Автопати и експресни патишта (општо) |
Post Reply | Page <12345 52> |
Author | ||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #41 Posted: 17-Feb-2013 at 11:38 | |
Ова не е експресен пат ни за балкански прилики, ни за Киргистански, туку обичен 2-лентов пат. Експресен пат е 2+2, а во некои држави на Балканот (Цловенија, Хрватска, Бугарија и Грција) терминот е и правно-законски регулиран.
|
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #42 Posted: 17-Feb-2013 at 12:19 | |
и во Македонија мислам дека е регулиран бар кога читав за дозволените брзини видов дкеа има измени од 2010 година каде што е вметната некоја регулатива за експресен пат (така е декларирана и сегашната делница Куманово-Кратово од К8).
|
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #43 Posted: 17-Feb-2013 at 12:33 | |
Значи уште полошо! Зошто е регулиран обичен пат (кој е толку застарен што не ги исполнува ни критериумите за магистрален пат), да биде категоризиран како експресен, упте помалку да биде па стандард или репер?
Експресен пат кај овие држави, а и многу други Европски е следниов пат (на кои најмногу наликува патот Тетово - Гостивар): -по две ленти во секоја насока, меѓусебно одвоени во зависоност од насоката на движење -габарит Г20, што значи напречен пресек на патот е 20 метри -една лента за движење не е потесна од 3,50 метри, значи вкупно најмалку 4*3.50=14 метри само за лентите -вкрстувања со останати форми на сообраќај само на различни нива (со помош на клучки, натпатници...) -ограда по целата должина -максимална брзина од 110-120 км/час во зависност од државата -точно определени максимални радиуси на кривините и макс. допуштени наклони на патот -.... Така што каде го класирале овој пат во било кој од овие критериуми мене не ми е јасно! Всушност воопшто не сакам такви неточни квалификации како балкански прилики, затоа што еве ги точните балкански прилики! Значи ние мора да се водиме според сиот друг свет кој не опкружува и да се усогласуваме со него, не за секое нешто да си измислуваме свои стандарди. Ако нешто се покажало како ефикасно и добро решение, зошто да не се ископира и кај нас? |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #44 Posted: 17-Feb-2013 at 17:28 | |
Андреј всушност таа делница ги исполнува скоро сите овие услови ,јас негледам каде е проблемот ако е класирана како таков пат, јас повтоно ќе кажам мислам дека прочитав така ,не сум сигурен 100%
И не се меѓународни стандарди ,да има такви но не важат за сите поради ситуацијата на терен ,неможе секој да изработи по тој терк ,всушност може но цената ќе биде 10 пати поголема него истата таа делница да се гради во друга држава и затоа има прописи кој не важат за сите земји ,особено за земја како Македонија , Црна Гора итн. |
||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #45 Posted: 17-Feb-2013 at 18:03 | |
Прочитај повторно поубаво и ќе видиш дека оваа делница не исполунва ниту еден од овие критериуми. Јас од друга страна гледам огромен проблем затоа што последнава година се прават обиди за шпекулација со терминот експресен пат кој во сите нормални држави е регулиран. Така на пример ни се нуди проширен пат од 3 ленти вкупно и без никакви раскрсници на неколку нива или разграничителни бариери како експресен пат Прилеп-Градско и Велес-Штип! Тоа не личи на ништо и е вон сите утврдени стандарди во сите европски држави!
Сега ако сакаш да останеме во група со Црна Гора тоа е твое мислење, јас мислам дека мораме да ги усогласуваме сите норми и практики со Европа, каде што толку силно се трудиме да се интегрираме. Е, на ова подрачје интеграцијата значи применување на европските стандарди, а не своеволно измислување на свои (кои чинат многу, а никако не допринесуваат за поголема безбедност или брзина)! Затоа се и вонстандардни! Edited by Andrej_LJ - 17-Feb-2013 at 18:03 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #46 Posted: 17-Feb-2013 at 22:00 | |
Моја грешка извини. Исполнува половично неколку услови.
