build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 06-Nov-2009 at 22:44

Поглед

„Езерце“ - втора сезона

Билjана Ангеловска

Уривањето на една од најпознатите скопски кафеани, „Езерце“ во Градскиот парк се' повеќе потсетува на американските телевизиски серијали кои се снимаат по сезони. Не на шпанска сапуница која секогаш има среќен крај, па кога серијата ќе заврши, тоа е дефинитивно крај и нема снимање нови епизоди, туку на американските серии кои никогаш не завршуваат. Само се доснимуваат нови и нови сезони.

Така и со „Езерце“. Човек да се запраша, ќе има ли трета сезона од овој домашен серијал? Првиот пат градежната инспекција на Општина Центар го присили закупецот на објектот сам да го урне делот што го надградуваше, а кој ги надминуваше димензиите за кои добил дозвола. Колку се урна, а колку остана полуурнато, никогаш не се дозна. Факт е дека реконструкцијата беше прекината неколку месеци. Потоа газдата на кафеаната доби одобрение од Општината и продолжи онаму каде што беше застанал. А, што точно му е дозволено да гради и колку, знаат веројатно само тој и одговорните во Општината.

Но, во јавноста остана дилемата дали градежната инспекција на Центар и натаму ќе глумеше лудило и ќе беше слепа за дивоградбата, ако за тоа не алармираа медиумите. После беше лесно да се глуми закон и да се покажува сила.

За дивоградбата газдата веројатно ќе сноси последици, дали ќе плаќа пенали или ќе губи профит, бидејќи губи време, не е важно. Но, ќе има ли казни и за инспекторите кои дозволиле пред очи да им никне толкава метална конструкција! И ќе се најде ли маж за да ги спроведе тие казни? На крајот, ќе реагира ли воопшто градоначалникот на Центар? Или повторно ќе гледаме реприза на Кинескиот ѕид. Ќе се крене малку прав, а потоа ќе се остави да слегне. И пак, никому ништо.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24958084D6D45B429133DF4E0D9F9D23
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 08-Nov-2009 at 17:48
ЖИВЕАМ ВО ЦЕНТАР. ЗНАЧИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАМИСЛИТЕ КОЛКУ СУМ ИСФРУСТРИРАН ОД ВАА К*ЧКАВА АЛАРОВА Bash. Цел ЦЕНТАР го унакази и го врати сигурно 30 години наназад.

АМА НАЈВАЖНОТО ОД СЕ: од еднособен стан кај што живееше порано, К*ЧКАТА сега ги има на располагање НАЈМАЛКУ 10.

Се трудев епитетот да и го дадам во поблагата форма.

Originally posted by Cloverstack

Мислам дека ова припаѓа тука. Урбаната мафија е добро инфилтрирана во редовите на властите и администрацијата (ако воопшто постои граница). Виолета Аларова е еден од најистакнатите примери...

Интересен е и фактот што Аларова потекнува од Маџир-Маало и таму поседува куќа. Ова во врска со фактот дека Аларова е еден од Главните саботери на Бул. Крушевска Република. Какви и се точно рачуниците не знам, ама да се саботира проект от толкава корист за градот, за бедни лични интереси е сепак премногу.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=39D9E182B398BE4189CAB5E126A8956F




Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 13-Nov-2009 at 16:21
Канцелариите на фирмата Самарија изгореа !!!???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 13-Nov-2009 at 16:29
Previous

Изгаснат пожарот во бараката на “Самарија“

Пожарот што денеска претпладне избувна во бараката на градежната фирма “Самарија“ во центарот на Скопје е изгаснат. Огнот целосно ја уништил бараката, но за среќа нема повредени, ниту некој од околните објекти е зафатен од пожарот.

Според првичните неофицијални информации, причина за пожарот е електрична инсталација.

