build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија и дивоградби (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 14>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбана мафија и дивоградби (општо)
    Posted: 12-Aug-2019 at 22:46
Антикорупциска ќе отвори предмет за урбаната мафија и Скопје – 2014

Во интервју за тв24 претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, најави дека комисијата сигурно ќе отвори предмети и за објектите од Скопје 2014.

-Ако не биде есенва, сигурно ќе биде отворен следната година. Главната точка што ќе ја подготувавме за следната година ќе биде предмет за урбаната мафија, градежништвото и сигурно тука ќе си најде дел и проектот „Скопје 2014, рече Ивановска.

https://www.libertas.mk/antikorupcziska-%d1%9ce-otvori-predmet-za-urbanata-mafi%d1%98a-i-skop%d1%98e-2014/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Aug-2019 at 10:03
Моите очекувања се мали, да не речам никакви, во врска со уривањето дивоградби. Можеби ќе урнат една-две колку да имаат што да покажат пред медиумите, а потоа пак ќе си тераат по старо.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Aug-2019 at 18:23
Многу бизнис интереси се испреплетени во Охрид, примарно околу угостителство, а потоа и сектор на недвижности, па така се доведе во оваа ситуација. Вест од вчера која не ја постирав е дека сопственикот на локалот Аквариус објави дека сами ќе ја срушат нивната платформа во езеро, па од нив да почнел позитивен пример и други да направеле така. Иако позитивен пример според мене би било никогаш да не ја изградиш Big%20smile

Цела држава ни е дивоградба, затоа и се донесе законот за легализација пред неколку години, ама жалосно е што само еден град е под заштита на Унеско, па само таму можеби ќе се преземе нешто.

Можеби треба и посебна тема да отвориме за да ги пратиме случувањата во следниве месеци, бидејќи сигурно многу вести и слики ќе излегуваат за ситуацијава (ако навистина се спроведе било што од акцискиот план).
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Aug-2019 at 18:17
Усеини: Нека ги рушат сите дивоградби на крајбрежјето и во Галичица, па мојот објект сам ќе го рушам 

Советникот од ДУИ Нефи Усеини, тврди дека против него во тек е политичка хајка, која се води од страна на власта со цел затскривање на, како што вели, криминалните активности во кои е вклучена. За спорниот објект кај чинарот, Усеини е категоричен дека не е дивоградба и дека не станува збор за цврста градба, туку метална конструкција. Вели дека не е против рушење на дивоградбите и бара законот да е еднаков за сите.
  • Во Охрид со години се градат дивоградби и затоа имаме бројка од 1401 дивоградба. Треба прво да се рушат сите останати дивоградби кои се на крајбрежјето и се проблем за УНЕСКО, да се ослободат сите тротоари каде треба да минуваат пешаците, да се отстранат дивоградбите во националниот парк Галичица, а потоа нека дојдат во центарот, кај чинарот. Откако ќе ги отстранат останатите дивоградби, додека дојдат до чинарот, и покрај тоа што ги имам сите документи за пицеријата, јас самиот ќе го отстранам објектот. Барам да нема селективност, вели Усеини.

Додава дека надлежните треба да ги рушат дивоградбите, почнувајќи од оние за кои уште пред десет години се издадени решенија за отстранување.

  • Како советник и жител на Охрид каде живеам со семејството и имам бизнис со над 500 вработени, работам повеќе од 10 часа во денот за во градот да биде подобро. 12 години плаќам придонеси до државата и општината. Мојата тераса не е нова градба, само е извршено реновирање. Не е цврста градба, може секој да провери во секое време, само е поставена метална конструкција, вели Усеини.

Во врска со информациите дека финансиска полиција ги посетила неговите објекти советникот Усеини вели дека се лага, додавајќи дека дошле само надлежни лица кои вршеле проверка дали неговите вработени работаат легално, па откако не биле утврдени неправилности си отишле.

Потенцира дека немало никаков договор помеѓу него и локалната власт и владата пред локалните избори освен договорот со покојниот градоначалник за вработување на лица од албанска националност, Турци, Роми во јавните претпријатија, согласно законот.

https://www.ohridnews.com/useini-neka-gi-rushat-site-divogradbi-na-kra-brezh-eto-i-vo-galichica-pa-mo-ot-ob-ekt-sam-e-go-rusham/

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Aug-2019 at 13:50

– градење на трамвајски пруги;

Добро е што со одлукава не е загрозен проектот за трамвај во Охрид.

