build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија и дивоградби (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Enzo View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 19-Jul-2019 at 20:05
https://twitter.com/US_Reagan/status/1151857151507423232

Викам јас црно му се пишува на градов,пардон државава со оваа политичка гарнитура.

Edited by Enzo - 19-Jul-2019 at 20:06
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 31-Jul-2019 at 19:01
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 08-Aug-2019 at 13:31
Изгласан мораториум на градба на територија на Општина Охрид!

Со 20 гласа ЗА, двајца воздржани, советниците Нефи Усеини и Џемаил Мена, Советот на Општина Охрид на денесшната седница ја изгласа Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.

-Особено ме радува фактот што како охриѓани покажавме заедништво и единство за теми кои се од клучнен интерес за нашиот Охрид. – изјави по изгласувањето на одлуката градоначалникот на Охрид Конатснтин Георгиески.

Со одлуката всушност се воведува времен мораториум за градба. Сите постапки, пак, со добиено одобрение за градење можат да продолжат со реализација.

Со усвојувањето на одлуката започнуваме со реализација на активнстите од Акциониот план. Тоа значи дека од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на урбанистички планови урбанистичко плански документации, архитектонско урбанистички проекти на територијата на општина Охрид. Исто така времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат на одобрение за градење, надградба и доградба после стапување во сила на оваа одлука. Сите постапки со добиено правосилност за градење можат да продолжат со постапка. – објасни градоначалникот Георгиески.

Градоначалникот Георгиески изрази надеж дека институциите во спроведувањето на Аксискиот план за исполнување на барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО ќе ја добијат неопходната поддршка од граѓаните, невладините оргнизации и медиумите за исполнување на сите препораки со што Охрид ќе продолжи да биде град на УНЕСКО.

Предложената одлука не се однесува на барања за:
-извод од план
-решение за измени во тек на градба
-промена на инвеститор
-реконструкција, адаптација и пренамена
-решение за градби за кои не се издава одобрение за градење.

Оваа одлука не се однесува на барања за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти, исто така и за отпочнати постапки за одобрение за градење, изградба, надградба и добрадба, се вели во изгласаната одлука.

Предлог одлуката не се однесува на реализација на проекти и градење на објекти и изведување на работи од јавен интерес од локално значење, односно за:
– градење на објекти и изведување на работи за потребите на општинските јавни служби во областа на образованието, воспитанието, спортот, науката, културата, здравството и социјалната заштита;
– градење на далноводи со напонско ниво до 35КВ и трафостаници со напонско ниво до 10 КВ;
– градење на трамвајски пруги;
– градење на објекти за противпожарна заштита;
– градење на локални водоснабдителни и канализациони системи со системи за пречистување;
– градење на стадиони и спортски сали со капацитет до 10 000 гледачи;
– градење на катни гаражи;
– градење на објекти за општа употреба и тоа: општински патишта, плоштади, јавни паркови, пазари, јавни паркиралишта и гробишта;
– градење на меморијални споменици и спомен обележја.

Во одлуката се предлага времен прекин на сите постапки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на територијата на општина Охрид.

Одлука ќе се применува до донесување на Планот зa управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион или најдоцна до 01.02.2020 година.

https://www.ohridnews.com/obnoveno-izglasan-moratorium-na-gradba-na-teritori-a-na-opshtina-ohrid/

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 08-Aug-2019 at 13:50

– градење на трамвајски пруги;

Добро е што со одлукава не е загрозен проектот за трамвај во Охрид.