Жителите од соседните згради тврдат дека инсталацијата не би можела да биде причина бидејќи и пред неколку дена исто така избувнал пожар во бараката. Пожарникарите го изгаснале многу брзо и речиси не била направена штета, а по пожарот ја исклучиле инсталацијата.

Бараката до сега ја користеше градежната фирма “Самарија“ која во јавноста стана позната по измамите со станови. Сопствениците на фирмата се во затвор поради тоа што еден стан продавале на неколкумина.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=64168&kategorija=4

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 13-Nov-2009 at 16:31
Ај бараката, ама да не „изгореле“ и по некои документи  Roll%20eyes
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 16-Nov-2009 at 14:44
Редно беше да се обрне внимание на тоа што се случува во стариот град во Охрид  Applause

Ќе се рушат дивоградби во стариот Охрид

Охридската локална власт до Основниот суд поднесе стотина пријави, поради бесправна градба на објекти, во стариот дел на градот. Според општинските власти, поголемиот дел од пријавите се однесуваат на доградби на постојните станбени објекти, летни кујни, визби и локали, а меѓу нив нема ниту еден случај за дивоградба на цел станбен објект.

Според прописите, прво состојбата на терен ја согледува градежниот инспекторат и откако ќе утврди дека одреден објект се гради неисправно, подготвува соодветна документација и доставува пријава до судот. Решенијата за рушење мора да се утврдат низ судска постапка.

- Бидејќи се работи за објекти што се наоѓаат во населено место со збиена структура на градба, треба да се внимава, при рушењето на дивоградбите да не се оштетат другите објекти во стариот град. Поради тоа ќе треба посебно да се внимава и при изборот на фирмата што ќе ги руши објектите. Таа ќе треба да располага со соодветна механизација и стручни лица. Поради специфичноста на теренот во стариот дел на градот, акцијата треба да се спроведува организирано, односно наеднаш ќе се рушат повеќе дивоградби - изјави Никола Маневски, портпарол на Општина Охрид.

Тој објаснува дека изборот на фирмата што ќе го изведува рушењето ќе се утврди низ тендерска постапка. Рушењето општината го најави пред два месеца, целта е да се зачува автентичноста на овој дел на градот. (Е.Е.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=843BE04F11AA354898F74F4EED3592D0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 16-Nov-2009 at 14:55
Јас ќе се воздражм од смајлиња (и позитини и негативни) се додека не видам една дивоградба падната.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 17-Nov-2009 at 15:40
Комуналиите верувам ќе се платат, ама ај баш да видиме дали општината е сериозна во врска со приспособување на објектот кон ДУП-от, или тоа е само шарена приказна.

ОПШТИНА АЕРОДРОМ СЕ ПРЕМИСЛИ
„Елинг“ веројатно ќе се спаси од уривање

Спорниот објект на ДПТУ „Елинг“, кој се гради на булеварот Трета македонска бригада, најверојатно ќе куртули од уривање. Поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, дури седум пати, и покрај неговите упорни настојувања, не успеа да обезбеди асистенција и да го урне објектот, кој, како што тврдеше, се гради без дозвола на Општината. Сегашниот прв човек на Аеродром, Ивица Коневски, му дава шанса на објектот и кратко ни одговори дека инвеститорот, доколку сака да продолжи со изградбата, е обврзан до крајот на годинава да ги плати комуналиите и да го приспособи објектот според ДУП на општината. Притоа, градоначалникот не прецизираше дали со комплетирањето на документацијата ќе се легализира објектот. - Во моментов се води постапка за регулирањето на статусот на објектот и за плаќањето на комуналиите. До крајот на годинава сопственикот мора да ја подготви потребната документација и да ја достави до нас - кратко одговори Коневски. Зградата на „Елинг“ е изградена до карабина, но во последниот период неколкумина работници изведуваат ситни доработки на градбата. Случајот меѓу сопственикот на објектот на ДПТУ „Елинг“ и Општина Аеродром неколку месеци пред истекот на мандатот на Тодоровски беше во судска постапка. Иницијатор за уривање на објектот беше токму поранешниот градоначалник. Тогашните образложенија од СВР Скопје, за одбивањето да дадат асистенција за уривање на објектот, беше тоа што сопственикот на „Елинг“ доставил жалба на одлуката за уривање. Подоцна, кога надлежниот суд ја отфрли жалбата на решението, поднесена од ДПТУ „Елинг“ за издавање предлог за привремено запирање на постапката за уривање како неоснована, од СВР Скопје тврдеа дека полицајците не асистирале поради преголема зафатеност.

