build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хераклеа Линкестис

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Paraxiae View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Jan-2012
Location: Sweden
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Paraxiae Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хераклеа Линкестис
    Posted: 02-Oct-2012 at 18:33

Heraclea Lyncestis

The Kingdom of Lyncus remained in the Illyrians hands until 358 BC when Dardanian King Bardylis was defeated by King Philip II. In honor of his mother, King Philip II restored the Royal House of Lyncus and built a new city as their seat, Heraclea Lyncestis.

Download the brochure

© Kiril Arsov, 2012

Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Nov-2012 at 13:08

Хераклеја Линкестис


Хераклеја Линкестис е древен град којшто се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи името според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Врскаестис со значење “Врскаестидска”, доаѓа од називот на регионот Врскаестида во кој се наоѓал градот. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба и реката Сива Вода на југ, Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Виа Игнација (лат. Via Ignatia) кој ги поврзувал Драч и Босфор. Од Хераклеја патот дијагонално се протегал кон Стоби, а потоа кон Сердика (ден. Софија).


Хераклеја Линкестис на патот Виа Игнација

Историја



Градот бил основан во предримскиот период, веројатно од страна на македонскиот крал Филип II или Филип V. Според пишаните извори, по освојувањето на Линкестида, Филип II подигнал тврдина (веројатно Хераклеја) преку која можел да контролира дел од кралството. Исто така постои податок според кој во почетокот на II век пр. н.е., за време на војните со Римјаните, македонскиот крал Филип V изградил неколку тврдини во пограничните области за да ја осигура границата на кралството.

По победата на Римјаните и поделбата на Македонското кралство на четири области (мериди), Хераклеја влегла во составот на четвртата мерида. Највисок степен на цивилизациски развој во време на римското владеење градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во овој период Хераклеја станува силен економско-политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сe уште давале свој белег на градот.

Во 473, при продорот кој југ, Готите предводени од Теодимер ја освоиле и Хераклеја. Малку подоцна (479), истите Готи, овојпат предводени од Теодорих, синот на веќе починатиот Теодимер, повторно стигнале до Хераклеја. Жителите на градот се засолниле во некој refugium во регионот, додека епископот преговарал со Теодорих. Готскиот водач барал храна за своите луѓе, а кога не добил ништо го запалил градот. Не е утврден точниот обем на уништувањето. Во текот на VI век градот повторно бил нападнат од варварите, меѓу кои Аварите и Словените и при крајот на VI век животот во Хераклеја дефинитивно замира.

Објекти, скулптури и мозаици



При проучувањето и истражувањето на локалитетот, откриени се остатоците од некогашниот град, при што е направена реконструкција на неговиот изглед. На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статути на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на Тит Флавил Орест изработена од бел мермер, восхитува со една спокојна убавина во своите марцијални порпорции (биста на Тит Флавил Орест е откриена и во храмот на Тихе, во Стибера). Младото женско тело и вообичаените атрибути за вистина и правда - терзијата и лакот - ја навестуваат Немеза, божицата на правда и судбината. Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од хераклејската граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки натпис е посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од спевот на Хесиод, Дела и дни: ’Гладот и несреќите никогаш не ги стасуваат оние главари кои преведно судат и плодовите од својот предан труд тие ги уживаат во изобилство’.

Градењето на термата означува и раѓање на една повисока здравствена свест кај тамошните жители. Во таа смисла, термата со право може да се смета за првенче во подоцнежната изградба на аквадуктот и проширувањето на воднта мрежа во IV век. Термата се состоела од сала за капење со студена вода - фригидиум на источната страна; сала со млака вода - тепидариум во средината; и многу затоплена сала во која имало врела вода - калдариум и била во употреба се до V век.


Почетоците на градбата на театарот датираат во времето на царот Адријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пиј. Со откривањето на бината, потврдена е двојната функција на театарскиот објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од ортостати околу оркестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал Немезионот. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада. Театарот бил со капацитет за околу 3000 посетители од сите сталежи.

