build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопати и експресни патишта (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 43444546>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #881 Posted: 19-Jul-2020 at 22:35
Денко се слушаш ли што зборуваш или чисто онака ги кажуваш работиве за да те има на форумов?
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #882 Posted: 19-Jul-2020 at 23:32
Originally posted by Marxentric

Денко се слушаш ли што зборуваш или чисто онака ги кажуваш работиве за да те има на форумов?
Dete, ako imas nesto konkretno da kazes, kazi, ako ne, nemoj vaka vulgarno da nastapuvas, oti sigurno imam dvocifren broj godini poveke od tebe...
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #883 Posted: 20-Jul-2020 at 18:23
Originally posted by Denko

Dete, ako imas nesto konkretno da kazes, kazi, ako ne, nemoj vaka vulgarno da nastapuvas, oti sigurno
Ако те навредив извини, инаку алал да ти е штом на 60-70 години бараташ електронски форуми.

Edited by Marxentric - 20-Jul-2020 at 18:25
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #884 Posted: 20-Jul-2020 at 21:19
Originally posted by Marxentric

Originally posted by Denko

Dete, ako imas nesto konkretno da kazes, kazi, ako ne, nemoj vaka vulgarno da nastapuvas, oti sigurno
Ако те навредив извини, инаку алал да ти е штом на 60-70 години бараташ електронски форуми.
Gldedam deka si nov forumas i deka nekoi raboti ne ti sejasni. Probaj za pocetok da ne objavuvas prazni (nepotrebni) komentari. Inaku nemam tolku mnogu godini.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #885 Posted: 21-Jul-2020 at 22:42
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #886 Posted: 05-Sep-2020 at 09:45
БИТОЛА 15 ГОДИНИ ЧЕКА ПОВРЗУВАЊЕ СО АВТОПАТ

Некогаш и авиони се ветуваа за транспорт на туристи до Битола, a градот во 21 век останa без ниедно автопатско поврзување со другите делови од државата. Битолчани за Охрид, Прилеп, Кичево, Могила, Новаци и до грчка граница патуваат по регионални патишта.

Патот за граничниот премин Mеџитлија не е реконструиран откако е направен и пронижен е со дупки. Патот за Прилеп е двонасочен со две до три ленти. Оној што Битола ја поврзува со Ресен и Охрид пред неколку години беше реконструиран, но без проширување, делови од делницата меѓу Ресен и Охрид се тесни и со кривини, па сообраќајот се одвива бавно. До Кичево патот води низ Демир Хисар и беше рехабилитиран лани после долги години, но во рамките на неговите претходни димензии, без никакви проширувања. И за најблиските општини до Битола, Новаци и Могила водат регионални патишта низ населени места.

Вечниот проблем на секој туристички работник овде е како брзо и безбедно да се донесат туристите на посакуваната дестинација. Ова е проблем што се влечка со децении, пред се’ во централниот и југозападниот дел од земјава. Како лиценциран професионален водич со 10 годишно искуство, можам да потврдам дека единствените критики со кои се соочуваме од страна на туристите се патната инфраструктура и екологијата која е на многу ниско ниво. Додека за вториот проблем постојат многу кампањи и акции, проблемот со прастарите и ужасни патишта продолжува еве веќе трета деценија, пред сè во Охридско-Преспанскиот и Пелагонискиот Регион“, вели Горан Пинза, лиценциран туристички работник.

Тој додава дека често кај нив, но и кај туристите е присутен и стравот оти нема апсолутно никакви ознаки на патиштата, или поради ширината на коловозот.

„Во изминатите 15 години, без разлика која партија е на власт, министрите за транспорт и врски беа од Прилеп, а токму патниот правец Градско – Прилеп – Битола е еден од најризичните за патување, со нагласок на Плетвар. Никој уште не се позанимавал со реалните проблеми кои се несфатливи за модерниот свет, а тоа е да им кажеш на туристите дека патен правец од 170 км со автобус се вози за 3 и пол часа“, вели Пинза.

Таксистите апелираат во иднина Битола да добие автопат или експресни патишта.

