build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Карфур маркети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 648
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 16-Dec-2015 at 21:21
Хипермаркетот на Карфум во Сити Мол е беда, повеќе снабдена е кооперација во било кое село
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11492
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 16-Dec-2015 at 23:54
Мислам дека чекаат некој да го земе просторот, а Карфур е одамна повлечен. Веројатно сега само сакаат да ги дотрошат сите производи што ги имаат и ќе си ги спакуваат куферите. Пред некое време во медиумите проструи веста дека некој голем бренд супермаркети од Македонија бил заинтересиран за тој простор. Моја претпоставка се Веро или Рамстор, зашто токму тие немаат некои поголеми супермаркети во тој дел од Скопје (Веро има кај Млечен ресторан, но тоа е доста далеку, за Рамстор не знам).
За сè има вторпат
Back to Top
carver91 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 17-Jan-2016 at 02:46
Nesto Kerfur nije aktivan na fejsbuku..da li i dalje radi?
Btw da li Kerfur jos funkcionise u Tetovu?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11492
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 17-Jan-2016 at 11:38


Карфур во Скопје Сити Мол се повлече од работење, веројатно и од Тетово. Всушност, мислам дека беше најавено дека ќе се повлече од Македонија.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11492
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 23-Jan-2016 at 11:30
„КАРФУР“ Е ПРАЗЕН, НО НЕМА ДА ЗАТВОРА?!

Деспина Трајковска-Димова

Празни рафтови, отворени една до две каси, едвај по некој купувач. Нема да се купи ни вода, а не, пак, банани или сирење. „Заклучен“ е делот за готвена храна, не работи месарницата, нема свежо овошје, ниту зеленчук. Ваква е сликата во супермаректот „Карфур“ во „Сити мол“ веќе со месеци. Намален е и бројот на вработените, а соработката со маркетот ја откажале повеќе добавувачи. Некои од нив дури и поденеле тужби бидејќи се соочиле со проблеми околу наплатата на испорачаната стока. Од малкуте производи по рафтовите, може да се забележат само оние пакувани под брендот „Карфур“. Граѓаните се загрижени и велат дека маркетот, очигледно, пропаѓа.

„Финансиска криза, но ќе ја надминеме. Не планираме да затвораме“. Вака накусо од менаџментот им одговориле на вработените кои се интересирале за својата иднина. Вработените не добиле ни К-15, а последна плата зеле за ноември. Но, и покрај случувањата, платите не им биле намалени.

„Навидум функционираме како и претходно, а, всушност, нема работа. Првата криза со која се соочивме, некаде во септември, беше причина за 10-15 колеги да дадат отказ. Оттогаш наваму нема значително намалување на бројот на вработени, ниту, пак, нивните места се пополнија“, вели еден вработен, кој сакаше да остане анонимен.

Менаџментот, вели нашиот соговорник, ги уверувал дека маркетот нема да биде затворен. Се работело за актуелната криза наскоро да биде надмината. „Дали ќе не' преземе друг синџир маркети или ќе се случи нешто друго, не знаеме“, дополнува нашиот соговорник.

Околу иднината на маркетот секојдневно расте бројот на шпекулациите. Едни зборуваат дека синџирот ќе биде преземен од друга грчка компанија со сроден бизнис, други дека на местото на „Карфур“ ќе биде отворен домашен маркет, трети начуле оти наводно „Карфур“ ќе биде затворен, а просторот ќе се даде на издавање...

И покрај случувањата, се' уште нема официјална информација од „Карфур“. Зошто полиците во маркетот се празни, точно ли е дека супермаркетот повеќе нема да работи, што, всушност се случува, одговор нема, иако навремено испративме прашања до надлежните. Наводно, ќе ни одговореле следната недела.

Инаку, хипермаркетот „Карфур“ се простира на површина од 4.650 квадратни метри и е еден од најголемите во земјата. Почна со работа пред три години кога и се отвори трговскиот центар „Сити мол“. Тој беше еден од најпосетуваните маркети во градов. Рафтовите беа преполни со најразлична стока од домашни и странски брендови, нудеше пристапни цени, имаше секојдневни акции и попусти.

„Карфур“ е француски синџир на маркети, а сопственик на маркетот во Скопје е грчката компанија „Маринопулос“, која ги купи маркетите „Карфур“ во Грција, откако француската фирма реши да го повлече својот бизнис од јужниот сосед.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=E8E22B2FA04FE24D9036B4E1D23E4FD0
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 23-Jan-2016 at 15:46
Previous
 
Тоа објаснува зошто секој месец објавуваа нови огласи за вработување.
 
Чаршиските муабети од незадоволните поранешни вработени кои си заминале, брзо стигнале до останатите невработени кои би размислувале за аплицирање за работа во Карфур, и затоа воопшто не биле пополнети тие работни места.
 
