build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопати и експресни патишта (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 07-Oct-2015 at 23:22
Во тој случај доколку економската исплатливост за аеродром во Струмица не е поголема од онаа на струмичко поле и заштитата на животната средина, тогаш нема зошто да се гради, но затоа постојат студии кои би посочиле на тоа.

Но тоа не ја оправдува идејата за градење на аеродром во Штип. За таму не е потребно студија за да ни биде јасно дека аеродром на 30 минути оддалечесност од скопскиот едноставно не е потребен, особено кога капацитетите/потенцијалите на скопскиот особено за карго превоз не се во потполност искористени.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 08-Oct-2015 at 01:18
Originally posted by FoSsiL

100+км/ч две ленти во различни правци на еден коловоз е прилично опасна работа. Некој идиот да се појави од некаде и ете ти беља.

Тука максимум 80км/ч.


Најголем безбедносен ризик според мене се лентите за застанување, кои ќе бидат се, само не тоа. Од една страна, ширината на патот ќе ги стимулира повеќето возачи на побрзо возење отколку што би возеле на класичен двосмерен магистрален пат. Од друга страна, разноразни идиоти ќе се впуштаат во секакви камикази-варијанти на претекнување, рачунајќи повторно на вкупната ширина на патот и очекувајќи дека тој од спротивниот правец ќе се тргне на лентата за застанување. Или ќе претекнуваат од десна страна. Или идиоти што ќе возат 50 или 80 km/h над дозволеното ќе очекуваат оние кои возат според пропишаната брзина да им се тргаат од патот и да си се држат до десната страна на коловозот.

Едно нешто е сигурно - полната линија помеѓу лентите за возење и просторот за застанување ќе биде тотално релативизирана.

Се прашувам кој ли идиот го измисли овој уникатен македонски формат на „експресен пат“. Ваков профил нема врска со тоа што се класифицира како експресен пат во најголем дел од светот, барем оној нормалниот свет. За жал веќе ни станува навика изградба на точно ваков формат... и сето тоа со кредити се разбира.



Originally posted by WolfLeader

Originally posted by phenomenon


Глобочица? Каде е местово?

Помеѓу крива паланка и ранковце


Да не е всушност Длабочица, а неписмените од министерството погрешно да пренеле?




Edited by Cloverstack - 08-Oct-2015 at 01:21
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2261
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 08-Oct-2015 at 09:55
Originally posted by Cloverstack



Се прашувам кој ли идиот го измисли овој уникатен македонски формат на „експресен пат“. Ваков профил нема врска со тоа што се класифицира како експресен пат во најголем дел од светот, барем оној нормалниот свет. За жал веќе ни станува навика изградба на точно ваков формат... и сето тоа со кредити се разбира.


Нема некој паметен и писмен, идиоти има колку сакаш. Инаку, за оваа делница мислам дека најсоодветен би бил ваков тип на експресен пат:



Originally posted by Cloverstack



Да не е всушност Длабочица, а неписмените од министерството погрешно да пренеле?



Токму така.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2261
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 08-Oct-2015 at 10:05
Не видов на форумов дека се дебатира за изградба на екпресен пат помеѓу Штип и Кочани. Знае ли некој дали ќе се гради или се попишманија?

http://inbox7.mk/archives/3339
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 09-Oct-2015 at 08:55
Originally posted by phenomenon

Не видов на форумов дека се дебатира за изградба на екпресен пат помеѓу Штип и Кочани. Знае ли некој дали ќе се гради или се попишманија?

http://inbox7.mk/archives/3339

Не се попишманија туку постоечкиот пат треба да се прошири и да стане на ниво експресен , а почеток на изградбата се очекува да започне 2016 година а со тој ќе започнат и неколку други ,а треба да заврши некаде до 2017 , а и според најавите следната година се очекува отпочнување на градба на доста нови и реконструкција на патишта , да се надеваме дека се ќе биде по планираното ... ))
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 12-Oct-2015 at 17:17
За разумен народ, ваков формат е доволен. Ама за некој што има пасат со најфул опрема, уникат, не е доволен.
Претпоставувам дека нема да има кривини како на постјнава траса, и ќе биде добар и за возење и за дивеење.

Сепак, мислам дека Скопје-Софија мора да има автопат. Бугарите нон стоп трубат дека сме еден народ, а за да стигнеш до Софија возиш по козји патеки.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 13-Oct-2015 at 00:23
Една убава информација стигнува од патот велес - кадрифаково,веќе неколку дена целата механизација и луѓе се префрли на третата и последна фаза , и работат турбо , само уште многу ситни делови останаа од 1 и 2 фаза , вака како што се тргнати по се изгледа ќе се заврши до предвидениот рок (мај 2016) , само во зависност е тоа како ќе ги послуже времево , дождовите што паднаа овие денови а и во наредниот период според најавите ќе има доста нестабилно време би требало да не направат некои посериозни проблеми, така што само временсите услови може да ја забават работата но се надеваме само на минимални проблеми а дај боже да не се појават никакви несакани работи, другото се оди според планираното ....
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 13-Oct-2015 at 10:09
Па редно време е да забрзаат, две години ја прават делницава.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 16-Oct-2015 at 12:21
Нека биде се сработено како што треба , тоа е нај битно , а иначе за чекањето е мање битно навикнати сме на тоа во сите полиња е така не само во ова инфраструктурно, добро е и што се прави нешто ново и на некој што му текна за инфрастукрура ,а сите знаеме зошто сега сме вака касно и да не речем по назад во ова поле за разлика од другите држави ,да не почнувам со политиката не е ни време ни место ама мислам ме разбираш што сакам да кажам , така да ако барем ништо друго сега се прави нешто што ќе биде еден вид иднината на нашата држава , бидејќи ова ќе служи за сите генерации што следат ....

