build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 28-Aug-2020 at 16:55
Фантомскиот инвеститор го приватизираше и државното земјиште кај Мавровка

Сите знаат кој гради дивоградба кај Мавровка, која требало да израсне во трикатница, но никој не смее да го изговори името на инвеститорот. Сопственоста на парцелата е позната, истиот сопственик не пријавил дека некој му го узурпирал земјиштето, но и понатаму сите се чудат кој е мистериозниот лик. Но, се чини, ова и не е толку голем проблем! Вистинското прашање се крие во тоа на кој му текна да дозволи приватизација на државна парцела на таква локација? Од тука тргнуваат сите проблеми!

очно една недела им беше потребна на градските власти да откријат кој успеа ноќта на 30 март да го исече дрвото пред трговскиот центар „Мавровка“, односно пред кафулето „Фонтана“. Дивиот сечач беше уловен на камерите поставени на најблиската раскрсницата, по што доби казна од 5.000 евра.

Но, за разлика од овој експресно решен случај, веќе два месеца надлежните не можат да откријат кој гради бетонски објект на неколку ката, на истата локација, на површина од над 300 квадратни метри.

Најпрвин сите се правеа дека не гледаат што се случува во центарот на градот, а откако беа приморани да видат-занемеа. Не смеат по никоја цена да го изустат името на инвеститорот.

Најповиканиот, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, откако најпрвин тврдеше дека не знае кој се дрзнал да гради без одобрение за градба, подоцна призна дека го дознал градителот по приватни канали, и му пратил абер да дојде во општината, но тој не го удостоил со своето присуство.

Но, ниту тој не се осмели да го изусти името на мистериозниот инвеститор. Топката ја префрли во МВР, коментирајќи дека тие се задолжени за идентификација на лица! Или во превод, тој не бил полицаец, туку градоначалник, па што му е гајле што некој си замислил на „диво“, без одобрение за градба, да изгради зграда во негова општина!

КАКО ГАНИУ ЈА СМЕНИ ПРИКАЗНАТА?

Градбата почна кон крајот на јуни, кога беше видливо дека се креваат бетонски столбови. На истото место, пак, претходно се наоѓаше кафулето „Фонтана“, кој целосно изгоре во пожар ноќта на 1 мај.

Првичните неофицијални информации од МВР беа дека пожарот можеби бил и подметнат, како дел од пресметка на две криминални банди, бидејќи не беше првпат кафулето да е нечија цел на напади. Во февруари 2019 година беа поставени две експлозивни направи кај објектот, од кои едната експлодираше и предизвика материјална штета.

Бомбашите не беа најдени, а не добивме информација и како се затворил случајот со пожарот. Дали бил несреќа или подметнат? Како и да е, како што неофицијално дознаваме, на крајот сопственикот на кафулето си добил обесштетување од осигурителна компанија.

Откако се расчисти јагленосаното кафуле, набргу почна да се надѕира и бетонската конструкција. Градоначалникот Ганиу смируваше дека ништо не е спорно, дека „тази дупка, не е дупка“, односно дека не се гради објект, туку се враќа кафулето во првобитна состојба како пред пожарот и за тоа е издадена дозвола.

– Ве уверувам дека нема да се гради никаков објект, кафуле ќе си биде како што беше. Нашите инспектори беа на терен и се постапува соодветно, изјави Ганиу за порталот „Сакам да кажам“.

Но, откако градбата доби на интензитет, а веќе се подготвуваше и плочата, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, информираше дека уште на 9 јуни реагирал до надлежните инспекторати, со коментар дека „На градежното дивеење кај Мавровка мора да се стави крај“.

Но, потоа, топката повторно се префрли во општина Чаир, бидејќи Градот Скопје нема ингеренции за да руши ваков тип дивоградби.

– Град Скопје нема никакви ингеренции во градежната инспекција. Оние малку ингеренции што ги имаме за надзор на градилиште и тој тип на надлежности ги искористивме со цел да направиме записник за тоа градилиште, да изречеме казна на несовесниот градител и за тоа соодветно да ги известиме надлежните институции. Тоа се Општина Чаир, дека станува збор за дивоградба со оглед на тоа што нашиот Инспекторат не најде валидна документација, Инспекцискиот совет како надзорен орган кој врши надзор врз градежната инспекција на Општина Чаир и МВР, Сектор за економски криминал, изјави градоначалникот Шилегов.

И Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам реагираше дека дивоградбата е објект од втора категорија и поради тоа е под надлежност на општината. Директорот Локман Љимани потенцираше дека биле во општината за да видат зошто никој не реагира, ама не наишле на соработка.

НЕМА КОЈ ДА ЈА СРУШИ ДИВОГРАДБАТА

Набргу на прес-конференција се појави градоначалникот Ганиу, кој откри дека на 10 јули Градежниот инспекторат утврдил дека објектот нема дозвола за градба и издал решение за уривање. Но, бидејќи не можеле да утврдат кој е инвеститорот, ниту изведувачот, објавиле оглас непознатиот сопственик сам да си го урне објектот!

Бидејќи сопственикот мудро си молчеше, општината, како што налага процедурата, објави тендер на кој бараше фирма за уривање на бесправно изградени објекти.

Но, ниту на првиот, ниту на вториот, не се јави ниту една заинтересирана фирма, по што општината најави дека ќе оди на трета мајка. Сега со зголемување на вредноста на тендерот за кој беа предвидени еден милион денари, ќе се стимулираат фирмите – „мечка страв, мене не страв“, да се охрабрат и да ја урнат дивоградбата на мистериозниот инвеститор.

Од општината појаснија дека во тендерот нема да има никакви ограничувања или критериуми и дека ќе го распишат до крајот на неделата.

–Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина Чаир пристапува кон зголемување на процентната вредност на јавната набавка како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката. Ќе се отвори нова постапка за јавна набавка без никакви ограничувачки критериуми, истакнаа од општината.

Она што е нејасно е што доколку никој не се охрабри да се пријави, ниту на третиот тендер? Дали ќе се оди во недоглед со барање на други фирми или, пак, постои и некое друго решение?

Упатените велат дека едно од решенијата е да и се одземат ингеренциите на инспекцијата од општина Чаир и да му се препушти на Државниот инспекторат да ја руши дивоградбата.

ИМОТНИОТ ЛИСТ Е НА ИМЕ НА СОПСТВЕНИКОТ НА „ФОНТАНА“

И додека се бара јунакот за рушење, од МВР и обвинителството, под дрво и камен, го бараат фантомот кој се дрзна на диво, во најтесното градско јадро и пред очите на целата македонска јавност – да гради.

Од МВР информираа дека го известиле обвинителството за превземаните активности, срамежливо признавајќи дека имаат „основи на сомнение за можниот сторител“.

Од скопското обвинителство, засега, не откриваат детали, посочувајќи дека се дадени дополнителни насоки за постапување на инспекторите од Единицата за економски криминал.

По мало пребарување на сајтот на Катастар, се доаѓа до податок дека сопственик на катастарската парцела 8891/27, на која што е распослана дивоградбата е Мевлуди Алити. Истата личност е сопственикот и на кафулето „Фонтана“ кое изгоре.

„Фокус“ не успеа да стапи во контакт со 34-годишниот Алити, а засега е непознато дали со него веќе контактирале од МВР.

Со оглед на тоа дека парцелата е негова, логичен заклучок би бил и дека е тој мистериозниот инвеститор. Сепак, постои можноста некој друг да гради на неговата парцела, но во таков случај се очекуваше Алити да излезе во јавноста или да пријави дека на неговата парцела некој бесправно гради.

Бидејќи јавноста побрза да го пронајде инвеститорот, низ социјалните мрежи, но и дел од медиумите кружеше информацијата дека инвеститор е сопственикот на „Моно трејд“, повикувајќи се на имотен лист од Катастар.

„Фокус“ стапи во контакт со сопственикот Неби Аљими, кој истакнува дека тој нема никаква врска со дивоградбата, а тоа се заклучува и по анализа на имотните листови кои тој ги поседува. Односно тој има имотен лист за подземната парцела.

– Јас имам имотен лист за подземната парцела, односно за паркингот во „Мавровка“ и немам никаква врска со парцелата на која се гради. Сето ова е лесно докажливо само ако се погледне документацијата од Катастар, ни изјави Алими.

Алими е долгогодишен успешен бизнисмен, кој вели дека не му било сеедно неговото име да се валка, а претходно никој не го прашал за коментар.

СПОРНА Е И САМАТА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ПАРЦЕЛАТА?

