build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбана мафија и дивоградби (општо)
    Posted: 11-Sep-2007 at 08:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Oct-2007 at 17:17
Мислам дека ова припаѓа тука. Урбаната мафија е добро инфилтрирана во редовите на властите и администрацијата (ако воопшто постои граница). Виолета Аларова е еден од најистакнатите примери...

Интересен е и фактот што Аларова потекнува од Маџир-Маало и таму поседува куќа. Ова во врска со фактот дека Аларова е еден од Главните саботери на Бул. Крушевска Република. Какви и се точно рачуниците не знам, ама да се саботира проект от толкава корист за градот, за бедни лични интереси е сепак премногу.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=39D9E182B398BE4189CAB5E126A8956F



Мајката на општината фрла 12.000 евра за сечење лента

Петоцифрена сума лани отишла само за свечено пуштање на паркот „Вера Јоциќ“ и за новите тротоари на улицата Орце Николов, a градоначалничката Аларова се уште не дава отчет

Кога општинарите од Центар ќе се одлучат да сечат црвена лента при отворање маалски парк или тротоари, тогаш буџетот се празни за 12.000 евра. Толку пари лани отишле за свечено пуштање на паркот „Вера Јоциќ“ и за новите тротоари на улицата Орце Николов во должина од околу 200 метри. Членовите на Советот, кога го видоа годишниот извештај за работата на општината, вчудоневидени прашаа за петоцифрената сума, но градоначалничката Виолета Аларова не ги удостои со одговор.

- Како е можно Општина Центар да потроши 12.000 евра за свечено отворање парк и за пуштање во употреба нови тротоари - праша тогаш Благородна Крстевска, член на Советот на Општина Центар, орган кој го контролира работењето на градоначалничката.

Девет месеци подоцна, Аларова, освен на Крстевска, не и' даде конкретен одговор ниту на јавноста за тоа на што се' ги трошела парите на даночните обврзници.

- На медиумската афирмација на Центар работеше фирмата „Панекс“, избрана на конкурс, која ги промовираше сите активности на Општината во 2006 година - изјави Аларова.

Во годишниот извештај имаше и други нелогичности за трошењето на парите, но сето тоа остана без отчет на градоначалничката. На пример, 47 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, биле потрошени за изградба на тротоари , пешачки и велосипедски патеки. Со програмата за 2006 година за таа намена било предвидено да се потрошат само 15 милиони денари. Имајќи го предвид ваквото празнење на буџетот, некои членови на Советот отворено коментираа дека се сомневаат оти со тие пари се помагала нечија кампања за парламентарните избори.

Кога е во прашање Центар, најатрактивната општина во Македонија поради скапата цена на градежното земјиште, ваквите случаи не се реткост. Во изминативе шест години, колку што Аларова е на чело на општината, редовно ја следат урбанистички и други скандали. Пред пет години во Општината ги вработи двете снаи, а лани заборави на државата да го пријави новиот стан на синот.

- Тие се вработени во Општината уште пред да имам каква било роднинска врска со нив - е оправдувањето на градоначалничката во врска со обвинувањата за непотизам.

Двете снаи на Аларова работат во Секторот за финансии, онаму каде што, меѓу другото, се изработуваат и извештаите за тоа како и каде таа ги троши парите.

- Кога станува збор за реализација на буџетот, на секој налог за исплата има официјален потпис од раководителката на секторот за финансирање и буџет, која работи во Општината повеќе од 10 години - објаснува градоначалничката.

Интересно во врска со Аларова, која во предизборната кампања себеси се нарече мајка на општината, е нејзината семејна куќа во Маџир Маало. Оваа двокатница беше меѓу неколкуте што беа обновени пред шест-седум години. Во неа се наоѓа и сервисот за миење автомобили чиј назив е скратеница од нејзиното презиме - „Аларком“. Соседите се чудеа како таа си ја обнови куќата, а ним никој и до ден денес не им дава дозвола ниту за санација. Маџирмаалци се' уште живеат во влага и без канализација, бидејќи за оваа стара населба со стогодишни куќи Општина Центар никако да донесе урбанистички план.

