build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 27282930>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 07-Jan-2022 at 13:49
Цената на метанот – „поздрав“ од Русија



Тоа ни е „поздрав“ од Русија, нема лутење – вака еден енергетичар во неформален разговор го искоментира драстичното поскапување на метанот во Македонија, кој од почетокот на годинава има енормно поголема цена – 110 денари за килограм, што предизвика и панична реакција на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје и барање помош од Владата.

И, навистина, ако се споредат цените на ЦНГ, компресираниот природен гас, или популарно наречен метан, кај нас со други земји, вклучувањето на алармот е очекувано. Според Фуело.нет, интернет страница која ги следи цените на горивата, произлегува дека порастот на цената на ЦНГ во Македонија е меѓу највисоките, за цели 136,5 отсто за само еден месец (до Нова година чинеше 46,5 денари за килограм).

Цената на ЦНГ во Србија, според оваа интернет страница, е непроменета – килограм метан таму чини 94,5 српски динари, или повеќе од двојно поевтино отколку во Македонија. Во Бугарија ЦНГ покапе изминатиот месец за 12,9 отсто, од 2,48 лева на 2,8 лева за килограм, во Словенија за минимални 1,9 отсто, од 0,927 на 0,945 евра за килограм, во Грција цената на ова еколошко гориво остана иста – 0,837 евра за килограм, исто и во Холандија (1,031 евро) и во Швајцарија 1,49 швајцарски франци…

Позначајни поскапувања имало во Австрија, 15,63 отсто (од 1,043 евра на 1,206 евра за килограм), во Турција за 62,55 отсто, од 5,02 на 8,16 турски лири итн. Отскокнува единствено Германија, каде што (доколку не станува збор за некоја грешка) метанот поскапел за неверојатни 3.701 отсто, од 1,047 евра на 39,80 евра за килограм, покажуваат податоците на Фуело.нет!

Како што може да се види, и според процентот на поскапување и според цената во евра, ова гориво кај нас сега е најскапо во Европа што сигурно дава поинаква слика за економската исплатливост на 33-те еко автобуси кои се набавија со кредит од Европската банка за обнова и развој во износ од 10 милиони евра и за кои првата рата стигнува за плаќање кон крајот на овој месец во износ од околу 1 милион евра.

„Договорот за заем бр. 08- 117/1 од 28.01.2019 година на вкупен износ од 10.000 илјади евра со рок на враќање на 14 еднакви полугодишни рати, започнувајќи со отплата на 31.01.2022 година, а последниот датум на отплата е 31.07.2028 година. Заемот е предмет на променлива каматна стапка. Целта на Договорот за заем е да му помогне на Заемопримачот во модернизацијата на автобуската флота преку купување автобуси на CNG со цел да се обезбеди зголемена оперативна ефикасност. Салдото на 31.12.2020 година по основ на овој кредит изнесува 607.571 илјади денари“, се вели во Годишниот извештај за работењето на ЈСП во 2020 година.

Во извештајот за првите девет месеци од минатата година, пак, меѓу другото се вели дека за метан во овој период биле потрошени 24,04 милиони денари или околу 390,8 илјади евра (во структурата на вкупните трошоци за гориво учествувал со 2,2 отсто), речиси за 3,5 пати повеќе од истиот период 2020 година кога за таа намена биле потрошени 6,8 милиони денари (околу 111,7 илјади евра) или во структурата на трошоците учествувал со 0,6 отсто.

Во тој извештај уште се вели дека во периодот јануари-септември лани ЈСП остварило вкупен приход од 1,03 милијарди денари, а расходите изнесувале 1,18 милијарди, односно била остварена загуба од работењето во износ од 147,6 милиони денари (околу 2,4 милиони евра).

Оттука, произлегува дека годинава, доколку се задржи истата потрошувачка на метан, за девет месеци би требало да се издвојат околу 56,8 милиони денари или околу 924 илјади евра, што сепак го става под знак прашање тврдењето на директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски дека новата цена ќе се одрази на работењето со оглед на тоа дека претпријатието е во лоша финансиска состојба.

„На метан возат 33 нови автобуси на МАН. Лани за нив горивото чинеше околу 1 милион евра, со новата цена ќе требаат 2 милиона евра. Затоа бараме да ни помогне Владата, а Регулаторна комисија да ја замрзне цената на метанот“, изјави деновиве Илиевски, иако официјалните извештаи кои ги има и на интернет страницата на претпријатието, покажуваат поинакви податоци.

Исто така, чудно е и што со призвук на уцена вели дека ако не се исполнат барањата и ако не може ниту Град Скопје да даде дополнителни субвенции, тогаш како последна опција е да се редуцира возниот ред, односно да се задржи зимскиот возен ред, со оглед дека (врз основа на податоците од извештаите на ЈСП), претпријатието на крајот на септември лани располагало со вкупно 378 автобуси, што значи дека учеството на оние што возат на метан е под девет отсто.