Е.М.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1868&ArticleID=126714
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 24-Nov-2009 at 21:07
Ај баш да видиме  (мада треба да одговорат и зошто не го направија тоа уште првиот пат)

Ќе се избрка кираџијата од „Езерце“

 Лута поради недисциплината на фирмата „Вени, види, вици“, која е кираџија во објектот на некогашната кафеана „Езерце“, Општина Центар најави дека ќе го раскине договорот. Општинарите објаснуваат дека се одлучиле на ваков чекор, бидејќи во два наврата закупецот го проширувал објектот спротивно на дозволеното, што се коси и со договорот за издавање на просторот.

„Моментно се средуваат правните материјали за раскинување на договорот и набргу фирмата ‘Вени, види, вици‘ нема да биде закупец на ‘Езерце‘. Откако ќе го раскинеме договорот, ќе одлучиме што ќе преземеме понатаму, односно дали ќе избираме нов закупец на објектот“, велат од Општина Центар.

Инаку, стопанисувачот со „Езерце“ пред речиси еден месец со метални конструкции почна да го оградува и проширува објектот, иако тоа не го предвидува дозволата што ја доби од Општина Центар. Речиси истото тоа од „Вени, види, вици“ го сторија и неколку месеци претходно. (Дс.Т.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5B807398BD05A54E8CFB1CDB6B028FE7
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 18-Dec-2009 at 22:06
АЕРОДРОМ ГИ ДОБИЛ БАРАНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Објектот на „Елинг“ нема да се урива

Спорниот објект на ДПТУ „Елинг“, кој се гради на булеварот Трета македонска бригада, најверојатно, нема да се урива. Од Општина Аеродром велат дека сопственикот во предвидениот рок ја доставил потребната документација за легализација на спорниот објект. За овој објект поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, дури седум пати, и покрај неговите упорни настојувања, не успеа да обезбеди асистенција и да го урне објектот, кој, како што тврдеше, се гради без дозвола на Општината. Локалната власт му даде нова шанса на објектот, чијшто сопственик беше обврзан до крајот на годинава да ги плати комуналиите и да го приспособи објектот според ДУП на општината. - Во моментов се води постапка за регулирање на статусот на објектот и за плаќањето на комуналиите. Сопственикот на „Елинг“ ги поднесе неопходните документи и тие се на разгледување кај стручните служби. Доколку се покаже дека документацијата е во ред, ќе биде неопходно да се почека донесувањето на Законот за легализација на градби - информираат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Во моментот зградата на „Елинг“ е изградена до карабина, а не беше урната затоа што случајот меѓу сопственикот на објектот на ДПТУ „Елинг“ и Општина Аеродром неколку месеци пред истекот на мандатот на Тодоровски беше во судска постапка. 

Е.М.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1895&ArticleID=129343
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 19-Dec-2009 at 08:23
Кој е тој објект на елинг, толку време го пишува по веснициве не ме заинтересирало?! Какво отсапување има од ДУП-от, кај се наоѓа?!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 25-Dec-2009 at 13:13
Езерце запуштено...