„Потребни се побезбедни, помодерни и побрзи патишта, Можеби патот за Охрид е подобар, ама за Новаци и Могила и а оној за Меџитлија се многу стари. Кога носиме патници од надвор, коментираат дека патната инфраструктура треба да се подобри, но кога ќе ги донесеме тука добрата храна го покрива другиот впечаток“, вели Зоран Николовски, догогодишен таксист.

Очекувањата на битолчани сега се свртени кон новата власт предводена од СДСМ, која во изборната програма на последните парламентарни избори вети дека ќе изгради автопати во должина од 260 километри, меѓу кои и делницата Велес – Прилеп – Битола. Премиерот Зоран Заев уште во февруари годинава на средба со прилепските стопанственици го отвори прашањето за идејното решение за автопатското решение на делницата Битола-Прилеп-Велес, проект вреден над 600 милиони евра.

„Имајќи предвид дека источниот дел од државата автопатски е решен, западниот дел се решава со изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој ќе се прошири со делот Кичево-Гостивар, останува да се реши централниот дел, кој не е важен само за Прилеп, туку и за Скопје, Велес, Битола, Ресен и за Охрид“, рече Заев.

Изградба на автопат беше и едно од клучните ветувања и на ВМРО-ДПМНЕ која не ги доби овие избори. Ветија дека ќе вложат 3,7 милијарди денари во изградба на автопатот Прилеп-Битола и експресен пат до граничен премин Меџитлија. Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Петтата изборна единица Игор Дурловски, инаку битолчанец, на вести на телевизија во живо најавувајќи дека ќе изградат автопат за Битола се збуни и не знаеше да ги каже дестинациите низ кои ќе минува.

Во составот на новата Влада го нема досегашниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, кој е прилепчанец. За време на неговиот мандат, во јуни годинава најави дека најбрзо што е можно ќе почне рехабилитација на постоечкиот пат од Битола до граничниот премин Меџитлија, а кон крајот на јули или почетокот на август ќе заврши и проектирањето на обиколница со експресен пат од Битола за грчка граница. Рехабилитацијата на постоечкиот пат Битола- Меџитлија во должина од 13 километри ќе се финансира со 2 милиони евра средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Тој рече и дека како проектната задача на Градежниот факултет веќе се работи автопатот од Прилеп до Битола.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/bitola-15-godini-cheka-povrzuvane-so-avtopat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #887 Posted: 06-Sep-2020 at 09:11
Тендерот за „интелигентен видео-надзор“ на Коридор 10 повторно одложен за крајот на 2021 година

Втора година по ред се одложува распишувањето на меѓународниот тендер за изградба на комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот (Интелигентен транспортен систем – ИТС) на Коридорот 10. Овој пат, појавата на корона вирусот и целокупната криза што тој ја предизвика во земјава доведоа до ново одложување на објавата на тендерот, со кој на автопатот од Табановце до Гевгелија треба да се зголеми безбедноста во сообраќајот преку воведување на контрола и информирање за временските неприлики, застој на патот, контрола при транспортот на опасни материи и мерење густина на сообраќај и тежина на товарни возила.

Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ информираат дека распишувањето на тендерот за воведување на ИТС е одложено за крајот на 2021 година, но сепак тие очекуваат проектот да се реализира во рок од една година. Од ова министерство очекуваат дека ветениот рок до крајот на 2022 година за пуштање во употреба на ваквиот систем нема да биде пролонгиран.

„Мета.мк“ во изминатиов период во неколку наврати ја третираше темата за безбедноста на сообраќајот на македонските патишта, при што особен акцент ставивме токму на Интелигентниот транспортен систем. Станува збор за проект што ќе овозможи од контролен центар да се следи сообраќајот и временските услови на автопатот во текот на 24 часа. Преку поставените камери, операторите од контролниот центар ќе можат да го регулираат, пренасочуваат или стопираат сообраќајот во случај на вонреден настан. Сите информации за вонредни настани ќе им се објавуваат на возачите преку електронските знаци што ќе бидат поставени долж патот, на потегот од Табановце до Гевгелија. Воедно, на автопатот ќе се постават СОС – телефони, преку кои возачите ќе можат да пријават несреќа на патот или дефект на нивното возило.

