build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хемија, Неметали и Метали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хемија, Неметали и Метали
    Posted: 06-Oct-2012 at 14:51

дефиниции, заблуди, вистини, се може тука да си кажете или прашате, само нека биде разбирливо и душекорисно со оглед дека тешки работи се посреди

ко на прва би посочил на периодниот систем и неговите табеларни варијации  http://en.wikipedia.org/wiki/Alternative_periodic_tables пример индиската [1] но ги има во изобилство па и фрактални http://www.meta-synthesis.com/webbook/35_pt/pt_database.php 

An Elemental is a spirit embodying one of the five elements of antiquity: Earth (solid), Water (liquid), Wind (gas), Fire (heat), Aether (quintessence). [1] - Element – one of those bodies into which other bodies can decompose, and that itself is not capable of being divided into other [2] - In 1661, Robert Boyle showed that there were more than just the four classical elements that the ancients had assumed.[19] The first modern list of chemical elements was given in Antoine Lavoisier's 1789 Elements of Chemistry, which contained thirty-three elements, including light and caloric... [3]

http://www.teachersdomain.org/resource/ess05.sci.ess.eiu.fusion/ [1]



Edited by Max - 22-Nov-2012 at 00:50
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Oct-2012 at 16:17


после основните антички елементи, прв метал со кој се сретнал неолитскиот чоек е Бакарот... ко локален збор бакар е турцизам со девствено значење [1][2], метал кој на запад подоцна научнициве најверојатно во ренесансата по егејски го нарекле Кипарис имајќи предвид каква симболика има кипарисот како дрво [1]  со што и ден денс во светот на науката а и општо е познат ко Copper [1][2

најнапред а и подоцна се користел ко бронза - легура од калај и бакар [1][2] кај нас архаично позната ко Тенеќе

The first alloy, used in large scale since 3000 BC, was bronze, an alloy of tin and copper. After 600 BC pure metallic tin was produced... [1]

ко метал припаѓа на групата преодни метали http://en.wikipedia.org/wiki/Collective_names_of_groups_of_like_elements а примена има по сите страни, најнапред бил гласен и главен абер за оружје а денес е тивок но главен абер за струја и комуникација преку добро познатите бакарни жици, за неговите легури не ми се зборува со оглед дека нема крај неговата улога [1][2][3] само би спомнал дека без него не би бил светов ваков како што го знаеме 1]


Copper: The Nervous System of Our Society – Here’s Why - http://www.munknee.com/2012/07/copper-the-nervous-system-of-our-society-heres-why/





Edited by Max - 06-Oct-2012 at 17:18
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Oct-2012 at 18:30
мој другар во Кичево,иначе единствен занаетџија што работи со бакар,деновиве направи портабл мини казан за правење на коњак,и служи за брзо правење на коњак и тоа по негова замисла кога ќе посака гостинот.

се тура вино во садот,се пали плинско решо од оние од пазар, и за кратко излегува дестилат-коњак.делува многу добро
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Oct-2012 at 19:23


добро би било да направиш некоја репортажа како горнава сонего, налик правење казан за ракија  со поглед на Илинска и ето ng репортажа, ете бар од тие малите ако ништо друго ,иако би било добро да има сведоштво и за големите! а не е лоо да соберете и некој спонзор попат ако имате абер како односно со кого по профи би го истерале муабетот [1] но додека бидне тоа кај ви е крајот, иако денес и со мобилен се прават чуда, доколку се е добро осмислено!

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Oct-2012 at 21:38
ќе пробам,мада типот е малу тежок(дури го натераш нешто да ти направи,еж ќе родиш).сега се убацил во сојузот на пчелари(излегува на ТВ),и стана уште потежок.татко му живци искина на дуќан со него.или е на кафе или прави муабет со некого
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Oct-2012 at 14:11

не е тој крив што ко занает кујунџиството е потценето, денес инокс и пластика се во мода, та навистина треба да си од посебен ков за да го тераш занаетот од љубов со инает, ревноста ретко се раѓа сама по себе а најчесто ако имаш мотив, може ако се проба ко уметник да си врати волјата чим велиш и минијатури го интересираат, јасно ова потем води и кон филигран, но за тоа ќе му треба повеќе умешност и пракса!



