build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 19-Jul-2019 at 20:05
https://twitter.com/US_Reagan/status/1151857151507423232

Викам јас црно му се пишува на градов,пардон државава со оваа политичка гарнитура.

Edited by Enzo - 19-Jul-2019 at 20:06
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 31-Jul-2019 at 19:01
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 08-Aug-2019 at 13:31
Изгласан мораториум на градба на територија на Општина Охрид!

Со 20 гласа ЗА, двајца воздржани, советниците Нефи Усеини и Џемаил Мена, Советот на Општина Охрид на денесшната седница ја изгласа Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.

-Особено ме радува фактот што како охриѓани покажавме заедништво и единство за теми кои се од клучнен интерес за нашиот Охрид. – изјави по изгласувањето на одлуката градоначалникот на Охрид Конатснтин Георгиески.

Со одлуката всушност се воведува времен мораториум за градба. Сите постапки, пак, со добиено одобрение за градење можат да продолжат со реализација.

Со усвојувањето на одлуката започнуваме со реализација на активнстите од Акциониот план. Тоа значи дека од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на урбанистички планови урбанистичко плански документации, архитектонско урбанистички проекти на територијата на општина Охрид. Исто така времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат на одобрение за градење, надградба и доградба после стапување во сила на оваа одлука. Сите постапки со добиено правосилност за градење можат да продолжат со постапка. – објасни градоначалникот Георгиески.

Градоначалникот Георгиески изрази надеж дека институциите во спроведувањето на Аксискиот план за исполнување на барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО ќе ја добијат неопходната поддршка од граѓаните, невладините оргнизации и медиумите за исполнување на сите препораки со што Охрид ќе продолжи да биде град на УНЕСКО.

Предложената одлука не се однесува на барања за:
-извод од план
-решение за измени во тек на градба
-промена на инвеститор
-реконструкција, адаптација и пренамена
-решение за градби за кои не се издава одобрение за градење.

Оваа одлука не се однесува на барања за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти, исто така и за отпочнати постапки за одобрение за градење, изградба, надградба и добрадба, се вели во изгласаната одлука.

Предлог одлуката не се однесува на реализација на проекти и градење на објекти и изведување на работи од јавен интерес од локално значење, односно за:
– градење на објекти и изведување на работи за потребите на општинските јавни служби во областа на образованието, воспитанието, спортот, науката, културата, здравството и социјалната заштита;
– градење на далноводи со напонско ниво до 35КВ и трафостаници со напонско ниво до 10 КВ;
– градење на трамвајски пруги;
– градење на објекти за противпожарна заштита;
– градење на локални водоснабдителни и канализациони системи со системи за пречистување;
– градење на стадиони и спортски сали со капацитет до 10 000 гледачи;
– градење на катни гаражи;
– градење на објекти за општа употреба и тоа: општински патишта, плоштади, јавни паркови, пазари, јавни паркиралишта и гробишта;
– градење на меморијални споменици и спомен обележја.

Во одлуката се предлага времен прекин на сите постапки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на територијата на општина Охрид.

Одлука ќе се применува до донесување на Планот зa управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион или најдоцна до 01.02.2020 година.

https://www.ohridnews.com/obnoveno-izglasan-moratorium-na-gradba-na-teritori-a-na-opshtina-ohrid/

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12038
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 08-Aug-2019 at 13:50

– градење на трамвајски пруги;

Добро е што со одлукава не е загрозен проектот за трамвај во Охрид.