Edited by WolfLeader - 16-Oct-2015 at 12:22
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 675
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 20-Oct-2015 at 09:26
Велес - Кадрифаково




Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 107
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 20-Oct-2015 at 10:02
Знае некој дали е дозволено да се вози велосипед на десната лента?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 20-Oct-2015 at 10:25
Originally posted by Navigator

Велес - Кадрифаково


Фино изгледа.

Колку километри од патот се асфалтирани? Може груба проценка, секако, не мора точно да ни кажеш. Ако знаеш или имаш некаква информација.

Edited by Џоле - 20-Oct-2015 at 10:29
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 20-Oct-2015 at 10:26
Dobro prasanje. Mislam deka vo Francija Imam videno vakvi patista kade sto e dozvoleno velosipedi, skuteri i slicno da se dvizat po ovie lenti. Neznam kolku vo toj del ima traktori i zaprezni koli i dali istite imat alternativni patista no ete i za niv bi bila edna od sloluciite. Od druga strana zagrizuva faktot sto kaj nas ne se pocituva i polna linija ni dve polni linii NISTO osven fizicka bariera taka da veruvam deka bi bilo mnogu opasno za velosipedi zatoa sto moja pretpostavka e deka na ovie patista ke bide HAOS so preteknuvanja, beganje na levo, na desno.
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 20-Oct-2015 at 11:04
Убаво изгледа, модерно и современо.

Само некое "техничко" прашање за тие што повеќе знаат - колку е стандардната ширина на лентата за застанување (вака од сликата не ми изгледа дека автомобил може да застане) и зошто левата лента не е до рабникот а за сметка на тоа не е проширена лентата за застанување?
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 675
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 20-Oct-2015 at 11:04
Originally posted by Џоле

Originally posted by Navigator

Велес - Кадрифаково


Фино изгледа.

Колку километри од патот се асфалтирани? Може груба проценка, секако, не мора точно да ни кажеш. Ако знаеш или имаш некаква информација.
Отприлика, некои 40% од патот. Барем така ми се чини. Ако Велес-Кадрифаково е 22-23км, околу 10тина се готови. Слободно нека ме поправи некој што почесто го минува овој правец, јас стварно немам многу ориентација за овој дел од државата.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 20-Oct-2015 at 11:39
Ако се веќе во 3-та фаза тогаш сигурно отприлика толку е асфалтирано.

Според мене погрешна политика околу изградбата на ваков формат на експресни патишта.Можеби сите црни точки се санирани, но сепак останувам на ставот дека требаше да добиеме современ ексресен пат а не некаква импровизација.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 713
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 20-Oct-2015 at 14:32
Вакви патишта има многу низ Грција (а и на секаде низ Европа, во последно доста и низ Албанија), каде лентата за застанување, покрај застанување се користи за движење на велосипеди, моторцикли, трактори, а дури и пешаци. Во некои моменти со цел разминување на три возила, возачите се навикнати и при возењето навлегуваат во оваа лента. Самата поголема широчина на патот овозможува посигурно возење, пред се од психичка страна на возачот.

Инаку, вака на сликите изгледа дека е пристојно направено и одбележано, единствено ме нервира што овој пат се претставува како експресен. По неговата широчина (~11м) е како пат со 3 ленти, а за екпресен треба полни 4 ленти (~14м). Во Македонија, засега, единствено патот Гостивар-Тетово задоволува стандарди на експресен пат.

Edited by stratus - 20-Oct-2015 at 14:32
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 20-Oct-2015 at 14:42
Асфалтиран е делот од велешката депонија ( крај на велешко брдо) до Лозово или одприлика некои 45% од делницата Велес - Кадрифаково.Сега се работи на третата фаза ондносно делот од Лозово до Кадрифаково(клучка со автопатот Свети Николе - Штип кој се гради во моментот.Околу форматот на патот мислам дека и сами гледате дека не е избрано најдоброто решение, бидејќи кога веќе се реконструира можело наместо 11 да бидат 12 метри широчина па фино да си има двојна неиспрекината линија на средина и две ВИСТИНСКИ ленти за возење во еден правец, но тоа е друга приказна.Сепак подобро е одколку што беше предходно, ќе остане запамтен како една од најлошите магистрали до пред реконструкцијата...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 20-Oct-2015 at 14:53
Mislam deka site sme soglasni deka profilot na patot e nesrekno izbran duri i tie leniti od stranata da se koristat za zemjodelska mehanizacija, velosipedi , skuteri i slicno. Od druga strana patot e dovolno sirok za da se izbegnat nesreki. NO poznavajki go nasiot mentalitet i soobrakjajna kultura SIGUREN sum deka mesto 100KM/h na ovaa delnica ke se LETA so poveke od 160 taka da nisto cudno mesto pobezbedna da se pretvori vo uste poopasna.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 20-Oct-2015 at 14:59
Треба да се провозите по патов да видите колку широко делува кога ќе дојдеш до него после мрцварењето по стариве регионални патишта.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.