Edited by Max - 07-Oct-2012 at 14:21
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Oct-2012 at 14:31

ова мексиканциве се закон, но нашиве филигранџии уште повеќе, порано беше хит бакрорезот, пример тешкото развиорено на бакарна слика итн. иако најтипично за средниот век било украсувањето со бакар на Евангелија, Крстови, Курани, Ламби итн. а неретко и Иконите, Кандилата, Полиелиети, Шанданите, па садовите биле стилизирани во бакар... не'рѓа,лесно се обработува, а на крај се посребрува или позлатува итн. 

http://www.orthphoto.net/photo.php?id=49860&id_jezyk=4



Edited by Max - 07-Oct-2012 at 14:35
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Oct-2012 at 14:33
воглавном заработува од казани за печење на ракија, и од лепење на ладњаци од коли и камиони(ќелиите им се од бакар)
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Oct-2012 at 14:51


абе тоа секојдневно се бара, а и секој не е по уметност, иако права уметност е и добар казан за ракија да се направи, а и хладњак да закрпиш ко што треба не е проста математика, тука и здравјето чоек остава, ама кој го боли глава за тоа битно секојдневно и убо го плаќале! нејсе ако има абер кај да најде бакарна руда и сам да ја топи, а имајќи предвид дека Македонија е богата со бакар, комотно може и скулптури да лие, јасно кровои да крои итн. иако и со купечка сурувина ова добро се плаќа... како и да e чест е да си арпаџик металец ко казанџија, кујунџија, калајџија, абе најпризнат занает кај нас дури танец и оро им напраи што појќе треба  




Edited by Max - 11-Nov-2013 at 00:52
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Oct-2012 at 01:50



бидејќи железото ми кородира за него инфо само во постот за печки во нишката античка технологија, тука би прешол одма на сребро после бакарот!

словенскиот синоним за овој метал, мое мислење е дека значи животворен т.е. со'ребра шала на страна ова ни во стрип не би прошло, исто ко што не постои засега абер од што е изведено името сребро кај нас немаат абер ни англосаксонците за силвер [1] затоа бар се знае што значело на егејски, од каде ко именка го превзема и латинскиот подоцна та од аргос/аргон биднува аргентум, со оглед дека изворно латините го именувале ко luna [1]  т.е.  argentum на коине ко argos, значи бел-светол [1][2], та тоа би се однесувало и на основополжниците на античките македонци династијата на Аргеадите кои или биле од аргос или биле пребели-пресветли за опкружувањето или пак ваделе премногу сребро ова последното особено држи бидејќи ко племиња сите егејци биле во трка по златното руно (иако потрагата била општо за цврст метал) во преминот од бронзено кон железно време [1][2] бар ова е меинстрим археолошка теорија! http://technology.infomine.com/articles/1/3707/justinian-gold.roman-mines.egypt-gold/justinian’s.gold.mines.aspx [1

најстара употреба колку што е познато се појавите на сребро пред 5000 години во мохенџаро(индиа) и ур(месопотамија) http://en.wikipedia.org/wiki/Imports_to_Ur#Silver иако други претпоставуваат дека Анатолија се најстарите сребра http://www.silverinstitute.org/site/silver-essentials/silver-in-history/ [1антика - http://mygeologypage.ucdavis.edu/cowen/~GEL115/115CH7.htmlсреден век - http://www.jnto.go.jp/eng/indepth/scenic/worldheritage/c_13_iwamiginzan.html



денес - http://www.goldcore.com/images/mu/goldcore_moneychoices_silver_production.jpg

[1] Modern.Marvels.S02E11.Silver.Mines [1]
 


сето ова е убаво, освен што глави летале од,по,за него, народ експлоатиран, монети идолизирани итн. сепак денес е повеќе од корисна поја во многу сегменти од современиот живот, најмногу заради неговата суперспроводливост (најдобар спроводник на топлина и електрицитет на земјата) и неговата антикорозивност, сеуште стоејќи високо на берзите за метали [1] каде секој може да се посребри со XAG гледајте само да не ве попари среброљубието како страст макар ко метал бил логичен избор сред економска криза [1][2]
 







Edited by Max - 11-Nov-2013 at 00:47
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Nov-2013 at 00:46

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Nov-2013 at 00:00



малку трокира околу инфото гостинот иако прилично точно го елаборира македонското античко рударство, а нема причина и да се гледа на криво кога жонглира со истото во костец со мегалитите и пелазгите, но во основа интересно звучи сето ова како локална рударска мапа