Воведувањето на ИТС на Коридорот 10 ќе чини 18,6 милиони евра. Проектната документација за новиот систем ја изработиле Градежниот институт Македонија и „Promel Sistemi“ од Загреб, додека Градежниот факултет при УКИМ лани ја заврши ревизијата на изработената документација.

Меѓународниот тендер за избор на изведувач најпрво беше најавен за 2019 година, по што неговото распишување беше одложено за првата половина од 2020 година, а потоа и за крајот на годинава. Главен бенефит од воведувањето на ИТС ќе биде намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи на автопатот, како и бројот на загинати и повредени лица во незгодите. Дополнителен адут на идниот проект е планираното намалување на емисиите на испуштениот јаглерод диоксид од страна на возилата.

https://meta.mk/tenderot-za-inteligenten-video-nadzor-na-koridor-10-povtorno-odlozhen-za-krajot-na-2021-godina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #888 Posted: 11-Sep-2020 at 15:16
ПАТОТ ПРЕКУ ПЛЕТВАР ЌЕ СЕ ПРОШИРИ СО ТРЕТА ЛЕНТА, ЗАСЕГА НЕМА ДА БИДЕ АВТОПАТ, НАЈАВИ БОЧВАРСКИ

Патот преку планинскиот превој Плетвар, најпроблематичниот дел од сообраќајната врска меѓу Битола и Скопје, засега нема да биде дел од автопатското решение, туку ќе се прошири со трета лента. Запрашан кога битолчани ќе добијат автопат до Скопје, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека се изработува проектна задача за автопат Битола-Прилеп, за двете делници од Прилеп до Градско е распишан тендер и се водат преговори со друга фирма оти со претходните изведувачи имало доста проблеми, а Плетвар останува да се прошири со трета лента.

„Ќе биде објавена постапка и за третата лента на Плетвар, со што ќе направиме едно подобро, помодерно и побрзо решение. Можам да ги убедам граѓаните дека ќе направиме сѐ за патната инфраструктура во овој дел да ја направиме за почит и на која нема да се случуваат застои и сообраќајни несреќи“, рече Бочварски, кој денеска направи увид во реконструкцијата на улицата Партизанска во Битола.

За да се изработи автопат преку Плетвар, има сериозни предфази, а треба да се обезбедат и средства, кажа Бочварски.

„Прво, Градежен факултет треба да најде решение, да се изјасни за овој дел. Треба да се направи проектна задача, да се изготви основен, инфраструктурен проект, да се изврши експропријација, да се издадат одобренија и да се најдат средства за финансирање. Но, јас ќе работам на овој проект. Вложувањата во патната инфраструктура враќаат три и пол пати повеќе средства во економијата“, рече министерот за транспорт и врски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/patot-preku-pletvar-ke-se-proshiri-so-treta-lenta-zasega-nema-da-bide-avtopat/
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #889 Posted: 11-Sep-2020 at 18:22
Знае ли овој што зборува? каква трета лента на Плетвар? Па плетвар одамна има трета лента, од двете страни на превојот. Ете толку му е грижа него за патот, не се ни информирал каде се наоѓа превојот па тропа глупости за автопат преку Плетвар. Штипјанец ке се заложел за автопат Скопје - Битола, аха сигурно.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 166
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #890 Posted: 11-Sep-2020 at 18:39
Убаво знае што зборува... Мисли на трета лента таму каде што нема, а на добар дел нема трета лента..
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 987
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #891 Posted: 11-Sep-2020 at 20:27
Ако со претходниот малку тргна работата, со овој ќе запре
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #892 Posted: 11-Sep-2020 at 20:55
Kade na Pletvar nema treta lenta, Samo od kamenolomot kaj trojaci 4 kilometri na prava delnica, a Pletvar e 32 kilometri ako e to dobar del neka se koncentrira na nego pa neka se fali posle. Najmaliot problem e toj del

Citat. За да се изработи автопат преку Плетвар, има сериозни предфази, а треба да се обезбедат и средства, кажа Бочварски.

Idejata za avtopat e da ne se odi preku Pletvar tuku preku Babuna i so toa mnogu se krati od patot do Veles
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #893 Posted: 11-Sep-2020 at 21:53
Originally posted by Vasilij

Убаво знае што зборува... Мисли на трета лента таму каде што нема, а на добар дел нема трета лента..