Шала на страна, со оглед на ситуацијата во која се дотеравме, мораме да бидеме среќни со вакви мораториуми.
Сега втор чекор е да се спроведе како што треба, паралелно со сите други работи што се потребни, за да има смисла и резултат. Трет чекор е да се научи лекцијата и да не се повтори ни оддалеку слична ситуација.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 08-Aug-2019 at 18:17
Усеини: Нека ги рушат сите дивоградби на крајбрежјето и во Галичица, па мојот објект сам ќе го рушам 

Советникот од ДУИ Нефи Усеини, тврди дека против него во тек е политичка хајка, која се води од страна на власта со цел затскривање на, како што вели, криминалните активности во кои е вклучена. За спорниот објект кај чинарот, Усеини е категоричен дека не е дивоградба и дека не станува збор за цврста градба, туку метална конструкција. Вели дека не е против рушење на дивоградбите и бара законот да е еднаков за сите.
  • Во Охрид со години се градат дивоградби и затоа имаме бројка од 1401 дивоградба. Треба прво да се рушат сите останати дивоградби кои се на крајбрежјето и се проблем за УНЕСКО, да се ослободат сите тротоари каде треба да минуваат пешаците, да се отстранат дивоградбите во националниот парк Галичица, а потоа нека дојдат во центарот, кај чинарот. Откако ќе ги отстранат останатите дивоградби, додека дојдат до чинарот, и покрај тоа што ги имам сите документи за пицеријата, јас самиот ќе го отстранам објектот. Барам да нема селективност, вели Усеини.

Додава дека надлежните треба да ги рушат дивоградбите, почнувајќи од оние за кои уште пред десет години се издадени решенија за отстранување.

  • Како советник и жител на Охрид каде живеам со семејството и имам бизнис со над 500 вработени, работам повеќе од 10 часа во денот за во градот да биде подобро. 12 години плаќам придонеси до државата и општината. Мојата тераса не е нова градба, само е извршено реновирање. Не е цврста градба, може секој да провери во секое време, само е поставена метална конструкција, вели Усеини.

Во врска со информациите дека финансиска полиција ги посетила неговите објекти советникот Усеини вели дека се лага, додавајќи дека дошле само надлежни лица кои вршеле проверка дали неговите вработени работаат легално, па откако не биле утврдени неправилности си отишле.

Потенцира дека немало никаков договор помеѓу него и локалната власт и владата пред локалните избори освен договорот со покојниот градоначалник за вработување на лица од албанска националност, Турци, Роми во јавните претпријатија, согласно законот.

https://www.ohridnews.com/useini-neka-gi-rushat-site-divogradbi-na-kra-brezh-eto-i-vo-galichica-pa-mo-ot-ob-ekt-sam-e-go-rusham/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 08-Aug-2019 at 18:23
Многу бизнис интереси се испреплетени во Охрид, примарно околу угостителство, а потоа и сектор на недвижности, па така се доведе во оваа ситуација. Вест од вчера која не ја постирав е дека сопственикот на локалот Аквариус објави дека сами ќе ја срушат нивната платформа во езеро, па од нив да почнел позитивен пример и други да направеле така. Иако позитивен пример според мене би било никогаш да не ја изградиш Big%20smile

Цела држава ни е дивоградба, затоа и се донесе законот за легализација пред неколку години, ама жалосно е што само еден град е под заштита на Унеско, па само таму можеби ќе се преземе нешто.

Можеби треба и посебна тема да отвориме за да ги пратиме случувањата во следниве месеци, бидејќи сигурно многу вести и слики ќе излегуваат за ситуацијава (ако навистина се спроведе било што од акцискиот план).
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12395
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 09-Aug-2019 at 10:03
Моите очекувања се мали, да не речам никакви, во врска со уривањето дивоградби. Можеби ќе урнат една-две колку да имаат што да покажат пред медиумите, а потоа пак ќе си тераат по старо.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1521
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 12-Aug-2019 at 22:46
Антикорупциска ќе отвори предмет за урбаната мафија и Скопје – 2014

Во интервју за тв24 претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, најави дека комисијата сигурно ќе отвори предмети и за објектите од Скопје 2014.

