build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Египет

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Египет
    Posted: 03-Oct-2012 at 11:55
Египет




Позната како земја на фараоните и во минатото и денес. Но денес е позната и по нафтата, и добра музика(арапска, ако сте ја слушале) и по стомачниот танц. И неизоставниот Нил кој ја наводнува и храни целата земја.

За жал во псоледно време имаше доста политички превирања кои му штетеа на туризмот. Египет годишно остварува значаен дел од приходите од туризмот.
Туристичките посети на Египет вклучуваат:
- посета на Каиро како главен град во кој обично се разгледуваат:платото на Гиза каде се наоѓаат познатите Пирамиди, пазарот Кхан Кхалили, музејот во Каиро, возење по Нил(тука добивате вечера, стомачен танц-меѓутоа според мене е нешто веќе видено), посета на дуќан со папируси, дуќан со миризливи масла и сл.
-Луксор, Карнак, долината на кралевите и сл.,
- Александрија,
- одморалиштата на Црвено море (Ел Гауна, Шарм ел Шеик, Хургада итн.).



Edited by Ines - 08-Oct-2012 at 09:13
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Oct-2012 at 12:10
Моите искуства од Египет

Виза добивме на самиот аеродром (ова беше пред неколку години, незнам како е сега). На аеродромот имаше доста наоружани луѓе, што е малку непријатно и си викаш кај сум дошол, дај да се вратам назад. Излегуваш од аеродормската зграда и пред тебе гледаш пустиња и комбиња како на филмовите со мајкл даглас во џунглата.

1) Каиро
Голем град, во кој може да се изгубите лесно...
Имате такси превоз во кој пожелно е жените да не одат сами(ми раскажуваа случки кога жена сама влегла во такси и таскистот излегол од таксите-едноставно жените изгледа мораат да имаат придружба, машка се разбира).
Нивната вода не ја пиете, зимате флаширана (шиширана) вода, не јадете салати, и за европејците обично се препорачува да јадат континентална храна. Ние јадевме во некој од шопинг центрите0пица, мцдоналдс и сл.
Музејот во Каиро е нешто што не се пропушта. Мумиите се чуваат во посебен дел-заради нивно подобро зачувување (температура, влага и сл.). Целиот музеј е под строг надзор и во секој ќош има обезбедување и камери. И туристи и студенти во голем број.
Пирамидите се на платото Гиза-што му доаѓа надвор од градот, односно градот ширејќи се веќе стасал и до нив. Градбите се навистина импресивни. Ние имавме локален водич кој ни ја објаснуваше историјата, градењето и сл. , иако за самото градење на пирамидите има доста непознаници и шпекулации. Дел од нашата група влегоа внатре, на тие со слабо срце не им се препорачуваше да влезат внатре. Тунелите во пирамидите се доста тесни, и тешко и бавно се движеа луѓето. Кога дојдовме во големата просторијата каде што е као гробот на фараонот, и таму имаше обезбедување. А надвор околу самите пирамиди исто има обезбедување. У ствари насекаде гледате пустина и обезбедување. За мене беше интересно да видам полицаец на камила.
Од пирамидите не однесоа на едно плато од каде може да се фатат убави фотки на пирамидите. Таму имаше луѓе со камили кои нудеа прошетка од 5 мин. на камили. Нормално, во Египет за се се ценкаш. Ценкањето кое не е својствено на Европејците е национален спорт во Египет (се шегувам). И така качени на камили поминавме неколку минути. Внимавајте на симнувањето, да не полетате напред.

Инаку сувенири имаше насекаде. Во шопинг центрите се обично поскапи. Ние главното пазарење го правевме на пазарот Кхан Кхалили кој мислам работи дење-ноќе.
Инаку нас со бус не однесоа во дуќан со миризливи масла и за папируси. Разбравме дека имало финта. Ако те донесат како група во таков дуќан, цената е поскапа на производите (дел од разликата ја добива шоферот/водичот на групата) ако отидеш сам е поевтино, и пак се ценкаш се разбира.
Во Каиро ја посетивме и Коптската црква, на Али паша тврдината, селото на фараонот (Pharaoh village)т и еден ексклузивен ресторан.



Edited by Ines - 08-Oct-2012 at 09:17
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Oct-2012 at 09:22

Еве како изгледа една папирус продавница
и една типична продавница за миризливи масла



Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Oct-2012 at 09:32
Сообраќајот во Каиро

Вака изгледаше сообраќајот во Каиро


Нивниот сообраќај е сосем поинаку (не)организиран од нашиот.
Никаде нема семафори и  немаат класични раскрсници како нашите, туку се користи "U-turn". На тој начин се приклучуваат и исклучуваат од колоните возила, т.е. стигнуваат до посакуваната дестинација-локација. Да имаа семафори, незнам кога тогаш би стасале таму кај што тргнале. Голем град, голем број жители така да сообраќајот е доста оптеретен. Недај боже сообраќајка да се деси.
Има доста стари возила, и повеќето се чукнати/изгребани од страните (гревота нова кола да возиш таму). Секој на секого му свири и титка, односно не се знае кој на кого му свири, му вика, се дере итн. Се на се, хаос... а цената на литро бензин е непојмлива за нас (ако ние тогаш плаќавме да речеме 50,00-60,00мкд, тие плаќаа 12,00мкд и вози мишко).
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Oct-2012 at 10:07
Пазарот Khan Khalili