Се јави и портпаролот на власта . Ај сега одговори на претходната дискусија што ја имавме.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #894 Posted: 12-Sep-2020 at 09:56
Poradi likovi kako Bocvarski ova parce zemja e vukojebina. I ne e najgolem problem sto takvite gi ima mnogu tuku sto nekoi od niv uspevaat da stanat ministri.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #895 Posted: 12-Sep-2020 at 10:27

Бооо го отепавте чоеко! Не му го знам минатото, ама до толку да не чини?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #896 Posted: 12-Sep-2020 at 12:05
Originally posted by гитардемон


Бооо го отепавте чоеко! Не му го знам минатото, ама до толку да не чини?
Jako minato ima, butkanje po partiski odbori i komiteti... Edna korektna reсeniсa ne znae da sklopi...
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 166
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #897 Posted: 13-Sep-2020 at 09:56
Originally posted by Marxentric

Originally posted by Vasilij

Убаво знае што зборува... Мисли на трета лента таму каде што нема, а на добар дел нема трета лента..


Се јави и портпаролот на власта . Ај сега одговори на претходната дискусија што ја имавме.



Во некаков облик, наведува проф. Огњеновиќ, изненадување е делницата Велес-Прилеп-Битола, особено поради фактот што веќе во фаза на изведба е експресниот пат Градско-Прилеп, делници каде што во овој момент има само две сообраќајни ленти, па се поставува прашањето дали воопшто ни е потребна автопатска делница Велес-Прилеп-Битола во услови на постоење на ескпресен пат, во комбинација со пат со три сообраќајни ленти Градско-Прилеп. Секако пред да започне градежното проектирање, треба да се изработи студија за оправданост на оваа делница, посочува професорот.


https://nezavisen.mk/izgradba-no-i-redovno-odrzhuvanje-na-patishtata-so-voveduvanje-novi-tehnologii/

Еминентни професори го делат моето размислување. А тоа е дека потребно е да се интензивираат работите и да се заврши експресниот пат Градско - Прилеп како и да се реконструира и прошири кај што требе постојниот.
За држава како нашата автопат Велес -Прилеп во моментот е прескапа работа поготово ако се знае дека се уште се плаќаат делниците во изградба и дека приоритет е коридорот 8 односно реконструкција на Тетово - Гостивар како и завршување на експресниот пат на источниот крак Куманово - Деве Баир.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #898 Posted: 13-Sep-2020 at 10:21
Ако Прилеп Градско го сметате за нормален пат и притоа не сакате нов автопат, тогаш не заслужуваме нови патишта.

Па тој Прилеп Градско е толку ужасен пат што страв ми е да го возам.
Прво, иако на добар дел има три ленти, сепак патот е со претерано остри кривини.
Брзината на нормално движење е околу 70 км/ч. Плус постојано има ограничувања на брзините од 50 до 70 км/ч. На тој пат не ни има ограничување од брзината во најмала рака од 80 км/ч.

Потоа, само тие возила што се движат во правец кон Прилеп имаат бенефит од таа трета лента, додека пак оние што возат према Градско е катастрофа за возење бидејки во добар дел е полна линија па престигнувањето е на ризик да не те упеца полиција и отиде возачката.
Додатен ризик е тоа што тие што возат кон Прилеп таа лента постојано им е на располагање за престигнување, така да ризикот од сообраќајни несреќи исто така не е намален.
Исто така кон Градско заради преострите кривини, товарните возила и автобусите најчесто се движат со 50-60 км/ч.
Ако ти се погоди 2-3 камиони и автобус, отиде јабана, престигнувањето ти е како што реков на огромен ризик од казна од полиција на полна линија, успат со доста возила од спротивна насока, особено ако станува збор за петок кога многу возила се враќаат назад од Скопје кон Прилеп и Битола.

Да не сакате нов пат, особено автопат и да го одобрувате постоечкиов Прилеп Градско не знам што повеќе да кажам.

Почнете да го возите овој пат барем по 3-4 пати месечно па ќе видите како ќе ви се збогтиса возењето по овој пат.