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 12-Jan-2010 at 15:30

Се бара нов излез на улица за сардисаната зграда на „Вајт енд сол“

Фирмата побарала од општината Центар да се смени урбанистичкиот план и да се направи нов пристап до објектот, откако претходните локациски услови за изградба беа поништени бидејќи до градилиштето се доаѓаше само низ пасажот на соседната зграда



Откако пред два месеци општината Центар го поништи решението за локациски услови за изградба на објект низ пасажот на соседната зграда на улицата Киро Крстевски-Платник, фирмата-инвеститор „Вајт енд сол“ побарала да се измени Деталниот урбанистички план за Буњаковец 1. Со тоа треба да се овозможи друг пристап и ќе продолжат да се одвиваат градежните работи на зградата, чија изградба стигна до вториот кат.

Од фирмата „Вајт енд сол“ велат дека измената на урбанистичкиот план ја бараат со цел пасажот повеќе да не биде наменет за пристап до градежната локација.

- Мора да се најде решение за објектот и да се реализира маркичката за таа локација. Во соработка со надлежните од општината дојдовме до заклучок дека прво мораме да побараме промена на планот и со тоа да добиеме други локациски услови - објаснија од фирмата.

Оттаму не одговорија дали во иницијативата излегле со друг предлог, односно каде би поминувал патот до градилиштето, бидејќи освен пасажот на соседната зграда, објектот од сите страни е обиколен со згради.

Според општинарите од Центар, сé уште не било разгледано барањето на „Вајт енд сол“. Оттаму велат дека сé додека не се заврши процедурата за измена на планот, не можат да одговорат кој пристап ќе го има неизградениот објект.

Жителите на соседната зграда велат дека ќе побараат од општината да не се менува деталниот план, како и да бидат вклучени во целата процедура додека се разгледува барањето на фирмата.

- Градежните работи беа запрени од Државниот градежен инспекторат, но некој ја извадил жолтата лента со која беше запечатена изградбата. Се уште не е тргната ниту оградата од пасажот. Ќе се бориме докрај за да ги исполниме нашите барања. Досега постигнавме голем успех против урбаната мафија - додаваат станарите.

Се претпоставува дека фирмата бара нови локациски услови за пристап од страната каде што се наоѓаат осум гаражи на соседната зграда, кои на тоа место стојат над три децении. Постарите жители во околината велат дека гаражите порано биле регистрирани како привремени објекти, но потоа биле откупени од нивните корисници. Според неофицијални информации, „Вајт енд сол“ веќе им испраќала понуди на сопствениците за да ги откупи, но тие не прифатиле зашто не сакаат воопшто да се изгради таа зграда.

Од државниот градежен инспекторат велат дека недоизградениот објект нема да се руши, но дека забраната за градење ќе трае сé додека општината не издаде други локациски услови.

Спорниот станбен објект се гради на основа на речиси 300 квадратни метри, односно должина од 19 метри и ширина од 15,5 метри, а се планираше да има приземје и четири ката, со вкупно девет луксузни апартмани.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11210103451&id=14&prilog=0&setIzdanie=21882
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 21-Jan-2010 at 09:35

Урнати надежите за уривање

Отстапувањето на објектот на инвеститорот Вељко Хршум не можело да се отстрани без да се оштети легално изградениот дел

Соседите што живеат околу зградата на улицата Милан Мијалковиќ број 50 во Пржино не можат да се помират дека објектот, кој неколкупати беше уриван и посочуван како еклатантен пример за дивоградба, се подготвува за вселување и дека Општина Кисела Вода не презема ништо. Тие зградата ја нарекуваат монструм, кој е во спротивност и со детаљниот и со Генералниот урбанистички план. Се сомневаат дека причината за неуривањето е корумпираност на поединци во општината, почнувајќи од мандатот на градоначалникот Љупчо Димов во 2002 година, кога се изгради оваа зграда, до денес. Инвеститор на објектот е Вељко Хршум, кој досега изгради повеќе повеќекатници во Пржино и во Црниче.

