build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 505152
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1021 Posted: 19-Apr-2023 at 09:31
Да, до Градско имаше автопат кога излеговме од СФРЈ.

Делот Гевгелија-Граница мислам дека не постоеше и дека се изгради во 90те. Прилично сум убеден дека 98 година го имам возено.

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1022 Posted: 20-Apr-2023 at 21:02
Неготино-ДемирКапија е правен негде почеток на 2000-ти. Еве вест за отворање на последната (трета) фаза:
https://time.mk/cw/3c4eb4e988/negotino-i-demir-kapija-se-spoija-so-avtopat.html
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1023 Posted: 21-Apr-2023 at 00:27
Значи до сега:
Граничен Премин Табановце 2001
Табановце - Куманово 2011
Куманово - Миладиновци 1979
Миладиновци - Петровец 1979
Петровец - Катланово 1979
Велес - Катланово 1980
Велес - Градско  1991 (поточно малку после железничкиот мост)*
Стоби - Неготино 1999 (почнува каде што завршува делницата Велес - Градско, а можеби завршувала овде: https://goo.gl/maps/FigANyyDgwHi92iXA)
Неготино - Демир Капија - 2005**
Демир Капија - Смоквица 2018
Смоквица - Гевгелија 2006
Гевгелија - Граница со Р.Грција 1999***

*Едниот коловоз на делницата Велес - Градско (обиколницата на Велес) бил првично изграден како магистрала со 2 ленти. Може да се види овде многу убаво:
https://goo.gl/maps/A1bRu9t6SgS5HFZJ9
На другиот мост пишува Бетон - 1973, што ни укажува дека Велес всушност имал обиколница уште во 1973-та година, па во 1991 била надоградена во автопат.
**Е сега за Неготино - Демир Капија јас како што прочитав на еден друг сајт кој што има вест од 2013-та година за тоа колку километри автопат, каде и кога било изградено пишува дека 16 километри од Неготино до Демир Капија биле пуштени во 2005-та година, а не 6.6 километри. Или имаат од time.mk некоја грешка направено, или пак можеби фазно се пуштала таа делница па во целост се отворила до крајот на 2005-та година. Бидејќи на Google Earth убаво гледам на историската сателитска снимка од 8/31/2003 година, барем од тоа што може да се види во голема резолуција е дека делот после село Тремник па се до Демир Капија е во градба. Значи логично е во целост оваа делница да била завршена во 2005-та година.
***За оваа последна делница, впрочем имам и две слики кои што успеав да ги најдам од постари дискусии на skyscrapercity форумот, се гледа како се надоградувала делницата кај Гевгелија:


Значи за делот кај Гевгелија, првично се до кај доцните 70-ти, рани 80-ти единствена врска према граничниот премин Богородица била преку овој мост:
https://goo.gl/maps/WjY6vwFTVnnzCRz66
Па дури подоцна некаде во 80-те е граден еден дел од автопатот до Гевгелија па во 99-та во целост надограден во Автопат. Погледнете на street view и ќе видите за мостот преку вардар дека едниот дел е постар (постара ограда) во споредба со другиот. Самиот граничен премин Богородица е сигурно изграден некаде во 70-те што се потврдува со ова видео:
https://youtu.be/zVtks0egWaI
А можеби и мал дел од автопатот до самиот граничен премин бил изграден некаде во 80-те (зборам за нешто помалку од киломатар должина).

Еве го и вебсајтот од каде што добив информации за доста од делниците:
https://faktor.mk/faktografija-site-makedonski-vladi-z
Статијата е објавена во 2013-та година.

Секако ако нешто не е точно овде, ќе го корегирам, слободно напишете дали до сега се што е напишано е точно. Би било добро и да дознаеме кога биле овие автопатски делници започнати со градба. Ако сака некој да се нафати да бара по службен весник како што објаснив, слободно може да почне од 72 па се до 78-ма година, сигурно има нешто запишано кога се почнало со градба на првите автопатски делници.
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #1024 Posted: 21-Apr-2023 at 09:55
re: 'А можеби и мал дел од автопатот до самиот граничен премин бил изграден некаде во 80-те (зборам за нешто помалку од киломатар должина).'

