build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопати и експресни патишта (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 14-Aug-2019 at 16:34
Супер, сега уште да се координираат и со градот за реконструкција на Александар Македонски.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 22-Aug-2019 at 14:23
ПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ



Кај месноста Шести километар, во близина на клучката Штип-Радовиш-Три Чешми, почна асфалтирањето на новиот експресен пат од Штип до Радовиш, што треба да се поврзе со автопатот Штип-Миладиновци. Прво ќе се асфалтира делницата до месноста 8-ми километар кај Штип, а потоа и готовите делници кон селото Лакавица. Асфалтирањето ќе се одвива по целосно нова траса, која се протега долж сегашниот регионален пат Штип-Радовиш. И овој пат во текот на ова лето ќе добие нов асфалт.

„Новиот експресен пат е во должина од 23,5 километри и ќе чини 28 милиони евра, средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Патот треба да биде изграден најдоцна до пролетта 2021“, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, кој присуствуваше на првото пробно асфалтирање на патот.

Напоредно со асфалтирањето, ќе се работи и на доизградбата на 11-те мостови и на 22-та веќе инсталирани пропусти за вода. Според договорот со изведувачот „Штрабаг“ од Австрија, ширината на секоја лента и во двете насоки ќе изнесува 3,5 метри за возење и 2,5 метри за застанување. Новиот експресен пат завршува кај селото Бучим, а максимално дозволената брзина ќе биде 110 километри на час.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-asfaltiraneto-na-ekspresniot-pat-shtip-radovish/
За сè има вторпат
Back to Top
goranmitev View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2015
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote goranmitev Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 22-Aug-2019 at 19:00
Падна првиот асфалт на експресниот Штип Радовиш

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2402920123283866&set=a.1534128363496384&type=3&theater

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-asfaltiraneto-na-ekspresniot-pat-shtip-radovish/

Edited by goranmitev - 22-Aug-2019 at 19:02
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 22-Aug-2019 at 22:20
Малку ми е нејасна трасава од сликава - експресниот пат е директно залепен за моменталниот магистрален пат? И истовремено двата ќе се во функција?

Која ќе е поентата на одржување на двете траси ако се една до друга и што ако некој излета од едниот пат во другиот?
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 22-Aug-2019 at 23:42
Vo posledno vreme poveke pati minav pokraj ova delnica i stvarno treba da kazam deka sum pozitivno iznanaden. Bez pekrin i so polna brzina se raboti na novata patna delnica. Isto taka i polvinata od stariot pat e cel nov asfaltiran. Se nadevam deka i taka ke nastanat gradeznite raboti. Se pitam samo kako ke bide delnicata od Tri Cesmi do noviot pat. Ako nastavat taka da rabotat moze i pred vreme da bidat gotovi. Mislam glede se kakva golema e razlikata koga avstriska firma raboti i koga makedonska firma raboti.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #666 Posted: Yesterday at 15:03
Originally posted by ironm

Малку ми е нејасна трасава од сликава - експресниот пат е директно залепен за моменталниот магистрален пат? И истовремено двата ќе се во функција?

Која ќе е поентата на одржување на двете траси ако се една до друга и што ако некој излета од едниот пат во другиот?


На неколку делови трасите се една до друга (новата е високо во ридовите), но за разлика од магистралниот (кој ќе биде регионален по изградбата на овој пат) овој е доста прав и ги одминува сите села, се прави во принцип како автопат, со клучки.
Дозволената брзина на овој пат ќе биде 100-110 км/ч, додека на сегашниот е од 30 до 60км/ч.

Ова е како да прашуваш која е поентата од автопатот Кичево - Охрид или во иднина Гостивар - Кичево или пак Тетово - Гостивар, Градско - Прилеп кога до нив паралено оди и стариот пат. Да не зборуваме за Велес - Гевгелија.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #667 Posted: Yesterday at 16:53
Не е добра споредбата што ја правиш, бидејќи јас не го спорам бенефитот од градење на новиот пат. Прашањето ми беше во насока на тоа зошто се одвоени 50 см на иста висина (ниеден од примерите што ги даде не е таков, на Кичево - Охрид нема ни да постои моменталниот) и каде е безбедносниот аспект во тоа?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #668 Posted: Today at 00:32
Велес - Гевгелија е таков ,на многу места е на иста или слична висина со автопатот.
Не суди според сликата, ова е само на почетокот клучка Софилари до кај винаријата на Имако . Трасата потоа бега лево од постоечкиот пат и тоа на прилично поголема висина.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.