- Се чини дека надлежната служба во Општината Кисела Вода не е во состојба да го спроведе законот. Се надевав дека по изјавата на градоначалникот Марјан Ѓорчев од 20 мај лани дека се' што е нелегално на објектот ќе се урива и по изјавите на министерот за транспорт Миле Јанакиевски за дивоградбите, конечно таа монструм-зграда ќе биде урната. Но, тоа не е сторено. Последниве денови инвеститорот ја завршува зградата. Досега градежната инспекција три пати го уриваше покривот. Пред некој месец четврти пат дел од покривот го урна самиот инвеститор. Сега урнатиот дел е покриен со лим, па зградата е уште погрда - вели Иван Тулевски од Пржино во писмото што го испрати до нашата редакција.

Тој обвинува дека инвеститорот Хршум добил одобрение за градење објект за индивидуално домување, односно куќа со основа од 150 квадратни метри и висина девет метри, а изградил здание со основа од 400 квадрати и висина 17 метри. Според него, дел од плацот е со нерегулирани сопственички односи.

- Пред неколкумина граѓани од населбата, кои од претходниот градоначалник Џорџе Арсов бараа објаснувања за оваа незаконита градба, Билјана Стојиловска, тогашен раководител на Подрачната единица на Министерството за транспорт, изјави дека била под притисок кога ја потпишала дозволата за градба. Индикативно е зошто Секторот за урбанизам во Општината не одговара на барањето на Врховниот за ревизија на постапката за градежната дозвола - вели Тулевски.

Инвеститорот Хршум вели дека објектот е уриван повеќепати, а тврдењата на неговите соседи се тенденциозни и се насочени лично против него и неговото семејство.

- Последниот пат, лани јас самиот го уривав покривот и тоа еден метар повеќе отколку што требаше. Според ДУП, објектот е со приземје, два ката и потпокрив. Јас поседувам градежна дозвола, која е испочитувана, односно имам документација дека објектот е исправен - вели Хршум.

Тој сепак признава дека има отстапувања во основата на објектот, кои според него се со површина од 20 до 30 квадрати, и додава дека ваквите отстапувања биле дозволени со закон.

- Да знаев дека ќе имам вакви проблеми од соседите, немаше воопшто да градам. Тоа што 90 отсто од жителите на Кисела Вода немаат платено ни денар комуналии, никого не интересира - вели Хршум.

Тој додава дека неодамна почнал да ја приспособува внатрешноста на објектот за живеење.

Од Општина Кисела Вода објаснуваат дека оваа зграда има дозвола за градба, но и оттаму признаваат дека има отстапувања.

- Делот што не е во согласност си одобрението за градење, а што може да се урне без да се наруши статиката е урнат и тоа во неколку наврати. Еден дел е со помала висина од предвидената со дозволата. Другиот мал дел, кој е спорен и кој отстапува од одобрението е во континуитет со легално изградениот дел и поради тоа не може да се урне без да се урне и тој дел - објаснуваат од Општината.

За обвинувањата дека и понатаму се одвива градба, од Општината велат дека инспекторите биле и констатирале дека инвеститорот градел во внатрешноста, при што нема неправилности.

Оваа зграда претходниот градоначалник Џорџе Арсов ја нарече типичен пример за мафијашко и анархиско однесување на предминатиот совет. Наместо планираната куќа, со необјаснива одлука на Советот никнала зграда од 2.500 квадрати, а покрај тоа Хршум диво доградил уште 1.500 квадрати. Тогаш Арсов објаснуваше дека градбата не може да се легализира и ја стави на листата за уривање со динамит. Во меѓувреме, според Арсов, инвеститорот успеал нелегално да обезбеди документација, така што ако објектот се урне, општината би платила голема отштета.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3578DA078E10CF41AE005DFA62B628FF

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 21-Jan-2010 at 21:10
- Делот што не е во согласност си одобрението за градење, а што може да се урне без да се наруши статиката е урнат и тоа во неколку наврати. Еден дел е со помала висина од предвидената со дозволата. Другиот мал дел, кој е спорен и кој отстапува од одобрението е во континуитет со легално изградениот дел и поради тоа не може да се урне без да се урне и тој дел - објаснуваат од Општината.

