build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопати и експресни патишта (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 19-Nov-2017 at 20:57
Originally posted by Cloverstack

Веројатно повеќето сте го приметиле објектов, никна пред неколку години, се наоѓа на излез од Скопје, покрај урбан автопат, непосредно пред да почне класичниот автопат.Имам неколку прашања...1. Кој го смислил ова чудо?2. Дали објектот ги поседува сите потребни дозволи?а) ако не ги поседува, зошто веќе со години не е урнат?б) ако ги поседува, зошто тие што ги издале и потпишале тие дозволи не се во затвор?3. Зошто сообраќајната полиција никогаш не интервенира барем за возилата што се паркирани на лентата за вклучување?4. Кога ќе се руши ова?(бидејќи дури и да ги поседува потребните дозволи, тие не можат да бидат валидни затоа што ова е во спротивност со којзнае колку урбанистички и сообраќајни норми и законски одредби).


Многу е едноставно решението, постави тараби, за звучна изолација на бучавата или преграда и the end!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 22-Nov-2017 at 16:47
Се бара дополнителен рок за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп

Дополнителен рок за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп побарале претставници на изведувачот на градежните работи шпанска „Рубау“ денеска на средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

На средбата, соопшти Министерството за транспорт, се разговарало за интензивирање на активностите за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп и надминување на состојбите затекнати во тек на изградбата, како експропријација, легализација и појава на археолошки наоѓалишта.

Како едно од решенијата за квалитетна изградба на овој патен правец, од страна на изведувачот е предложен нов рок за изградба, за што Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта дополнително ќе се произнесат.

- Понудија дополнителен рок во рамки на кој очекуваат да ја завршат изградбата на делницата Фаришка – Дреновска клисура од екпресниот пат Градско – Прилеп. Во наредниот период ќе ги разгледаме нивните предлози, но она што сакам да го потенцирам е дека ќе побараме од изведувачот квалитетна изградба на овој патен правец кој е многу важен за поврзување со Пелагонискиот регион - изјави Сугарески.

Со претставниците на „Рубау“ се согласиле на заедничка соработка за надминување на настанатите состојби заради побрза и поефикасна реализација на проектот.

„Рубау“ работи на изградба на 10 километри од планираните 33,5 километри експресен пат од Градско до Прилеп. Инвестицијата за првата фаза изнесува 31,8 милиони евра.

http://plusinfo.mk/vest/134708/se-bara-dopolnitelen-rok-za-izgradba-na-ekspresniot-pat-gradsko-prilep
За сè има вторпат
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 20-Dec-2017 at 09:31
Vladata ke bara grant za izgradba na avtopat Gostivar-Kicevo i rehabilitacija i prosiruvanje na regionalniot pat Kriva Palanka-Deve Bair


http://emagazin.mk/vesti/vest/42412


Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 22-Dec-2017 at 16:39
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 23-Dec-2017 at 18:20
8 клучки , помошни патишта , изградба на тунел , косините ,вијадуктите, ако се заврши Кичево-Охрид за 3 години како што велат од владата , треба да бидеме среќни..
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 23-Jan-2018 at 20:34
Број на км автопат во Европа:

Europe motorway length by European Roads, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 14-Feb-2018 at 09:19
Експресниот пат Штип – Радовиш ќе го гради австриски „Штрабаг“

Иако беше најавена за првата половина на декември, изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш не е започната до денешен ден. Австриската фирма „Штрабаг“ е избрана за најповолен изведувач на градежните работи на меѓународниот тендер организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Компанијата од Австрија доставила најниска понуда во вредност од 1.734.059.884 денари за изградба на патниот правец во должина од 23,5 километри. На меѓународниот тендер учествувале и четири други компании и конзорциуми, вклучувајќи ги бугарскиот конзорциум составен од фирмите „Агромах ЕООД“ и „Патишта Пловдив“, македонскиот конзорциум на фирмите „Гранит“ и „Бетон“, грчката компанија „Терна“ и кинески „Синохидро“.

