build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопати и експресни патишта (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 29303132>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 17-Feb-2018 at 14:59
Баш пред некој ден читав дека владата донела измени во законот за јавни набавки и дека веќе цената нема да биде пресудна за добивање тендери туку квалитетот. Да се надеваме дека ќе има промени во тој однос, инаку тешко нам.
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 17-Feb-2018 at 16:03
Во учебниците по економија на факултет се учеше за тоа како се избира најповолен понудувач на тендери. Систем на бодување каде цената носи само 30-40% од бодовите. Штета минатата власт ја рипнала таа лекција.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 475
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 17-Feb-2018 at 17:11
Дај боже да е така дека цената нема веќе нема да биде пресудна за избирање најповолен изведувач , но еве сепак има некој фирми кој што тендерите за градење ги добија пак по тоа , можеби со оваа измена на законот за во иднина нема да биде така ама сега за сега некој работи ќе се градат пак по тој терк.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 12-Mar-2018 at 23:58
Ne sum vo tek. Do kade stignaa so 600 te kilometri avtopat koi bea obekjani? Gledam uste se zanimavaat so banderata na avtopatot Demir Kapija - Smokvica. Mi lici deka toa koga kje go resat kje trgne rabotata.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 13-Mar-2018 at 11:00
Добро им оди со обезбедување средства. Очекувам барем на тој план доста прогрес во следниве 2-3 години.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 29-Mar-2018 at 18:30
Многу оптимистичка најава, да не им се врати само како бумеранг и да ги тресне по глава...

Наскоро ќе почне изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе почне за десетина дена и можно е негово завршување до крајот на оваа година, најави премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

– Не очекуваме проблеми во делот на имотно-правните односи и во некои други спорни ситуации. Тоа значи дека ќе има сериозна офанзива на изведба и можно е до крајот на оваа година комплетно да биде завршен овој патен правец – рече Заев, додавајќи дека веќе е потпишано одобрението за негова градба и избран е изведувач на работите.

https://plusinfo.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B5-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5/
За сè има вторпат
Back to Top
goranmitev View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2015
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote goranmitev Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 29-Mar-2018 at 20:07
Само за потсетување:
Патот Радовиш - Струмица го правеа неколку влади и тоа 10 години. Тоа беше нели демек последниот пат со коцка. Состојбата на тој пат сега е по мое мислење лоша и му треба реновирање, иако некои ќе речат дека е добар.

Па затоа НЕ верувам дека за помалку од 1 година ќе направат нов експресен пат од Штип до Радовиш.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 23
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 30-Mar-2018 at 10:19
Ako se raboti kako sto treba ne e problem da se zavrsi vo rok od edna godina. Realno i taka treba da se rabotat proektite, a ne da se ceka po 4-5 godini za delnici od 20km.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1524
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 31-Mar-2018 at 13:32
Originally posted by goranmitev

Само за потсетување:
Патот Радовиш - Струмица го правеа неколку влади и тоа 10 години. Тоа беше нели демек последниот пат со коцка. Состојбата на тој пат сега е по мое мислење лоша и му треба реновирање, иако некои ќе речат дека е добар.

Па затоа НЕ верувам дека за помалку од 1 година ќе направат нов експресен пат од Штип до Радовиш.
Strumica-Radovis pocna da se gradi proletta dalecnata 1992 god. i koga posle 22 godini konecno go zavrsija,
prvite rekonstruirani delnici od devedesetite povtorno stasaa za rekonstrukcija.

Edited by Denko - 31-Mar-2018 at 13:33
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 475
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 02-Apr-2018 at 20:27
http://tera.mk/%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 23-Apr-2018 at 20:58

Изградени автопати во Југославија во 1980 и 1990 година. Мапата е неточна во Војводина, па малку сум сомничав и за Македонија, за кратката делница до грчката граница. Дали некој знае точно кога е отворена оваа делница и за колку километри се работело?






Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3345
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 24-Apr-2018 at 09:16
Clover, не знам и од каде БиХ на мапава доби километри автопат. Ми се чини дека првите километри ги изградија пред некоја година, но и ова треба да се провери за да стане факт.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 24-Apr-2018 at 10:06
Мапите се комплетно неточни барем од памтење.

- Во 80ти години автопатот до Белград дефинитивно почнуваше од Ниш. Во 90тите го продолжија прво уште 20на км на југ, а во последниве 10на години и до Лесковац.
- Во 80ти години, на Белград-Нови Сад е направена една автопатска лента која се користи како класичен пат до пред 10на години.
- Хрватска од Југославија дефинитивно излегува со готов ЗАгреб-Славонски брод.

Освен ако овие 3 примери не се комплетирани 90та година па ги бројат на другата мапа нема друго објаснување.

@Klover

веројатно ја бројат делницата граница-Гевгелија (3-4км) која постои од пред независноста
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1524
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 24-Apr-2018 at 16:48
1977 g. se zavrseni slednite delnici so dve lenti i edna za zastanuvanje vo dvata pravci: Kranj-Ljubljana (20 km), Zagreb-Županja (259 km) i Sremska Mitrovica-Beograd-Niš (277 km).