Каква е оваа логика? Значи доколку „дивите“ делови не можат да се урнат без оштетување на „легалните“, тогаш дивоградбата не смее да се чепка. Интересно... Јас пак мислев дека дивоградба си е дивоградба и доколку не може да се руши селективно, тогаш треба да се руши целата. Ама доколку на Општина Кисела Вода и се дозволи ваква креативност, се прашувам колку дивоградби ќе куртулат и каква поука ќе извлечат граѓаните за во иднина.

Toilet
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 08-Feb-2010 at 14:18

Тодоровски осуден, „Елинг“ ниту се гради ниту се урива

Во овој период лани имаше седум обиди да се урне зградата, а сега сé посилни се напорите за таа да се легализира и да се догради


Објектот на фирмата „Елинг“ на булеварот Трета македонска бригада во општината Аеродром можеби го држи рекордот за зграда со најмногу неуспешни обиди за уривање, барем во последниве години. Таа беше причината поради која поранешниот градоначалник на општината доби затворска казна од три години, поради обвиненијата дека примил поткуп од 100 илјади евра за да ја легализира, во форма на донација за црквата „Свети Илија“. Но Тодоровски ја доби пресудата, а зградата остана да зјае со својот нерешен статус. Ниту се гради, ниту се урива.


СЕДУМ НАЈАВИ, НУЛА РЕАЛИЗАЦИИ


Изградбата на овој објект почна во 2004 година, а веќе следната година беше утврдено дека тој е дивоградба, затоа што од целата документација за градење инвеститорот имал само локациски услови, а не градежна дозвола. Во 2006 година е издадено првото решение за запирање на градбата, како и за нејзиното уривање.

Но во април 2008 беше уапсен градоначалникот Тодоровски, заедно со уште четворица соработници, и беа обвинети дека изнудувале пари од инвеститорот за да ја исчистат зградата од нерегуларности, а во декември истата година стигна и пресудата за тригодишната затворска казна. Тогаш градоначалникот, сé уште држејќи ја таа функција и чекајќи правосилност, за нешто повеќе од три месеци направи дури седум обиди да го срамни објектот со земја. Ниту еднаш не успеа, затоа што полицијата не му асистираше. Од СВР-Скопје прво објаснуваа дека за зградата се води судски спор. Но дури и кога тој заврши во корист на општината, СВР-Скопје повторно одби асистенција, со образложение дека тој ден немале доволно полицајци.


ДОГРАДУВАЊЕТО ПОБЛИСКУ ОД УРИВАЊЕТО


Со промената на власта во општината, едно од првите прашања што требаше да ги реши новиот градоначалник Ивица Коневски беше што ќе се прави со оваа градба. Тој најави дека ќе ја легализира ако градителот си ги плати комуналиите, како што тоа се прави за сите објекти. Од „Елинг“ уште лани рекоа дека собирале документи за да можат да добијат одобрение за градба, но и по цела година не е поместена ниту една тула на објектот. Во фирмата објаснија дека тоа што го договориле со градоначалникот си го исполниле, односно ги уплатиле комуналиите, но требало да најдат уште неколку документи за да ја завршат работата. Општинарите, пак, истакнуваат дека не сакале да имаат грди недовршени градби на своето подрачје, па затоа ќе и даделе уште една шанса на оваа.

- Кога ќе ни се достави документацијата, ќе издадеме дозвола - кратко рекоа оттаму.




