build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија и дивоградби (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 24-Sep-2019 at 11:03
Советникот на ДУИ ги брани дивоградбите во Охрид: Да излеземе на протест!

Советникот на ДУИ, Нефи Усеини се огласи на својот профил на „Фејсбук“ и повика на протести против акцијата на Општина Охрид за уривање на дивоградбите.

Откако охридските градски власти донесоа одлука за ставање на крај на безаконието и рушење на сите дивоградби во заштитеното подрачје и околината на градот, најгласно својот револт го искажа Нефи Усеини.

Советникот во чија што сопственост е градежна компанија која изгради голем дел од дивоградбите, како и познатата пицеријата „Луна“ спроти охридскиот Чинар која што исто така е дивоградба, верувале или не, ги повика граѓаните да излезат на протест во одбрана на дивоградбите.

Според Усеини, тој чувствувал „притисок од институциите“ кои што сакале да му „наштетат“, па ги повика граѓаните утре во 10:00 часот пред Општина Охрид да излезат на протест и да ги бранат дивоградбите.
Акцијата за „чистење“ на градот од објектите изградени без градежна дозвола започна пред неколку дена со рушење на првата дивоградба – станува збор за куќа на улицата „Марко Нестороски“ која што неофицијално ја гради градежната компанија „Нефи ИК“ во сопственост токму на Усеини.

Инаку, во Охрид се регистрирани над 1000 дивоградби од кои дури 409 се во заштитеното подрачје. Поради ова, до општина Охрид беа испратени сериозни забелешки од УНЕСКО и постои реална закана градот, поради дивоградбите да го загуби својот статус во угледната организација.

https://kurir.mk/republika/opstini/sovetnikot-na-dui-gi-brani-divogradbite-vo-ohrid-da-izlezeme-na-protest/

Какво изненадување....


Edited by Enzo - 24-Sep-2019 at 11:03
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 17-Oct-2019 at 18:36
Во Дебар Маало





https://www.facebook.com/VoOdbranaNaDebarMaalo/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 17-Jan-2020 at 12:28
Издадени одобренија за градба во Охрид во ноември 2019 - 14

Извор: http://www.stat.gov.mk/pdf/2020/6.1.20.01_mk.pdf

Издадени одобренија за градба во Охрид во ноември 2018 - 12

Извор: http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/6.1.19.01.pdf

Мораториум за градба од септември 2019 за исполнување на препораките од УНЕСКО а ла урбана мафија. Во ваква држава успеваат само тие што се "снаоѓаат".


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 30-Jun-2020 at 13:13
СЕ ПОСТАВУВААТ БЕТОНСКИ СТОЛБОВИ ПРЕД ТЦ „МАВРОВКА“, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ ВЕЛИ СЕ РЕНОВИРА ИЗГОРЕНОТО КАФУЛЕТО КОЕ ИЗГОРЕНОТО КАФУЛЕ



Се поставуваат бетонски столбови за објект пред ТЦ „Мавровка“, на местото на кафулето кое пред два месеци изгоре до темел во пожар. Деновиве просторот на плочникот кај крстосницата на булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков, спроти Судска палата е заграден со ограда и внатре може да се види дека е поставена плоча и се изведуваат темели.

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не се гради објект туку се враќа кафулето во првобитна состојба како пред пожарот и за тоа му е издадена дозвола.

„Ве уверувам дека нема да гради никаков објект, кафуле ќе си биде како што беше. Нашите инспектори беа на терен и се постапува соодветно“, вели градоначалникот Ганиу.

На нашето прашање зошто за летна тераса на јавна површина како што е плочникот пред ТЦ „Мавровка“ се изведуваат бетонски столбови како за објект, Ганиу одговори дека таква била состојбата и претходно. .

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-postavuvaat-betonski-stolbovi-pred-tts-mavrovka-gradonachalnikot-ganiu-veli-se-renovira-izgorenoto-kafuleto-koe-izgorenoto-kafule/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 30-Jun-2020 at 19:03
па и претходната состојба на кафулето беше илегална бе црепови едни!
плус не сум знаел дека пожар гори и армиран бетон што претходно го немало на локацијата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4667
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 30-Jun-2020 at 19:48


Ме потсеќа на 9/11 conspiracies од типот jet fuel can't melt steel beams
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 627
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 30-Jun-2020 at 20:16
Ништо чудно они сами си го запалија...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 01-Jul-2020 at 18:51
И да не заборавиме, пожарот настана од спој кај „фискалната“
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 01-Jul-2020 at 22:39
Какви бандити се ДУИ.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 04-Jul-2020 at 11:49
Се поставуваат бетонски столбови пред ТЦ Мавровка, што ќе никне на местото на „Фонтана“?



Се поставуваат бетонски столбови за објект пред ТЦ „Мавровка“, на просторот каде се наоѓаше култното кафуле „Фонтана“ кое пред два месеци изгоре до темел во пожар. Веќе неколку денови просторот на плочникот пред трговскиот центар е заграден со ограда, а внатре интезивно се работи и може да се види дека е поставена плоча и високи бетонски столбови како за зграда.

Алфа поразговара со сопственикот на поранешното кафуле кој зад камера кажува дека на просторот ќе се гради објект како претходниот само бетонските столбови ќе бидат подебели се со цел поголема сигурност на објектот. Не правел ништо освен кафе бар во налик на предходниот вели сопственикот, а за тоа имал дозвола и од општината, но неколку пати одби да застане пред камерата на Алфа. Зошто се градат столбови со тешка арматура кога за еден монтажен објект тоа не е потребно?

Интензивно продолжуваат градежните активности во просторот пред трговскиот центар Мавровка. За мнинувачите останува нејасно зошто се градат толку високи столбови ако објкетот биде во налик на предходниот.

Се обидовме да добиеме одговор и од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Не одговори на повиците на Алфа. Но за дел од порталите демантирал дека високите бетонски столбови се нешто друго, туку се градело пак кафуле. Уверува дека инспекторите биле на терен и потврдиле дека се постапува соодветно. Во недостиг на официјални документи, останува да видиме што ќе никне на местото на некогашната Фонтана.

https://alfa.mk/se-postavuvaat-betonski-stolbovi-pred-tc-mavrovka-shto-kje-nikne-na-mestoto-na-fontana/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 06-Jul-2020 at 01:48

ништо не знаете вие, ова е еден голем хуманитарен труд да се придонесе за изградба на кружен тек таму, оној на две нивоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 09-Jul-2020 at 11:53
После пожар – печурки







https://marh.mk/posle-pozar-pecurki
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 09-Jul-2020 at 12:00
Во паркот во Кавадарци се изнаредија згради...



https://www.facebook.com/gradskiparkkavadarci/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 291
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 09-Jul-2020 at 12:18
Фино изгледа, блиску до шума. Паркот во Кавадарци е на крај на град, може лесно да биде проширен и треба да биде проширен. Паметна локална власт, а за среќа таква има Кавадарци, треба веднаш да земе да откупи ниви на крајот од паркот и да организира акции за пошумување и уредување.

Конкретно оваа зграда ми делува како некој реконструиран постар социјалистички хотел, воопшто не делува на новоградба иако има интересна форма и ненападно поктровје како што има скоро се во МК.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 10-Jul-2020 at 12:16
Во некоја од новоградбите низ Карпош...(од фб),голем неквалитет,фушерај и аматеризам имам приметено и во дел од новите згради на ул.Прашка.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 10-Jul-2020 at 16:14
Лелеееееее
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.