraat-poveke-za-zemjata-kade-pominuva-gasovod/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 09-Dec-2021 at 10:37
Владата ја одложи гасификацијата на земјата за една година

Владата донесе одлука за одложување на постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за гасификација на земјата за една година. Рокот од 24 месеци, воспоставен пред две години, сега е 36. Тоа значи дека гасификацијата во населените места требаше да започне во наредниот период, но сега на рокот му се додава уште една година.

Ваквата одлука била донесена откако на една од последните владини седници се рразговарало за продолжување на рокот за изборот на тоа која компанија како приватен партнер ќе го донесе гасот во домовите и останатите потрошувачи преку изградба и одржување на гасната мрежа.

Владата една година одбира помеѓу турските компании „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас низ Македонија, откако претходно заврши првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор

- Во однос на роковите, во првата одлука рокот за завршување на постапката беше 24 месеци, со последната одлука рокот се продолжува на 36 месеци поради негативните последици од Ковид, мерките за ограничување на движењето и прогласените вондредни состојби, гласи објаснувањето кое го добивме од Министерството за економија, под чија надлежност е изборот на приватниот оператор за гасифицирање на земјата.

Инаку одбраната компанија, според условите од договорот, ќе треба да инвестира 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата.

Оној што ќе го добие 35-годишниот договор ќе има право да менаџира и да остварува приход од системот со обезбедување на загревање на јавните установи, како и на комерцијалниот сектор и домаќинствата. Во најраната фаза ќе треба да ги гасифицира Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово и повеќе рурални средини во непосредна близина.


Компаниите уште пред една година ја минаа фазата на евалуација на пријави за учество, односно евалуација на нивната економско- финансиска способност, како и техничка способност во согласност со критериумите кои беа наведени во тендерската документација.

Владата во декември 2019 година донесе одлука за започнување на постапка за доделување на договор на приватен партнер кој ќе го изгради и потоа ќе наплаќа од дистрибутивниот систем на природен гас во земјата, додека паралелно државниот НЕР ги гради магистралните гасоводи и интерконективните приклучоци.

Според критериумите, компаниите треба да имаат најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните три години. Инвеститорот за четири години треба да изгради најмалку 50 отсто од мрежата во градските општини и најмалку 20 отсто во руралните општини.

Договорот ќе го добие оној кој ќе понуди најмала висината на надоместок за приклучок кај крајните корисници, а критериум ќе биде и висина на надоместок за концесија и времетраењето на изградбата. Според владината одлука, приватниот партнер ќе плаќа за договорот доделен од државата така што ќе издвојува однапред предвиден процент од годишниот приход.

https://faktor.mk/vladata-ja-odlozi-gasifikacijata-na-zemjata-za-edna-godina
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 206
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 29-Dec-2021 at 07:42
Се извинувам ако е оф-топик, ама сепак поврзано со гасификација.

Додека кај нас сеуште гасот не е стигнат до домаќинства, во Њу Јорк, забранет е за новоградби:

Reuters Article
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 05-Jan-2022 at 11:34
ОД НОВА ГОДИНА НАД 200 ОТСТО ПОВИСОКИ СМЕТКИТЕ ЗА ГАС ВО КУМАНОВО

Домаќинствата и фирмите во Куманово кои користат гас од овој месец ќе плаќаат сметки повисоки за над 200 отсто. Наместо 25 денари за кубен метар како што беше минатата година, сега потрошениот гас ќе го плаќаат по 80 денари. Ова огромно зголемување на цената се должи на светската криза, па ЈП „Куманово-гас“ новата набавка на гас го чинеше двапати поскапо во однос на предходната година.

„Ова не е до нас и не зависи од нас, таква е состојбата во целата држава и во Европа. Досега гасот го продававме по 25 денари за метар кубен, а сега ќе биде 80 денари. Граѓаните се бунеа дека им е скапо и на предходната цена, а сега можам да замислам. Ако некој месечно трошел 100 кубика и плаќал 2.500 денари сега ќе треба да плаќа 8.000 денари. Ние ги известивме потрошувачите за поскапувањето и тие ќе одлучат дали ќе го користат или не“, изјави директорот на ЈП „Куманово-гас“ Никола Денковски.