Дали проблемот со цената на метанот сега се користи и во политички цели, на релација локална и централна власт, а на штета на обичните граѓани? Познавачите не го отфрлаат ваквото размислување, па студеното објаснување од Владата дека досега официјално не добила никакво барање за помош од ЈСП „Скопје“ поради зголемената цена на метанот, како и пораката ЈСП прво да се обрати за помош во Град Скопје, под чија надлежност е, го доведуваат во корелација со она што е случува во Собранието, каде што поради инатењето на опозицијата не можат да се донесат низа законски решенија.

Како што е познато, од ЈСП „Скопје“ побараа измени и во Законот за енергетика, со цел метанот да се стави во делот на регулирани горива за кои ќе биде надлежна Регулаторната комисија за енергетика, но од таму велат дека цената на метанот не е регулирана и во други држави, односно се определува на пазарот.

Регулаторната комисија за енергетика единствено ги утврдува тарифите за пренос и дистрибуција на природен гас, ние не издаваме лиценци за трговија со ЦНГ, затоа што пазарот на природен гас е либерализиран веќе седум години. Одлука за замрзнување на цени носи Владата. Природниот гас кој се транспортира во посебни боци, при што истиот е во компримирана состојба, ЦНГ или често викан „метан“ може слободно да се тргува без лиценца. Набавката и продажбата на компресираниот природен гас може да го врши секое правно и физичко лице за свои потреби. Цената на овој енергенс не е регулирана и истата слободно се формира од страна на трговците со ЦНГ“, соопштија од РКЕ.

Познавачите велат дека дури и да биде регулирана цената на метанот, ќе мора да бидат признаени трошоците – набавната цена на горивото, на што ќе треба а се додаде и соодветна маржа, која можеби би била и повисока од онаа која сега ја пресметува „Макпетрол“, а која е извонредно ниска и не ја оптоварува многу крајната цена. Покрај тоа, постројките за полнење на метан исто така се значајни инвестиции, од околу 1 милион евра, што исто така ќе мора да се земе во предвид. Така, како што стои на интернет страницата на „Макпетрол“ компанијата е инвеститор на станица за компримиран природен гас во кругот на ЈСП Скопје што служи за полнење на автобусите. Максималниот капацитет на постројката изнесува стотина автобуси за седум до осум часа.
„Врз база на тоа искуство „Макпетрол“ самостојно инвестира во проекти за проширување на примената на компримиран природен гас под назив метан и за други комерцијални возила на територијата на РМ“, се вели во информацијата.

Нашата земја, односно „Макпетрол“ се снабдува со природен гас од руски „Гаспром“, од каде што лани наплатувале по околу 240 долари за нормален метар кубен, а годинава цената е околу илјада долари за нормален метар кубен.

Како што стојат работите, решението сепак ќе мора да се бара на релација ЈСП „Скопје“ – Градот Скопје и Владата, или можеби да се чека да се стабилизира, односно да падне цената на енергенсите.. А, дали до такво нешто ќе дојде е прашање од милион долари – што би се рекло, тоа никој не може со сигурност да го предвиди во овој момент.

https://nezavisen.mk/cenata-na-metanot-pozdrav-od-rusija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 10-Jan-2022 at 18:24
„Газпром“ повеќе нема да и продава плин на Европа преку платформата за електронско тргување

Руската компанија „Газпром експорт“ не планира да продолжи да продава гас во Европа на својата платформа за е-трговија ЕТП и нема закажано трговски сесии за оваа недела, се гледа од трговскиот календар објавен на веб-страницата на компанијата.

Последните тргувања на „Газпром“ на ЕТП се случија пред повеќе од два месеци, а последната трансакција беше склучена уште порано – пред речиси три месеци, на 13 октомври 2021 година, и оттогаш нема никакви податоци за продажбата на гас.

Заменик-извршниот директор на „Газпром“ и извршен директор на „Газпром експорт“, Јелена Бурмистрова изјави дека компанијата „не може да даде насоки за времето и обемот на дополнителни количества гас на својот ЕТП“.

„Гаспром Експорт“ е наменет за продажба на природен гас на европските потрошувачи како додаток на снабдувањето со среднорочни и долгорочни договори.