Шала на страна, со оглед на ситуацијата во која се дотеравме, мораме да бидеме среќни со вакви мораториуми.
Сега втор чекор е да се спроведе како што треба, паралелно со сите други работи што се потребни, за да има смисла и резултат. Трет чекор е да се научи лекцијата и да не се повтори ни оддалеку слична ситуација.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Aug-2019 at 13:31
Изгласан мораториум на градба на територија на Општина Охрид!

Со 20 гласа ЗА, двајца воздржани, советниците Нефи Усеини и Џемаил Мена, Советот на Општина Охрид на денесшната седница ја изгласа Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.

-Особено ме радува фактот што како охриѓани покажавме заедништво и единство за теми кои се од клучнен интерес за нашиот Охрид. – изјави по изгласувањето на одлуката градоначалникот на Охрид Конатснтин Георгиески.

Со одлуката всушност се воведува времен мораториум за градба. Сите постапки, пак, со добиено одобрение за градење можат да продолжат со реализација.

Со усвојувањето на одлуката започнуваме со реализација на активнстите од Акциониот план. Тоа значи дека од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на урбанистички планови урбанистичко плански документации, архитектонско урбанистички проекти на територијата на општина Охрид. Исто така времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат на одобрение за градење, надградба и доградба после стапување во сила на оваа одлука. Сите постапки со добиено правосилност за градење можат да продолжат со постапка. – објасни градоначалникот Георгиески.

Градоначалникот Георгиески изрази надеж дека институциите во спроведувањето на Аксискиот план за исполнување на барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО ќе ја добијат неопходната поддршка од граѓаните, невладините оргнизации и медиумите за исполнување на сите препораки со што Охрид ќе продолжи да биде град на УНЕСКО.

Предложената одлука не се однесува на барања за:
-извод од план
-решение за измени во тек на градба
-промена на инвеститор
-реконструкција, адаптација и пренамена
-решение за градби за кои не се издава одобрение за градење.

Оваа одлука не се однесува на барања за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти, исто така и за отпочнати постапки за одобрение за градење, изградба, надградба и добрадба, се вели во изгласаната одлука.

Предлог одлуката не се однесува на реализација на проекти и градење на објекти и изведување на работи од јавен интерес од локално значење, односно за:
– градење на објекти и изведување на работи за потребите на општинските јавни служби во областа на образованието, воспитанието, спортот, науката, културата, здравството и социјалната заштита;
– градење на далноводи со напонско ниво до 35КВ и трафостаници со напонско ниво до 10 КВ;
– градење на трамвајски пруги;
– градење на објекти за противпожарна заштита;
– градење на локални водоснабдителни и канализациони системи со системи за пречистување;
– градење на стадиони и спортски сали со капацитет до 10 000 гледачи;
– градење на катни гаражи;
– градење на објекти за општа употреба и тоа: општински патишта, плоштади, јавни паркови, пазари, јавни паркиралишта и гробишта;
– градење на меморијални споменици и спомен обележја.

Во одлуката се предлага времен прекин на сите постапки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на територијата на општина Охрид.

Одлука ќе се применува до донесување на Планот зa управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион или најдоцна до 01.02.2020 година.

https://www.ohridnews.com/obnoveno-izglasan-moratorium-na-gradba-na-teritori-a-na-opshtina-ohrid/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Jul-2019 at 19:01
Back to Top
Enzo View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Jul-2019 at 20:05
https://twitter.com/US_Reagan/status/1151857151507423232

Викам јас црно му се пишува на градов,пардон државава со оваа политичка гарнитура.

Edited by Enzo - 19-Jul-2019 at 20:06
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Jul-2019 at 15:42
Чудовиштето што погледот од тераса ни го претвори во затворски

Чудовиштево целосно ни го затвори погледот кој допираше до Шара и ми го претвори погледот од тераса во - затворски. Три пати подолга од сите други згради во таа низа и два ката повисока. Во моментов покриена со лимен покрив кој прави ужасна рефлексија кон нашата зграда, додека сите околни покриви - се мат.