На тлото на Хераклеја се пронајдени остатоци од повеќе сакрални објекти украсени со подни мозаици направени во opus sectile и во opus tessalatum, датирани во 5 и 6 век. Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (B), големата базилика (C) и цеметријалната базилика (D) - сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеја, покрај која се откиени ранохристијански и средовековни гробници.

Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот театар, биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е во нивната местоположба, што зборува за високиот степен на рационализација на средствата и на просторот.





Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 14:29
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Nov-2012 at 13:11


Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Nov-2012 at 13:40














Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Nov-2012 at 13:42

Hypocaust floor in the bath at Heraclea Lyncestis.



Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Nov-2012 at 13:45
Excavated street at Heraclea Lyncestis.



Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Nov-2012 at 14:21
Two marble statues from Heraclea Lyncestis.



Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Nov-2012 at 14:37


Римски гимназион откриен во Хераклеја Линкестис



Петок, 05 Октомври 2012 15:11

Во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис денеска беше промовиран римски гимназион од вториот и третиот век од нашата ера. Новото откритие на јавноста и го претстави директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, придружуван од директорката на НУ Завод и Музеј-Битола Љиљана Христова и археолозите Аница Георгиевска и Енегин Насух.

renesansa500

Станува збор за единствен целосно истражен гимназион од римскиот период во Македонија. Објектот  бил истражуван четири години и за време на ископите пронајдени се стакла со позлата и ѓуле.

- Годинава продолживме со капиталните зафати во археологијата и постигнавме големи резултати, а таков е репрезентативниот објект гимназион, втор во Македонија по Стибера во Прилеп. За археолозите овој објект е атрактивен и многу значаен бидејќи укажува на едно специфично живеење во Хераклеја во римскиот период или 2. и 3 век од нашата ера. Следната година ќе следат конзерваторско-реставраторски зафати, истакна Кузман

Гимназионот во Хераклеја е долг 48 метри и има седум идентични простории. Служел за  стекнување спортски, атлетски вештини, но и за  духовни вештини - за читање поезија, описменување и музика.


Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 14:38
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Nov-2012 at 16:17
некои археолози мислат дека тука се наоѓа гробот на Александар М.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Aug-2014 at 13:38


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Aug-2014 at 13:37





Let 3

Edited by jyvation - 06-Aug-2014 at 13:39
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Aug-2014 at 13:43










Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Aug-2014 at 03:00






Dina Radovanovic
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Aug-2014 at 03:01




Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Aug-2014 at 15:58
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Sep-2014 at 08:54
Откриени нови мозаици во Хераклеја

Стручни екипи од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола што ја истражуваат трикорабната базилика на локалитетот Хераклеја открија нови раскошни мозаици



Мозаиците, како што информираат археолозите, се со богати геометриски мотиви. Имаат делумно зачувани мозаични подови, а дел од нив се само фрагменти од мозаици и фрескосликарство.
Според нив, новите мозаици во Хераклеја се од исклучително значење за збогатување на сознанијата во македонската археологија.
Мозаиците се дел од базиликата во Хераклеја, впечатлива архитектонска градба што со својата големина го потврдува значењето на градот како мошне развиен епископски центар.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91614955413&id=16&prilog=0&setIzdanie=23274

Edited by jyvation - 28-Jan-2015 at 19:55
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Jan-2015 at 18:26

ВДОЛЬ ПО УЛИЦЕ


ЧИТАЕМ


КОЛОДЕЦ


ПАНТЕОН


ЗНАМЕНИТЫЕ ПОЛЫ


СТАРАЛИСЬ ВЕДЬ ЛЮДИ!


В АМФИТЕАТРЕ


НЕМНОГОЕ СОХРАНИЛОСЬ!
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Jan-2015 at 18:37


floroieikastikoi.blogspot.com
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Dec-2016 at 21:36
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.