build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопати и експресни патишта (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 444546
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
none_ski View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 17-Jan-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote none_ski Quote  Post ReplyReply #901 Posted: 14-Sep-2020 at 08:42
од мислења на ЕМИНЕНТНИ професори, од проекти на ЕМИНЕНЕТНИ проектанти и од ревизии на ЕМИНЕНТНИ ревиденти (кои всушност се ЕМИНЕНТНИТЕ професори) нашето градежништво е на ова дереџе на кое што е.
the more you use your brain, the more brain you will have to use.
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #902 Posted: 14-Sep-2020 at 09:13
Originally posted by FiLo


Распрашајте се по луѓе што го користат патов по повеке од 4-5 пати во месецот, па ќе ви кажат какви се не ризични ситуации се случуваат на овој пат.
А не некој професор што еднаш во годината ако го провози или воопшто не вози, па студии ќе правел.



На 1:30:04 е моментот.


Токму така пријателе, тоа е вистинското објаснување, еднаш мора да заврши креирањето инфраструктурна политика само од канцеларија, мора повеќе проектантите и професорите да одвојат повеќе време на терен, за да ја видат состојбата.

А за степенот до кој е уништен асфалтот на Плетвар од каменолом до влезот на Прилеп е излишно да се објаснува. Човек да помисли дека дистрибутерите на стабилизаторри, амортизери и други делови за автомобили се лобито кое не дозволува рехабилитација на овој патен правец.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #903 Posted: 15-Sep-2020 at 15:45
Originally posted by stef4o

Изградба, но и редовно одржување на патиштата со воведување нови технологии

Да се реализираат тековните изградби на автопатиштата, да се направи проширување на одредени делници, да продолжат инвестиците во локалните патишта, но и да се работи на редовно одржување што моментно е рак рана на патиштата, препорачува професорот на Градежниот факултет Скопје при УКИМ д-р Слободан Огњеновиќ кој за МИА ја анализираше програмата на Владата во транспортната инфраструктура.

Со програмата е најавено дека наредните четири години ќе продолжи спроведувањето на десетгодишната стратегија за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност, преку крупни инвестиции во висина од дополнителни две милијарди евра. Во програмскиот столб „сигурен транспорт“ се ветува изградба на автопати во должина од 260 километри, инвестиции во 950 километри локални патишта, проширување на 300 километри експресни и регионални патишта, како и обнова на патни правци во должина од 1.500 километри.

Конкретно, се планира да продолжи изградбата на автопатите Кичево – Охрид, каде се завршени 80-тина проценти од работите, a за летниот перод се најавуваше возење по првите 30 километри и Скопје- Блаце, каде се во тек подготвителни активности. Се планира изработка на проектна документација за нова автопатска делница Велес – Прилеп – Битола, Струга-Требеништа, Струга – Ќафасан, Гостивар – Кичево и Тетово – Гостивар.

-Во однос на изградбата на автопатската мрежа секако дека треба да се реализираат делниците кои што се во фаза на изградба Кичево-Охрид и Скопје-Блаце, иако на делницата Скопје-Блаце во моментов се работи само на околу два километра од границата со Косово, а останатиот дел кон Скопје е во фаза на изработка на проектна документација. Исто така, добро е да се реализира и проширувањето на автопатот Гостивар-Тетово до полн профил со потребната ширина на средната разделна и со ленти за принудно застанување. Што се однесува до делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, таа треба да се надоврзе на делницата Кичево-Требеништа, затоа што во крајна линија, главна сообраќајна делница е Кичево-Ќафасан, а делницата Требеништа-Охрид е само крак од Коридорот 8, вели Огњеновиќ за МИА.

За Коридорот 8, дополнува, добро е што е во фаза на изработка проектна документација за делницата Букојчани-Кичево. На делницата Гостивар-Букојчани, според прелиминарните сознанија од 2014-2015 година, потребни се дополнителни истражувања од аспект на заштита на животна средина (постоење пештери, растенија од ендемски карактер). Успех ќе биде, укажува, доколку во наредниот период бидат извршени тие истражувања, кои се од исклучителна важност за проектантите.