Сè што важи како правило за другите за овој монструм - не важи. Пред него чучат последните мохиканци на улицава кои се тотално преклопени од грдосијава. Доколку и тие кренат раце - на само неколку метри пред монструмот ќе никне друг.

Тогаш нововселените ќе сфатат за што зборуваме. Носот ќе им удира во ѕид. Сега засега сите се прават наудрени. Вози Мишко додека се може! Нашата волја, загриженост и приговори како жители на Дебар маало и непосредни комшии на оваа грдосија се сосема дезавуирани. Ние сме неважни џавкала додека некој си полни џебови и го урива квалитетот на живеење на цел кварт.

Саша Богдановиќ, Петре Шилегов, Во Одбрана на Дебар Маало, Андреј Жерновски. Ќе прошета ли некој кондури до овде, макар да види што се случува?







https://okno.mk/node/79348?fbclid=IwAR08k9ipECISsLOzrEEDc8zX943GokhSQAZe0Pr7P9mn8kblBL6miAfNcdk
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 432
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Jul-2019 at 14:45
Во Охрид над илјада дивоградби, а 409 на територија на заштитена област!

https://www.porta3.mk/vo-ohrid-nad-iljada-divogradbi-a-409-na-teritorija-na-zashtitena-oblast/?fbclid=IwAR3zB48T4nugZqI0wgG46-P_CGrfXX2Y6upVXElToJehQ7rR1QnKIzA3Mfk

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jun-2019 at 13:50
На 30 ќе одлучи УНЕСКО. Ако не го прогласат за загрозено наследство не верувам дека домашниве ќе реагираат
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 432
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Jun-2019 at 12:04
Нефи Усеини не е под заштита на УНЕСКО, но е силно чуван од коалицијата СДСМ-ДУИ

https://www.mkd.mk/makedonija/soopshtenija/nefi-useini-ne-e-pod-zashtita-na-unesko-ne-e-silno-chuvan-od-kolaicijata

Малку е ова за охриѓани. Треба уште подлабоко.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Jun-2019 at 13:26
И нема да го срушат
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Jun-2019 at 07:08
Во Дебар Маало(од фб)

Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 813
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Jun-2019 at 01:28
Нема да се направи ред со тоа „терасите“ се додека се спороведуваат правилата кампањарски. А под тоа мислам, ќе ги толерираат одредено време па во една акција повеќето ќе ги регулираат одеднаш. Се додека не се контролира и регулира континуирано ќе продожат газдите и да се шират кај што не им е место. Со ова камапањарсково рушење им доаѓа и добро за бизнис, бидејќи по година две таман и се создава можност да реновираат и ребрендираат.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Jun-2019 at 15:53
Богдановиќ ги руши дивите тераси во Центар

Општина Центар денеска почна со уривање на дивоизградените тераси на угостителските објекти. Прва на удар беше терасата на новото кафуле на Боемска улица кое, според инспекторите на Општината, немало дозвола за поставување тврда градба. Дополнително е утврдено дека кафулето оградило и простор кој е наменет за паркирање на возила.

Решенија за уривање на летните летните тераси општината има издадено на 16 кафулиња, бидејќи има отстапување од Правилникот за летни тераси. Сите имаат рок сами да ги отстранат дивоградбите, по што ќе се активира оопштината.

https://plusinfo.mk/%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%B3%D0%B8-%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%86%D0%B5/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-May-2019 at 17:03
Само скапаните греди од кровот ги отстраниле бидејќи претставувале опасност за минувачите другото си останува како што е..

-------------------------------------------------------------------------------

Зградите на „Фиком“ станаа опасни – „Антигона“ почна да скапува



Двете згради, „Антигона 1“ и „Антигона 2“, едната со зелена фасада, а другата карабина, уште стојат кај Стара рампа како потсетување на најголемата градежна афера со станови, позната како „Фиком“. Но, вниманието на граѓаните кои секојдневно поминуваат покрај двете згради го привлекоа градежните работници качени на покривот на зградата „Антигона 2“. Првин беше тргната оградата на зградите, а потоа почнаа градежните активности. Вчера пред „Антигона 2“ беше паркиран камион од фирмата „Карпош“. Оние работници што беа качени на покривот ги симнуваа гредите со мини-кран. Граѓаните што пред повеќе од десет години дале пари за стан, но останале со празни раце, почнаа да се интересираат дали можеби за зградата се нашол некој инвеститор и ќе доградува. Но, работниците што беа во камионот ни рекоа дека зградата не ја доградуваат туку го тргаат постојниот покрив оти веќе скапал. Зградите кои со години стојат неизградени веќе почнаа да претставуваат закана за минувачите.