Иначе тоа со шпекулациите го забележав и јас. Е ајде де да бидеме во група со Германија, може? Ќе правиме автопати со по 6 ленти иако реално немаме ни доволно територија за да направиме неколку такви ? Реалноста е друга ,овој терен е тежок за работа и неможе сите тие стандарди да се имплементираат. За К8 (пругата) од физибилити студиото самите Шпанци и Германци имаат напишано дека премногу пари и време би чинело да се исполнат тие стандарди кој се пропишани низ ЕУ. Црна Гора е побогата земја од нас (општо народот е побогат) ,а од друга страна теренот е горе доле исти ,па не ме зезај за еден Е65 да се изгради на балканот од Хрватска до Грчка преку Босна,Црна Гора, Косово и Македонија чини повеќе од 6 Милијарди евра (оваа сума ја читав пред некоја година во некој весник) иако Хрватска има само малку за работа поради нивните патишта, а најголемата сума е низ Црна Гора и делумно Македонија. |
||
Goran
Senior Member Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #47 Posted: 25-Feb-2013 at 03:40 | |
АВТОПАТ СО ШЕСТ ЛЕНТИ ЌЕ ГО СЕЧЕ ОВЧЕПОЛИЕТО Од Штип до Скопје за половина часВеќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во делница која ќе овозможи брзо поврзување на цела источна и југоисточна Македонија со главниот град, а корист ќе имаат не само граѓаните туку и бизнис-секторотМодерен автопат со шест ленти ќе го сече Овчеполието и ќе го сведе патувањето од Штип до Скопје на само половина час. Вкупната должина на новопроектираниот автопат ќе биде 53,5 километри и по него ќе може да се вози со брзини од 100 и 120 километри на час. Новиот пат од Миладиновци до Свети Николе ќе биде широк 29 метри, односно во двата правца ќе има по две ленти со широчина од 3,85 метри и уште една лента за забавување и за застанување, широка 2,5 метра. Вкупната широчина на коловозот за движење во еден правец ќе изнесува 10,75 метри. Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот. Марjан Блажевски http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=576CD7F74014EE4E904A81A2DA7AAE03 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #48 Posted: 25-Feb-2013 at 17:42 | |
Добро е што малку подетално е опишана трасата. Но може ли некој да ми ги протолкува овие два дела:
|
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #49 Posted: 25-Feb-2013 at 19:08 | |
две различни брзини има на автопатот9ако можи така да се наречи) Гостивар-Тетово.На левата трака од двете што ги има во правец на движење брзината е 100(ако не е променета) ама таа трака служи само за претекнување,а десната трака е со брзина 80 и таа служи за нормално движење.
Ееее,тука собраќајците си ја вадат платата-ако се движиш со 100 а непрестигнуваш,добиваш казна за возење по трака за престигнување,а ако возиш по десната со 100 км/ч добиваш казна за прекорачување на брзината. Ова најмногу се однесува на возила на фирми(комбиња,пикапи и слично) кои се редовни муштерии за казнување |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #50 Posted: 25-Feb-2013 at 20:26 | |
Да ги оставиме настрана таквите македонски „изуми“. Во текстот очигледно се лицитира со проектираната брзина на патот, а не за ајдучките замки кои потоа може да ги измисли и постави сообраќајната полиција. |
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #51 Posted: 25-Feb-2013 at 20:34 | |
можеби се работи за истиот принцип,затоа се наведени две брзини,а можеби брзините се поделени на две делници.на пример каде е порамен теренот да се ограничи на 120,а ако има некои клисури на 100.ова се само претпоставки.
Иначе кога ја прочитав оваа вест не ја постирав од причина што не верувам дека ова ќе се направи.Мислам дека е мртво слово на хартија |
||
xaoc
Newbiе Joined: 25-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #52 Posted: 25-Feb-2013 at 21:39 | |
народе има ли некој детална мапа за трасата на овој автопат? или кај би можело да се најде такво нешто?