Продажбата на гас преку ЕТП почна кон крајот на септември 2018 година. Во 2020 година на оваа платформа беа продадени околу 27 милијарди кубни метри гас.

https://www.vecer.press/газпром-повеќе-нема-да-и-продава-пл/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 10-Jan-2022 at 21:24
Добра ни е стратегијава. Чекаме цените да си растат, а во меѓувреме се враќаме на мазут, јаглен, редуцираме парно, возен ред итн. Место пола Влада да моли во руска амбасада, друга половина да бара алтернативи (Катар, САД) и како знае и умее да обезбеди долгорочни договори, они играчки со Данела и БЕГ си играат. Купи ден продај политика.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 10-Jan-2022 at 21:32
Ќе им ја одземеле лиценцата ако не снабдувале. И што ако им ја одземете? Имате план за како понатаму? Имате гас?

Кај се другарчињата од САД и ЕУ, кога по нивни наредби се протеруваа руски дипломати.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 10-Jan-2022 at 21:44
Пошто не се кадарни да постават прашање од таков тип кога добиваат наредби, сега ќе гледаме пресови, плачења по телевизии, па Ленин е крив, Чифлиганец е крив итн. И нормално, енергетска криза е, не сме ние криви.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 14-Jan-2022 at 08:26
Сметки повисоки за над 200% во Куманово, граѓаните и институциите престанаа да користат гас



Граѓаните и институциите во Куманово кои користат гас, од овој месец ќе плаќаат сметки повисоки за над 200%. Наместо 25 денари за метар кубен колку што беше минатата година, сега над 400 корисници ќе плаќаат 80 денари за потрошен метар кубен.


Зголемувањето на цената доаѓа како резултат на енергетската криза на глобално ниво, изјави директорот на Претпријатието „Куманово гас“, Марко Митровски. Поскапувањето удри врз џебот на потрошувачите, па затоа повеќето од нив престанаа да користат гас.

Директорката на градинката „Ангел Шајче“, Марина Алексовска за ТВ21 изјави дека навреме ги презеле потребните мерки со цел децата да не останат без греење.

-Од осум објекти сега има два со гас додека шест се со лесни горива и струја. Поради високата цена и финансиската состојба одлучивме да не користиме гас овој месец. Ако има доволно гас, од идниот месец ќе почнеме повторно, вели Марина Алексовска, директорка на градинката „Ангел Шајче“

Освен поскапувањето, друг проблем е и недостигот на гас. Директорот на ЈП „Куманово гас“ открива дека во моментов компанијата има обезбедено доволно гас за еден месец и дека се во преговори за снабдувањето на уште поголема количина.

Инаку, кризата со гас ја погоди цела Европа, па така и во нашата земја се очекува до крајот на сезоната цените да останат високи.

https://mk.tv21.tv/smetki-povisoki-za-nad-200-vo-kumanovo-graganite-i-institutsiite-prestanaa-da-koristat-gas/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 29-Jan-2022 at 17:56
Ќе стигне ли конечно гасот од Грција во Македонија?



Акционерите на грчката компанија „Гастрејс“ (Gastrade SA) донесоа конечна инвестициска одлука (FID) за изградба на Самостоен систем за природен гас (INGS) во Александрополис. Компанијата соопшти дека ги обезбедила сите барања за реализација на проектот.
„Изградбата и функционирањето на терминалот за течен природен гас (LNG) во Александрополис ќе придонесе за енергетската безбедност, ликвидност и диверзификација на земјата и целиот регион на Југоисточна Европа, зајакнување на стратешката улога на Грција и нудење алтернативни извори и рути за снабдување со природен гас во областа“, соопшти компанијата.
Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU), со капацитет од 153.500 квдратни метри на LNG, ќе биде поврзанa со Националниот систем за пренос на природен гас на Грција со цевковод долг 28 километри, преку кој гасифицираниот LNG ќе се пренесува на пазарите во Грција, Бугарија и поширокиот регион, од Романија, Србија и Северна Македонија, сè до Молдавија и Украина.
Терминалот се очекува да проработи до крајот на 2023 година, при што договорениот капацитет за регасификација веќе достигнува до 50 отсто од техничкиот капацитет од 5,5 милијарди кубни метри годишно.
Се напоменува дека Александрополис INGS е вклучен и финансиран од Оперативната програма на NSRF „Конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020“ (EPAnEK)“ во износ од 166,7 милиони евра.
Основачката акционерка и претседателка на Управниот одбор на Gastrade, Елмина Копелузу изјави:
-Конечната одлука за инвестирање отвора ново, важно поглавје во енергетската безбедност на земјата и Југоисточна Европа. Посебно сме среќни што Gastrade презема критичен проект кој е приоритет за Европската Унија. Александрополис INGS ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето со енергија, ќе ги диверзифицира енергетските рути и ќе придонесе за развој на конкуренцијата во корист на крајните потрошувачи.
Toa е гасниот терминал во кој е вклучена и земјава која треба да инвестира меѓу 6,5 и 7,5 милиони евра. во инвестицијата учествуваат Грција, Бугарија, една американска и една грчка компанија „Гастрејсд“.
GASTRADE S.A. е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас. Таа ги проучува, дизајнира, развива управува со инфраструктура, која е неопходна за прием, пренос и дистрибуција на природен гас, како и за негово складирање, втечнување и повторна гасификација, на безбеден, сигурен и финансиски здрав начин. Петте акционери на Gastrade се Елмина Копелузу, GasLog Cyprus Investments Ltd., DEPA Commercial A.E., бугарскиот Bulgartransgaz EAD ("BTG" и DESFA S.A.