во принцип рудници имаме на претек но ретко кој историски ги истражува




HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Nov-2013 at 00:23
утре со задоволство ќе го гледам видеото.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Nov-2013 at 09:19
Сум ја гледал оваа епизода, навистина интересна емисија.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Nov-2013 at 11:15
Mnogu interesno video. Se utepavme od eskurzii vo Egipet i slični mesta,a i ne znaeme što sve ima kaj nas. Go mrazele ili ne,ama eden od retkite novinari koi napravil reportaži za Cocev kamen,toa vo poleto kako bukva(gostin mu beše Tentov) e Milenko Nedelovski.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Nov-2013 at 19:35


по повод отркивањето нови неутрина на антартик http://www.nbcnews.com/science/alien-neutrinos-reveal-new-frontier-astronomy-antarcticas-icecube-2D11624193 [1]

уште еден потсетник за Лорандитот, за чие локално депо најдобар поглед даде офроуд репортажата на Миленко за рудникот Алшар, но која испари од нет, сега ја има само анализата на Снежана од Код, како и да е со оглед дека има доста интерес за овој минерал сакам да укажам дека непотребно и ризично е на своја рака да се брка истиот и пред се' заради отровност http://www.healthy.net/scr/article.aspx?Id=1854

ТАЈНАТА НА „АЛШАР“ СЕ КРИЕ ВО БЕЛГРАД

Професор Зоран Здравковски за тајните на контроверзниот рудник

По повод последните настани кога професори од Германија беа „фатени“ со примероци на минерали во Алшар, повторно во сите наши медиуми се појавија написи за потенцијалите на овој рудник. Повеќе новинарски екипи, по кој знае кој пат, го посетија Алшар и преку разговори со месното население се трудеа да ги одгатнат тајните на ова наоѓалиште. Сите „знаат“ дека има нешто недоречено, мистериозно, нешто неизмерно важно што ќе реши многу суштински светски проблеми. Меѓутоа, резултатите од научните истражувања се познати и не се спектакуларни. Постоеле две потполно различни научни истражувања со минералите од Алшар, едното е општопознато, другото може да се каже дека било тајно. Остануваат нерасчистени вистинските мотиви за второво истражување, може само да се претпостават, но одговорот за тоа не се наоѓа во Мајден, туку пред се' во архивите во Белград – таму треба да се „копа“ и да се побараат документите и вистинските причини. Во продолжение би сакал да дадам поедноставен опис на научните истражувањата и резултатите од нив кои се надевам ќе придонесат да се разбијат некои заблуди околу овој рудник.

Рудникот бил познат уште многу одамна, според најдени алатки во рудникот некои тврдат уште од античко време, иако според други поконзервативни процени тој е познат од 12 или 13 век. Поголема експлоатација на рудникот започнува во 1881 година кога една англиско-француска компанија добила концесија од Отоманската империја. Населбата и рудникот во близина на с. Рожден биле познати како Мајден, што на турски јазик означува место каде што има руда. Концесионери на рудникот биле браќата Алатини, а главниот инженер бил Шарто и така рудникот бил прекрстен во Алшар (Allchar)) од почетните букви на нивните имиња. Заради разните транскрипции од кирилица во латиница, се сретнуваат и следниве имиња: Alsar, Alsar, Alshar или Alchar. Браќата Алатини биле Евреи од италијанско потекло и прво започнале со мелници, а потоа се прошириле и во други дејности. Познато е дека Евреите биле добро прифатени во Отоманската империја и затоа во тоа време Солун бил град со најголема популација на Евреи во Европа. За жал, како и во Македонија, во Втората светска војна 95 отсто од нив биле испратени во концентрациони логори. Во времето на браќата Алатини, се' до почетокот на Балканските војни, арсен-антимоновата руда преку пристаништето во Солун била извезувана во Англија и во Германија. Интересно е дека во летната резиденција на фамилијата Алатини, кога е отворен во 1926 година, бил сместен Универзитетот на Солун, а денес таа се користи како зграда на локалната самоуправа.

По Втората светска војна извршени се три темелни геолошки истражувања на Алшар, од 1953-57, 1962-64 и 1970-74. Истражувањата од 1960 биле во централниот дел на рудникот и тогаш се утврдени резервите на антимон, арсен и талиум. Според овие процени, резервите на арсен изнесуваат 15 000 тони, антимон 20 000 тони со просечна застапеност од 0,5 отсто што се смета за средна и талиум над 500 тони, со просечна застапеност од 0,1 отсто. Покрај тоа се проценува дека во Алшар има околу 20 тони злато.