-Ако не биде есенва, сигурно ќе биде отворен следната година. Главната точка што ќе ја подготувавме за следната година ќе биде предмет за урбаната мафија, градежништвото и сигурно тука ќе си најде дел и проектот „Скопје 2014, рече Ивановска.

https://www.libertas.mk/antikorupcziska-%d1%9ce-otvori-predmet-za-urbanata-mafi%d1%98a-i-skop%d1%98e-2014/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 437
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 31-Aug-2019 at 19:18
Градоначалниците во полошкиот регион водат ли некаков ред што се однесува до урбанистичкиот план или таму гради кој како сака? Повторно нападнати државни службеници од страна на локални шерифи поради приклучоци за вода.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=122&v=UZSEwTQFNWU

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 17-Sep-2019 at 21:38
Финална координација Георгиески-Спасовски: Прво ќе се уриваат објектите без правни пречки во активната зона на НП „Галичица“ и крајбрежјето 

Охрид, 15. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општина Охрид, опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

– За поефикасна координација на акцијата денеска се одржа средба на Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници. Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје. На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки. Акцентот, како што беше речено, ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на НП „Галичица“ и крајбрежјето. На средбата беше изразена согласност, активностите на Општина Охрид во справувањето со нелегално изградените објекти дека ќе бидат поддржани од надлежните државни институции, а се ќе се одвива со постојана меѓусебна координација, информираат од општина Охрид. (Крај)

https://ohridpress.com.mk/?p=96373
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 20-Sep-2019 at 10:54
Започна акцијата за уривање на дивоизградените објекти во Охрид

Охрид, 20. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид денес ја започна најавената акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општината, во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

– Според предвиденото, во акцијата за уривање, паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти кои што се во тек на израдба и оние дивоградби кои се опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, кои се изградени во периодот од 2006-та до 2019-та година. На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид. Во рамки на акцијата, денес се спроведува отстранување на дивоизграден објект на улицата „Марко Нестороски“ број 144, во согласност со Решението за отстранување ИП-1 бр. 36-843 од 13.09.2019 година и Заклучокот за дозвола за извршување ИП-1 бр. 36-843 од 19.09.2019 година. Се работи за дивоизграден објект во сопственост на физичко лице, кој е во фаза на карабина. Димензиите на објектот, врз основа на направениот записник се 10,45 метри на 12,50 метри во вкупна бруто површина од 130, 6 м2. Предметниот објект е лоциран на КП 10426/1 КО Охрид 2 и се градеше без одобрение за градење, информираат од општина Охрид.

Додаваат дека се сериозно посветени на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и уште еднаш ги повикуваат сопствениците на дивоизградени објекти, да постапат согласно добиените решенија за отстранување на градбите. Во спротивно отстранувањето ќе го изврши општината, а трошоците за отстранување, ќе ги сносат лицата кои се задолжени во решенијата. (Крај)





https://ohridpress.com.mk/?p=96658
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 20-Sep-2019 at 11:04
Ај баш да видиме дали ќе запре шќипаризацијата на Охрид,односно тоа што си го прават по Гостивар,Дебар,Тетовско(гради кај што ќе ти прдне собери ја цела фамилија од швицарска и избркај ги македонците) со дозвола од локалните власти ради партиски игри нормално. Мене тоа ми е поважно отколку што ќе срушат 3-4 полу куќи и еден кафиќ.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 20-Sep-2019 at 11:13
За каква шќипаризација на Охрид зборуваш? Ги разбирам твоите фрустрации во животот и што те буди во 3 часот наутро, но проблемот со дивоградбите во Охрид не потекнува од Албанците. Проблемот потекнува од самите граѓани, а граѓаните не се Албанци или Македонци, туку се Охриѓани.
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 20-Sep-2019 at 11:15
Originally posted by ironm

За каква шќипаризација на Охрид зборуваш? Ги разбирам твоите фрустрации во животот и што те буди во 3 часот наутро, но проблемот со дивоградбите во Охрид не потекнува од Албанците. Проблемот потекнува од самите граѓани, а граѓаните не се Албанци или Македонци, туку се Охриѓани.

Извини во државава живееш или само постираш линкови од вести онака ради реда на форумов ?

