build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Topic ClosedПравилник v1.2

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8857
#1 Topic: Правилник v1.2
    Posted: 20-Jan-2008 at 08:00
Правила за дискусија и однесување на build.mk форумот

1.
Покажете почит кон другите соговорници на форумот дури и кога вашите ставови се дијаметрално спротивни од нивните. Се работи за отворен форум и секој има право на свое мислење. Лични навреди како и навреди на национална, полова, расна и било која друга основа се строго забранети. Забранети се малициозни и двосмислени коментари.
 
2. Форумот нема строга политика и инсталирани филтри за речникот кој го користите со цел да се овозможи простор за што послободно изразување. Сепак вулгарности и претерано користење на пцости се строго забранети. Пожелно е да се трудите постовите да ги пишувате што е можно повеќе на литературен македонски јазик.

3. Строго е забрането spam-ување. Убаво обмислете ги вашите коментари пред да ги постирате. Возджете се од постирање кратки, банални и несуштински коментари. Модераторите го задржуваат дискреционото право да избришат коментари кои ги сметаат за spam без претходно предупредување.

4. Забранети се политички дискусии или било каков друг off topic во главните секции. Модераторите го задржуваат дискреционото право да ги избришат таквите коментари.

5. Содржината на потписите е предмет на модерација. Забрането е поставување на симболи и пораки кои се забранети или пак општо прифатени како навредливи. Модераторите го задржуваат правото да ги отстранат потписите без предходно предупредување.

6. Пред отварање на нова тема проверете дали иста/слична е веќе отворена со цел да нема дупликати. Убаво проценете во кој тема припаѓа постот пред да го постирате. Модераторите се тука да помогнат во одржување на структурата и организацијата на форумот но кршење на ова правило е забрането посебно за корисниците со подолг стаж.

7. При постирање на вести или информации превземени од некаде задолжително вклучете го URL-то на конкретната веб страница. Дискусиите треба да се издржани и аргументирани и затоа избегнувајте 'рекла-кажала' муабети. При постирање на стари текстови нагласете го датумот од кога датираат за да се избегнат забуни.

8. Модераторите секогаш го имаат последниот збор. Нивната работа тука е да се грижат форумот да функционира нормално според погоре наведените правила. Со оглед на тоа дека нивната работа е волонтерска бидете обзирни спрема нив. Доколку имате некое несогласување со модераторот или примедба на некоја нивна акција напишете им приватна порака и ќе добиете објаснување.

9. Корисниците се охрабруваат сериозно да го сфатат овој правилник кој е составен исклучиво за да се создадат услови за квалитетна и издржана дискусија. Корисниците кои што нема да ги следат правилата на форумот ќе бидат опоменати или трајно отстранети од форумот без претходна најава или објаснување а во зависност од дадената ситуација.

Edited by pbanks - 02-Sep-2010 at 13:02
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.