Од фирмата „Карпош“ ни изјавија дека се ангажирани единствено за отстранување на покривот, односно дрвената конструкција која повеќе од една деценија ја печеше сонце, ја врнеше дожд и ја дуваше ветер. Конструкцијата веќе скапала и станала небезбедна за минувачите. Фирмата ја ангажирал одборот на доверители, кој добил налог од инспекцијата. „Ние само сме ангажирани за отстранување, другото не е наша работа“, ни изјавија од фирмата.



Според нашите непотврдени информации, оваа зграда, „Антигона 2“, не е под хипотека, но што точно зела Еуростандард банка не се знае. Од банката, која имаше дадено кредит на брачниот пар Николиќ за да ги гради зградите и потоа бараше да ѝ бидат вратени парите, велат дека немаат ништо конкретно со оваа зграда, но други информации не откриваат. Неофицијално, тргањето на покривот го наложила Општина Кисела Вода, откако одборот на доверители заседавал минатата недела и донел одлука за 800.000 денари да се тргне распаднатата конструкција. Сопственици на локацијата на која е карабината за „Антигона 2“ се пет семејства, но тие не се во одборот на доверители.

Стечајната управничка Весна Спирковска ни рече дека не може да дава никакви изјави. „Има портпарол на Основен суд 2, ќе се обратите таму“, рече Спирковска. Но, во Основниот суд Скопје 2 велат дека судијката која го води случајот е на боледување и не можат да кажат кога ќе се врати.

Градежната афера „Фиком“ медиумите ја открија во 2006 година кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден уште на неколку лица. Претходно сопствениците на „Фиком“, сопружниците Николиќ, успеале да измамат многу луѓе ветувајќи им евтини, модерни станови, речиси во центарот на Скопје. Во седум згради во централното градско подрачје тие продавале станови по цена од 450 до 500 евра за квадратен метар, без склучен договор. За измамата да биде уште поголема, еден стан го продавале на повеќе лица. Стотици семејства беа оштетени, становите ги платија, но не добија дом.

Сопственикот Никола Николиќ беше осуден на 24 години и 2 месеци затвор, а неговата сопруга на 12 години затвор. Во 2015 година, неколку дена пред првиот слободен викенд, Николиќ беше најден обесен во затворот во Штип под сомнителни околности. Неговата сопруга Весна Николиќ излезе од затвор поради здравствени проблеми.

Во 2014 година Врховниот суд ги преиначи пресудите на Основниот суд Скопје 2 и на Апелацискиот суд кои беа во прилог на оштетените и ја уважи ревизијата на тужената Еуростандард банка. Банката тврдеше дека кредитот што ѝ го дала на „Фиком“ во вредност од 1,5 милион евра го дала законски врз основа на нотарски акт за хипотека врз недвижен имот и немала сознание за незаконските дејствија.

Оштетените бараа повторување на постапката бидејќи нашле нови докази, предметот сега е во Апелацискиот суд, но од таму нема одговор. Во меѓувреме Еуростандард со налог за извршување врз недвижност сакаше да стане сопственик на зградата „Антигона 1“. Иако Николиќ го приватизирал земјиштето, сепак тоа не е ставено под хипотека, туку само идниот објект кога ќе биде изграден.

Сепак, никој од измамените не доби ниту денар, а случајот уште се влече низ судовите и тешко се доаѓа до информација што се случува.

Фросина Факова-Серафиновиќ

https://nezavisen.mk/zgradite-na-fikom-stanaa-opasni-antigona-pochna-da-skapuva/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Apr-2019 at 15:50
Со новиот закон, од урбан хаос преминуваме во урбано убиство. Сѐ што посака новиот Пиколомини - Градежната комора - сѐ доби. Мораториумите и укинувањата на ДУП-ови ќе бидат бескорисни, стратегиски оцени за влијание врз животната средина и здравјето ќе нема, од зеленило ни абер. За 10 години освен за криминалците од градежниот сектор, за никој друг нема да биде возможен живот во Скопје. Едвај чекам сообраќајот, водоводот и канализацијата, светлината и воздухот да ги снема. Можеби ќе се освестат скопјани.

