build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 07-Oct-2014 at 00:33
луѓе, се мислев дали да коментирам затоа што не се разбирам толку многу во овие работи... ама сепак, нели звучи малце нелогично да се трошат пари за автопати на толку кратки и небитни делници на глобално ниво?
значи не зборам за тоа да не се инвестира во тие делници, туку да не се инвестира во автопат

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 30-Oct-2014 at 20:05
Јанакиески: До февруари повик за концесионер за автопатската делница Гостивар-Кичево
Четврток, 30 Октомври 2014 17:58

Најдоцна до февруари следната година ќе биде објавен повик за концесионер за изградба на автопатската делница Гостивар - Кичево, а градежните работи според плановите во програмата да почнат во 2016 година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на попладневното продолжение на седницата за пратенички прашања, пренесува МИА.
5000Mile-Janakieski-by-mini

Владата, истакна Јанакиески, има поставено висок приоритет за изградба на оваа патна делница.

- Моментно се подготвува пакет кој сметам дека ќе биде прифатлив за идните концесионери. Очекуваме до крајот на годината, а најдоцна до јануари -февруари следната година да се објави повик за наоѓање концесионер за изградба на автопатската делница Гостивар-Кичево, рече Јанакиески, во одговор на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/176875-Janakieski-Do-fevruari-povik-za-koncesioner-za-avtopatskata-delnica-Gostivar-Kicevo
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 31-Oct-2014 at 04:41


Пак се јави чика Миле со неговите очекувања кои почнаа некаде на почетокот на годинава и требаше според него најдоцна до јуни да биде објавен тендерот, а еве сега пак си очекува он за некој месец ли, за некоја година ли, битно си очекува човекот
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 31-Oct-2014 at 19:54
Големите очекувања се извор на големи разорачувања
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 01-Nov-2014 at 00:34
Дали автопатот Гостивар-Кичево се планира да биде изграден на нова траса или само да ги дополнат постоечките ленти?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 01-Nov-2014 at 00:54
Тоа е комплетно нова траса и има невообичаено многу мостови.при проектирањето се запазени европските норми од минимален радиус на кривина и максимален наклон на трасата.кај зајас ќе има мост со должина од 550 метри
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 819
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 01-Nov-2014 at 06:41
извини вака, ама има слика од проектираната траса?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 01-Nov-2014 at 10:53
јас само разговарав со мој близок другар-геодет кој ја снимаше целата траса .нормално ја има поминато пешки целата траса мерејќи ја со тие инструментите
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 01-Nov-2014 at 13:00
Originally posted by gjoko

Тоа е комплетно нова траса и има невообичаено многу мостови.при проектирањето се запазени европските норми од минимален радиус на кривина и максимален наклон на трасата.кај зајас ќе има мост со должина од 550 метри


Воздушно гледано од Гостивар до Кичево, преку селата Лакавица и Србиново, ми изгледа дека би се добил побрз пат. На google maps, гледам дека од Гостивар до Србиново има пат, а потоа до Кичево би требало да се пробие. Теренот е планински, така што цената на овој автопат сигурно би била многу висока.
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 06-Nov-2014 at 23:00
https://www.youtube.com/watch?v=xf9J6bS-pOI#t=962 Емисија за патот Штип - Кочани. Експресен пат или автопат.
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 10-Nov-2014 at 22:31
http://sitel.mk/ekspresen-pat-shtip-radovish-kje-ja-povrze-istochna-so-juzhna-makedonija
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 10-Nov-2014 at 22:41
Интересно ќе е ако одат со истата динамика како на Радовиш - Струмица.Патем, знаците за работа на пат и ограничувањата од 40 до 60 км/ч уште стојат на новата делница.

Edited by Тркало - 10-Nov-2014 at 22:41
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 10-Nov-2014 at 23:02
Од Штип до Кочани и од Штип до Струмица да се добијат експресни патишта за следните 4-5 години значајно би влијаело на растот на овој регион.