И додека надлежните го бараат фантомот, прашањето што се наметнува, е како воопшто е можно ваков тип на парцела да биде приватизирана? Колку за споредба, упатените велат дека приватизацијата на оваа парцела е исто како некој да си присвои парче од Градскиот плоштад или од булевар.

Токму затоа испративме неколку прашања во општина Чаир, поточно го прашавме градоначалникот:

-Кога, како и врз кој основ е приватизирана парцелата кај ТЦ Мавровка, а на која во моментот се наоѓа дивоградба?

-По која цена е откупена парцелата?

-Во чија сопственост е парцелата, на која во моментот има дивоградба?

Но до затворање на неделникот не добивме одговор на нашите прашања, а градоначалникот Ганиу не одговараше на нашите телефонски повици.

Во недостиг од официјални информации, „Фокус“ неофицијално дознава дека минатата година општината му издала имотен лист на сопственикот на „Фонтана“, Алити.

Од лице место дознавме дека за терасата на поранешна „Фонтана“ била формирана катастарска парцела под број 27, односно ако дотогаш постоеле парцелите 8891/2, 8891/3 и така натаму, била создадена и 8891/27.

Од обвинителството за „Фокус“ велат дека најпрвин се работи на точно утврдување на идентитетот на инвеститорот, а потоа ќе се разгледа и делот околу начинот на приватизацијата на парцелата.

И додека сите „истражуваат“ на терен ситуацијата е мирна. Веќе подолго време ги нема работниците, кои според неофицијалните информации на „Фокус“, требало да изградат трикатница. Шпекулациите се дека во новата градба било предвидено кафуле, а за останатите два ката биле замислени како деловни простории во кои требало да се всели некоја банка, но тука била идејата и за хотел.

„Рекла –казала“ муабетите одат дотаму што се тврди дека инвеститорот имал поддршка за градбата од политичката партија ДУИ. Рака на срце, не видовме дека од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои исто така имаат советници во општина Чаир, нешто се потресоа околу овој случај. Излегува дека сите знаат, ама молчат!

Нашите соговорници од терен уверуваат дека дивоградбата нема да се урне. Велат дека се убедени дека ќе се најде начин да се оствари првото сценарио, односно, откако ќе спласне прашината (и ќе се состави владата), објектот ќе продолжи да се гради и ќе се легализира.

Од друга страна, пак, останува и да се држи за збор градоначалникот на Чаир, кој ја уверуваше јавноста дека објектот ќе се сруши.

-Нормално дека ќе го урнеме објектот, изјави неодамна Ганиу.

Многу бргу ќе се види дали ова биле само празни зборови и дали ќе продолжи градежното дивеење во Чаир!

И УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ИСТРАЖУВА

Освен МВР, случајот го истражува и Управата за финансиска полиција.

Како што неофицијално дознаваме, тие преку патот на парите се обиделе да дознаат кој гради, но засега, сите обиди се безуспешни. Имено на работниците, односно на фирмата која била ангажирана да гради, досега не и биле исплатени пари на сметка од страна на инвеститорот.

https://fokus.mk/arhiva-fantomskiot-investitor-go-privatizirashe-i-drzhavnoto-zemjishte-kaj-mavrovka/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2195
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 28-Aug-2020 at 17:06
Originally posted by stef4o

„Рекла –казала“ муабетите одат дотаму што се тврди дека инвеститорот имал поддршка за градбата од политичката партија ДУИ. Рака на срце, не видовме дека од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои исто така имаат советници во општина Чаир, нешто се потресоа околу овој случај. Излегува дека сите знаат, ама молчат!



Меѓу другото, од дивоградбава зависи дали поголемиот коалиционен партнер на владејачката ДУИ на следните избори ќе изгуби уште 100к гласа, или нема да изгуби уште 100к гласа (може и во плус да оди).
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 28-Aug-2020 at 18:51
Зависи и тоа во сосема погрешна насока. Граѓаните албанци во Македонија намерно поддржуваат штетни политики по јавното добро мислејќи дека тоа нив им носи нешто добро и дека ја ослабувата повеќе Македонија. Многу губат со тоа, а не сваќаат дека тој пат најмалку ги води кон голема албанија или било која друга осакувана цел. Тотално погрешен избор! Лично здравје си уништија со коронава само за да пркосат на мерките од македонската влада, сите до еден!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 31-Aug-2020 at 09:48
НА ПОПОВА ШАПКА СЕ ГРАДАТ 80 ДИВОГРАДБИ, СРЕДЕ КАМПАЊАТА ШАР ПЛАНИНА ДА СТАНЕ НАЦИОНАЛЕН ПАРК