Искрено јас од овој пат имам фобија бидејќи заради горенаведените причини има доста нетрпеливи возачи особено со помоќни коли кои се решаваат на ризични маневри да престигнуваат и по 3-4 товарни возила одеднаш.

Ама вие си знаете, возете си го овој преопасен пат со преостри кривини и голем ризик од сообраќајни несреќи.

Од друга страна кукате за Катланово-Велес дека не чини и дека треба нова автопатска делница кон Велес паралелно со тој Велес-Скопје, а го оправдувате користењето на Градско-Прилеп кој е доста оптеретен пат.

Не знам што понатаму да кажам.


Распрашајте се по луѓе што го користат патов по повеке од 4-5 пати во месецот, па ќе ви кажат какви се не ризични ситуации се случуваат на овој пат.
А не некој професор што еднаш во годината ако го провози или воопшто не вози, па студии ќе правел.

Автопат од друга страна додава сигурност.
Знаеш дека си физички одвоен од другата страна.
Знаеш дека можеш да возиш 120 км/ч наспроти просечните 60-70 км/ч на постоечкиот пат.
Тоа допринесува да се скрати патувањето до Прилеп и Битола сигурно за околу 30тина минути.
Тоа ќе придонесе без проблем да запалам кола ако ми текне да се прошетам до Прилеп, Битола, Крушево.


Еве ви ситуација од овој пат како што наведов во постов: https://youtu.be/wClpfOB12nY?t=5404

На 1:30:04 е моментот.

Edited by FiLo - 13-Sep-2020 at 10:32
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #899 Posted: 13-Sep-2020 at 11:08
Изградба, но и редовно одржување на патиштата со воведување нови технологии

Да се реализираат тековните изградби на автопатиштата, да се направи проширување на одредени делници, да продолжат инвестиците во локалните патишта, но и да се работи на редовно одржување што моментно е рак рана на патиштата, препорачува професорот на Градежниот факултет Скопје при УКИМ д-р Слободан Огњеновиќ кој за МИА ја анализираше програмата на Владата во транспортната инфраструктура.

Со програмата е најавено дека наредните четири години ќе продолжи спроведувањето на десетгодишната стратегија за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност, преку крупни инвестиции во висина од дополнителни две милијарди евра. Во програмскиот столб „сигурен транспорт“ се ветува изградба на автопати во должина од 260 километри, инвестиции во 950 километри локални патишта, проширување на 300 километри експресни и регионални патишта, како и обнова на патни правци во должина од 1.500 километри.

Конкретно, се планира да продолжи изградбата на автопатите Кичево – Охрид, каде се завршени 80-тина проценти од работите, a за летниот перод се најавуваше возење по првите 30 километри и Скопје- Блаце, каде се во тек подготвителни активности. Се планира изработка на проектна документација за нова автопатска делница Велес – Прилеп – Битола, Струга-Требеништа, Струга – Ќафасан, Гостивар – Кичево и Тетово – Гостивар.

-Во однос на изградбата на автопатската мрежа секако дека треба да се реализираат делниците кои што се во фаза на изградба Кичево-Охрид и Скопје-Блаце, иако на делницата Скопје-Блаце во моментов се работи само на околу два километра од границата со Косово, а останатиот дел кон Скопје е во фаза на изработка на проектна документација. Исто така, добро е да се реализира и проширувањето на автопатот Гостивар-Тетово до полн профил со потребната ширина на средната разделна и со ленти за принудно застанување. Што се однесува до делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, таа треба да се надоврзе на делницата Кичево-Требеништа, затоа што во крајна линија, главна сообраќајна делница е Кичево-Ќафасан, а делницата Требеништа-Охрид е само крак од Коридорот 8, вели Огњеновиќ за МИА.

За Коридорот 8, дополнува, добро е што е во фаза на изработка проектна документација за делницата Букојчани-Кичево. На делницата Гостивар-Букојчани, според прелиминарните сознанија од 2014-2015 година, потребни се дополнителни истражувања од аспект на заштита на животна средина (постоење пештери, растенија од ендемски карактер). Успех ќе биде, укажува, доколку во наредниот период бидат извршени тие истражувања, кои се од исклучителна важност за проектантите.

