build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Nov-2008 at 10:05

Багери ги задушуваат скопските бели дробови

Градежна офанзива на Водно

Една деценија Парк-шумата се сече и се уништува со владини проекти и со градби одобрени од општините


Брдата и стрмнините се рамнат при изградбата на нови згради

Се' повеќе багери, а се' помалку шума има на Водно. Забрзаната урбанизација ја загрозува Парк-шумата. Милениумски крст,Сончев град, Македонско село, се владини проекти што се во фаза на реализација. Општините, пак, на своја рака со години им издаваат градежни дозволи на приватни инвеститори, без консултација на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кое е надлежно за заштита на парк-шумата. Уништувањето на до вчера недопрената природа може да предизвика пожари, поплави и екокатастрофа, велат стручњаците. Водно е пошумено пред пет децении, за да се прочистува воздухот во главниот град и да се спречат ерозијата на земјиштето и поплавите.

Во минатата недела, во Кисела Вода, се урнаа бетонските столбови што инвеститорот ги градел за потребите на потпорен ѕид, на ниските падини на планината. Никој од Општината досега не излезе со податоци зошто се урнаа, дали правилно се градело и дали некој ќе сноси одговорност. Од Кисела Вода тврдат дека инвеститорот има уредна документација, а маркичката за објектот е влезена во Детаљниот урбанистички план, усвоен од претходниот состав на општинската власт.Приказната е слична со сите градби последниве неколку години, кога зелениот заштитен појас се уништува со аманет од општините.

Градоначалникот Трифун Костовски предупредува дека, освен урбанизацијата, Водно веројатно ќе го дотепаат и плановите на Владата за изградба на улица што Скопје ќе го поврзува со новата населба Сончев град во Сопиште.

- Се инсистира на изградба на пат, на проект за изградба на Македонско село кај Нерези, како и на пат кон Крстот. Инсистираме да го зачуваме Водно, но Владата ја напаѓа парк-шумата. Преку Советот на град Скопје се работи на остварување на таа цел. Јас не сум моќен да го спречам тоа - изјави Костовски. Од „Паркови и зеленило“ велат дека никој не им бара мислење за тоа дали некаде смее или не смее да се гради. Ниту за градби, ниту за потпорни ѕидови што штитат од свлекување на земјиштето.

- Не даваме мислење, зашто никој не не' прашува. Немаме увид какви се' потпорни ѕидови се градат на стрмните падини, односно со каков квалитет - изјави претставник на јавното претпријатие.

Уништувањето на шумата може да биде кобно за градот, со оглед на се' поголемата загаденост на Скопје. Брдата и стрмнините се рамнат при изградбата на нови згради, но никој нема увид. Од „Паркови и зеленило“ наведуваат дека во делот на парк-шумата во моментов им се познати три критични места што претставуваат таква опасност, сите на патот од Средно Водно кон манастирот „Св. Пантелејмон“. Досега имало повеќе случаи на свлекување на земјиште, па не се сигурни како ќе се однесува земјиштето во иднина. Велат дека инвеститорите редовно се „покриени“ со документација, па немаат можност за запирање на градбата.

- Имаше повеќе случаи како, на пример, кога се градеше зградата над бензинската пумпа во Козле. Исто и во делот под хотелот „Панорама“. Во сите случаи кога станува збор за шумата Водно реагираме, но градежниците ни покажуваат дозвола за градба и ништо не можеме да им направиме. Има и голем број дивоградби, особено во реонот кај хотелот „Панорама“ , каде што со децении се чуваше зеленилото. Никој не реагира - креваат рамења од „Паркови и зеленило“. Ако не се гради прописно, се заканува свлекување на земјиштето, што може да доведе и до човечки жртви, предупредуваат чуварите на парк-шумата.

- Се' повеќе се навлегува со градежни работи во внатрешноста на Водно. Доколку дојде до свлекување на земјиштето, со тек на време веројатно е можно да дојде и до човечки жртви - велат од „Паркови и зеленило“.

ИНФО-Уништување на заштитниот појас

Водно е пошумено пред пет децении, за да се прочистува воздухот во главниот град и да се спречат ерозијата на земјиштето и поплавите.Нови градби последниве неколку години го загрозуваат зелениот заштитен појас, кој се уништува со аманет од општините.Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека инвеститорите редовно се „покриени“ со документација, па немаат можност за запирање на градбата.

Јорданка Ивановска

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7B9EBBAB3ECFC643AAA7E8FD7D566CAA
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Nov-2008 at 14:48
Дали ова може да се деси некаде ?