Градежната мафија интензивно работи на бетонирање на Попова Шапка, така велат од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ и посочуваат дека во изминатиов период во викенд населбата се гради на секој чекор и без никаква дозвола. Тие бараат да се прекине градежната анархија за да се спаси овој наш најголем туристички зимски скијачки центар.

„Врз база на податоците што ги имаме, моментално се градат околу 80 објекти во парцели каде што имотно-правните односи на инвеститорите се спорни, бидејки истите се градат во државно земјиште. Се бара од комуналните градежни инспекторати да постапат по законски регулативи и истите да почнуваат да ги разгледат сите предмети по редослед. Бараме да не се спроведува никаква постапка за легализација на бесправно изградените објекти кои се градени после 2011 година. Градежниот инспекторат да не дозволи продолжување на градбата за објектите за кои постои записник за прекин на градбата. Бараме од Јавното обвинителство – Основен суд Тетово, да постапи и да ги истражува овие случаи и во заедничка комуникација со СВР – Тетово и комуналниот градежен инспекторат, да се постапи по законска регулатива и истите градежни активности да се прекинат, а сопствениците да се казнат за узурпација. Ова се барања од многу жители, сопственици на викендички и хотели на Попова Шапка“, вели Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Овие барања биле испратени со Општина Тетово и градоначалничката Теута Арифи, СВР Тетово, Јавното обвинителство, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Министерството за транспорт и врски. Засега нема никаков одговор на нивните барања.

За Попова Шапка, а со тоа и за викенд населбата, сѐ уште нема донесено деталан урбанистички план, но тоа не беше пречка покрај големиот број дивоградби изградени во изминативе неколку години, на Попова Шапка минатата година да се изгради и џамија висока 4 ката со минаре од дваесетина метри. Веднаш до џамијата во градба е еден поголем комплекс од објекти за кој исто така нема дозвола за градба. Минатата зима општинската градежна инспекција го сруши бачилото, кое беше инвестиција на еден Хрват, и кое се наоѓаше не во викенд населбата туку на неколку километри од Попова Шапка, додека од големиот број дивоградби на Попова Шапка сруши само неколку помали потпорни ѕидови во викенд населбата, но не сруши ниту една од 80 диво изградени викендички и други објекти.

На 5 мај, Владата ја усвои иницијативата на Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита на Шар Планина и прогласување за заштитено подрачје во категоријата Национален парк.

„Со финализирањето на овој процес ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, посебно од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа. Истовремено, заштитата на овие подрачја значи и напредок во исполнувањето на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици“, рече тогаш Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Заштитата на Шар Планина како национален парк е дел и од програмата на новата Влада на чело со Зоран Заев која денеска треба да се изгласа во Собранито.

На 26 август, Министерството ја почна јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк.

„Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни кои гравитираат на подрачјето на идниот национален парк, со цел да бидат добро информирани и запознаени што претставува национален парк, кои се придобивките, вклучувајќи ги и социо-економските аспекти и зошто Шар Планина треба час поскоро да се заштити со закон“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/na-popova-shapka-se-gradat-80-divogradbi-srede-kampanata-shar-planina-da-stane-natsionalen-park/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13133
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 31-Aug-2020 at 10:47
Во центарот на Скопје

За сè има вторпат
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 303
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 01-Sep-2020 at 10:18
Вакви градби не прават повеќе ни во Поградец.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 01-Sep-2020 at 11:40
ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ПОМОГНЕ НА ОПШТИНА ЧАИР ДА ЈА УРНЕ ДИВОГРАДБАТА ПРЕД „МАВРОВКА“, НАЈАВИ ЗАЕВ

Премиерот Зоран Заев најави дека за кратко време ќе биде отстранета дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“. Одговарајќи на новинарско прашање како новата влада ќе се справи со нелегалниот објект кој никако да се урне, рече дека за тоа ќе се донесе одлука на денешната седница на Владата.