Во некаков облик, наведува проф. Огњеновиќ, изненадување е делницата Велес-Прилеп-Битола, особено поради фактот што веќе во фаза на изведба е експресниот пат Градско-Прилеп, делници каде што во овој момент има само две сообраќајни ленти, па се поставува прашањето дали воопшто ни е потребна автопатска делница Велес-Прилеп-Битола во услови на постоење на ескпресен пат, во комбинација со пат со три сообраќајни ленти Градско-Прилеп. Секако пред да започне градежното проектирање, треба да се изработи студија за оправданост на оваа делница, посочува професорот.

Препорачува насоката од автопатот Велес-Катланово да се догради до ниво на полн профил на автопат ( за насока од Катланово кон Велес), а постоечката насока од Катланово кон Велес да се користи како алтернативен пат. Имено, на постоечкиот пат Катланово-Велес, имаме ограничување на брзината од 50 километри на час, а автопатиштата треба да обезбедат брзина од најмалку 80 километри на час. Исто така, укажува, на делницата од Миладиновци кон Куманово недостига лента за принудно застанување која во наредниот период секако треба да се изведе.

Според програмата на Владата, во делот за плановите за изградба и проширување на експресни и регионални патишта ќе се работи на делниците Смоквица – Струмица – Ново Село, обиколницата Битола – Меџитлија, Штип – Радовиш во изградба, Извор-Бошков Мост, како и на експресниот пат Штип – Кочани, каде првата делница Штип – Крупиште е пуштена во употреба, а ќе продолжат работите на делницата Крупиште – Кочани.

Се ветува и продолжување на работите на делниците Куманово – Крива Паланка, Куманово – Ранковце и и Ранковце – Крива Паланка (во изградба), Делчево – Кочани, Градско – Прилеп (во изградба) и обиколница Тетово (клучка Требош-Порој-Непроштено). Во плановите на Владата е ставен и патот Тетово-Призрен, каде, како што стои во програата, врз основа на физибилити студија, заедно со косовската страна ќе анализираат што е економски оправдано решение.

-Што се однесува до делот за градење експресни и регионални патишта, најпрво е нејасно зошто се ставени во иста група во Програмата, затоа што по сите параметри (сообраќајни, градежни, административни, економски…) драстично се разликуваат. Во крајна линија, изградбата на експресни патишта е само фаза од изведба на автопат во полн профил во иднина. Без оглед на тоа, тука нема изненадувања. Наведените делници се или во фаза на изведба или за најголем дел од нив веќе постои проектна документација, вели професор Огњеновиќ.

Според плановите на Владата, кај локалните патишта се планираат активности во должина од 950 километри.

– Владата ќе ги продолжи инвестициите преку коишто во изминатите три години работевме на изградба на локални патишта низ целата држава со цел подобрување на условите за живот. Преку оваа програма веќе се обезбедија средства за рехабилитација на преку 450 километри локални патишта и улици, со што ќе се овозможи полесен и побезбеден пристап на граѓаните до болници, училишта, спортски објекти, културни и верски центри и други објекти од јавен и општествен интерес. Секоја општина од вкупниот износ од 70 милиони евра ќе има на располагање финансиски средства во висина од 500 000 евра до најмногу 1 600 000 евра за изградба и санација на локалните улици и патишта. Еден дел од тие средства интервентно беа насочени кон справување со светската пандемија, во договор со Светска банка и за овие средства, како и за дополнителни средства за уште 500 километри локални патишта, Владата ќе обезбеди дополнителни финансиски средства, стои во програмата.

Како што вели Огњеновиќ, во локалната патна мрежа и тоа како се потребни инвестиции. Во минатото, во периодот од 2008-2011 имаше инвестиции во локалната патна мрежа и добро е што овие инвестиции се застапени и во оваа Програма на Владата. Она на што треба да се води сметка е контролата на финансиските средства, односно средствата предвидени за локалните патишта да се искористат согласно нивната намена, а не за други потреби на општините, посочува професорот.