О2 Иницијатива: во урбанизмот, и по две години од ветувањата на новата власт нема големи подобрувања

17 јануари 2019

Соопштението од О2 Иницијативата го пренесуваме во целост.

Не е проблем што немаме веќе доволно зеленило, немаме воздух, туку проблем е што градежните компании кои имаа огромни профити изминатата година заради стопирање на ДУПa и неможност да градат на „примамливи“ локации сега имаат намален профит.

Казни, одговорности за незаконските узурпирања на јавното добро, за исчезнатите паркови и зеленила, нема. Напротив, пред неполн месец Градежната комора на Македонија во паника бара од Министерството за транспорт и врски да најде начин и да го „заобиколи“ мораториумот во Центар и укинатите ДУП-ови во Карпош за да продолжат со градење и бара во најбрз можен рок да се донесат новите Закони за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење (доборо познати на Градежната комора, зошто била консултирана во тек на изготвување на овие закони) со кои „ќе се реши најголемиот проблем од изминатава година блокирање на веќе донесените ДУПови“.

Токму тие два закони се оние кои во рок од 10 години (од 2006 до 2016) претрпеле 13 измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, а 25 пати на Законот за градење. Нормално секогаш тие промени оделе во прилог и на барање на инвеститорите, а резултатите ги гледаме секојдневно.

Ние направивме анализа на новиот Предлог-закон за просторно и урбанистичко планирање, за да видиме како тоа „ќе се реши“ проблемот со укинатите/блокирани ДУП-ови, како што ги увери и министерот Горан Сугарески сопствениците на градежните фирми кои сакаат да градат во Центар и Карпош. Имаме голем број забелешки кои ќе ги доставиме до институциите, но тоа што сакаме да го потенцираме се неколку ФРАПАНТНИ работи за нас.

Во Јули 2017 година Уставен суд на Р. Македонија носи Одлука со која е СЕ УКИНУВА член 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање http://ustavensud.mk/?p=11708. Членот 50 се однесува на Урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес, кои се тие градби и по каков критериум, не е дефинирано, за тоа одлучуваше Владата на Р. Македонија и за таквите градби јавноста не се прашуваше и не беше вклучена во нивното изготвување. Поради овие причини овој член и се укина од Уставниот суд.

Токму кога мислевме дека тоа е позади нас, во новиот Предлог-Закон сега имаме нова категорија: Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење. Тука спаѓаат национални паркови и заштитени подрачја, минерална експлоатација (рудници, каменоломи, минерална и термална вода, итн), хидроелектрани. Сите овие катергории се едни од најпроблематичните за јавноста, која бара вклученост во носење на одлуките поврзани со нив, а не комплетна исклученост, како што е повторно предвидено без јавни презентации, без јавни анкети. Згора на сè, имаме повторување на „мала“ недоречност која отвора многу можности и со која секоја одлука на Владата се покрива, а тоа е делот „и други подрачја и објекти од државно значење“.

Изминатата година со наши претставки беа Укинати 4 ДУП-ови во општина Карпош, а еден за општина Гази Баба, кој овозможува градење на тешка загадувачка индустрија, е во постапка. Кај сите овие ДУП-ови главната причина по кои се укинуваат одлуките за нивно донесување е непочитување на член од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој се предвидува носење одлука за спроведување или неспроведување на Стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето, согласно Законот за животна средина.

Во новиот предлог закон Стратегиска оцена не постои, буквално самиот поим Стратегиска оцена не се спомнува, дури не се ни посочува дека при носење на планската документација треба да се почитува и треба да важат одредбите од Законот за животна средина, како што се спомнуваат други закони.
Дали намерно е ова „заборавено“ и недоречено? Дали е ова начин причината за укинување на ДУП-овите да се елиминира? Според нас е токму тоа. Во преодните одредби на новиов Предлог-закон стои дека одредби од други закони, ако не се пропишани со овој закон, нема да се применуваат.

И сега доаѓаме до начинот како ќе „се реши“ проблемот со мораториумот и укинатите ДУП-ови и ќе може да се продолжи со градење во „атрактивните“ општини Центар и Карпош.