Да се затвори еден цел кеј на еден главен град за некој да гради и уште на некоја сомнително добиена локација ...



Дали некој знае дека во свет на вакви локации доколку се гради, дотурот на материјали се прави во раните утрински часови и зад себе не оставаат траги дека нешто се гради и не затвараат илјада кварати
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Nov-2008 at 14:52
На почеток не обрнав премногу внимание на ова но навистина е недозволиво вакво нешто. Само што постирав сличен текст во нишката за објектов
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-Nov-2008 at 15:03
Originally posted by pbanks

На почеток не обрнав премногу внимание на ова но навистина е недозволиво вакво нешто. Само што постирав сличен текст во нишката за објектов

Гледам дека во исто време е постирана, ја нарочно е ставив во овој дел, бидејќи ова неможам никако да го разберам, освен како конци на урбана мафија.

Иначе точакот морав да го прекачувам преку тие идиотски скали и можете да замислите каде ми беше дусата потоа

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-Nov-2008 at 15:11
Можеме сите да се праиме наудрени ако сакаме, ама сите знаеме дека за таа локација пристап мора да се обезбеди преку пешачка зона. Може не требаше да иде преку кеј, ама пристап мора да се обезбеди некако. Се слагам со Владимир дека дотур треба да се прави во раните утрински часови. Може би и подобро ќе беше доколку пристап е обезбедеше од кај телеком и воопшто да не се оградува никаков простор за камиони. Ама кејов се избра пошто тука треба и подземната улица да биде, па ваљда ќе го копаат после!

Ама мене една друга работа ме нервира. Ај што е заградено, не паравм пробле. Што дигаат прашина камионите по кеј, за тои исто така не ми смета. Него ми смета што изведувачот на објектот се влече со работата. Тука треба да се работи 25 саата за да се заврши што побрзо, а не вака, го затворија кејот и две недели никој ништо не пипа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 09-Nov-2008 at 15:15
Originally posted by lslcrew

Можеме сите да се праиме наудрени ако сакаме, ама сите знаеме дека за таа локација пристап мора да се обезбеди преку пешачка зона. Може не требаше да иде преку кеј, ама пристап мора да се обезбеди некако. Се слагам со Владимир дека дотур треба да се прави во раните утрински часови. Може би и подобро ќе беше доколку пристап е обезбедеше од кај телеком и воопшто да не се оградува никаков простор за камиони. Ама кејов се избра пошто тука треба и подземната улица да биде, па ваљда ќе го копаат после!

Ама мене една друга работа ме нервира. Ај што е заградено, не паравм пробле. Што дигаат прашина камионите по кеј, за тои исто така не ми смета. Него ми смета што изведувачот на објектот се влече со работата. Тука треба да се работи 25 саата за да се заврши што побрзо, а не вака, го затворија кејот и две недели никој ништо не пипа.


Независно ЛСЛ но површината која е затворена е навистина импресивна.... Првиот муабет беше да се ископа улицата па после да се почне со објектот а не обратно.

Во нормални земји ова не проаѓа па што сакаш прави. Ако сака инвеститорот со хеликоптер нека истура цемент но нема да му дадат да затвори пола километар пешачка зона.

Решението кое го нуди Владимир е добро а она што го спомнуваш ти во последниот параграф навистина дополнително иритира. Таму не е извадена една плошка уште каму ли да се копа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-Nov-2008 at 15:19
@lsl

Не е до нас дека се праиме наудрени, туку надлежните дека се праат наудрени. Ај нека кажат колку платиле инвеститорите за ваков комодитет. Нормално не мислам колку платиле во приватни џебови, туку во буџетите на градот и општината. Ако ништо друго, ваков комодитет и ваква узурпација морало дебело да се наплати во полза на граѓаните и после тие средства да бидат искористени за проекти од јавно добро. Ама за ова немам слушнато ни збор. А инвеститорите добро знаеле во што влегуваат, никој со сила не ги натерал да ја земат таа локација (и тоа за фамозните 25евра/квадрат). Само премногу „добри гестови“ имаше према нив во изминатите години, за да може да остане било каков сомнеж дека не се работи за класична корупција и криминал.