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 20-Sep-2019 at 11:20
Одговори на прашањето наместо да се правиш паметен. Не се труди на секој проблем етнички и политички спин да даваш и да ги труеш сите на форумов. Се чини воопшто не го разбираш проблемот во Охрид, а се трудиш мислење на секоја тема да имаш.
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 20-Sep-2019 at 11:31
Originally posted by ironm

Одговори на прашањето наместо да се правиш паметен. Не се труди на секој проблем етнички и политички спин да даваш и да ги труеш сите на форумов. Се чини воопшто не го разбираш проблемот во Охрид, а се трудиш мислење на секоја тема да имаш.

Нема јас тебе што да ти одговарам јас што имав да пишам за мачкањево очи пишав,ти ме цитираше,етнички и политички е спинувано СЕ во државава баш против моја волја тоа не значи дека не треба да се реагира и да се ќути,ама ти очигледно си малку осетлив кога ќе се спомне РЕАЛЕН проблем со едно малцинство во државава.

Отруен си ти од мислења што не ти одговараат,и тоа си е твој проблем и твои комплекси.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3844
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 20-Sep-2019 at 11:52
Originally posted by Enzo

Ај баш да видиме дали ќе запре шќипаризацијата на Охрид,односно тоа што си го прават по Гостивар,Дебар,Тетовско(гради кај што ќе ти прдне собери ја цела фамилија од швицарска и избркај ги македонците) со дозвола од локалните власти ради партиски игри нормално. Мене тоа ми е поважно отколку што ќе срушат 3-4 полу куќи и еден кафиќ.

Значи цело охрид било албанско дека имало многу дивоградби? Кој ги брка македонците? Ако сакаш да си го продаваш куќата тогаш е твој имот и правиш што сакаш а ако ти сам си заминуваш дека не сакаш да си имаш албанци тоа е друг но пак твој проблем.
Не знам и јас од ,,швицарска,, сум и баш мило ми е да си живеам со африканци, швајцарци турци и МАКЕДОНЦИ.
А во северна се ми е исто, граѓани на една држава.🤷‍♂️

Edited by my Macedonia - 20-Sep-2019 at 11:54
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 577
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 20-Sep-2019 at 11:57
Originally posted by Enzo

Originally posted by ironm

Одговори на прашањето наместо да се правиш паметен. Не се труди на секој проблем етнички и политички спин да даваш и да ги труеш сите на форумов. Се чини воопшто не го разбираш проблемот во Охрид, а се трудиш мислење на секоја тема да имаш.

Нема јас тебе што да ти одговарам јас што имав да пишам за мачкањево очи пишав,ти ме цитираше,етнички и политички е спинувано СЕ во државава баш против моја волја тоа не значи дека не треба да се реагира и да се ќути,ама ти очигледно си малку осетлив кога ќе се спомне РЕАЛЕН проблем со едно малцинство во државава.

Отруен си ти од мислења што не ти одговараат,и тоа си е твој проблем и твои комплекси.

Токму затоа треба да престанеш да труеш, бидејќи немаш ништо паметно што да кажеш како што се гледа од твојов пост. Не само што сум осетлив, туку и алергичен на малоумни ставови како твоите. Од такви како тебе што гледаат бинарно на проблемите политиката во МК го злоупотребува народот. Го дели на наши и ваши, наместо на тие што почитуваат и не почитуваат закон. Ако излезеш од твојата матрица и запознаеш неколку Албанци можеби ќе сфатиш дека нема да те изедат.

За да не ми е цел пост офф-топик, да ти објаснам и за дадениот проблем бидејќи очигледно воопшто не го разбираш.
- Проблемот во Охрид се сите оние дивоградби на Галичица изградени од жители во села со 100% македонско населени.
- Проблемот во Охрид се сите бетонирани плажи кои се дивоградба со 100% сопственост на етнички Македонци.
- Проблемот во Охрид се сите платформи во езеро на локали со 100% сопственост на етнички Македонци.
- Проблемот во Охрид се 20те дивоградби на Плаошник, проект во сопственост на државата.
- Проблемот во Охрид е минарето на џамијата во чаршија изградено со пари од Турција.
- Проблемот во Охрид е хотелот во Лагадин на 10 метри од езеро со 100% сопственост на етнички Македонци.
- Проблемот во Охрид се сите згради со висина поголема од дозволената во централно подрачје.
- Проблемот во Охрид се сите куќи изградени на приватни имоти без градежна дозвола.
- Проблемот во Охрид е пешачката патека што минува низ Студенчишко блато.
- Проблемот во Охрид се дивоградбите на Нефи Усеини - Албанец поединец, а не цело малцинство.
- Проблемот во Охрид е законот за легализација на дивоградби од владата на ВМРО со кој се легализираа објекти што никогаш не смееше.