Шала на страна, со оглед на ситуацијата во која се дотеравме, мораме да бидеме среќни со вакви мораториуми.
Сега втор чекор е да се спроведе како што треба, паралелно со сите други работи што се потребни, за да има смисла и резултат. Трет чекор е да се научи лекцијата и да не се повтори ни оддалеку слична ситуација.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 08-Aug-2019 at 18:17
Усеини: Нека ги рушат сите дивоградби на крајбрежјето и во Галичица, па мојот објект сам ќе го рушам 

Советникот од ДУИ Нефи Усеини, тврди дека против него во тек е политичка хајка, која се води од страна на власта со цел затскривање на, како што вели, криминалните активности во кои е вклучена. За спорниот објект кај чинарот, Усеини е категоричен дека не е дивоградба и дека не станува збор за цврста градба, туку метална конструкција. Вели дека не е против рушење на дивоградбите и бара законот да е еднаков за сите.
  • Во Охрид со години се градат дивоградби и затоа имаме бројка од 1401 дивоградба. Треба прво да се рушат сите останати дивоградби кои се на крајбрежјето и се проблем за УНЕСКО, да се ослободат сите тротоари каде треба да минуваат пешаците, да се отстранат дивоградбите во националниот парк Галичица, а потоа нека дојдат во центарот, кај чинарот. Откако ќе ги отстранат останатите дивоградби, додека дојдат до чинарот, и покрај тоа што ги имам сите документи за пицеријата, јас самиот ќе го отстранам објектот. Барам да нема селективност, вели Усеини.

Додава дека надлежните треба да ги рушат дивоградбите, почнувајќи од оние за кои уште пред десет години се издадени решенија за отстранување.

  • Како советник и жител на Охрид каде живеам со семејството и имам бизнис со над 500 вработени, работам повеќе од 10 часа во денот за во градот да биде подобро. 12 години плаќам придонеси до државата и општината. Мојата тераса не е нова градба, само е извршено реновирање. Не е цврста градба, може секој да провери во секое време, само е поставена метална конструкција, вели Усеини.

Во врска со информациите дека финансиска полиција ги посетила неговите објекти советникот Усеини вели дека се лага, додавајќи дека дошле само надлежни лица кои вршеле проверка дали неговите вработени работаат легално, па откако не биле утврдени неправилности си отишле.

Потенцира дека немало никаков договор помеѓу него и локалната власт и владата пред локалните избори освен договорот со покојниот градоначалник за вработување на лица од албанска националност, Турци, Роми во јавните претпријатија, согласно законот.

https://www.ohridnews.com/useini-neka-gi-rushat-site-divogradbi-na-kra-brezh-eto-i-vo-galichica-pa-mo-ot-ob-ekt-sam-e-go-rusham/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 08-Aug-2019 at 18:23
Многу бизнис интереси се испреплетени во Охрид, примарно околу угостителство, а потоа и сектор на недвижности, па така се доведе во оваа ситуација. Вест од вчера која не ја постирав е дека сопственикот на локалот Аквариус објави дека сами ќе ја срушат нивната платформа во езеро, па од нив да почнел позитивен пример и други да направеле така. Иако позитивен пример според мене би било никогаш да не ја изградиш Big%20smile

Цела држава ни е дивоградба, затоа и се донесе законот за легализација пред неколку години, ама жалосно е што само еден град е под заштита на Унеско, па само таму можеби ќе се преземе нешто.

Можеби треба и посебна тема да отвориме за да ги пратиме случувањата во следниве месеци, бидејќи сигурно многу вести и слики ќе излегуваат за ситуацијава (ако навистина се спроведе било што од акцискиот план).
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 09-Aug-2019 at 10:03
Моите очекувања се мали, да не речам никакви, во врска со уривањето дивоградби. Можеби ќе урнат една-две колку да имаат што да покажат пред медиумите, а потоа пак ќе си тераат по старо.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 12-Aug-2019 at 22:46
Антикорупциска ќе отвори предмет за урбаната мафија и Скопје – 2014

Во интервју за тв24 претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, најави дека комисијата сигурно ќе отвори предмети и за објектите од Скопје 2014.

-Ако не биде есенва, сигурно ќе биде отворен следната година. Главната точка што ќе ја подготувавме за следната година ќе биде предмет за урбаната мафија, градежништвото и сигурно тука ќе си најде дел и проектот „Скопје 2014, рече Ивановска.

https://www.libertas.mk/antikorupcziska-%d1%9ce-otvori-predmet-za-urbanata-mafi%d1%98a-i-skop%d1%98e-2014/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.