Лани Министерството за внатрешни работи при една акција за уривање дивоградби коментираше дека Аларова е промотор на урбаната мафија, но градоначалничката не сака да и' се споменува овој епитет. Дека општината постојано ја тресат скандали доказ се и уништувањето на Дебар Маало, како и објектите „Кермес“ и таканаречениот „кинески ѕид“ во Градскиот парк. Изградбата на габаритниот „Кермес“ е прекината, што може да помине со последици на штета на даночните обврзници. За „кинески ѕид“ пред шест месеци беше почната истрага за седум поранешни вработени во Министерството, од кои некои сега се во Општина Центар, и за вработени во Јавното претпријатие за урбанистичко планирање. Но, и по толку време, Јавното обвинителство се' уште молчи дали и каква завршница ќе има истрагата.

И покрај тоа што градоначалничката беше во фокусот на многу сомнителни случувања, досега остана нечепната. За непријавениот стан на синот пред два месеца на државата и' плати неколку пати поголем данок, кој достигна до 100.000 евра. Сепак, за јавноста освен потеклото на парите за станот, остана тајна и потеклото на стоте илјади евра, имајќи предвид дека таа од Општина Центар месечно зема плата од околу 35 илјади денари.

Проекти преку семејни фирми

Одредени службеници што сега работат во Општина Центар, додека беа вработени во подрачната единица на Министерството за транспорт и врски, имаа проектантски бироа на име на членови од семејството. Додека беа под капата на Министерството, многу проекти на инвеститори поминаа низ нивните фирми. Една службеничка дури самата во писмена форма, на новинарско барање, призна дека 15-ина проекти поминале низ семејната фирма, но не кажа колку профит остварила на овој начин. Еден проект, во зависност од градбата, се плаќа и до 50.000 евра.

На прашањето дали службениците ја продолжуваат истата практика и во Центар, градоначалничката Виолета Аларова изјави дека им верува на зборот.

- Сите вработени во Секторот за урбанизам имаат потпишано изјави со кои под морална материјална одговорност изјавуваат дека немаат проектантски бироа и дека не ја злоупотребуваат положбата - вели таа.

Јорданка Ивановска (Истражувањето, спроведено од јануари до септември, е поддржано од данскиот фонд за истражувачко новинарство - SCOOP)


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Oct-2007 at 14:26
WTF WTF?
 
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ преку ноќ ја зголеми вредноста на „Мал Ринг“ за 4 милиони евра

СДСМ денеска ги обвини ВМРО ДПМНЕ  за уште еден скандал со градежно земјиште во центарот на Скопје, кое според нивните информации повторно е продадено на Орце Камчев.
 
„Се работи за градежната парцела која се наоѓа веднаш до плоштадот “Македонија“, заради која беше сменет еден министер за транспорт и врски. Имено, согласно Нацрт Планот за ДУП-от за централното градско подрачје “Мал Ринг“, објектот кој треба да се изгради на оваа градежната парцела е со површина од 9.421,10 метри квадратни. Преку ноќ, предлог планот за ДУП-от, кој се усвои на вчерашната седница на Советот на Општина Центар, на градежната парцела, без никакво објаснување, предвидува објектот кој ќе се гради да биде поголем за цели 1.177 м2 или сега  градежната парцела изнесува 10.598,74 метри кавадаратни. Значи со едно гласање на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери, скриено од очите на јавноста, на овој објект му се зголеми вредноста за 4 милиони ЕВРА.“, рече на денешната прес – конференција Александар Чеботарев, член на извршниот одбор на СДСМ.