Талиумот во Алшар се сретнува пред се' во форма на минералот лорандит, кој хемиски претставува талиум арсен сулфид. Најчесто има кармин црвена боја и има релативно мала тврдина, слична на гипсот. Значи дека е многу кршлив и бидејќи најчесто се сретнува диспергиран во реалгар или аурипигмент, кристалите што може да се издвојат се мали, обично помали од 1 цм. Заинтересираните може да видат кристали од лорандит изложени во минералошката збирка во холот на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.

Лорандитот бил за првпат опишан во 1894 година од страна на Кренер, познат минералог, подоцна и член на Унгарската академија на науките. Како да го антиципирал неговото значење за фундаменталната физика и новиот минерал го крстил во чест на Барон Лоранд фон Етвос, физичар од Унгарија. Лоранд едно време бил претседател на Унгарската академија на науките, како и Министер за религија и образование, но многу брзо дал оставка затоа што функциите не му дозволувале да се занимава со она што најмногу сакал, научна работа. Покрај името на минералот лорандит, меѓународната научна заедница во негова чест го има доделено префиксот Е за означување на 1X10-9, во сега веќе напуштениот CGS систем на единици. Универзитетот во Будимпешта, каде поминал најголем дел од кариерата, во 1950 година е преименуван во Универзитет Етвос Лоранд.

Освен во Македонија лорандитот се наоѓа и во наоѓалишта на злато или жива во Таџикистан, во Кавказ, Русија, во Кина, Иран, Швајцарија и на повеќе места во САД. Меѓутоа, Алшар е најбогатиот извор на лорандит. Исто така, треба да се одбележи исто така, дека во Алшар се најдени повеќе од 40 минерали, од кои повеќе од 10 во својот состав имаат талиум.

Лорандитот дошол во фокусот на физичарите пред околу триесетина години како можен геохемиски детектор на неутрина. Според т.н. Стандарден модел, познат и како Периоден систем на физичките честички, постојат три типови, или како што физичарите ги нарекуваат „вкусови“ на неутрина. Постоењето на неутриното, за прв пат го постулирал Паули во 1930 година. Има маса нула или многу блиску до нулата, патува со брзина на светлината кога масата е нула, нема полнеж и има неверојатна продорност и затоа многу тешко може да се детектира.

Соларните неутрина потекнуваат од реакциите на фузија што се одвиваат во јадрото на Сонцето. Според Стандардниот соларен модел, предложен од Бакал , при фузија на четири протони се образува едно јадро на хелиум, а истовремено се ослободуваат две електронски неутрина. Всушност моделот е малку посложен, се одвиваат повеќе процеси и се ослободуваат и други типови на неутрина, но овој процес е доминантен. Интересно е да се одбележи дека неутрината од сончевото јадро до неговата површина патуваат само 2 секунди, додека на фотоните за да го поминат тој пат им треба милион години. Од површината на Сонцето и неутриното и фотонот патуваат со брзина на светлината и им треба околу 8 минути да стигнат до Земјата. Пресметано е дека на секој квадратен сантиметар на Земјата, колку што е, на пример, површината на еден нокт, секоја секунда поминуваат 65 милијади соларни неутрина. Бидејќи неутрината незначително се апсорбираат, практично истиот број поминува и излегува од другата страна на Земјата. Сепак, еден исклучително мал дел од неутрината стапува во интеракција со некои супстанци и таквите ретки процеси се основа на детекторите за неутрина.

Пребројувањето на неутрината, за да се потврди предложениот модел на Сонцето, започнало во средината на 1960 година од страна на Дејвис, кој поставил специјално изградена опрема во рудник на злато во Јужна Дакота, САД, на длабочина од околу 1500 метри. Длабочината е многу важна за да се елиминира дејството на космичкото зрачење кое детекторот би го регистрирал со што би се добиле погрешни резултати. Со многу макотрпни и прецизни мерења кои траеле повеќе од 20 години утврдил дека детекторот функционира, меѓутоа бројот на неутрината бил само една третина од теоретските предвидувања. Ова било наречено „проблем на соларното неутрино“ и повеќе години ги збунувало физичарите, требало или да се модифицира моделот или да се проверат експериментите – затоа почнале да се бараат алтернативни детектори за соларното неутрино.