„Многу брзо ќе почнат активности на терен за да се справиме со ова незаконско дејание што ни се случува дрско пред нашите очи, во центарот на градот. Денес ќе донесеме конкретни одлуки кои ќе ги соопштиме после седница на Владата. Во деталите на самите одлуки ќе бидат наведени правните постапки како би требало Владата да пристапи во испорачување на помош на Општина Чаир, која што има записник и решение дека објектот е дивоградба, но нема фирма изведувач да го спроведе решението за отстранување“, рече Заев на прес-конференција во Агенцијата за национална безбедност.

Дивоградбата пред „Мавровка“ Општина Чаир не ја урива бидејќи никој не се јавува на тендерот за уривање.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/vladata-ke-pomogne-na-opshtina-chair-da-ja-urne-divogradbata-pred-mavrovka-najavi-zaev/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 01-Sep-2020 at 13:07
Кривична за газдата: Чаир и Јавното претпријатие за патишта ќе го уриваат објектот во Мавровка

Конечно е поднесена кривична пријава за бесправно подигнатиот објект кај Мавровка поранешна Фонтана.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднела кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење".

„Од страна на СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење" од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО- Скопје е поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР.

Премиерот Зоран Заев дополнително на фејсбук објави дека Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донела одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

„Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката, напиша Заев.

https://faktor.mk/vtor-den-vlada-krivichna-prijava-za-objektot-kaj-mavrovka
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 01-Sep-2020 at 14:51
Владата го задолжи „Македонија пат“ да ја урне дивоградбата кај Мавровка

На првата одржана владина седница, донесена е одлука, дивоградбата кај Мавровка да биде срушена од страна на „Македонија пат“.

„Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“.

До ваква одлука дојде откако и на двата конкурси за уривање на дивоградбата не се пријави ниту една фирма.

https://tv21.tv/mk/vladata-donese-odluka-za-urivane-na-objektot-pred-mavrovka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 01-Sep-2020 at 14:56
На „Шапка“ гради кој каде стигне, општина Тетово допрва ќе ги бара „градителите“



И покрај бројните инфраструктурни проблеми на Попова Шапка последните месеци, во оваа туристичка атракција, се градат викендички на диво. Иницијативата на „Да ја спасиме Попова Шапка“ беше доставена до општина Тетово и до обвинителството. Оваа иницијатива бара брзо одобрување на деталниот урбанистички план, со цел да се спречи понатамошната узурпација.

„Од полицијата било евидентирано дека се градат околу 80 од нив, некои се градат иако не се завршени и повеќето чекаат за легализација од општина Тетово. Општина Тетово итно треба да преземе иницијатива да го состави тој план и да го достави до соодветните институции за оваа катастрофа да не се повтори“, вели Хамди Сулејмани, „Да ја спасиме Попова Шапка“.

За дивоградбите реагираат и сопствениците на веќе постоечките викендички на Шапка. Според нив, ситуацијата сè повеќе се влошува, а од власта нема реакција.

„Станува сè полошо и полошо. Постојат дивоградби во делот на викендичките, како и во делот што е имот на ЕЛЕМ Турс. Реагиравме неколку пати, но никој не нè слуша. Градоначалничката и советниците треба да реагираат бидејќи се избрани од народот, а не треба да седат и само да гледаат“, рече Хабил Беџети, Сопственик на викендичка.

За овој проблем од општина Тетово ни одговорија дека работат на пронаоѓање на оние кои градат и на преземање на мерки против нив.

https://alsat-m.tv/mk/на-шапка-гради-кој-каде-стигне-општ/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 01-Sep-2020 at 16:14
Шапка има вредност како комплекс зашто ги немаше оваквите дивеења. Пополека Попова Шапка станува уште една Шипковица само со жичари, кои кај и да е ќе се испораспаднат, пошто све што се дало на менаџирање на локални тетовски власти се запустило. Ќе го направат уште една испостава на подшарпланинскиот мегалоселис, а не ски-центар.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 02-Sep-2020 at 10:59
ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“



Со полициско обезбедување, утрово почна уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“ во строгиот центар на Скопје, еден ден откако Владата го задолжи ЈП Македонија пат да ја отстрани градбата. Се урива само со еден булдожер и во моментов се уриваат носечките столбови на објектот.