СДСМ прашува во чиј џеб ќе завршат 4 милиони евра од зголемената вредност на парцелата. Тие за оваа наводен скандал ја обвинија градоначаничката на Центар Виолета Аларова, директорот на МЕПСО и претседател на Советот на општината, Владимир Здравев и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

„СДСМ како одговорна опозиција, ќе бара поништување на скандалозниот ДУП, чија единствена цел е очигледно зголемување на контото на “фамилијата“ за 4 милиони ЕВРА,  бидејќи измените во него се донесени во противзаконска постапка“, најави Чеботарев.

Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Oct-2007 at 20:46
Немам коментар, али дури и да им се точни информацииве, се се поништува со тоа што се нарекуваат „одговорна опозиција„. Angry
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Oct-2007 at 21:24
^^

Немам намера да им ги „простувам“ срањата на ДПМНЕ, без разлика колку и да ми се повраќа од СДСМ...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Oct-2007 at 16:04
eve ovoj clanak na Vest valjda najdobro sumira sto tocno se slucilo na taa famozna sednica na Opstina Centar bez da navleguva mnogu vo politika.
 
Edna rabota. Kakva katna garaza tamu ludi lugje, kakva podzemna ulica pod kejot?!?!? Oni edvaj go prosirija pristapot kaj Gradska bolnica, bitno bez problemi sharaat podzemni ulici.
 
Zacnati se i mnogu drugi temi koi sme gi diskutirale. Podzemniot koridor, stariot teatar, kukjata na Majka Tereza, markicata za rekonstrukcijata na Narodna banka....  
 
 
УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ПЛАНОТ "МАЛ РИНГ"
Зад "Метропол" на Плоштад ќе никне катна гаража
На маркичката на некогашната Народна банка, чиј сопственик сега е бизнисменот Орце Камчев, со измените е дозволено да се догради уште еден кат

Нова маркичка за катна гаража и зголемување на површината за градба на парцелата на некогашната Народна банка на плоштад Македонија се вцртани во деталниот урбанистички план "Мал ринг" со измените и дополнувањата кои пред три дена ги усвои Советот на Општина Центар.
Зад управната зграда на некогашен "Метропол", наместо паркиралиште, со измените на ДУП "Мал ринг" е предвидено да се гради катна гаража со висина од 12 метри. Веднаш до нив, на самиот кеј излегува маркичката на некогашната Народна банка каде што со измените на планот е дозволено да се догради уште еден кат, односно површината под градба е зголемена за 1.177 квадратни метри.
"Сметаме дека е неоправдано да има катна гаража зад 'Метропол', бидејќи таа ќе биде веднаш до ГТЦ каде што има подземен паркинг, а со измените се планирани подземни паркиралишта под Плоштадот и паркот Жената борец. Неоправдано е на овој простор да се гради катна гаража, бидејќи за да се влезе во неа, треба да се прави дополнителна пристапна улица која ќе минува под кејот 13 Ноември", рече Раде Лазаревски, советник од СДСМ во Советот на Општина Центар.
Советничката група на СДСМ имаше многу забелешки на измените на планот, меѓу кои дека не е почитувано мислењето на Градот да се преиспита оправданоста за маркичките со кои се предвидува градба на нови објекти околу Плоштадот каде што треба да минува подземниот трамвајски коридор.
"Со овој план ќе дозволиме да се градат нови објекти на трасата на подземниот коридор, а таму веќе има цели објекти или делови од објекти кои треба да се уриваат. Исто така, не е почитувано укажувањето од Градот, во кое се вели дека ширината на подземниот коридор под Плоштадот, кој е вцртан во ДУП-от, не соодветствува на онаа од Генералниот урбанистички план на Скопје", рече Лазаревски.
Лидија Андреевска, планер во архитектонската куќа "ИН-ПУМА", која ги изработи измените и дополнувањата на планот, објасни дека новите објекти под кои треба да минува подземниот коридор нема да и пречат на новата сообраќајница, бидејќи се ограничени на минус осум метри под површината, а коридорот е предвидено да се гради на минус 12 метри. Таа објасни дека крупни измени во планот нема и оти речиси во целост се преземени решенијата од стариот план.
На завчерашната конференција СДСМ обвини дека е криминал зголемувањето на површината за градба на парцелата на некогашната Народната банка, која од минатата Влада беше продадена на бизнисменот Орце Камчев. Според СДСМ, во овој криминал, освен градоначалничката на Центар Виолета Аларова и Советот на Центар каде што мнозинството го има ВМРО, учествува и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој дал согласност на измените на планот.
Општина Центар вчера реагираше со соопштение во кое се вели дека маркичката на некогашната Народна банка е преземена од стариот план, кој е донесен во 1997 година, кога во Центар градоначалник не била Аларова. Во соопштението се вели дека и висината на објектот е преземена од претходниот план и оти таа е усогласена со висината на другите објекти кои го формираат плоштад Македонија.
Министерството за транспорт и врски на обвинувањата на СДСМ одговори дека се неосновани и оти се обид да се фрли сенка врз успешната работа на Министерството.
Со измените на ДУП "Мал ринг", на барање на Министерството за култура, проширени се маркичките на Стариот театар и на Спомен-куќата на Мајка Тереза пред Домот на АРМ. (Е.А.)