Ништо тогаш, Стокомак и КАМ остануваат евтините алтернативи - барем засега. Big%20smile
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 24-Jan-2016 at 15:55
И молот не осеќа одговорност глуперда како Карфур да ги исфрли? Незнам како ги толерираат и колку е грда сликата...
Back to Top
carver91 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 25-Jan-2016 at 09:59
nadam se da ce se nekako povratiti..bilo bi steta da jedan medjunarodni lanac napusti MK pogotovo sto nemamo nijednog drugog znacajnog igraca poput Metroa,Delhaizea,Lidla itd..
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11492
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 05-Feb-2016 at 09:40
Керфур си замина од Македонија, остана милионски долг кон македонски фирми и банки

Членки на Стопанската комора на Македонија го отвориле прашањето за долгот од околу десетина милиони евра што останал кон добавувачите по затворањето на хипермаркетот Керфур во Сити мол во Скопје.

Хипермаркетот на светски познатиот трговски ланец во Сити мол од вчера е затворен. Фирмата која била носител на франшизата за Македонија е ЦМБ Балканс Скопје ДООЕЛ.

Во Стопанската комора се сомневаат дека во случајов можеби се работи за некакви сомнителни финансиски трансфери и дека не случајно за овој хипермаркет изостанувале редовните контроли на наделжните државни органи. Затоа, тие за ова веќе ја информирале Владата, Управата за јавни приходи, МВР и Финансиската полиција.

Носител на франшизата Керфур за регионот е грчкиот бизнисмен Леонидас Маринопулос. Грчката компанија Маринопулос која ги купи Карфур маркетите во Грција, откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција.

Комерцијална банка веќе ја активирала хипотеката на кредитот што компанијата го земала од оваа банка.

Хипермаркетот Керфур во Сити мол беше отворен пред три години.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/kerfur-si-zamina-od-makedonija-ostana-milionski-dolg-kon-makedonski-firmi-i
За сè има вторпат
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 19-Feb-2016 at 14:24
Карфур во Ситимол ќе стане Рамстор. 100% сигурна информација наскоро стартува внатрешно уредување
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11492
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 19-Feb-2016 at 18:19
Добро ќе биде ако задржат барем дел од вработените. Веќе имаат искуство и го познаваат просторот.
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 10-Mar-2016 at 18:27
"РАМСТОР", НАМЕСТО "КАРФУР", ВЛЕГУВА ВО "СИТИ МОЛ"

Ланецот супермаркети "Рамстор" влегува во испразнетиот простор на "Карфур" во скопскиот трговски центар "Сити мол". На спуштените ролетни на некогашен "Карфур" вчера имаше закачена најава, напишана на македонски, албански и на англиски јазик "Отвораме наскоро".



"Да, можеме да ви потврдиме дека го изнајмивме просторот во кој до неодамна работеше 'Карфур'. Потпишан е договор за закуп на локалот со менаџментот на 'Сити мол', и отворањето на супермаркетот ќе биде во втората половина на април", ни рекоа вчера од "Рамстор". Оттаму велат дека продавницата во "Сити мол" ќе биде 21. продавница на "Рамстор" отворена во земјава, но и најголема во Македонија, со 4.580 квадратни метри.

"Не планираме да ги преземаме вработените на 'Карфур'. Дел од вработените ќе бидат прераспределени од другите наши продавници, а дел ќе бидат избрани преку оглас. Во тек е огласот за нови 82 вработувања", велат од "Рамстор". По затворањето на "Карфур", кој остави огромни долгови кон набавувачите, за просторот во "Сити мол", освен "Рамстор", во трка беше и грчки "Верополус", кој на македонскиот пазар со години е присутен со супермаркетите "Веро". Хипермаркетот "Карфур" беше присутен на македонскиот пазар четири години, а на вработените им остана должен две плати.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 12-Mar-2016 at 21:44
Ако сум во можност и со време ќе ви пуштам слики пред пуштање за да знаете како изгледа, ама многу сум зафатен па не ветувам.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 648
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 28-Mar-2016 at 20:11
Подготвување за поставување на знакот на Рамстор на Скопје Сити Мол



Веќе поставен знакот на Рамстор на Скопје Сити Мол



Сликано од автобус, денес
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 29-Mar-2016 at 19:50
се отвора на 15ти април или нешто покасно ,ама планот е 15ти. не успеав да сликам бидејќи ми се расипа телефонот пред една недела.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 30-Mar-2016 at 01:41
Супермаркет од конкуренцијата во сопствениот трговски центар. Rollin
 
Ај за ГТЦ Скопје некако има оправдание, земајќи го во предвид несреќниот статус кој го има како едно од сеуште неприватизираните претпријатија кои се во заложништво на секакви директори и управници, но за Скопје Сити Мол е веќе смешно.
 

Edited by Dexter26 - 30-Mar-2016 at 01:41
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 30-Mar-2016 at 02:33

рамстор прават една безвезна експанзија чисто колку да се присутни насекаде... од толку што се паметни сами на себе си прават конкуренција
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.