Edited by Cloverstack - 09-Nov-2008 at 15:25
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 10-Nov-2008 at 20:13

Инвеститорите заштитени и кога градбите доцнат

Со Законот не се пропишува рок за завршување на работите,
па купувачите или соинвеститорите никако да се вселат

Немаме каде да живееме веќе пет години. Плаќаме кирија, затоа што инвеститорот не можеме да го најдеме да ја доврши зградата за која плативме за да добиеме станови. Се крие, а кога ќе го најдеме ни вели дека нема пари да ја доврши градбата, се жалат граѓани што ја потрошиле последната заштеда за да си обезбедат дом.Недовршени и празни објекти во изградба изминатава деценија се главниот белег на Скопје. Инвеститорите што со години градат некој објект не можат да бидат казнети за вакво нешто бидејќи се заштитени со Законот за градбата. Можат да бидат предмет на судски спор, но само ако купувачите не заборавиле да внесат рок за довршување на работите во купопродажбениот договор. Досегашната практика покажа дека голем број од купувачите или соинвеститорите не воделе сметка за времетраењето на градежните работи при потпишувањето на договорите. Така го извлекуваат подебелиот крај, а не можат ни да тужат. Законот за градбата не предвидува гаранции за временскиот рок за завршување на изградбата на објектот. Иако избија многу градежни афери, досега никој ништо не презел тоа да се измени и да биде во корист на странките, а не на инвеститорите.

- Постојат недоречености во Законот за градбата. Неопходно е негово дополнување. Во постојниот закон е утврдено дека од издавањето на одобрението за градба до почетокот на градежните активности може да помине најмногу шест месеци до една година, но не е предвидено и во кој рок треба да заврши градењето - е вечниот одговор од Министерството за транспорт и врски. Архитекти коментираат дека Законот е скроен во прилог на градежните фирми поради добропозната спрега меѓу нив и власта.

- Да не е поддршката од високи структури, сигурна сум дека немаше ни да постои криминал во градежништвото. Тој не може да постои без власта -вели една архитектка, која сакаше да остане анонимна.Еден пример што говори за ваквата практика во Скопје е тој со граѓани од улицата Црвена Вода 15 во Дебар маало. Тие се жалат на соинвеститорот „Зам инженеринг“. Велат, според договорот, зградата требало да биде готова за вселување во 2005 година, но до ден-денес од инвеститорот слушаат само празни ветувања дека наскоро ќе биде завршена.

- Градбата почна во 2004 година, откако на локацијата беше урната стара куќа. Ние сме сопственици на урнатиот објект. Според договорот со инвеститорот, треба да ни припаднат пет стана во зградата што се гради. Поминаа три години од договорениот рок за вселување, но од сопственикот на „Зам инженеринг“ само слушаме: ќе завршам, но сега немам пари! Ќе го тужиме - објаснува еден од сопствениците на становите во изградба.

Зоран Мирковиќ, сопственик на „Зам инженеринг“, изјави дека тој е соинвеститор со неколкумина граѓани. Тврди дека сликата не е таква каква што ја прикажуваат граѓаните.

- Овој објект се води како заедничка градба, што значи дека ги делиме обврските. Тврдам дека соинвеститорите, според договорот, имаат средства за вложување, затоа и градбата не е завршена навреме. Надворешно е завршена 90 отсто, а внатрешно е 70 отсто. Доколку сметаат дека се во право, нека ме тужат. Во договорот се предвидени казнени пенали, па ако докажат на суд дека јас сум виновен, не бегам никаде, ќе им платам - објасни Мирковиќ.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5EAD24371AABDF40AD32B0473F1E9319
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Nov-2008 at 01:05




Кучиња лајат, караванот си најде своја улица
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 24-Nov-2008 at 01:19
Шок-терапија против урбаната мафија


Ако постои некаква можност за вклопување на градбите во просторот ќе се овозможи нивно легализирање, по што сопствениците треба да ги платат комуналиите. Во спротивно, ќе добијат решение за уривање


Околу 300 илјади дивоградби е тежината што ја носат македонските градоначалници. Нема општина којашто нема од неколку бесправно изградени објекти, па дури до цели неформално изградени населби. Најголемиот дел од нив се изградени со миграцијата село-град, што се случила во 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Само мал број се типичен пример на урбаната мафија којашто најголема експанзија достигна во последнава деценија, се вели во анализата на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). За таа цел, ЗЕЛС подготви Нацрт-закон кој ќе овозможи да се легализираат дел од бесправно изградените објекти.