Во Куманово има 400 физички и правни лица потрошувачи на гас, а општината и јавното претпријатие во изминатите години го субвенционираа приклучокот за граѓаните, заради финансиските и еколошките придобивки. На гасоводот се приклучени и повеќа јавни институции, училишта, градинките и други државни и општински установи, за кои зголемувањето на цената на гасот ќе биде удар по нивните буџети.

Претпријатието има обезбедно гас само за еден месец, а постоела опасност да остане и без тие количини и да ги остави потрошувачите без енергенсот, ако снабдувачот во државата не ја добиел нарачката од рускиот пазар.

„Имавме известување од фирмата ‘Пром-гас’, од 1 јануари нашите потрошувачи да си бараат алтренативно решение за затоплување, бидејќи нема да ни испорачаат ни минимални количини. Во последен момент, на 31 декември успеавме да добиеме гас само за јануари. Ние уште во септември побаравме 130.000 кубни метри гас, а добивме само 90 кубици. Според најавите на трговците, се очекува во наредниот период да се стабилизира снабдувањето на светскиот пазар и постепено да се вратат старите цени. Да се надеваме дека ќе биде така“, вели Денковски.

Тој смета дека набавените количини ќе им траат и повеќе од еден месец, бидејќи високата цена ќе ја намали потрошувачката на гас. Олеснителна околност е и тоа што училиштата не работат поради зимскиот распуст, па и тука ќе заштедат.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-nova-godina-nad-200-otsto-povisoki-smetkite-za-gas-vo-kumanovo/
Back to Top
GoranM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote GoranM Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 05-Jan-2022 at 17:35
Кај нас гасифакицијата ќе заврши уште не почната...барем со овие цени
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 06-Jan-2022 at 13:25
ЗА 90 ОТСТО ПОСКАПЕ ГАСОТ ВО СТРУМИЦА, ОПШТИНАТА ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА 10 ДЕНАРИ ОД ЦЕНАТА ЗА КУБИК

Од овој месец сметките за гас во Струмица ќе бидат повисоки за речиси 90 отсто, откако цената за потрошен кубен гас од 46,5 се зголеми на 80,4 денари. Веста ја потврди и директорот на ЈП „Струмица гас“ Благој Милановиќ, кој соопшти дека зголемувањето на цената е резултат на енергетската криза и повисоките цени на пазарот.

На мрежата во Струмица на гас се греат околу 400 домакинства, фирми и јавни институции.

„Од 1 јануари цените на природниот гас и во нашата држава како и во соседството се зголемени и повеќе не е можно да ни испорачуваат компресиран природен гас по цена како во месед декември, кога ние го набавувавме од 591 евра за илјада кубни метри гас, а на пазарите достигнуваше цена од 1.300 до 2.200 евра. Од таа причина, новата цена на природен гас за месец јануари ќе биде 80,4 денари со вклучен ДДВ“, соопштија од „Струмица гас“.

Општина Струмица оваа година одлучи да ја субвенционира цената на гасот за домаќинствата во висина од 10 денар, за што во буџетот имаат предвидено 3 милиони денари. Ова значи дека за 100 кубика потрошени кубни метри гас, физичките лица ќе добиваат по илјада денари субвенции. Засега се утврдува методологијата како ќе се враќаат парите, дали директно на сметките на корисниците или пак ќе им се одбива од сметките.

Во Струмица, каде е изградена гасоводна мрежа од околу 40 километри, гасот се набавува во компресирана форма и потоа се декомпресира во станицата и се пушта до крајните корисници. Директорот Милановиќ кажа дека не постои опасност дане се обезбедат потребните количини гас, бидејќи за Струмица се набавува компресиран гас кој го има во Скопје, Бугарија, Србија, Солун.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-90-otsto-poskape-gasot-vo-strumitsa-opshtinata-ke-subventsionira-10-denari-od-tsenata-za-kubik/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.168 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.