Edited by pbanks - 12-Oct-2007 at 16:09
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Oct-2007 at 20:01
Тешко е да се процени што точно се случува, но што и да се случува сигурно не е за доброто на градот.

Криминали во урбанизмот се прават континуирано, ама најстрашно е тоа што не се мислат ни кога прават кардинална штета за градот. Транспортниот коридор и изгледот на плоштадот не се работи со кои некој треба да си игра. Не знам само како се осмелуваат и таму да тераат матни работи.

Некој ден, некои луѓе ќе лежат за ова и слични работи. Системот мора еднаш да дојде до степен кога ќе изреагира и ќе мора да има некакво прочистување. Не може вечно вака. Само да се надеваме дека тој процес ќе дојде побрзо, зашто штетата што овие паразити ја прават во меѓувреме е преголема!

Edited by Cloverstack - 09-Nov-2008 at 14:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Oct-2007 at 20:08
Само да додадам дека главните актери во оваа афера (како и во многу други) Виолета Аларова и Орце Камчев се многу високо на листата на луѓе кои треба малце да прошетаат до Идризово.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Oct-2007 at 13:37
Klover, te moooolaaam editiraj go tvojon post gore i izbrishi ja slikata od ocajnana domakinka!!!!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Nov-2007 at 00:07
Има ли некој претстава за која локација точно се работи. Дали е ова покрај печатница Гоце Делчев на улицата кај Италијанска амбасада??
 

Грчев: Земјиштето на Здравеви е школски пример за незаконско планирање


На местото на старата куќа порано била предвидена катна гаража, а сега ќе никне петкатница

СДСМ ќе го даде планот на Уставен суд, а семејството Здравеви најави кривични тужби против партијата

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

„Маркичката за петкатница на местото на куќата на семејството Здравеви е наменска, за остварување на целите на неприкосновениот претседател на Советот на Центар. Таа не постоеше во стариот ДУП за ’Мал ринг‘ од 1997 година и е вцртана косејќи ги сите законски норми, оти таму нема доволно простор за изградба на петкатен објект. Градежната парцела може да добие услови за градење само ако со едната страна е врзана со сообраќаен коридор, што во случајот не е така. Претходниот план таму предвидуваше катна гаража“, тврди архитектот Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на Општина Центар и автор на планот за „Мал ринг“ од 1997 година.