Инаку на видеото што го ставив за дискусијата за експресниот пат Штип-Кочани, говорниците тргнуваат од тоа дека десната лента би се користела единствено за застанување, но не и за возење. Во видеото на Сител директорот на агенцијата за јавни патишта кажува дека десната лента би се користела и за возење. Не ми е јасно зашто би се граделе две ленти, од кој едната би се користела единствено за застанување. Ако знае некој точно како е, може да каже како е точно.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 11-Nov-2014 at 00:01
помошна трака за застанување имам видено само во Албанија на патот помеѓу Елбасан и Рогожине.Доста е патот поширок него обична магистрала,возењето е порелаксирано бидејќи се има чуство на широк пат,а албанците знаат и да си претицуваат иако има кола од другата страна.има простор и за три коли(по нивни стандарди некогаш има и дупло претицување,т.е. 4 коли на две траки)

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 11-Nov-2014 at 00:46
Незнам зошто не се размислува за автопат на оваа траса од аспект на долгорочно планирање,каде што во иднина ќе има карго аеродром во Штип.
Со тоа би имала корист и една Струмица како најголем земјоделски, а можеби во иднина и рударски регион во Источна Македонија.

Миладиновци-Штип е 204мил. евра во должина од 47км.Отрпилика по 4-4.5м.е. по километар.Воглавно е рамничарски дел.

Според ова погоре што го говори директорот на ЈПДП, Штип-Радовиш би се одело само на изградба ете на тие 22км од вкупно 35.Можно е дополнително да се скрати трасата за некој километар.И тука се работи за релативно лесен терен.
Така да мислам со све експропријација комплет, сумата не би надминала 80-90 милиони евра.


Edited by jyvation - 11-Nov-2014 at 00:47
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1616
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 11-Nov-2014 at 00:59
Originally posted by gjoko

помошна трака за застанување имам видено само во Албанија на патот помеѓу Елбасан и Рогожине.Доста е патот поширок него обична магистрала,возењето е порелаксирано бидејќи се има чуство на широк пат,а албанците знаат и да си претицуваат иако има кола од другата страна.има простор и за три коли(по нивни стандарди некогаш има и дупло претицување,т.е. 4 коли на две траки)

Takov bese i Novi Sad-Horgos do pred 2-3 godini, i preteknuvanjata se odvivaa po istiot sistem kako onoj sto go kazuvas za Albanija.
Back to Top
alexr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Nov-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote alexr Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 11-Nov-2014 at 04:26
Ја пратам извесно време темава, па сакам да го изразам моето мислење за одредени работи. Како прво мора да нагласам дека е крајно позитивно што работите во однос на изградба на патишта во Македонија тргнаа од некоја мртва точка. Но не можам а да не го споменам моето чудење, а и револт за приоритетите во изборот на делниците. Не сакам да верувам дека тенденциозно се избираат одредени региони, додека други се игнорираат, но гледам дека и други членови веќе го споменаа тоа. Како пример навистина ме изненадува автопатот Штип-Скопје, а и Кичево-Охрид. Од друга страна се уште немаме автопатско поврзување со Бугарија на пример. Пелагонискиот регион (како еден од најважните) испаѓа дека моментално е најизолиран. Мислам дека се тотално неточни тврдењата дека патниот правец Битола-Прилеп-Скопје не е важен и нема голема фреквенција на возила. Па за да се стигне од Битола или Прилеп до Скопје е буквално голгота. Сите кои што возеле по Плетвар знаат, нема потреба да се објаснува. Исто така не е точно дека нема потреба од проширување на патот Битола-Прилеп до експресен пат. Не само што има потреба, туку треба да се размислува и за автопат. Воопшто не се сложувам со тврдењата на други членови дека овој пат е лесен за возење и претекнување. Напротив, иако целиот се простира на рамница, сепак е многу непрегледен со многу незгодни кривини. Се вози доста брзо и знае многу да ги залажи возачите. Едни од најстрашните сообраќајни незгоди кај нас се случиле на овој пат, и тоа од неприлагодена брзина и неправилно претекнување. За (не)квалитетот и оштетеноста на асфалтот да не зборуваме. Да не заборавиме и на одамна ветениот и долгоочекуван автопат од Прилеп до Велес преку Бабуна.