Лична карта

објект: станбено-деловна зграда во Аеродром
инвеститор: „Елинг“
почеток на градба: почетокот на 2005 година
прекин на градба: 2006 година
изграденост: карабина
проблем: нецелосна документација

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2810105023&id=14&prilog=0&setIzdanie=21904
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 15-Feb-2010 at 04:27

Ќе се рушат дивоградби во Охрид

Во стариот дел на Охрид ќе се рушат дваесетина дивоградби што никако не може да се легализираат, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој објасни дека локалната самоуправа не се откажува од рушењето на дивоградбите, туку само се чека да помине зимата.

- Стојам и на тоа што го ветив, дека ќе почекаме да стапи во сила новиот Закон за легализацијата, за да се спаси и да не се руши тоа што може да се легализира. Значи се' што може да се вклопи нема да се руши. Општинските инспектори во соработка со Заводот за заштита на спомениците веќе ја имаат изготвено листата со објекти што треба да се срушат, а е избрана и фирмата што ќе го изведува рушењето - рече Петрески.

Тој упати апел до сите охриѓани што живеат во стариот дел на градот - ако имаат диво изградени или доградени објекти што не може да се легализираат, сами да ги рушат, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци и штети.

Акцијата за рушењето на дивоградбите Општина Охрид ја најавува веќе пет месеци, но се' уште ништо не е реализирано.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=94DC50EFEBDD96428098ABC1BAC78CBA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 24-Feb-2010 at 17:29
Паѓаат камења од зградата на "Фиком"

Искршени тули, бетон и камења, по секој ветер летаат од покривот на објектот "Антигона" кој, поради аферата со продажбата на становите на гра­деж­на­та фирма, веќе пет години зјае недограден и се рапаѓа

Недоградената згра­да на "Фиком" во Кисела Вода, која беше дел од големата измама на сопружниците Николиќ кои се на одлежување на казна затвор, стана ризична оти почна да се рас­па­ѓа. Силниот ветер деновиве го разнесе градежниот шут од покривот на об­јек­тот, познат како "Антигона", кој, поради скандалозната продажба на ста­но­ви­те на градежната фирма, веќе пет години зјае недограден и од ден на ден пропаѓа.
Ис­кр­ше­ни тули, бетон и камења летаат дури до улицата Иван Козарев, па ми­ну­ва­чи­те, за да не настрадаат, се кријат под тендите на продавниците и во влезовите на околните згради.
Рас­фр­ла­ни­от шут на улицата ги принуди и возачите да заобиколуваат по со­сед­ни­те улици, па сега до центар, место преку Иван Козарев, вртат од улицата Огњан Прица, половина километар плус.
"Во­оп­што не сме безбедни кога поминуваме покрај оваа зграда. Пред два де­на за малку ќе ми паднеше камен врз глава. Јас се спасив, но каменот пад­на врз шофершајбната на еден автомобил. Опасно е по живот. Објектот се распаѓа со години, но во последно време ни прави проблеми и по нај­слаб ветер. Надлежните нека најдат чаре да го средат проблемот би­деј­ќи зградата навистина е ризична и некој може да настрада", се жали М.М., жител на Кисела Вода.
Рас­па­ѓа­ње­то на зградата е проблем на градежната фирма "Фиком" чии сопственици Весна и Никола Николиќ веќе не­кол­ку години се во затвор поради измама на стотици граѓани, оти становите од зградите ги про­да­ваа два и повеќе пати на дру­ги лица.
Нај­го­лем дел од измамите беа за станбените објекти "Антигона 1 и 2" и "Да­на" во Кисела Вода, и "Филип" и "Николина" во Центар, но скан­да­лоз­ната продажба на станови не престануваше, за што посведочија петте из­ма­ми за зградите "Ева" и "Буба", кои никогаш не почнаа да се градат.
Си­те овие згради, кои довршени кои недовршени, стојат невселени и че­ка­ат Судот да им ја реши судбината.
Соп­руж­ни­ци­те Николиќ од измамените станари собрале вкупно 12 ми­ли­о­ни евра.
(М.Ѓ.)
"Антигона" е празна оти еден стан бил продаван на неколку лица