|
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #53 Posted: 17-Apr-2013 at 22:39 | |
ПРОЛЕТНА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА Со 5.000 садници ќе се разелени автопатот "Александар Велики" Како дел од пролетната еколошка акција на ЈП "Македонски шуми", заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски, заедно со генералниот директор на ЈП Македонски шумии, Жарко Караџоски, директорот на ЈП Државни патиштаа Љупчо Ѓорѓиевски и градоначалникот на опаштина Петровец, Борче Митевски, на локација покрај наплатната рампа Петровец, засадија садници со кој ќе се разелени автопатот Александар Велики. - Задоволство е да се организира ваков тип на активност, со силен еколошки аспект. На овој начин зелениот појас ќе ја собира прашината и јаглеродниот диоксид, ублажувајќи ги негативните влијанија од издувните гасови и разубавувајќи го околниот крајолик - истакна заменик министерот Темелковски. Во своето обраќање, директорот на ЈП "Македонсаки шуми" Жарко Караџоски информираше дека за активноста се обезбедени 5.000 садници, претежно од декоративни видови (аризонски чемпрес, јасен, каталпа, келерутерија, јавор, туја), кои во соработка со ЈП Државни патишта" ќе бидат засадени покрај автопатот Катланово-Хиподром, на клучката пред и после патарината кај Петровец. Во однос на грижата за садниците, ЈП "Македонски шуми" има ангажирано свое возило - цистерна со кое ќе се врши полевање за да не дојде до сушење, додека ЈП Државни патишта" и Македонија пат", ќе се грижат за чување на садниците од физички оштетувања и корнење, како и за плевење и чистење на површината. Планирано е со акцијата да се опфати должината на целиот автопат и на тој начин директно да се влијае на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на најфрекфентната сообраќајна делница во државата, како и на урбаните населби во нејзината близина. Активно учество во акцијата земаа и членовите на Сојузот на извидници на Македонија. вечер |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #54 Posted: 29-Apr-2013 at 11:22 | |
Од Скопје до Штип ќе се стигнува за половина час
Растојанието меѓу градовите на двете крајни точки на овој автопат ќе се скуси за триесетина километри, а временски ќе се мине за исто толку минути, со што тој ќе овозможи брзо поврзување на цела источна и југоисточна Македонија со главниот град Наскоро нов автопат Модерна сообраќајница на највисоко техничко ниво ќе биде новиот автопат што наскоро ќе ги поврзува Скопје и Штип, а преку нив северниот со источниот и југоисточниот дел на државата, со што растојанието меѓу двете крајни точки ќе се скуси за триесетина километри, а временски ќе се мине за исто толку минути. Притоа, како што посочуваат во Јавното претпријатие за државни патишта, овој автопат, чија вкупна должина на делницата Миладиновци - Свети Николе - Штип е 47 километри, ќе има шест ленти и по него ќе може да се вози со брзина од 120 километри на час. Новиот автопат ќе овозможи брза комуникација и поврзување на цела источна и југоисточна Македонија со главниот град, при што главните придобивки ќе ги имаат граѓаните од овој дел на државата, но и бизнис-секторот, кој ќе добие можност за побрз транспорт на своите производи од едно подрачје што претставува голем производител на храна во земјата. Две делници Во ЈП за државни патишта велат дека веќе е подготвена комплетна ревидирана проектна документација за изградба на автопатот, кој е поделен на две делници, првата: Миладиновци - Свети Николе во должина од 26 километри, која ќе се изведува на комплетно нова траса во две коловозни ленти. И втората: Свети Николе - Штип со должина од 21 километар, на која ќе се изведува еден комплетно нов коловоз, а постојниот ќе се реконструира и проширува на профил за автопат. Новиот пат ќе биде широк 27,5 метри, односно во двата правца ќе има по две ленти со широчина од 3,75 метри и уште една лента за забавување и за застанување, широка 2,5 метри. Вкупната широчина на коловозот за движење во еден правец ќе изнесува 10,7 метри, а меѓу двата коловози ќе има и четири метри разделен (зелен) појас, односно заштитно зеленило и систем за зафаќање атмосферски води од коловозот. Предвидено е на целата делница на новиот автопат да има седум патни јазли, и тоа: Миладиновци, Средно Коњаре, Преод, Свети Николе север, Свети Николе југоисток, Кадрифаково и Три Чешми. Автопатот практично ќе почне со клучка кај селото Миладиновци, по што навлегува во долината на реката Пчиња, а преку месноста Блатски Ниви излегува кај селото Средно Коњаре, каде што ќе се гради мост. Потоа трасата оди покрај селото Сушица, сливот на Врњак и продолжува по падините на кои се селата Крушице, Преод и Сопот, од каде што се спушта во Овчеполската низина и се приближува до коритото на реката Периш, па сѐ до Свети Николе, каде што ќе се градат клучка и заобиколница. Некаде кај 40-от километар автопатот продолжува паралелно со постојниот регионален пат кон Штип, минува низ месноста Андонова Воденица, го сече потокот Немањица и покрај Кадрифаково и Криви Дол завршува во Штип. На овој дел постојниот коловоз ќе се проширува за да се добијат