Тој посочува дека ова е само една алка од системот наменски предвидени градежни парцели во „Мал ринг“ дозволени со ДУП изменет спротивно на законот. Според Грчев, оградувањето на Министерството за транспорт и врски од случајот, со образложение дека ДУП-ови носат општините и Градот, е неоправдано и срамно. „Министерот, ставајќи го потписот на ДУП, непосредно е одговорен пред законот, и кривично и материјално. Тој е последниот филтер со чие одобрение се потврдува дека изработениот предлог-урбанистички план од страна на Општината е во согласност со сите закони, стандарди и норми, што во овој случај е апсолутно спротивно“, посочува Грчев и додава дека министерот Јанакиески треба да поднесе можеби и најголема одговорност.

Со речиси идентичен став се и членовите на Советот на Центар од редовите на СДСМ, кои сметаат дека планот е неоснован, бидејќи не ги зел предвид ниту негативните забелешки на Градот Скопје. Советничката Благородна Крстевска-Мојсовска вели оти ДУП е многу контрадикторен со Генералниот урбанистички план, бидејќи за него не била изработена сообраќајна студија, иако тоа го налагаат прописите.

Претседателот на Советот на Центар, Владимир Здравев, смета дека не предизвикал конфликт на интереси гласајќи за планот, иако од СДСМ тврдат дека тој со својот глас отворил можност неговото семејство, кое е сопственик на парцелата, да ќари минимум три милиони евра. Здравев на седницата на Советот, и покрај инсистирањето на медиумите, не сакаше да даде официјална изјава нагласувајќи дека неговото семејство веќе се изјаснило за случајот и најавило кривични тужби за клевета против Јани Макрадули и неговата партија.

СДСМ усвоениот ДУП ќе го даде на Уставен суд. Партијата обвини дека синџирот Здравев, Аларова и Јанакиески направиле криминал тежок најмалку три милиони евра, оти на местото на куќата од 55 квадрати во строгиот центар на Скопје, сопственост на Здравеви, предвиделе изградба на петкатница не почитувајќи ги урбанистичките закони.

 
Извор: Утрински весник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Nov-2007 at 00:16
Mad   На ДПМНЕ почнаа ептен да му зачестуваат овие работи... Па и овие од министерство не знам зашто се прават мутави! Ние не пиеме нафта бе дечки.



Originally posted by pbanks

Има ли некој претстава за која локација точно се работи. Дали е ова покрај печатница Гоце Делчев на улицата кај Италијанска амбасада??


Да и јас мислам дека е таа локација (карши италјанска амбасада, позади таа високата зграда)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-May-2008 at 13:34
Главната актерка е важен играч на урбаната мафија, па ова нека стои тука:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9D3850562AA5534582CBBE7C8920BC61

Ревизорите откриле дека Аларова незаконски потрошила 160.000 евра

Парите се трошеле за премии и подароци, курсеви, телевизиски спотови, организирање свечености...

Деспина Трајковска

Незаконски и ненаменски околу 160.00 евра општински пари потрошила градоначалничката на Центар Виолета Аларова во текот на 2006 година, објави вчера Државниот завод за ревизија. Парите биле потрошени за премии и за подароци на вработените и на членовите на Советот, за курсеви по англиски на дел од администрацијата, како и за рекламирање на Општината и за организирање разни свечености.

Спротивно на Законот за локална самоуправа, според ревизорот, од општинскиот буџет се потрошиле околу 54 илјади евра, од кои повеќе од половината биле наменети за членовите на Советот за нивниот ангажман во комисиите и за други активности. Дел од парите, пак, околу 3.200 евра му биле исплатени на претседателот на Советот, а градоначалничката за своите активности во Советот зела 2.700 евра.