https://www.vecer.press/ќе-стигне-ли-конечно-гасот-од-грција-во/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 03-Feb-2022 at 17:54
СЕ ИНИЦИРА ИЗГРАДБА НА ГАСОВОДЕН КРАК ПЕТРИЧ - СТРУМИЦА

Македонскиот министер за транспорт и врски и бугарскиот за енергетика на последната меѓувладина седница во Софија го отвориле прашањето за изградба на интерконекциски гасоводен крак Петрич - Струмица.

Гасоводно поврзување предлага и Бугарската асоцијација за гас со цел поголема енергетска стабилност и безбедност не само за двете соседни земји туки и за Косово. Бочварски потврди дека овој проект бил поставен како приоритет на министерско ниво.

Струмица има гасоводна мрежа од околу 40 километри и набавува гас во компресирана форма. Тој се декопресира во соодветна станица и се пушта до крајните корисници кои реагираа зголемвуањето на цената на 80,4 денари за потрошен кубен метар.

Од Струмица гас соопштија дека цената од овој месец е намалена за 8 денари а градоначалникот бара од Валдата намалвуање на ДДВ то за природен гас.

Струмица една деценија е гасифицирана. На гас се греат околу 400 правни и физички лица. Зради енормното згоелмвуање на цената на гас, дел од крајните корисници почнаа да користат алтернативни извори за загревање. Општина Струмица од минатито месец почна да ги субвенционира сметктие за гас со 10 денари за потрошен кубен метар.

https://24.mk/details/se-inicira-izgradba-na-gasovoden-krak-petrich-strumica
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 02-Mar-2022 at 18:07
Се остварија прогнозите на Медведев, цената на гасот над 3.000 долари

Цената на гасот во Германија надмина 3.000 долари, а ова е последица на нападот на Украина кој Русија го почна во четвртокот 24 февруари, по што западните земји решија да ѝ воведат санкции на Русија.

Меѓу другото, германскиот канцелар Олаф Шолц го блокираше проектот Северен тек 2, а компанијата вчера почна да отпушта работници.

Непосредно по одлуката на Шолц се огласи поранешниот руски премиер и претседател Димитриј Медведев, кој порача дека Европа наскоро ќе плаќа астрономска цена на гасот.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц наложи да се прекине сертификацијата на гасоводот Северен тек 2. Добро. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за 1.00 кубици гас!“, напиша на Твитер заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Димитриј Медведев.

https://www.vecer.press/се-остварија-прогнозите-на-медведев-ц/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 02-Mar-2022 at 18:38

Svetot ne e veke ist. Moze da se sluci Evropa celosno da stane nezavisna od ruskiot gas i togas ke go prasam Medvedev komu ke prodava. Rusija go gubi cekorot so zapadniot sve i zaetoa e nervozna. Tolku bogata so prirodni bogatszva a ekonimski zad Italija navistina e porazuvacki.
Back to Top
GoranM View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jul-2020
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote GoranM Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 02-Mar-2022 at 18:40
Кога ќе стане независна Европа? Минимум се тоа 5 години а може и подолго.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 02-Mar-2022 at 18:59

Neka se i 5 godini ama ke stane. Stetata e obostrana, nesporedlivo pogolema za Rusija.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 02-Mar-2022 at 19:20
Ја заборавате Кина, која економски и расте и е гладна за евтини енергенси. И се граничи со Русија.
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 02-Mar-2022 at 21:08
Originally posted by Џоле

Ја заборавате Кина, која економски и расте и е гладна за евтини енергенси. И се граничи со Русија.
Ne sme ja zaboravile. Kina e alternativa no daleku od idealna. Razvojot na Rusija zavisi od zapadniot svet, zatoa Putin tolku go pogodija sankciite ta resi so nuklearno oruzje da se zakanuva. Stetata e obostrana a svetot e podreden site da zivisime eden od drug. Pogotovo zemjite koi pripagaat na ista civilizacija i geofrafski gravitiraat edena kon druga.