Во новиот Предлог-закон, ставен е сосема нов член, кој наоѓа решение за укинатите ДУП-ови од Уставен суд во Карпош и сите можни укинувања, со тоа што вели ако урбанистичките планови/нивни делови/плански одредби се укинале од надлежен орган, се започнува постапка за изработка на нов план или ДЕЛ од план, а истовремено ПРЕТХОДНИОТ ДУП/УП или ДЕЛ од него СТАПУВА ВО СИЛА.

За мораториумот во Центар и други можни одлуки за мораториум/суспензија на ДУП/УП, вели дека одлуката за суспензија на ДУП/УП треба да се донесе врз основа на стручен елаборат за суспензија на применувањето на урбанистичкиот план, негови делови или плански одредби, изработен од комисијата за урбанизам, а по претходно добиено позитивно мислење од МИНИСТЕРОТ под чија надлежност е уредување на просторот. Преведено, пишано е така да се спречи мораториум, односно суспендирање на одреден ДУП/УП во иднина.

Одлуката за суспензија е на сила до донесувањето на измени и/или дополнувања на суспендираниот урбанистички план, НЕГОВИ ДЕЛОВИ или плански одредби, но НЕ ПОДОЛГО од ОСУМ МЕСЕЦИ - за дел од урбанистички план или плански одредби и ЕДНА ГОДИНА - за урбанистички план, а во спротивно ОСТАНУВААТ ВО СИЛА урбанистичкиот план, неговите делови или плански одредби.

Во Карпош, претходните ДУП-ови ќе си стапат на сила, а општината ќе може да пристапи кон изготвување на само ДЕЛ од ДУП-от.

Во Центар, мораториумот ќе треба да запре и да стапат на сила стопираните ДУП-ови, ако нема нови готови.

Ова е тоа надминување на проблемите за градежниот сектор – како што им ветија на испаничените градежни моќници нашите државни институции кои по кој знае кој пат забораваат чии интереси треба да штитат.

Наместо да се работи на подобрување на законите во поглед на основните начела на кои треба да се темелат и да бидат во целосно суштински испочитувани во однос на потребите на граѓаните, во целата наша пракса начелата и темелите се само мртви букви на хартија, а потребите и барањата на граѓаните се гледа да се заобиколат во интерес на бизнис заедницата, чиј интерес се само парите.

Делот на Прекшочни одредби во новиот Предлог-закон само го потврдува ова. Сегашниот закон, само за споредба има повеќе членови наменети за прекршоци, од член 95-118, во новиот само 4 члена, од 88-93. Не е само до бројот на прекршочни одредби, сведоци сме дека и тие што беа не помогнаа некој да биде санкциониран или да понесе каква било кривична или матријална одговорност, проблемот е што наместо да се допрецизираат работите во овој дел, одиме на поопштување и намалување на казните, така да колку и да згреши или да направи прекршок градоначалник или министер во спроведување на законските должности, ќе бидат казнети со максимална глоба од 3.000 до 5.000 евра, навистина застрашувачки, дури целомесечен буџет од патни трошкови може да отиде на казна.

Во однос на цената кој ја плаќаме сега, а која сигурно е многу помала во однос на идните последици од целосното досегашно и идно уништување „согласно законите“ споредбата е непотребна.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/o2-inicijativa-vo-urbanizmot-i-po-dve-godini-od-vetuvanjata-na-novata-vlast-nema
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Mar-2019 at 20:02
Ова има никнато во Ѓорче карши Порта Влае. Цело градилиште го обиколив никаде нема никаква информација, за рендер да не збориме.

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Mar-2019 at 23:58
Индиферентноста на мнозинството граѓани придонесе таа група на транзициски профитери да владеат со урбанизмот во Македонија. За жал и после 30 години народот сеуште е во фазон "за џабе е, нема ништо да се смени", па смета дека не вреди ни со прст да се мрдне за одреден проблем.

Ај што уништуваат се што е градено во Југославија, туку поболно е што уништуваат историја стара стотици години, а во многу случаи и од пред наша ера, но истовремено уништуваат природа стара милиони години.

Индиферентноста на народот се должи на ниското ниво на едукација (тоа што некој има диплома не значи дека е едуциран), па оттука многумина не се во можност да разберат што точно се уништува и колкава е цената.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.