Овој пазар потсетува помалку на нашиот Битпазар/Турската чаршија, или подобро на Капали чаршија-Истанбул. Продавниците се отворени 24 часа (освен ако не е сменето после арапската пролет) и преполнети со секаква стока. Има сувенирници, продавници за текстил, за папирус, за миризливи масла, за зачини и др. Вообичаено има и места за одмор, кафе и шиша (на турски-наргиле).  Дел од луѓето во мојата група ја пробаа шишата, јас не, и знам кажуваа дека ги има со разни ароми.




Во сувенирниците се продаваат најразлични предмети.
Вообичаено има пирамиди (во сите можни димензии и изработени најчесто од алабастер, стакло и сл. ), глава на Тутанкамон и Нефретити, клучот на животот (или Ankh), скарабеј (исто изработен од сите можни материјали- алабастер во разни бои и др.), пепелници, бројаници (теспих), шиша, полускапоцени камења (лапис лазули, и сл.), маици со разни египетски мотиви итн. Како што спомнав , за се се ценка, дури некој и по природа да не е ценкач, на овој пазар има големи шанси да стане таков.

Инаку се плаќа во египетски фунти , но неможам да се сетам сега дали примаа странски валути (и таму врви доларот, еврото не). Нас ни беше смешно што дел од хартиените новчаници беа искинати, па дури и со дупки низ нив, но они најнормално си плаќаа со нив (кај нас на пример хартиената пара мора да е целосна, искинати не примаат).


(Напомена: дел од сликите се позајмени од интернет заради потполност на патеписот, a дел се мои).




Edited by Ines - 08-Oct-2012 at 10:21
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Oct-2012 at 10:19
египетска банкнота
(нивните бројки се малку поразлични од она што нас ни е познато како арапски бројки)






Back to Top
TDT View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Aug-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote TDT Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Oct-2012 at 01:36
Прекрасна репортажа   
Ме разочара само тоа за храната пошто одавна сакам да го посетам Египет а една главните работи зошто е арапската кујна. Да отидеш таму а да јадеш пици и мекдоналдс мислам стварно е штета.
Во секој случај мојата посета на Египет решив да ја одложам дур не се стабилизира ситуацијата таму а за тоа можда ќе требаат и години, па сега за сега ќе мора да се задоволам со вакви репортажи Ќе има ли продолжение?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Oct-2012 at 07:21
Ова е една од оние држави каде дефинитивно не се оди сам, исклучиво со група, агенција
А што се донесува до Каиро, дива лига, Шутка x 1.000 и ете ти го. За сообраќајот да не правам муабет, на неколку пати не предупредија да не поминуваме сами улица затоа што 90% од возачите немаат возачка и полицијата дигнала раце, а доколку не чукнат нема сигурно да застанат.
Да не споменувам дека буквално секој локалец се лепеше за другарките и сакаше да ги купи со камили, а и има буквална тортура, не ценкање од продавачите.

НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МИ СЕ ДОПАДНА ПОСЕТАТА

Хотелите се огромни, персоналот како на запад, тури во стил сахарско возење со џипови, Луксор, пирамидите, рајски острови, нуркање итн. Водата е многу топла, животинскиот свет ќе ве остави без зборови, а од солта буквално ќе побелите. Инаку на многу места капењето е забрането со оглед на тоа дека има многу корали.

Еден ден би одел повторно
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Oct-2012 at 12:58
И јас би отишла повторно, нормално по смирување на ситуацијата.
Од други форуми (tripadvisor) гледам дека и оваа година се одеше, но само во туристичките места како Хургада, Шарм ел шеик и сл, без некои посебни проблеми.

Инаку некои агенции нудат неколкудневно крстарење по Нил-кое опфаќа посета на Асуан (браната), и посетана Луксор, Карнак во комбинација со Хургада.

Алексенд ова што го спомна за капењето, ние бевме во некое анонимно место, но сеуште не беше сезона, па морето беше ладно,. Нејсе што сакав да кажам, водата е многу убава, проѕирна. Но, на некои места мора да се внимава, каде се капе човек, од причина што дел од хотелите и ресторти-те се правени на плажи каде има и отровни риби. Во врска со коралите, мислам дека се организираат посети и нуркања до тие места.

ТДТ благодарам за убавите зборови.

Во врска со храната ќе се обидам да појаснам.
Нашата група имаше можност да види како се хранат тамошните луѓе. Јадење нивно можеше да се купи и на самата улица. Еден пример-ставена импровизирана маса, а на нејзе некакви пецива и зачини...ние не се осмеливме такво нешто да пробаме.
Бидејќи мојата група се хранеше со храна прилагодена за европејци, веруј дека секој ден јадевме пилешко, да на крај ни се смачи. Имаше и нивна салата, но ние бевме претпазливи, заради тоа што почнаа еден по еден од групата да имаат проблеми со стомакот и да остануваат в соба (ден-два) дур не помине. Затоа повеќето носевме лекови за вакви нешта, за недај боже. Работата е веројатно до нивната вода и поднебје.
Но имаше европејци кои едноставно сакаа се да пробаат, е сега дали имале проблеми со здравјето после тоа, незнам.