Сопственикот на објектот Мевљудин Алити, кој досега се криеше и на надлежните два месеца им требаше да го откријат, најави прес-конференција во 11.30 часот пред објектот.

Претходно вчера, МВР соопшти дека СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М. А. (34) „заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело Бесправно градење по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на бул. Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-urivaneto-na-divogradbata-kaj-mavrovka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 02-Sep-2020 at 11:03
Почна рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“



По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има и полициски службеници што ја обезбедуваат локацијата, на која се руши дивоградбата.

Инаку, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ја ангажира потребната механизација, средства за работа и вработени не само за уривање, туку и за демонтирање на бесправно изградениот објект, и тоа без надоместок кон Оштина Чаир, односно уривањето го врши од сопствени средства.

Владата вчера им препорача на Општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски, така што ќе склучат договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

„По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“, се вели во одлуката донесена на вчерашната владина седница.

Истовремено, МВР вчера поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев, на платото пред ДТЦ Мавровка.

Рушењето на дивоградбата кај Мавровка следува откако Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе го урне бесправно изградениот објект, но ова не се случи поради тоа што не пронајдоа компанија заинтересирана да го спроведе рушењето. Општина Чаир беше задолжена за рушење, откако претходно општинските власти побараа од инвеститорот самиот да ја сруши дивоградбата, но сопственикот не го направи тоа.

https://meta.mk/pochna-rushenjeto-na-divogradbata-kaj-mavrovka/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 02-Sep-2020 at 11:12
Правено е да држи 5 до 6 ката, многу арматури и бетон е ставено, едвај се руши. Е сега тука би било одлично еден парк со фонтана
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 02-Sep-2020 at 12:33
Се јави инвеститорот на објектот кај Мавровка: Се е легално, ќе тужам



Со закана за тужба пред домашните судови и пред Судот за човекови права во Стразбур, денеска, откако почна уривањето на спорниот објект пред ТЦ Мавровка во Скопје, се јави и инвеститорот на градбата, Мевљудин Алити од Скопје.

Тој на денешната прес-конференција рече дека се било легално со градбата бидејќи имал законско право да си го обнови објектот и дека имал елаборати за парцелата. Пред да почне изградбата на спорниот објект, на локацијата имаше кафуле кое изгоре на 1 мај годинава. Алити додаде дека „ му платил на Градот 4,7 милиони денари за легализација на објектот и дека на Општина Чаир ѝ доставил елаборат и проект и не знае зошто градоначалникот Висар Ганиу велел дека не знае кој гради“.

Уривањето на објектот пред ТЦ Мавровка почна денеска претпладне, по налог на Владата, а го изведува „Македонија пат“. Два месеца наназад овој објект е предмет на дебати и на полициска истрага, која вчера поднесе кривична пријава за инвеститорот. Претходно, откако беше утврдено дека се работи за дивоградба, како што прецизираа општинските власти, беа распишувани тендери кој да го урива објектот, но никој не се јави на нив.

Инвеститорот на градбата, Мевљудин Алити, денеска рече дека досега не излегол во јавност оти станувало збор за приватна инвестиција и праша зошто уште не е откриено кој му го запалил објектот на 1 мај. Еден од неговите адвокати праша „зошто Владата не ѝ помага на Општина Охрид во уривање, туку ѝ помага на Општина Чаир“.

Веднаш по прес-конференцијата на Алити, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги отфрли тврдењата на инвеститорот на спорниот објект кај ТЦ Мавровка дека се платени комуналии и дека објектот е легален.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/30816752.html
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 02-Sep-2020 at 14:23
Следна задача за Македонија Пат. После Мавровка нека поминат накај центар.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 03-Sep-2020 at 14:46
Во Струга(од твитер)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 04-Sep-2020 at 15:30
Шилегов бара Град Скопје да може да руши дивоградби – градоначалниците поделни во ставовите



https://telma.com.mk/2020/09/04/шилегов-бара-град-скпје-да-може-да-руш/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 05-Sep-2020 at 13:09
Дивоградбата пред „Мавровка“ срамнета со земја!



https://alsat-m.tv/mk/дивоградбата-пред-мавровка-срамн/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 05-Sep-2020 at 17:01
Ингеренциите од општините треба да преминат на Град Скопје за да се урнат 140 дивоградби



https://telma.com.mk/2020/09/05/ингеренциите-од-општините-треба-да-пр/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.