Во некаков облик, наведува проф. Огњеновиќ, изненадување е делницата Велес-Прилеп-Битола, особено поради фактот што веќе во фаза на изведба е експресниот пат Градско-Прилеп, делници каде што во овој момент има само две сообраќајни ленти, па се поставува прашањето дали воопшто ни е потребна автопатска делница Велес-Прилеп-Битола во услови на постоење на ескпресен пат, во комбинација со пат со три сообраќајни ленти Градско-Прилеп. Секако пред да започне градежното проектирање, треба да се изработи студија за оправданост на оваа делница, посочува професорот.

Препорачува насоката од автопатот Велес-Катланово да се догради до ниво на полн профил на автопат ( за насока од Катланово кон Велес), а постоечката насока од Катланово кон Велес да се користи како алтернативен пат. Имено, на постоечкиот пат Катланово-Велес, имаме ограничување на брзината од 50 километри на час, а автопатиштата треба да обезбедат брзина од најмалку 80 километри на час. Исто така, укажува, на делницата од Миладиновци кон Куманово недостига лента за принудно застанување која во наредниот период секако треба да се изведе.

Според програмата на Владата, во делот за плановите за изградба и проширување на експресни и регионални патишта ќе се работи на делниците Смоквица – Струмица – Ново Село, обиколницата Битола – Меџитлија, Штип – Радовиш во изградба, Извор-Бошков Мост, како и на експресниот пат Штип – Кочани, каде првата делница Штип – Крупиште е пуштена во употреба, а ќе продолжат работите на делницата Крупиште – Кочани.

Се ветува и продолжување на работите на делниците Куманово – Крива Паланка, Куманово – Ранковце и и Ранковце – Крива Паланка (во изградба), Делчево – Кочани, Градско – Прилеп (во изградба) и обиколница Тетово (клучка Требош-Порој-Непроштено). Во плановите на Владата е ставен и патот Тетово-Призрен, каде, како што стои во програата, врз основа на физибилити студија, заедно со косовската страна ќе анализираат што е економски оправдано решение.

-Што се однесува до делот за градење експресни и регионални патишта, најпрво е нејасно зошто се ставени во иста група во Програмата, затоа што по сите параметри (сообраќајни, градежни, административни, економски…) драстично се разликуваат. Во крајна линија, изградбата на експресни патишта е само фаза од изведба на автопат во полн профил во иднина. Без оглед на тоа, тука нема изненадувања. Наведените делници се или во фаза на изведба или за најголем дел од нив веќе постои проектна документација, вели професор Огњеновиќ.

Според плановите на Владата, кај локалните патишта се планираат активности во должина од 950 километри.

– Владата ќе ги продолжи инвестициите преку коишто во изминатите три години работевме на изградба на локални патишта низ целата држава со цел подобрување на условите за живот. Преку оваа програма веќе се обезбедија средства за рехабилитација на преку 450 километри локални патишта и улици, со што ќе се овозможи полесен и побезбеден пристап на граѓаните до болници, училишта, спортски објекти, културни и верски центри и други објекти од јавен и општествен интерес. Секоја општина од вкупниот износ од 70 милиони евра ќе има на располагање финансиски средства во висина од 500 000 евра до најмногу 1 600 000 евра за изградба и санација на локалните улици и патишта. Еден дел од тие средства интервентно беа насочени кон справување со светската пандемија, во договор со Светска банка и за овие средства, како и за дополнителни средства за уште 500 километри локални патишта, Владата ќе обезбеди дополнителни финансиски средства, стои во програмата.