Edited by Denko - 24-Apr-2018 at 19:22
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 24-Apr-2018 at 20:23
Originally posted by pbanks

Мапите се комплетно неточни барем од памтење.

- Во 80ти години автопатот до Белград дефинитивно почнуваше од Ниш. Во 90тите го продолжија прво уште 20на км на југ, а во последниве 10на години и до Лесковац.
- Во 80ти години, на Белград-Нови Сад е направена една автопатска лента која се користи како класичен пат до пред 10на години.
- Хрватска од Југославија дефинитивно излегува со готов ЗАгреб-Славонски брод.

Мапите претставуваат завршени автопати во 1980 и 1990 година, што би значело дека според ова што го кажуваш, Белград - Ниш и Загреб - Славонски Брод се точно вцртани. Или нешто погрешно сум те разбрал?

„Полуавтопатот“ Белград - Нови Сад е дефинитивно погрешно претставен како автопат, веќе спомнав дека мапата е погрешна во Војводина, па тоа ми роди сомнеж и за делницата кај грчка граница, но еве тоа испадна дека си е во ред.


Originally posted by Denko

1977 g. se zavrseni slednite delnici so dve lenti i edna za zastanuvanje vo dvata pravci: Kranj-Ljubljana (20 km), Zagreb-Županja (259 km) i Sremska Mitrovica-Beograd-Niš (277 km).

Претходно се завршени и:
- Загреб - Карловац (1972)... ова колку што знам е првиот автопат во Југославија
- Во текот на 70-тите е отворен и автопатот низ Белград (едит: дури отпосле сфатив дека ова е дел од С. Митровица - Белград - Ниш  Doh)

За Македонија немам податоци, освен дека првата автопатска делница кај нас е отворена кон крајот на 70-тите, ама не знам која е, ниту кога точно е отворена.




Edited by Cloverstack - 24-Apr-2018 at 20:36
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1524
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 24-Apr-2018 at 21:10

Sepak jas se somnevam deka delnicata Zagreb-Sl.Brod e izgradena 1977g. kako avtopatska delnica. Jas bas 1990 g. ja imam pominato taa delnica i se mislam deka od Zagreb do Belgrad samo polovina (ca. 200 km) bese avtopat, drugata polovina magistrala?!

Edited by Denko - 24-Apr-2018 at 22:01
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 02-May-2018 at 16:50

Планирана траса на Требеништа - Струга




BTW чудно е зошто воопшто била разгледувана онаа „лева варијанта“ што завршува во градот.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3345
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 02-May-2018 at 18:16
Clover, кога ќе ни го донесе Албанија автопатот кај Дебар за некоја година, ќе биде интересно ова проектно решение за автопатско поврзување кај Ќафасан
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1825
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #619 Posted: 02-May-2018 at 22:38
Јас колку што сфатив Патот на Арбер нема врска со автопат туку да речеме некој стандарди како што е Гостивар - Маврови Анови, еве и на гоогле може да се види дека засега што е направено е макадамски пат со ширина некаде од 7-8 м. А богами и они на тој терен не верувам дека за 240 милиона би изградиле автопат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #620 Posted: 04-May-2018 at 11:15
Originally posted by BOJAN

Clover, кога ќе ни го донесе Албанија автопатот кај Дебар за некоја година, ќе биде интересно ова проектно решение за автопатско поврзување кај Ќафасан


Како што кажа daci92, албанскиот пат до Дебар нема да биде автопат, туку обичен пат којшто дури ќе нема ни денивелирани вксртувања. Дури и како таков, ќе ги кошта скоро 300 милиони долари и 15 години празни најави после кои конечно почнаа да го градат пред некоја година и пак многу малце имаат изградено до сега.

Автопат ќе ги кошта накај милијарда и не верувам дека се толку луди да го градат, без разлика колку национал-романтичарски прикаски раскажуваат нивните политичари. Ај и нека градат, ама на што ќе го поврзат? Дури и да се они до толку луди, ние нема зошто да се дефокусираме и треба да продолжиме да го градиме коридорот 8, онака како што е зацртан и верификуван од сите можни релевантни меѓународни институции. Вон памет би било да си предизвикаме финансиска и еколошка катастрофа граедејќи автопат Гостивар - Маврово - Дебар, за да можат некакви племенски политичари да ќарат по некој политички поен продавајќи националистички илузии.

Впрочем, Албанија веќе има изградено автопат Тирана - Елбасан, со план да го продолжи накај Поградец и Корча. Грците веќе градат автоапат до самата албанска граница кај Корча. Ако ние стигнеме до Ќафасан, Албанија секако ќе ги изгради тие 3-4 километри што ќе недостасуваат за да се врзе со нас таму, без разлика колку декларативно трубат дека сакаат да го поместат коридорот 8 преку Дебар.

Не знам зошто кај нас стално нешто се губи во преводот и се толкува дека станува збор за автопат Тирана - Дебар. Навистина, предизборно политичарите (сеедно дали тамошните, или овие овдешните од типот на ДУИ и слични пациенти) можат да ја релативизираат терминологијата, ама на нет е лесно да се провери за каков проект станува збор. Патот Арбер не е автопат.




Edited by Cloverstack - 04-May-2018 at 11:16
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 29303132>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.326 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.