Проблемот во Охрид не се Албанците или кое било друго малцинство, туку непочитувањето закони. Ама изгледа чекаш да ти го кажат тоа на Курир и Република за да го "сфатиш".
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 20-Sep-2019 at 12:55
За да се руши бетонската база на Нефи Усеини и други објекти се молат пари од Министерството за финансии

Општината почна да руши. Стартот е од приватна куќа за која има сомнежи дека ангажиран да ја гради е Нефи Усеини. Но, што е со големите објекти и оние во рацете на моќни охриѓани.

Денеска во општина Охрид се руши првата дивоградба. Се очекуваа поголеми акции на стопанските објекти, но се почна од куќата на извесна Абдула Фетие за којашто властите во Охрид тврдат дека е можно да ја гради компанијата НЕФИ ИК во сопственост на советникот на ДУИ, Нефи Усеини. Сопственичката на плацот до овој момент не може да биде лоцирана од полицијата.

Станува збор за истата куќа за којашто на почетокот на месецов полицијата информираше дека ги привела работниците кои ја граделе со цел да дознаат кој е инвеститор во објектот.

Објектите кои предизвикаа најмногу реакции како бетонската база којашто НЕФИ ИК ја гради на земјиште на Исламската верска заедница и дивата тераса до чинарот, исто така во сопственост на Усеини, но и останатите тераси на крајбрежјето и плажите ќе почекаат за рушење бидејќи општината нема пари.

Минатата недела градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиевски се сретнал со министерката за финансии Нина Ангеловска и побарал финансиска помош. Исходот од ова не е познат. Општината и претходно се пожали дека централната власт и институциите не можат да се изземат од одговорност и мораат да постапуваат согласно нивните ингеренции.

Погледнете ја сторијата на ИРЛ за Нефи Усеини и дознајте повеќе за човекот којшто ги држи во страв институциите.

https://irl.mk/za-da-se-rushi-betonskata-baza-na-nefi-useini-i-drugi-obekti-se-molat-pari-od-ministerstvoto-za-finansii/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 20-Sep-2019 at 19:09
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Enzo

Ај баш да видиме дали ќе запре шќипаризацијата на Охрид,односно тоа што си го прават по Гостивар,Дебар,Тетовско(гради кај што ќе ти прдне собери ја цела фамилија од швицарска и избркај ги македонците) со дозвола од локалните власти ради партиски игри нормално. Мене тоа ми е поважно отколку што ќе срушат 3-4 полу куќи и еден кафиќ.

Значи цело охрид било албанско дека имало многу дивоградби? Кој ги брка македонците? Ако сакаш да си го продаваш куќата тогаш е твој имот и правиш што сакаш а ако ти сам си заминуваш дека не сакаш да си имаш албанци тоа е друг но пак твој проблем.
Не знам и јас од ,,швицарска,, сум и баш мило ми е да си живеам со африканци, швајцарци турци и МАКЕДОНЦИ.
А во северна се ми е исто, граѓани на една држава.🤷‍♂️

Супер, а дали се согласуваш дека и во Македонија, а особено западниот дел треба да има стриктна примена на законите како во Швајцарија? Тоа значи рушење на илјадници обејкти, а меѓу другото и истакнување на 30% поголемо македонско знаме покрај секое албанско.

Конкретно за проблемот со Охрид имаат вина сите, без разлика на етничка припадност. Но, дрскоста на ДУИ и локалниов мангуп фрла дамка врз цела етничка заедница, со оглед на тоа што мнозинство Албанци 18 години ја поддршуваат таа партија и нејзините политики.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.