Edited by Denko - 02-Mar-2022 at 22:00
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 07-Mar-2022 at 17:55
Историски скок на цената на гасот во Европа на 3.300 долари за 1.000 кубни метри

Цените на фјучерсите на гасот во Европа продолжуваат да достигнуваат рекорди, зголемувајќи се за повеќе од 50 отсто до над 3.300 долари за 1.000 кубни метри, според Лондонската берза ИЦЕ (ICE).

Фјучерс цената на најликвидниот центар ТТФ на отворањето на тргувањето беше 2366,8 долари за 1000 кубни метри и бележи постојан пораст во првите минути. Цените се зголемија за речиси 1.000 долари за околу еден час. Досега највисоката цена е 3.325 долари, што е за 53,2 отсто повеќе од порамнувањето од 2170,2 долари во петокот.

Во последните денови, цените на природниот гас во Европа беа многу нестабилни. Тие се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари потпиша укази за признавање на суверенитетот на Доњецк и Луганск, а Русија започна офанзива против Украина на 24 февруари.
Но, значителното зголемување на цените на бензинот во Европа започна минатата пролет, кога просечната цена се движеше помеѓу 250 и 300 долари за 1.000 кубни метри. Историскиот максимум од 2.411 долари беше постигнат на 4 март и беше неколку пати обновуван на аукцијата на 7 март.
Експертите го објаснуваат ова зголемување на цената врз основа на неколку фактори: високата побарувачка за течен природен гас (ЛНГ) во Азија, ограничената понуда од главните добавувачи и ниското ниво на вработеност во европските подземни складишта по долгата студена зима и топлото лето во 2021 година. Вакви високи цени немало во историјата на европските гасни центри од 1996 година.

https://www.vecer.press/историски-скок-на-цената-на-гасот-во-ев

Edited by stef4o - 07-Mar-2022 at 17:55
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 21-Mar-2022 at 18:15
ИМАМЕ ЛИ АЛТЕРНАТИВА ЗА РУСКИОТ ГАС? Бугарија не може да ги затвори вентилите, но земјава може сама да одлучи да не увезува од Русија

Земјава не би требало да има проблем со снабдувањето со гас, ако Бугарија ја реализира најавата дека нема да го продолжи договорот за снабдување со „Газпром“, но проблем за компаниите кои го користат овој енергенс би имало, ако Русија одлучи да го запре снабдувањето со гас на Европа поради најавеното ембарго на руска нафта или ако земјава одлучи да се приклучи на европските санкции против Русија кои предвидуваат и запирање на увоз на гас и нафта.

Експерти велат дека земјава не би се занимавала со овој проблем, ако во изминатите години обезбеди алтернатива за рускиот гас преку снабдување од други извори.

Поради војната во Украина, Бугарија веќе најави дека нема да го обнови договорот за снабдување со природен гас со руски „Газпром“.

– Се разгледуваат алтернативни испораки и иден заеднички договор со ЕУ за да се избегне недостатокот на овој извор на енергија – изјави пред два дена вицепремиерот на Бугарија Асен Васиљев.

Србија веќе реагираше дека не прифаќа запирање на испораката на рускиот гас преку Бугарија, зашто плаќа висок износ на надоместоци и очекува гасот да тече до нејзините корисници.

Во земјава засега нема никаква реакција на најавата од Бугарија, ниту, пак, појаснување дали земјава ќе се приклучи кон санкциите на ЕУ за рускиот гас и нафта.

Експертите со став дек земјава нема алтернатива за рускиот гас, но и дека снабдувањето со гас не може да го спречи Бугарија.

Професорот Константин Димитров смета дека Бугарија како и да реши не може да го запре протокот на гас низ гасоводите на нејзина територија, бидејќи тие не се нејзини, а за тоа добива одреден надоместок.

– Технички Бугарија може само да одлучи да не се снабдува со руски гас, но не може да го запре протокот на гас низ гасоводот кој поминува низ нејзина територија, а од кој се снабдуваат и други земји. Доколку би се осмелила на вакво нешто ќе биде соочена со тужби од земјите. Тие за тоа што гасоводот минува низ нејзина територија плаќаат одреден надоместок и ќе преземат активности. Србија веќе најави дека Бугарија не смее да спречи проток на гас низ гасоводот – вели Димитров.

Што се однесува до нашето снабдување, додава тој, повеќе е во прашање какви договори имаат потпишано снабдувачите со гас Те-То, БЕГ и „Макпетрол“.

– Тоа се приватни фирми и верувам дека имаат повеќемесечни договори за снабдување и ќе обезбедат гас за домашните потрошувачи. Но не е проблем само снабдувањето со овој енергенс, проблем е што нашето стопанство иако има можност за снабдување со гас користи само половина од количините кои можат да влезат во земјава од единствениот гасоводен приклучок на земјава – вели Димитров.