Како што вели Огњеновиќ, во локалната патна мрежа и тоа како се потребни инвестиции. Во минатото, во периодот од 2008-2011 имаше инвестиции во локалната патна мрежа и добро е што овие инвестиции се застапени и во оваа Програма на Владата. Она на што треба да се води сметка е контролата на финансиските средства, односно средствата предвидени за локалните патишта да се искористат согласно нивната намена, а не за други потреби на општините, посочува професорот.

-Она што во Програмата не е спомнатo е рак раната на патиштата кај нас, а тоа е редовното одржување. Во таа насока, потребно е воведување на технологии, кои во европските земји се применуваат децении наназад кои имаат за цел пролонгирање на примена на рехабилитацијата како најскапа мерка за одржување, а притоа патот во целиот тој период е во добра состојба. Факт е дека во овој момент, по завршувањето на изведбата на нови или рехабилитацијата на постоечки патишта, освен крпење ударни дупки и чистење одрони практично ништо друго не се изведува, што придонесува кон брзата појава на оштетувања патиштата, вели Огњеновиќ.

Рехабилитација на патиштата, појаснува, е едноставно кажано инвестициско одржување на патиштата. Тоа се редовни активности на одржување кои што значат продолжување на векот на траење на патот со цел намалување на трошоците на корисниците во однос на времето на патување, трошоците за амортизација на возилата, потрошувачка на гориво итн. Во таа насока, како што вели, рехабилитации треба редовно да се изведуваат согласно програмата за одржување.

Со планот за рехабилитација на патишта во должина од 1500 километри се опфатени делниците: Катланово – Петровец, Хиподром – Петровец, Миладиновци – Петровец, Миладиновци – Хиподром, Скопје – Блаце, Катланово – Велес, Велес – Градско – Неготино – Демир Капија, Битола – Демир Хисар, Крушево – Демир Хисар, Другово – Демир Хисар, Кривогаштани – Крушево, Крушево-Слива-Пуста Река, Битола и граничниот премин со Грција, Фаришка Клисура – Прилеп, Карпалак – Желино.

Предвидена е обнова и на патиштата Мислодежда – Збажди, Подмоље – Струга – Ќафасан, Охрид – Св.Наум, Кичево-Македонски Брод, Маврови Анови – Жировница, Никифорово – Леуново – Бунец, Узем – Тораница, Македонска Каменица – Саса, Куманово – Страцин, Кочани – Пониква, Струмица – Берово, Свети Николе – Неокази, Кондово – Радуша, Гевгелија – Богданци, автопатот Табановце – клучка Т, автопатот Карпалак – Желино.

Паралелно со ова, како што стои во програмата, Владата ќе инвестира и во изградба на мостови, но и санирање на црни точки и генерално инвестирање во зголемување на безбедноста на сообраќајот по нашите патишта. Тоа ќе започне со изградба на интелигентен транспортен систем (ИТС) на Коридор 10. Системот предвидува контрола и информирање при временски неприлики, застој на патот, мерење густина на сообраќај и тежина на тешки возила, контрола при транспорт на опасни материи и друго.

Според Огњеновиќ, изведбата на ИТС и тоа како ќе ја зголеми безбедноста на Коридорот 10, но потенцира дека мора да се применуваат и сите други мерки за зголемување на безбедноста на сите останати патишта. Притоа мораме да ги користиме искуствата на земјите кои во таа смисла се далеку понапред од нас. Во овој момент зголемувањето на безбедноста е врвен приоритет во развиените европски земји

Посебен фокус, како што стои во програмата, ќе се стави на реновирање и проширување на двата гранични премини Ќафасан и Деве Баир со што ќе се подобрат условите за работа во административните објекти, ќе се олеснат царинските формалности и ќе се овозможи побрз проток на луѓе и стоки. До крајот на годинава ќе се направи студијата за идниот развој и проширување на капацитетите на граничните премини, со конкретни препораки за идни вложувања и можности за заеднички гранични премини. Во таа насока, ќе се анализира можното проширување на капацитетите на граничниот премин Јажинце заедно со патниот правец Тетово-Јажинце и отворање на граничниот премин Лојане-Миратовац.

https://www.24.mk/details/izgradba-no-i-redovno-odrzhuvanje-na-patishtata-so-voveduvanje-novi-tekhnologii


Убаво објаснето!
100% се сложувам со тебе.