Nemashe avtopat se do 99ta godina na delnicata od Gevgelija do granicata, beshe dvonasocen "avtopat" koj pominuvashe pokraj motelot Vardar
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1025 Posted: 22-Apr-2023 at 19:27
Smokvica-Gevgelija e graden vo vtorata polovina na 90-tite... del Gevgelija-Bogorodica vo 80-tite, a Veles-Gradsko pocetokot na 90-tite... Glavniot del od avtopatot graden vo Jugoslavija e Kumanovo-Veles vo dolzina od 63km na koj vo edniot pravec e iskoristena starata magistrala koja do den denes nema treta lenta za zastanuvanje.
Back to Top
Cheezy View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Apr-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Cheezy Quote  Post ReplyReply #1026 Posted: 28-Apr-2023 at 18:18
Налетав сосема случајно на видеово од 1978 година, а се работи за тоа како се одвивала градбата на автопатот "Братства јединства".

Сигурен сум дека ќе ти помогне во истражувањето што го правиш.

Линк:
https://youtu.be/kf0BRaKaLnk

П.С. Делот каде што се кажува за автопатот во Македонија почнува на 16:05 минута од видеото.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1027 Posted: 06-May-2023 at 07:36
Во контекст на хронологијата на изградба на автопатишта низ МК.

Барајќи податоци за фрекфентност на мк патишта налетав на овој прилог кај што вели дека Тетово-Гостивар бил пуштен октомври 1996.
https://meta.mk/avtopatot-tetovo-gostivar-poln-so-dupki-kje-se-proektira-negovata-rekonstrukczija-vo-2022-godina/
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1028 Posted: 31-May-2023 at 03:49
Почнато е и со Велес - Градско да се реновира или не? Некаде прочитав на некој портал, ама не беше прецизирано дали за автопатот или регионалниот пат. Инаку делот од Демир Капија па се до клучка Неготино (само едниот дел) е во реконструкција.
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 91
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1029 Posted: 31-May-2023 at 06:50
Originally posted by The Wild Boy

Почнато е и со Велес - Градско да се реновира или не? Некаде прочитав на некој портал, ама не беше прецизирано дали за автопатот или регионалниот пат. Инаку делот од Демир Капија па се до клучка Неготино (само едниот дел) е во реконструкција.


https://kanal5.com.mk/poradi-asfaltiranje-zatvorena-za-soobrakjaj-delnicata-veles-gradsko/a584384

Регионалниот пат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20201
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1030 Posted: 04-Jun-2024 at 19:04
Коцевски: Наскоро одлука за Бехтел и Енка – ТВ21 дознава: Идната Влада ќе бара укинување на една делница

Многу брзо е можна јавнообвинителска одлука за случајот со Бехтел и Енка, најави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет за изборот на фирмите кои треба да вршат надзор на градбите на коридорите 8 и 10Д. Обвинителството го испитува и првиот склучен договор кој потоа беше поништен, но и вториот кој потоа беше распишан. Коцевски во емисијата 360 степени вели дека во договорот има многу нелогичности, а еден од елементите во постапката е тоа што фирмата Електросолушн која беше избрана да врши надзор ја добила лиценцата за работа за само неколку дена за време на тендерот и покрај тоа што таа фирма претходно се занимавала со проиводство на долна облека.

„Се работи таму за конзорциум од три фирми кои што се испитуваат а досега има некои нелогичности во договорот, се преземаат дејствија и јас сметам дека можеби набрзо Јавното обвинителство се излезе со јавнообвинителска одлука. Има нелогичности во однос на договорот, има таму една фирма што не била како фирма….не работела тоа“, вели Љупчо Коцевски.

За сето време и додека траеја склучувањата на договорите за изградбата на коридорите од страна на Бехтел и Енка, но и сега, од ВМРО-ДПМНЕ укажуваа на сериозни пропусти и недоследности во целиот проект. Претседателот на партијата и иден мандатар Христијан Мицкоски пред две недели најави дека има две опции за договорот, да го раскине или да се репреговара, што според него втората е поприфатлива.