-Она што во Програмата не е спомнатo е рак раната на патиштата кај нас, а тоа е редовното одржување. Во таа насока, потребно е воведување на технологии, кои во европските земји се применуваат децении наназад кои имаат за цел пролонгирање на примена на рехабилитацијата како најскапа мерка за одржување, а притоа патот во целиот тој период е во добра состојба. Факт е дека во овој момент, по завршувањето на изведбата на нови или рехабилитацијата на постоечки патишта, освен крпење ударни дупки и чистење одрони практично ништо друго не се изведува, што придонесува кон брзата појава на оштетувања патиштата, вели Огњеновиќ.

Рехабилитација на патиштата, појаснува, е едноставно кажано инвестициско одржување на патиштата. Тоа се редовни активности на одржување кои што значат продолжување на векот на траење на патот со цел намалување на трошоците на корисниците во однос на времето на патување, трошоците за амортизација на возилата, потрошувачка на гориво итн. Во таа насока, како што вели, рехабилитации треба редовно да се изведуваат согласно програмата за одржување.

Со планот за рехабилитација на патишта во должина од 1500 километри се опфатени делниците: Катланово – Петровец, Хиподром – Петровец, Миладиновци – Петровец, Миладиновци – Хиподром, Скопје – Блаце, Катланово – Велес, Велес – Градско – Неготино – Демир Капија, Битола – Демир Хисар, Крушево – Демир Хисар, Другово – Демир Хисар, Кривогаштани – Крушево, Крушево-Слива-Пуста Река, Битола и граничниот премин со Грција, Фаришка Клисура – Прилеп, Карпалак – Желино.

Предвидена е обнова и на патиштата Мислодежда – Збажди, Подмоље – Струга – Ќафасан, Охрид – Св.Наум, Кичево-Македонски Брод, Маврови Анови – Жировница, Никифорово – Леуново – Бунец, Узем – Тораница, Македонска Каменица – Саса, Куманово – Страцин, Кочани – Пониква, Струмица – Берово, Свети Николе – Неокази, Кондово – Радуша, Гевгелија – Богданци, автопатот Табановце – клучка Т, автопатот Карпалак – Желино.

Паралелно со ова, како што стои во програмата, Владата ќе инвестира и во изградба на мостови, но и санирање на црни точки и генерално инвестирање во зголемување на безбедноста на сообраќајот по нашите патишта. Тоа ќе започне со изградба на интелигентен транспортен систем (ИТС) на Коридор 10. Системот предвидува контрола и информирање при временски неприлики, застој на патот, мерење густина на сообраќај и тежина на тешки возила, контрола при транспорт на опасни материи и друго.

Според Огњеновиќ, изведбата на ИТС и тоа како ќе ја зголеми безбедноста на Коридорот 10, но потенцира дека мора да се применуваат и сите други мерки за зголемување на безбедноста на сите останати патишта. Притоа мораме да ги користиме искуствата на земјите кои во таа смисла се далеку понапред од нас. Во овој момент зголемувањето на безбедноста е врвен приоритет во развиените европски земји

Посебен фокус, како што стои во програмата, ќе се стави на реновирање и проширување на двата гранични премини Ќафасан и Деве Баир со што ќе се подобрат условите за работа во административните објекти, ќе се олеснат царинските формалности и ќе се овозможи побрз проток на луѓе и стоки. До крајот на годинава ќе се направи студијата за идниот развој и проширување на капацитетите на граничните премини, со конкретни препораки за идни вложувања и можности за заеднички гранични премини. Во таа насока, ќе се анализира можното проширување на капацитетите на граничниот премин Јажинце заедно со патниот правец Тетово-Јажинце и отворање на граничниот премин Лојане-Миратовац.

https://www.24.mk/details/izgradba-no-i-redovno-odrzhuvanje-na-patishtata-so-voveduvanje-novi-tekhnologii
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 987
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #900 Posted: 13-Sep-2020 at 16:56
Originally posted by гитардемон


Бооо го отепавте чоеко! Не му го знам минатото, ама до толку да не чини?


Првин тргни од тоа Не го знаеш човекот, а човеков бил 3 години градоначалник на Штип. Знаеш со што се има фалено таму, со 1000 квадратни метри нов асфалт
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 43444546>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.249 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.