Дефинитивно треба нова автопатска врска Велес - Битола, па и до грчката граница незнам што се одлучија да биде експресен пат, ама ок.


Гледајте ги нештата и од друга страна. Можеби автопат до Битола па и не треба. Да, на таа делница нема којзнае колку многу коли, и експресен пат би бил доволно.

Ама, овде имаме Граничен премин до Битола, имаме втора врска алтернативен пат за Охрид.

Ако се направи автопат се до Битола, па и до грчката граница значително ќе се придонесе, ќе се ослободат колите на А1, ќе има повеќе опции за транзитирање, нема да има гужви на А1, особено летните периоди каде што се ствараат гужви на граничните премини, и на патарините.


Сте размислиле ли колку ќе скрати ако има автопат до г.п. Меџитлија, одењето до Јонско Море, до островот Крф, до Италија, или некоја друга држава преку пристаништето Игуменица, одејки до Ксамил и Саранда.

Едноставно да не набројувам колку корисни места ќе се врзат, колкав ќе е бенефитот, и колку ќе се зголеми безбедноста, и олеснат гужвите на A1.

Треба некогаш и од друг аспект да мислите. Па вака ако размислуваме, тогаш во Македонија не треба ни 1km автопат да има. Гледајте и од другата страна.

Автопат од Велес до Битола и те како ќе е корисно и исплатливо.

Да не зборам за автопат Струмица - Радовиш, требаше и автопат Куманово - Крива Паланка - Деве Бар, ама тоа е што е.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #904 Posted: 15-Sep-2020 at 16:19
Ах да, заборавив да напоменам дека и Катланово - Велес не треба да се заборави.

Срамота е веќе во 2020 - та да се возиме по остри кривини, карпи, 50 km/h vmax, опасен пат.
Кога тогаш ќе треба да се изгради паралелен пат на Велес - Катланово, и обете патни правци Велес - Катланово и идниот Катланово - Велес, ако се покаже дека ќе има зголемен број на возила кога ќе се изгради и делницата Велес - Прилеп - Битола Автопат, па тие 2 патни правци од Скопје до Велес, и назад да станат со по 3 ленти, и 2 ленти за застанување (4+4).

Ако не, тогаш Скопје Велес - Скопје може да си остане со 3+3 формација.

И секако можеме и ние да профитираме и да привлечеме многу повеќе ако се изградат се повеќе паркинзи, одмаралишта, и да имаме и продавници, и ресторани, итн итн... Да земеме пример од Хрватска. Јас кога бев 2016 - та, на секои 5 - 10 km имаа соодветни одмаралишта, а на некои дури имаше и ресторани и пекарници.

На пример Burger King, или KFC, а со ова ќе може да се допринесе и до повеќе вработувања.


И да, патарините да се намалат, оти со тоа ќе се избегнат гужвите, нема камионите да ги избегнуваат и да возат по локални патишта, а и нема Србите да не избегнуваат и да вртат преку Бугарија.

Ќе се решат вака многу проблеми вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #905 Posted: 15-Sep-2020 at 17:04
Потребен е автопат Велес - Меџитлија, зашто да не, особено ако се финансира преку некои поволни грантови и кредити. Но прво мора да се завршат Скопје - Блаце и Гостивар - Кичево. Дури потоа овој и Куманово - Деве Баир. Во меѓувреме секако да се завршат експресните патишта на овие делници, за потоа да се гради само другата половина од автопатите.
Back to Top
alexr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Nov-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote alexr Quote  Post ReplyReply #906 Posted: 15-Sep-2020 at 17:23
Некој направил интересна анализа за тоа колку се оддалечени националните автопати од секое населено место во неколку екс-ју републики. Ова е само потврда на сите претходни постови дека пелагонискиот регион е скроз изолиран. Од мапата се гледа дека целиот југозападен регион е запоставен, но исто така и голем дел од истокот. Видете само каков контраст има со Словенија и Хрватска.