Неофицијално дознаваме дека идната Влада ќе бара продолжување на договорот од сегашните 5 на 10 години за да се растерети товарот на буџетот и дополнително скратување на проектот, односно една делница воопшто да не се гради. За ова во денешното издание на Дејли клик на ТВ21 говореше и Антонио Милошоски кој оцени дека идната власт ќе има тешка задача околу договор, но најави и одговорност за претходните функционери.

Владата ќе има една тешка задача, но сигурен сум дека ќе се обиде да ја исполни, а тоа е да се поканат високи претставници на оваа компанија Бехтел и Енка која што е мултинационална корпорација, но во секој случај како држава сигурно ќе не испочитуваат да отвориме еден разговор за можно дополнување или преразгледување на овој договор со Бехтел и Енка. Ваквото можно репрограмирање или дополнително преговарање на овој договор не ја исклучува одговорноста на одредени претходни функционери“, вели Антонио Милошоски.

Договорот со изградбата на коридорите 8 и 10Д беше потпишан на 8 март минатата година кој опфати изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри и која треба да чини 1,3 милијарди евра

https://mk.tv21.tv/kotsevski-naskoro-odluka-za-behtel-i-enka-tv21-doznava-idnata-vlada-ke-bara-ukinuvane-na-edna-delnitsa/
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1031 Posted: 24-Jun-2024 at 14:37
И сега, што ќе ни изгради оваа нова влада од автопатишта и експресни патишта? Знам имаше еден член на SSC форумот кој што имаше детално образложено што е во план да се изгради / проектира до 2028. Може некој тоа на мапа да го исцрта?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 552
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1032 Posted: 24-Jun-2024 at 15:04
.Previous
Може да ставиш линк од објавата на SSC форумот?

Од она што можев да го видам во програмата, до 2028 не се ветува изградба на нови поголеми проекти, само проектирање.

Се планира да се завршат автопатите Кичево-Охрид и Блаце-Скопје и експресните патишта Градско-Дреновска Клисура и Ранковце-Крива Паланка.

Од проектите кои се готови, но уште не се почнати со изведба, се предвидува да се изгради експресниот пат Битола-Меџитлија и обиколницата на Ресен (на ниво на експресен пат).

Не е јасно само за автопатот Кичево-Букојчани, по сѐ изгледа дека не е целосно готова проектната документација, иако во програмата се спомнуваат некои технички карактеристики.

Од проектирање се планира изготвување на проекти за автопат Катланово-Велес и експресни патишта Велес-Прилеп, Струмица-Ново Село, Струмица-Смоквица, Битола-Ресен, Ресен-Охрид, Требеништа-Косел, Кавадарци-Неготино, Кочани-Делчево и Радовиш-Струмица.
Back to Top
Templar7 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Mar-2024
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote Templar7 Quote  Post ReplyReply #1033 Posted: 28-Jun-2024 at 10:08
Убаво е да се прават нови проекти, но прво според мене треба да се стави фокус на рехабилитација и одржување на постоечката патна инфраструктура. Подобрување на патната сигнализација, подобрување на безбедноста, поставување на статични радари и сл.
На пример во околината на Скопје кај што има и најголема фрекфенција на собраќакај постоечката патна инфрастуктура е во очајна состојба. Нема ни еден пристап до градот како што треба. Скопската обиколница е класична ораница, клучката кај Хиподром приклучоците се полоши од некој селски локален не асфалтиран пат. Пристапите од стана на Куманово и Велес катастрофа. Средната лента тотално не употреблива. Од Миладиновци до Куманово ко да сурфаш на бранови кога возиш толкави вдлабнатини има.
Делот кај аеродромот исто личи ко Ким Јон Ун да тестирал ракети на него.

Лично пре би возел по средена и одржувана магистрала него ли по некој запуштен афтопат кај што во секој момент може тркало да ти одпадне од дупки и нерамнини.



Edited by Templar7 - 28-Jun-2024 at 10:12
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 505152

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.340 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.