Повеќе новинарски екипи, по којзнае кој пат, го посетија Алшар и преку разговори со месното население се трудеа да ги одгатнат тајните на ова наоѓалиште. Сите „знаат“ дека има нешто недоречено, мистериозно, нешто неизмерно важно што ќе реши многу суштински светски проблеми

Биле земени предвид повеќе реакции како неутрински детектори со употреба на галиум, литиум, манган итн. Во 1976 година Фридман од САД предложил дека како детектор може да се користи талиумот кој при интеракција со неутрина се трансформира во олово. Сметал дека ако се изврши анализа на стари талиумови минерали, количеството на олово во нив би требало да одговара на бројот на неутрина кои во текот на милениумите поминале низ минералот, а оттука би можела да се пресмета вкупната активност на Сонцето. Таткото на моделот, Бакал уште веднаш искажал сомневања за хипотезата на Фридман. Неговите резерви за геохемиските детектори, меѓу другото, биле што скоро е невозможно да се одреди уделот на космичките зрачења, како и радиоактивноста на околината, поради ерозијата во самите наоѓалишта во опсег од неколку милиони години. Веројатно затоа Фридман во 1977 година не успеал да добие проект и финансии од Националната фондацијата за наука на САД. Меѓутоа, оваа хипотеза била прифатена од германски научници во 1983 година и тогаш Алшар, заради релативно големата застапеност со лорандит бил логичниот избор за да се врши истражувањето. Движечката сила зад проектот кој бил наречен LOREX (LORandite EXperiment) бил Павиќевиќ, физико-хемичар, професор од Факултетот за рударство и геологија на Универзитетот во Белград. Почнувајќи од 1985 година, за времето на владата на Анте Марковиќ, проектот бил финансиран од сојузни фондови. Во проектот имало и учесници од неколку институции во Македонија, а за издвојување на лорандитот се потрошени 300 000 марки. Во Алшар е направен нов ископ на длабочина од 30 метри, ископани се 10 тони руда, и од неа во Железарница Скопје се издвоени 500 грама лорандит кои се испратени во Белград.

И покрај сите политички проблеми, проектот бил финансиран од разни фондови се' до 2000 година. Бил поднесен и германско-југословенски проект до Европската унија, но тој не бил прифатен и не бил финансиран. Од податоци на Интернет, се гледа дека Павиќевиќ сега е почесен професор на Универзитетот во Салцбург, и дека австриската влада од 2008 до 2010 година ќе го финансира проектот под раководство на Амтауер. Основата цел, малку сизифовска, е да се пресмета ерозијата околу рудникот во периодот на постење на лорандитот од над 4 милиони години за да се пресмета уделот на космичкото зрачење како и природната радиоактивност во тој временски период. Во меѓувреме сите проекти со геохемиски детектори за неутрина се прекинати. Инаку, Павиќевиќ, уште од почетокот, со цел што повеќе да го промовира проектот, организирал две меѓународни конференции и пет меѓународни работилници. Меѓутоа, и покрај сите негови напори и публикации, во една прегледна статија објавена во 2004 година, каде се опишани експериментите за детектирање на неутриното, LOREX воопшто не се ни споменува.

Во меѓувреме проблемот на соларното неутрино во основа е решен со серија експерименти кои се изведени на неколку места во светот. Најважни се оние вршени во Институтот за истражување на космички зраци во Опсерваторијата Камиока, Јапонија кои траеле околу 20 години. Паралелно со тоа се правени мерења во Опсерваторијата за неутрина која се наоѓа во рудниците во Садбери, Канада на длабочина од 2.000 метри. Сите овие долги и исклучително скапи експерименти покажале дека мерењата на Дејвис биле точни, но извршена е модификација на Стандардниот модел. Според зборовите на Бакал, неутриното „страда“ од multiple personality disorder или, постоење на повеќе идентитети во една честичка кои ги менува во зависност од енергијата. Овие фундаментални истражувањата продолжуваат во насока на конструирање на уште поосетливи детектори за соларни неутрина.

Во 2002 година Дејвис заедно со Кошиба, кој раководел со експериментите во Јапонија, ја добиле Нобеловата награда за физика за детектирање на сончевото неутрино. На Интернет страните на Нобеловата фондација постојат повеќе интересни и детални написи од непосредните учесници на овие настани.


...