Извор: https://twitter.com/milos_agathon/status/1288117991138160640








Edited by alexr - 16-Sep-2020 at 14:11
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 166
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #907 Posted: 15-Sep-2020 at 21:45
Одлично направено. Во југозападниот дел ќе се смени догодина со Кичево - Охрид. На место ти е забелешката за источниот дел. Неопходно е продолжување и довршување на започнатите зафати. После Кичево - Охрид и Скопје - Блаце, на второ место од национален интерес се: довршување на Штип - Кочани, Штип Радовиш, Струмица - Ново Село и Куманово - Крива Паланка.
Во суштина: огромен успех ќе биде за 2-3 години од сега сето ова да биде целосно комплетирано и ако Тетово - Гостивар се реконструира и оштетените делници од А1, друго на ниво на автопат и експресен пат и да не се чепне, ова ќе биде голем успех...
За Словенија - би рекол дека има поквалитетна инфраструктура од во најмала рака 1/2 од членките на ЕУ а можеби и од 2/3.
За Хрватска - визионерството на Ивица Рачан од 2000 до 2004 е тоа што Хрватска го има денес во патната инфраструктура.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #908 Posted: 17-Sep-2020 at 14:32
Од денешниот прес на министерот за транспорт и врски(43:15 min)



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/бочварски-најави-изградба-на-пругата/
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #909 Posted: 24-Sep-2020 at 09:59
Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри.

Во петок, 25 септември, со почеток во 11:00 часот во просториите на Дом на АРМ во Струмица, ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за овој проект.





Јавното претпријатие за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

https://www.strumicanet.com/index.php/vesti/10028-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0-%E2%80%93-%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%BE,-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BA-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #910 Posted: 24-Sep-2020 at 10:14
https://strumica.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/%D0%9D%D0%90%D0%A6%D0%A0%D0%A2-%D0%A1%D0%9E%D0%96%D0%A1_%D0%A1%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%92%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%98-%D1%81%D0%BE-%D0%901.pdf

Дополнително студијата за животна средина каде што се гледа трасата на патот.
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #911 Posted: 24-Sep-2020 at 10:54
А Радовиш - Струмица каде е? Го нема во план???
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13150
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #912 Posted: 24-Sep-2020 at 11:51
Значи, струмичкиот регион ќе биде поврзан со А1. Одлично. Препоставувам, експресниот пат ќе има ист профил како Штип-Кочани.
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #913 Posted: 24-Sep-2020 at 12:45
Уште еден „„„„експресен““““ пат. Roll%20eyes
Ќе ни се продава како таков, а всушност експресен пат од типот на Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе биде само делот од Марвинци до Валандово, делниците 3 и 4, со вкупна должина од 8,41 km.
Јасно е наведено во студијата:
- Делниците 1 и 2 со карактеристики на регионален пат;
- Делниците 3 и 4 со карактеристики на експресен пат. 
Делниците 1 и 2, од Струмица од Валандово, се со брзинско ограничување од 70-80 km/h и со ширина на коловоз од 7 m за делница 1 (Струмица-Костурино) и 10 m за делница 2 (Костурино-Валандово) каде е предвидена трета лента. Делниците 3 и 4 се единствените со ранг на експресен пат, предвидени се две клучки за Валандово и Дојран, и завршува со клучка кај с. Марвинци, што значи нема директна врска со А1, туку оттука до клучката Смоквица би се користел постоечкиот пат, т.е. стариот „автопат“.







Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #914 Posted: 24-Sep-2020 at 16:34
Ova go zboruvam barem 20 godini. Bucavata od A1 skoro i da se slusa vo Strumica a avtopatot e svetlosni godini daleku. Ako ovaa delnica ne glasi "Strumica-A1" togas efektot od istata ke bide polovicen... a nekako imam vpecatok deka ke ne prelazat so bozem nekoj si ekspresen pat po koj ke se vleckame so 70 km/h.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #915 Posted: 24-Sep-2020 at 17:30
Нема шанси ова ако е експресен пат со 70 km/h vmax, и со остри кривини... Ајде сфаќам благи кривини, ама ова вака не чини... Тогаш џабе ќе се прави овде експресен пат кога нема да има никаков ефект.


А и дајте да бидеме реални, јас сум од овој регион и знам колку коли има. Не викам дека не треба да се изгради експресен пат, ама едноставно овде нема многу возила во просек.
Треба Радовиш - Струмица и Струмица - Ново Село да се стават во приоритет, а не оваа делница...

Плус, и толку ги мрзи директна клучка, т.е. директен експресен пат до A1 да направат? Па и тој стариот брз пат, или вие како што го нарекувате стар "автопат" може да се надогради да има помошни ленти, и поголема брзина. Не е којзнае тешко.

Знам и дека теренот за овој проект е многу тежок, а и како што видов дел од трасата минува и низ заштитни подрачја, а и низ многу ниви.

Некој ќе треба да ги плати тие земјоделци...

А да не зборам што ќе се влечкаат по 4+ години и што ќе се исперат многу пари...

Само клоци треба на вакви.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #916 Posted: 24-Sep-2020 at 21:06
Originally posted by Théoden

Делниците 1 и 2 со карактеристики на регионален пат; - Делниците 3 и 4 со карактеристики на експресен пат. Делниците 1 и 2, од Струмица од Валандово, се со брзинско ограничување од 70-80 km/h и со ширина на коловоз од 7 m за делница 1 (Струмица-Костурино) и 10 m за делница 2 (Костурино-Валандово) каде е предвидена трета лента. Делниците 3 и 4 се единствените со ранг на експресен пат, предвидени се две клучки за Валандово и Дојран, и завршува со клучка кај с. Марвинци, што значи нема директна врска со А1, туку оттука до клучката Смоквица би се користел постоечкиот пат, т.е. стариот „автопат“.

За делница 1 пишува дека ќе се прави дополнителна трета лента, тоа можеби е подобра варијанта и од експресен пат, меѓутоа во истиот текст подоцна се резимира дека ќе се само две ленти, хм.. А делница 2 не можам воопшто да ја смислам, фактички ќе прават уште еден обичен пат преку брдото, наместо да го направат постојниот со 4 ленти..


Edited by Marxentric - 24-Sep-2020 at 21:13
Back to Top
Duki1908 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2020
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote Duki1908 Quote  Post ReplyReply #917 Posted: 26-Oct-2020 at 08:09
Тој пат пред изградбата на денешната делница ВЕЛЕС - КАТЛАНОВО бил магистрален пат, се возел нормално во двата правци. По изградбата на споменатата делница во спротивниот правец, овој правец станал „автпат“ за правецот кон Велес, претпоставувам поради немање доволно пари за изградба на уште автопатска делница од оваа страна
Back to Top
Duki1908 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2020
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote Duki1908 Quote  Post ReplyReply #918 Posted: 26-Oct-2020 at 09:23
Апсолутно се сложувам со тебе
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #919 Posted: 26-Oct-2020 at 10:04
Vo programta na opoziciskata partija bese dograduvanje na katlanovo veles na nivo na avtopat so sto postoeckata trasa bi stanala magistralen alternativen pat. Za zal kaj vladeackata partija ovaa delnica ne e opfatena no dobro e sto veke se razmisluva na zavrsuvanje na toj del koj po mene edinstven "avtopat" na koridorot 10 so ogranicauvanje pomalo od 100 km/h nadvor od tunel.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #920 Posted: 26-Oct-2020 at 13:02
Заштитната мрежа на автопатот Тетово – Гостивар повторно извадена



https://alsat.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 444546

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.