Професорот Ристо Цицонков, пак, вели дека земјава може да се соочи со проблем при снабдување со гас бидејќи нема алтернатива за рускиот гас доколку се случи некакво исклучување на дотокот на гас поради санкциите кон Русија.

– Земјава со години носи стратегии за развој на енергетика, но многу малку работи тие да се реализираат. Значи познато (напишано н.з.) е што треба да се прави во енергетскиот сектор, но реализацијата на плановите е катастрофална. Причините за ова се како и сè друго во државата: слаба организација, недоволно стручен кадар, непотизам, партиски вработувања, не постои систем на вредности, можни појави на криминал (тендери н.з.) итн. Ова трае веќе неколку децении. Ако досега се следеа тие стратегии веќе ќе имавме и втор интерконектор за гас или друг начин на обезбедување на гас и други енергенси со кои не располага и мора да ги увезува. Нешто се прави со поврзување со Грција, но на тоа може да се смета дури за најмалку 2 години. Состојбата сега е загрижувачка – вели Цицонков.

Сепак, земјава може да се соочи со криза за набавка на гас, ако Русија одлучи да ја запре испораката на гас за Европа поради најавеното ембарго на руската нафта.

Оваа опција според експертите е помалку веројатна, бидејќи Русија не би сакала да се откаже од извоз на овие енергенси, но ако се случи тоа ќе имаме проблем.

Земјава веќе се приклучи кон санкциите на ЕУ за Русија, а прашање е дали сега ќе биде принудена и да го запре снабдувањето со гас од Русија.

Владите на ЕУ денеска ги почнуваат констелациите на ниво на министри за надворешни работи за нов пакет на санкции кон Русија, во кои се најавува и ембарго за руската нафта.

Членките се поделени во врска со санкциите поврзани со енергенсите. Балтичките членки бараат ембарго на нафта како следен логичен чекор, додека Германија предупредува оти не треба да се дејствува пребрзо поради и онака високите цени на енергенсите во Европа.

– Воопшто не би сакал да ширам паника или на некого да му го расипувам расположението, но одлуката да не воведуваме гасно ембарго не ја донесовме туку-така, туку по интензивни разговори. И нашата индустрија сака да му ги уништи плановите на Путин, но мораме да разбереме што би значела таквата одлука за нас – изјави вчера германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Американскиот претседател кој е поборник за целосни санкции на Русија в четврток доаѓа во Брисел на средба на Г7 земјите.

Москва предупреди дека санкциите на ЕУ за руската нафта може да доведат до затворање на големиот гасовод кон Европа, во услови кога земјите од ЕУ и до 40 отсто од потребите за гас ги обезбедуваат токму од Русија.

Плусинфо, ја праша владата како ќе се реализира снабдувањето со гас во новонастанатата состојба и дали има алтернативни решенија за тоа, но не доби одговор.

https://plusinfo.mk/imame-li-alternativa-za-ruskiot-gas-bugari-a-ne-mozhe-da-gi-zatvori-ventilite-no-zem-ava-mozhe-sama-da-odluchi-da-ne-uvezuva-od-rusi-a/?fbclid=IwAR0VNQMYWnpl0-vngcLV9tDc-rzjEhX9D8Ojm1C5NRynpdGYHpxmcyr0QGM
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 31-Mar-2022 at 16:54
ПЛАЌАЈТЕ ВО РУБЛИ ИЛИ НЕМА РУСКИ ГАС ОД УТРЕ, КАЖА ПУТИН

Владимир Путин изјави дека потпишал декрет според кој странските купувачи ќе мора да го плаќаат рускиот гас во рубли од 1 април, во спротивно договорите ќе бидат запрени.

„За да го купите рускиот природен гас, мора да отворите сметка во рубли во руските банки. Почнувајќи од утре, токму преку овие сметки ќе се плаќа за испораките на гасот. Доколку таквите плаќања не се извршат, тоа ќе го сметаме за неисполнување на обврските од страна на купувачот и постоечките договори ќе бидат стопирани. Нам никој ништо не ни продава бесплатно, а ние не сме хуманитарна организација“, изјави Путин.

Русија обезбедува една третина од гасот за Европа и тој останува најмоќната алатка на Путин додека земјата е соочена со западните санкции поради инвазијата на Украина.

Западните компании и влади го отфрлија потегот на Путин како кршење на постојните договори, кои се поставени во евра и долари. Сепак, Франција и Германија веќе кажаа дека се подготвуваат за најлошото сценарио и прекин на испораката на рускиот гас, што би можело да предизвика енергетска криза во Европа.