Edited by +Protagorist - 24-Nov-2013 at 19:39
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Nov-2013 at 19:39

...

Потрага по нов хемиски елемент: ека-талиум

Ако за истражувањата за детектирање на неутриното постојат голем број објавени научни трудови, биле организирани конференции и работилници, за едено друго истражување со лорандитот што било предложено непосредно пред тоа за неутриното, многу малку се знае. Се чини дека колку што за претходно изложеното истражувања се правени обиди да се наметнат на научната јавност толку овие другиве долго време останале скриени од секаква јавност.

Во природата бројот на хемиските елементи изнесува околу 90, а уште петнаесетина, наречени трансураниумови елементи, се добиени по вештачки пат. Овие трансураниумови елементи се нестабилни и всушност само се регистрирани по неколку атоми кои егзистираат во најдобар случај по неколку минути и затоа освен чисто теориска, немаат практична важност. Бидејќи овие истражувања се многу скапи, трансураниумови елементи се откриени/добиени во три лаборатории во светот: Дубна во Советскиот Сојуз, Ливермор во Калифорнија-САД и Дармштат во Германија. Натпреварот меѓу руските и американските научници за време на студената војна беше и на ова поле – кој ќе открие повеќе нови хемиски елементи. Може да е каже дека „битката“ била меѓу Флеров и Сиборг, два великани во ова поле на науката.

Во фундаменталната физика, постои хипотеза дека кај супертешките елементи ќе се јави т.н. „острово на стабилност“, односно некои од тие елементи ќе постојат долго време и радиоактивно ќе се распаѓаат со мала брзина. Се очекувало, ако се навистина толку стабилни, дека треба да постојат и во природата. Елементот 113 (се нарекува и ека-талиум затоа што во Периодниот систем на елементите се наоѓа во истата група под талимот), се очекувало дека ќе биде присутен во минералите на неговиот хемиски хомолог талиум. Во почетокот на 70-тите години на минатиот век, легендарниот Флеров од лабораторијата во Дубна, побарал од југословенската влада да добие примероци од минералите од Алшар за испитување на ека-талиум. Било договорено да се подготви југословенско-советски проект кој би го раководел Рибникар, професор на Факултетот за физичка хемија во Белград. Меѓутоа, при пишување на проектот, веројатно за да му дадат поголема тежина, тие навестиле дека супертешките елементи би можеле да имаат многу мали критични маси. Критичната маса во основа е масата за спонтано да се одвива фисиона реакција, или поедноставно кажано минималното количество за да се направи атомска бомба. На пример, критичната маса на изотопот на ураниум-233 изнесува 15 кг. Според пишувањето на Аничин од Физичкиот факултет во Белград, кога од Одборот за оценка на проектот го прочитале ова, го прогласиле и проектот и рудникот од посебна важност за државата и биле ставени под контрола на војската. Мистериозните воени хеликоптери кои според кажувањата на локалното население на Мајден слетувале во тој период може да се претпостави дека се поврзани со тој проект, затоа што малку е веројатно дека проектот со неутриното бил од интерес за војската.

Под раководство на Рибникар и Антанасиевиќ биле извршени неколку експерименти во потрага по ека-талиумот. Едниот, за кој бил направен специјален детектор со гадолиниум, траел една година, додека другиот траел 10 години. Сите експерименти покажале дека ека-талиумот не е присутен во лорандитот и какви и да биле намерите за што да се користи неоткриениот елемент, пропаднале. Истражувањата и резултатите од овие експерименти не биле никаде објавени освен во докторската дисертација на Александар Зариќ која ја одбранил на Универзитетот во Белград во 1992 година. Две години подоцна експериментите и резултатите биле презентирани во Српската академија на науките и уметностите (САНУ), а трудот со подробностите е објавен во 1996 година. Како што се гледа од сликата на насловната страна на трудот од Македонија нема ниту еден учесник. Во трудот е изразена благодарност на д-р Томислав Иванов, еден од најдобрите познавачи на Алшар, за корисни информации и помош околу локалитетот на рудникот. Дали и тој знаел за каков проект станува збор и дали воопшто некој од политичките структури во Македонија биле информирани може само да се претпоставува.