Од ДЗР во извештајот потенцираат дека не можеле да се уверат во оправданоста на потрошените 54.000 евра за разни стоки и услуги. Имено, ревизорите сметаат дека ненаменски се исплатиле 5.400 евра за курсеви по англиски јазик на дел од вработените и советниците, бидејќи според правилникот за систематизација на работните места, само за две од нив е предвидено познавање на англискиот јазик. Непотребно градоначалничката Аларова дозволила да се потрошат и околу 30.000 евра за организација, техничка поддршка и свечено отворање на паркот „Опатија“, паркот на улица „Вера Јоциќ“, како и за свеченоста по повод реконструираната улица „Орце Николов“. Ревизорите утврдиле дека Општината непотребно издвоила од буџетот и околу 16.000 евра за изработка на свој телевизиски спот наменет за рекламирање, а пак 2.000 евра искористила за подароци на членовите на Советот и вработените. Според извештајот на ДЗР, во текот на 2006 година дел од вработените во Општината добиле премии поради зголемен обем на работа, при што се исплатиле 16 илјади евра, но притоа без утврдени критериуми за наградување што за ревизорите е неоправдано.

Освен незаконско и ненаменско трошење на општинските пари, од ДЗР констатирале дека во Општина Центар во текот на 2006 година не се почитувал Правилникот за систематизација на работните места, ниту, пак, целосно се применувале и одредбите од Законот за јавни набавки.

„Поради значајноста на дел од констатираните работи, ДЗР укажува дека во Општината не е остварено законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи за 2006 година“ стои во извештајот. Инаку, ова не е прв пат ДЗР да објавува негативен извештај за финансиското работење во Општина Центар. Таа беше под лупа и во текот на 2004 година, при што мислењето за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи беше негативно, а пак во однос на законското и ненаменско користење на средствата надлежните останаа со резервирано мислење.

Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-May-2008 at 14:34
Cim e neodgovorna, neka ja izglase narodot.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-May-2008 at 14:40
Не се работи само за неодговорност, туку за криминал, а за тоа си има други лекови кои треба доследно д се спроведуваат.

Дури и да беше само неодговорност, неодговорноста има различни степени, а за неодговорност од степенот на Аларова и голем број други слични, мислам дека чекање избори е погрешен пристап.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-May-2008 at 14:42
Aa vo pravo si za toa. Togas neznam!

Inace koj gradonacalnik vo Skopje (ili Makedonija) vi se dopagja najveke? Koj ima odgovornost i se toa.


Edited by dejan - 14-May-2008 at 14:43
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-May-2008 at 14:51
Колку што можам да заклучам од информациите што ми се достапни, Зоран Заев, градоначалникот на Струмица е веројатно тој човек.

Сега да не испадне дека сум политички определен па ги кудам ДПМНЕ, а ги фалам СДСМ, сакам да додадам дека и на едните и на другите генерално просечниот квалитет на градоначалниците им е отприлика ист - мизерен. Стварно има невидени бараби...
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-May-2008 at 15:02
Pa vie SDSci kakvi ste :p
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-May-2008 at 15:03
И едните и другите нека се носат у п.м. Wink
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-May-2008 at 15:05
ahahahaLaugh
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Oct-2008 at 20:41

Стопирана градбата на објектот на Бојку

Струга /17/10/ 18:25

Струшкиот суд денеска изрече времена мерка за забрана на натамошно извршување на градежните работи пред деловниот објект на кејот на реката Дрим, кој е во сопственост на семејството на Дилавер Бојку.

Основниот суд во Струга ја донесе одлуката, откако Јавниот правобранител побара градскиот кеј каде се отпочнати градежни работи да биде вратен во првобитна состојба.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко наведе дека општината издала согласност за изведување градежни работи за санација на оштетена водоводна цевка која предизвикувала штета во околните објекти.

„Јавното водоводно претпријатие ја заврши санацијата, а од сопствениците на објектите добивме ветување дека кејот ќе биде вратен во првобитна состојба”, рече Мерко.

Тој изјави дека нема сознанија дали нешто се гради на спорната локација, како што неофицијално се зборува во јавноста. „Немам такви сознанија, но ги уверувам граѓаните дека тука нема ништо да се гради, а кејот ќе биде вратен во првобитна состојба, рече Мерко.

http://www.makfax.com.mk/look/novina/printer.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=128732&NrIssue=795&NrSection=10

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.227 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.