Друг игнориран патен правец е Битола-Охрид. Некој претходно спомена за жителите од Источна Македонија кои патуваат за Охрид. Мислам дека не е малку пола Македонија, плус Прилеп и Битола да не може да стигне човечки до најголемиот туристичи центар во државата. Сега се најави некоја реконструкција, но ни збор за проширување на патот.

Струмичкиот регион (исто така еден од најважните) тотално изолиран. Ај стигнете од Струмица до Охрид да ве видам.

Јас не сум експерт, ова го кажувам само како мое гледиште како обичен граѓанин. Колку што разбрав, до сега нема прецизна студија за фреквентноста и приоритетите на патните правци во државата, па се чудам зошто се избрани баш овие делници кои сега се градат. Ако пак има некакви податоци, зошто не се дадат на увид на јавноста и граѓаните, па да се види навистина кои патни правци имаат приоритет? Мислам дека револтот кај граѓаните е голем, посебно од пелагонискиот регион. Од една страна на големо се зборува за инвестиции и развој на индустриски зони (го имаме примерот со Жабени во Битола), но од друга страна имаме тотална изолација во однос на патна инфраструктура. Како ќе развиваш економија во еден град или регион ако немаш ни на видик развиена патна мрежа?

Пак ќе речам дека немам ништо против одредени региони да добијат подобри патишта, но мислам дека дефинитивно се измешани приоритетите и не е дозволиво што се запоставуваат гореспоменатите региони, особено пелагонискиот.

Edited by alexr - 11-Nov-2014 at 15:15
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 719
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 11-Nov-2014 at 11:58
Држам слична теза која веќе неколку пати сум ја споменал.

Се дури немаме јавни податоци, (доколку и воопшто постојат) за фреквентоноста на секој пат, не може да се тврди кој колку е фреквентен.

Штип, во изградба: автопат од Миладиновци-Штип, експресен Велес-Штип
во најава за следната година: експресен(или автопат) до Кочани и експресен до Радовиш.
Штип во сите насоки добива нов пат што нема ниту еден друг град толку фаворизиран од оваа власт. Не случајно Штипскиот градоначалник постојано повторува "сите патишта водат кон Штип".
Доколку се стават патарини на Миладиновци-Штип, а ќе се стават, на големо ќе се избегнува тој пат од автобуси и камјони. Преку велес од Штип до Скпје има малку километри плус, а солидна траса (ќе биде солидна в година). Требаше да се изгради обичен пат, две ленти од Миладиновци до Штип со текот на годините да се увиди потребата од автопат.
Истиот став ќе го имам пример доколку и наеднаш се гради автопат од Велес до Прилеп преку Бабуна. На место каде што досега нема никаков пат не може наеднаш да се пристапи кон изградба на автопат без никакви јавни анализи, во држава како Македонија каде што има милион други приоритети, а парите се куси.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2375
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 11-Nov-2014 at 12:18
Доколку патарината не биде поставена помеѓу Миладиновци и Горно Коњаре, автопатот и тоа како ќе се користи на оваа делница, а потоа се исклучуваш и си возиш по делницата Горно Коњаре - Сушица - Малино - Горобинци - Свети Николе.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1924
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 11-Nov-2014 at 12:33
Таква студија за искористеноста на патиштата мислам дека е правена 2006-2010 година. Еднаш дури и на телевизија некој министер или заменик (мислам дека беше Пешевски) излезе со некакви бројки за искористеноста на патиштата и рече дека во целата држава само Тетово-Гостивар ги исполнува условите на искористеност за да биде автопат.

Стратус
Инаку Миладиновци-Штип имаш пат само условите се доста лоши, односно патот е Средно Коњари - Свети Николе - Штип, ама е во многу лоша состојба поради неодржување ,но и денес е искористен од приватни автомобили и камиони кој гравитираат во тој реон. Плус има доста кривини и не е нешто широк па го избегнуваат.

Од Велес автопат према Прилеп нема да се гради ,нели гледате дека се прави проект за Градско-Прилеп тоа значи дека дефинитивно таа траса се напушта, за ова дискутиравме и на средбата пред некој ден. Мене лично не ми е јасно зашто го форсираат Градско кога главната клучка во Македонија за спој на сите градови е Велес.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.