Одговорот на прашањето, кој бил вистинскиот мотив зад овие истражувања, малку е веројатно дека може да се најде во Македонија, туку во архивите на југословенската влада и/или во генералштабот на ЈНА во Белград. Познато е дека во Југославија постоела опсежна програма за мирнодопска примена на нуклеарната енергија. Покрај институтот во Винча, постоеле и два други институти каде се вршеле нуклеарни истражувања: „Руѓер Бошковиќ“ во Загреб и „Јожеф Штефан“ во Љубљана, а постоеле и други поспецијализирани, како што се Институтот за примена на нуклеарна енергија во земјоделство, ветерина и шумарство во Земун, Истражувачкиот развоен центар за термотехника и нуклеарна технологија во Сараево, Институтот за геолошки и рударски истражувања и експлоатација на нуклеарни и други суровини, Истражувачкиот и развоен центар за топлина и нуклеарно инженерство на Енергоинвест, итн. Вкупниот број на инженери и научници кои се занимавале со нуклеарни истражувања во Југославија според некои процени изнесувал меѓу 1.200 до 2.000, а покрај нив имало и 600 до 1.000 нуклеарни техничари. Југославија како водечка земја во движењето на неврзаните се залагала за разоружување и веројатно немала програма за нуклеарно оружје, но не е исклучена можноста дека развивала потенцијал ако се јави таква потреба. Дали новиот елемент со претпоставена мала критична маса требало да биде адутот во ракав? Ако мотивот да се исклучат Русите од истражувањата бил новиот хемиски елемент да биде самостојно откриен, што навистина ќе било голема работа, зошто истражувањата се држеле во толкава тајност?

Како епилог или антиклимакс на потрагата по ека-талиумот треба да се истакне дека руските научници од Дубна во соработка со американските колеги од Ливермор, веќе во релаксирани односи во 2004 година, добиле четири атоми од елементот 115 кој радиоактивно се распаднал до елементот 113 кој понатака уште побрзо радиоактивно се распаднал. Се докажало дека елементот 113 или ека-талиумот не припаѓа на островот на стабилност. Ова е уште една потврда дека Алшар не го крие овој елемент во кој се чини дека се криеле надежите на некои воено-политички кругови во Југославија од каде верувам произлегла и дел од денешната фама за Алшар.

Со други зборови, Алшар е извонредно интересен рудник по својот минералошки состав, кој во еден период бил експлоатиран заради рудата, а кон крајот на минатиот век бил „експлоатиран“ за чисто фундаментални истражувања во физиката и хемијата. Случајно се совпаднале и речиси истовремено се вршени две независни научни истражувања – резултатите од тие истражувања се доста скромни и достапни се на научната јавност. Остануваат отворени мотивите за едното истражување, а за нив мора да постојат одлуки на сојузната влада на Југославија, а кој, колку и дали бил информиран во Македонија се прашања што би било интересно да се одговорат. Се надевам дека ова ќе биде провокација да се започне со пребарување во архивите во Белград за да се разјаснат некои од овие дилеми.

Искрена благодарност до проф. д-р Трајче Стафилов за исцрпните информации, а посебно за трудот објавен во САНУ

Авторот е редовен професор на Институтот за хемија, ПМФ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=5934EC53AFD690498787FB51CC8C0FD3

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 27-Nov-2013 at 20:40
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Dec-2013 at 09:55


2. Kako se menjaju hemijske osobine u jednoj periodi Periodnog sistema? 

Prva perioda sadrži samo dva elementa: vodoniki helijum, dok druga i treca perioda sadrže po osam elemenata. Prve tri periodenazivaju se još i male periode.

Cetvrta i peta perioda sastoje se od po osamnaestelemenata poreDanih u dva reda.

Šesta perioda takođe se sastoji od dva reda, aliona sadrži 32 elementa, jer je kod elementa lantana smešteno još 14 elemenatakoji imaju vrlo slicne osobine i nazivamo ih lantanoidima. Radi boljepreglednosti, lantanoidi su stavljeni ispod tablice u zaseban red.

U sedmoj periodi, koja sadrži 23 elementa, kod elementa aktinijuma smešteno je još 14 elemenatavrlo slicnih osobina koji su nazvani aktinoidi i, slicno lantanoidima, smešteni uposeban red ispod tablice http://lakodozarade.blogspot.com/2013/06/2.html#!/2013/06/2.html

http://www.eionet.europa.eu/gemet/2004/06/concept?cp=66&langcode=hr&ns=1

http://egregoralfa.republika.pl/english/newtable.html [1]

http://www.rsc.org/periodic-table/element/89/



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Dec-2013 at 12:16
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.