- Тоа ќе биде "шок-терапија закон", којшто ќе има еднократна употреба со почеток и крај. Тоа ќе значи дека во определен рок граѓаните ќе треба да ги пријават објектите во општината, по што ќе се идентификуваат, ќе се направи досие и потоа ќе се изготви урбанистичка ситуација. Ако постои некаква можност за вклопување на градбите во просторот ќе се овозможи нивно легализирање, по што сопствениците треба да ги платат комуналиите. Во спротивно, ќе добијат решение за уривање. Значи, целта на овој Закон не е да се легализира урбаната мафија, туку да им помогне на граѓаните кои имаат куќи стари по 10, 15 и 20 години, а немаат документи да можат да ги озаконат - појасни Слава Христов, претседател на комисијата за урбанизам про ЗЕЛС, на семинарот за новинари на тема "Урбанизмот - препреки и предизвици на локалните власти". Тој додаде дека заедно со законот ќе се донесат и Правилници за критериумите и за надоместокот за урбанизација што треба да се одреди, како и да се направи категоризација и да се разгледа социјалниот сегмент. Според Христов може да се очекува легализација на околу 90 отсто од дивоградбите.

- Уривање не може да се исклучи, но таму каде што навистина има основа за таква акција. Подобро е тие што граделе нелегално, да си платат комуналии и да се легализираат објектите - вели Христов.

Заедно со легализирањето на дивоградбите, ќе треба да се воспостави дигитална база на податоци за урбанистичките планови и да се формира регистар на државното земјиште. Регистрацијата ќе се врши само врз основа на катастарска снимка од рок кој дополнително треба да се прецизира.

http://vecer.com.mk/?ItemID=5E644E4BB33BDE449DCA715295CCC867



Edited by lslcrew - 24-Nov-2008 at 01:31
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-Nov-2008 at 22:55
Islcrew, тоа не е шок терапија против урбаната мафија, тоа е бонус за урбаната мафија. Пример: некој ти гради на твој имот - земјиште, без твоја согласност како сопственик, ама  со знаење на општината. Општината не го спречува градењето на диво на некои наводно непознати лица и сега овој закон и е добродојден. Зошто ? Овозможува да се легализира дивоизградениот објект и без согласност на сопственикот на земјиштето а со согласност на дивоградителот. Општината е правно чиста, а дивоградителот и сопственикот одат на суд за да докажат чија вредност е поголема ( земјиштето или објектот бидејки објектот иако има извршно решение за уривање не се руши . Вакви инстант закончиња се во корист на урбаната мафија, не џабе ги донесуваат. За народот нема супер закони бидејки на државата народот и е спротиставена страна, запамти, а истовремено на народот спротиставена страна и е државата. Ако све би било идеално со закони за народот.......тогаш државата би се распаднала како систем на управување. Би управувал народот. За опстанок се потребни двајца.Yes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 28-Nov-2008 at 23:00
Чико, јас само ја пренесов веста како што е излезена во дневнио печач и ги маркирав побитните делови. Инаку со својот став што се оденсува до мафијата се слагам горе долу.

Инаку има една работа што сакам да ми ја објасниш во меана, а тоа е како го замислуваш тоа државата да се распадне, а народот да управува?! Зарем народот нема да треба да основа иснтитуции преку кои ќе владее?! Пак ќе треба да се избре раководство! Стварно ваквата констатација "народот да владее" ми делува многу лабаво.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 29-Nov-2008 at 16:16

Чико мора да заклучам дека пристапот тие како на некој Чичо без навреда Wink има нешто можност да се гледа на легализирањето на дивоградбите како мафијашки пристап, но тоа е возможно откако ќе заврши целосно транзицијата која ни е сеуште на плеќи вака или онака!

треба да правиш разлика помеѓу здружување заради оставарување нелегален профит (кое во случај да функционира долгорочно може да се етикетира како мафија) и потреба на некое семејство да има кров над глава, според твоето размислување и едните и другите се во иста категорија - мафија... и семејството со здружен труд може да гради нелегален објект, но тоа го прави од егзистенцијални причини а не од алчност, па затоа не треба да се поистоветуваат овој тип на дивоградби со оние кои се комерцијални објекти кои на сомнителен начин се легализирани само заради остварување на екстра профит, кај урбаната мафија има и друг по страотен момент на делување а тоа е подмачкувањето на инспекцискиот надзор кој замижува пред употребата на шкарт опрема и материјали во објектите, па така идните купувачи се измамени во однос на квалитетот кој потенцијално остава простор  за несакани последици (шкарт инсталации, дограма, статика)!