Изведбата на идниот експресен пат Штип – Радовиш треба да заврши во рок од 36 месеци. Станува збор за целосно нова траса на потегот од селото Софилари до клучката Бучим, за кој се обезбедени финансиски средства преку подигнатиот кредит од ЕБОР. Идниот изведувач на градежните работи ќе има обврска и да го одржува патниот правец од клучката Три чешми до клучката Радовиш во период од пет години.

Проектната документација за овој експресен пат ја изработи кумановската фирма „Простор“. Идниот патен правец ќе се состои од две коловозни ленти со широчина од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри.

http://build.mk/ekspresniot-pat-shtip-radovish-ke-go-gradi-avstriski-shtrabag/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 14-Feb-2018 at 15:56
Смена на власт и одма странски фирми добиваат, штета не е трансмет или бауер. А не ни конкурирале, а конкурираа на се до сега!
Одлични вести!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 14-Feb-2018 at 18:42
Originally posted by alexsend

Смена на власт и одма странски фирми добиваат, штета не е трансмет или бауер. А не ни конкурирале, а конкурираа на се до сега!
Одлични вести!


Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 15-Feb-2018 at 12:03
Originally posted by alexsend

Смена на власт и одма странски фирми добиваат, штета не е трансмет или бауер. А не ни конкурирале, а конкурираа на се до сега!
Одлични вести!

 
Сериозно веруваш во ова што го пишуваш, или само сакаш да веруваш во тоа ?
 
Чекај да почнат градежните работи, па да видиме кои ќе бидат подизведувачите - настрана Трансмет, Бауер и таквите како нив, има и други подизведувачи кои лижат нечие партиско меѓуножје за директно или индиректно учество во изградба на јавен проект.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 15-Feb-2018 at 14:00
Австриски Штрабаг е реномирана Европска фирма , докажана во изградба на инфраструктурни проекти , како брани , тунели , автопатишта која што работи буквално низ целиот свет и е интернационална компанија , уверен сум дека овој изведувач нема да биде промашај и дека квалитетно и убаво ќе си ја заврши работата која што му е зададена. Нормално убаво би било Македонски фирми да градат кај нас , но ако стварно оваа компанија понудила најмала вредност тогаш оправдано е.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 15-Feb-2018 at 14:33
Originally posted by WolfLeader

Австриски Штрабаг е реномирана Европска фирма , докажана во изградба на инфраструктурни проекти , како брани , тунели , автопатишта која што работи буквално низ целиот свет и е интернационална компанија , уверен сум дека овој изведувач нема да биде промашај и дека квалитетно и убаво ќе си ја заврши работата која што му е зададена. Нормално убаво би било Македонски фирми да градат кај нас , но ако стварно оваа компанија понудила најмала вредност тогаш оправдано е.



Не ја ширете, изведувачот ни е доволно познат преку своето претставништво во Белград во Македонија е присутна повеќе од 5 години..., згради на Елем, автопат Велес - Ск, патот Штип - Веле и многу други рехабилитации и ново проекти.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 15-Feb-2018 at 15:06
Previous
 
Австриски Штрабаг е присутен во Македонија повеќе од 10 (ДЕСЕТ) години, еден од првите објекти кои ги градеа во Македонија беше завршување на незавршениот Македонски Трговски Центар, односно Соравија, кој беше пуштен во употреба на 30 септември 2008.


Edited by Dexter26 - 15-Feb-2018 at 15:07
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 15-Feb-2018 at 17:20
Originally posted by Dexter26


Originally posted by alexsend

Смена на власт и одма странски фирми добиваат, штета не е трансмет или бауер. А не ни конкурирале, а конкурираа на се до сега!
Одлични вести!
 Сериозно веруваш во ова што го пишуваш, или само сакаш да веруваш во тоа ?  Чекај да почнат градежните работи, па да видиме кои ќе бидат подизведувачите - настрана Трансмет, Бауер и таквите како нив, има и други подизведувачи кои лижат нечие партиско меѓуножје за директно или индиректно учество во изградба на јавен проект.