„Нема да дозволиме Путин да нè уценува. Договорите мора да се почитуваат, но подготвени сме на сè ако Путин одлучи да го запре гасот“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, чија земја е најголемиот купувач на рускиот гас во ЕУ.

https://sdk.mk/index.php/svet/plakajte-vo-rubli-ili-nema-ruski-gas-od-utre-kazha-putin/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 03-May-2022 at 16:48
ПОСКАП ГАС, НО ЌЕ ИМАМЕ ВТОРА ОПЦИЈА Што се добива со вложувањето во гасниот терминал во Александрополис?

За 10 до 20 отсто ќе биде поскап гасот кој во земјава ќе доаѓа преку гасниот терминал кој денеска почнува да се гради во грчкиот град Александрополис во кој земјава учествува со 10 отсто од вложувањето, велат експертите, но придобивката од тоа е што земјава ќе има резервна варијанта за увоз на гас.

Моментално, повеќе од 90 отсто од природниот гас што се набавува во земјава е од Русија и доаѓа преку гасниот приклучок во Деве Баир кај Крива Паланка.

– Снабдувањето со природен гас ќе се подобри сигурно со овој проект, бидејќи ќе имаме уште една алтернатива, односно втора опција за снабдување кога ќе биде проблем увозот на гас од Русија. Гасот како и нафтата имаат берзански цени, а овој гас кој ќе доаѓа од изворите како течен – компримиран ќе биде поскап за 10 до 20 отсто поради транспортот и технологијата која ќе се употребува за негово декомпримирање и пуштање во гасоводот. Меѓутоа, во секој случај е добро да се има уште една опција за снабдување со овој енергенс – вели професорот Антон Чаушевски.

Според професорот Константин Димитров, загрижувачки е тоа што јавноста нема доволно информации околу учеството на земјава во овој проект и какви економски резултати се очекуваат од него.

– Терминалот на течен гас е без техноекономски анализа што ќе добиеме и колку профит можеме да очекуваме од вложеното. Тоа што се гради и Македонија ќе учествува како акционер наизглед е добро, ама ние немаме никаква информација колкаво е вистинското учество, а се споменува само сума на пари. Нема бизнис-план во Собранието, колкави права и цена ќе имаме. При тоа ние не одлучуваме бидејќи доминантното сопствеништво е на Бугарија и на Грција. Нема програма, нема проект, вложуваме за некаква очекувана дивиденда кога е апсолутна сиромаштија и сѐ поскапува – изјави деновиве Димитров за ТВ24.

И тој се согласува дека американскиот ЛНГ ќе биде многу поскап за македонски услови во однос на рускиот природен гас.

Земјава, според информациите од владата, има учество од 10 отсто во гасниот терминал, што значи вложување од околу 370 милиони евра. Според најавеното, терминалот во Александрополис треба да обезбеди складирање и гасификација на течниот природен гас со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

Изградбата на проектот во Грција ќе трае најмалку две години, а до тогаш земјава ќе треба да го заврши и интерконекторот за гас што ќе нè поврзува со грчкиот гасовод. Неговата изградба сè уште е во процес на финансиска подготовка. Институциите очекуваат интерконекторот да почне да се реализира годинава и да биде завршен до 2024 или до почетокот на 2025 година. Треба да ја поврзе земјава со гасоводот ТАП, и до ЛНГ – терминалите во Александрополис преку грчката преносна мрежа ДЕСФА. Гасоводот предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални система за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Проектот се проценува дека ќе чини околу 110 милиони евра.

– Постапките е планирано да се отворат до средина на годинава, а самата градба треба да почне при крајот на оваа година. Ние веќе сме во процес на затворање на финансиската конструкција, и добивање на потребните одобренија за градба. Договорот за грант од WAIF, вредност од 10 милиони евра за градба, и договорот за заем со ЕИБ, веќе се потпишани и во тек се преговорите со ЕБОР, коишто се надевам дека до третиот квартал на оваа година ќе се финализираат со договор, но тоа нема да биде пречка за отворање на законските постапки за надзор и за градба – изјави за Плусинфо директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи.

https://plusinfo.mk/poskap-gas-no-e-imame-vtora-opci-a-shto-se-dobiva-so-vlozhuva-eto-vo-gasniot-terminal-vo-aleksandropolis/?fbclid=IwAR0ZbTBM6OG2AzX0LFM9_eam0WfiPaMAR41JyNTPW1YwgGkdkJeLwvVR9Ms
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 27-Sep-2022 at 14:21
Владата повторно ја одложи гасификацијата на земјата за уште една година

Владата на седница минатата недела донела одлука уште еднаш да го одложи почетокот на гасификацијата на земјата и тоа повторно на уште една година. Тоа значи дека нови 12 месеци ќе бидат потребни за да се склучи договорот со операторот од јавно-приватното партнерство, а кој ќе треба да донесе природен гас до домовите и до останатите потрошувачи.