Edited by Ines - 10-Oct-2012 at 13:08
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Oct-2012 at 13:17
Во врска со Каиро мало надополнување:

Каиро е познат и по т.н. Град на мртвите-тоа на времето биле катакомби, односно места каде се закопувале мртвите. Но заради сиромаштија на дел до населението (и земјотресот од 1992г.), почнале во тие катакомби да се населуваат луѓе. Прикаската е дека како што некој ќе умре, така во катакомбата се населува некој друг. Условите за живот се мизерни и таму е сместен најдолниот слој од населението. Колку што знам на европејците и странците таму им е забрането да одат, поради големиот криминал, опасноста од болести и сл. Ако некој и отишол, отишол на сопствена одговорност. Мислам дека ни рекоа дека таму живеат милион луѓе ако не и повеќе, но за бројкава не ме зимајте за збор.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Jul-2020 at 20:30

милиони Луѓе милиони Табиети
има такви и песок што ќе ти шитнат ко сувенир


https://sologuides.com/cairo/

https://www.tourradar.com/days-to-come/safe-travel-solo-egypt/

https://www.cairo360.com/article/sights-travel/these-international-travel-vloggers-gave-egypt-a-five-star-rating/



Comments:

James Holder 2 years ago
I found in egypt there was 2 kind of people. One kind wanted only your money even after trying to be your friend. Out right scams etc. The other type was very kind and caring people. You can see they also are trying to provide for their families honestly.

210

Indigo Traveller
Yeah mate, I completely agree. Cheers James.

22

Lebanese
James Holder it’s like that in most countries that don’t have strict regulations. It’s like capitalism gone wild. Lol

11

Spidy Man
Its called corruption

13

James Holder
Lebanese even the uk is corrupt. It's everywhere. Just displayed differently

8

mina maher
sorry guys that is happened to you , i hope my country to be a good country in future , i think that will happen after a few years , you know the history of Egypt thanks god that it stills exists , love you

13

James Holder
mina maher I loved egypt a lot. I made some nice friends

4

Ahmed Farouk
ان شاء الله هتبقى احلى بلد في العالم .It will be a good country be sure

4

Moha Badr
totally agree bro

1

عمر حارس OMAR 7ARES
Yes I agree with you in Egypt you will meet this kinds of peoples but samplely they doing this without thinking cause they very sample people very sorry for that

2

Athanasius Philopatoris Maximus Antonios
I believe we have more Scammers than nice people I'm not trying to give a bad impression about our Land and our people nor I wish we get less visitors but it's just a fact ... 70s and downwards too much religion and modesty but a lot of hypocrisy, lying, corruption and wickedness ... you wish if you could here in the 60s, literally a paradise ... I'm a millennial but our grandpas said so

3

Maysoun Beate
2 years ago
James Holder ..I lived in Egypt for 2 years and I always had a feeling Egyptians like to tell how you should spent your money...scams I found even by so called friends ..I am still concidered a tourist...sometimes they fake friendship

1

Saif A.K.
James Holder there's a 3rd type.. the one who desperately trying to get out any which way so sees any foreigner as a "golden ticket"; but in my travels I have seen Oscar Wilde's quote to be fitting, "patriotism is a virtue of the vicious." Sometimes love of nationalist pride blinds us... I just saw an article about a Lebanese tourist jailed for making a viral video slamming Egyptians.. me personally I am an advocate for free speech.. criticism is a form of repair and evolve once embraced. But very interesting video..

1

Mohamed Hassan
In Egypt, about 40% of the people are directly linked to corruption. Most of these have a family member in police or army. The remaining percentage of the population is just living by trying to avoid the huge chunk of corrupt population. It is really a crazy situation.

1

Casey W.
That's everywhere, bro. Here in America, the scammers are the ones on top....the CEO's...the pharmaceutical companies...the president!

1

Fake ً
James Holder that’s true from Egypt

2

Nad K
This is how the world works get over it

1

Daniel Speake
Wow, No shit. Pretty much covered the whole planet there didn’t ya. Thanks for taking the time to enlighten us. You have the wisdom of a 700 year old man. Tell me more , learned one. I yearn for your knowledge.


Shahid Hussain
There all scammers


subscribe for n0 reason plz
This happens in any place on earth, there are gold diggers and people who care for others


Zebra Finch
Last year I got scammed in The pyramids and I’m so angry until now. I bought a ticket 🎫 to enter the pyramids and when I reached to the pyramid gate, the guy there said it’s not the ticket and he tried to convince me that the counter sold me the wrong one...so we left. And when I talked to people in the hotel about what happened, they said that’s so you can give him a bit of money then you can enter. 🤬🤬🤬🤬🤬


mohamed ali
@Maysoun Beateyou Make friends with pranksters and all people
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.