Ако изведувачот е фирма со кредибилитет нема да дозволи надзор да потпишува срања! Без оглед кој е подизведувач.

А ти во што веруваш? Дека ништо нема да чини кога било.

Edited by alexsend - 15-Feb-2018 at 17:22
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 15-Feb-2018 at 17:58
Previous
 
Јас верувам дека во Македонија - земјата на чудата - се` и сешто е возможно, освен она нормалното.
 
Па сега ти слободно проценувај ги фирмите според нивните кредибилитети и тоа дали надзор нешто потпишал и што е тоа што надзорот го потпишал.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 15-Feb-2018 at 19:51
Многу депресивен поглед кон иднината без да дадеш шанса за промени. Незнам како се будиш сабајле...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 15-Feb-2018 at 20:58
Previous
 
Се будам гледајќи го истиот статус кво од пред декември 2016 - и понатаму си гради кој, кога, каде и како сака, без никаква проверка на квалитетот на градбата.
 
Испадна дека единствено дојде живот за нови криминални и корумпирани бирократи, кои дојдоа на власт само за да заменат други криминални и корумпирани бирократи, додека во позадина остануваат истите профитери кои ги финансираат и едните и другите криминални и корумпирани бирократи, а истовремено го собираат кајмакот - добро де, со исклучок на Трансмет и некои други кои прашање на време е кога ќе се вратат на голема врата откако ќе им платат соодветна провизија на сегашниве "животоносци", исто како што и до вчера им плаќаа соодветна провизија на пвеводбениците.
 
Ти слободно нарекувај го депресивен поглед кон иднината, јас го нарекувам реалистичен поглед кон сегашноста.


Edited by Dexter26 - 15-Feb-2018 at 21:02
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 16-Feb-2018 at 19:38
Реалноста може да е депресивна, но ако и погледот кон иднината нема потреба да се будиме сабајле.

А критики кон власта мора да има СЕКОГАШ, без оглед кој е на власт. Нешто што вмровците не го сватија никогаш или не смееле да критикуваат.
Сакавме промени - имаме промени, но има и критики секој ден. И критики мора да има. Исто како и чести промени на власта. Се повеќе од два мандати е лудост. Без критики ќе забега кој и да е. Мора да бидеме бучни ова е наш Град, наша земја. Сакаме подобро.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 16-Feb-2018 at 23:52
Леле дали стварно Штрабаг српскиот го доби овој тендер ? Узалуд сум се израдувал дека конечно добра фирма ќе гради кај нас Австриски Штрабаг нема никаква допирна точка со квалитетот на изградбата со Српскиот , разлика е небо-земја , кога ќе се заврши ќе го увидете тоа ,A за кредибилетот на српската штрабаг фирма слободно извозете го катланово-велес и ќе ви стане јасно колку се кредибилни и квалитетни изведувачи Помислив на тоа но си викам не е можно бидејќи видовме како го завршија Велес-Катланово , Миладиновци-Куманово , па новата влада веќе нема да соработува со такви изведувачи , а уствари они го добиле тендерот , е стварно после ова незнам што да кажам , немој некој да ми каже дека овие биле подобри од претходните , значи до сега на една салам фирма не им е дадено да изгради нешто кај нас а и вероватно никогаш и нема КАТАСТРОФА , уште сега јасно е како ќе се гради и како ќе биде изградено нема што да се зборува.Другари никој не а оправдува претходната власт што правеше глупости , но мислевме дека новата влада ќе биде по арна од нив но уствари испаднаа исти , како да нема критики кога ги прават истите грешки како и претходните ?? Критики имало и ќе има за секој еден кој што не работи како што треба.

Edited by WolfLeader - 16-Feb-2018 at 23:56
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 17-Feb-2018 at 12:46


Sekoja rekonstrukcija e fusherajski napravena. Bitna im e cenata, a ne dzabe se vika "Kolku pari tolku muzika".
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.