Владата на крајот од минатата година веќе еднаш донесе одлука за одложување на постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за гасификација на земјата за една година. Рокот од 24 месеци, воспоставен пред три години, сега се зголемува на 48. Гасификацијата во населените места требаше да започне на почетокот од оваа година, но нема да стартува ниту следната.

Иако имаше кандидати, не е одредено која компанија како приватен партнер ќе го донесе гасот во домовите и останатите потрошувачи преку изградба и одржување на гасната мрежа.

Владата две години одбира помеѓу турските компании „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас низ Македонија, откако претходно заврши првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор

За минатото одложување, аргумент на Владата беше ситуацијата со пандемијата, но овој пат нема јасна причина зошто се одолговлекува изградбата на мрежата уште повеќе, ако се знае дека во наредниот период треба да започне изградбата на гасоводот што ќе доаѓа од Солун.

Инаку одбраната компанија, според условите од договорот, ќе треба да инвестира 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата. Оној што ќе го добие 35-годишниот договор ќе има право да менаџира и да остварува приход од системот со обезбедување на загревање на јавните установи, како и на комерцијалниот сектор и домаќинствата. Во најраната фаза ќе треба да ги гасифицира Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово и повеќе рурални средини во непосредна близина.

Компаниите уште пред две години ја минаа фазата на евалуација на пријави за учество, односно евалуација на нивната економско- финансиска способност, како и техничка способност во согласност со критериумите кои беа наведени во тендерската документација.

Владата во декември 2019 година донесе одлука за започнување на постапка за доделување на договор на приватен партнер кој ќе го изгради и потоа ќе наплаќа од дистрибутивниот систем на природен гас во земјата, додека паралелно државниот НЕР ги гради магистралните гасоводи и интерконективните приклучоци.

Според критериумите, компаниите треба да имаат најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните три години. Инвеститорот за четири години треба да изгради најмалку 50 отсто од мрежата во градските општини и најмалку 20 отсто во руралните општини.

Договорот ќе го добие оној кој ќе понуди најмала висината на надоместок за приклучок кај крајните корисници, а критериум ќе биде и висина на надоместок за концесија и времетраењето на изградбата. Според владината одлука, приватниот партнер ќе плаќа за договорот доделен од државата така што ќе издвојува однапред предвиден процент од годишниот приход.

https://faktor.mk/vladata-povtorno-ja-odlozi-gasifikacijata-na-zemjata-za-ushte-edna-godina
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 01-Dec-2022 at 08:29
ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ ОД НЕГОТИНО ДО БИТОЛА, ПРИРОДНИОТ ГАС ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ОД СЛЕДНАТА ЗИМА

Завршија градежните работи на гасоводот од Неготино до Битола во должина до 92 километри, со што тој се спои со постојниот до Клечовце, во вкупна должина од 188 километри. Во тек е постапка на избор на приватен партнер за дистрибутивна мрежа на природен гас, која треба да заврши во првата половина на следната година со што поголем број корисници во Македонија ќе можат да го користат овој енергенс.

„Денес ја заваривме последната спојка на оваа цевка и со тоа завршуваат градежните работи. Со тоа во пракса целата делница од Клечовце до Битола е споена во една мрежа. Очекувам дека во втората половина на следната година ќе добиеме употребна дозвола на целата делница и наредната зима, овој регион ќе има можност да се вклучи и користи природен гас“, кажа Бајрам Реџепи директор на Национални енергетски ресурси АД.   На оваа делница Неготино – Битола, има изградено крак до Фени, една пречистителна станица за природниот гас, шест блок станици и три мерно регулациони станици – во Фени, Прилеп и Битола.

Претходно завршена е делницата Штип – Неготино од 36 километри, додека делницата Скопје – Тетово- Гостивар во должина од 76 километри и кракот кон Тетово се во завршна фаза. Се најавува дека од средината на следната година ќе започне изградба на   интерконективен гасовод со Грција, па земјава ќе има два извори на природен гас. Македонија со природен гас се снабдува преку гасоводот кој е поврзан со соседна Бугарија.

„Од овој гасовод придобивки ќе имаат и граѓаните и економијата, со помала загаденост, заштита на животната средина, намалување на цените на енергенсите и зголемување на конкурентноста на компаниите“, кажа премиерот Ковачевски.

Вредноста на овој проект кој го поврзува централниот дел од државата со Пелагонискиот Регион изнесува преку 36 милиони евра и претставува една од најзначајните капитални инвестиции.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zavrshi-izgradbata-na-gasovodot-od-negotino-do-bitola-prirodniot-gas-ke-mozhe-da-se-koristi-od-slednata-zima/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 27282930>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.301 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.