три ленти за движење во една насока, а во спротивната насока ќе се изведе нова коловозна лента за одвивање на сообраќајот, која во првите три километри ќе се води од левата, односно западната страна, за од тој пресек, па сѐ до крајот на делницата, да се изведе по десната, односно источната страна. Пренамена на земјиштето На трасата на новиот автопат Штип - Миладиновци веќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно и за експропријација на приватните имоти во општините Свети Николе и Штип, која во последно време беше запрена поради распишувањето на локалните избори. Инаку, вообичаено, за влијанието на новиот пат врз животната средина е направена студија, која беше изработена по нарачка на поранешната агенција (сега ЈП) за државни патишта, и таа покажала дека нема никакви еколошки пречки да почне изградбата на автопатот. Истовремено, таа предвидува на повеќе места на оваа автопатска делница да има посебни премини за животните и повеќе одводни канали и слично. Исто така, на повеќе места ќе има звучни и други сигнални уреди (особено во близина на населените места), а автопатот ќе биде обезбеден и со ограда, во дијапазон од 30 метри широчина од двете страни. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42913758159&id=10&prilog=0&setIzdanie=22868 |
||
За сè има вторпат
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #55 Posted: 29-May-2013 at 10:52 | |
Кога ќе го види човек насловот, ќе се израдува, макар што се работи само за проектирање. Ама кога ќе се стигне до делот со профилот на коловозот... не знам што да кажам навистина... кој ги измислува овие бесмислени и апсурдни решенија? Зошто измислуваме топла вода? За што точно ќе служат тие ленти од по 2,5 метри??? Зарем за отприлика истата цена и маргинално поголемо искористување на земјиште не може да се направи класичен експресен пат со профил 2х2 каде што ширината на сите ленти би била 3,5 метри и би имало средишна бариера? Таков класичен експресен пат без никаква дилема би можел да се справи со значително повеќе сообраќај, а во однос на безбедноста состојбата е неспоредлива. Онаква импровизација каква што замислиле ќе има многукратно поцрни статистики од безбедносен аспект. Која е воопшто логиката на таа чудна замисла и комбинација со лентите, каква придобивка ќе има од таквиот пристап? Има ли бре некој мозок во тие институции каде што се носат вакви крупни одлуки? Единствена утеха ми е дека ова реално нема да се реализира уште минимум 7-8 години, па до тогаш има време да се опаметиме... Edited by Cloverstack - 29-May-2013 at 10:52 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #56 Posted: 05-Jul-2013 at 16:45 | |
Автопатот до Охрид ќе се гради со кинески пари?
Македонија ќе гради два нови автопати со заем од Kина, пишува Дневник повикувајќи се на владини извори. Изградбата, според весникот ќе се финансира од фондот од 10 милијарди долари, кој кинеската влада го намени за вложување во земјите од Југоисточна Европа. Вусшност, најавите дека со пари од кинеската ЕКСИМ банка ќе се градат два автопати во земјава и тоа делницата Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид – Свети Наум се стари веќе неколку месеци, но за време на сегашната посета на владината делегација предводена од премиерот Груевски на Пекинг повторно се актуелизираат. Тој за време на средбата со кинескиот колега истакна дека кај Република Македонија постои интерес за реализација на повеќе инфраструктурни проекти кои се од значење за државата. Договорот со кој се создава правна рамка за кинеската ЕКСИМ банка да може да аплицира за овие проекти беше потпишан во ноември минатата година. Освен Македонија и другите земји од регионот се заинтересирани за користење на дел од парите кои кинеската влада ги намени за финансирање прокети во Југоисточна Европа. Во Србија со кинески кредит се гради дел од Коридорот 11. http://ekonomski.mk/?p=46190 |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #57 Posted: 14-Jul-2013 at 21:22 | |
За состојбата на автопатот во целина... ТВ прилог од Телма
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=28825 Edited by Џоле - 14-Jul-2013 at 21:47 |
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #58 Posted: 14-Jul-2013 at 21:50 | |
Инаку, вчера бев до Велешко езеро, и морам да кажам дека состојбата на делницата Скопје-Велес, со исклучок на еден дел веднаш при излезот од Скопје, е на задоволително ниво. Коловозот е обновен, а е поставена и нова патна сигнализација која ми остави добар впечаток. Исто така и тунелите се осветлени и малку потсредени.
Делницата Велес-Скопје е во очајна состојба, и моментално претставува еден голем срам за нашава земја. |
||
За сè има вторпат
|
||
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #59 Posted: 15-Jul-2013 at 09:59 | |
Има негде подетални мапи за планираниве патишта и за Демир Капиjа - Смоквица за да ги исцртам на Google Maps ?
|
||
ಠ_ಠ
|
||
gorco
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
Quote Reply #60 Posted: 15-Jul-2013 at 12:48 | |
од build.mk е ова. |
||
Post Reply | Page <12345 52> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |