build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3810
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 30-Jun-2013 at 21:01
Hm masite i stolcinjata sepak gi ostavile. Mislam deka treba eden konkreten proekt, nesto atraktivno primer site masi i stolcinja da se isti a da ima i osvetluvanje vo boji kako nekoja fontana vo drim ili nesto sto tece.. lele jako kje bese inace bas super sto masite i stolcinjata ne se ostraneti posto site sakat pokraj rekata da si napijat edno kafee.. ubavoo e

inace eve najpoznation restoran relax dobi granica do kade moze da odi so terasata (crven linija)




Edited by my Macedonia - 30-Jun-2013 at 21:06
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 01-Jul-2013 at 15:27
Браво! Само нека продолжи вака, следно да ја среди чаршијата.

ОПШТИНА СТРУГА ГИ УРИВА НЕЛЕГАЛНИТЕ ТЕРАСИ КРАЈ ДРИМ


Општина Струга започна со уривање на нелегално изградените тенди, конструкции и тераси на кејот од реката Црн Дрим.
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, кој минатата недела во полицијата пријави дека примил телефонски закани од Дилавер Бојку ,кој е еден од сопствениците на нелегален објект,денеска не сакаше да даде изјава во врска со отпочната акција.Но пред неколку дена рече дека и покрај заканите ,тој ќе ги спроведе најавите од изборната кампања и ќе се справи со урбаната мафија. Прецизни информации не добиле ниту градските советници. Сепак тие ја поздравија акцијата, изразувајќи очекување дека таа нема да биде селективна.
-Акцијата ја поздравуваме и се надеваме дека тука нема да застане и ќе ги опфати сите дивоизградени објекти во Струга, но со мала доза на резерва што понатаму со таа урбана опрема, затоа што Струга е туристичко место.-изјави Перо Петкоски, советник од коалицијата „За подобра Струга“.

Акцијата која се спроведува со асистенција на полицијата тече без проблеми, а дел од сопствениците на угостителските објекти сами ја демонтираат поставената опрема.


Жителите на Струга велат,оддамна требало да се спречи уништувањето на кејот на Црн Дрим ,но и на крајбрежието на езерото


-Сосема е легитимна акцијата на општината бидејќи јавните површини беа узурпирани-изјави граѓанин на Струга.
-Треба да се овозможи граѓаните да можат да се движат слободно.-додаде друг стружанец.



Советниците на општина Струга очекуваат дека по отстранување на нелегално постабените објекти на јавни површини ,ќе се пристапи кон изготвување план за поставување на урбана опрема соодветен на туристичките потреби на градот.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=28428
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 08-Jul-2013 at 12:59
Ете и овој го средија

Срушен дел од хотелот на Дилавер Бојку, Струга се справува со дивите објекти

Во Струга денеска беше срушен предниот дел од хотелот „Блу Скај“, односно летната тераса и ресторанот, сопственост на струшкиот бос Дилавер Бојку Леку. Претходно градоначалникот Зиадин Села даде рок до 30 јуни на сите сопственици на угостителски објекти кои се дивоградби, сами да ги отстранат објектите. Објектот го рушеше специјализирана фирма, која на тендер ја ангажираше општина Струга, а денот продолжи со уривање на нелегалните тенди, и тераси на кејот на Црн Дрим.

Целата акција се вршеше под силно полициско обезбедување, но помина без изјава за медиумите од страна на градоначалникот Села. Акцијата ја поздравија граѓаните, но и коалицијата За подобра Струга. Тие повикаа да продолжи расчистувањето на дивоградбите и урбаната опрема на брегот.

- Треба да се одлучи што и како со урбаната опрема, да се направи квалитетна програма. Ние сме туристичко место и приоритет ни е да имаме понуда каква што доликува за еден туристички центар, изјави претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски во име на коалицијата.

Претходно, по доставувањето на рокот за уривање, голем дел од угостителите кои работеа на диво, самите ги отстранија терасите. Според најавите, сега на кејот ќе може да се поставуваат само маси и чадори, со платен надомест на општината.

http://faktor.mk/archives/55815
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 03-Nov-2013 at 02:29
Не најдов друга соодветна тема на форумова за оваа статија, доколку постои посоодветна тема на форумов, администраторите/модераторите нека го префрлат овој пост во таа тема.
 
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен видео клип поврзан со конкретната статија.
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=31994
 

ПОРАДИ ГРАДЕЊЕТО ВИСОКОКАТНИЦИ НА ТЕТОВО МУ СНЕМУВА ВОЗДУХ

 
02.11.2013
 

 
Станбени објекти на растојание од само неколку метри, без доволно  паркинг простор и висококатници каде едвај функционира еден лифт. Градежната експанзија во Тетово која се одвива на незаконски начин, се повеќе го стеснува просторот. Непочитувањето на стандардите за градба ги принуди станарите да паркираат на улици и тротоари, а заради близината на зградите останаа без воздух.
 
Експертите велат дека одобренијата за градба се даваат на многу брз и едноставен начин, само за  да се наполни општинскиот буџет. Инвеститорите пак, одобрениот паркинг простор понекогаш го искорустуваат да изградат најмалку уште еден влез на зградата, која ако има дозвола за градење на пет, преку ноќ станува осумкатна.
Професорот Енис Јакупи вели дека ваквата практика може да се спречи, доколку надлежните вршат контроли во текот на градбата, и ги преземат сите мерки согласно законот.
 
Одредени постоечки регулативи за градба, треба да се променат по теркот на европските стандарди, вели професорот.
 
Изминативе неколку години во строгиот центар на градот се изградија дваесетина станбени објекти. Голем дел од нив се градени без стандарди и нормативи, но никому до сега не му е изречена забрана за градење или казна.
 
[ Зоран Димовски ]

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 08-Nov-2018 at 16:55



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1437
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 10-Feb-2019 at 17:23
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 04-Mar-2019 at 19:18
На Охрид му се случува полуорганизирано дивјаштво

Наспроти декларираните заложби за умерен урбанистички развој утврден од барањата, потребите на граѓаните (општествената заедница, не на поединци) и препораките на УНЕСКО, она што денеска му се случува на градот и езерото, кога станува збор за урбанизацијата, во најблаго кажана форма е ништо друго туку полуорганизирано дивјаштво, спроведено под форма на надополнување, надградување и упропастување на плански изграденото во едно друго време. Таква e оценката на експертите кои некогаш беа дел од институциите задолжени за плански развој на градот и неговата околина, меѓу кои архитектот Димитар Зарчев, поранешен директор на градежното претпријатие „Трудбеник“, своевремено и претседател на Собранието на Општина Охрид.

Зарчев зборувајќи за МИА појаснува дека контролираната урбанизација на градот во современа смисла датира некаде од крајот на 60-те години на минатиот век, кога за првпат официјално беше формиран Завод за урбанизам и архитектура на Охрид, сериозна институција составена од десеттина архитекти и инжинери, која ги постави главните постулати во која насока ќе се развива градот како населено место, субјект што истовремено ќе води сметка за неговата културно-историска вредност. Таа институција подоцна прерасна во Дирекција за урбанистичко и просторно планирање, дополнета со други надворешни профили експерти од најразлични бранши, од економисти, културни дејци, инжинери по шумарство, биолози, интелектуалци од разни профили, со единствена задача да води сметка за развојот на Охридско-преспанскиот регион. Според Зарчев, кој беше дел од таа институција, станува збор за субјект прв и единствен од тој вид во тогашна СР Македонија.

  • Ништо не беше оставено на волунтаризам или некаква случајност. Она што е денеска евидентно во развојот на градовите, постои многу политичко влијание. Дури и во тој еднопартиски систем каде години работев како проектант, ниту еднаш немаше случај политиката да се меша во нашите ингеренции. Ние ги баравме политичарите, и тоа само по потреба најчесто кога беа потребни средства, ниту еден политичар не дојде директивно да нареди нешто да се гради. Едноставно, сите работи беа спроведувани на научна основа и согласно стандардите, за кои се водеше и тоа како сметка, рече Зарчев.

Според него, недвосмислено како главна концепција утврдена од експертите била водењето сметка за зачувување на животната средина, односно градот да развива индустрија што нема да загадува.

Зарчев е дециден дека се што било изградено од 1968 до 1988 година било правено согласно програма, концепт, план и економска оправданост и одржливост. Спротивно од она што сега се случува.

  • Во моментот кога на сцена стапи голото профитерството кое може да диктира, плаќа, подмитува, работите тргнаа наопаку. Архитектите кое се најповикани да го осмислуваат урбанистичкиот развој се исклучени од процесот на одлучување. Почна да се градат објекти без контрола на висина, габарит, на недозволиви места, сведоци сме дека веќе во градот е изменета и микроклимата. Тоа што Охрид се уште не е загаден град, тоа е последица што се уште просторот овозможува некаква циркулација на воздухот, но прашање на време е кога и тоа ќе се смени на полошо, вели Зарчев. Според него, изградба на каков било објект мора да има своја оправданост, да има потреба од него, независно дали се работи за болница, градинка, училиште, спортска сала…

Според Зарчев, со тоа што никој не поднесува била одговорност за очигледни пропусти или погрешни одлуки што неповолно влијаеле врз градот, околината, средината, оставаат отворен простор за појави на самоволие, професионален дилетантизам и идна деградацијата во секоја смисла. На места предвидени за паркиралишта се градат габаритни станбени објекти што зјаат полупразни, се тампонира милиони години старото езерско крајбрежје, трската се пали, само за да се добие атрактивен простор за градење. Сето тоа последица на отсуството интергриран план за урбанистички развој на градот, детално и стручно осмислен да ги следи промените во средината во сите аспекти – од природниот прираст на населението, преку интенциите за развој на стопанскиот развој на градот, се до предвидувањата за бројот моторни возила што ќе ги има во градот во иднина…

  • Интервенцијата во просторот во Охрид и околината мора да се спроведува филигрански. Замислете, во овој момент во тек е изработка на 27-та верзија на Законот за градење, значи секоја година од формирањето на државата. Тоа е безобразие, таксативно да се менуваат урбанистички планови, само за да се деградира просторот преку впишување некакви објекти за да се задоволат нечии лукративни апетити. Се додека на извршни позиции се поставувуват апологетски потписници на туѓи одлуки нема оптимизам за напредок, во било која сфера на општественото живеење, изјавува тој.

Што се однесува на актуелниот оспоруван објект во изградба во населбата Лагадин, Зарчев појаснува дека таа првично проектирана вилска населба наречена „Здравје“ била осмислена во неа да нема објект повисок од приземје и еден кат, а оние од првиот ред до езерото дури и да бидат на приземје без покрив само за да не им го попречуваат погледот на објектите од задните редови. Она што денеска е Лагадин нема никаква допирна точка со предвиденото во тој период, дециден е Зарчев во интервјуто за МИА.

https://www.ohridnews.com/zarchev-na-ohrid-mu-se-sluchuva-poluorganizirano-div-ashtvo/

Вреди и целиот текст да се прочита ако ве интересира подетално (линкот од МИА), за жал само со нервоза ќе останете на крај

https://mia.mk/2019/03/ohrid-gradot-shto-talka-vo-potragata-po-odrzhliv-urbanistichki-razvo/

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1437
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 04-Mar-2019 at 22:41
Неверојатно како наводната диктатура во социјализмот била (многу по)поволна за урбанистичкиот развој и здравиот разум, а со доаѓањето на наводната демократија, Македонија западна во диктатура на мала група злобни луѓе кои ја уништија природата и благосостојбата на луѓето. Се палат трски, се уништуваат крајбрежја, се уништуваат шуми... Охрид сосе Струга треба да бидат избркани од УНЕСКО зашто свесно го уништуваат и културното и природното наследство и бојкотирани од светските туристи, а Македонија предмет на санкции и изолација поради истите причини. Сѐ додека не се ослободи од окупацијата на урбаната мафија, нема да биде третирана како држава, туку феудална диктатура. Можеби е време и за граѓанска непослушност и неплаќање даноци сѐ додека општините не почнат да работат во интерес на луѓето, наместо малата група профитери. Иако додека Мијалков, Камчев и слични ја раководат државава, наместо да лежат во Шутка, а Дизел и Крсто се на високи државни функции, тешко дека ќе има економски и социјален, а со тоа и урбан напредок - корупцијата и криминалот се негови најголеми непријатели.
Само природата (во поширока смисла на зборот) е посилна од изнасилениот бетон, па ќе биде добро кога тркалото ќе се сврти.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 04-Mar-2019 at 23:58
Индиферентноста на мнозинството граѓани придонесе таа група на транзициски профитери да владеат со урбанизмот во Македонија. За жал и после 30 години народот сеуште е во фазон "за џабе е, нема ништо да се смени", па смета дека не вреди ни со прст да се мрдне за одреден проблем.

Ај што уништуваат се што е градено во Југославија, туку поболно е што уништуваат историја стара стотици години, а во многу случаи и од пред наша ера, но истовремено уништуваат природа стара милиони години.

Индиферентноста на народот се должи на ниското ниво на едукација (тоа што некој има диплома не значи дека е едуциран), па оттука многумина не се во можност да разберат што точно се уништува и колкава е цената.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2410
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 05-Mar-2019 at 20:02
Ова има никнато во Ѓорче карши Порта Влае. Цело градилиште го обиколив никаде нема никаква информација, за рендер да не збориме.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.