500 семејства чекаат спас од премиерот

Ош­те­те­ни­те станари од градежната афера "Фиком" очекуваат премиерот Ни­ко­ла Груевски да преземе законски мерки и да го реши проблемот на око­лу 500 семејства, измамени од сопствениците на фирмата.
"Од 2006 година чекаме сите одговорни лица за аферата да бидат от­кри­е­ни и казнети, а нам да ни ги вратат или парите или становите. Но бидејќи тоа не се случи, единствен спас сега гледаме во премиерот, кој може ра­бо­ти­те да ги придвижи во позитивен правец", велат ош­те­те­ни­те во случајот "Фиком".

http://vest.com.mk/?ItemID=951218011B1E134A9FA2BF43A795BE67
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 28-Feb-2010 at 13:31

„Вени, види, вици“ го изгуби „Езерце“

По две години доградување, надградување и уривање на челичните конструкции на ресторанот „Езерце“ во Градскиот парк, одговорните од општината Центар конечно го раскина договорот со закупецот - фирмата „Вени, види, вици“, поради неплаќање кирија за објектот



На нашето прашање што ќе се прави понатаму со „Езерце“, од општината само кратко кажаа дека претходниот договор е раскинат. Во општината сé уште не знаат што ќе прават понатаму со објектот и дали повторно ќе се даде под закуп.

Закупците на ресторанот, вчера не сакаа да го коментираат раскинувањето на договорот, упатувајќи не по одговори во општината.

Објектот на ресторанот „Езерце“ е сопственост на општината Центар, која пред неколку години на лицитација ја избра фирмата „Вени, види, вици“ за нов закупувач на кафеаната. Оваа фирма ресторанот го доби на десетгодишно стопанисување за месечен надомест од 10.000 евра.

Раскинувањето на договорот беше најавено уште пред неколку месеци, кога советниците од општината го прашаа градоначалникот Владимир Тодоровиќ, како планира да го реши проблемот кој неколку години и се провлекуваше низ прсти на градежната инспекција на општината. На тоа Тодоровиќ одговори дека планира во најкус можен рок да го раскине договорот, а како дополнителна причина за тоа наведе и дека закупците веќе неколку месеци не плаќаат кирија за објектот.

Она што остана од новата конструкција на „Езерце“, кој почна да потсетува на „Кермес“, рекордни пет пати се уриваше на барање на општинските градежни инспектори. Милан Пижула, градежен инспектор во општината при последното уривање на новоизградениот дел од ресторанот истакна дека неколкупати сопствениците биле предупредувани дека не смеат да прават никакви доградби на ресторанот, кој е под заштита како културен споменик. Пижула тогаш истакна дека испратиле и дописи до сопствениците, фирмата сама да ја отстрани веќе поставената челична конструкција.

Скопјани, кои веќе подолго време се жалат на состојбата во Градскиот парк, особено на изгледот на руинираното „Езерце“ и градилиштето наречено „Кермес“, објекти кои го нагрдуваат паркот, се задоволни што сега постои надеж да му се врати животот на овој некогаш преубав ресторан.

-Лете секој ден ги шетам внуците во паркот, но сликата која ја гледаат е застрашувачка. Ресторанот „Езерце, како и „Кермес“, се вистински ругла. На повозрасните им е страв да поминат покрај нив, а камоли на децата. Мило ми е што конечно има надеж нешто да се направи со „Езерце“- вели Кристина Петковска.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22710956192&id=14&prilog=0&setIzdanie=21921
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 28-Feb-2010 at 22:02

Фала богу конечно да тргне нешто во позитивен правец и на некој начин да се санкционира злоупотребата на "кираџиите" на обијекти. Само нека продолжат така иако има и многу други дивоградби и сопственици кој треба да се подберат нека продолжат со кинскиот ѕид и зградата Тифани, се разбира ова е мој став, тие не треба да се таму.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.