еве еден пост кој се однесува на легализацијата на дивоградбите, но го постирав во урбанистички планови бидејќи ја засега целокупната урбанизација која се одвивала во минатото и која ќе треба да продолжи да се одвива во иднина. ова со текстот новинарката заради спектакуларност закачила ваков наслов кој наведува декасе работи за проблем со урбаната мафија, треба навистина да се прави разлика што е а што не е урбана мафија, дури и утре ппотенцијално доколку влеземе во европа овој тип на дивоградби нема да можат да се категоризираат волку произволно, дали било тоа заради новинарски егзибиционализам или заради правно преудицирање! мафија е претежок збор за етикетирање за секоја дивоградба...  

а лсл што се чуди околу терминологијата и теоријата твоја мислам дека нема право, да ние ги бираме тие наши претставници да го одржуваат редот, но тоа не значи дека истите се безгрешни или пак нај праведно го практицираат систем врз народот...!



Edited by beTon - 29-Nov-2008 at 16:19
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-Nov-2008 at 14:32
МАФИЈА. Системот по кој работи мафијата-организацијата е неприкосновен (позитивно). Тоа се изречени правила кои не смееш да ги прекршиш. Кога си in живееш како што треба и строго по изречените правила, но проблемот е кога си out  и живееш како нормален човек според пропишаните правила од страна на државата-организацијата.
Каква е разликата?
Мафијата како организација никогаш не греши во своите пресуди. Сегогаш е казнет токму тој што се огрешил спрема правилата на организацијата. За разлика, кај државата-организација не е така.
Мафијата ги почитува своите правила, а државата не.
Мафијата во своите редови прима способни луѓе за да ја зајакне својата организација, а државата не.
Мафијата без исклучок ги казнува своите соработници ако се огрешат, а државата не, дури спротивно.
Ако на мафијата редовно и плаќаш заштита ке бидеш заштитен како што треба, а ако на државата (МВР) редовно и плаќаш нема да бидеш заштитен, дури напротив.
Мислам дека ја сваќате поентата. Да не давам уште примери.
Што е заедничко за овие две организации ?
И двете организации живеат од грбот на обичниот out човек. Правилата што важат за out man не важат и за луѓето во организациите. Ако организациите одлучат за некој out man  дека е виновен, тогаш out man  ке биде обавезно казнет. Од едната организација ке биде најстрого казнет ( според нивните изречени правила ), а од другата организација ке биде казнет според нејзините пропишани правила ( иако во последниве години и не е баш така, бидејки се копираат изречените правила на другата организација).
Урбанистичкиот криминал е една од многуте заедники работи на двете организации и е најкомплициран од причина што е видлив за сите out man -овци ( зграда, куќа, спрат, земја и слично ). Во другите заеднички бизниси на двете организации им е полесно бидејки се работи за документ-хартија или апоен-хартија која не е видлива за out man -овците.
Повторно на удар е   out man . Каде сте чуле дека некој висок функционер во било која од двете организации има проблем со земјиште, дивоградба, неплатени комуналии и слично.
Овој тип на урбанистички криминал во нашата држава е копија на оној од 30-40-тите години на запад, особено во УСА. По правило, во секоја градежна афера во нашата ни држава е вмешано иностранството. Во аферата “кинески зид“ средствата и  in man - жртва  се од странство. Во аферата Платина инжинеринг, сопствениците побегнале во странство ( непознат правец за шест лица, a и никој не спомнува дека во аферата е вмешана извесна американка in особа M.S.Z. А и кој би ја спомнал, кога истата ооба во периодот 2002 - 2005 год. беше во мисија за реформи во судството во нашата ни држава. Аферата со професор-педер пребегнат во Б,лгарија. Охриѓанец инвеститор побегнат во странство и така натака, и така натака.
Ако се заангажира едната организација, виновникот ке биде најден во странство и ке биде казнет според изречените правила, а другава организација не само што не го бара виновникот, туку и му помага во организирање на бегството.
И на крај, што мислите со која организација е подобро да живееш ?Question
Тоа ми беше поентата кога спомнав дека државата и народот се две спротиставени страни. Државата- мафијата не може да функционира без обичниот човек, а обичниот човек не може да владее со својата држава.
Кога обичниот човек ке дојде на власт тоа значи дека се зачленил во една од овие две организации.Grouphug
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Nov-2008 at 16:26

па види методите кај едните се крв и ќотек, а кај другите ќотек и крв, но едните работат од алчност за сопствени потребе, а другите алчат за општо-народни потреби(и нешто бонукс за сработеното)!
мафијата во многу случаи се смета за вирус кој го напаѓа имунитетот на државата (нејзиниот поредок), а кога ќе метастазира истиот се претвора во октопод кој на крај многу тешко се чисти, бидејќи и при најмал рецидив истиот може за кратко време да се врати во првобитната состојба ако не и полошо... муабетов знае многу емотивно да делува во случај човек некако некогаш да бил засегнат од вирусот, во тој случај ништо не е утешително, освен волјата за простување, зошто никој не е безгрешен па оној момент кога ќе реши човек до крај да бара правда светов треба цел да се осуди, бидејќи живееме во место и време каде најдоблесни вредности се моќта и богатсвото...

организирањето на луѓето не мора да значи дека ќе доведе до мафија, или институција која утре ќе стане мафија, но факт е дека оној момент кога некој добива некаква власт во своите раце било тоа да е медиумска, институционална или општествена, истиот станува интересна алатка во очите на оние кои сакат да одржат некаков посебен ритам на постоење, па неретко таа алатка побудена од разно разни набои се става во функција на нечии интереси, оправдувајќи ги своите постапки пред себе на секој можен начин од идеологија до емоции(од материјализам до непотизам) во урбаниов случај... а кога истиов модел ќе се примени во друга област пример надворешно-внатрешна државна политика алатките стануваат уште поинтересни за тимарење, но тоа тимарење може да оди спонтано и индиректно преку разни соросоиди или директно преку ботовите со мутирана генетика кои се во можност да држат или да се блиски со држателот на некоја жица во системот. потребата од константен економски раст прави од луѓето машини кои само за да го одржат во живот озетето, спремни се: да газат преку луѓе по секоја цена и без никаква совест.
во принцип оваа појава на среброљубие тешко се искоренува како што тешко човек може да излезе на крај кога ќе се препушти на славољубие и сластољубие, болести на душата кои кога ќе станат позитивни вредности (како што е денес) потребно е смело и постојано лекување т.е. ако сакаме да се скротат ваквите и сличните појави, не е решение само да се удира по огрешените, треба пред се да се работи на образовниот систем кој ќе проектира и продуцира луѓе кои нема да се тркаат единствено по акумулирање на вреднувања(оценки)-подоцна вреднувања(пари), туку луѓе кои ќе имаат усул колку им треба за да бидат среќни во животот... навистина е тешко човек да научи да се воздржува а на секој чекор нови модели по рекламите и како капак поволни кредити и лизинзи за остварување на желбите, и ете ти човек кој е навикнат да добива повеќе(од што треба). ова нормално (во криза) раѓа потреба од здружување со слични на себе единки единствено за да се зачува овој начин на живот...

статистиката вели онаму каде има чад има и оган, па така се додека народот не се сврти кон поевтини начини на изведба и домување(пр.поевтините сламени куќи) цената на недвижностите постојано ќе расте или ќе држи плафон, па така се дотогаш ќе биде атрактивна област за скаламуции и надмудрувања во трка за профит... сепак како област мислам дека уште долго ќе биде еден од најатрактивните начини за перење на пари!

Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Nov-2008 at 19:20

Како и да е, нашата ни држава е со Стиви Вондер поглед кон иднината во сузбивањето и борбата против урбанистичкиот криминал.

AL - KAPONE = AL - AROVA

Еве пример како Груевски го решава проблемот со Виолета Аларова. На следните локални избори Аларова нема да биде кандидат за градоначалник. Толку.

Кој е казнет, Аларова или обичните граѓани што си имаат криминални проблеми со Аларова.

Времето ке покаже дали Аларова комплетно ке се повлече од политиката.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 30-Nov-2008 at 19:39
па види ако аларова е вирус тогаш треба категоријата да ја кренеме малку нагоре, во тој случај останатите се патогени случаи(организми), аларова е само смешен момент во цела таа напаст од октоподот. несакам да верувам дека е патолошки момент ова со урбаната мафија но редот и крајот им доаѓа, но како што кажав претходно тргни еден, на негово место доаѓа друг... ова сега со камерите, електронското работење, дигиталните потписи и опремената полиција, ветува воспоставување поцврсто владеење на законот, но од друга страна се отвора нов терен за препукување а тоа е хакирањето во корист на некоја пипка од успаниот октопод!  ниту еу па ниту ние докрај ќе го зауздаме овој процес на општествено боледување!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-Dec-2008 at 03:00

ма-фијат, ма-фичо, ма-точак, сите гледаат само да стигнат до целта на секој можен начин, но не и пешки, денес пешачењето, брзото одење или трчањето се демоде, кој не ја вози работата тој е аутсајдер, а пак кога ќе ја завози нема ни осет колку лета нема ни кочници а ни падобран во случај на избезуменост! аларова како дел од системот кој занемува и индиректно и директно ги одобрува овие излетувања и прелетувања(кога-како) мислам дека може само да ќути и трае и причека да и помине редот како не би влетал некој залутан и исфрустриран возач во макази! обично на почеток човек се решава да се спротивстави на овие појави бар совеста го тера, но возачите спремни постојано на готовс вирусот веднаш го фрлаат на засегнатиот па во многу случаи, авторитетот станува авторизиран! еве како течела авторизираноста во 2004:

Нема кој да ја сопре пренамената на гаражите во станови - 16.10.2004

На скопската урбана мафија и е дозволено да гради гаражи, а подоцна да ги продава како станови бидејќи никој не врши проверка на намената на просторот откако тој ќе се изгради. Речиси секој нов проект што го одобруваат подрачните единици на Министерството за транспорт и врски има гаражи, односно паркирањето е решено во рамки на објектот, но состојбата на теренот покажува дека во Скопје нема зграда во која гаражата навистина се користи за паркирање. Гаражите најчесто прераснуваат во деловни простории, кафеани или во станови, а нивните сопственици, лажејќи дека градат гаражи, остваруваат огромен профит.
Од Градежната инспекција велат дека тие не можат да реагираат против оваа појава откако ќе се изгради и пренамени објектот. Од таму велат дека нивна обврска е да донесат решение за уривање и да урнат некој дел од објектот, доколку при пренамената се направи измена со која ќе се отстапи од дозволениот габарит на објектот, и толку. Внатрешното преуредување, поставувањето на преградни sидови, што е неопходно една гаража да се приспособи во деловен простор или стан, никој не го контролира.
Упатените во оваа проблематика посочуваат дека најголем удел во криминалот со гражите кои се продаваат како деловнни простории или станови има комисијата, состваена од Санитарна, Трудова инспекција и инспекција од Министерството за економија кои издаваат ХТП одобренија и важат за битна алка во синџирот на урбаната мафија. Тие, како што велат нашите извори, не водат сметка за она што е предвидено во проектот за некој објект и, без да го проверат, издавааат одобренија за деловни простории во гаражите.
За да се надминат овие состојби, од Градежната инспекција велат дека треба во Законот за градба повтроно да се воведе употребната дозвола која се добива откако објкетот ќе се изгради.
"Употребната дозвола ги намалуваше можностите еден простор да добие пренамена. Ако еден кат од објектот е изграден по стандарди за кат, тој не може да се пријави како гаража за да се платат помали комуналии, а потоа да се пренамени во деловен простор. За да се добие употребаната дозвола, 15- члена комисија ги споредуваше документите за објектот со она што е изградено на терен и ризикот да се направи превид беше сосема мал. Затоа ние побаравме во новиот закон за градба повтроно да се врати употребаната дозвола и таа е вметната во Нацрт-законот", рече Зоран Трошански, директор на Државниот градежен инспекторат.
Употребна дозвола за еден објект се издаваше откако ќе се направеа сите можни проверки, не само споредбата на проектот со она што е изградено туку се земаа примероци од вградениот бетон, се водеше сметка за противпожарната заштита, за инсталациите и слично. Врз основа на издадената употребна дозвола во Катсатар се добиваа имотни листови. Сега имотни листови се издаваат само врз основа на одобрение за градба, заверен проект и премер што го прават службите на Катастарот.

Вест - 16.10.2004

Во склоп на куќа имаме просторија (околу 20 м2 со висина од 2.55 см) која сакаме да ја искористиме за вршење на занаетчиска дејност. Дали може да ми објасните каде се треба да се обратам за да добијам употребна дозвола и отрилика колку сето тоа би чинело. Однапред благодарам.

  Дозволете ни да Ве известиме дека Одобрението за адаптација на станбен во деловен простор и Употребна дозвола за истиот, се издава при надлежниот орган на Општината во која живеете. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија

МТВ - uslugi.gov.mk

ако механизмов беше кај МТВ и понатака пак е проблем , вака како што е уште поголем проблем, па кое е решението? мислам дека секаде во системот надзорот над надзорот не функционира и се така во недоглед! прашање е дали пак надзорот кој евентуално би го контролирал општинскиот надзор постои, и доколку постои дали постојано е во контрола или само за празници на скара со општинарите?!

Б А Р А Њ Е - за утврдување на минимално-технички услови за вршење на дејност - Х Т П (хигиено технички прописи)

[1][2][3][4]



Edited by beTon - 05-Dec-2008 at 17:17
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 03-Dec-2008 at 22:49
ДА. Јас продавам гаража во Карпош 2 во објект катна гаража на ул. “Вера чили вири“ катна гаража бр. 7, гаража бр. 42 на 9-ти кат. Гаражата е 78 м2 со три помошни простории и една просторија со канал за испуштање уље и кабина за перење коли. Во комплет со гаражата влегува и гарсоњера од 4 м2 во подземните простории. Објектот катна гаража е приклучен на државна топлификација, градски водовод и општински гомновод. Во објектот катна гаража има вградено два елеватори. Едниот е класичен ( за Б категорија ) а другиот е теретен ( за теретни возила ). За подетални информации за објектот информирајте се кај претседателот на гаражниот совет на катната гаража во гаража бр. 3 на приземје, чичко Ратко Савовски.
 Околу надзорот.
МТВ-адрија нема ингеренции од 01.07.2005 лето господово но затоа има врски покрај тие транспортните. Во МРТВ постои инсекторат при МТВ. Инсекторатот треба да врши надзор-виндзор врз работата на градежниот инсект-ор при општините. Ако открие неправилно работење на инсекторот тогаш има право само да го искара ( не знам дали на србски ) и толку. Во МП ( не Македонски Пошти туку Министерство за Правда ) постои инсекторат за надзор врз работата на општината односно градоначалникот. Тој инсекторат може ако му се сака да поднесе прекршочна пријава, кривична пријава....... против општината односно градоначалникот. За да тие инсекторати се активираат граѓанинот (Кејн) теба да поднесе писмена пријава до нив, заедно со несоборливи докази за сторен криминал на некој од надлежните во општината каде шти живее. Под несоборливи докази се подразбира: писмени записи, аудио и видео записи, фингерпринс од чаши,  рендген снимка од ретина, брис од нос и грло, примерок од говно минимум 50 гр. и лично. Откако граѓанинот ке поднесе писмена пријава треба да чека,чека,чека,чека,.........па да чека,чека,чека,..... за да после промена на неколку годишни времиња добие писмен одговор од инсекторатот дека кој чека нема да дочека, односно дека пријавата поднесена до нас на 01.04.1992 год. не содржи сателитска снимка од НАСА заверена кај нотар Ленка Мицајкова како верна на оригиналот и од тие причини пријавата ја отфрламе како неоснована. Граѓанинот во меѓувреме ги загубил некаде нервите, изгубил поголемо количество на течности р,кајки по ТВ екранот, веке трипати гласал за спротивната политичка партија, кујната ја заменил со апотека, позајмува плави картони, не пропушта ниту еден погреб на некој познаник макар и скаран комшија (колку за душа да опне некоја) и така натака.
( ОВА Е ИЗВАДОК ОД ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ЗА АФЕРАТА “ПЛАТНА ИНЖИНЕРИНГ“)
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 07-Dec-2008 at 18:22

Ликот на Скопје го прави урбана мафија

Се гради неплански, на места каде што не смее да има објекти, се менуваат цели урбанистички планови за лични интереси. Урбаната мафија во своја служба ги става законите и прописите.

Навлезена е во локалната и во централната власт. Очигледен пример за тоа е зградата која се гради кај Градскиот трговски центар.

Атрактивното земјиште на кое таа ќе се гради е продадено за смешни 25 евра од метар квадратен, во четири очи. Со измените на Деталниот урбанистички план за Малиот ринг, се зголемува висината од 21 на 29 метри.

Објектот ќе опфаќа делови од популарното скопско шеталиште. На графичкиот приказ на градежната парцела се гледа дека е заграден и дел од кејот „13. Ноември“, на местото каде под земја треба да се гради сообраќајницата.

Досега никој не направи ништо да се спаси пешачката зона во центарот на Скопје од уништување. Лимените паравани стојат, иако граѓаните повеќе од еден месец бараат да се тргнат.

Опозицијата само декларативно беше за тргање на оградата, но не се појави на протестите. Во борбата против урбаната мафија мора да се ангажираат граѓанските здруженија, но и власта, и на локално и на централно ниво.

Службеното возило на А1 Телевизија, кое се уште е паркирано на кејот, е оштетено. Откорнати се регистарските таблички, но тоа нема да биде тргнато од таму.

Засега е единствена пречка за камионите кои треба да носат градежен материјал за изградба на деловниот објект кај Градскиот трговски центар.

А1 -  Емилија Јовановска - 07.12.2008

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.193 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.